Professional Documents
Culture Documents
LSD е синтетизирана од Алберт Хофман во 1938 од ерготамин кој пак се добива од посебен вид на
габички кои опстојуваат на житарици. Била надежен лек во почетокот, но се покажала како “добра”
халуциногена супстанца. ЦИА сметала дека конечно може да се контролира мозокот, но залудно. LSD ја
нарушува перцепцијата за реалноста и предизвикува халуцинации. Ефектите можат да бидат толку
изразени да преминат во паничен напад или напад на параноја. Дилерите ја продаваат како капсули,
течност или филм ленти кои се апсорбираат под јазик. Непредвидливите ефекти кои можат да траат и до 12
часа се нарекуваат “trips” и се доста загрижувачки бидејќи лесно преминуваат во делузии. Се покачува
температуртата на телото, како и срцевата работа, крвниот притисок, доаѓа до губење на апетит и
несоница. Во науката не е документирана смрт од предозирање со LSD, меѓутоа уживателите на оваа
наркотична супстанца се ставаат во зголемен ризик да си наштетат себе си и на другите околу нив со
нерационалното однесување кое е производ на дејството на дрогата. Урбана легедна за Алберт Хофман кој
почина на 102 годишна возраст е дека LSD му го продолжила животот.
“Клаберски” дроги
Кокаин
Хероин
Хероинот е опојна дрога која се добива од морфиумот, кој пак се добива од афионот. Тој е бело–
жолтеникава прашкаста супстанца која се консумира преку инјектирање, шмркање или пушење. Познат е
по уличните имиња хорс, катран, сканк, џанк и др. Хероинот убедливо над сите други наркотични
средства предизвикува најголема зависност. Краткотрајното чувство на огромна еуфорија и
благосостојба при првото консумирање доведува до брза толеранција и залудно трагање по правото чувство
со зголемување на секоја наредна доза, што евентуално води до предозирање и смрт. Хроничните
компликации се констипација (запек) и абдоминални грчеви кои се толку изразени што само со нова доза
можат да се смират. Зависниците од хероин се во многу незавидна состојба и се оние на кои им е најмногу
потребна медицинската нега. Апстиненцијалните кризи се драматични за овие пациенти и секогаш бараат
хоспитализација. Треба да се напомене дека ризикот од HIV, хепатит Б и други крвно преносливи
инфективни болести е многукратно зголемен кај корисниците на хероин.
Инхаланти
Ова се испарувачки течни супстанци кои се вдишуваат и имаат т.н. заматувачко дејство.
Краткотраен ефект на седација и откачување. Ги има насекаде, а што е најтрагично и во домот. Тоа се
лепакот, разредувачите, ацетонот и други. На улица познат е снаперот или познатиот поперс. Ефектите се
многу брзи и наликуваат на интоксикација со алкохол. Ако се претера, може да се предизвика губење на
сензациите и бесвесност, но исто така и неповратни оштетувања на слухот и видот. Други несакани ефекти
се мускулните грчеви, оштетувањата на мозочното ткиво како и на коскената срцевина. Високи дози можат
да доведат до слична состојба на миокардит како од алкохол или едноставно до угушување. На нашите
простори најчести уживатели се децата од 10 – 14 годишна возраст.
Марихуана
Метамфетамин
PCP / Фенциклидин
PCP е синтетичка супстанца која е развиена во педесетите години како надежен анестетик, но
никогаш не била пуштена во употреба поради несаканите психолошки ефекти. Може да се консумира преку
шмркање, џвакање или пушење, а се наоѓа во прашкаста или таблетарна форма. На улица ќе се најде под
името ангелска прашина, озон или ракетно гориво. Ефектите се од дисоцијативен тип, што значи дека
индивидуа со нормално функционирање на личноста кога ќе прими PCP насилно станува шизофренична. За
тоа се одговорни чувството на откаченост, делузии, халуцинации, како и неорганизираното мислење
пропратено со параноја и екстремна вознемиреност и загриженост. Интересно е што предозираните
изгледаат карактеристично со поцрвенета и сува кожа, проширени зеници, делузии, возбуденост и
нистагмус (повторувачко движење на очите наизменично во еден правец).
Лекови на рецепта
Звучи чудно, но и во оваа група на лекови има одредени типови кои се злоупотребуваат. Нормално
треба да бидат препишани од лекар и како такви да бидат примени само од пациентите на кои им биле
препишани. Во реалноста е поинаку, дали поради достапноста или манипулирањето со рецептите и
аптеките се поголем е бројот на уживатели кои можат да ги најдат овие лекови по уличните дилери. Тука
спаѓаат најчесто оние кои се јаки аналгетици (против болка) а тоа се опиоидите како оксикодон,
хидрокодон, трамадол, хидроморфон, меперидин и други. Опиоидите се најчесто злоупотребувани од
зависниците на хероин при апстиненцијалните кризи или кога не се во можност да се снабдат со хероин.
Друга група се смирувачите на нервниот систем. Знаете дека во секоја куќна “аптека” има пакетче со
диазепам или лексилиум, но тоа е многу загрижувачки бидејќи овие смирувачи имаат тенденција на се
поголемо користење кај помладите, а посебно страшно е што ги земаат на своја рака без воопшто да се
консултираат со лекар за лошите ефекти на толеранција и зависност. Како што има смирувачи има и
стимулатори на нервниот систем, а тоа се амфетамините кои се препишуваат при строго контролирани
состојби во психијатријата, но бидејќи дејството им е на прв поглед стимулативно тие се мета на
злоупотреба. Треба да се пазите од нив.