You are on page 1of 2

1.

Полјоделство
А. ЗЕМЈИШЕН ФОНД, СТРУКТУРА И РАЗМЕСТЕНОСТ НА
ОБРАБОТЛИВИТЕ
ПОВРШИНИ
а. Преглед на површини по катастарски култури
Стварањето на земјишниот фонд во општината Крушево е во тесна
врска со природните и
општествено-економските услови. Мошне заостанатото стопанство
(каква што беше состојбата
во предвоениот период), и покрај лошите природни одлики на
просторот, беше причина за
зголемување на земјоделските површини (1,289) за сметка на шумите.
Меѓутоа, новите
општествено-економски услови кои настанаа после II-та СВ имаа
своевидно влијание врз
структурата на аграрните површини. Со текот на времето а особено со
сѐ поголемата примена
ва земјоделската механизација во одреден период (некаде при крајот
на педесеттите и
шеесеттите години) започна процесот на напуштање на одредени
земјишни парцели. Имено, беа
напуштени парцелите со голем наклон (на кои не може да се
применува земјоделска
механизација), со слаба бонитетна моќ и со силна ерозија Нивното
напуштање беше условено и
од појавата на емиграционите процеси на населението кои се
совпаѓаат токму со овој период.
Оваа појава особено е карактеристична за планинските и ридските
селски населби. Сепак и
покрај наведените појави и процеси во повоениот период во
земјоделието во општината
Крушево се вршат одредени квалитативни промени табела бр. 1.
Катастарската евиденција за 1981 година, покажува дека општината
Крушево располага со
површина од 23820 ха од кои 6016 ха или 25,2% преставуваат
обработлива површина 6560 ха
или 27,5% се под пасишта, 10318 ха или 43,3% се под шуми и 926 ха
или 3,9% се неплодни
површини. Од вкупната обработлива површина (6016 ха) 4164 ха или
69,2% се под ниви, 1614
ха или 26,8% се под ливади, 98 ха или 1,6% се под лозја, 92 ха или
1,5% се под овоштарници и
48 ха или 0,8% се под градини. Наведените површини се во
сопственост и на приватниот и на
општествениот сектор. Од вкупно 23820 ха 16542 ха или 69,4%
припаѓаат на општествениот
сектор а 7278 ха или 30,6% на индивидуалниот сектор. Меѓутоа
сосема е подруга состојбата кај
обработливите површини каде од вкупно 6016 ха на приватниот
сектор отпаѓаат 5339 ха или
92,1% а на општествениот само 477 ха или 7,9%. Гледано по
катастарски култури освен кај
лозјата кај сите други приватниот сектор располага со повеќе од 90%
од површините. Ако се
земе во обѕир лека површините под лозја со кој располага
општествениот сектор се веќе
напуштени тогаш разликата во сопственоста помеѓу двата сектора е
уште поголема. Со оглед на
тоа што земјоделската организација „Мише Ефтим“ на територијата на
општината Крушево
располага само со 140 ха обработлива површина се констатира дека,
остатокот од 337 ха
преставува поклонета површина на општествениот од приватниот
сектор. Овие површини се
водат само катастарски додека барем засега сеуште не се користат.
Ситуацијата во сопственоста
кај пасиштата и шумите е обратна во корист на општествениот сектор.

You might also like