You are on page 1of 1

Чичко Горио" е еден од најважните реалистични, социјални романи напишани од Оноре де

Балзак. Во него тој жестоко го критикува општеството во тоа време поради неговото влијание
врз животот на другите луѓе и тоа што него го движат напред, парите. Главни носители на
дејството, односно трите сижени линии се Горио, Растињак и Вотрен преку кои најмногу ги има
претставено проблемите во тогашното француско општество.

Како прво, преку ликот на Горио, Балзак ни покажува како парите и љубовта можат да влијаат
врз одлуките на човекот. Горио бил успешен фабрикант за тестенини на кој главна цел му
станале парите само за да може да им ги даде на неговите ќерки, Анастазија и Делфина,
наместо да се фокусира на своето здравје и да ги воспита на правилен начин. Неговата љубов
кон нив го тера Горио да мисли неморално. Тој го тера Растињак да стапи во врска со Делфина,
верувајќи дека тој ке успее да и обезбеди на неа добра иднина. На друга страна го имаме
Вотрен, преку кој Балзак ја критикува желбата за пари и се што човекот би направил за нив. Тој е
експлоататор, манипулатор, ги користи луѓето и дури е спремен да убие, само за да има пари.
Се ова е чисто видлово во кулминацијата во овој роман, односно кога му дава понуда на
Растињак, која била Растињак да се ожени со Викторина Тајфер, која потекнувала од богато
семејство и да и ги земат парите кои ќе ги добиела после смртта на брат и, која Вотрен ја имал
планирано. Преку Растињак, тој ни покажува како општеството и парите можат да влијаат за
морално деградирање на човекот и што се тој би направил да влезе во високата класа. Ова е
видливо кога тој конечно ја прифаќа понудата на Вотрен или пак кога тој сака да стапи во врска
со Делфина, со цел да си го подобри својот социјален статус.

Преку овој роман, Балзак ни ја претставува неговата визија за животот, која е изразито критичка.
Во тоа време, парите биле движечка сила, тие управувале со судбината на човекот, неговите
одлуки, вредности и биле главна причина за морално деградирање на човекот. Според него,
општеството е извор на сите зла и несреќи.

You might also like