You are on page 1of 169

СИСТЕМИ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

проф. Катерина Доневска

Скопје, 2016
1. ОПШТО ЗА МЕЛИОРАЦИИТЕ

Вовед

За зголемување на плодноста на земјиштето во земјоделството се применуваат


различни агротехнички, хидротехнички и мелиоративни мерки. Зборот мелиорации
потекнува од латинскиот “мелиоратио” и значи подобрување. Мелиорации е наука која
ги проучува начините на подобрување на плодноста на земјиштето заради негово
користење за земјоделско производство. Во оваа категорија припаѓаат и
хидротехничките мелиорации.
Под мелиорации на едно земјиште (почва) се подразбира подобрување на
условите во земјиштето со цел добивање на максимално можни и стабилни приноси на
земјоделските култури.
Во поширок смисол на поимот мелиорации, покрај одводнувањето и
наводнувањето, се вклучуваат и другите мерки кои се превземаат за подобрување на
земјиштото, како на пример: планирање и рамнење; длабоко орање и раздробување;
пошумување и подигање на ветрозаштитни појаси; терасирање на стрмните терени;
борба со ерозијата и др.
Во зависност од проблемот кој се решава и средствата за спроведување на
мелиорациите ги разликуваме следните видови: агротехнички, шумскотехнички,
агрохемиски, хидротехнички и културнотехнички мелиорации.
Првите три вида мелиорации опфаќаат: подобрување на физичките и хемиските
својства на земјиштето преку внесување на елементи кои ги нема, продлабочување на
ораничниот слој на земјиштето, пошумување (подигање на ветрозаштитни појаси), за да
се зачува влагата во земјата и измени микроклимата.
Агротехничките мелиорации претставуваат множество на агротехнички мерки со
цел регулирање на водниот и воздушниот режим на земјиштето и површинското
отекување, т.е тие ги претставуваат агротехничките начини на подобрување на
природните услови за одгледување на земјоделските култури. Овие мерки се
реализираат за да се зголеми акумулационата способност на земјиштето за задржување и
користење на локалното површинско истекување, за подобрување на аерацијата и за
забрзување на внатрешното отекување во земјиштето. Во оваа група припаѓа изградбата
на привремена одводна мрежа, изградба на кртична дренажа и др.
Шумскотехничките мелиорации претставуваат систем на мерки кои се насочени
кон промена на земјишните, климатските и хидролошките услови со помош на биолошки
методи односно со подигање на шумски насади.
Агрохемиските мелиорации ги подобруваат хемиските својства на земјиштето и
поврзано со ова и водно физичките својства и нивната плодност (на пример внесување
на варовик во земјиштето со цел намалување на неговата киселост).
Културнотехничките мелиорации се оние мерки кои немаат за цел директно
подобрување на водно воздушниот режим на земјиштето. Со овие мелиорации се
подобрува состојбата на површината на земјиштето (на пример планирање,
отстранување на камења и грмушки) со цел создавање на обработлива површина.
Хидротехничките мелиорации претставуваат множество на водостопански мерки
со кои се условува одржувањето на определен воден режим во земјиштето поради
постигање на повисок облик на земјоделско производство. (Владисављевиќ, 1957).
Со хидротехничките мелиорации треба да се подобрат неповолните природни
(хидролошки, хидрогеолошки, земјишни, агроклиматски) услови со цел најефикасно
искористување на земјишните ресурси за добивање на максимално можни и стабилни

1
приноси. Целта на хидротехничките мелиорации е да се создаде во почвата поволен
водновоздушен режим за културите кој претставува предуслов за зголемување на
плодноста на почвата. Поволниот водновоздушен режим се постигнува со отстранување
на вишокот на вода, односно одводнување или со дополнување на недостигот од вода-
наводнување.
Главната задача на наводнувањето и одводнувањето на земјоделското земјиште е
производството на храна и биолошка суровина за индустријата. Човековата популација е
постојано во пораст што резултира со зголемени потреби од храна. Притисокот за
производство на поголемо количество на храна се повеќе се зголемува. За да се
обезбедат овие потреби се наложува потребата за максимизирање на приносите на
земјоделските култури, како и освојување на нови површини за земјоделска обработка.
Покрај бројните стопански, социјални и економски услови за ефикасно земјоделско
производство потребно е да постојат и соодветни природни услови: климатски,
хидролошки, хидрогеолошки, земјишни. Во некои региони природните услови се
задоволителни за одвивање на земјоделството, додека пак во други тие се неповолни. Во
овие случаи се наложува потреба од човекова активност за подобрување на природните
услови. Човекот превзема мерки за одводнување на земјиштата со прекумерно
количество на вода, мерки за наводнување на земјиштата со недоволно количество на
вода и со тоа создава оптимални услови за добивање на високи и стабилни приноси.
Со одводнувањето и наводнувањето се овозможува вештачко регулирање на
водниот режим во земјиштето, односно се обезбедува оптимален воден режим во
земјиштето согласно условите за добивање на високи приноси на културите,
механизирана обработка на земјиштето и работа на останатите земјоделски машини.
Хидротехничките мелиорации воглавно делуваат на водниот режим на земјиштето, но
имаат влијание и на неговиот воздушен, топлотен, микробиолошки а со тоа и на
хранливиот режим, односно плодноста на земјиштето. Тие придонесуваат за промена на
климатските и хидролошките услови на мелиорираната површина, т.е го менуваат
режимот на површинските и подземните води.
Во Република Македонија природниот воден режим на земјиштето зависи од
стохастичкиот карактер на врнежите. Просторната, временската и количинската
распределба на врнежите не одговара на потребите од вода на културите. Во некои
временски периоди, на пооделни локалитети и земјишта се јавува прекумерно
количество на влага. За добивање на нормални приноси во вакви услови потребно е да
се првземат мерки за одводнување на вишокот на вода. Во пооделни делови од
вегетациониот период на културите (особено во лето) се јавува недостиг од вода, што
резултира со намалување на приносите. Во овие случаи потребно е да се превземат
мерки за наводнување. Покрај сезонските варијации, климските услови се менуваат и во
текот на повеќегодишниот период. Хидротехничките мелиорации- одводнувањето и
наводнувањето овозможуваат сигурно и стабилно земјоделско производство ослободено
од стихијното дејство на природата. Под хидротехнички мелиорации треба да се сфати и
системот на организационо стопански и хидротехнички мерки со кои се овозможува
наводнувањето и одводнувањето, како и сите останати технички и општествени мерки
кои се поврзани со функционирањето на хидромелиоративниот систем. Современиот
хидромелиоративен систем претставува комплекс од инженерски објекти кои треба да
обезбедат наводнување на сувите и одводнување на прекумерно влажните земјишта,
навремено да ја одведат површинската и подземната вода, да го снижат нивото на
подземната вода во влажните периоди, да доведат вода на мелиорираната површина во
услови на воден дефицит, да создадат услов за непречена работа на земјоделската
механизација.

2
Наводнувањето и одводнувањето може да се дефинираат како една од
мелиоративните мерки, односно хидротехничките мерки со кои се отстранува вишокот
на вода (површинска или подземна) и не се дозволува преголема влажност на почвата
или пак се доведува потребното количество на вода, со цел остварување на повисок
облик на современо интензивно земјоделско производство и растително производство
воопшто. Одводнувањето и наводнувањето спаѓаат во хидротехничките мелиорации,
кои според Авакумовиќ (1991) претставуваат множество на водостопански и
хидротехнички мерки, со кои се менуваат водниот, воздушниот, топлотниот,
микробиолошкиот и минералниот режим на земјиштето, создавајќи поволни услови за
растење и развој на земјоделските култури и подобрување на микроклимата на
мелиорираното подрачје. Тоа е најсигурниот начин за подобрување на плодноста на
земјиштето со цел добивање на високи и стабилни приноси од земјоделските култури при
било какви временски услови, премин на индустриски начин на производство во
земјоделието, зголемување на приходот на производителот и воопшто на заедницата
(општеството).
Хидротехничките мелиорации десетици илјади години наназад се третирани како
вештина со која се овозможува отстранување на вишокот на вода од земјиштето или
давање на вода во земјиштето. Во поодделните временски периоди и поодделните
делови на светот, оваа вештина достигнувала таков степен во својот развој така да би
можела да издржи и строга научна анализа и критика. Но како и секоја емпирија и оваа
вештина се судрила со проблеми при решавањето на нови проблеми на нови локации.
Пренесувањето на искуството во нови услови, на нови локации доведувало до појава на
неадекватни решенија, бидејќи не се засновало на научни основи. Можноста за
претворање на хидротехничките мелиорации во наука се создава дури по развојот на
останатите науки како што се: хидрологијата, хидрауликата, хидрогеологија, хемијата,
физика, педологија, бактериологија, физиологија, и другите науки на кои се темелат
хидротехничките мелиорации. Својот еспанзивен развој хидротехничките мелиорации
го доживуваат по 30-тите години од 20-тиот век. Денеска при изградбата на
хидромелиоративните системи се применуваат достигнувањата од разни области на
науката и техниката. Во светот веќе се градат системи со автоматски процеси на
регулирање и управување.
Хидротехничките мелиорации се применета наука. Тие се поврзани со
многубројни други науки. Улогата на фундаменталните науки како математиката,
физиката, хемијата, билогијата е иста како и кај сите други применети науки. На пример
од физиката е посебно значајна физиката на цврстите и гасовитите тела за дефинирање
на проблемот на евапорацијата или движењето на водата низ заситена или незаситена
порозна средина. Хидротехнички мелиорации ги користат сознанијата и од
хидрауликата, хидрологијата, хидрогеологијата, геологијата, педологијата, шумарството,
земјоделството, инжнерските конструкции и други научни области.
Хидротехничките мелиорации се најефикасни ако се реализираат заедно со
агротехничките мерки и другите видови на мелиорации во зависност од природните
услови. При регулирањето на водниот режим на земјиштето треба да се влијае на
движењето на водата по мелиорираната површина и внатре во земјиштето по пат на
изградба и експлоатација на хидромелиоративни системи. Хидро-мелиоративните системи
како објекти мора да бидат сигурни (конструктивна, хидрауличка, функционална,
економска) и долготрајни.
Со хидромелиоративните системи се управува непрекинато и во фазата на
планирање на системот и во фазата на експлоатација на системот. Во фазата на
планирање на системот се врши избор на оптималната конфигурација на системот, се

3
определуваат параметрите на системот, додека во фазата на експлоатација се бара
оптималното оперативно управување.

Краток историски преглед на развитокот на мелиорациите


Животните процеси и производството не може да се одвиваат без присуство на
вода. Затоа основањето и развојот на првите населби било покрај реките. Првите
цивилизации се развиле на местата каде што имало доволно вода и храна, односно во
плодните речни долини. Реките претставувале извор на вода и храна (риби), обезбедувале
транспорт, а плодните речни долини овозможувале производство на храна. Ова се
основните фактори за лоцирање на најстарите културни центри во условите на благата
средоземна клима, т.е во долините на реките Нил, Тигар, Еуфрат и некои други реки.
Поврзаноста на луѓето со реките и водата придонела за појавата на првите
хидротехнички работи, кои биле изведени заради заштита од водите, или наводнување и
одводнување.
Значењето и потребата од мелиорациите како фактор за обезбедување на
стабилен принос и за зголемување на приносот е согледана уште во зачетоците на
цивилизацијата. Хидротехничките мелиорации се појавиле уште во праисториското
време, се развивале и пропаѓале во зависност од социјално политичката положба на земјата,
потребите на стопанството, степенот на развој на мелиоративната техника. Војните,
масовните преселби на народите, болестите, временските непогоди, земјотресите,
затрпувањето на земјиштата со наноси довеле до уништување на хидромелиоративните
системи. Но археолошките ископувања укажуваат на постоење на хидромелиоративни
системи кои се стари исто колку и човековата цивилизација. Според историските
податоци, првите наводнувања датираат од пред 10000 години пред н.е. Во овој период
се наводнувало во долините на реките Теџена и Мургаба во Средна Азија, Туркменија.
Ископувањето во Месопотамија покажуваат дека таму уште 5000 години пред н.е
техниката на наводнувањето била напредна. Малите врнежи и нивната неравномерна
распределба во годината, како и постоењето на двете полноводни реки Тигар и Еуфрат,
го навело населението на идеја за наводнување во поголеми размери. Така, во долината
на Тигар и Еуфрат, биле изградени првите големи системи за наводнување. Така на
пример каналот “Нерван” расположен од десната страна на реката Тигар имал ширина
од 100 до 200 м, длабочина 10 м и должина 400 км. За одбрана од големи води правеле
насипи чии остатоци можат да се сретнат и сега. Постојаните војни и рушење на
објектите за наводнување и одбрана од поплави, како и неправилното наводнување, ги
претвориле тие плодни земји во блата и пустини.
Во Египет се одводнувало уште во праисториско време, а сигурен почеток
мелиорациите имале околу околу 4500-5000 години пред н.е. Во почетокот, долината на
реката Нил била мочуришна, така да со постепено одводнување, а потоа наводнување, се
развиле сложени мелиоративни системи со канали и ретензиони базени за прибирење на
вода, со изградени насипи за одбрана од поплавување на површините и др. Од водите на
реката Нил зависел целиот живот во Египет. Затоа во тоа време реката Нил била
прогласена за божество.
Во Грција се одводнувало и пред нашата ера и тоа се одводнило Корајското езеро
и се регулирале подземните извори во карстни предели.
Од Месопотамија, Египет и други земји во овој регион, мелиорациите поминале
на исток во Индија и Кина. Во Кина, мелиорациите започнале околу 2500 години пред
н.е. во времето на императорот Ју. Овде мелиорациите во почетокот имале одбранбен
карактер. Се смета дека во 2297 година пред н.е. водите од реката Хоанг Хо (Жолта река
се споиле со водите на реката Јанкцекјанг (Сина река) и предизвикале големи
разорувања и опустошувања. После тоа биле превземени мерки за одбрана од

4
поплавување на овие реки, а покасно и за наводнување. Со колмација на мочварите се
остварени најплодните земјишта во Кина.
Од Египет, Ирак, Палестина, Северна Африка, преку Шпанија и Италија
мелиорациите навлегле во Европа. Во текот на многу векови мелиорациите се ширеле и
развивале или пак опаѓале, во зависност од социјално-економската положба на
соодветната земја, природните услови и степенот на развој на техниката.
Во Италија со одводнување започнале старите Етрурци, а подоцна продолжиле
Римјаните. Етрурците го одводниле езерото Албано, а потоа пробиле тунел под брдото
со должина од 1200 м и попречен пресек од 3,45 м2. Римјаните уште во 312 година пред
н.е. започнале со исушувањето на Понтијските мочвари и нивно мелиорирање на
површина од 76.000 ха. Во времето на Јулије Цезар направен е проект за исушување на
езерото Целано со помош на тунел со должина 5600 м и попречен пресек од 11 м2 за
одведување на водата во реката Лирис.
Најдобар пример за примената на хидротехничките мелиорации е Холандија,
каде Холанѓаните постепено со долготрајна работа освојувајќи го земјиштето од морето
создале плодни површини. До 800 година тие насипувале земјиште во морето за да ја
зголемат плодната површина, а потоа започнале со изградба на насипи. Со земја
ископана од морето формирале мали острови со површина од 2-15 ха. Во текот на
времето направиле голем број на вакви острови. Веќе од 1600 година започнале со
испумпување на водата позади насипите заради одводнување, користејќи пумпи
движени со помош на ветерот. Исушувањето на Зудејското море во почетокот на 20-
тиот век во Холандија е мелиоративен потфат од светски рамки.
Првата современа подземна цевна дренажа од фашини, камен и цигла е изведена
во Англија при крајот на XVIII век. Во XVII век во Франција е применета цевна дренажа
во еден парк, но таа не наоѓа поширка примена. Во првата половина на XIX век се
започнува со производство на првите кружни керамички дренажни цевки, како и со
индустриско производство на дренажни цевки. Но теоретскиот развој на науката за
дренажите започнува во XIX век во Франција со експериментите направени од страна на
Хенри Дарси.
Производството на храна во денешниот период не може да се замисли без
хидромелиоративните системи. Големи хидромелиоративни работи се изведени во
Италија, Јужна Франција, Бугарија, територијата на поранешниот СССР, Србија
(каналот Дунав-Тиса-Дунав), во Калифорнија и др.
На територијата на Република Македонија со системи за наводнување во
сегашниот период би требало да се обезбеди наводнување на 163.693 ха обработлива
површина. Поради долгиот период на користење на постојните системи, како и поради
тоа што дел од мрежите не се воопшто изградени или комплетирани, како и поради
фактот дека одржувањето на системите не е најдобро, сега можната површина за
наводнување е помала од 126 000 ха или 77 % од првобитно проектираните површини.
Поважни се шест најголеми системи со површина поголема од 10 000 ха. Системите за
наводнување се изградени во периодот помеѓу 1958 и 1980 година. Поголемиот дел од
системите се снабдуваат со вода од акумулации. Вообичаено, акумулацијата овозможува
наводнување по пат на гравитација. Главните канали се или отворени канали со
бетонска облога или цевоводи под притисок. Секундарната мрежа обично е изведена
или со цевоводи под притисок или со отворени земјани канали за системите со
површинско наводнување.
Според големината на површините за наводнување, неколку поголеми
хидромелиоративни системи се: ХМС “Брегалница”, ХС “Стрежево”, ХМС “Тиквеш”,
ХМС “Полог” ХМС “Струмица”, ХМС “Прилепско поле” ХМС “Преспанско поле”,
ХМС “Липково”.

5
Во развојот на наводнувањето од технички аспект во нашата земја се забележани
три периода:
Прв период кој го карактеризира голем степен на искористеност на системите за
наводнување (90%) и примитивна дистрибуција на водата до културите (наводнување со
површински начин: бразди, леи и плавење), како и ниски приноси.
Во вториот период е забележана експанзивна изградба на системи за
наводнување со дождење. Односот на површините кои се наводнуваат со површински
начин према површините наводнувани со дождење ја достигнува вредноста од 2:1.
Во третиот период (последниве две децении) односот на дождењето према
површинскиот начин на наводнување се подобрува и изнесува 1:1. Но забележан е тренд
на опаѓање на степенот на искористеноста на хидромелиоративните системи во
последниве три децении. Во денешниов период преовладува наводнувањето со дождење
над површинскиот начин, како резултат на согледаните предности на овој начин на
наводнување. Од вкупно наводнуваната површина во Република Македонија на 61%
застапено е наводнувањето со дождење.
Потребата за изградба на системи за одводнување и објекти за заштита од
поплави долго е присатен во одредени делови на Македонија; во регионите на Скопје,
Пелагонија, Струшко Поле, Струмичко Поле, Кочанско Поле и Овче Поле. До 1965
година изградени се следниве системи за одводнување: Пелагонија со 54 150 ха,
Скопско поле со 6 600 ха, Струшко поле 2 680 ха. После 1975 година се изградени
системите Струмичко Поле со 9 000 ха, Брегалница со 7700 ха, Преспанско Поле 1 800
ха и неколку други помали системи. Вкупната површина покриена со системите за
одводнување изнесува 82 195 ха.
Преголема влажност на почвата се јавува и на површини под системи за
наводнување, како резултат на неконтролирани текови во водотеците, како и поради
самото наводнување. Во рамките на постојните системи за наводнување потребно е да се
изградат и континуирано да се одржуваат системи за одводнување за да може да се
обезбеди оптимална влажност на почвата во текот на целата година.
Состојбата на системите за одводнување во Република Македонија не задоволува
што се однесува на реципиентите и останатата одводна мрежа со објектите, како и на
деталната одводна каналска мрежа. Како приоритет се јавува потребата од одржување на
постојните системи за одводнување, реконструкција и рехабилитација како и доградба
на деталната мрежа за одводнување.

6
2. УСЛОВЕНОСТ НА ХИДРОТЕХНИЧКИТЕ МЕЛИОРАЦИИ

2.1. БИЛАНСНА РАВЕНКА. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ХИДРОТЕХНИЧКИТЕ


МЕЛИОРАЦИИ

Единствен извор на вода, непосредно достапен на културите, преставуава


влагата, која се наоѓа во ризосферниот слој на земјиштето. Количеството на достапна
влага се одредува според големината на резервоарскиот простор на ризосферниот слој,
неговото полнење со врнежи и според потрошувачката на вода за евапотранспирација.
Сознанијата за овие параметри во последниве години се значително зголемени,
благодарејќи на физичките приоди кои се користат. Средината во која културите
живееат зависи од воздухот, водата, земјиштето, од физичко – хемиските процеси, како
и од нивните меѓусебни односи.
При проектирањето на современите хидромелиоративни системи потребно е да
се определи количината на вода достапна за културите, за одреден временски период. За
решавањето на овој проблем можни се два приоди:
- дирекно мерење на содржината на вода во ризосферниот слој на земјиштето;
- пресметка, врз основа на податоците кои се однесуваат на приходот и расходот
на влагата во системот земјиште – растение.
Првиот приод е ограничен од својствата на емпирискиот метод и е недоволно
флексибилен. Другиот приод е поперспективен, бидејќи го разгледува проблемот во
поширок размер, пофлексибилен е од претходниот поради можноста да се земат во
предвид карактеристиките на механизмот на меѓусебно дејство на растенијата и
средината во која опстојуваат.
Затоа, при проектирањето на хидромелиоративните системи потребно е да се
пресмета водениот биланс на разгледуваното подрачје помеѓу приходот и расходот на
влага.
Со помош на анализата на водниот биланс во постојните и проектираните
услови може да се одреди промената на резервата на површинската и подземната вода.
Билансната равенка го изразува законот за одржување на материјата во природата и го
карактеризира процесот на кружење на водата во природата. Во зависност од
теоретскиот приод, а исто така и од карактерот на разгледуваниот проблем, постои
можност за користење на различни облици на билансната равенка на утврден ограничен
простор за однапред зададен временски интервал.
За одводнувањето и наводнувањето, од најголемо значење е состојбата на влагата
во незаситената средина т.н. зона на аерација. Зоната на аерација го зафаќа горниот слој
од земјиштето, од неговата површина до нивото на подземната вода. Водниот режим и
билансот на влага во оваа зона, заедно со површинската и подземната вода, претставува
предмет на комплексната водно – билансна пресметка. Влагата во незаситената средина
е тесно поврзана со атмосферата, односно, со атмосферските врнежи, со дефицитот на
влажност во воздухот и.т.н. Со изучувањето на врската на билансот и движењето на
водата во оваа зона, со билансот и динамиката на површинската и подземната вода, се
согледува улогата на оваа вода во снабдувањето на ризосферниот слој на земјиштето со
влага.
Потребно е комплексно проучување на режимот на подземната и површинската
вода, како и на билансот на влага на површината, во зоната на аерација и во зоната на
подземните води, со помош на анализа на взаемните врски помеѓу овие зони. Во
поедини етапи проучувањето може да се ограничи на еден од овие биланси или пак да се

7
спроведе комплексна водно – билансна пресметка за сите зони – атмосфера, зона на
аерација и подземната хидросфера, со различна точност. Основните прашања кои се
проучувани се:
- определување на резервите на вода во зоната на аерација и нивните промени во
текот на времето;
- определување на билансот на водата во зоната на аерација и негово
воспоставување во врска со билансот на подземната вода на разгледуваната
територија, како и составување на шема на движењето на водата во зоната на
аерација.
Шемата за определување на водниот биланс за природни услови даден е на слика
2.1.

P
E T
Or Op
Povr{ina na zemja

Wa
+Wp
-
Nivo na podzemna voda

+Wpr
-
Vr Vp
Vodonepropusen sloj

Слика 2.1. Шематски приказ на компонентите на водниот биланс

Ако се означат со ∆V1, ∆V2 и ∆V3 – промените на резервите на површинската вода,


водата во зоната на аерација и во зоната на подземните води, билансната равенка ќе го
има следниот облик:

Површинска вода:
∆V1 = P − E + O p − Or − Wa (2.1)
Вода во зоната на аерација (незаситена зона):

∆V2 = Wa − T ± W p (2.2)
Подземна вода (заситена зона):

∆V3 = V p − Vr ± W pr ± W p (2.3)
Равенката на општиот воден биланс го има следниот облик:

∆V = P − (E + T ) + (O p + V p ) − (Or + Vr ) ± W pr (2.4)

8
При што:
P – врнежи,
E – испарување,
Op – дотекување на површинска вода од останатите подрачја,
Or – површинско истекување надвор од разгледуваното подрачје,
Wa – инфилтрација на површинската вода во зоната на аерација,
T – транспирација
± Wp – инфилтрација на атмосферските врнежи, кои доаѓаат до подземната вода од
зоната на аерација(+) или количина на подземна вода која доаѓа во зоната на
аерација (-),
Vp – дотекување на подземна вода од околината,
Vr – истекување на подземна вода,
± Wpr – хранење на подземната вода со вода од долните текови, при што доаѓа до
покачување на нивото на подземна вода (+) или хранење на ниско поставените
водоносни слоеви со подземна вода која поминува низ водонепропусниот слој (-).
Во зависност од природните услови и водостопанските фактори, во билансната р-
ка за подземната вода може да се земе во предвид и големината на кондензацијата (која
е слабо проучена).
Равенката на општиот воден биланс и билансот на површинска и подземна вода,
површинското и подземното дотекување и истекување, укажуваат на нивната тесна
взаемна врска со соседните територии, кои треба да се земат во предвид при прогнозите на
режимот на подземната вода и нејзиното регулирање на хидро-мелиоративните
површини.
Водениот биланс на земјиштето претставува збир од сите компоненти на
приходот и расходот на влага во самото земјиште за одреден временски интервал.
Равенството (2.4) може да се напише во следниот облик:

∆V = Pr − R (2.5)

каде што со Pr се означени приходот, а со R расходот на вода.

Pr = P + O p + V p + W pr
R = ET + Or + Vr + W pr
(Wpr – зависи од знакот).

Растението во текот на својот живот троши вода и ја создава растителната маса.


На површините обраснати со земјоделски култури водата се троши на
евапотранспирација, површинско и подземно истекување од ризосферниот слој во
подлабоките слоеви, односно надвор од разгледуваното подрачје, со што водата станува
недостапна за културите. Потрошувачи на вода претставуваат и земјишната микрофлора
и микрофауна. Сите овие потрошувачи на вода, во зададениот временски интервал t, се
обележани со R. Овие величини претставуваат сума на потрошувачката во однос на
времето и зависат од времетраењето на периодот за кој се сумираат (интегрална крива
на расходи).
Приходот на вода на разгледуваното земјиште во истиот временски интервал t
потекнува од врнежите и дотекувањето од страна и од подземјето. Овие приходи исто
така се сумираат по времето, како и водните расходи и обележани се со Pr (интегрална
крива на приходот).

9
Растението е најголем потрошувач на вода. Сите приходи и расходи се
определуваат во зависност од планираното производство и се поврзани со големината на
жетвениот принос и имаат практично значење само кога се поврзани со растителното
производство.
Кој вид на хидротехнички мелиорации (одводнување или наводнување) ќе се
примени зависи од обликот на равенството (2.5). Врз основа на ова равенство можни се
три случаи (слика 2.2), без разлика на траењето на интервалот во кој се сумираат
приходите и расходите:

1. ∆V = 0,
2. ∆V < 0,
3. ∆V > 0.

Во првиот случај нема потреба од хидротехнички мелиорации, бидејќи


приходите и расходите се воедначени- Pr ≈ R (слика 2.2 - а). Овој случај е само
привремен, бидејќи штом се појави потреба од зголемен жетвен принос, оваа рамнотежа
се нарушува.
Во вториот случај приходите се секогаш помали од расходите- Pr < R (слика 2.2 -
б), па постои недостаток на вода, кој треба да се надокнади со наводнување.
Во третиот случај приходите се секогаш поголеми од расходите- Pr > R (слика 2
- в), па постои вишок на вода, кој треба да се одводнува. Во овој случај нема рационално
земјоделско производство, без одводнување на вишокот на вода, што значи станува збор
за неопходно одводнување. Ист е и случајот 2, само што станува збор за неопходно
наводнување.
Во пределите со умерена клима се јавуваат најсложени случаи, бидејќи
приходите и расходите се променливи и може да се случи Pr >< R (слика 2.2 - д), во
зависност од траењето на интервалот во кој истите се сумираат. Водниот режим е
нестабилен, па во одредени случаи е потребно одводнување, а во други наводнување.
Во овој случај одводнувањето и наводнувањето не претставуваат императивени
потреби, како за вториот и третиот случај, каде што овие мерки се неопходни, бидејќи
без нив не може да се постигне бараниот принос, што значи дека во овој случај тие се
дополнително средство, чија полза секогаш не се забележува непосредно, а исто така
може да се разликува од случај до случај. Во ваква ситуација хидротехничките мерки
можат да бидат само дополнителни, ако целта е стабилизација на остварливиот принос
на некој повисок просек.
За наши услови основен елемент за приход на водниот биланс на превлажнето
земјиште се атмосферските врнежи, а основен расход е евапотранспирацијата.

10
Слика 2.2. Интегрална крива на приходи и расходи на вода да се исцрта

11
3. ВОДА ВО ЗЕМЈИШТЕТО

3.1. Вовед
Културите ја земаат водата само преку кореновиот систем. Заедно со водата во
културите доаѓаат и хранливите елементи за растението, па затоа управувањето со
водниот режим на земјиштето претставува важна постапка за подобрување на плодноста
на земјиштето и согласно на тоа и за приносот на земјоделските култури.
Проблемот на водниот режим на земјиштето се сведува на определување на
главните параметри кои се поврзани со физичките и хемиските својства на земјиштето ,
меѓу кои поважни се:
- количината на вода во земјиштето (влажноста на земјата)
- движење на водата во земјиштето.
Влажноста на земјиштето претставува основен податок за пресметување на
степенот на одводнување, режимот на наводнување, за докажување на потребата од
хидротехнички мелиорации и во други водостопански пресметки.

3.2. Основни фактори кои придонесуваат за формирање на влага во


земјиштето

Водниот режим на земјиштето е променлив по длабочината на земјиштето и


времето. Влажноста на земјиштето зависи од низа на процеси за пренос на водата:
инфилтрација, испарување, транспирација, кондензација, капиларно искачување на
подземната вода, површинско истекување и дотекување како и други компоненти на
водниот биланс. Процесот станува посложен со дејство на корените на културите,
микроорганизмите и т.н.
Главни фактори кои влијаат на формирање на водниот режим на земјиштата се:
1. основни: физички, физичко-хемиски и биолошки и
2. специфични: геолошки, геоморфолошки, хидролошки, антропогени и др.
Во физички фактори спаѓаат силите кои го предизвикуваат движењето на водата.
Движењето на водата во капиларно-порозните средини, во кои спаѓа и земјата, се одвива
под дејство на различни сили, претставени со градиентот на притисокот, потенцијалот
на гравитационото поле, потенцијалот на електричното поле, концентрацијата на
растворени материи.
Со помош на овие фактори може да се изведат равенките за движење на водата
во земјиштето и со нивна помош може да се прогнозира промената на влагата во
земјиштето при инфилтрација или евапотранспирација. Физичко хемиските фактори
влијаат посредно на водниот режим. Тие го одредуваат однесувањето на колоидниот
систем во смисол на тенденција кон пептизација или коагулација, кои од своја страна
создаваат микро и макро агрегати во тврдата фаза на земјиштето и ги одредуваат
условите за циркулација на водата.
Во биолошките фактори спаѓаат процесите поврзани со животните процеси на
културите и животните, микрофлората и микрофауната. Влијанието на биолошкиот
фактор на водниот режим е јасен. Тој се состои од впивање на влагата во корените на
културите т.е во исушувањето на земјиштето. Количината на водата која културите
можат да ја апсорбираат од земјата зависи од градбата на кореновиот систем,
распределбата на водата во делови од овој систем и односот на силите за впивање на
културите и влажноста на земјиштето.
Културите впиваат вода од земјиштето со кореновиот систем. Еден дел од оваа
вода се користи во процесот на фотосинтеза, а другиот дел испарува во воздухот по пат

12
на транспирација. Влијанието на културите на водниот режим се менува во зависност од
длабочината на распространетоста на коренот и густината на културите, должината на
вегетациониот период и биофизичките својства на самите култури. Културите продираат
со својот корен во земјиштето, ја трошат водата по пат на транспирација истовремено по
целата длабочина на земјиштето. Длабочината на протегање на коренот, па според тоа и
дебелината на слојот од кој се троши водата по пат на транспирација се менуваат во
зависност од видот на културите и фазата на нивниот развој. Колку е подлабок
кореновиот систем, толку поголемо количество на вода е достапно за културите.
Геолошките фактори на теренот создаваат одредени услови за циркулација на
водата, солите и воздухот во незаситените средини. Врз движењето на водата влијае и
дебелината на покривниот слој на земјиштето. Геолошките фактори ги одредуваат
условите на формирање на подземните води, нивната положба, брзината на движење,
длабочината на водонепропусниот слој, карактерот на водоносниот слој, порозноста,
механичкиот, минералниот, агрегатниот состав на земјиштето.
Геолошката градба на слоевите под земјишниот хоризонт при одредени услови
може да доведе до превлажнување на земјиштето. Врнежите го заситуваат пред се
горниот хумусен слој до полскиот капацитет на влажност. Вишокот на вода се слева во
пониските слоеви и во случај на постоење на водонепропусен слој, водата се задржува и
го превлажнува земјиштето.
Исто така водонепропусното или слабо пропусното земјиште во целина или по
поединечни слоеви не дозволува благовремено впивање на врнежите што резултира со
тоа да водата подолго се задржува на површината и затоа е потребно е да се одводни
земјиштето.
Геоморфолошките фактори, а особено обликот и типот на релјефот, депресијата
на теренот без природно одводнување на површинските води или со слабо одводнување
влијаат на постанокот на превлажнети земјишта.
Хидролошките фактори, во главно површинските водотеци и езерата учествуваат
во формирањето на водниот режим на земјиштето посредно, преку подземните води. Овие
фактори создаваат локални или регионални извори за хранење на подземните води,
снабдување на земјиштето со вода или дренирање. Изливањето на реките може да
предизвика дополнително влажење како и испирање на земјиштето. Со тоа реките
влијаат на концентрацијата на растворените материи во земјиштето.
Антропогените фактори може да бидат многу значајни за водниот режим на
земјиштето и неговата промена. Кај наводнуваните површини се создаваат површински
токови (мрежата за наводнување) и подземни токови (дренажната мрежа). Освен тоа, на
водниот режим влијаат и планирањето на полињата, орањето, изборот на културите,
хемиските мелиорации итн.

3.3. Физички и водни својства на земјиштата

Физичките и водните карактеристики на земјиштата се значајни бидејќи тие


создаваат услови за растење и развој на културите.
Земјиштето е трифазна средина и претставува мешавина на разни материи кои во
зоната на аерација се јавуваат во сите три агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита, во
разни меѓусебни односи. Цврстиот дел од земјиштето, кој уште се нарекува скелет или
матрица, се состои од минерални и органски честички со различни димензии. Течната
фаза на земјиштето го сочинува воден раствор на различни соли (главно се состои од
вода, но, исто така, содржи и растворени минерални материи – соли и гасови).
Гасовитата фаза го претставува земјишниот воздух, кој се разликува од атмосферскот
према учеството на одделните составни делови. Меѓусебниот однос на фазите – цврста,

13
течна и гасовита - има големо значење за плодноста на земјиштето. Најголеми промени
се јавуваат кај водната и гасовита фаза, и затоа, основната задача на хидрофизиката е
теоретски и експериментално да се објаснат оптималните услови за биолошките процеси
кои се случуваат во поглед на овие фази.

3.3.1. Физички својства на земјиштата

Тенок слој на земјиште со дебелина од неколку сантиметри до 2-3 м, покрива


голем дел од површината на земјата и претставува извор на храна и живот за културите.
Растителниот и животинскиот свет живее во земјиштето каде наоѓа вода и потребни
хранливи материи. Остатоците од културите и животните остануваат во земјиштето и се
разградуваат од микроорганизмите кои тука живеат.
Производството на култури е основната стопанска функција на земјиштето,
односно производството на храна. Секое земјиште се карактеризира со своја група на
физички својства која зависи од својствата на неговите составни делови. Рела тивната
количина на вода и воздух во земјиштето во голем степен зависат од тоа како се
поставени цврстите честички, односно од порозноста. Механичкиот состав и структурата
на земјиштето имаат големо влијание врз степенот и распределбата на порозноста на
земјиштето. Дебелината на слојот, механичкиот состав, структу рата, порозноста,
големината и начинот на спојување на честичките претставуваат важни физички
својства на земјиштето.
Физичките својства на земјиштето имаат дирекно значење бидејќи длабочината на
активниот слој (горниот слој на земјиштето во кој се наоѓа 90% од коренот на
културите) и соодносот на воздухот и водата во него се определуваат во зависност од
физичката градба на земјишниот хоризонт. Тие имаат и дополнително посредно
значење, бидејќи врз основа на физичките својства може да се донесе заклучок за многу
хемиски и биолошки аспекти на плодноста на земјиштето.
Дебелината на слојот врши влијание во формирањето на активниот слој за
културите и создавање на запремнина на резерви на вода и хранливи материи. Поголемата
длабочина на земјиштето обезбедува попростран ризосферен слој и поголем волумен на
резерви од вода и хранливи материи. Подебели слоеви на земјиште се попродуктивни во
однос на исти но со помала дебелина.
Дебелината и положбата на земјишниот слој ги определува и неговите својства.
Слој со мала водопропусливост, кој се наоѓа во близина на површината на теренот
повеќе го ограничува движењето на водата споредено со сличен слој кој се наоѓа
подлабоко.
Структурата на земјиштето преставува мерка за квалитативното поврзување на
честичките од земјиштето. Елементарните честички на земјиштето не се одвоени едни
од други, туку на разни начини се залепени во трошки и агрегати. Се разликуваат
структурни земјишта кои имаат изразена структура, и безструктурни земјишта кои
немаат никаква структура (кварцен песок). Структурните земјишта се полоши за
изградба на темели на градежни објекти, бидејќи под притисок настанува кршење на
агрегатите и земјиштето слегнува. Меѓутоа, ако земјиштето е структурно, тоа е подобро
за земјоделско производство и експлотација на хидромелиоративните системи.
Структурата на земјиштето врши влијание на аерацијата, неговата отпорност кон ерозија,
врши влијание на неговите хидродинамички својства, обработливост и плодност.
Обработката на земјиштето, ѓубрењето и промрзнување, дејството на корењата на
културите, посебно на повеќегодишните треви и дејството на земјишната фауна вршат
корисно влијание и ја подобруваат структурата. Ефектот на сите овие фактори е зависен
од влажноста на земјиштето. Дождот со своето механичко дејство врши негативно

14
влијание на структурата, а исто така, од земјиштето ги испира разните соли. На
структурата на земјиштето, исто така, лошо влијание имаат и одделни методи на
наводнување – како што се површинските методи.
Механичкиот состав на земјиштето го преставува квантитативниот однос на
застапеност на основните честички со разна големина во масата на земјиштето. Цврстата
фаза на земјиштето се состои од минерални и органски честички со разна големина, кои
обично се собрани во агрегати со разна големина. Распределбата на минералните
честички према нивната големина го каракеризира механичкиот состав на земјиштето, а
карактерот на агрегатот и општата геометриска конфигурација на скелетот ја одредува
градбата на земјиштето. Многу физички својства на земјишето се поврзани со нивното
механичко својство и градба. Механичкиот состав на земјиштетото се определува на
начини кои се опишани во механиката на почви.
Честичките се групираат во одделни фракции према својата големина и затоа се
определува релативната застапеност на овие фракции во даден примерок на земјиште.
Групирањето и прикажувањето на основните (елементарните) честички према нивната
димензија се нарекува класификација на механичкиот состав. Поделбата при
дефинирањето на фракциите – класификацијата е работа на конвенција, па денес во
светот постојат разни класификации. Во светот е најпозната класификацијата на
механичкиот состав на земјиштето према USDA (U.S.Department of Agriculture) – табела
3.1.

Главна фракција Име на фракцијата на механичкиот Димензии, mm


состав
Многу крупен песок 2,0-1,0
Крупен песок 1,0-0,5
Среднозрнест песок 0,5-0,25
Песок
Ситнозрнест песок 0,25-0,10
Многу ситен песок 0,10-0,05
Прашина Прашина 0,05-0,002
Глина Глина Помалку од 0,002

Табела 3.1. Класификација на механички состав на земјиштето по УСДА

Ваквата класификација не може да претставува прегледна слика на механичкиот


состав. За да се добие поспоредлива слика на механичкиот состав тој обично се
претставува графички. На сликата 3.1. е прикажана сумарната крива на механичкиот
состав. На апсцисата се нанесени дијаметрите на елементарните честички во
логаритамска размера, а на ординатата е нанесена масата во проценти во линеарна
размера (учеството на одделните фракции во % во вкупната маса на примерокот). Од
оваа слика подобро се откриваат сличностите - разликите во механичкиот состав. Тоа е
предноста во однос на табеларното прикажување. Со приказ на сумарната крива се
отстранува проблемот за именување на одделните фракции, а прашањето за прифатената
класификација добива споредно значење.
Кривата на механичкиот состав ја претставува вкупната распределба према
големината на елементарните честички. Друг начин за графички приказ на механичкиот
состав претставува крива за честотата на големината на елементарните честички,
односно, хистограм. Со желба да се стандардизира процесот на класификацијата на
мешовитото земјиште, направени се разни квантитативни класификации кои се зависни
од механичкиот состав. Земјиштата се класифицираат према меѓусебните односи на
одделните фракции, према механичкиот состав (текстура). Во светот има многу вакви
класификации, па поради тоа при определување на името на земјиштето потребно е да
се именува и класификацијата која што е употребена.

15
Слика 3.1. Крива на механичкиот состав

Името на разните видови земјишта, кое одговара на одреден процент содржина


на песок, прашина и глина, може да се определи со помош на триаголник, прикажан на
слика 3.2. (класификација на управата за земјоделство на САД - USDA). Овој триаголник
(текстурален дијаграм за механичкиот состав на земјиштето) поделен е на 12 делови, кои
ги содржат сите можни пропорции на песок, прашина и глина. Бројките за секоја гранка
се дадени под агол, за да го прикажат наклонот на линијата на која се однесуваат.
Одредувањето на видот на земјиште со помош на овој триаголник е многу
едноставно. Од дијаграмот за механичкиот состав се одредува процентот на фракцијата
песок, прашина и глина (а1, а2, а3), а потоа, од дадениот дијаграм се одредува видот на
земјиштето.
Може да се случи точката да падне точно на линијата меѓу два наслови на
земјишта према механичкиот состав. Во таков случај обично се користи насловот на
поситна фракција. На пример: примерокот содржи 40% глина, 30% прашина и 30%
песок. Во овој случај, према дијаграмот, земјиштето е глина, а не глиновна иловача.
Механичкиот состав е од значење при определување и проучување на земјиштето. Од
него зависи водопропусноста на земјиштето, неговата способност да ја задржи влагата,
тежината за обработка, продирање на корењата од културите итн.

16
Слика 3.2 Текстурален дијаграм за механичкиот состав на земјиштето на америчката управа за земјоделие
(USDA)

Порозноста на земјиштето е важна квантитативна карактеристика која се


користи во хидротехничките мелиорации. Цврстата фаза на земјиштето со своите
честички не обезбедува континиум во просторот кој тие го завземаат. Меѓу честичките и
структурните агрегати на земјиштето, во кои честичките се групирани, се наоѓаат
празнини – пори. Порите се исполнети со вода или воздух, или нивна мешавина. Водата и
воздухот се наоѓаат во односи кои се менуваат зависно од влажноста на земјиштето.
Крупните пори главно содржат воздух, ако земјиштето не е заситено со вода, а ситните
пори содржат вода, ако земјиштето не е наполно суво. Воздухот и водата влегуваат и
излегуваат од земјиштето низ порите во време кога се менува содржината на влажноста.
Земјиште со мала запремина на пори би било непогодно за живот на култури. Глинестите
земјишта имаат голема порозност и задржуваат голема количина на вода. Од оваа вода
културите може да користат само мал дел, бидејќи димензиите на порите се многу мали.
Порозноста на земјиштето р – се одредува од соодносот на вкупната запремина
порите (Vp) и вкупната запремина на телото (V0). Порозноста се изразува во проценти
(Слика 3.3.):
V
p = p ⋅ 100.........(%) (3.1)
V0
Каде е:
V0 = V p + Vs
Vs- запремина на цврстата фаза на земјиштето

17
Vp
p= 100
V0
Каде е:
V0 = V p + VS
Vs − волумен на цврстата фаза на земјиштето

Слика 3.3. Шема за одредување на порозноста

Понекојпат порозноста, одредена према слика 3.3 се нарекува апсолутна или


општа, за разлика од стварната порозност. Во природното земјиште одредена количина
на вода е поврзана со честичките со молекуларни сили. Стварна порозност претставува
однос на волуменот на порите кои комуницираат меѓу себе према вкупниот волумен.
Порозноста се пресметува со помош на податоците за волуменската густина и
густината на земјишните честички (густината на цврстата фаза на земјиштето).
Волуменската густина на суво земјиште во природна состојба (примерок на
земјиште со волумен V0 се суши на 1050С, а потоа се мери неговата маса М) прeтставува
односот меѓу масата на цврста материја (фаза) и вкупниот волумен на земјиштето:

M
ρz = .........................[kg / m3 ] (3.2)
V0

Густина на цврстата фаза на земјиштето (густина на земјините честички)


претставува однос меѓу масата на цврстата фаза и волуменот на цврстата фаза на
земјиштето:

M
ρ =
s
.........................[kg / m 3 ] (3.3)
VS

Истата се изразува во кг/м3.


Користејќи ги овие две величини, волуменската густина и густината на земјените
честички, може да се пресмета процентот на волуменот на цврстата фаза на земјиштето:

ρz
Vs = 100 % (3.4)
ρs

Користејќи ги равенките (3.1) – (3.4) може да се добие формула за пресметување


на порозноста во %:

ρz
p = (1 − 100) % ( 3.5)
ρs

18
Волуменската густина ρz на минералните земјишта обично се движи во границите
1000 – 1600 кг/м3. Осцилациите во голема мера зависат од големината на порозноста.
Волуменската густина ρz е помала кај органските материи. Како правило, земјишта со
тежок (механички) состав имаат поголема порозност и помала волуменската густина.
Густината на земјаните честички на минералните земјишта ρs, многу помалку
варира, споредено со волуменската густина. Обично се движи во границите од 2600 до
2700 кг/м3. Ако не се потребни прецизни податоци може да се смета дека густината на
честичките во минералите земјишта е еднаква на 2650 кг/м3.
Волуменската густина е важен показател при проектирање и експлоатација на
хидромелиоративните системи. Кај позбиено земјиште таа е поголема, што негативно
влијае на водно – воздушниот режим на земјиштето и на работата на кореновиот систем.
Растењето на коренот, неговото пробивање и продирањето на водата низ земјиштето е
значително забавено кога волуменската густина на земјиштето изнесува 1500 – 1600
кг/м3. Во земјиштата со волуменската густина од 1700 - 1900 кг/м3 престанува растот на
коренот на културите. Згуснатите слоеви на земјиштето го спречуваат продирањето на
коренот поради зголемена цврстина на земјиштето, а отежнато е и снабдувањето со
кислород. За зрнестите култури оптималната густина на земјиштето изнесува помеѓу
1100 – 1300 кг/м3.
Наводнување со матни води може да има влијание на волуменската густина на
земјиштето. Со одводнувањето се менува волуменската густина, т.е. со испирањето на
пофините честички се намалува волуменската густина (повеќе кај органогените, а
помалку кај минералните земјишта). Волуменската густина најмногу се намалува со
агротехничките постапки.

3.3.2. Водни својства на земјиштето

Течната и гасовитата фаза се најдинамични делови на незаситената средина, и


затоа најголемо внимание се обрнува на нивното проучување. Се истражува взаемното
физичко дејство на водата и другите компоненти на земјиштето, културите и
атмосферата. Водата и воздухот во земјиштето се во состојба да се движат и да ги
исполнат сите пори кои се наоѓаат во цврстата фаза. Тие се носители на физичките,
хемиските и биолошките процеси во земјиштето.
Заситеност на земјиштето со вода S се определува со односот на сите зафатени
пори со вода (волумен на водата Vw) према вкупниот волумен на пори:

Vw
S= ……………………………(3.6)
Vp

Влажноста на земјиштето w ја покажува содржината на вода Vw во единица


волумен на земјиштето V0:

Vw
w= (3.7)
V0

Влажноста на земјиштето w во однос на волуменот се нарекува волуменска


влажност и се претставува во %.
Понекојпат влажноста се изразува во однос на масата на наполно суво земјиште.
Во тој случај таа се определува со формулата:

19
w
wm = ρ …………… ………(3.8)
ρz w

Каде: ρw – густина на водата.


Влажноста во однос на масата на наполно суво земјиште се изразува исто така во
%.
Ако волуменот на воздухот во земјиштето се обележи со V a , тогаш важи
формулата:

V p = Va + Vw (3.9)

Влажноста и заситеноста се поврзани со равенката:

w = pS (3.10)

3.4. Видови вода во земјиштето

Земјиштето е во контакт со атмосферата, подземните слоеви, растителниот и


животинскиот свет. Меѓу нив се врши размена на енергија и разни материи, меѓу кои
спаѓа и водата. Поради ова содржината на влага во земјиштето се менува и во него се
создава одреден режим на влажност.
Во природата секое земјиште во себе содржи определена количина на вода.
Испитувањата покажуваат водата во земјиштето се појавува во повеќе разни облици.
Ако едно влажно земјиште се загрева до температура од 105-1100 C од него ќе
испари сета вода која не е хемиски врзана. Ваквото земјиште е наполно суво.
Ако земјиштето се загрева на температура поголема од 1100 C, тоа ќе изгуби
определена количина на вода. Голем дел од оваа вода излегува од хидроксилните групи
кои се наоѓаат во минералните или органските цврсти компоненти на земјиштето. Таа
вода се нарекува хемиски врзана и поточно се смета како дел на цврстата, а не од течната
фаза на земјиштето. Отстранувањето на хемиски врзаната вода со загревање до високи
температури ја менува природата на минералните и органските компоненти на земјиштето.
Оваа вода е недостапна за културите.
Ако потполно суво земјиште се остави на отворен воздух, неговата тежина ќе се
зголеми за износот на водата која навлегла од атмосферата. Количеството на впиената
вода зависи од степенот на влажноста на околниот воздух и е најголема кога
атмосферата е потполно заситена со влага.
Водата во гасовита состојба се наоѓа во земјаните пори во вид на водена пареа и
заедно со земјаниот воздух формира смеса. Нејзиното движење се врши пасивно со
земјаниот воздух, под влијание на промените на атмосферскиот притисок,
температурата и влажноста како и на активен начин со дифузија поради постоење на
градиент на притисок. Влагата во вид на пареа се движи како гас, од места со поголем
притисок на парата према места со помал притисок и е способна да минува во други
облици. Во вид на пареа водата не е достапна на кореновиот систем на културите. Во
земјиштето постојано се формира вода во вид на пареа, се преместува и се претвара во
други облици. Таа се кондензира и ги пополнува резервите на вода. Негативната
температура предизвикува кондензација на водата или нејзино замрзнување во вид на
мраз.

20
Водата во течна состојба се наоѓа во неколку облици поврзана со цврстите
честички на земјиштето. Може да се издвои физички врзана (молекуларна), капиларна и
слободна (гравитациона) вода. Во зависност од ова се менуваат својствата на водата,
нејзиното движење и достапноста за културите.
Физички врзаната вода (молекуларна вода) се поврзува за земјаните честички со
молекуларните привлечни сили. Према степенот на јачината на врската се дели на
хигроскопна (цврсто врзана) и мембранска (слабо врзана). Својството на земјиштето да
ја впива водената пареа од атмосферата, се нарекува негова хигроскопност.
Хигроскопната вода се наоѓа на површината на цврстите честички и претставува
водена пареа која е впиена од атмосферата. Може да се движи само кога се претвара во
пареа. Формира тенка мембрана околу земјаните честички и на неа нема влијание
гравитацијата, а за честичките се држи привлечена од молекуларната сила. Количината на
хигроскопната вода зависи од влажоста на воздухот и од внатрешната површина на
земјиштето. Колку земјиштето има пофин механички состав, толку внатрешната
површина е поголема, поради што хигроскопната вода е поголема. Хигроскопната вода е
во рамнотежа со атмосферската влага. Количеството на вода кое земјиштето го впива од
атмосфера со релативна влажност од 100%, се нарекува максимална хигроскопност. При
ова честитичките на земјиштето се покриваат со еден ред на водени молекули (слика
3.4.). Оваа вода од земјиштето може да се отстрани само ако се претвори во пареа на
температура од 1050 С.
Впивањето вода во вид на пареа и неподвижноста на вака врзаната вода за
земјаните честички преставува основна карактеристика на хигроскопната вода.
Хигроскопната вода е под голем притисок, кој во мономолекуларинот слој е поголем од
10000 b. Према физичките својства хигроскопната вода се разликува од обичната вода и
има многу својства на цврсто тело, близу до мразот.
Заситеност на атмосферата до 100% релативна влажност го менува процесот на
абсорбција на водената пареа во процес на нејзината кондензација. Ова се случува при
притисок кој изнесува 30-40 бари (3000–50000 kPa) и хигроскопната вода е потполно
формирана.
Бидејќи мнозинството на култури може да развијат напон на впивање
(всисување) до 1500-1600 kPa, хигроскопната вода е недостапна за културите, како
поради својот облик, така и поради својата неподвижност. Таа не може да се движи
во течна состојба и не може да ги пополни тие места од кои растението ја
потрошило водата. Гледано физиолошки, хигроскопскаа вода е инертна “мртва вода”.
Таа го зема местото на воздухот односно на корисната вода, а самата не е корисна и
нема значење за практично регулирање на водениот режим во земјиштето кога се
користат хидромелиоративните мерки.
Паралелно со хигроскопното влажење на земјиштето, се забележува
ослободување на топлина. Овој процес се нарекува хидратација, а ослободената топлина
е топлина на хидратација. Кога ќе се постигне рамнотежа меѓу влагата во атмосферата и
хигроскопната вода во земјиштето, престанува процесот на хидратација и ослободување
на топлина.
Кога земјиште со фина текстура е многу загреано и е суво, а влажноста на
воздухот е ниска, во него може да се јават моментални високи температури, како
резултат од хидратацијата. Доколку се наводнувало во време на најголемата дневна
горештина може да се случат непријатни оштетувања на културите. Во овој поглед најлошо
е кога се наводнува со дождење со мал интензитет. Ако во ова време мора да се
наводнува, тогаш треба обилно да се наводнува така да водата ја абсорбира топлината од
хидратацијата.

21
Земјиштето може да прими во себе поголема количина на вода, многу повеќе
отколку што е неговата максимална хигроскопност. Оваа вода, која во земјиштето се
наоѓа над максималната хигроскопност, исто така, е нехомогена према своите физички
својства.
Како резултат од истражувањата, релативната влажност на земјишниот воздух
секогаш е блиска до 100%, во услови кога влажноста на земјиштето е поголема од
максималната хигроскопност. Сепак, при ваква релативна влажност на земјишниот
воздух, земјиштето се уште не е заситено со влага.
Со зголемување на влажноста на земјиштето над максималната хигроскопност,
околу цврстите честички рамномерно се распоредува еден многу тенок слој на вода. Оваа
мембрана, која ја обвива земјаната честица над нејзината максимална хигроскопност, се
нарекува мембранска вода (слика 3.4).
Мембранската или адхезивна вода формира подебела молекуларна мембрана
отколку хигроскопната околу земјаните честички и за нив се врзува со послаби
молекуларни сили. Таа е недостапна за културите. На неа гравитационата сила нема
влијание и може да се движи од една честичка, каде водениот слој е подебел, кон
честичката со која се допира, каде слојот на вода е потенок.
Максималната количина на мембранска вода, која може да се задржува на
честичките од земјиштето со привлекување под дејство на молекулите, се нарекува
максимална молекуларна влажност. Таа е поголема доколку е помал дијаметарот на
честичката.
Дополнително, ако земјиштето се влажи со вода во течен облик, таа се уште е
тешко подвижна. Влажноста на земјиштето се зголемува и водата станува се
поподвижна под влијание на капиларните сили и при притисок од 625 kPa водата
почнува да се движи под доминантно влијание на капиларните сили. Таа влажност при
која водата почнува да се движи во вид на течност низ капиларните пори се нарекува
лентокапиларна влажност. Важноста на лентокапиларната точка е во тоа што
постои можност да, почнувајќи од неа, влажноста на земјиштето се изедначува, така
да водата од места со вишок оди на место на недостиг на вода (каде културите преку
кореновиот систем веќе ја всисале).
Значењето на лентокапиларната влажност се состои во тоа што само земјиштето
кое е повлажно од неа може да биде добар снабдувач на вода. Во земјиште во кое
влажноста е помала од неа, водата не се движи или пак движењето е многу бавно. Тоа
претставува големо ограничување за растението, кое има тешкотии при ваков начин на
снабдување со вода, има загрозен опстанок и ниска продуктивност. Кога се врши
наводнување тоа е долната граница на оптимална влажност и затоа се смета како
мерка за определување на почетокот на наводнувањето. Лентокапиларната влажност се
определува при притисок на влагата во земјиштето од 625 kPa.

22
Слика 3.4. Шематски приказ на разни видови вода во земјиштето (По А.Ф. Лебедов). Ситни кругови-молекули
вода во вид на водена пара:1-честички на земјиште со малку хигроскопна вода; 2- честички на земјиште со
максимална количина на хигроскопна вода; 3 и 4 - честички на земјиште со мембранско-адхезивна вода;
честичката 4 е обвиена со мембранска вода со максимална дебелина и се допира со честичката 3 која има потенок
слој на мембранска вода, водата од честичката 4 се движи побавно на честичката 3 се додека не се изедначат
дебелините; 5-честици на земјиштето со гравитациона вода.

Капиларната вода ги исполнува капиларните пори и пукнатини. Водата во нив се


наоѓа под дејство на силите на адхезија и кохезија, но на неа, исто така, дејствува и
силата на гравитација. Затоа, во определени услови дел од капиларната вода може да
премине во слободна гравитациона вода. Капиларните сили се најголеми во најситните
капилари. Тие први се полнат со вода, а најтешко се празнат. Потоа со вода се полнат
пошироките капилари. Во капиларните пори и шуплини водата се задржува и се качува
по sидовите на садот под дејство на адхезионата сила. Во исто време кохезионата сила
меѓу молекулите на вода помага да се качи еден дел од водата која се наоѓа на поголема
оддалеченост од sидовите на порите и честичките, таму каде не стигнува дејството на
адхезионата сила. Капиларни води постојат над нивото на подземната вода зона каде се
формира капиларен појас.

23
Ако се продолжи со наводнување на земјиштето, сите пошироки капилари се
исполнуваат со вода под влијание на се послабата капиларна сила. Кога влагата во
земјиштето се држи под напон од 30-50 kPa, престанува дејството на капиларните сили.
Водата, која и натаму се додава на земјиштето е под дејство на силата на гравитација и
се исцедува од него.
Влажноста при која земјиштето е заситено со вода до таа мера да владее
равнотежа меѓу капиларните сили и силите на гравитација, се нарекува влажност на
полски капацитет.

Слика 3.5. Содржина на вода (%) во добро дренирано земјиште во тек на неколку дена по паѓање на дожд

Оваа влажност ја има добро дренирано земјиште во природни услови, кога се


исцедува 2-3 дена по обилно наводнување (слика 3.5). Потполното исцедување трае 10-
15 дена, но за тоа време иседената количина на вода е занемарлива во однос на таа која
се исцедува во првите 2-3 дена.
Содржината на водата во земјиштето останува на ниво на полскиот капацитет
се додека водата не се потроши во процесот на растење на културите или со
испарување, или додека нејзината количина со време не се зголеми од следните
дождови.
Полскиот капацитет зависи од механичкиот состав на земјиштето и се наоѓа под
влијание на содржината на органските материи, видот на присатни минерали и
структурата на земјиштето,т.е. зависи од својствата на земјиштето.
Полскиот воден капацитет е горна граница на оптималната влажност и се
одредува при напон на влага во земјиштето од 33 kPa.
Полскиот капацитет често се нарекува и ретензион капацитет, а
лентокапиларната влажност се совпаѓа со точката кога се прекинува капиларната
врска. Таа се забележува и кога се гледа сушењето на земјиштето (одводнувањето)
наместо наводнувањето. Општо, било земјиштето да се наводнува или се одводнува, се
забележуваат исти карактеристични точки, но тие квантитативно не се поклопуваат. Ова
непоклопување се нарекува хистерезис (слика 3.6).

24
Слика 3.6. Хистерезис

Полскиот капацитет има големо значење во системите за одводнување. Тоа е


гранична влажност до која земјиштето може да се дренира, независно од густината на
каналите, дреновите, бројот на пумпите и нивниот каппацитет. Кај тешките земјишта
(глиновити) такво одводнување може да биде недоволно бидејќи остава мал простор за
воздух. Во ваквите случаи мора да се користат други мерки кои ќе ја зголемат
некапиларната порозност.
Слободна (гравитациона) вода настанува во ситуација кога земјиштето се
влажни над полскиот капацитет, водата ги исполнува широките пори, т.е.
суперкапиларите и се наоѓа во течна состојба. Се подложува на дејството на земјината
тежа, т.е. може слободно да се движи. Ако процедената вода дојде до водонепропусен слој
или до ниво на подземна вода, гравитационата вода го зголемува нејзиното ниво или пак го
оформува.
Гравитацоната вода е достапна на културите, но вишокот е многу подвижен и
не е корисен за културите бидејќи се задржува само во краток временски интервал.
Таа многу ја ограничува содржината на воздух во земјиштето која е потребна на
културите, а ги испира хранливите состојки надвор од ризосферниот слој на
земјиштето.
Ако на некој начин е спречено исцедувањето на водата од земјиштето, на пример
со некој водонепропусен слој или со подземна вода, водата во такво земјиште ќе се
собира и ќе ги исполнува порите. Кога со вода ќе се наполнат сите пори, со исклучок на
заробениот воздух, земјиштето е заситено до максимален воден капацитет.
Во порите на земјиштето секојпат останува одредена количина на заробен воздух
која не може да се истисне со наводнување. Максималниот воден капацитет е помал од
порозноста, а порозноста претставува гранична величина. Состојбата при која
земјиштето е навлжнето до максимален воден капацитет не е добро за живот на
културите бидејќи водата практично го истиснала воздухот од порите, кој за нив е многу
важен.
Разните облици на вода во земјиштето се прикажани на слика 3.7.
Сите овие влажности на земјиштето се дефинирани од физичка гледна точка,
према доминацијата на молекуларните, капиларните и гравитационите сили. Поради
физиолошките потреби на културите се дефинира влажност на трајно венење. Тоа е
влажност при која културите почнуваат трајно да венат и доаѓа до нивно неминовно
сушење.

25
Слика 3.7. Видови вода во земјиштето (Према А.Ф. Лебедов)

Влажноста на трајно венење се дефинира како содржина на вода во земјиштето


при која културите трајно ја губат способноста за живот.
Влажноста на трајно венење (точка на трајно венење) зависи од самото растение,
земјиштето и атмосферските услови, кои вршат влијание на степенот на транспирација.
Точката на трајно венење ја дели капиларната вода на два дел: достапна и недостапна за
културите.
Водата достапна за културите се наоѓа меѓу точката на трајно венење и полскиот
воден капацитет. Таа е физиолошки активна (корисна) вода. Со содржината на глина се
зголемува полскиот капацитет, но и останатите карактеристични влажности на
земјиштето.
Капиларната вода е достапна на културите, со исклучок на делот кој се наоѓа во
тенките капилари и е врзана за земјишните честички со големи сили. Во составот на
достапната капиларна влага обично се одвојуваат два вида: лесно и тешко достапна
вода. Културите добро растат при лесно достапна капиларна влага, се развиваат и имаат
високи приноси. Ако нејзината содржина се снижи до прагот на тешко достапна,
културите престануват да растат, кај нив се јавуваат знаци на привремено венење. Кога
содржината на влагата ќе ја достигне границата на недостапна влажност, културите се
сушат.
Зголемувањето на густината на земјиштето има влијание на промената на
земјишно-хидролошките константи – влажноста на трајно венење се зголемува, а
полскиот капацитет се намалува. Најголеми промени на водно – физичките својства при
зголемување на густината на земјиштето се карактеристични за тешки земјишта, додека
се незначителни за лесни земјишта.

3.5. Основни закони за движење на водата во незаситена средина

Процесот на движење на водата во незаситена средина е многу сложен.


Проучувањето на овој проблем се потпира на теоретско решение поврзано со влажноста
на земјиштето, потенцијалот на влага и водопропусноста на земјиштето. Во тој правец

26
се направени само првите чекори. Добиени се аналитички решенија, но само за
наједноставните случаи.
Горниот слој на земјиштето, од неговата површина до нивото на подземната
вода, е всушност порозно тело составено од цврсти честици помеѓу кои се наоѓаат
воздух, вода и водена пареа. Во случај кога водата се движи низ некои пори, а
останатите се исполнети со воздух, водена пареа или некои други гасови, тогаш тоа е
струење низ незаситена средина. Ако водата се движи низ земјиште чии што пори се
исполнети со вода, тогаш станува збор за движење низ заситена средина. Во потполно
суво земјиште сите пори би биле исполнети со воздух. Земјиштето во природна состојба
секогаш содржи извесна количина на влага, и според тоа, таа претставува незаситена
трофазна порозна средина (земјиште, вода, воздух). На тој начин задачата за
квантитативен опис на движењето на водата во земјиштета е проблем на движење на
флуидот (воздух и вода) во незаситената порозна средина.
Незаситената водена средина не е изолиран и самостоен систем, таа е поврзана со
атмосферата и подземните води (слика 3.8). Движењето на водата во незаситената
средина е условено од:
• климатските и хидролошките услови како што се врнежите, влажноста на
воздухот.
• хидрогеолошките услови, како што се брзината на филтрација, коефициентот на
водопропусност, дебелината на слоевите кои се постојано заситени, длабочината
на водонепропустниот слој, заситеноста на земјиштето со вода.
Системот атмосфера - незаситена зона - подземна вода претставува систем (слика
3.8) во кој движењето на водата е континуирано, па проучувањето на законите за
движење на водата во секој од неговите делови е поврзано со проучувањето на целиот
процес на размена на водата.
Површината на земјиштето претставува горен граничен услов од незаситената
средина за движење на водата во таа средина. Површината на земјиштето има
специфични својства кои влијаат на впивањето на водата во земјиштето, нејзиното
задржување во порите, на создавање на површинското истекување. Физичките својства
на земјиштето заедно со својствата на културите го условуваат губитокот на водата од
незаситената средина по пат на испарување. Површината на земјиштето претставува
граница, над и под која се случува нагла промена на законот на движење на водата.
Нивото на подземната вода (слободната површина) претставува граница помеѓу
незаситената средина и заситената зона. Таа претставува изобара на атмосферскиот
притисок, и се усвојува во својство на изобара со нулти притисок во однос на
енергетската состојба на водата (под и над неа). Притисокот над нивото на подземната
вода, во незаситена средина, е негативен, а под нивото на подземната вода во заситената
средина е позитивен. Нивото на подземната вода со нултиот притисок, за процесот на
движење на водата во незаситена средина претставува од една страна извор на вода, а од
друга понор и затоа претставува долна граница на незаситената средина.
Определувањето на оваа граница, за разлика од горната, е поврзано со повеќе
потешкотии. Нејзината временска промена зависи од взаемното дејство на процесот на
движење на водата во незаситената средина и филтрационото движење на подземната
вода. Условите за движење на водата на границата на незаситената средина се
нарекуваат нејзини долни гранични услови.

27
Слика 3.8. Поврзаност на незаситената средина со атмосферата и со подземната
вода

Слика 3.9. Дијаграм на распределба на пиезометарските нивоа H и висината на притисок


p
при хидростатска равнотежа
ρwg

Во зоната во која водата е во континуална фаза важи равенката:

p
H= + z = const
ρw g

28
-каде е:
Н- потенцијална енергија (пиезометарско ниво)
p- хидростатски притисок
ρw- густината на водата
g- земјино забрзување
z- вертикално растојание од точката која се разгледува до референтната рамнина.
Оската z е насочена нагоре.

Притисокот се намалува со зголемување на висината z :

p
=H −z
ρwg (1)

На слободната водна површина притисокот е еднаков со атмосферскиот (p=0), па од


(1) следува:

H=z (2)

Слика 3.10. Приказ на: а) хидраулички градиент, б) пиезометарско ниво

Во услови на стационарна филтрација и без појава на инфилтрација, слободната


површина се јавува како хидродинамичка линија (линија на текот).
При нестационарен режим, слободната водна површина осцилира и при
снижување на нивото доаѓа до одводнување на слојот, а при повишување на ниво до
заситување на слојот. Како каракеристика на тој процес се користи величината
ефективна порозност која се разликува за процесот на снижување на нивото (процесот
на дренажа) така и за случајот при повишување на нивото. За овие два случаја
ефективната порозност се нарекува различно. Кај дренажата се нарекува специфична
издашност, а кај повишена слободна површина недостаток на заситеност.
Ефективната порозност претставува вкупно количество на истекната вода од
определена запремнина на земјиштето под дејство на гравитационата сила при
спуштањето на нивото на подземна вода (дренажата). За крупнозрно земјиште таа е
многу блиска со геометриската порозност. Кај ситнозрно земјиште голем дел од водата
се задржува на зрната под дејство на разни влијанија, па затоа ефективната порозност е
помала од геометриската порозност.

29
Во земјиштето над нивото на подземната вода се создава капиларна зона. Во оваа
зона притисокот е негативен (затоа што е помал од атмосферскиот), p<0 и може да се
изрази со:
p p
− = k = H k (3)
ρ w g ρ wg
p pk
=− = −H k (4)
ρwg ρ wg

pk -капиларен притисок
Hk-висина на капиларно качување
Бидејќи е над слободната водна површина следува:

p
= −H k (5)
ρw g
односно:
H = z − H k (6)

Hk се зема по апсолутна вредност и може да се определи на повеќе начини.


Врската помеѓу капиларниот притисок и средниот радиус на кривините на
различните менискуси е даден со изразот:

pk = (7)
r
каде е:
N
s-површински притисок помеѓу водата и воздухот , ( 2 )
m

Висината на капиларно качување може да се изрази со формулата:



Hk = (8)
rρ w g
Ако се внесат нумеричките вредности се добива:
0.15
Hk = [cm] ; за r внесено во cm (9)
r

Максималната капиларна висина е различна за различни земјишта, а


ориентациони вредности се дадени во табела бр.3.2.
Радиусот на кривината на менискусот е многу мал број, па вредностите за Hk и Pk
може да бидат многу големи.

Земјиште max Hk (cm)


Глина 400-500
Тешка иловица 300-400
Средна иловица 200-300
Лесна иловица 150-200
Песоклива иловица 100-150
Песоклива почва 50-100
Табела бр.3.2. Максимална капиларна висина на качување на водата Hk во зависност од видот на
земјиштето

30
Понекогаш во својство на мерка се користи декаден логаритам во зависност од
висината на впивање, изразен во сантиметри на воден столб. Тој се означува со знакот
pF. Оваа логаритамска скала ја предложил Скофилд ( R.K.Shofield) во 1935 година:
p
pF = log( k ) = log H k (10)
ρwg

Во овој случај Hk се изразува во cm.


Величината Hk се изразува во однос на атмосферскиот притисок. Логаритамската
скала овозможува на еден дијаграм да се претстави широк дијапазон на промени на
капиларен притисок. Во изразот (10) p означува логаритам, а F претставува вредност на
“слободна енергија” или сила, па затоа pF претставува логаритамски број на сантиметри
на воден столб кој што е потребен за да се компензира силата за абсорпција на водата
која што е задржана во земјиштето. На тој начин е добиено дека висината Нк има
вредност на сила, која ја држи водата во незаситената средина.
Висината на впивање кај потполно заситена средина е еднаква на нула. Со
намалување на влажноста висината на впивање расте по апсолутна вредност.
pF дијаграмот содржи вредности од 1 до 7, што значи дека со него може да се изразат
вредности од 0 до 10 000 бара (првиот слој на вода, кога честиците на земјиштето ја
примаат во облик на водена пареа, се поврзува со сила која одговара на притисок од 10
000 бара).
Во табела 3.3. дадени се карактеристичните вредности на напонот на задржаната
вода во земјиштето и хидролошките константи.

Napon na voda vo po~vata Logaritam na


(cm) naponot(pF)
(bar)
1 0 maksimalno
0.001 zasitena
10 1
0.010 2
100 2.5 polski voden
0.100 kapacitet
330 3
0.330 3.8 lentokapilarna
1000 vla`nost
1.000 4
6250 4.2 to~ka na
6.250 venewe
10 000 4.5 maksimalna
10.0 higroskopna voda
15 000 5
15.0 6
30 000 7 apsolutno suvo
30.0 zemji{te(na 105°C)
100 000
100.0
1 000 000
1.000.0
10 000 000
10.000.0
Табела 3.3. Карактеристични вредности на напонот на водата и соодветните вредности на хидролошките
константи

Проучувањето на проблемот на движење на водата во земјиштето е еден од


основните проблеми кој се среќава кога се проектираат хидромелиоративни системи. Од
решенијата на овој проблем зависи функционирањето на системот за одводнување и
неговата економичност. Начинот на движење на водата во земјиштето зависи од начинот
на одводнување и наводнување. Начинот на движење на водата во почвата е определен

31
од интензитетот на одводнување и наводнување, нивното траење, бројот на заливања и
нормата на заливање и наводнување, нормата на одводнување и др.
Хидромелиоративниот систем се проектира за да обезбеди режим на вода, воздух
и органски материи кој е поволен за развој на културите. Системот треба да доведе вода
до земјиштето или пак да ја одведе од него. При проектирањето на хидротехничките
мелиоративни мерки треба да се определи режимот на вода во природни услови и во
услови на експлоатација, а кој е различен за различни почвено-хидрогеолошки услови.
За да се реши овој проблем со потребна точност, потребно е да се располага со физички
или математички модел на движење на вода во почвата.
Во општ случај режимот на водата не може да се оддели од режимот на
подземната вода во подлабоките земјишни слоеви. За потребите на проектирање на
хидромелиоративните системи, моделот за движење на водата во почвата треба да ги
опфати и заситените и незаситените средини. Традиционалниот пристап на овој проблем
се состои од посебно набљудување на заситената и незаситената средина. Друг пристап
е движењето во заситената и незаситената средина да се опфати со единствен модел.
Традиционалниот пристап во повеќето случаи останува најпрактичен.
Основна задача на проучувањето на движењето на водата во незаситена средина
е објаснението на појавата на инфилтрација и евапорација на подземната вода во
природни услови и во услови на хидромелиоративни мерки (одводнување,
наводнување). Заедно со овие, за решавање на хидромелиоративните проблеми, секогаш
треба да се внимава кога се проучува движењето на водата и режимот на влажност во
ризосферниот слој на земјиштето.
Во услови на експлоатација на хидромелиоративните системи влажноста на
почвата може да се измери непосредно. Меѓутоа, кога се проектираат современи
хидромелиоративни системи потребно е да се познаваат законите на движење на
почвената влага, бидејќи без нив не може да се претпостави режим на влажноста на
почвата на полето. Ова е важно не само при пресметките на подземното влажење како
резултат на капиларното качување на водата, туку и при пресметките на системите за
одводнување и наводнување.
Во заситената зона основен закон за движење на водата претставува Дарсиевиот
Q
закон според кој брзината на движење v = (А-бруто пресек) е пропорционална на
A
хидрауличкиот градиент (слика 3.10):

v = ki (11)

Дарсиевиот закон важи за изотермички режим и ламинарно движење на водата во


почва (као што се обично се јавува) и одговара на мали брзини, односно мали
Рејнолдсови броеви.
k е коефициент на филтрација. Се дефинира како брзина на движење на течности
низ единечна површина на попречниот пресек на порозната средина во случај на
единичен хидраулички градиент и дадена температура.
Докажано е дека во заситена средина коефициентот на филтрација k зависи од
природата на порозната средина и од видот на течноста (водата). Овој коефициент може
да се изрази со:
ρ g
k = w K (12)
v
каде што е:
ν-динамички коефициент на вискозноста.

32
ρw g
Се гледа дека претставува својство на течноста, а К својство на порозната
ν
средина, и не зависи од видот на течноста (има димензија m2) и се нарекува
пропустливост ( Американско друштво за проучување на почвите,1952). Следува дека
константата k зависи од карактеристиката на порозната средина и карактеристиката на
течноста.
Движењето на влагата во земјиштето се јавува во незаситената средина, над
нивото на подземната вода. Ова движење е значително посложено од движењето на
водата во заситената средина.
Енергетската состојба на водата во земјиштето се изразува преку потенцијалот на
земјишната вода. Влагата во почвата се движи под дејство на разни сили, па општиот
потенцијал на влагата во почвата има неколку компоненти.
За случајот на движење на водата во незаситени земјишта, Бакингам (E.
Buckingham) на основа на аналогијата помеѓу процесот на пренос на влага во
земјиштето и преносот на топлина и електрицитет во други физички средини, ја
предложил следнава формула:
r
v = − k∇H (13)

односно:

v = −k ⋅ gradH (14)

каде што е:

∂ r ∂ r ∂ r
∇= i+ j + k -Хамилтонов оператор, (15)
∂x ∂y ∂z
Н -вкупен потенцијал на влагата во земјиштето (според аналогијата за електричен
потенцијал).
За хомогена средина k е константа, па може да се напише:

v = − grad ⋅ kH (16)

Знакот минус во изразите (13) и (14) е ставен бидејќи водата се движи во правец
на падот на пиезометарското ниво, т.е движењето на водата во незаситената средина е
насочено од областа со висок потенцијал кон областа со понизок потенцијал на
земјишна влага.
Формулата за движење на почвената влага, дадена од Бакингам, постигнала
голем успех во областа на незаситена порозна средина, и се користи во различни методи
за пресметка на пренос на влагата за решавање на практични проблеми од областа на:
хидрологија, хидрогеологија, агрофизика, хидротехнички мелиорации.
Општиот потенцијал на почвената влага, кој влегува во равенката (13), претставува сума
од неколку компоненти, како што се: капиларен (матричен) потецијал Hk, гравитациоен
потенцијал Hg, осмотски потенцијал Ho, пневматски потенцијал Hp и др. па може да се
напише:

H = H k + H g + H o + H p (17)

33
Капиларниот потенцијал на влагата Hk се предизвикува од силата на заемно
дејство на водата со почвените честици. Неговата големина зависи од влажноста на
почвата. Гравитациониот потенцијал Hg ја карактеризира положба на количината на
водата во полето на силата на земјината тежа. Осмотскиот потенцијал Ho се
предизвикува со постоењето на растворени материисоли во почвената вода.
Пневматскиот потенцијал Hp се појавува во случај на различен притисок на воздухот во
почвата од атмосферскиот.
Движењето на влагата под влијание на градиентот на осмотскиот притисок е
можно само ако постои многу голем градиент на концентрација на растворени материи
во почвата. Во несолени земјишта, во превлажнета средина влијанието на Hp е
занемарливо мало. Од тоа се добива дека Hp ≈ 0. Најголемо влијание имаат
гравитационата и капиларната компонента на потенцијалот на влагата во земјиштето, па
може да се рече дека движењето на влагата во почвата се случува под влијание на
градиентот на хидрауличкиот потенцијал.
Вкупниот потенцијал на влагата во почвата или хидраулички потенцијал може да
се напише во обликот :

H = −H k + H g (18)

На тој начин движењето на влагата во незаситена средина се набљудува


енергетски преку сумите на капиларниот и гравитациониот потенцијал.
Со изразот за H од (18) се добива Дарси-Клуте-ова равенка за незаситена средина
како посебен случај на Бакингамовата равенка:

v = − k w grad (− H k + H g ) (19)

каде што е;
kw-коефициент на проводливост (водопроводливост) за незаситена хомогена
средина при влажност w.

3.6. Видови на превлажнети земјишта

Пред да се почне со проектирање на систем за одводнување, требе да се проучат


примероци од превлаженото земјиште за да се направи правилен избор на методот и
начинот на одводнување, како и на објектите за одводнување. Преголемо влажење се
предизвикува со поголем приход на вода во однос на нејзиниот расход ∆V > 0 ( формула
на воден биланс). Затоа, потребно е да се анализира равенката на водниот биланс за една
година, како и за повеќегодишен период.
Се разликуваат следните основни видови на снабдување со вода (слика 3.11) кои
предизвикуваат превлажнување на земјиштето.

34
Слика 3.11 .Типови на дотур на вода до превлажнетото земјиште. а) – атмосферски; b) површински од повисоки
терени; c) – поплава; d) – подземни; е) подземен под притисок. 1. врнежи; 2 – превлажена зона; 3 –
водонепропусна подлога; 4 – водоносен слој (со слободна површина); 5 – водоносен слој под притисок.

Атмосферски (слика 3.11-а) – на истражуваната територија паѓа дожд или снег


кои предизвикуваат превлажнување на горните слоеви од земјиштето под кој се наоѓа
слој со помала пропустливост.
Површински вид (на повисоките терени) превлажнување на земјиштето го
предизвикуваат води кои се сливаат од врнежи, од повеќе коси делови на теренот на
сливната површина (слика 3.11-б).
Поплавен (слика 3.11-ц) е предизвикан од излевање на реки и езера. Овој тип се
среќава во речните или езерските долини.
Подземен (со слободна површина) (слика 3.11-д) е предизвикан од излевање на
подземна вода. Подземната вода, која не е под притисок, доаѓа до горните слоеви на
базенот, преку водоносните хоризонти или преку инфилтрација од река или езеро, во
горните слоеви на земјиштето.
Подземна вода под притисок (слика 3.11-е) се создава кога подземната вода од
длабоките водоносни слоеви под притисок доаѓа во активниот слој на земјиштето. Водата
може да излезе на површина, но не мора.

35
Слика 3.12. Превлажнување на земјиштето по капиларен пат

Превлажување на земјиштето по капиларен пат може да се предизвика и по


подземно – капиларен пат (слика 3.12) во ситуација на релативно блиско ниво на
подземната вода. Капиларите на такви земјиште се во состојба да ја подигнат водата на
висина од 2 м и повеќе. Ваков вид на превлажнување е од значење за земјоделството но
може да биде и негативно бидејќи го засолува земјиштето. Капиларите во земјиштето ја
всисуваат минерализираната вода, која ја транспортираат во горните слоеви. Водата
испарува, а штетните соли остануваат во површинскиот слој на земјиштето.
Има можност и за комбинирани извори – комбинирано снабдување. Може да се
случи да на една иста површина се најдат два или дури три различни вида на снабдување
со вода. Карактерот на ова снабдување има одлучувачко значење за определување на
методот за одводнување и од неговата коректна анализа зависи конструкцијата на
мрежата за одводнување. Мрежите за одводнување се проектираат зависно од
доминантниот тип на водното снабдување на превлажнетите земјишта.
Водите во земјиштето доаѓаат како:
− надворешни води и тоа: површински или подземни и
− внатрешни – сопствени води, кои можат да бидат површински или
подземни.
Двата вида на води имаат потекло директно од атмосферата (атмосферски) или од
земјата (телурски). Во атмосферските води спаѓаат: снегот, дождот, градот, росата и
сланата, а во телурските: изворските, речните, езерските, морските, подземните и
капиларните води.
Потеклото на надворешните води е надвор од мелиоративното подрачје. Тие
доаѓаат на три начини: (1) со дотекување по површината од горе и од страна; (2) со
подвирање одоздола како подземни води и (3) со изливање на вода од реките.
Ако надворешните води доаѓаат гравитационо по површината од горе и од
страна, тогаш подрачјето се брани со така наречени ободни или ивични канали и тоа на
таков начин што водите ги одведуваме надвор од мелиоративното подрачје независно од
внатрешните води.
Постојат повеќе причини за инфилтрација на надворешните води во подрачјето
како подземна вода:
- Поради филтрација под насипот ако тој лежи на водопропусна подлога
- Поради подигање на нивото на водата во блиската река, што условува
подигање на нивото на подземната вода со која е во врска
- Поради филтарција низ насипите
- При испресечен терен (брдовит) може подземната вода, како надворешна да
доаѓа во мелиоративното подрачје и избива во вид на извори.
Сите овие надворешни подземни води, со систем од канали и дренажи се фаќаат
и одведуваат во најблиската река односно реципиент.
Ако надворешната вода доаѓа преку изливање на речната вода, причините за тоа
изливање може да бидат: тесен речен профил на коритото, обраснато корито или појава
на нанос во коритото, мал пад, тесни мостови и др. Мерките за одбрана од изливање на

36
овие води се состојат во: изградба на насипи, прокопување на ново корито или чистење
на старото корито од коловите и растенијата.
Како и на кој начин ќе се одбраниме од овие води зависи од локалните услови и
причините кои доведуваат до појава на вишок на вода.
Внатрешните води се создаваат од врнежите кои паѓаат на самото подрачје кое го
мелиорираме. Тие се појавуваат како површински ако теренот (почвата) е непропуслива
или како подземни води со плитко или длабоко ниво. За одводнување на овие води, се
служиме со систем на отворени канали, при постоењето на површински води и со
систем на дренажи при постоење на подземни води. Подземните води, можат да се
одводнат и со систем на отворени канали. Површинските внатрешни води се јавуваат
како резултат на врнежите кои паѓаат на самото подрачје а бидејќи теренските и
почвените услови се неповолни (мал пад, слаба пропусливост) тие остануваат да лежат
на површината на теренот. Нивната количина и штетното влијание зависи од
интензитетот и количините на врнежите, како и од условите на отекувањето.
Интензитетот на отекувањето зависи од микрорелјефот на теренот и положбата
на природниот реципиент во однос на низината која се одводнува. Колку реципиентот е
понизок, толку отекувањето ќе биде поинтензивно. Интензивно отекување имаме кога е:

h≤ t + l.J,
каде е:
h – разлика во котите на разгледуваниот дел на теренот и нивото на водата во
реципиентот;
t – разлика во котите на разгледуваниот дел на теренот и ниво на подземната вода на
истото место. За површински води t = 0;
J – пад на нивото на површинските води, односно пад на теренот на одводнуваната површина
односно пад на нивото на подземната вода;
l – растојание од средината на површината до речното корито.

Ако е h ≤t+ l .J отекувањето се забавува со што се зголемува вишокот вода во


почвата. При бавно отекување на плитките подземни води и поголем приток на истите,
нивото на подземната вода се покачува а понекогаш достигнува до самата површина на
теренот. Влијанието на подземните води на содржината на влага во активниот слој на
земјиштето зависи, покрај положбата на низината кон реципиентот, уште и од
теренските услови и структурата на земјата. Во формирањето на мочуришта и блата
едновремено влијаат повеќе фактори: климатски, хидрографски, хидрогеолошки,
теренски.

37
4. ЗНАЧЕЊЕ И ВЛИЈАНИЕ НА ОДВОДНУВАЊЕТО

Одводнувањето на мочуришта и превлажнети земјишта предизвикува значајни


промени во водниот биланс и режимот на површинските води, во билансот и режимот на
подземните води, ја менува микроклимата, земјиштето и растителната прекривка.
Стопанското значење на одводнувањето се состои во зголемување на
земјоделското производство, постигнување складен однос на многубројните фактори од
кои зависи приносот на културите или за добивање на нови земјоделски површини од
исушените мочуришта.
Најважни цели на одводнувањето претставуваат:
- продолжување на периодот за вегетација на земјоделските култури како
последица на побрзото ослободување на земјиштето во пролет од вишокот на
гравитациона вода,
- зголемување на топлината на земјата што ќе овозможи порано жнеење,
- овозможува современа механизирана обработка на земјиштето во склад со
потребите на современата агротехника,
- обезбедување на жетва во оптимални услови,
- создавање подобар хидролошки режим во периодот без вегетација за
земјишната флора и фауна и подобрување на водно – физичките и
агрохемиските својства на земјиштето: забрзана аерација на земјиштето,
создавање на аеробни услови за распаѓање на органските материи со
одведување на вишокот на површинска и подземна вода и создавање услови
за одржување на трајна структура на земјиштето.
Спречувањето на големи осцилации на нивоата на подземните води со
одводнување создава подобри санитарно – хигиенски услови за живот во населбите.
Со одводнувањето се подобруваат хигиенските услови за живеење на луѓето.
Познато е дека со одводнување на мочуриштата, кои биле легло на маларичниот
комарец, пределот постанува поздрав, маларијата исчезнува, а водата за пиење е
подобра бидејќи се сушат плитките загадени бунари и сл.
Одводнетото земјиште подобро и полесно се обработува. Се намалуваат
губитоците на енергија, коренот се развива подлабоко, се намалува опасноста од
болести на културите и нивно оштетување предизвикано од мраз.
На превлажено земјиште растењето на коренот е забавено поради слабата
аерација. Во овој случај одводнувањето – помагајќи го развојот на помоќен и подлабок
коренов систем – ја зголемува количината на вода која е достапна на растенијата во
периодот на вегетација.
Одведување на вишокот вода од засолените земјишта, било да се површински
или подземни води, го спречува или го намалува засолувањето. Меѓутоа, може да се
предизвикаат и обратни ефекти. Премногу интензивно одводнување на земјиштето при
блиска минерализирана подземна вода може да предизвика засолување на земјиштето.

Влијанија на одводнувањето врз почвата и приносот


Со одводнувањето на почвата се врши големо влијание како врз нејзините
својства (проветрување, температура, физички особини) така и врз текот на самите
микробиолошки процеси во неа и приносот на земјоделските култури.

38
Влијание на одводнувањето врз проветрувањето на почвата
Содржината на воздух во почвата и неговото освежување (аерирање) се од
големо значење за развитокот на растенијата и приносот од нив. Растенијата дишат не
само со лисјата туку и со корените. Затоа, присуството на воздух во кореновиот систем
за правилниот развиток на растенијата е неопходно, а минималната содржина на воздух
во почвата зависи од видот на растението. Така на пример, според Копецки, се
проценува дека воздухот треба да биде застапен во следниов однос: за треви 6 – 10%, за
пченица 10 – 15%, шеќерна репа 15 – 20% од запремината на почвата. Со снижување на
нивото на подземните води, поголем дел од порите во почвата се ослободуваат од вода и
се исполнуваат со воздух, што води кон подобро проветрување. Степенот на
ослободувањето на почвените пори од вода зависи од механичкиот состав на почвата и
од нејзината структура. За водонепропустливите и безструктурните почви нивото на
подземната вода треба да се одржува на поголема длабочина.

Влијание на одводнувањето врз температурата на почвата


Температурата на почвата има големо влијание врз развојот на растенијата.
Топлите почви го забрзуваат развојот и го зголемуваат приносот од растенијата.
Специфичната топлина на почвата се движи во зависност од нејзиниот
механички состав, од 0,20 – 0,25 келвини. А тоа значи да е за 4 – пати помала од
тополината на водата. Од овие податоци може да се согледа дека колку е помала
содржината на вода во почвата, толку помала количина на топлина е потребна за нејзино
затоплување. Затоа, при еднаква надворешна температура, сувите почви се обично
потопли а влажните по студени. Одводнувањето може да ја зголеми температурата
од 2оC до 6оC, зависно од степенот на исушувањето и видот на почвата.

Влијание на одводнувањето врз физичките својства на почвата


Физичките својства на почвата зависат во голема мерка од нејзините почвени
честички – колоидите.
Под влијание на одводнувањето колоидните честички ги сврзуваат одделните
почвени честички во агрегати и со тоа помагаат во создавањето на структурни почви.
Под дејство на дренажата и спуштањето на нивото на подземните води,
глинестите честички од горните слоеви се излеваат и спуштаат кон долните слоеви и со
тоа почвата, во активниот слој, станува повеќе порозна и по водопропустлива. Особено
големо влијание на одводнувањето врз порозноста и водопропусноста има кај тешките
глинести почви, во кои се оформуваат пукнатини, кои пак од своја страна го
потпомагаат природното одводнување и проветрување на почвата.
Со создавање на структурна почва и зголемување на порозноста се подобруваат
водно физичките својства на почвата. Структурните почви како водопропустливи, ја
впиваат повеќе атмосферската вода или водата од наводнувањето и ја задржуваат
подолго време. Со одводнувањето се овозможува движењето на земјоделските машини
и олеснува обработувањето на почвата.

Влијание на одводнувањето врз микробиолошките процеси во почвата


Микроорганизмите играат голема улога на процесите на почвата. Тие можат да
живеат и да ја развиваат својата дејност само при присуство на храна, вода, топлина и
кислород. Со снижување на нивото на подземните води, дел од порите во горните
слоеви се ослободуваат од вода и се полнат со воздух, а со тоа се менува карактерот на
микробиолошките процеси. Дејството на аеробните бактерии се зголемува и
анаеробните процеси, присутни при многу повлажните почви, се заменуваат со аеробни.
При тоа, настапува минерализирање на органските материи. Крајниот резултат на тој

39
процес е оформување на соединенија: нитрати, фосфати, и др. кои лесно се користат од
растенијата. Брзината на процесот зависи од интензитетот на одводнувањето. Треба да се
истакне дека при прекумерно исушување на почвата, дејноста на микроорганизмите опаѓа,
а може и потполно да престане.

Влијание на одводнувањето врз приносот на земјоделските култури


Со подобрување на физичките својства на почвата и создавање на подобри услови
за процесите во неа, се зголемува нејзината плодност и се осигуруваат големи и трајни
приноси. Зголемувањето на приносот зависи од степенот на одводнувањето и од
агротехниката. При правилно пресметување, приносот може да се зголеми за два, три и
повеќе пати од неодводнетите заблатени и замочварени почви. Благодарение на
одводнувањето на многу подрачја во Македонија се добија почви на кои претходно
приносот беше минимален или пак воопшто го немаше, а со одводнувањето се добиваат
големи приноси. Таков е случајот со површините кои беа замочварени во Пелагонија,
Струшкото блато и други каде се добиваат рекордни приноси од пченица, шеќерна репа,
овошје и др.

40
5. НОРМА НА ОДВОДНУВАЊЕ

Со регулацијата на нивото на подземната вода и нејзино одржување на одредена


длабочина под површината на теренот може да се обезбеди потребна влага за културите.
Во многу земји е забележано дека опаѓа приносот на земјоделските површини кога ќе се
направи длабока дренажа. Искуството од дренираните полиња покажа длабоката
подземна вода може да се користи за снабдување на некои култури со вода. Кај некои
култури се јавуваат тешкотии при абсорбцијата на доволна количина вода кога ќе се
спушти нивото на подземна вода под критичната длабочина.
Одредувањето на оптимална длабочина на нивото на подземната вода е многу
комплексно, а со тоа и оптималната длабочина за дренажа на земјиштето. Тешкотии се
јавуваат поради потребата за брзо отстранување на вишокот вода од зоната на
кореновиот систем во време на вегетацијата и спречување подигнатото ниво на
подземната вода да дојде до кореновиот систем.
Оптималната длабочина на нивото на подземната вода е специфично за секоја
култура во одредени услови и за неа не е можно да се дадат одредени правила.
Податоците кои се наоѓаат во литературата за оптималната длабочина на нивото на
подземната вода за одделни култури може да послужат како ориентација, бидејќи
хидрогеолошките и метеоролошките услови се променливи за разни локалитети и вршат
влијание на оптималната длабочина на нивото на подземна вода. Постигнувањето
оптимална длабочина на подземната вода во полски улови не е лесно и се јавуваат
тешкоти за нејзиното одржување. Подигнувањето на нивото на подземната вода во
периодите кога културите трошат многу вода, може трајно да ги оштети подлабоките
делови на кореновиот систем, да предизвика појава на растителни болести и да ја отежни
обработката на земјиштето. Во некои случаи може да се добие голем принос при високи
нивоа на подземна вода, но количеството на протеини во вкупниот принос може да биде
мало.
Некојпат снижувањето на подземната вода во пролет е доста брзо, што
предизвикува брзо сушење на површинскиот слој на земјиштето и престанува
понатамошниот развој на кореновиот систем. Растението не е во можност со
задоволителна брзина да го развие коренот и не може да го прати спуштањето на
подземната вода.
Кореновите системи кои се развиле близу до површината на земјиштето може да
страдаат поради недостаток на хранливи материи во земјиштето.
Длабочината на која се поставуваат дреновите и растојанието меѓу нив се главните
параметри кои треба да се одредат кога се проектира подземна дренажна мрежа.
Длабочината на која се поставуваат дреновите зависи од нормата на
одводнување, видот и составот на земјиштето, видот на растението кое се сади и
длабочината на мрзнење.
Норма на одводнување претставува длабочината од површината на теренот
до сниженото ниво на водата (во средина меѓу дреновите), која треба да се одржува
за да се постигне задоволителен водно - воздушен режим за растението во тек на
вегетациониот период (Слика 5.1).
Норма на одводнување е оптималната длабочина (дозволена длабочина) на
спуштање на нивото на подземната вода на одводнуваните површини. При ваква
длабочина на подземната вода се обезбедува нормален развој на културите и создавање
услови за добивање висок принос, т.е. создавање задоволителни услови на водно
воздушен режим на земјиштето во согласност со потребите на одгледуваните култури.
Нормата на одводнување се разликува за разни периоди во тек на годината и зависи од

41
својствата на засадените култури на таа површина, фазата од развојот на културите, од
својствата на одводнуваното земјиште, а исто така зависи и од потребите на приносот.
На определување на оптималната вредност на нормата за одводнување имаат
влијание и други фактори, меѓу кои спаѓа нивото на користената агротехника, климатските
услови и др. Колку е поладна и повлажна климата, влагата од подземната вода се качува
побрзо и на поголема висина по капиларите. Ако земјиштето е позбиено нормата на
одводнување е поголема.
Нормата на одводнување зависи од растојанието помеѓу дреновите и
длабочината на која се тие поставени. Една иста норма на одводнување може да се
добие со изградба на подлабоки дренови, кои се распоредени на поголемо меѓусебно
растојание или со изградба на поплитки дренови, распоредени на помало растојание.

Слика 5.1. Норма на одводнување (hN)

Влажноста на земјиштето е основен фактор кој врши влијание на одредувањето


на оптималната длабочина на нивото на подземната вода. Ако се познаваат оптималните
вредности на влажноста на земјиштето поврзани со длабочината на подземната вода,
може да се определи и оптималната вредност на нормата на одводнување.
Културите, зависно од фазата на раст и развој имаат различни потреби од вода.
Нормата за одводнување не е константна, таа се зголемува паралелно со развојот на
кореновиот систем. Затоа, покрај одредување на просечната средна вегетациона норма на
одводнување, треба за се познаваат и сезонските норми на одводнување. Во многу земји
има прописи за големината на нормите на одводнување кои зависат од природните
својства на земјиштето и од потребите на земјоделското производство.
При одводнувањето треба да се одржува нивото на подземната вода на таква
длабочина, која во ризосферниот слој на земјиштето ќе обезбеди оптимална влажност за
нормален развој на културите и услови за висок принос.
Оптималната вредност на нормата на одводнување за одредена култура можe да
се одреди на огледна парцела врз основа на зависноста меѓу нормата за одводнување и
приносот на културата. На слика 5.2, прикажан е начинот на определување со помош на
дијаграм. Оптимална вредност на нормата на одводнување е таа при која се добива
максимален принос на културата.
Нормата на одводнување одамна го привлекува вниманието на многу
истражувачи. Направените теренски испитувања не довеле до исти резултати.
Препораките кои се даваат во литературата за снижување на нивото на подземните води се
движат меѓу 0,3 – 0,8 м (плитка дренажа) до 1,3 – 1,5 м и повеќе (длабинска дренажа). Во
Англија сметаат дека оптималната длабочина на нивото на подземна вода за овоштија и
индустриски култури е во границите 75 – 90 см, а за треви 50 – 70 см. Во Германија за
ливади се препорачува 50 см, а за ораници 70 – 80 см. Во Холандија се препорачуваат

42
уште помали вредности. Испитувањата направени во Флорида (САД) покажаа дека за
најголем број од културите оптимална длабочина на нивото на подземната вода изнесува
60 – 90 см, за треви 45 см, а за житарици и пченка 100 см.

Слика 5.2 Одредување на оптималната вредност на нормата за одводнување

На оптималната длабочина на нивото на подземната вода, т.е, нормата на


одводнување, има влијание и интензитетот на капиларното снабдување со вода на
активниот слој земјиште.
Во Полска, за прв откос на повеќегодишна трева, се препорачува длабочина од 0,6
– 0,7 м, а за другиот откос 0,3 – 0,5 м.
Черкасов ја препорачува оптималната длабочина на подземната вода (т.е.
оптимална норма на одводнување) према табелата 5.1.
Интервалот на толерантна длабочина на подземната вода за пченица во периодот
на никнење во рана пролет изнесува околу 60 см.
Толерантна длабочина за пченка во месец мај изнесува 50 до 60 см. Во месец јуни
длабочината на нивото на подземна вода не треба да биде помало од 60 см. Во јули
интервалот на длабочината изнесува околу 70 до 100 см.
Нормите на одводнување во јужните потопли предели може да бидат помали, во
пределите со сува клима, како и за:
- култури со плиток коренов систем и голема потрошувачка на вода;
- култури кои бараат мала аерација и температура на земјиштето;
- земјишта со слабо изразени капиларни својства (песочни и сл.).
Према големиот број направени експерименти во разни земји, во поголемиот број
од случаите се смета дека оптималната длабочина на подземната вода изнесува 70 – 100
см, т.е. се препорачува средно длабока дренажа.
Оптимални длабочини на подземна вода во м
Култури Тресетно земјиште Песочно земјиште
Песочно-глинесто
Глинесто земјиште
земјиште
Мешавина на грахо-рица и
овес за сточна храна, коноп, 0,50-0,60 0,40-0,50 0,45-0,60 0,50-0,55
ливадска трева за сено
Трајни ливади-повеќе-
годишни за пасење
0,80-0,90 0,50-0,70 0,70-0,90
Повеќегодишни треви за
производство на сено
0,60-0.70 0,45-0,60 0,55-0,70 0,50-0,65
Житарици – пченица, рж, зоб,
јачмен – кул- тури силажа
0,70-0,90 0,50-0,65 0,60-0,80 0,70-0,75
Компир, репа, морков 0,80-0,90 0,55-0,80 0,70-1,00 0,80-0,90
Култури со длабоки корења
(хмељ, коноп, 0.80-1.00 0,60-0,85 0,80-1,00 0.85-0.95
краставици,лубеници)
Овоштарници и дрва 1,00-1,25 0,80-0,95 0,90-1,20 1,00-1,10
Табела 5.1. Оптимални длабочини на подземна вода (Према Черкасов) – во м
Напомена: За време на сеење оптималната длабочина на водата може да биде за 20% до 30% помала од
дадената вредност во табелата.

43
На засолени земјишта и кога има минерална подземна вода наместо норма на
одводнување меродавна е критичната длабочина на подземната вода. Критичната
длабочина има големо значење кога се проектираат хидромелиоративни системи. Во
сегашно време не постои единствено мислење за тоа што во мелиоративната практика се
вика критична длабочина и како таа се одредува.
Критична длабочина во хидротехничките мелиорации е таа длабочина од
површината на земјиштето под која подземната вода, дури и многу минерализирана, не
предизвикува засолување на ризосферниот слој на земјиштето независно од
временските услови, обраснатоста и квалитетот на обработливата земја.
Критичната длабочина е еднаква на збирот од максималната капиларна висина до каде
се подигнува нивото на подземната вода во височина и дебелината на активниот слој
на земјиштето (слика 5.3), т. е

Hkr = Hk + H a

Слика 5.3. Критична длабочина на подземната вода (норма на одводнување кај засолени земјишта).
Hk – висина на капиларното качување на подземната вода,
Ha – длабочина на ризосферниот слој од земјиштето,
Hkr – критична длабочина на подземната вода (норма на одводнување на засолено земјиште)
Критичната длабочина на подземната вода најмногу зависи од
капиларните својства на земјиштето – од максималната височина на капиларното
качување, кое е одредено од механичките својства на земјиштето. Колку се потешки
земјиштата толку ќе биде повисоко капиларното качување и затоа, при одводнувањето,
нивото на подземната вода мора да биде пониско. Критичната длабочина зависи уште и
од земјишно – климатските услови, степенот на минерализација на подземната вода и
можноста за пренесување на минералите во горните слоеви на земјиштето, типот на
засоленото земјиште, од големината на евапотранспирацијата.
Критичната длабочина на подземната вода кај песочно - глинестите земјишта
зависно од содржината на соли е прикажана на табела 5.2.

Содржина на соли во подземната вода Критична длабочина


(g/l) (м)

до 2 1.0 – 1,5
2 – 10 1.5 – 2,0
10 – 15 2,0 – 2,5
над 15 над 2,5

Табела 5.2. Критична длабочина во песочно – глинесто земјиште при различна содржина на соли во
подземната вода.

44
Длабочината на подземната вода за разни земјишта, при која се случува
засолување, треба да се знае во сите случаи кога се превземаат мелиоративни мерки на
засолени земјишта.
Податоците покажуваат дека критичната длабочина на подземната вода во
пределите со сува клима се движи над 3 м, а понекојпат може да достигне 5 м и повеќе.
Правилното определување на критичната длабочина на подземната вода има влијание
при решавањето на многу практични задачи:
- определување на разни мелиоративни мерки при наводнувањето;
- избор на видот на дренажа (хоризонтална или вертикална) кога се спречува
засолување на земјиштето;
- избор на длабочина на дренажата, а исто така и на норма на одводнување за
спречување на засолување на земјиштето бидејќи треба да се снижи нивото
на подземната вода под границата до каде таа по капиларен пат може да се
качи во ризосферниот слој на земјиштето.
Длабочината на која се поставуваат дреновите кај засолени земјишта и
минерализирана подземна вода зависи од критичната длабочина и се одредува према
формулата (слика 5.4):
d = Hkr + ∆h

Длабочината на дреновите d е многу поголема отколку кај обичната дренажа и се


движи во границите 1,75 – 4,00 м. За ∆h се земаат разни вредности во зависност од видот
на земјиштето (кај полесни земјишта 0,20 – 0,30 м, а кај тешки до 0,40 – 0,50 м).

Слика 5.4. Шема за одредување на критична длабочина (норма на одводнување кога се прави дренажа на
засолено земјиште) – длабочина на која се поставуваат дреновите

45
6. ЕЛЕМЕНТИ НА СИСТЕМОТ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

Системот за одводнување се состои од неколку елементи (слика 6.1).


1. Подрачје за одводнување – тоа преставува вкупната површина која се
одводнува.
2. Заштитна мрежа го штити одводнуваното подрачје од површински и
подземни води од соседните терени и соседните сливни површини, т.е. спречува
доаѓање на површинска, речна, подземна вода како и артеска вода (подземна вода под
притисок). Во оваа мрежа спаѓаат ободни канали и дренови, ободна дренажа, насипи. Таа
се прави по ободот на одводнуваната површина. Каналите ја одведуваат водата непосредно
во реципиентот или во главниот канал (одводната мрежа).
Понекогаш каналите и насипите одводнуваното подрачје го делат на повеќе
делумно или наполно независни системи. Во овој случај таквите канали се нарекуваат
прекинати.
Со одводнувањето се отстрануваат надворешните или внатрешните води. Како
надворешни води се сметаат водите кои на мелиоративното подрачје доаѓаат од страна, а
под внатрешни водите кои се создаваат во него.
Во борбата против надворешните води заштитата на мелиоративното подрачје е
прва мерка, а одводнувањето втора.
3. Собирно – регулациона мрежа го собира и одведува вишокот на вода (подземна
и површинска) директно од полето и од ризосферниот слој на одводнуваното земјиште, го
регулира и одржува во него оптималниот водно – воздушен режим потребен за нормален
развој на културите и за потребите на стопанските корисици на таа територија. Оваа вода
ја пренесува до одводната мрежа. Собирно – регулационата мрежа ја сочинуваат
собирни канали, бразди, отворени и затворени дренови, дренажни цевки, бунари на
вертикалната мрежа и др.
4. Одводната мрежа ги поврзува собирно – регулационата мрежа и заштитната
мрежа со водоприемникот. Служи за одведување на собраната вода во собирно –
регулационата и заштитната мрежа вода во водоприемникот, а исто така може да се
користи за доведување на вода на теренот кој се наводнува за влажнење на
ризосферниот слој на земјиштето во сушните години или периоди. Составена е од
отворени главни канали, одводни канали, цевни водови. Главниот канал (главен одводен
канал) е дел од оваа мрежа и ја носи водата до рецепиентот. Може да биде изграден како
отворен или затворен канал, цевка, тунел, аквадукт.
5. Водоприемник (реципиент) служи за примање на вишокот вода од одводната
мрежа, собрана од одводнетата површина со системот за одводнување. Водо-приемник
може да биде: море, езеро, река, поток, вештачки канал и др. Водата во водоприемникот
се пушта по гравитационен пат или се пумпа.

46
Слика 6.1.Шема на системот за одводнување: (1) – водоприемник (реципиент); (2) – пумпна станица; (3) – главен
канал; (4) – мост; (5) – отворен собирен канал; (6) – цевен пропуст; (7) – одводен канал (канал од прв ред); (8) пат; (9)
– ревизиона шахта; (10) - ободни дренови; (11) затворен колектор; (12) – затворени дренови (собирно –
регулациона мрежа); (13)влез во колекторот; (14) – ободен канал

6. Хидротехничките објекти и уреди ја регулираат работата и обезбедуваат


нормална работа на мрежата и системот за одводнување. Тие се предвидени за
управување со текот на водата и нејзината распределба. Тоа се најчесто устави,
затворачи, преливи, подвижни пумпи, бунари – регулатори, каскади и др. Се регулираат
вододостојот, протокот, распределбата на вода и влажноста на земјиштето.
7. Сообраќајна мрежа и објекти овозможуваат и го подобруваат сообраќајот на
одводнуваните површини. Овозможуваат транспорт и движење на земјоделските
машини и орадија на одводнуваната територија, како и техничките средства и
материјали за ремонт на делови од системот. Најчесто тоа се мостови, премини,
пропусти, патишта и др.
8. Експлоатациона мрежа и уреди се користат за контрола и надзор на работата
на сите делови од системот за одводнување и обезбедуваат нејзина беспрекорна работа.
Тука спаѓаат станбени и стопански згради, кои им служат на вработените, односно за
експлоатацијата на системот. Тука спаѓаат и хидрометриските места, метеоролошките
станици, бунари за надзор на нивото на подземната вода и др.
9. Објекти и уреди за заштита на животната средина се користат за
зачувување на природниот пејсаж, рекреациони и други видови за користење на
земјиштето кои не се поврзани со земјоделието, за збогатување на селскиот пејсаж. Тука
се вклучени и мостови – премини за дивите животни, градење на езера на каналите,
плажи, шумски патеки, споменици на природата и други објекти.
Треба да се предвидат мерки кои максимално ќе ги намалат можностите за
негативно влијание од одводнувањето врз животната средина, како во границите на
системот така и на соседните територии.

47
Мелиоративните мерки не треба да предизвикаат пресушување на земјиштето, не
треба да ја променат земјишната и растителнната прекривка, животинскиот свет,
пејсажот.
Шемата на системот за одводнување може да се прикаже во следниот облик:

Одводнување, превлажна површина



Собирно – регулационен дел на системот

Одводен дел на системот



Водоприемник

Стрелките го покажуваат правецот на движење на водата.


Положбата, големината и конструкцијата на сите елементи, кои го сочинуваат
системот за одводнување, се одредува во согласност со земјиштето, хидролошките и
хидрогеолошките услови. Исто така се земаат во предвид структурата на културите и
нивната просторна застапеност, организационо – стопанските потреби на современото
механизирано земјоделство, како и техничките и економските услови.
Зависно од природните услови, системот за одводнување не мора да ги содржи сите
објекти. Така, кога се одводнуваат некои површини некојпат е доволно да се изгради
само заштитна мрежа и да се регулира рецепиентот.
Системот за одводнување со сите негови елементи се проектира на таков начин
да исполни одредени хидролошки, технички и економски потреби.
Хидролошките потреби на системот за одводнување се следните:
- Навремено одведување на површинската вода во дозволените рокови на
поплавување се одредени од времето за кое културите можат да бидат под вода.
- Снижување на нивото на подземната вода е одредено со нормата на одвод-
нување.
-Обезбедува дополнително влажење на земјиштето.
Техничките потреби на системот за одводнување се состојат во следното:
-Системот треба да има задоволителен капацитет да ги прими одводнетите
количини на вода. Ова зависи од положбата на мрежата за одводнување (во согласност
со рељефот на површината), водопропусноста на дното и страните на каналите и
дреновите. Одводната способност се постигнува со давање на потребниот пад и
потребниот попречен пресек на каналите од мрежата за одводнување.
Системот треба да биде технички сигурен, т.е. треба да го обезбеди процесот на
одводнување во било кое време на годината.
Стопанско – економските потреби на системот на одводнување се сведуваат на
следното:
- Да обезбеди изведување на полските работи (обработка на земјиштето, сеење,
жетва) во подобри агротехнички услови и рокови и несметана работа на земјоделските
машини. Поради ова, површините меѓу каналите треба да бидат правоаголни со
површина не помала од 20 – 30 ха, односно должина од 800 – 1500 м, во краен случај 400
м.
- Системот не треба да зафаќа голема корисна површина.
- Покрај техничката исправност, системот треба да биде и економски прифатлив.

48
7. МЕТОДИ И НАЧИНИ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

Под метод за одводнување се подразбираат мерките кои треба да се превземат за


да се отстрани вишокот на вода од земјиштето, како и да се сочува земјиштето од
превлажнување. Методот за одводнување се избира во зависност од снабдувањето на
земјиштето со вода, т.е. во зависност со причината за превлажнување.
Во пракса овие методи може истовремено да се користат во еден ист систем.
Зависно од начинот на превлажнување на земјиштето, може да се одвојат неколку
методи на одводнување. Овие методи може да бидат основни и дополнителни, а се
прикажани во табела 7.1

Вид снабдување со вода Метод за одводнување


О с н о в ен Дополнителен
АТМОСФЕРСКИ Забрзување на површинското Зголемување на инфилтрационата и
истекување акумулативната способност на
земјиштето.
ПОВРШИНСКИ ОД ПОВИСОКИ Прифаќање на водите од повисоките Намалување на доток на
ТЕРЕНИ терени на граница од системот површинска вода од страна.
ПОПЛАВИ Забрзување на речниот поплавен Растеретување на реките со систем
бран, заштита на територијата од на регулациони мери и
поплава прераспределба на протокот.
ПОДЗЕМНИ Спуштање на нивото на подземната Прифаќање на дотокот на под
вода (забрзување на внатрешното земна вода и нејзино нама лување.
истекување)
АРТЕСКИ (подземна вода под Снижување на пиезометриското Снижување на пиезометриските
притисок) ниво (вода под притисок) и нивото нивоа надвор од границите на
на подземната вода системот за одводнување.
Табела 7.1. Методи за одводнување на земјиштето

Начинот на одводнување претставува систем на конкретни технички и агротехнички


мерки, опрема и конструкции, со чија помош се решава проблемот за одводнување на
превлажениот земјишен профил и во него се создава бараниот водно – воздушен режим.
Се одредува во зависност од методот на одводнување. Хидротехничките средства за
одведување на водата од земјоделските површини се дополнуваат со агротехнички и
агромелиоративни мерки за да се постигне квалитетно одводнување на земјиштето. Во
сегашно време се користат неколку основни начини за одводнување. Тие се дадени во
табела 7.2.
Од табелата 7.1 и 7.2 се гледа дека вишокот вода кој треба да се одводни, може
да се подели во две големи групи: површинска и подземна. Одводнувањето се дели на
површинско, подземно и комбинирано, во зависност од тоа како се одведува вишокот на
вода, независно од тоа дали со системот се одведува површинска или подземна вода.
Површинското одводнување е претставено со отворени канали и понекогаш се
нарекува отворен систем за одводнување, за разлика од подземното одводнување
(затворен систем). Подземното одводнување е претставено со дренови и подземни цевни
водови. Големите одводни канали и ободни канали, во двата случаи можат да бидат
отворени. Наполно подземни системи се доста ретки.
Према начинот на одведување на водата до водоприемникот, системите за
одводнување се делат на гравитациони и пумпни системи. Во гравитационите системи
водата, од одводната и собирно – регулационата мрежа се одведува во водоприемникот
со помош на енергијата на водениот ток. Во водоприемникот нивото на водата секогаш е
пониско од нивото на вода на влезот на главниот канал. Кај пумпните системи водата од
каналот или цевководот со пумпање се префрла во водоприемникот. Нивото на вода во
водоприемникот постојано или подолго време се наоѓа над нивото на водата во влезот
на главниот канал.

49
Во праксата може да се јави и комбинација на овие два системи за одводнување.
Комбинираните системи се користат во случаите кога водата во периодот на високи
нивоа на вода во водопиемникот (за време на поплава) од системот за одводнување се
префрла во рецепиентот со пумпи, а во време на низок водостој се одведува
гравитационо.

Вид снабдување со Методи за одводнување Начин на одводнување


вода
Забрзување на површинското Отворена каналска мрежа (собирна и одводна мрежа),
истекување затворена мрежа, планирање на површината,
агромелиоративни мерки (делимично браздање, орање низ
пад).

АТМОСФЕРСКИ Зголемување на инфилтрационата


Кртична дренажа, агромелиоративни мерки (длабоко
способност на земјиштето орање, длабоко растресување на слојот под слој кој се
обработува, додавање вар во земјиштето, хемиски мерки,
пескарање, мерки за намалување на длабочината на
мрзнење и забрзување на одмрзнување на земјиштето.
Прифаќање на водите кои доаѓаат
ПОВРШИНСКИ од страна Изградба на ободни канали и ободни дренови
ОД ПОВИСОКИ Намалување на дотокот на
ТЕРЕНИ Комплекс на мерки против ерозија на падините
површинска вода од страна
Заштита на подрачјето од поплави Изградба на насипи на бреговите од реките, изградба
на ободни канали
Регулација на водотекот надвор Регулација на реките-водоприемниците
ПОПЛАВИ Изградба на акумулации на реките и нивните притоки,
од границите на системот
префрлање дел од водите во сливовите на други реки.
Собирна каналска мрежа, затворена дренажа, вертикална
Снижување на нивото на дренажа, кртична дренажа, продлабочување на
подземната вода природните дренови (реки), колмирање на
површините.
ПОДЗЕМНИ
Прифаќање на токот на Ободни канали и дренови, хоризонтална дренажа,
подземните води вертикална дренажа

Намалување на подземниот дотек Антифилтрациони (инјекциони) завеси, мерки за


намалување на прихранување на подземните води (борба
против губиток на вода од каналите и др.). Биолошка
дренажа

Намалување на пиезометриските Длабока хоризонтална (отворена и затворена) дренажа,


АРТЕСКИ (ПОДЗЕМНА нивоа вертикална дренажа, растеретни бунари за забрзување
ВОДА ПОД на хоризонталната дренажа.
ПРИТИСОК)
Снижување на пиезометриското
Изградба на бунари за подземна вода, мерки за
ниво надвор од границите на ограничување на снабдувањето со вода на водоносниот
системот хоризонт под притисок.

Табела 7.2. Начини за одводнување на земјиштето

Од досегашната практика и искуство, познати се разни видови на мерки за


одводнување. Примената на едни или други мерки, зависи од природните и теренските
услови на одводнуваното подрачје и од начинот на неговото користење после
одводнувањето.
Основни видови на мерки за одводнување се:
1. Заштита од надворешни речни води се врши со изградба на насипи или
регулирање на речното корито или истовремена примена на двете мерки.
2. Заштита од надворешни површински води (странични) се врши со изградба на
ободни (ивични) канали.
3. Заштита од надворешни подземни води се врши со ободни и крајбрежни
дренажи.

50
4. Забрзување на површинското истекување на внатрешните води со изградба на
густа мрежа од отворени канали и потребни објекти на нив.
5. Снижување на нивото на високите подземни внатрешни води, со мрежа од
отворени или затворени канали – дренажи.
6. Механичко издигање на водата. Се применува во случаи кога е невозможно по
пат на гравитација да ја одведеме водата под подрачјето што го одводнуваме.
Природните услови и причините кои го создаваат прекумерното влажење на
почвата се многу и најразлични: клима, почва, хидрогеолошкиот состав на
одводнуваното подрачје, хидролошкиот режим на реципиентот и др. Затоа, ретки се
случаите коа се применува само една од наведените мерки. Најчесто тие се применуваат
комбинирано. Така на пример при одводнувањето на Скопското Поле и Пелагонија
едновремено се изведувани насипи со регулација на реките, ободни канали и основна
одводна мрежа за внатрешните води.
Во случаите кога се јавува потреба не само од една туку од повеќе одводнителни
мерки, редот на работите за извршување обично е следен: најнапред се регулираат
реките, потоа се изведуваат ободни канали и на крај внатрешната отворена или покриена
каналска мрежа.
Системите за одводнување према карактерот на нивното влијание на водниот
режим на одводнуваното подрачје, покрај тоа што може да се користат само за
одводнување, може да работат и во комбинација со системи за наводнување
(хидромелиративни системи). Хидромелиративните системи во себе вклучуваат не само
елементи на системот за одводнување, туку и елементи на системот за навод нување:
извор на вода, мрежа на канали и цевководи за наводнување, потребните хидротехнички
објекти на нив и др. Објектите за наводнување кај ваквите системи дозволуваат во
летниот период да се одржува оптимална влажност на земјиштето во ризосферниот слој,
која одговара на најдобрите услови за развој на земјоделските култури.

51
8. СОБИРНО - РЕГУЛАЦИОНА МРЕЖА

8.1. ПОДЕЛБА И ОСОБИНИ

Водата од топењето на снегот или пак од пролетните и летни дождови, поради


лоши услови за отекување, се задржува подолго време на површината од земјата. Тоа
условува прекумерно влажење на почвата и при тешки глинести или
песокливоглинести почви останува да лежи на површината, правејќи слој од вода кој
го спречува развојот на растенијата.
Времето за кое растенијата може да издржат под вода, без да при тоа има
влијание на нивниот развиток, е различно. Тоа зависи од видот на растенијата, како и
од фазата на нивниот развиток и се движи во граници од 5 – 36 часа во вегетациониот
период и 10 -15 дена во предвегетациониот период.
Според нормите за одводнување во поранешниот СССР, ливадите можат да
бидат потопени од 6 – 30 дена на пролет и 12 – 36 часа во лето. Житните култури
можат да издржат под вода уште помалку. Зависноста меѓу времето под вода и
приносот од пченица е даден со следната равенка:

Y = 0.01 (10 –T)2 . yo (t/xa)


Каде е:
y –принос по единица потопена површина во t/xa
T – времетраење на потопување на површина во денови
yo – приноси по единица натопена површина во t/xa.
Од равенката се гледа дека при потопување на површините од 10 дена, доаѓа
до полно уништување на приносот.
Задачата на отстранувањето на внатрешните површински води се состои во
создавање на подобри услови на отекување и одводнување на потопеното подрачје од
пролетните или летните поројни дождови или пак од топење на снегот во самото
мелиоративно подрачје.
Собирно – регулационата мрежа може да биде отворена, направена во вид на
канал и привремени бразди и затворена во вид на дренови и затворени порозни
собирни канали – собирачи (слика 8.1).

Слика 8.1. Разни видови на “затворен (покриен) канал”

53
Обично пасиштата, ливадите и шумите се одводнуваат со отворена мрежа во
вид на канали, а обработливите земјишта – ораници се одводнуваат со затворена
мрежа – дренови или се прави привремена мрежа во вид на бразди (слика 8.2), за да не
смета на одвивањето на механизираните земјоделски работи на одводнуваните терени
и за да не се губи корисна површина за каналите.
Привремената мрежа за одведување (слика 8.2) на површинската вода е
отворена, ископана во обработливото земјиште и испланирана. Се прави во те-кот на
една година заедно со земјоделските работи.
Собирно – регулационата мрежа треба да го регулира вишокот на повр-
шинските или подземните води.
Изборот на собирно – регулациониот дел од системот за одводнување се
прави во зависност од природните услови на одводнуваното подрачје, неговото
претпоставено користење, својствата на земјиштето, начинот на превлажну-вање и
усвоениот метод на одводнување.
Кога се прави одводнување со методот на забрзување на површинското
истекување, собирно – регулационата мрежа треба да ја собере површинската вода и да
ја одведе со одводната мрежа надвор од границите на одводнуваната површина. За
времено одведување на атмосферската (површинска) вода директно од одводнуваната
површина, собирно – регулационата мрежа се изведува во вид на собирни канали –
собирачи (слика 8.3) или привремени отворени бразди. Сите канали во кои се собира
вода директно од земјиштето се нарекуваат собирни канали – собирачи, а останатите
одводни канали (слики 8,2 и 8,3).
Мрежата на канали се проектира така да не се дозволи површинската вода да
се движи, како и да се задржи подолго на површината на теренот од определеното
времетраење.

Слика 8.2. Привремена собирно – регулациона мрежа за одводнување на ораници


а) ситуација; b) пресек

54
При одводнување со методот за забрзување на внатрешното истекување,
собирно – регулационата мрежа се проектира на таков начин што ќе предизвика
внатрешно движење на гравитационата вода во превлажнетите зем-јишта. Оваа
задача ја исполнуваат отворените канали и дренови со различен вид.
За да ризосферниот слој на земјиштето се ослободи од вишокот на влага, а
спрема тоа и од недостатокот на воздух, површинската вода треба навреме да се
отстрани и да се спушти нивото на подземната вода до нормата за одводнување.
Површинската вода доаѓа во собирниот канал со истекување по површината на
земјиштето, а подземната вода со движење (филтрација) низ земјиштето (слика 8.4).
Движењето на површинската вода кон каналот зависи од падот и рапавоста на
површината на земјиштето, а исто така од положбата на каналот. Каналите се
поставуваат нормално на падот на теренот, т.е. правецот на движење на површинското
истекување. Времето за одведување на површинската вода се регулира со растојанието
меѓу собирните канали. Влегувањето на подземната вода се случува по целата
должина на каналот или дренот (слика 8.5) и зависи од водопропусливоста на
земјиштето и кривата на депресија на нивото на подземната вода. Кривата на
депресија пак зависи не само од својствата на земјишето туку и од длабочината на
дреновите и растојанието меѓу нив. Димензиите на елементите на собирно –
регулационата мрежа, т.е. на каналите и на дреновите треба да бидат такви да во
правовремено го однесат максималниот вишок вода која може да се појави на
одводнуваната површина.

Слика 8.3. Собирно – регула Слика 8.4. Шема за одводнување на површинска (а) и
циона мрежа за одведување подземна вода во каналите за одводнување (b).
на површинската вода 1. ниво на подземната вода пред одводнување; 2. –
ниво на подземната вода по одводнување; hn – норма
на одводнување; L – растојание меѓу каналите

Густината на регулационата мрежа и нејзината длабочина се определуваат во


зависност од својствата на земјиштето, т.е. брзината и способноста на земјиштето да
се ослободи од вишокот површинска или подземна вода, потоа, од водниот режим,
кој во дадените услови се создава и одржува на одводнувата површина и од
својствата на мрежата во дадените услови.
Функцијата на собирно – регулационата мрежа зависи од својствата на зем-
јиштето, хидролошките услови, од положбата и димензиите на елементите на мрежата.
Положбата и димензиите на елементите од мрежата, нивното растојание и длабочина
треба да се одберат така да го создадат и одржуваат потребниот водно воздушен

55
режим на земјиштето и да не сметаат при работата на механизцијата во одвивање на
земјоделски работи на одводнуваната терито-рија.
И двете мрежи, т.е. отворената и затворената собирно – регулациона мрежа,
имаат иста функција. Подеднакво вршат влијание и на режимот на под-земната и на
режимот на површинската вода. Ако меѓусебно се споредат, двете имаат свои
предности и недостатоци.
Во последно време, со воведување на интензивно земјоделско произ-водство,
затворената собирно – регулациона мрежа со своите предности се по-веќе ја
потиснува отворената мрежа. Отворената собирно – регулациона мрежа беше
карактеристична за екстензивното земјоделско производство. Најзастапен начин за
одводнување беше со отворени канали. При правилен распоред и правилно
определено растојание помеѓу каналите, тие добро ја одведуваат површинската и
подземната вода. Оваа мрежа има голема пропусна способност, споредено со
подземната во услови на ист пад на земјиштето. Мрежата од отворени канали побрзо
ја зафаќа површинската вода и побргу ја одведува. Градењето на отворени канали во
денешно време е наполно механизирано. Овој начин на одводнување не е скап, не се
троши материјал за градба на канали. Сепак, при ваков начин на одводнување,
земјоделските површини се делат на мали делови, кои често добиваат
незадоволителни облици, што ја намалува продуктивноста на земјоделската
механизација, кое пак, од своја страна, го намалува коефициентот на искористеност
на земјиштето. Исто така, каналите претставуваат пречки за движењето на
механизацијата. Отворените канали релативно бргу се рушат, завземаат многу
корисна површина, претставуваат жариште за ширење на коров по околното земјиште,
кое предизвикува значителна штета, а бараат и постојано одржување (косење на
растенијата, отстранување на алгите и др.). Големите годишни трошоци за поправка
на штетите и чистење, го прават одржувањето на оваа мрежа доста скапо.
Поради наброените недостатоци на отворената мрежа, на модерното
интензивно земјоделско производство повеќе му одгова одводнување со затво- рена
дренажа, бидејќи со нејзина употреба нема загуба на обработлива површи- на, не
пречи на движењето на земјоделската механизација, а одржувањето е по- ефтино
отколку кај отворената мрежа. Интензивно и брзо ја одведува подзем- ната вода. Овие
системи се технички посовршени и векот на траење им е подолг.
Затворената мрежа полошо ја одведува површинската вода, посебно на слабо
пропусливите земјишта и бара специјални материјали за градба. Чистење-то на
мрежата е потешко. Инвестиционите трошоци за затворената мрежа се значително
поголеми од инвестиционите трошоци за отворените канали.
Намалување на трошоците за градба на затворената дренажа може да се
поситигне со намалување на цената на дренажните цевки, комплексна употреба на
механизацијата при правењето на дренажа, а исто така со зголемување на рас-
тојанијата меѓу дреновите поради употреба на агротехнички мерки.

56
Слика 8.5. Движење на водата кон дренот и каналот. а) дрен; б) канал; 1 – линија на текот;
2 – линија на еднаков потенцијал.

8.2. ОДВОДНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО СО ОТВОРЕНИ КАНАЛИ

Отекувањето, прифаќањето и одводнувањето на внатрешните површински води


се извршува обично со отворени канали. Отворените канали ја зафаќаат истовремено
и високата подземна вода и заедно со површинската вода ја одведуваат надвор од
одводнуваното подрачје.
Секој систем за одводнување се состои од следните елементи:
1. Површина која треба да се одводнува.
2. Мрежа од канали за одводнување со објекти на неа и
3. Водоприемник – рецепиент.
Мрежата за одводнување е составена од:
1. Главен одводен канал,
2. Одводни канали и
3. Собирни канали и евентуално бразди.
Одводнувањето со отворени канали се извршува на тој начин што на
површината се изведува мрежа од отворени канали во кои водата се доведува преку
бразди или се слива површински по неа.
Каналите во кои водата од површната се слива (се собира) се викаат собирни
канали. Водата во собирните канали се предава на одводните канали, а од нив на
главниот одводен канал кој водата ја одведува во реципиентот. Одводните канали
можат да бидат од I и II ред во зависност од диспозицијата на одводната мрежа. И
одводните канали и главниот одводен канал имаат улога на собирни канали, за
површината која се наоѓа во нивната непосредна близина.

57
0
3,0
10 2
1
,5 0

G .O .
1 02

K.
0 S.K. S.K.
2,0
10 S.K. S.K.

O.K
.I
O.K.II
0
1,5
10

0 ,5 0
1,0 1 00 ,0 0
10 10 0

P.St.

Легенда: СК-собирен канал, ОК-одводен канал, ГОК-главен одводен канал


Слика Шематски приказ на систем за одводнување: 1) одводнувана површина, 2) мрежа на
системот за одводнување, 3) реципиент

Техничките карактеристики за отворените канали се следни: (1) имаат


значително поголема пропусна способност од затворената мрежа при исти падови на
површината; (2) побрзо ги собира површинските внатрешни води и побрзо одведува
во реципиентот и (3) лесни се за изведување и одржување.
Вододоприемник – рецепиент може да бидат: мориња, реки, езера, потоци,
суводолици и сл.
За да може водоприемникот да ги прими одводнуваните води често пати е
потребно да се регулира, што претставува многу важен дел од системот за
одводнување. Без добар водоприемник, одводнувањето не може да ја постигне
својата цел. Така на пример, вливот на ободниот канал и на мрежата за одводнување
на Скопско поле, бара да се изврши регулација на реката Вардар на делницата “Таор”
и возводно. Досега тоа барање за регулација на водоприемникот е делумно извршено.
Отворената собирно – регулациона мрежа се состои од канали кои може да ја
одведуваат и површинската и подземната вода. Вишокот на подземната вода може да
се одведе само со длабоки канали. Нема никаква разлика во функционирањето на оваа
мрежа во однос на затворената ниту пак ќе настанат промени во функционирањето на
отворените канали во однос на одведувањето на подземната вода, доколку истите би
се покриле.
Од техничка гледна точка мрежата за одводнување во целост и секој канал
пооделно треба да ги исполнат следните услови:
- да има стабилен и погоден облик на попречниот пресек за изведба,

58
- падот на дното на каналите треба да бидат таков да се спечи ерозија на
коритото, негово деформирање и таложење на нанос,
- длабочината на каналот мора да ги исполнува нормите за одводнување,
- попречниот пресек на каналот треба да обезбеди навремено одведу-вање на
пресметаниот проток, односно каналите треба да имаат до-волна пропусна
моќ,
- густината на каналите треба да овозможи навремено отстранување на
вишокот вода и да го обезбеди потребниот водно – воздушен режим на
земјиштето.
Исполнувањето на овие услови се постигнува со определен попречен пре-сек,
растојание и длабочина на каналите, положба на мрежата, определена брзина и
проток на вода во каналите.
Интензитетот на одводнувањето и обемот на градежните работи зависат од
растојанието и длабочината на каналите. Растојанието зависи од многу фактори:
целта на одводнување, причини за превлажнетост, климата (врнежи, испарување и
др.), карактеристиките на земјиштето, неговата проводливост, длабочината на
водонепропусниот слој, падот на површината, длабочината на каналите, културите
кои се садат на одводнуваното земјиште, формата на земјоделскиот имот и др. Тешко е
да се земат во предвид сите овие фактори бидејќи растојанието меѓу каналите се
одредува приближно.
Колку е помало растојанието меѓу каналите, побрзо се одведува површин-ската
вода кога другите услови се исти. Растојанието меѓу собирно – регулацио-ните канали
треба да се одреди и во зависност од врнежите, кои остануваат на одводнуваната
површина. Истите не треба да се задржуваат на оваа површина подолго од
предвиденото време, дозволено за разни земјоделски работи (било за одгледување на
култури или за вршење на работи).
Во праксата при проектирањето, за определување на растојанието меѓу
отворените канали може да се користат стекнатите искуства. Растојанието меѓу
отворените собирни канали кои се предвидени за одведување на површинска вода се
следни:

Пад на теренот: <0,0005 0,0005 – 0,002 0,002 – 0,01 >0,01


Растојание м: 60 – 100 80 – 120 100 – 160 140 - 180

Во услови на превлажнување со подземна вода, растојанието меѓу канали-те се


одредува со пресметано снижување на подземната вода до нормата за од-воднување.
Растојанието на овие канали ориентационо може да се направи према табелата
8.1.

Вид на култури Длабочина на каналот Растојание меѓу каналите


(м) (м)
Вештачки ливади 0,7 – 1,2 60 - 120
Пасишта 0,8 – 1,0 50 - 80
Жита 0,75 – 1,0 40 - 70
Насади со зеленчук 0,8 – 1,0 30 - 60
Кртолски растенија 0,8 – 1,0 50 - 60
Конопи 0,8 – 1,0 45 - 70
Табела 8.1. Длабочина и растојание меѓу каналите за одводнување на подземна вода.
На тој начин, каналите кои одведуват подземна вода се подлабоки и погусто
подредени од каналите кои одведуваат само површинска вода.
Кога собирите канали се подлабоки, подлабоки се и одводните канали,
почнувајќи од каналите од најнизок ред па до главниот одводен канал. Во спротивно,

59
во собирните канали ќе се направи застој, а преку нив и при истекувањето на
подземната вода.
Најчеста форма на попречен пресек е трапезниот кој е и најпрактичен за
изведување, а за големите канали, посебно кај нестабилните земјишта, најдобар е
параболичниот (слика 8.6).

Слика 8.6. Попречни пресеци на собирно – регулационите канали. а) – триаголен пресек; b) – трапезен
пресек; c) – параболичен пресек

Земјиште m
Глина, тешка иловача 0,75 – 1,0
Средна иловача 1,0 – 1,50
Лесна иловача, песочна иловача 1,25 – 1,50
Среднозрнест песок 1,25 – 1,50

Табела 8.2. Големина на наклонот–m–на собирните канали за одводнување во разни земјишта.

Каналите со трапезна форма се карактеризираат со следните големини:


ширина на дното а, горна ширина b, длабочина h, наклон на косината 1: м, бер-ма. Со
ископаниот материјал, кога се копаат каналите, се пополнуваат вдлаб-натините на
теренот или се депонира во насипи крај каналите. При чистење на каналите се исфрла
исталожената мил, која обично е многу плодна и доколку не е засолена се разнесува
низ теренот. Доколку милта е засолена, се остава покрај каналите одреден временски
период за да се испере, а покасно се разнесува и планира.

60
За да се постигне стабилност на попречниот пресек кај каналите со трапезен
попречен пресек, наклонот на косините се препорачува да се изведе према
вредностите дадени во табела 8.2.
Каналите со параболичен попречен пресек се карактеризираат со две
големини: горна ширина b и длабочина h.

Слика 8.7. Најчест облик на попречен пресек на собирен канал.

Како може да се согледа од табела 8.1, растојанијата помеѓу каналите за


снижување на подземната вода, посебно за полски култури и зеленчук се многу мали,
што многу ја отежнува работата на земјоделските машини. Исто така, отворените
канали може да замрзнат во тек на зимата. Нивното одмрзнување на пролет е многу
бавно, поради кое што и снижување на нивото на подземна вода задоцнува. Од овие
причини за одводнување на ораниците не се препорачува отворена каналска мрежа
за снижување на подземната вода, туку подземна дренжа. Ваквите канали може да
се прифатат за одводнување на ливади и пасишта, а исто така при предходно
одвонување на големи мочуришта.
Собирните канали се градат паралелно еден на друг (во колку постои таква
можност). Тие се поставуваат нормално на токот на подземната или површинската
вода под остар агол према изохипсите, ако падот на теренот е мал. Ако собирниот
канал би го направиле нормално на изохипсите, тој нема да ја прифати водата, таа ќе
истекува покрај него. Обратно, каналите кои се изведени паралелно со изохипсите ја
собираат сета вода. Каналот кој е паралелен со изхипсата има многу мал пад и водата
во него тече само со мала брзина. Се препорачува при одведување на атмосферска и
подземна вода, минималниот подолжен пад на дното на отворениот канал да изнесува
0,5%, со цел да се спечи таложењето на нанос. Должините на каналите зависат од
димензиите на парцелата со исти падови и вообичаено се движат од 1000 м до 1200 м.
Собирните канали се влеваат во одводни канали под агол од 600 – 900 (почесто под
прав агол). Длабочината на каналот изнесува 0,7 – 1,2 м. Имаат трапезен попречен
пресек со ширина на дното од 0,4 – 0,5м со наклон на косината према табелата 8.2
(слика 8.7).
Ако хидротехничките мерки се прават заедно со агромелиоративните мерки,
тогаш може да се усвои поголемо растојание меѓу каналите.

РАСТОЈАНИЕ МЕЃУ СОБИРНИ КАНАЛИ

Растојанието меѓу собирните канали треба да се определува внимателно,


бидејќи од него зависи степенот на исушувањето на земјиштето. Многу густа мрежа
на собирни канали може да го пресуши земјиштето, да доведе до загуба на поголема

61
плодна површна, поголеми трошоци за изградба и експлоатација, а се отежнува и
транспортот и обработката на земјиштето.
Собирните канали треба да ја одведуваат водата од површината на земјиштето
во одреден рок 5 – 36 часа, односно 5 – 15 дена, што зависи од: (1) физиолошките
особини на засадените култури; (2) нивниот развиток; (3) начинот на одгледување; (4)
температурата на водата и воздухот и др. Времето за одводнување на растенијата го
дефинираат агрономите.
Во литературата се среќаваат повеќе методи и начини за определување на
растојанието меѓу собирните канали:
Акад. А.Н. Костјаков ја дал следата формула:

78
D= σ ⋅ A ⋅ T 2 J ( m)
γ
Каде е:
А – интензитет на меродавниот дожд (mm/sec)
Т – време за кое растенијата можат да бидат потопени изразено во часови
γ – коефициент на рапавина на површината по која се движи водата. Според Базен
изнесува:
- за ораници γ = 2 – 4,5
- за ливади γ = 8
- за површини поголеми препреки (дрва и др) γ = 8 – 15

σ – коефициент на отекување, зависи од пропустливоста на земјата, падот и


конфигурацијата на теренот. Се движи во границите од 0,30 – 0,95 и тоа:
- за водопропстливи и рамни ораници σ = 0,3 – 0,7
- за среднопропустливи со мал пад σ = 0,4-0,5
- за слабопропустливи со среден пад σ = 0,5 – 0,65
J – пад на теренот.

На пример: за γ = 6,0; σ = 0,5; А =30 mm/sec, Ј = 0,001 и Т = 6 часа

78
D= ⋅ 0,5 ⋅ 30 ⋅ 62 0,001 = 221m
6

Растојанието меѓу одводните канали за површински води, обично се движи од


150 – 400 м. Ако со пресметување се добие поголемо растојание од 400 м, потребно е
да се усвои растојание од Dmax 400 m.

Систем на отворени канали за истовремено одводнување на површинските и


подземните води

Системот од отворени канали за истовремено одводнување на површин-ските


и подземните води е сличен на системот за одводнување на внатрешните површински
води. Собирните канали, во овој случај, ја прифаќаат и површинската и подземната
вода и ја предаваат на одводните канали, а понатаму во главниот одводен канал и
рецепиентот. Собирните канали се викаат и дренажни канали, а се поставуваат
паралелно или под остар агол спрема изохипсите и хидроизохипсите.
Растојанието меѓу собирните канали за подземни води зависи од хидро-
геолошките услови, физичките особини на земјиштето и нормата на одводнување.
Вообичаено се движи од 30 – 120 м.

62
F
B
A C
E

Слика Депресиона крива на подземната вода

На слика е претставена линијата АВС, која претставува депресиона крива


линија на нивото на подземната вода. Точките А и С лежат над нивото на водата во
каналите за висина “а” која зависи од водопропусливоста на земјиштето и се движи
од 4 – 12 см. Висината ВЕ (t) изнесува:

D
t= tgα
2
Каде е:
D – растојание меѓу каналите
tgα – коефициент кој се добива со испитување на земјиштето.

ВО зависност од видот на земјиштеот, tgα ги има следните вредности:


0,003 – 0,006 за крупнозрнеста песоклива земја
0,006 – 0,020 за глинестопесоклива земја
0,020 – 0,050 за песоклива глинеста земја
0,050 – 0,100 за глинеста земја
0,10 - - 0,12 за тресетишта

Висината BF (Z) е норма на одводнување. Под норма на одводнување се


подразбира висина на снижување на нивото на подземната вода под површината на
теренот. Зависи од видот на растенијата и фазата на нивниот развиток и се движи од
0,5 – 0,6 м за ливади, 0,5 – 0,8 м за зрнести растенија, тутун и др, 0,8 – 1,0 м за
компирести растенија, овошја и сл.
Врската меѓу растојанието на каналите “D” , нормата на одводнување “Z” и
вкупната длабочина Н е дадена со формулата:

D
H =h+a+ tgα + Z + hsl (m)
2
Каде е:
hsl-слегнување на земјиштето после одводнувањето (од 5cm до 15cm)
Нормата на одводнување, од горната равенка, изнесува:

Z = H – D/2tgα – h – hsl (m)

А растојанието меѓу каналите:

D = 2( H − h − a − hsl − Z ) / tgα

Потребната норма за одводнување може да се добие со зголемување


длабочината “Н” или со намалување на растојанието “D”.

63
Изборот за тоа зависи од повеќе услови. Колку е каналот подлабок толку е
поширок при врвот, а ископот поголем. Затоа пак бројот на каналите на 1 ха е помал,
помала е загубената површина и полесна е работата на земјоделските машини.
Трошоците за земјаните работи ќе бидат помали ако е Н помало, при иста количина
на работи. При поголема длабочина на каналите имаме нерамномерно сушење на
земјиштето меѓу каналите.
За земјоделството многу е важна брзината на снижување на нивото на
подземната вода. На пролет, колку побргу се постигне нормата на одводнување, толку
побрзо може да се почне со сеидбата. За разните видови на растенија потребно е
различна брзина на одводнување. На пример, за овесот кој може да се сее и порано
при релативно ниски температури на земјата, потребно е што побрзо да се одведе
водата од земјиштето, а за компирот кој се сее при повисоки температури на
земјиштето и покасно, одведувањето на подземните води не мора да биде така брзо.
Водата се одведува толку побрзо колку е помало растојанието меѓу каналите
Длабочината на собирните канали за одведување на површинските и подземните води
обично се движи од 0,8 до 1,5 м, почесто од 0,9 – 1,2 м.
Растојанието “D” и длабочината “Н” се дадени во табела:

Табела Вреднсоти на растојание меѓу каналите и длабочина на каналите кај канали за


одведување на подземни води
Вид растение длабочина на каналите растојание меѓу каналите D

Вештачки ливади 0,7 – 1.2 м 60 -120 м


Житни растенија 0,70 – 1,0 м 40- 70 м
Градинарски растенија 0,80 – 1,0 м 30 -60 м
Останати растенија 0,80 – 1,0 м 50 -60 м

Помалите вредности за D се однесуваат на северните краишта каде се


одгледуваат ливади и жита и на тресетишта а поголемите вредности се однесу-ваат на
јужните подрачја.
Собирните канали за одводнување на површинските и подземните води во
однос на каналите кои служат само за површински води се подлабоки и погусто
поставени. Исто така и останатата одводна мрежа е подлабоко поставена од одводна
мрежа само за површините води. Од објектите кои доаѓаат на одводната мрежа која
служи за снижување на нивото на подземната вода, нарочно се потребни устави –
регулатори. Кога овие устави се затвораат делумно или потполно, се намалува или
наполно престанува одведувањето на подземните води и на тој начин се подигнува
нивото на подземната вода за време на сушниот период.

Добри и лоши страни на одводнувањето со отворени канали

Добрите страни на одводнувањето со отворени канали се:


1. Отворените канали ја одведуваат водата од површината на теренот, додека со
подземната дренажа тоа тешко може да се постигне.
2. Каналите можат да функционираат и при многу мали падови почнувајќи од 0,0003,
додека за подземната дренажа падот не смее да е помал од 0,002.
3. Мрежата на отворените канали е многу поевтина од подземната дренажа.
4. Одржувањето на отворените канали е едноставно и релативно евтино, во споредба
со мрежата од затворени канали (подземна дренажа).
5. За исто растојание и еднаква длабочина на каналите, аерацијата на земјиштето е
подобра при примена на канали отколку при примена на дренажа.

64
Лоши страни се:
1. Се губи голема површина од плодната земја и тоа од 5 – 20%, зависно од
растојанието помеѓу каналите.
2. Отежнато е движењето на земјоделските машини и се намалува продуктивноста во
работата.
3. Неискористените површини на каналите служат како расадници на коров.
4. Каналите се затревуваат, затрупуваат и деформираат. Одржувањето и поправките
бараат значителни трошоци.
5. Поради замрзнување на водата во каналите преку зима, системот може да не
функционира. Во пролет снегот се задржува подолго во каналите од колку во полето.
6. Се развиваат разни инсекти, штетни за луѓето и растенијата.
Ако се земе во предвид изнесеното за добрите и лошите страни на отворените
канали може да се заклучи дека тие се погодни само за борба против површинските
води и при големо растојание на каналите. Густата мрежа на отворени канали за
снижување нивото на подземните води претставува голема пречка за механизираната
обработка на земјиштето и мора да се замени со мрежа на дренови односно со
затворена одводна мрежа. Најповолно решение преставува кога растојанието помеѓу
собирните канали се определува за одведување на површинските води, а за
снижување на нивото на подземната вода и нејзино одведување се предвиди
дренажен систем.

8.3. ОДВОДНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО СО ПОДЗЕМНА ДРЕНАЖА

8.3.1. ПОДЕЛБА
Подземна дренажа е затворена регулациона мрежа составена од цевки –
дренови кои се поставени во земјиштето на одредена длабочина. Затворената
регулациона мрежа се користи за регулирање на водно – воздушниот режим на лесни,
тешки и тресетни земјишта, во прв ред во рамници. Водниот режим се регулира
главно со промена на положбата на нивото на подземната вода во согласност со
развојот на растенијата. Оваа функција ја вршат затворените дренови или едноставно
дренажа.
Затворената дренажа може да се класифицира према разни критериуми.
Затворената дренажа може да биде од керамички, пластични, бетонски и други цевки.
Исто така, празнините може да се исполнат со камења, гранки и друг материјал, кој
има порозна добро пропустлива структура. Може да биде и кртична дренажа – (без
вградување на материјал). Во однос на површината на теренот затворената мрежа се
дели на хоризонтална (слика 8.8 – а), вертикална (Слика 8.8 – b) и комбинирана (слика
8.8 – c).

65
Слика 8.8. Видови на дренажа: а) хоризонтална, б)вертикална, с) комбинирана вертикална и
хоризонтална

Кај хоризонталната мрежа дреновите се поставуваат приближно паралелно со


површината на теренот. Во вертикалната дренажа елементите за регулација се
поставуваат под прав агол на површината на теренот. Комбинираната дренажа се
состои од хоризонтални и вертикални дренови.
Зависно од положбата на мрежата во однос на водонепопусната подлога
дренажата се дели на:
- совршена (хоризонтална или вертикална) дренажа, која доаѓа до водо-
непропусната подлога (слика 8.9-а);
- несовршена (хоризонтална или вертикална) дренажа, која не доаѓа до
водонепропусната подлога (слика 8,9-b).
Зависно од педолошките, хидрогеолошките и условите на релјефот дре-нажната
мрежа може да биде: системска, разредена во комбинација со кртична и делумна.
Системската дренажа е почеста мрежа. Таа се состои од повеќе дренажни
линии кои најчесто се поставени на исто растојание една од друга (системски).
Вообичаено таа се користи на добро пропусни земјишта и терени, со рамен рељеф и
приближно исти педолошки и хидрогеолошки услови.

66
Слика 8.9. Шема на дреновите (а) – совршен дрен; (б) – несовршен дрен

Зависно од длабочината на која се поставени дреновите, дренажата се дели на:


- плитка, ако дреновите се наоѓаат на длабочина од 0,8 – 1,0 м;
- средно длабока, ако дреновите се наоѓаат на длабочина од 1,0 – 1,3м;
- длабока, ако дреновите се наоѓаат на длабочина поголема од 1,3 м.
При појава на високи подземни води во земјиштето, тие треба да се спуштат
на потребната длабочина за да можат корените на растенијата нормално да се
развиваат. Спуштањето на нивото на подземната вода и нејзино одведување може
ефикасно да се изврши со подземна дренажа. Тоа значи дека со подземната дренажа
треба да се одведат подземните води и да се спушти нивото на подземната вода на
потребна длабочина.
Дреновите кои ја прифаќаат подземната вода се викаат сисални дренови. Овие
дренови ја предаваат водата на поголеми дренови кои се викаат колектори, а овие ја
предаваат водата во уште поголеми дренови – колектори или во отворени канали, кои
понатаму ја предаваат водата во главниот одводен канал и во рецепиентот.
Сисалните дренови и колекторите, заедно со објектите на нив, ја сочинуваат
дренажната мрежа, а заедно со отворените канали одводната мрежа на системот за
одводнување.

Glaven odvoden kanal

Sisalni drenovi Kolektor


Otvoren odvoden
kanal

Слика Систем на подземни дренажи

67
h1
h2

Sisalen dren

Kolektor

Слика Висинска поставеност на сисалните дренови

Колекторите се поставуваат во правец на најголемиот пад, нормално на


хидроизохипсите односно изохипсите на теренот.
Спојувањето на сисалните дренови со колекторот станува на тој начин што
сисалниот дрен се поставува од горе на цевката од колекторот. На двете цевки се
прават отвори и водата од сисалниот дрен паѓа во колекторот. Слободниот крај на
дренот се затвара, а аголот на составот на дренот и колекторот изнесува 90о.

Dren

Kolektor

Слика Поставување на дрен врз колектор

Растојание и длабочина на сисалните дренови

Длабочината “Н” на сисалните дренови и растојанието “D” меѓу нив зависи


од: (1) нормата на одводнување “Z”; (2) физичките својства на земјиштето и (3)
хидрогеолошките услови.

Z
H

a t
a a

D/2 D/2

Слика Определување на растојание помеѓу дренови –метод на Сен Венан стави НПВ
Нивото на подземната вода меѓу дреновите не е хоризонтална површина туку
има облик на сложена депресиона крива површина.
Оваа крива, покрај самиот дрен се наоѓа над нивото на водата во дренот за
височина а (4 – 15 см). На средината помеѓу деновите, кривата има висина t која
изнесува t = D/2·tgα каде што tgα ја има истата вредност како за отворените канали.

68
Длабочината на дреновите изнесува H = Z +D/2.tgα + a+hсл (m). Според тоа
длабочината на дреновите и растојанието меѓу нив е изразена на ист начин како
длабочината и растојанието на отворените собирни канали за снижување и
одведување на подземните води. За дренажите треба да се има во предвид следното:
1. Дреновите се поставуваат на длабочина: обично над 1 м бидејќи при помала
длабочина може во цевките да влегуваат корени на растенијата и да ги
запушат дреновите;
2. Дреновите мораат да се наоѓаат под длабочината на замрзнување, бидејќи
цевките можат од мразот да испукаат;
3. При плитки тресетишта дреновите подобро е да се поставуваат на здравица,
бидејќи на неа не се јавуваат слегања. При длабоки тресетишта дреновите се
поставуваат во слој од тресет но при тоа треба да се има во предвид идното
слегање на тресетот кое ќе се јави поради сушењето.
Растојанието меѓу дреновите може да се определи по наведената формула и се
движи од 8 – 30 м. Меѓутоа, во литературата се сеќаваат повеќе формули и методи за
определување на растојанието “D” .

Ho
H
h

Vodonepr opusen sl oj
Слика Определување на растојание помеѓу дренови –метод на Аверијанов стави НПВ

Така на пример Аверјанов ја дал следната формула:

2k ⋅ T ⋅ H ⋅ ( H o2 - h 2 )
D= (м)
δ ⋅ ( H o2 - H 2 )
Каде е:
k – коефициент на филтрација во м/сек (м/24h)
T – времетраење на спуштањето на водата во сек (денови)
h – височина на водата во дренажата над водонепропустливиот слој во м
H – височината на спуштањето на ниво на подземната вода во м над
водонепропустливиот слој.
Ho – височина на нивото на подземната вода над водонепропустливиот слој во
м
σ – одземен вишок на вода – бездимензионална величина - коефициент на
вододавање.
Коефициентот на филтрација k изнесува за:
Глинеста почва 0,03 – 0,10 m/24h

69
Песокливо глинеста почва 0,10 – 3,00 “
Тресет – слабо распадат 1,0 – 4,50 “
- средно распаднат 0,15 – 1,00 “
- многу распаднат 0,01 – 0,15 “

Коефициентот на вододавање “σ‘ изнесува за:


Песоклива почва 15 -25% од запремината на почвата
Глинесто песоклива почва 10 – 15% “
Песокливо – глинеста 7 – 10% “
Глинеста 4 – 7% “
Тресет во низина 3 – 10% “
Тресет - висински 3 – 8% “

Проф. Копецки и проф. Герхард – растојанието меѓу дренажите го определиле


зависно од содржината на честичките помали од 0,01 mm (d < 0,01 mm) и го дале
табеларно. На пример, при длабочина на дренажата од 1.30 м, растојанието меѓу
дренажите изнесува:

Вид на почва содржина на по Копецки по Герхард


d < 0,01 mm D(m) D(m)
тешки глинести 70% 8–9 0
песокливо глинеста 70 – 55 9 – 10 10 – 12
песокливо глинеста 55 – 40 10 – 12 12 - 14
песокливо глинеста 40 – 30 12 – 14 14 – 16
глинесто песоклива 30 – 20 14 – 16 16 – 20
глинесто песоклива 20 – 10 16 – 18 20 – 24
глинесто песоклива 10 18 -20 24 - 30

8.3.1. ХОРИЗОНТАЛНА ЦЕВНА ДРЕНАЖА

Во зависност од падот на теренот, односно правецот на водата која се


одведува, дреновите може да се изведат на еден од следниве начини:
- Дренажа по должина (слика 8.10-а) – дреновите се поставуваат во правец на
најголемиот пад, нормално на изохипсите и приближно паралелно со токот на водата.
Ваков начин за поставување дренови се употребува при пад на теренот до 5%о.
Должината на дреновите во овој случај изнесува од 80 до 150 м. При овој начин се
користи максималниот пад на теренот, работите за осигурување при изведбата на
дренажата се минимални, а истекувањето на под- земната вода за време изведувањето
е добро. Негативни особини се: влијанието на дренажата опфаќа мала ширина и затоа
е потребно помало растојание меѓу дреновите, должината на дреновите е мала.
- Попречна дренажа (слика 8.10 b) се поставува приближно во правец на
најмалиот пад, односно нормално на правецот на најголем пад, под мал агол према
изохипсите. Бидејќи го сече токот на подземната вода, попречната дрена-жа секојпат е
поефикасна од дренажата по должина. Се користи кога падот на теренот е над 10%о.
Должината на дреновите изнесва од 200 до 250 м. Позитивни особини при овој начин
на поставување дренови се: дреновите се поставуваат нормално на подземниот
филтрацион ток, што овозможува голем ефект од одводнувањето, растојанието меѓу
дреновите е максимално. Дренажните колектори или канали во кој се влеваат
дреновите се поставуваат по најголемиот пад и нема опасност од таложење на мил и

70
нанос. Негативни особини се: ископот за време на градбата на дренажата треба да се
осигура, бидејќи филтрациониот ток е попречен на правецот на дреновите, отежнато е
истекувањето на подземната вода за време на изградбата.

Слика 8.10. Положба на регулационата мрежа (ситуација): а) по должина; b) попречна;


с) коса

Коса дренажа (слика 8.10 с) се поставува косо према изохипсите. Се упо-


требува при пад на теренот од 5 – 10%о. Должината на дреновите се движи во
границите од 150 до 200 м.
Ако во земјиштето се изградат неколку дренови на некое растојание еден од
друг (слика 8,11), тогаш во нив ќе доаѓа подземна вода. Нивото на подземната вода ќе
се снижува и ќе се формира депресиона крива (депресиона површина).
Отворите низ кои доаѓа водата во шуплините на дреновите, се нареку-ваат
водоприемни отвори, а вкупната површина на овие отвори на 1 м должина од цевката
– водоприемна способност.
Сите современи дренажни цевки (керамички или пластични) имаат водо-
пропусни зидови и ја примаат подземната вода само на местата каде се поврзу-ваат
(керамичките цевки) или низ перфорационите отвори (пластичните цевки) (слика
8,12). Отворите на споевите меѓу соседните керамички цевки се прават при нивното
вградување, а перфорационите отвори на пластичните цевки се прават во фабрика во
тек на нивното производство.
На приодите кај отворите подземниот ток трпи деформација. Се јавуваат
дополнителни филтрациони отпори во однос на идеален дрен (совршен “идеален” дрен
има цилиндрична форма, кој подземната вода ја прима со сета своја површина), кои
предизвикуваат згуснување на линиите на токот, ја зголемуваат брзината на
филтрација и го зголемуваат градиентот на притисокот.

71
Слика 8.11. Депресиони криви на нивото на подземна вода. а) – при длабока ретка дренажа; б) при
плитка и густа дренажа; 1 – дренови; 2 – депресиона крива (површина)

Површината на водоприемните отвори се движи околу 12 – 20 цм2/м.


Отворите во пластичните цевки (слика 8.15) може да се разместат во повеќе редови со
различно растојание помеѓу отворите. За да се обезбеди потребното одведување на
вода од земјиштето, површината на перфорациите не смее да е помала од 4 – 10
цм2/м.
За да се спречи внесување на мил заедно со водата во дреновите и за да се
спречи нивното заполнување со кал, водопропусните отвори се заштитуваат со
филтерски материјал, кој потоа се препокриваат со слој на хумус со дебелина од 20
цм.

Слика 8.12. Влез на водата низ споевите на цевките

Затворена дренажа главно се предвидува за одведување на подземна вода при


што таа доаѓа по целиот обем на цевките, т.е. од страните и од горе. Дотекот на
подземната вода кон дренот зависи од падот на депресионата крива и водопропусноста
на земјиштето, кое се наоѓа над и под дренот. До дреновите доаѓа и површинска вода,
главно низ дренажната покривка. Затоа дренажната исполна (покривка) треба да има
добра водопропусност. Растреситото земјиште обично има голема водопропусност, но
со текот на времето таа се намалува. Кај земјишта со мала водопропусност, за да се
зголеми водопропусност на дренажната исполна и за да се обезбеди хидраулична
врска на попропусниот ораничен слој со дренот, се прави вопропусна исполна од
хумусен слој, тресет, песок и други материјали, што овозможува да се заштитат
цевките од полнење со мил. Покрај тоа се користат и хемиски средства кои ја
зголемуваат пропусноста на дренажната покривка од иловача и глина (вар и др.).

72
Слика 8. 13. Шема на дотекување на подземната вода кон дреновите (дрен од керамички цевки). а)
– со отвор на спојот помеѓу двете цевки и без филтер; b) со отвор на спојот помеѓу двете цевки и
со филтер. 1 – дренажни цевки; 2 – отвори на спојот; 3 – филтер; 4. линии на еднаков потенцијал; 5
линии на токот.

На слика 8.13-а се гледа дека линиите со еднаков потенцијал се концен-трират


околу водоприемниот отвор, а линиите на токот се многу згуснати. Сте-пенот на
несовршеност на цевката предизвикува дополителни отпори кои се создаваат поради
стеснување на пресекот при дотокот на водата кон водоприемните отвори. Ако околу
цевката се наоѓа филтерски материјал, распределбата на потенцијалите и линиите на
токот во областа на филтрирањето значително се менува (слика 8.13- b). Од сликата
се гледа дека линиите со еднаков потенцијал се делат скоро рамномерно во областа на
филтрација, а линиите на токот се насочени нормално на површината на цевката. Кога
ќе дојде до филтерот, подземната вода го менува правецот, а добро водопропусниот
материјал дава значително помал отпор на движењето на водата, и таа доаѓа во
шуплината на цевката. Со ова се зголемува водоприемната способност на цевките.
Значи, зголемување на работната способност на затворената мрежа може да се
постигне со употреба на заштитен филтерски материјал, кој има водопропусност
неколку пати поголема од водопропусноста на земјиштето кое ја обвива цевката. Затоа
е потребно е да се конструираат цевки со мали отпори на влегување на водата. Ова се
постигнува со употреба на пластични цевки и сместување на водоприемните отвори
во вдлабнатините на ребрестите пластични цевки.
За одведување на водата која доаѓа во дреновите, истите се изведуваат со
потребен надолжен пад и димензии на попречниот пресек. За да се намали нивната
рапавост, цевките се изработуваат со глатки ѕидови.
Во земјите со развиена подземна дренажа има тенденција да се зголеми
дијаметарот на дреновите со намера да се подобрат условите на експлоатација на
хидромелиоративните системи. Испитувањата покажале дека со зголемување на
дијаметарот на дреновите значително расте хидролошката активност на дренажата.
Ако се зголеми дијаметарот на дренажата од 50мм на 75 мм, зголемувањето на

73
истекувањето при тешките слабопропусни земјишта се движи во опсегот од 10 до
30%. Зголемувањето на дијаметарот на дреновите од 50мм на 100 мм, за иловача го
зголемило истекувањето во просек за 73%, при значително намалување на траењето
на високите нивоа на подземните води.
Со зголемување на дијаметарот на дреновите значајно се зголемува
интензитетот на одводнување бидејќи се зголемува контактната површина меѓу
ѕидовите на дренажната цевка и земјиштето, а се намалува филтрациониот градиент
во близина на дренот. Со зголемување на дијаметарот на дреновите се зголемува
површината на водоприемните отвори, што го олеснува токот на водата во шуплината
на дренажната цевка.
Докажано е дека со зголемување на дијаметарот на дренот кривата на
депресија на нивото на подземната вода над ниво на дренот се снижува многу побрзо
бидејќи се намалува филтрациониот отпор во близина на дренот.
Овие податоци јасно го докажуваат значителното влијание на дијаметарот на
дренот врз интензитетот на дренирањето. Ова треба да се земе во предвид при
пресметките на дренажата. Сепак, како е познато, во многу теориски формули за
пресметување на растојанието помеѓу дреновите не се содржат параметри со кои се
вклучува влијанието од дијаметарот на дренот.
Затоа, со цел да се зголеми интензитетот за одводнување на земјиштето ќе
биде од корист да се зголеми дијаметарот. Ова е корисно и од следните при-чини:
- Земајќи ја во предвид големата водопропусна способност на дреновите со
голем дијаметар, во погодни услови на релјефот, тие може да се проектираат подолги,
отколку што е тоа случај кај дреновите со дијаметар од 50 мм, кои до сега најчесто се
користеле. Ова придонесува за соодветно намалување на должината на дренажните
колектори. Како последица на ова може да се намали волуменот на земјаните работи
и чинењето на дренажните цевки, односно вкупната цена на дренажните работи;
- Кога се користат дренови со голем дијаметар има можност за намалу-вање на
нивниот минимален подолжен пад. Ова намалување има голема прак-тична вредност
на терените со рамна површина, кога е потребно на дреновите да има се даде
вештачки подолжен пад. Со зголемувањето на дијаметарот и намалување на падот се
обезбедува поравномерна длабочина на дреновите и колекторите, а со тоа и
поравномерен интензитет на одводнување на земјиштето. Намалувањето на
големината на падот во услови на рамен релјеф, доведува до намалување на
експлоатационите трошоци;
- Употребата на подолги дренови со поголем дијаметар е подобро за
изведување на дренажните работи. Зголемувањето на дијаметарот на дреновите
обезбедува поквалитетна изградба на дренажата во случај кога дреновите се
поставуваат механизирано. При механичкото поставување на дреновите се случуваат
разни оштетувања, а ако дијаметарот е голем ова не би предизвикало значително
намалување на пресекот на дренажниот цевковод. Ова од своја страна има помало
влијание на водопропуната способност на дреновите, а исто така и на условите за
експлоатација;
- Со зголемување на дијаметарот се зголемува и цената за изградба на дре-
нажата. Меѓутоа, тоа не значи дека вкупните трошоци за системот се поголеми.
Зголемувањето на дијаметарот на дреновите може да се компензира заради
намалување на трошоците за сметка на скратување на вкупната должина на
затворените дренажни колектори, одводната и отворената мрежа на единица
одводнувана површина.
- При проценување на економичноста од зголемување на дијаметарот на
дреновите потребно е да се земат во предвид и горе спомнатите причини за подобрување

74
на условите за експлоатација на одводнуваната површина. Покрај тоа, зголемувањето
на дијаметарот дава дополнителни добивки на сметка на зголемување на
интензитетот на одводнување на превлажените земјишта.
- Од с# погоре речено произлегува дека зголемувањето на дијаметарот на
дреновите не претставува само техничка туку и економски корисна мерка. Затоа во
литературата може да се најдат препораки за масовна употреба на дренови за
одводнување со дијаметар од 75 мм – 80 мм, па и поголеми. Во потешки хидролошки
и хидрогеолошки услови се препорачува употреба на дренови со дијаметар од 100 мм.
- Во последните години, со брзиот развој на хемиската индустрија, с#
поголема е употребата на дренажа од пластични цевки.

8.3.2.1. ДРЕНАЖА ОД КЕРАМИЧКИ ЦЕВКИ

Дренажните цевки од керамика имаат правилен цилиндричен облик, со


внатрешен дијаметар од 50 мм (ретко 75 и 100 мм) (слика 8.14). Најголемата должина
на овие цевки изнесува 0,30 – 0,33 м (кај нас 0,33 м).
Градењето на дренажа од керамички цевки се прави со копање на ров со
зададен пад на дното, кој потоа се обложува со филтрационен материјал.
Керамичката дренажа се користи повеќе од 130 години во разни делови на светот.

Дотек Обични керамички цевки Ребрести керамички цевки


1/s ha 1/s ha % 1/s ha %
0 – 0,1 0,039 100 0,043 110
0.1 – 1,0 0,241 100 0,357 148
> 1,0 1,243 100 2,298 185

Табела 8.3. Средно дренажно истекување за разни вредности на дотекување за обични и ребрести
дренажни цевки

Зголемување на дејството на керамичката дренажа може да се постигне со


зголемување на дијаметарот на дренажните цевки и со промена на нивната форма, т.е.
примена на ребрести (избраздени) цевки (слика 8.14-d).
Предноста на ребрестите цевки во споредба со обичните, кои имаат глат-ки
ѕидови, се состои во значителното подобрување на условите за дотек на под-земна
вода кон дреновите.
Направените испитувања во полски и лабораториски услови покажу-ваат
одредени предности на ребрестите дренажни цевки споредени со глатките.
Ребрестите дренажни цевки поинтензивно го одведуват вишокот вода, споре-дено со
обичните дренажи. Ова е повеќе изрзено при поголем интензитет на инфилтрација и
дотек на вода (табела 8.3).

75
Слика 8.14. Керамички дренажни цевки. а) – обична цевка; б) –цевка со надворешен шестоаго-лен
попречен пресек; ц) – цевка со коси ивици; д) – ребраста цевка; е) – цевка со широк отвор.

Испитувани се, исто така, и перфорираните керамички цевки и е конста-


тирано дека тие, споредено со обичните дренови, овозможуваат значително поголемо
истекување (табела 8.4).
Од табела 8.4 се гледа дека ребрестите цевки помалку се запушуваат со
честички на земја отколку глатките дренови.

Број на Дренажно истекување Нанос


Дренажни цевки експерименти см3/s % см3/s %
Обични, без филтер 9 0,40 100 405 100
Обични со филтер 10 0,64 159 12 3
Перфорирани, без филтер 4 0,72 180 267 66
Перфорирани со филтер 6 0,73 183 40 10
Ребрести со филтер 1 0,84 208 1 0,3

Табела 8.4. Влијание на конструкцијата на керамичките цевки (Д = 50 мм) на нивната водоприемна


способност и експлоатациона сигурност .

Трајноста е основна предност на керамичката дренажа. Правилно проектирана


и квалитетно направена, таа нормално функционира 100 повеќе години. За нејзино
производство се користат глини кои се многу распростране-ти. Може да се изведува
во лето и во зима и практично без ограничување на геохемиските, земјишните,
биолошките и другите услови. Паралелно со ова, керамичката дренажа има и некои
важни недостатоци: сложеност за механизирана изградба и голем процент на рачни
работи, голема тежина и големи транспортни трошоци. Во недостатоци се вбројува и
нејзината мала водоприемна способност, поради малите димензии на отворите на
местата каде цевките се спојуваат и големо растојание меѓу нив, поради што се
создаваат големи филтрациони отпори. Покрај тоа, во земјиштата со мала густина
(тресет, кал) керамичките цевки треба да се постават на дрвени подлоги, што
значително ги зголемува трошоците за дренажата.

76
8.3.2.2. ДРЕНАЖА ОД ПЛАСТИЧНИ ЦЕВКИ

Голем и квалитетен напредок во областа на дренирање на земјоделските


површини беше направен кога керамичките цевки беа заменети со пластични. Првата
пластична дренажа е направена во САД во 1848 година, а на крајот на 70–те години,
благодарение на брзиот развој на индустријата за полимерни материјали, стана
најупотребуваната дренажа во многу земји. Пластичните цевки с# повеќе ги
заменуваат керамичките цевки.
Воведувањето на дренажа од полимерни материјали, наместо керамички, е
поврзано со усовршувањето на технологијата и зголемувањето на продуктивноста на
работа во градежништвото. Дренажата со пластични цевки споредено со
керамичката има неколку важни предности.
Замената на керамичките со пластични цевки воведе рововски и безро-вовски
начин на градење, кој значајно ја зголеми продуктивноста на работата. На минимум
се намали тешката физичка работа, тешкотиите со превоз и тран-спортните трошоци,
а се зголеми квалитетот на изведбата.
Една од важните предности на пластичната дренажа се состои во тоа што
пластичните цевки, без да го променат дијаметарот, може да обезбедат релативно
поголема водоприемна површина, споредено со керамичките. Водо- приемните
отвори на површината на дренажните цевки се рамномерно распоредени.
Зголемувањето на водоприемната површина ги намалува хидрауличните отпори на
местото на контакт на дренот со земјиштето и помага за зголемување на
водоприемната способност на дреновите. Поради тоа под-земната вода во
пластичните дренови влегува порамномерно. Како резултат на ова, пластичните
дренови, во однос на водоприемната способност, малку се разликуваат од идеален
дрен, особено ако филтрите се правилно избрани. Тие значително се подобри од
керамичките дренови чија водоприемна површина е мала и нерамномерна. Затоа, кога
останатите услови се исти, пластичната дренажа дејствува поинтензивно споредено
со керамичката, што влијае на зголемување на ефикасноста на одводнувањето.
Во последно време со индустриското производство се изработуваат дренажни
пластични цевки кои се заштитени од закалување со филтри – омотачи. Ова
овозможува значително упростување на технологијата на градење на дренажата и
намалување на бројот на работници.

77
Слика 8. 15. Разни видови на дренови од пластичен материјал (ПВЦ)

Поради предностите на пластичната дренажа, во голем број земји, преста-на


производството на керамички цевки за одводнување на земјоделските полиња.
Дренажа од пластични цевки може да се изведува во минерални и органски
земјишта чии физичко – механички својства се движат во широки граници. Цевките
работат во услови на променливи нивоа на подземната вода и влажност на земјиштето,
кога има големи осцилации на температурата. Имаат мала тежина, голема цврстина и
отпорост на киселини, алкалии и соли.

78
По форма може да бидат ребрасти од надворешна страна и глатки (слика 8.15).

Слика 8.16. Спојување на пластичните цевки

Дренажните цевки од пластичен материјал се користат во форма на готови


перфорирани цевки од полиетилен со голема густина, готови ребрести перфо-рирани
цевки како и цевки од поливинил со разна дебелина. Должината на цевките често
зависи од производителот.
Голема предност при користењето на пластичните цевки за изградба на затворена
дренажа претставува можноста за комплетна механизираност на работите. При
рововскиот начин на градба, дренажните цевки се поставуваат во ров кој е ископан со
ровокопач, кој има сецијален механизам за поставување на цевки на дното од ровот.

79
При безрововскиот начин пластичната дренажа се поставува со специјални
дренополагачи.

Слика 8.17. Поствување цевна дренажа со филтерски омотач

Дренажата со пластични цевки дава малку поголемо дренажно исте-кување


споредено со дренажата со керамички цевки. Интензитетот на регули- рањето на
нивото на подземната вода и влажноста на земјиштето во слични системи со
пластична и керамичка дренажа не се разликува значително, иако малку поголема
предност има првата. При доволна густина на дренажната мрежа и длабочина на
поставените дренови, пластичната дренажа исто како керамичката, го обезбедува
потребниот интензитет на регулирање на водниот режим за сите видови земјишта.
Карактеристично е дека кај дренажата направена од ребрести поливинилхлоридни
цевки интензитетот на одводнување е малку поголем отколку кај системите со
полиетиленски цевки. Ова се должи на полошото наквасување на полиетиленот,
односно, на полошите услови за влегување вода во дренот.
Постојат разни мислења околу оптималната вредност на водоприемната
површина на отворите. Има многу мислења дека оптималните вредности на во-
доприемната површина за пластичните дренови се во границите 3 – 10 см2/м на
дренот. Во исто време во САД и во други земји се препорачува употреба на дренови
кои имаат водоприемната површина од 50 – 100 см2/м и повеќе. Не е утврдена
оптималната вредност за водоприемната површина, но во повеќе земји има
тенденција за нејзино зголемување, како резултат на научни истражувања.
За да се обезбеди ист интензитет за одводнување на земјиштето, повр-шината
на водоприемните отвори на пластичната дренажа треба да биде значително поголема

80
отколку кај керамичката дренажа, бидејќи пластичните маси, посебно полиетиленот,
се хидрофобни. Ова својство значително ја нама- лува водприемната способност.
Некои истражувачи препорачуваат многу мали водоприемни отвори, кои би ги
штителе дреновите од механичко закалување без употреба на заштитно – филтерски
материјал. Сепак, кружно обложување со филтер е корисно во сите земјишта не само
од гледна точка на експлоатационата сигурност на дре-нажата, туку и со цел да се
зголеми интензитетот на одведување на водата.
Полимерните материјали под влијание на ниски температури ја губат
еластичноста. Кога водата впиена во нив ќе замрзне, се формираат микропукна-тини,
што нагло ја снижува стабилноста на овие материјали. Затоа пластичните дренови
мора да се постават под зоната за мрзнење на земјиштето. Длабочината на која се
поставува пластична дренажата треба да биде поголема отколку длабочината на која
се поставува керамичката. Растојанието меѓу дреновите кај пластичната дренажа се
одредува на ист начин како и кај керамичката дренажа. Во случај кога се изведува
дренажа со пластични цевки по безрововски метод, растојанието помеѓу дреновите
треба многу да се намали, бидејќи во овој случај дренажата делува послабо отколку
пластичната и керамичката дренажа поставена со рововски метод. Исто така не е
потребно да се проектираат единечни пластични дренови, туку тие е потребно да се
обединат во системи.
Исто како и кај останатите видови дренажа, така и кај пластичната,
интензитетот на хидролошкото дејство на дренажата се зголемува значително, ако
дренот се обложи со соодветен заштитно – филтерски материјал.
Дреновите направени од ребрасти пластични и порозни цевки се уште
посовршени. Сепак, и најдобриот реален дрен секогаш има одреден степен на
несовршеност, бидејќи ѕидовите на дренажните цевки во помала или поголема мерка
го спречуваат влегувањето на вода во дренот. Овој факт треба се земе во предвид кога
се пресметуваат параметрите на дренажата. Треба да се истакне дека повеќето од
познатите решенија за обезбедување на дотек на вода кон дреновите, се направени
без да се земе во предвид овој фактор, т.е. за случај на “идеални” дренови.
Опширни повеќегодишни испитувања во полски услови на разни облици и
конструкции на пластична дренажа во разни земји покажале дека во земјиш-тата
со мала содржина на соединенија од железо (< 3 mg/l во подземната вода), оваа
дренажа, со дијаметар D ≥ 50 mm и повеќе водоприемни отвори над 20 cm2/m, го
одведува вишокот вода поуспешно отколку керамичката дренажа.

8.3.2.3. ОСТАНАТИ ВИДОВИ НА ДРЕНАЖА

Кртичната дренажа е многу значајна за одводнување на глиновити


слабопропустливи земјишта, кои се превлажнуваат со атмосферска вода. Оваа
дренажа се изведува во земјиштето со специјални направи и машини (слика 8.18) во
вид на подземни ходници. Критичната дренажа претставува систем на подземни
ходници кои не се зацврстени, кои потсетуваат на ходниците направени од крт,
исечени во земјиштето со определен пад (најмалку 2 – 3%о).

81
Слика 8.18. Направа за изведување на кртична дренажа

Овој вид дренажа спаѓа во агротехничките мерки. Голема предност на ова


дренажа е комплетната механизираност и релативно ниската цена. Таа секогаш се
поставува во правецот на најголем пад со цел да се зголеми нејзината пропусна
способност (слика 8.19).

Слика 8.19 Шема за поставување цевна дренажа со користење на кртови дренови. 1. – отворени одводи
на каналот; 2 – колектор; 3 – собирно – регулациона мрежа; 4 – кртична дренажа

Собирно – регулационите дренови кои ја примаат водата од кртовите дренови,


се поставуваат нормално на падот на теренот, т.е. под остар агол према изохипсите.
Кртичната дренажа се користи за: снижување на нивото на подземната вода за
да не дојде до превлажнување на обработливиот слој, за забрзување на истекувањето
на вишокот гравитациона вода и површинска вода впиени во земјиштето и за да се
зголеми растојанието меѓу постојаните дренови. Таа се поставува во глинеста
иловача и глини стабилни од бубрење, доколку во земјиштето нема камења. Таа ја
зголемува пропустливоста на обработливиот слој, создава во него многу пукнатини,
ја зголемува аерацијата, а има и многу други корисни својства. Кртичните дренови се
изведуваат во отворени канали или во филтрациона обвивка на дренот и траат три до
пет години. Се поставуваат на длабочина од 0,5 – 0,7 м на растојание од 5 – 8 м.
Во рамките на хидропедолошкото определување на поволните својства за
примена на кртичната дренажа, се земаат во предвид следниве услови:
- да нема камења во слојот земјиште каде ќе биде сместена кртичната
дренажа,

82
- содржината на чакал треба да биде помала од 5% од вкупната маса на
земјиштето,
- содржината на честички со дијаметар помал од 0,01 мм треба да е
поголема од 40%,
- содржината на честички со дијаметар 0,1 – 2,0 мм треба да е помала од 20%
- содржината на честички со дијаметар 0,05 – 0,01 треба да е помал од 20%
- слоевите под слојот за орање да се многу збиени, што значи дека вкупната
порозност е помала од 45%,
- волуменот на порите со еквивалентен дијаметар поголем од 0,03 мм на
ливадите и пасиштата да е помал од 10 – 15%, на ораниците помал од 15 –
20%,
- пропустливоста на земјиштето, определена со коефициентот на
водопропустливост, треба да биде помала од 0,5 м/ден.
Претходно наведените услови претставуваат тест кој се спроведува за два слоја
и тоа за 40 – 50 см и 60 – 80 см. Кога својството ќе исполни одреден критериум се
пишува знакот плус, а ако не исполнува се пишува знакот минус. Со собирање на
знаците плус и минус со помош на табелата 8.5 за класификација се одредува дали
земјиштето е погодно за изградба на кртична дренажа или не.

Број на плус знаци Класификација Степен


9 Вкупните својства на земјиштето се задоволителни за кртична 1
дренажа
7-8 Вкупните својства на земјиштето се помалку задоволителни за кртична 2
дренажа
Под 7 Кртичнат дренажа не се препорачува 3

Табела 8.5. Класификација на подобностите за изградба на дренови

Према Енгелсман кртичната дренажа може да се користи на минерални


земјишта кои:
- содржат поовеќе од 30% глина,
- односот глина – прашина мора да биде поголем од 0,5.
Делумна дренажа се предвидудува за одводнување на минерални земјиш-та,
на кои превлажнување се јавува само на пониските делови на теренот – депре-сии. Во тој
случај, се проектираат затворени дренови од регулационата мрежа само на овие
места. Растојанието меѓу дреновите зависи од растојанието на од-делните
вдлабнатини, долини, јаруги. Длабочината на дреновите во одделните снижувања не
може да биде помала од 0,7 м.
Може да има и други облици на дренажа (слика 8.20 и 8.21) како што е од
дрво, филтрациони (од фашина, шлунак, камен и др.) но овој облик нема прак-тича
примена. Овие видови дренажа имаат бројни недостатоци. Главен недоста-ток на
дрвото како градежен материјал за затворена дренажа, е краткиот век на траење.

83
Слика 8.20. Дренажа од камења, фашина, дрво. а) – дренажа од округли камења; б) - дренажа од
плочести камења; с) – дренажа од фашина; д) – дренажа од дрво; е) – дренажа од кружни дрвени цевки;
ф) – дренажа од правоаголни дрвени цевки; г) – дренажа од триаголни дрвени цевки

Од техничка гледна точка може успешно де се користат порозни


бетонски цевки (слика 8.21), кои обезбедуваат значително поголемо истекување.

Слика 8.21. Дренажа од порозни бетонски цевки

8.3.2.4 ОСНОВНИ ПАРАМЕТРИ НА ДРЕНАЖАТА

За да ги исполни своите барања, дренажата се поставува на определена


длабочина. Длабочината на која се поставуваат дреновите и растојанието помеѓу нив
се меѓусебно поврзани: ако длабочината е поголема може да се проектираат и
поголеми растојанија (слика 8.22).
Длабокото поставување на дреновите ги има следните предности и
недостатоци:
а) Предности: се подобруваат физичките својства на земјиштето на поголема
длабочина; површината се одводнува со севкупно помала должина на цевки.

84
Слика 8. 22. Зависност на растојанието меѓу дреновите од длабочината на која тие се поставуваат

б) Недостатоци: нивото на водата пополека се снижува, одводнувањето на


земјаниот слој е нерамномерно, тешко се поставуваат дреновите, може да се јави
потреба од подградување на рововите за време на изградба.
Плиткото поставување на дренажата ги има следниве предности и
недостатоци:
а) Предности: се обезбедува побрзо одведување на подземната вода;
одводнувањето на слојот е порамномерно.
б) Недостатоци: дренажата може да се најде во зоната на мрзнење, корењата
на растенијата влегуваат во цевките и ги закалуваат, потребна е голема севкупна
должина на регулациони цевки за дренажната мрежа, се одводнува релативно плиток
слој од земјата.
Оптималната длабочина на која се поставуваат дреновите во дадените услови
може да се одреди со техничко- економска анализа. Ориентациони вредности на
оптимална длабочина на дреновите зависно од видот на културите и земјиштата се
претставени во табелата 8.6.

Земјиште Зеленчук и култури кои се Житарици и ливади - м


сеат во меѓуредови- м
Глина и тешка иловача 0,8 – 0,9 0,8 – 0,9
Средна иловача 0,8 – 1,0 0,8 – 1,0
Лесна иловача 0,9 – 1,2 0,8 – 1,0
Песоклива иловача 0,9 – 1,1 0,8 – 1,0
Песок 0,8 – 1,0 0,8 – 1,0

Табела 8.6. Просечна оптимална длабочина за поставување на дренови

Затворените колектори се поставуваат на минимална длабочина од 0,8 м.


Максималната длабочина на дреновите кај повеќето земјишта изнесува околу 1,5
м. Ова длабочина може да се зголеми до 2 м за ободните дренови и при одводнување
на тешките слабопропустливи земјишта. Во земјиштата во кои дотекува минерална
вода, дренажата може да биде поставена на длабочина поголема од 2 м, а понекогаш
и преку 3 м.
Минималните дијаметри на дреновите се прикажани на слика 8.7.

85
Вид на дренови Дијаметар (мм)
Керамички 50
Пластични 50
Кртични 120

Табела 8.7. Минимални дијаметри на дреновите

NW Надвор. Толеран. Внатр. Толеран. Големин Број на Површ. Димензии на колутот


ø ø (D) ø на редови на Должина Дија Дијметн
(mm) (mm) (mm) (mm) прорез отвор за на мет на на
nxL влез на колутот колутот колутот
(mm) вода внат. м надв. м
цм2
50 59,5 + 0-1,5 43,9 + 2,0-0 1,2 х 4 6 26 200 0,55 1,20
65 65,5 + 0-1,5 58,0 + 2,0-0 1,2 х 4 6 28 150 0,55 1,30
80 80,5 + 0-1,5 71,5 + 2,0-0 1,2 х 4 6 30 150 0,55 1,50
100 100,5 + 0-1,5 91,0 + 2,0-0 1,2 х 4 6 28 150 0,55 1,90
125 126,о +2,0 115,о + 2,5-0 0,9 х 5 8 61,7 50 0,55 1,90
160 160,0 +2,0 148,5 + 2,5-0 1,2 х 5 8 64,2 50 0,55 1,90
200 200,0 +2,0 182,0 + 2,5-0 1,2 х5 10 108,8 40 0,55 1,80

Табела 8.8. Технички податоци за ребрестите совитливи цевки за дренажа (тврди PVC)

Минималните падови на затворените дренови се прикажани во табела 8.9 и


8.10. Максималниот пад за керамичките дренови изнесува 7%, а за дрвените и
кртичните 2%.
Во земјиштата со висока соджина на железо падот на дреновите изнесува 6%о.
Падот на дреновите треба така да се избере да овозможи испирање на наносот од
цевката.

Вид дренови Пад ( ‰ )


Керамички 3
Дрвени 3
Камен, фашински 4
Кртични во минерали земјишта 2
Кртични во тресетни земјишта 3

Табела 8.9 Минимални падови на дреновите

Вид на цевки Земјиште Дијаметар на цевката (мм)


50 65 80 90 110 125

86
Цевки со рамни Тресетни 2,5 2 2 2 1,5 1
ѕидови Минерално 2,5 2,5 2 2 1,5 1
Песочно 4,5 4 3,5 3 2,5 2
Ребрасти Тресетно 3 3 2,5 2 1,5 1
цевки Минерално 3 3 3 2,5 2 1,5
Песочно 5 4,5 4 2,5 3 2,5

Табела 8.10. Минимални дозволени падови кај пластичните дренови ( ‰ )

Вид дренови Пад ( ‰ )


3 5 10
Керамички, пластични, дрвени 200 250 300
Кртични 150 200 -

Табела 8.11. Гранична должина на дреновите (м)

Должината на дреновите зависи од падот и дијаметарот на дренот (табела


8.11). Кога се употребуваат цевки со голем дијаметар, должината на дреновите треба
да се определи со хидрауличка пресметка.
Изградба на дренови со должина под 50 м не се препорачува. За дијаметри на
дреновите над 75–100 мм нивната должина може да изнесува до 400 м.

8.4. ВЕРТИКАЛНА ДРЕНАЖА

Вертикална дренажа претставува систем на специјални бушотини или цев-ни


бунари кои се спуштени во водоносниот слој од кои се пумпа вода со намера да се
снижи нивото на подземната вода. Вертикалната дренажа може да најде примена и
кога под водонепропусниот слој постои водопропусен слој со голема филтрациона
способност. Во тој случај водата се испушта во долниот водопропусен слој директно
со бунари или во комбинација со хоризонтална дренажа. За разлика од
хоризонталната, кај вертикалната дренажа елементите на собирната мрежа имаат
вертикална положба. Вертикалната дренажа е понова метода за одводнување која с#
уште не добила широка примена.
Хоризонталниот систем за одводнување е најмногу рапространет, но не-
зависно од неговата долгогодишна примена, има низа на недостатоци. Во главните
недостатоци се вбројуваат големите трошоци за изградба и релативната инертност
при снижувањето на нивото на подземната вода.
Зависно од положбата на бунарите во однос на дренираната територија и
изворите за снабдување со вода, вертикалата дренажа може да биде:
- Системска – површинска, претставува мрежа на бунари со релативно ист
капацитет кои се рамномерно распределени на хидромелиоративната повр-шина со
квадратна или рамнострана триаголна мрежа (слика 8.23).
- Делумна дренажа (бунарите се наоѓаат на одделни превлажнети делови)
претставува систем на разни бунари, а нивната положба се одредува зависно од
конфигурацијата на одводнуваното подрачје и степенот на превлажнетост.
-Ободна дренажа се планира во еден или два реда на бунари со намера да се
заштити територијата од надворешен дотек на подземна вода.

87
Слика 8.23. Шема на систематска вертикална дренажа. а) – квадратна мрежа; b) – триаголна мрежа

Обална дренажа се состои од линиски систем на бунари кои ја заштитува


одводнуваната територија од превлажнување, т.е. од дотекување на внатрешни води
кои доаѓаат од река или акумулација.
Комбинирана дренажа претставува комбинација на бунари со обична хори-
зонтална дренажа и се проектира на терени кои имаат сложени хидрогеолошки
услови. Во овој случај вертикалната дренажа има помошна улога бидејќи со помош
на бунарите се одводнуваат само одделни делови на подрачје со добро-пропустливи
земјишта, под кои се наоѓа водоносен хоризонт со голема водо-пропустливост, а
деловите со слабопропусливи горни слоеви се одводнуваат со хоризонтална дренажа.
Во овој случај колекторите може да се одведат во дренажниот бунар.
Бројот и распоредот на бунарите зависи од самото земјиште, литолош-ките и
хидрогеолошките услови. Во некои случаи, бунарите може да вршат само помошна
улога, на пример, за заштита од подземно поплавување од некоја акумулација или
езеро. Во комбинираните системи бунарите на вертикалната дренажа може да се
користат како извори на вода за наводнување.
Вертикалната дренажа се користи за разни намени во зависност од сто-
панските, хидрогеолошките, земјишните и климатските услови.
Основен показател за користење на вертикалната денажа претставува
трансмисивноста на водоносниот слој:

T = kh
Каде е:
k– коефициент на филтрација, м/ден
h – дебелина на водоносниот слој, м
T – трансмисивност, м2/ден

Вертикалната дренажа е најефикасна при Т ≥ 300 – 500 м2/ден, а малку е


корисна при Т ≥ 150 – 200 м2/ден.
Кога се разгледува можноста за употреба на вертикална дренажа треба да се
проценат следните основни фактори:
- геоморфолошката положба и релјефот на површината;
- геолошкиот профил и хомогеноста на неговата градба (литолошки состав);
- филтрационите својства на водоносните слоеви до водонепропуст-ливата
подлога;

88
- хидрауличната врска на подземната вода со долните водоносни хори-
зонти;
- видот на снабдување со вода;
- хемискиот состав и општата минерализација на подземната вода.
Према условите на геоморфолошките состојби и релјефот вертикалната
дренажа првенствено се проектира во речни долини кои се поплавуваат често, рамни
терени, на морски рамници со микродепресии кои не преминуваат 2 м.
Према литолошкиот состав вертикалната дренажа може да се примени на
тресетни, тресетно – песокливи и лесно минерални земјишта со доста дебели песочни
слоеви (не помали од 15м), а во геолошкиот профил да нема прослојки од глина или
пак нивната дебелина е незначителна (завзема помалу од 10% од површината на
профилот).
Ако се проектира вертикална дренажа со користење на подземна вода за
наводнување, извори за прихранување треба да бидат врнежите и подземната вода
чие учество во приходот на водниот биланс треба да изнесува 10%. По хемискиот
состав се дозволуваат хидрокарбонати и карбонати до 1 гр/л и натриум хлорид до 3 –
5 г/л/.
Овој вид дренажа првенствено се гради кога има голем дотек на вода од
соседните територии или дотек на вода од долните водоносни слоеви под при-тисок.
Во одредени хидролошки услови може да се создаде лебдечка вода (гор-на
подземна) на некој водонепопусен слој кој не е во контакт со подземната вода. Во
овој случај вака создадената вода со помош на вертикални бунари на-правени во
водонепропусниот слој, сама истекува во долните водоносни слоеви.
За да се намали влијанието на водниот режим од соседните територии и за да
се зачува резервата на подземната вода која се троши за наводнување, системите за
вертикална дренажа треба да се предвидат во близина на реки, акумулации, езера,
канали со голем проток и на границите на неодводнувните замочварени површини.
На овој начин тие ја штитат хидромелиоративната површина од влијанијата на овие
водени резервоари.
Хидромелиоративните системи со вертикална дренажа можат да најдат
примена во случаи кога со промената на режимот на црпење од бунарот може да се
регулира влажноста на активниот слој на земјиштето во потребните граници. Главно
вакви услови постојат во забарените земјишта во кои обилно навлегуваат води под
притисок. Вертикалната дренажа го снижува притисокот на подземната вода и го
регулира дотокот на вода во одводнуваните слоеви од длабочината на водоносните
слоеви под притисок. Исто така оваа дренажа може да овозможи користење на
подземните и артески води од одводнуваното подрачје за наводнување (кога не е
потребно одводнување) како и за снабдување со вода на населбите и индустријата.
На основа на теоретски и практични истражувања се смета дека вертикалната
дренажа има големи предности во однос на другите методи. Со помош на
вертикалната дренажа има можност оперативно да се регулира водниот режим на
мелиоративните земјишта и во комбинација со користење на подземната вода за
наводнување практично може да се обезбеди оптимална влажност на активниот слој
во било какви временски услови и за било какви земјоделски култури. Секако, тука
станува збор за системите со двострано дејство, т.е. системи за одводнување и
наводнување. Во задоволителни хидрогеолошки услови најефикасна е комбинацијата
за одводнување со бунари кои во сушниот период црпат вода од подземната вода на
долните водоносни слоеви, која се каптира во истите бунари. Вертикалните бунари
завземаат многу мала површина во однос на отворената хоризонтална мрежа, и затоа
се покорисни за експлоатација на земјиштата. Интензитетот на одводнување со

89
вертикална дренажа може да достигне 100 – 150 мм/ден, што е многу повеќе отколку
со хоризонталната. Вертикалната дренажа се вклучува да работи само кога е
потребно, за разлика од хоризонталната која е многу поинертна и често одведува вода и
кога не е потребно. На површините кои се користат во плодоред, вертикалната
дренажа може со промена на режимот на работа на поодделни бунари, т.е. нивно
исклучување или вклучување во функцијата на режимот на одводнување или
наводнување, да ја регулира влажноста на ограничено подрачје. Ова е практично
тешко да се постигне со хоризонталната дренажа.
Покрај наброените позитивни особини на вертикалната дренажа постојат и
одредени недостатоци. Градбата на хидромелиоративните системи со вертикална
дренажа со користење на подземните води за наводнување не е можно на сите
одводнувани земјишта. Вертикалната дренажа може да се корис-ти само на одредени
хидрогеолошки, геоморфолошки, земјишни и други услови. Вертикалната дренажа
може да се примени при дебелина на водоносниот слој над 15 – 20 м и
трансмисивност на првиот од површината на водоносниот хори-зонт поголема од 150
– 200 м2/ден. Поред тоа, неопходно е, горното одводнувано земјиште да има добра
хидраулична водопропустливост, а пониско да се наоѓаат моќни водоносни песочни
слоеви. Тука пред се се мисли на тресетни и лесно минерализирни земјишта во
горниот слој. Постоење на глиновни горни наслаги со дебелина над 5 м, независно од
постоењето под нив на дебели водоносни хо-ризонти, практично ја оневозможуваат
примената на вертикална дренажа. Таа може да се примени само на равни делови, при
длабочина на микродепресијата не поглема од 0,3 – 0,5 м. Ако постојат поголеми
разлики мора да се направи планирање на површината.
Вертикалната дренажа бара користење на релативно скапи материјали (цевки
под притисок со голем дијаметар, подземни електрични кабли, пумпи, уреди за
автоматика и др.) и трошоци за електрична енергија. Трошоците за експлоатација на
вертикалата дренажа се поголеми отколку за хоризонталната. Сепак, како резултат на
создавање на подобар воден режим на површините, големите трошоци во многу се
надокнадуваат со зголемените приноси.
Постојат одредени разлики во начинот за регулација на водниот режим кај
системите за одводнување и системите за одводнување и наводнување со вертикална
дренажа. Системите за одводнување и наводнување со вертикална дренажа се
предвидени за двојно регулирање на влажноста на земјиштето и по конструкцијата се
разликуваат од системите предвидени само за одводнување. Кај нив е поставена и
опрема за наводнување, цевни водови под притисок за доведување на водата до овие
уреди, регулациони базени и пумпни станици.
Во рана пролет, пред да почнат земјоделските работи – на почеток на
вегетацијата, во времето на големи врнежи, а исто така и за времето на долги-те
есенски дождови во време на бербата, системите вршат функција на одводну-вање.
Затоа, во зависност од количината на вода, се вклучуваат во работа сите постојни
бунари или само еден дел, што доведува до снижување на нивото на подземната вода
или не се дозволува негово прекумерно подигање. Вишокот на вода се одведува во
одводната мрежа. Потребниот воден режим на земјиштето во овој период се одржува
со избор на соодветен интензитет и времетраење на пумпањето. Откако ќе се
постигне снижување на нивото на подземна вода до одредена висина, бунарите се
исклучуваат.

90
Слика 8.24. Типска шема на пумпниот уред: 1-електромотор; 2-пумпа; 3-кабел; 4-цевка; 5-уред за автоматско
управување; 6-манометар; 7-затворач; 8-ослонец; 9-ѕид; 10-колектор.

Во сушните периоди, под влијание на евапотранспирација, кога нивото на


подземната вода ќе се спушти под потребната норма, и кога растенијата чув-ствуваат
недосток на влага во земјиштето, системот се пушта да работи, во режим на
наводнување. Бунарите почнуваат да работат и водата се доведува до опремата за
наводнување. При тоа, нивото на подземна вода дополнително се снижува, но
влажнењето на горниот активен слој на земјиштето обезбедува нормални услови за
развој на растенијата. Во режимот на одводнување буна-рите работат периодично, во
кратки интервали на време и го одржуваат нивото на подземна вода во границите кои
обезбедуваат потребна влажност на актив-ниот слој земјиште. Овој случај се јавува и
кога има голем подземен и артески доток на вода во бунарите.

91
Слика 8.25. Шахта кај вертикален бунар со пумпа

Одводната мрежа од бунарите се планира во вид на подземни цевки или


отворени плитки канали. Довод на електрична енергија се остварува со под-земни
кабли или со воздушна линија од трафостаница која се планира за сета површина или
група на бунари. Кога има големо растојание меѓу бунарите мо-же да се предвиди
трафостаница за секој бунар.
Бунарите со пумпни уреди (слика 8.24 и 8.26), заштитни и одводните ка-нали,
непосредно го регулираат режимот на подземна вода. Опремата за дождење,

92
Слика 8.26. Типски бунар со пумпа за заштита на крајбрежјето

цевните водови и пумпните станици обезбедуваат наводнување на полињата во


времето кога има недостаток на влага во активниот слој на земјиштето.

8.4.1. ОСТАНАТИ ВИДОВИ НА ВЕРТИКАЛНА ДРЕНАЖА

Во одредени случаи земјиштето може да се одводни со помош на филтрациони


бунари. Со помош на филтрационите бунари се одведува вишокот на вода од

93
одводнуваната територија во пониските водопропусливи подземни слоеви. Овој начин
се користи во случаите кога на мала длабочина (1,5 – 2 м) се наоѓа водоносен слој кој е
покриен со водонепропусен слој. Во вакви услови вишокот на вода која се наоѓа во
горниот хоризонт на земјиштето над водонепропусниот слој или се наоѓа на површина
на земјиштето, со примена на филтрационите бунари се префрла во водоносниот слој
(слика 8.27 и 8.28).

Слика 8.27. Шема на филтрацион бунар за одведување на површинска вода со мала длабочина (помала од 3
м). 2-глина; 3-песок

Слика 8.28. Вишокот на вода се собира со хоризонтална одводна мрежа (затворена или отворена) и со
колектори се носи во таложник каде се задржува наносот, а чистата вода од горните слоеви преку преливи
или сифони се одведува во филтрацион бунар кој е сместен во водопропустлив слој

Во овој случај водата која се наоѓа во мали водни резервори може да се одведе
во подземјето, доколку нема услови за одведување на вишокот вода на друг начин.
Ако водопропусниот слој е плиток, а земјиштата се стабилни, се градат
шахтни бунари. Шахтниот или филтрацион бунар се исполнува со филтерски
материјал (слики 8.29 и 8.30).

94
Слика 8. 29 Филтрационен бунар Слика 8.30. Филтрационен бунар исполнет со филтерски
материјал. 1 - обработлив слој; 2 – чакал; 3 – бусен; 4 –
камен; 5 – дренажни цевки; 6 – бетониран чеп

По правило, на лесни земјишта се градат цевни бунари (слика 8.31). Буна-рите


се распоредуваат рамномерно ако подземната вода претставува затворен базен или
паралелно со хидроизохипсите во случај на подземен ток на подземната вода.
Недостаток на овој начин на одведување се состои во тоа што тој е можен само
ако има моќен водоносен слој кој ќе го прими и одведе вишокот на вода. Друг
недотаток е тоа што водоносниот слој може со време да се закали и дренажата нема
да функционира. Во моментот на проектирање многу тешко се одредува одводната
способност на слојот кој ќе се дренира. Затоа, употребата на овој начин за дренажа
бара многу внимателни претходни хидрогеолошки испитувања.

Слика 8.31. Шема на бунари за филтрација за одведување на подземната вода: 1-водоропропустлив водоносен
слој; 2-водонепропустлив слој; 3-слој кој се одводнува; 4-ниво на подземна вода

Ако подземната вода е под притисок, на поодделни места може да се


предвидат самоизливни бунари (слика 8.32) или растеретни бушотини.
За да може водата да се излие во колектор, потребно е да се обезбеди при-тисок
на изливното место, т.е. изливот на вертикалниот самоизливен бунар треба да биде под
линијата на пиезометриското ниво. На слика 8.33 прикажан е самоизливен бунар на
дренажниот систем Чента.

95
Слика 8.32. Шахта за вертикален самоизливен бунар или растеретна бушотина

Растеретните бушотини минуваат низ водоносниот слој под притисок и се


поврзани со канал или дрен. Бушотините се зацврстени со метални, азбест – цементни
цевки или се засипуваат со чакал. Водата од бушотините излегува под дејство на
природниот притисок. Бушотините се наоѓаат на растојание од 30 – 100 м.

8.5. БИОЛОШКА ДРЕНАЖА

Некои растенија за време својот живот трошат многу вода и на тој начин
вршат влијание на влажноста во земјиштето. Потрошувачката на вода за транс-
пирација кај ваквите растенија значително го надминува испарувањето на вода од
отворените површини. Ако оваа вода растенијата ја користат на сметка на резервите на
подземна вода, во тој случај, тие може да се користат како дренови.
Се знае дека растенијата водата ја трошат во вид на раствори, т.е. заедно со
солите. Сепак, само некои растенија – халофити, се способни да апсорбираат сол од
земјиштата и подземните води во практично значителни количини. Фреатофитите
трошат незначителни количини на водорастворливи соли и тоа тие кои не се штетни
за нив. При евапотранспирацијата се собираат во земјиштето разни штетни соли.

96
Слика 8.33. Самоизливен бунар на дренажниот систем Чента.

Разните видови растенија имаат разно влијание на дренажата. Затоа, садењето


на дрва како мелиоративна мерка бара посебно внимание при изборот на дрвата.
Посебно добри се покажаа како дренови –следните растенија: врба, топола и брест.
Веднаш по нив се наоѓаат: американски јавор, кајсија и лешник.

97
По некои испитувања, обичната хоризонтална дренажа на секој должински метар
годишно одведува 54 – 62 м 3 вода. Едно дрво на врба за ист временски период
испарува 50 – 90 м3 вода. Затоа шумски линии со ширина од 5 – 10 метра може да
бидат поефикасни од хоризонталната дренажа (слика 8.34).
Треба да земе во предвид дека на засолените земјишта обичните дренови ја
одведуваат и многу минерализираната вода. Растенијата може да ја дренираат само
неминерализираната вода бидејќи тие не ги отстрануваат солите (или тоа го прават во
практично незнатни количини). Затоа, во краишта со многу мине-рализирана
подземна вода дренажата со растенија не е од корист. Во тој случај растенијата имаат
негативно влијание бидејќи користат неминерализирана вода, која пак ја намалува
засоленоста на земјиштето.

Слика 8.34. Влијание на заштитниот шумски појас на подземните води (Гладна степа, СССР)

Растенијата со стареење ги губат дренажните својства. Значајна улога на


дренажна имаат тревите и грмушките.
На обработливите полиња влијанието на растителниот покривач на режи-мот на
подземните води ќе биде поголем доколку нивото на подземната вода лежи близу до
површината на земјиштето. Ако длабочина на подземната вода изнесува 5 – 6 м
влијанието од растителниот покривач скоро престанува.
Кога се проектира садење на дрва во хидромелиоративниот реон треба да се
земе во предвид следното:
- Насадите со дрва кај каналот со својата сенка го покриваат коритото на
каналот кое помалку се загрева; ова има за последица смалена појава на
коров. На тој начин коритото на каналот се заштитува од ова несакана
појава и со тоа се намалуваат непроизводните губитоци на вода на
филтрација во каналот.
- Влијанието од дрвата се протегнува на должина од 200 м, затоа овие
насади треба да се прават на меѓусебно растојание од 400 м. Ова рас-
тојание одговара на големината на делниците за современо земјодел-ско
производство.

98
- Кога се врши избор на типот на дрва за садење треба да се земат во предвид
нивните дренажни особини и нивното време за ефикасно дејствување.
Откако ќе помине ова време треба да се пресечат постарите дрва и да се
заменат со помлади.
- Биолошка дренажа се постигнува како мелиоративна мерка во реони-те со
нестабилен режим на подземната вода и во реони каде има мож-ност да се
создаде забарување со подземна вода.
- Треба да се нагласи дека одводнување со еватранспирација може да се
случи само како дополнителна мерка на обичното одводнување.
Многу растенија кои трошат големи количини на вода, а растат на прев-
лажнети земјишта, по превземање на технички мерки за намалување на прев-
лажнувањето ќе се исушат бидејќи се менуваат условите за нивна егзистенција.
Намалувањето на влажноста на земјиштето кај најголем број случаи не одговара на
условите за живот на овие растенија.

8.6. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА МРЕЖАТА

За време на експлоатацијата на системот, потребно е да се обезбеди сигурна


работа на сите делови на мрежата за одводнување.
Причините (слика 8.35) кои предизвикуваат повреди и рушење на ка-налите,
насипите, дреновите и другите конструкции се делат на природни (поп-лави,
дождови, слегнување на теренот и др.) и вештачки (лош квалитет на проектот,
градбата и експлоатацијата на системот). Во групата недостатоци во проектирањето
спаѓаат: недоволно испитување на земјиштето и хидрогеолош-ките услови, грешки за
време на геодетските снимања и во одредени сливни површини, неправилни
пресметки на праметрите на каналите, дреновите, цевките, мостовите и др., недоволно
зацвртување на косините и дното. Во групата недостатоци при градбата спаѓаат:
отстапување од проектот, неправилно спојување на каналите, лошо планирање на
површината на земјиштето, лошо осигурување на косините и дното, контрападови на
дренажните линии и др. Недостатоци на експлоатацијата: ненавремено чистење на
каналите, рушење на косините, движење и пасење на стока по каналите и насипите,
растење корења во дреновите и др. Основни форми на деформации и мерки за нивно
отстранува прикажани се на табела 8.12.
Навременото откривање на деформациите и нивно спечување и редовно
одржување обезбедува долга и сигурна работа на системот за одводнување.
Системот за одводнување мора добро да се одржува. Отворените канали и
водопремници се чистат со специјални машини, а кај затворените цревни дре-нажи
редовно се чистат изливите и се мијат дренажните цевки. Дренажните цевки се
поставуваат во положба паралелно и главно имаат, преку изливите, директен влез во
дренажните канали. Една од главните причини за ваква градба претставува
едноставната контрола и одржување на дренажните цевки. Поради таложење на нанос
во дренажните цевки, нивното функционирање со време се влошува. Затоа,
дренажните цевки треба да се чистат.
Перењето на дренажните цевки (слика 8.36) од закалување главно се прави по
хидрауличен пат со специјални направи кои имаат пумпи со висок притисок.
Системот го сочинуваат резервоар, пумпа и барабан на кој е намотана флексибилна
цевка со должина од 200 – 300 м. На почетокот на флексибилната цевка се наоѓа
глава од која во еден млаз водата излегува напред, а во повеќе млазови назад. На овој
начин главата со акциониот и реакциониот млаз доведува вода под притисок, се

99
движи низ дренажната цевка и ја мие. Системот е така конструиран да заедно со
цевката се поместува во внатрешноста на дренажната цевка и тоа по сета должина.
Поради ефектот од млазот, наносот во цевката се повлекува и заедно со водата
истекува кон излезот. Има разни типови на глави, а поголемиот број од нив дејствуваат
по принципот на акциони и реакциони млазови.

Слика 8.35. Неколку причини за нефункционирање на дренажата: 1-создадена непропусна подлога за време
на орање; 2-непропусна кора; 3-колмирање со корен; 4-колмирање со нанос; 5-нанос во каналот; 6-ревизиона
шахта; 7-вливот на дренот обраснат со вегетација.

Има направи за перење под висок притисок, а исто така и под низок при-
тисок. Двата типа на машини може да се користат во добро поставени дренаж-ни
цевки со должина до 300 м.
Со перењето лесно се отстранува талогот од глина во дренажните цевки и кога
има поголеми запушувања, но отстранувањето на песокот е многу тешко. Со
перењето се отстранува само дел од песокот и тоа главно во близина на излезот на
дренажната цевка. Перењето со направите под висок притисок во песочни земјишта
може да предизвика навлегување на големи количини песок во цевката и, во вакви
ситуации, се јавува спротивен ефект.
Доста тешки случаи на зачепување на дренажните цевки се случуваат од
соединенија на железо кои се таложат од подземните води како резултат од хе-
миските реакции.
Зачепување на дренажните цевки со соединенија на железо може да се оче-куваат
во средини каде подземната вода содржи железо повеќе од 6 – 10 мг/л. Во сегашно
време нема сознанија за критичните концентрации на подвижното железо во
земјиштето при кои оваа непријатна појава се создава.

100
Слика 8.35. Шема на уредот за чистење на дренажните цевки. 1-уред со пумпа и тапан; 2-црево; 3-глава за
миење; 4- канал-колектор; 5- дренажна цевка; 6-шахта

број Об лик на деформации на делови од мрежата Потребни мерки за отстранување на деформациите


1 Закалување на каналите со нанос за време на Регулација и осигурување на суводолици и падини.
поплави и дождови Превземање антиерозивни мерки. Каналите треба правилно
да се профилираат и да се превземат мерки за да се спречи
однесување на материјалот во каналот.
2 Закалување на каналите поради неправилно Да се спречи закалување на одводнуваните делови,
спојување на страничните канали, однесување на регулација на падовите на каналите
наносот од горните делови на системот
3 Одронување на каналот и закалување поради Се отстранува со поравнување на падовите и изградба на
промена на падовите и недозволени падови на брзотеци, каскади, обложување на каналите
еродирање и закалување
4 Рушење на каналот при слегнување на тресет, Се отстрануваат со продлабочување на каналите.
деформации на косините и дното.
5 Обраснување на каналот со коров, треви и други Спречување на растење на корења во каналите, редовно
растенија, намалување на пропусната способност, косење и одржување на косините и бермите.
создавање успор.
6 Рушење на дното и косините под дејство на под- На местата каде се јавуваат деформации треба дренажа-та да
земна вода, течење на каливо земјиште, песоч-на се постави на растојание 2-4 м од горниот раб на каналот, на
иловача, ситен песок од дното и косините. длабочина на дното на каналот, да се намали наклонот на
косината и да се зацврсти дното и косината.
7 Рушење на косините на каналот под притисок на Планирање и разастирање на депониите во слој со макси-
депонирано земјиште, кога тоа се наоѓа во близина мална дебелина од 0,5 м. Да се предвидат вдлабнатини-
на каналот. пропусти за евакуација на површинската вода која се собира
зад депонијата.
8 Одронување на косините предизвикано од дожд, Одронувањето се спречува со зацврстување на косините со
таложење нанос во каналите. бусени на трева и изградба на бразди за одведување на водата
од дождовите во каналот.
9 Рушење на косините на каналот при замрзнување Создавање на пукнатини и одрони се спречува со зацврсту-вање
и одмрзнување на земјиштето на косините со бусења и садење трева.
10 Рушење на дното и косините кога се мали Рушењето се спречува со зацврстување на конкавната страна
дијаметрите на кривините на каналот. на каналот со шљунак, бусењ, бетонски плочи.
11 Таложење на нанос на местата каде се проширува Профилирање на каналот, подигање траверзи, во одделни
коритото. случаи се предвидува заобиколна траса.
12 Рушење на мостови, цевни пропусти и други Рушењето се спречува со чистење на отворите на
конструкции при поплава со вода, од мраз, конструкцијата.
слегнување на темелите
13 Успор на устието на дреновите, предизвикано со Успорот се отстранува со чистење на водоприемникот и
зарастување и закалување на водоприемниците, а одводните канали.
исто така и заради слегнување на дренажните
линии
14 Закалување на дренажните цевки поради Правилно проектирање на дреновите. Изградба на филт-ри
внесување на ситни земјани честички околу дренажните цевки. Падовите на дреновите мора да се
поголеми од предвидените.
15 Зараснување на дренажните цевки со расти-телни Деформациите се спречуваат со градење нова линија на
корења низ отворите на дреновите оддалеченост од 10-20 м од дрвата.
16 Рушење на дренажните изливи при слегнување, Деформациите се спречуваат со замена на изливот со си-
зачепување, одронување со вода и др. гурни конструкции со мрежи, уцврстување на косините и
дното под изливот.

Табела 8.12. Основни видови на деформации и мерки за нивно отстранувње

101
Таложење на железните соединенија во отворите на дренажните цевки
настанува кога брзината на водата е помала од 0,3 – м/с. Железото се таложи во
цевките по наквасениот обем.
Интензивно таложење се јавува во првите 2 – 3 години по градбата на
дренажата. Соединенијата на железо се таложат во отворите на цевката, ги зачепуваат
водоприемните отвори и спречуваат водата да влезе во дренот. Комплетното
зачепување на отворите се јавува исто така и на местата каде дренот се спојува со
колекторот.
За чистење на цевките од нанос кој содржи соединенија на железо не се
доволни само хидротехничките мерки. Истовремно со употреба на хидротех-нички
мерки треба да се направи и хемиско перење на дренажата. Се користат разни
хемиски соединенија, во одреден хемиски раствор, кои ги раствораат сое-диненијата
на железо, а потоа, со помош на вода под притисок и со спомнатите направи за
чистење на дренажните цевки, железото се исфрла надвор.

102
9. ОДВОДНА И ЗАШТИТНА МРЕЖА НА СИСТЕМОТ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

9.1. ОДВОДНА МРЕЖА

9.1.1. ВОВЕД

Одводната мрежа треба навреме да го прими вишокот на површинска и


подземна вода од одводнуваната територија која е собрана од собирно – регула-
ционата мрежа и да ја однесе во водоприемникот. Таа прима вода и од други
водотоци, а може да биде отворена и затворена.
Во некои случаи, при погодни хидрогеолошки, хидролошки и стопански
услови, одводната мрежа може да ја замени собирно – регулационата мрежа и да ја
собере површинската вода и да го снижи нивото на подземната вода на потребната
длабочина. Во овие случаи изградените канали треба да имаат доволна длабочина за
да ја обезбедат потребната регулациона способност.

Слика 9.1 Шема на отворен систем за одводнување. Покрај реката се наоѓа устава или пумпна станица која со
пумпање ја носи водата од главниот канал во реката; во главниот канал се влеваат каналите од прв ред, во
нив каналите од втор ред, итн.; собирните канали ја собираат водата од полињата и припаѓаат на собирно –
регулационата мрежа и ја носат водата во одводната мрежа.

Во отворената мрежа припаѓаат одводните канали од понизок ред кои


непосредно ја примаат водата од отворените и затворените собирно – регула-циони
мрежи, потоа, каналите од повисок ред и главниот одводен канал – главен одводник
(слика 9.1).
Затворената одводна мрежа се состои од затворени канали или затворе-ни
цевни водови во кои се влеваат во првиот случај затворените собирни канали и
дренови, а во вториот дреновите.
Често затворените или отворените одводи се нарекуваат колектори.
Одводната мрежа се дели на:

103
- главен одводен канал (главен одводник), кој го поврзува системот за
одводнување со водоприемникот;
- одводни канали од прв или понизок ред -се влеваат во главниот канал и ја
одведуваат водата од одделни делови на одводнуваната површина;
Положбата на одводната мрежа треба да биде во согласност со:
- карактеристиките на површината која се користи за одводнување и нејзината
организација;
- топографските и хидролошките услови на одводнуваната површина;
- положбата на собирно – регулационата мрежа;
- условите за превлажнување на површините со вишок на вода која треба се
одведе (површинска или подземна);
- барањето за механизација на земјоделските работи.

9.1.2. ГЛАВЕН ОДВОДЕН КАНАЛ

Главниот одводен канал (главниот одводник) се трасира по најниските


коти на одводнуваната површина во правец на најголемите падови и ја прима водата
од било кој дел на одводнуваната површина. Главниот одводен канал ја прима
водата од одводните канали или директно од собирните канали и ја одведува во
рецепиентот. Поставувањето на главниот одводен канал во најнискиот дел на
одводнуваната површина ги има сите предности кои се однесуваат на
одводнувањето на површинските води, но исто така тој има силно влијание и врз
снижувањето и одведувањето на подземните води. Посебно внимание треба се
посвети кога главниот канал се трасира во тресетни земјишта. Познато е дека
тресетното земјиште многу брзо слегнува за време на одводнувањето. Колку тресетот
има поголема дебелина и е заситен со вода, толку слегнувањето ќе биде поголемо. Во
ваква ситуација може да се случи дното на главниот канал кој е трасиран по
најниските места, по слегнувањето да биде повисок од дното на каналите кои се
влеваат во него, а кои повеќе слегнале.

Слика 9.2 Варијанти на главни (магистрални) канали

104
При одводнување на поголеми површини се поставуваат наместо еден, два
и повеќе главни канали. Растојанието меѓу главните одводни канали се
определува од должината на одводните и собирните канали кои се вливаат во нив.
Длабочината им е обично 1,5 до 2,0 м, а формата на попречниот пресек е
трапезна.
Кога се врши одводнување на поплавени земјишта главниот канал, исто така,
минува по најниските места на долината. Тука се можни два случаи: проектирање на
каналот паралелно со водоприемникот (слика 9.2-а) или планирање неколку главни
канали преку поплавеното земјиште (слика 9.2-б). Во првиот случај главниот канал
има значителен проток и обемот на работите може да биде значителено поголем
отколку да се изградат неколку посебни канали, кои одводнуваат иста површина.
Изборот на дефинитивната варијанта зависи од релјефот и големината на
одводнуваната површина како и од положбата на собирно – регулационата мрежа. Во
овој случај изборот може да се изврши со примена на некоја од методите за
оптимизација.
Понекогаш главниот канал може да се води по трасата на постојен водотек и
со помали корекции – равнење, се одбегнуваат големи земјани работи.
Кога се проектира главниот канал треба да се простудира положбата на
населбата, стопанските и други објекти на одводнуваната територија. Каналот
треба да се влева во водоприемникот на место каде дното на во-доприемникот е
пониско од дното на каналот. Устието треба да биде обезбедено од штетното
дејство на водотокот, езерото или морето, да е обезбедено од промени на коритото на
реката на тоа место. Препорачливо е главниот канал да се влева во водоприемникот
под агол од 45 – 60о, во зависност од количината на водата.
Дејството на главниот канал може да биде еднострано или двострано. При
проектирањето и изградбата на одводната мрежа треба да се води сметка за
следните услови по однос на главните одводни канали:
1. Отекувањето на површинските води треба да е насочено во минимален
број на главни канали. Со тоа се намалуваат земјените работи и бројот на
вливањата во реципиентот, кои се едни од најскапите објекти од системите
за одводнување.
2. Главните одводни канали да имаат максимален подолжен пад, по
возможност помала должина и максимална пропусна способност при
минимален попречен пресек.
3. Вливањето во рецепиентот (водоприемникот) да се врши под агол од 40 о
– 50о од услови за поволни хидраулички услови на токот и појава на
таложење на наносите при самиот влив на каналот.
4. Кривините на трасата да се рамномерни при што аголот на кривините да
не биде помал од 120о, а радиусот на кривината R>10B каде што В е
ширина на слободно водно огледало во каналот.

9.1.3. ВОДОПРИЕМНИК

Водоприемник се нарекува водоток или некој воден резервоар (природен или


вештачки) кој е во состојба да ги прими и одведе сите води кои се собрани со
системот за одводнување. Водоприемници може да бидат реки, езера, јаруги, долини,
акумулации, мориња и сл.

105
Водоприемникот е важен дел на системот за одводнување и од неговиот
карактер и режим многу зависи одведувањето на водата од одводнуваната површина,
можноста за одводнување и успешноста на одводнувањето. Во поголем број од
случаите како водоприемник се користи река.
Малите реки и потоци се тесно поврзани со теренот кој се одводнува и затоа
тие спаѓаат во објектите на системот за одводнување. Користењето на реките како
водоприемници не е можно без претходно да се регулира нивниот воден режим. Ова
посебно се однесува на реките со мал проток на вода.
Езерата може да се користат како водоприемници ако дното на езерото е
значително пониско од дното на главниот канал. Јаруги, ували и долини, ако се
необработливи, можат успешно да се користат како водоприемници за системи за
одводнување со мали сливни површини (до 500 ха). Кај системите за одводнување од
големите сливни површини, кои носат вода во таквите водоприемници, потребно е со
хидраулична пресметка да се провери брзината на течење на водата во јаругите и
долините заради појава на ерозија. Ова се проверува за протоци како резултат на
топење на снег или за време на краткотрајни интензивни врнежи кои се јавуваат во
летниот период.
Водоприемникот треба да ги исполнува следниве услови:
- При просечно истекување во вегетациониот период, нивото на вода во
водоприемникот треба да биде пониско или исто со нивото на водотоците кои се
влеваат во него. Во овој период, не се дозволува успор во мрежата која се влева во
водоприемникот. Во спротивен случај, се влошуват условите за работа на каналите.
Се намалува брзината со која се движи водата и се јавува опасност од закалување на
деловите на устието на одводните водотеци.
- Водоприемникот треба да има доволна пропусна способност која ќе обезбеди
навремено одведување на вишокот вода од одводнуваната територија.
- Треба да се обезбеди рамномерно движење на водата по сета должина. На
местата на поврзување на главните канали или колекторите, коритото и бреговите на
водоприемникот треба да бидат стабилни, да не се еродира материјал од него, да не се
закалува и да не растат растенија во коритото.
- Водоприемникот треба да ги прими и најголемите протоци од од-воднуваната
мрежа во било кој временски период.
Ако водоприемникот не ги исполнува овие барања треба да се направат
соодветни регулациони работи во коритото на водоприемникот.
Пропусната способност на водоприемникот може да е недоволна како
резултат на:
- недоволни димензии на попречниот пресек, најчесто поради недоволна
длабочина, а поретко поради мала широчина на коритото;
- мала брзина на течење поради малите падови и голема рапавина пре-
дизвикана од присаство на треви ;
- рушење на обалата, скренување на водотокот и др;
- таложење на нанос, камења и др., кои го намалуваат попречниот пресек на
коритото и нивни нагли промени (остри премини од широки кон тесни пресеци, од
длабоки кон плитки) кои предизвикуваат нерамномерно течење на водата во
водоприемниците.
С# ова ги намалува димензиите на пресекот на водоприемникот кој не може да
го пропушти меродавниот проток на вода кој доаѓа од одводната мрежа.
Кога се планираат мерките за регулација на водоприемникот и се проек-тира
нов, треба да се предвиди нивното можно влијание врз граничната територија и
промените на водниот режим во реката. Ако реката минува низ добро-пропусни

106
земјишта, по нејзино регулирање се забрзува дотокот на подземна вода. Ова
предизвикува снижување на нивото на вода на повисоките места и може да
предизвика пресушување на земјиштето.
Регулацијата на реката треба да биде комплексно, земајќи ја во предвид не
само мелиорацијата на земјиштето, туку и останатите стопански гранки кои се
заинтересирани за регулација на реката и користењето на водата.

9.1.4. ОТВОРЕНА ОДВОДНА МРЕЖА

Одводните канали ја прифаќаат водата од собирните канали и ја внесуваат


во главниот одводен канал, односно ја внесуваат во одводните канали од поголем
ред, а потоа во главниот одводен канал. Одводните канали од прв ред се влеваат во
главниот канал, а каналите од втор ред се влеваат во каналите од прв ред, итн. (слика
9.1).
Отворена одводна мрежа од било кој ред се определува во зависност од
избраниот систем за одводнување. Ова мрежа се проектира во најниските делови на
теренот за да се обезбеди гравитационо одведување на вишокот вода. Таа треба да ја
одведе водата од секоја точка на одводнуваната површина.
Одводните канали се поставуваат така да ја прифатат водата од собирните
канали и брзо да ја одведат од мелиоративното подрачје, без да притоа се плави
земјиштето. При тоа потребно е да се води сметка за што помали инвестициони
вложувања и помали трошоци за експлоатација. Положбата на одводните канали е
многу важна бидејќи од тоа зависи режимот на работа на системот и мора да исполни
одредени услови. Треба да биде во согласност со потребите за организација на
производството на одводнуваната територија, односно на потребите на земјоделската
механизација. Затоа, растојанието меѓу отворените одводни канали на полињата
треба да биде најмалку 300 – 400 м, а се движи меѓу 400 – 600 м и повеќе.
Вообичаено, овие канали се поставуваат на растојание од 750 – 2000 – 3000 м еден
од друг и по можност на најниските делови од теренот. Ако се потребни помали
растојанија, мора да се предвидат затворени одводници (како трајно решение).
Растојанијата меѓу одводните канали во дадени земјишни услови се поврзани со
нивната длабочина, која треба да го обезбеди примањето на вода од регулационата
мрежа.
Положбата на одводните канали исто така треба да биде во согласност со
интензивното земјоделско производство и плодоредот. Затоа, ако има можност, треба
да се настојува во секое големо поле во кое се одгледуваат разни култури, да има
посебен одводен канал кој нема да пречи на механизацијата. Одводните канали, по
можност, треба да се проектираат право-линиски за да пречат помалку на одвивањето
на земјоделските работи, а во согласност со границите на одводнуваната површина.
Положбата на одводните канали треба да е таква да формираат правоаголни полиња.
Во согласност со спомнатото меѓусебно растојание помеѓу одводните канали од 300 –
400 м, нивната должина треба да изнесува околу 800 – 1200 м. Должината на
отворените канали може да биде најмногу 1500 м. Ако се работи за делови од
системот со мали падови, каналите треба да имаат помала должина, бидејќи тоа
условува помала длабочина при вливот на каналите. Во случај кога се потребни
помали растојанија помеѓу каналите, треба да се предвидат затворени колектори. При
проектирањето на каналите потребно е да се создадат подобри услови за обработка на
одводнуваните полиња. Површината на земјата за орање, која се наоѓа помеѓу
одводните канали од понизок ред, треба да биде поголема од 20 – 30 ха. Ваквата
површина дозволува широка употреба на механизација.

107
Слика 9.3. Шема на вливање на каналите

Одводните канали се проектираат по границите на плодоредот на полето и по


должина на патиштата. Тие се усогласуваат со патната мрежа, шумите и другите
корисници на земјиштето, со колку е можно помал број на пресеку-вања на
патиштата и другите комуникации. Пресекувањето бара дополнителни објекти за да
се обезбеди минување на каналот низ овие места.
Одводните канали се проектираат во зависност од видот на превлажнување на
земјиштето, од топографските, хидролошките и педолошките услови на
одводнуваното подрачје. Тие треба да имаат доволна пропусна способност за да го
спроведат сиот вишок на вода од одводнуваното подрачје и тоа од аспект на
количините на вода и динамиката на нејзиното одведување, која одговара на
земјоделското производство.
За да се користат каналите поефикасно и да се обезбеди поголемо растојание
меѓу нив, треба собирно – регулационите канали, затворените дренови и каналите од
понизок ред да се влеваат од двете страни на одводните канали.
Аголот на прекршување кај отворените канали изнесува 110о – 120 о, а
радиусите на кривините треба да бидат поголеми од 5В (каде В е ширината на
каналот во висина на водното огледало), но не помалку од 20 м.
Минималниот пад на дното на каналот изнесува 0,5 ‰, а само во ретки случаи
за големи канали се дозволува 0,2 ‰. Корисно е ако може да се обезбеди константен
пад на дното на каналот по сета негова должина.
Спојувањето на одводните канали со главните канали се проектира под прав
агол за малите протоци.
Корисно би било доколку е можно, каналите да се влеваат под прав агол,
бидејќи во тој случај се добиваат парцели со правоаголна форма кои најлесно се
обработуваат и се губи најмалку површина. Аголот под кој се спојуваат два канали се
одредува во зависност од протокот на вода во каналот кој се влева и големината и
цврстината на коритото на водоприемниот канал. Во зависност од меродавниот
проток на каналот кој се влива, се препорачуваат следниве вредности (слика 9.3-а):

108
Q ≤ 0,3 m3/s α ≤ 90o
0,3 ≤ Q ≤ 1.0 m3/s α ≤ 60o
Q > 1.0 m3/s α = 45o

Ако водоприемникот или реката носат многу нанос, тогаш е потребно и


помалите канали да се влеваат во него под агол од 50 - 60o. Ако коритото на
водоприемниот канал лесно се поткопува од водата, тогаш на вливниот канал (а кој
по целата должина е под прав агол со водоприемниот канал), на делот на вливот се
прави закривување со радиус R = 10 b (b -ширината на каналот на врвот), а аголот на
прекршувањето е во границите од 45 – 60 o (слика 9.3-b).
Кога се проектира одводна мрежа на терени кои се поплавуваат треба да се
предвиди трасата на каналот да се поклопува со правецот на движење на поплавните
води. Ова се прави со цел да се спречи одронување на каналот.
Формата на попречниот пресек на каналите од одводната мрежа може да се
разликува за сите видови канали, дури и за главниот. Наједноставен и најчест е
трапезниот (слика 9.4). За трапезната форма се определува ширината на каналот во
дното, наклонот на косината, длабочината на водата на каналот и пад на дното. Кај
земјишта со мала стабилност може да се користат канали со параболичен пресек и
комбиниран профил.

Слика 11.4. Трапезна форма на каналот

Минимална ширина на трапезните канали во дното зависи од нивната го-


лемина и се движи меѓу 0,4 – 0,6 м. Помали вредности се користат за канали од
понизок ред, а поголеми за глевните. Во сите случаи ширината во дното треба да се
усклади со машините за земјани работи кои ќе работат на ископот. Максималната
ширина се одредува со хидраулична пресметка.

Земјиште Длабочина на каналот h (m)


< 1,5 1,5 – 2,0 > 2,0
Глина, иловача тешка и средна 1.0 1,5 2,0
(со исклучок на прашинасти)
Лесна иловача, песоклива иловача (непрашинаста), 1,5 2,0 2,5
крупнозрнен и среднозрнен песок.
Ситнозрнен песок 2,0 2,0 2,5
Тресет со степен на распаѓање
R < 50% 1,0 1,5 2,0
R = 50 – 70% 2,0 2,0 2,5
R > 70% 2,0 2,0 2,5

Табела 9.1 Големина на наклонот m (1:m)


Наклонот на косината се одредува во зависност од видот на земјиштето,
односно према податоците за геомеханичките својства. Ако вакви податоци нема,
ориентационо може да се усвои наклон према табела 9.1.

109
Длабочината на одводната мрежа се определува во зависност од длабочината
на собирно – регулационата мрежа. За непречен проток низ каналот, без појава на
застој, водоприемниот канал треба да биде подлабок од каналот кој се влева во него.
Спојувањето (вливањето) на одделните канали се врши така да не дојде до
успор на водата во собирните канали и нивото на водата да биде под котата на
теренот.
Sobirni kanali

h1
h2 h3

Odvoden kanal I red Odvoden kanal II red


Слика 9.5. Вливање на каналите од одводната мрежа

Каналите може да се спојат во вертикална рамнина по следните правила:


1. При вливање на едниот канал во друг тие се спојуваат во вертикален правец
(ако димензиите на секој се одредени со хидраулична пресметка) по правилото
“хоризонт во хоризонт”. Тоа значи дека нивоата на вода во каналите во време на
среден водостој во вегетациниот период треба да се поклопуваат.
2. Кога се влева канал (мал) за кој не се направени хидраулички пресметки
спојувањето е по правилото “дно во хоризонт”, т.е. дното на каналот треба да биде на
исто ниво со водата во водоприемниот канал во вегетациониот период (слика 9.6-а).
Ова важи за помалите канали во кои водата не ја минува висината од 20 см. Ако
длабочината на водата h во каналот кој се влева е поголема од 20 см, тогаш нивото на
водата во приемниот канал е пониска за 1/3h од нивото на вода во каналот кој се
влева (слика 9.6-b).
3. Ако постојат канали за кои не се направени хидраулички пресметки,
поголемиот канал е подлабок за 20 см.

Слика 9.6. Шема за вертикално спојување на отворените канали

110
4. За пропуштање на максимални протоци предизвикани од пролетни и
есенски дождови, нивото на водата треба да биде во висина на горниот раб на
каналот, доколку не се дозволува поплавување на територијата. За меродавните
протоци со усвоен повратен период, нивото на водата во водоприемните канали треба
да биде за 10 – 15 см пониско од нивото на водата во каналите кои се влеваат во нив,
а за 30-50 см пониско од горниот раб на каналот за обезбедување на потребна норма
за одведување.
Овие правила треба да се исполнуваат и при експлоатација на каналите.
Сите овие услови обезбедуваат одведување на водата низ мрежата без застој и
со потребната динамика. Во овие случаи треба да се тежнее кон најмали можни
длабочини на каналите, бидејќи длабоките канали имаат големо влијание на
соседните територии и во нив го снижуваат нивото на подземната вода.

9.1.5. ЗАТВОРЕНА ОДВОДНА МРЕЖА


Затворената мрежа исто така се поставува по најниските места. Должината на
водовите на затворената мрежа се движи од 600 – 1500 м. Најраспространети се
колекторите со должина од 800 – 1200 м за да се избегне нивно големо вкопување.
Пожелно е затворено – регулационата мрежа да се влева во затворените колектори од
двете страни. Растојанието меѓу одводите зависи од избраниот систем за
одводнување на земјиштето и предвидените должини на дреновите или затворените
канали.
Затворените одводни колектори не треба да минуваат низ места каде биле
поставени старите канали а сега се исполнети со земја, стари речни корита, а делови од
земјиштето каде има длабоки наоѓалишта на тресет (повеќе од 1,5 м) и делови со
нестабилни, лизгави и каливи земјишта. Ако ова не може да се избегне, треба цевките
да се зацврстат; треба да се постават на ослони, слично како во случаите на премин на
цевковод низ пат.

Слика 9.7. Ревизиона шахта

111
Затворената одводна мрежа треба да биде праволиниска со најмал број на
промени во правецот. Мора да се избегнуваат поголеми хоризонтални или
вертикални скршувања. Аголот на прекршување не треба да биде помал од 110o–120o.
Минималните вредности на падовите кај затворените колектори изне-суваат
1,5 – 2,0‰. Тие го обезбедуват потребниот режим за работа на затворе-ната мрежа во
пресметковните периоди.
Големите (долги) колектори се прават од цевки со разни дијаметри (се
препорачува не повеќе од три - четири). Најраспространети се колектори со дијаметар
од 100 – 200 мм. Употребата на колектори со голем дијаметар (од 600 – 1200 мм) од
бетон, армиран бетон, пластична маса, наместо отворени канали, е корисна бидејќи
отворените канали пречат на работата на машините или опремата за наводнување.
Слојот на материјалот кој го покрива колекторот мора да биде со длабочина
од најмалку 0,8 м. Ако има можност изливите се поставуваат позади градежните
објекти (мостови, брани и др.), па затоа е потребно да се заштитат.
На соодветни места треба да се предвидат и дренажни шахти. Тие може да
бидат: собирни (спојни), ревизиони, регулациони и филтрациони.
На местата на прекршување (промени на падовите на дното) и на местата на
спојување на поголем број соседни колектори (два или повеќе) потребни се
контролни (ревизиони) шахти (слика 9.7) кои може да бидат и регулациони. Тие се
потребни и на колекторите со должина поголема од 500 м. На подолгите колектори,
рамномерно по нивната должина, се поставуваат ревизиони шахти на секои 300 – 500
м, а понекогаш и на помали растојанија. Кога постои опасност од закалување со
соединенија од железо или при длабока положба на колекторот (повеќе од 2,5 м),
ревизионите шахти се предвидуваат на растојание кое не е поголемо од 150 м.
Ако ревизионата шахта се користи за зафаќање на мил (нанос), мини-малниот
внатрешен дијаметар треба да биде 100 см. Дното на ваквата шахта треба да биде
подлабоко од дното на цевката најмалку 30 см.
Регулационите шахти (слика 9.8) имаат такви направи да можат да го
регулираат водното ниво во земјиштето со цел да се постигне оптимален водно –
воздушен режим во вегетациониот период на културите, т.е. се одводнува за време
на вишок вода и се наводнува земјишниот слој во сушниот период.
Собирните (спојни) шахти (слика 9.9) се градат на места каде се спојуваат два
или повеќе поголеми колектори со голем пречник. Се градат од бетон со правоаголен
или најчесто кружен попречен пресек.

Слика 9.8. Шема на регулациона шахта; Слика 9.9. Собирна (спојна) шахта
1. ѕидови на шахтата; 2. цевка; 3. решетка;
4. затворач; 5. рачка на затворачот;
6. бетонско појачување; 7. поклопец.

112
На места со нагла промена на нивелетата, кај делниците со голем пад на
теренот се предвидуваат каскади (слика 9.10). На слика 9.10 прикажани се две каскади
за колектори за различна висинска разлика која треба да се совлада.

Слика 9.10. Каскади

На тешки земјишта, за одведување на површинската вода од депресиите треба


да се предвидат филтрациони бунари со таложник. Тие може да бидат поврзани со
регулационите шахти. Во случај на потреба низ овие бунари се пушта вода од
заштитната (ободна) мрежа.

Слика 9.11. Разни конструкции на влив на затворениот колектор.

113
Одводната мрежа се поставува во правец на најголемите падови на тере-нот,
независно дали треба да се забрза одведувањето на површинската вода или да се
снижи нивото на подземната вода, бидејќи одводната мрежа треба многу брзо и по
најкраток пат да ја одведе водата во водоприемникот.
На местата на влевањето на затворениот колектор во каналот се градат изливи
кои може да бидат бетонски цевки со наглавка (слика 9.11) или спе-цијални
пластични изливи.
Влевањето на дреновите во цевниот колектор може да биде под било кој агол,
но подобро е под прав. На слика 9.12 прикажани се неколку споеви на дрен со цевен
колектор.

Слика 9.12. Разни споеви на дренот со цевниот колектор

Кога се врши одводнување со затворена мрежа, дното на влезот на ко-


лекторот се наоѓа над средното ниво на водата во каналот во вегетационен период,
најмалку за 10 – 20 см (слика 9.13-а). Доколку не се земе во предвид нивото на водата
во каналот, минималното растојание од дното на каналот до изливот на колекторот
треба да изнесува 30 – 40 см (слика 9.13-б). При влевање на поединечните дренови во
каналот, тие треба да бидат повисоки од дното на каналот најмалку 50 см (слика 9.13-
с).

Слика 9.13. Шема на вертикално спојување на дрен и отворен канал

114
Во специјални теренски услови може да се изгради комбиниран одводен
колектор кој се состои од затворен цевен вод и отворен канал (слика 9.14).

Слика 9.14. Комбинација на затворен цевен вод и отворен канал

9.2. ЗАШТИТНА МРЕЖА

Заштитната мрежа е предвидена за заштита на одводнуваната површина од


вишок на површинска и подземна вода која доаѓа од соседните сливни повр-шини,
падини и повисоки терени. Дотекот на вода од страна е еден од основните причини за
превлажнување на земјоделското земјиште. Заштитната мрежа ја намалува количина
на вода која ја прима собирно – регулационата и одводната мрежа. Покрај тоа што
објектите на заштитната мрежа го спречуваат превлажнувањето на земјиштето, тие во
исто време ја растеретуваат основната мрежа за одводнување, што доведува до помали
димензии на каналите отколку без заштитна мрежа. Заштитната мрежа ја заштитува
одводнуваната површина и од наноси кои доаѓаат со вишокот вода од повисоките
терени.
Заштитната мрежа во системот за одводнување е претставена со ободни
канали, хоризонтална и вертикална дренажа, во зависност од тоа кој воден ток треба
да се зафати (површински или подземен). Оваа мрежа може да биде и комбинирана,
т.е. направена од канали и дренови.
Кога се работи за поплави со големи речни води, најефикасна заштита се
постигнува ако се изградат акумулации на возводниот дел на реката.
Заштита на мелиоративното подрачје од странични површински води, кои
се сливаат по падините, се врши со ободни (ивични) канали. Постојат два
основни типа на ободни канали.
1. Непрекинати, кога каналите се поставени по целата должина на падината
и се сливаат непосредно во реципиентот.
2. Прекинати – одделни, кога ободните канали се продолжение на некој од
каналите на системот за одводнување.
Ободните канали по правило се поставуваат по границата на
одводнуваната и бранета површина. При трасирањето на овие канали, треба да се
внимава тие да не се поставуваат во самата ножица на падината, туку малку
подалеку од неа. На тој начин би се елиминирала можноста за исталожување на
еродираниот материјал од косината во каналот.

115
N advore
{ni v
o di

Braneto podra~je Oboden


kanal

Recipient

Слика 9.15. Непрекинат ободен канал

Падот на ободните канали треба да се усвои така да обезбеди брзина на


водата која нема да дозволи таложење на наносот во нив. Наклонот на косините се
зема поблаг спрема падината 1:2 – 1:3, а пострм од другата страна 1:1 – 1,5,
зависно од длабочината на каналот. Ископаниот материјал од каналот се складира
на спротивната страна од падината во форма на насип.

Слика 9.16. Попречен пресек на одводен канал: 1-депонија на ископаниот материјал, по можност на
низводната страна

Према конструкцијата, заштитната мрежа може да биде отворена и зат-ворена.


Отворената се прави во вид на канали, а затворената од цевки кои се поставуваат на
одредена длабочина под површината на теренот.
Заштитната мрежа има разна должина; која зависи од релјефот на тере-нот,
интензитетот на дотекот на водата и други фактори.
Ободните канали може да бидат плитки или длабоки, се наоѓаат по должина
на горната граница на одводнуваната територија во подножјето на терасите и се
предвидуваат за одведување како на површинските (плитки канали) така и на
подземните води (длабоки канали) кои доаѓаат од сливните подрачја.
Длабочината на каналите за одводнување на површинските води не е
поголема од 1,0 – 1,5 м, и не треба да биде помала од длабочината на собирно –
регулационата мрежа. Должината на каналите, по правило, изнесува 200 – 500 м, но
може да достигне 5 – 10 км. Минималниот пад изнесува 0,5‰.
Попречниот пресек на каналот е трапезен, а ширината во дното зависи од
димензијата на машината која ќе го копа каналот и, како правило, минимум се зема
0,4 м и има разни нагиби на косините. Косината од страната на сливната површина
(m1) е со помал наклон од низводната (m) (слика 9.17).

116
Слика 9.17. Ободен канал

За да се обезбеди доаѓање на површинска вода во ободните канали, целиот


материјал кој е ископан од нив се депонира на низводната страна.
Ако соседните тераси се тесни и подложни на ерозија, тогаш ободниот канал
се планира на растојание од 75 – 100 м од подножјето на терасата (слика 9.17). Водата
која е зафатена со ободниот канал се одведува во одводната мре-жа на системот за
одводнување, во главниот одводен канал, и тоа по можност поблиску до вливот за да
не се зголеми попречниот пресек на главниот канал на голема должина. Ободниот
канал може, што е препорачливо, да се влева директно и во водоприемникот
(гравитационо).
Во зависност од тоа како се слеваат површинските води од повисоките сливни
површини, ободните канали може да бидат континуирани или прекинати.
Длабоките ободни канали се предвидуваат за зафаќање и снижување на
подземните води под притисок. За да се зголеми ефикасноста за зафаќање на
подземните води, овие канали се проектираат на длабочина од 1,5 – 3 м при што
дното треба да биде поставено во водонепопусниот подножен слој најмалку 30 – 50
цм (слика 9.18), во случај на мала дебелина на водоносниот слој (2 – 2,5 м). Ако
дебелината на водоносниот слој е голема и не може да се спречи влезот на вода на
одводнуваната површина, тогаш може да се предвидат два или три реда на канали
(слика 9.19). Каналите се распоредуваат нормално на правецот на токот на
подземната вода. Во овој случај, кога има моќен водоносен слој, под притисок, за
растеретување на подземната вода може да се користат самоизливни цевни бунари
кои се поставуваат на 20 – 40 м, потоа затворена линиска хоризонтална цевна
дренажа или вертикална дренажа во зависност од хидрогеолошките услови.

Слика 9.18. Длабок ободен канал при ограничена дебелина на водоносниот слој

Попречниот пресек на овие канали е со трапезна форма. Во случаи кога


длабочината на каналот е повеќе од 2–2,5 м и кај лесно нестабилни земјишта се
предвидуваат канали со парболична форма.
Двата вида на ободни канали – за зафаќање на површинската и подземната
вода, може да се спојат во еден канал. При стрмни падини, кога површинското

117
истекување е големо и при доток на вода под притисок, ваквото спојување не е
корисно. Во тие случаи се градат два паралелни канали – длабок за зафаќање на
подземната вода и плиток за зафаќање на површинската вода од надворешната стана
на одводнуваната територија.

Слика 9.19. Длабок ободен канал при голема дебелина на водоносниот слој

За зафаќање на подземната вода отворените длабоки канали може да се


заменат со дренови со соодветна големина. Во овој случај дреновите треба да бидат
направени од дренажни цевки со дијаметар преку 75 – 100 мм со изработка на
филтер. Дијаметарот на цевката треба да се одреди со хидраулички пресметки.

9.3. ПРЕСМЕТКА НА МЕРОДАВНИТЕ ПРОТОЦИ ЗА ДИМЕНЗИОНИ-РАЊЕ НА


МРЕЖАТА

Системот за одводнување ја одведува површинската и подземната вода. Тие се


формираат во одводнуваното подрачје, а исто така и на соседните повр-шини. Во
поголем број од случаите, максималните протоци на вода за кои треба да се пресмета
пропусната способност на мрежата, главно се должат на повр-шинско истекување.
Ако на одводнуваната површина се јавува превлажнување и од подземни води, тогаш
на површинското исекување треба да се додаде и подземното.
Општиот меродавен проток за димензионирање на мрежата за одводну-вање
се пресметува со следната формула:

Q = q .A (l/s) (9.1)
Каде:
q – хидромодул на одводнување (специфичен проток, модул на одводнување) (l/s/ha);
A – површина на одводнување, (ha).

Поимот хидромодул за одводнување ја означува количината на вода која треба


да се одведе во единица на време од единица површина. Во општ случај
хидромодулот се пресметува со формулата:

Q
q=
A

118
Вкупната количина на вода која треба да се одведе во време Т од единица
површина, изразена во l/ha е 10000 ∆V (∆V во mm). Ако T – е време во секунди за кое
треба да се одведе вишокот на вода од земјоделска површина тогаш треба да биде:

Q .T = 10000 ∆V
односно:

10000 ∆V (9.2)
q=
T
Кај големите хидромелиоративни системи општиот пресметковен проток Q се
состои од проток на површинската вода Qp и проток на внатрешната (подземна) вода
Qd. За пресметнување на површинската вода треба да се познава хидромодулот на
одводнување на површинскиот истек qp, а за пресметнување на протокот на
внатрешната вода – хидромодулот за одводнување на внатрешниот (дренажен) истек
qd.
Према тоа, хидромодулот на одводнување е:

q = qp + qd
Односно протокот е:
Q = Qp + Qd

Најточни вредности на хидромодулот може да се добијат со помош на


повеќегодишно набљудување, користејќи математичко – статистички методи.
Пресметаната вредност на хидромодулот треба да биде определена во
согласност не само со природните, хидролошките и педолошките услови, туку и со
стопанското користење, кое го одредува потребниот интензитет и времето на
одведување на водата од одводнуваната површина. На големината на хидро-
модулот имаат влијание повеќе фактори: количеството, интензитетот и време-
траењето на врнежите, пропустливоста на земјишто, релјефот, падот и големината на
сливната површина, состојбата на површината и карактерот на растителната
прекривка, интензитет на испарувањето.
На големината на меродавниот проток имаат влијание и барите и езера-та кои
припаѓаат на сливната површина. Барите и езерата акумулираат дел од истекувањето,
поради што количеството на вода кое се собира на површината до местото за
пресметување, се намалува. Во зависност од овие фактори, хидромодулот, односно
меродавниот проток, се менува во текот на времето и просторот.
Ако се земат во предвид различните причини кои имаат влијание на
истекувањето на водата, треба да се одредат најважните моменти во работата на
одводната мрежа, т.е. треба да се определат пресметковните периоди. При ова треба
да се познаваат карактеристиките на користењето на хидро-мелиоративното
земјиште, бидејќи разните култури различно реагираат на промените на водниот
режим. Пресметковните протоци на вода во пресмет-ковните периоди треба да течат
низ коритото на каналите со одредени длабо-чини. Длабочината на водата треба да
биде таква да негативниот ефект од водата врз работата на каналот биде најмала.
Изборот на пресметковниот период зависи и од дијаграмот на годишното
истекување, а исто така и од времето кога се вршат главните земјоделски работи
(сеење, жнеење и сл).
Во пролетниот период доаѓаат најголеми количини на вода во одводната
мрежа, во време кога се топи снегот. Во овој период се јавува опасност од поп-лава на

119
полињата со вода од каналите, а исто така и одронување на коритата. Апсолутниот
максимум не се зема како пресметковен проток, туку протокот определен со помош
на теоријата на веројатност. Повратниот период треба да се оправда со примена на
некоја од методите за оптимизација, земајќи ги во предвид цените на чинење на
земјоделските култури. Према избраниот пресметковен проток, во зависност од
користењето на хидромелиоративните земјишта се определува режимот на вода во
каналите и пропусната способност на каналите.
Важна етапа во работата на системот е периодот пред сеење, кој се зема во
својство на основен пресметковен период. Поплавувањето на земјиштето во периодот
на вегетација, може многу да ги оштети културите или потполно да ги уништи. Во
двата случаи приносите многу се намалуваат. Затоа треба да се направи контролна
преметка за летниот период во зависност од дозволеното време за поплавување на
културите и бараниот модул на одводнување во вегетационен период. Во овој период
од најголем интерес претставува просечниот летен проток кој служи за определување
на вертикалното спојување на одводната и регулационата мрежа.
На многу терени нема податоци за доволно долги периоди, големи се
разликите на условите на теренот (карактерот на растителниот свет, промена во
пропустливоста на земјиштето и др.) поради што не може да се користи математичко
статистичкиот метод. Во овој случај хидромодулот може да се пресмета со
емпириски формули, кои се прикажани во продолжение

Модул на одводнување

Под модул на одводнување разбираме количина на вода која се одводнува


во единица време од единица површина. Обично модулот на одводнување се
обележува со q и се изразува во литри во секунда од хектар (л/с/ха).
При одводнувањето на површинските води, се разликуваат два значајни и
различни периоди, - предвегетационен и вегетационен период. Во врска со тоа,
определувањето на модулот на одводнување го вршиме одделно за
предвегетациониот и вегетациониот период. Претходно е истакнато дека
одводнувањето во предвегетациониот период може да трае 10 до 15 дена и да за
тоа време не постои некоја опасност по самите растенија. Проектирање на
системот за одводнување за побрзо одводнување на површините, во овој случај е
непотребно бидејќи работите ги поскапува а проблемот не го решава подобро.
Условите за одводнување во вегетациониот период се подруги. Се бара
многу побрзо одводнување на површината, кое треба да изнесува, според
изнесеното претходно 5 – 36 часа. Според тоа модулот на одводнување, во овој
период, ќе биде различен и поголем.

Модул на одводнување во предвегетациониот период

Модулот на одводнување во предвегетациониот период е во функција од


врнежите и останатите климатски услови од една страна и влажноста и
пропустливоста на земјата од друга страна. Анализата која треба да се изврши, во
овој случај се состои во утврдување на вкупната вода што паѓа, водата која
земјата ќе ја впие и ќе испари и на вода која треба да се одведе.

120
Во предвегетационот период важно е да се разгледа втората фаза наречена
зимска фаза, која почнува со првиот снег и мраз, а завршува 15 дена по
последниот снег.
Од интегралната крива на врнежите и испарувањето е потребно да се
констатира почетокот на првиот снег и постојан мраз (пример: мразот започнува
на 10 декември и трае до 1 март). Последниот снег паднал на 11 март, меѓутоа,
температурите на воздухот по 1 март биле над нулата, така да тие денови до
последниот снег може да се користат за одводнување. Ако со одводнувањето
треба да завршиме 15 дена по последниот снег, тоа значи дека одводнувањето
треба да заврши на 26 март, а вкупното време за одводнување ќе изнесува 10 + 15
= 25 дена, т.е. од 2 до 26 март.
Во периодот на негативните температури (10 декември до 1 март) паднало
ΣP1 = 180 mm снег, а додека трае одводнувањето паднало уште ΣP2 = 75 снег и
дожд. Вкупните врнежи во зимскиот период изнесуваат ΣP3 = 255 mm. За тоа
време испарило ΣЕ = 63 mm. Вишокот на вода кој треба да се одведе изнесува:

V3 = 255 – 63 = 192 mm

За расположиво време од 25 дена, одводнувањето за еден ден ќе изнесува:

V 192
hv = 3 = = 7,68mm / ден
T 25

Одводнување на 1mm вода во текот на деноноќието од еден хектар изнесува:

0,001 ⋅ 10000
= 0,0001157 m3 / sec/ ha
86400

Според тоа, модулот на одводнување во предвегетациониот период ќе


изнесува:

V3 ∑P- −∑E
q = 0,1157 = 0,1157 (l/s/ha )
T T
Каде е:
V3 – вкупни врнежи за одводнување во зимскиот период во mm
Т – време за одводнување во денови
ΣP – вкупни врнежи во зимскиот период во mm при негативни температури
ΣE – вкупно испарување во зимскиот период во mm.

Во примерот модулот на одводнување изнесува:

Q = 0,1157 . 7,68 = 0,89 l/s/ha


Ако во овој период за одводнување би имало денови со мраз преку целиот
ден, тогаш тие би се исклучиле, а за одводнување би се земале само деновите без
мраз. И обратно, ако имало повеќе денови без мраз тогаш времето на одводнување
ќе се зголеми.
Вредноста на модулот за одводнување во предвегетациониот период се
движи од 0,3 до 1,0 л/с/ха.

121
Модул на одводнување во вегетациониот период

Во предвегетациониот период интензитетот на врнежи е без посебно


значење на големината на модулот на одводнување. На модулот на одводнување
во овој период влијае интензитетот на топењето на мразот и снегот и
времетраењето на одводнувањето. И ако дојде до некое локално и краткотрајно
поплавување, штетата нема да биде многу голема.
При одводнување во вегетациониот период условите се поразлични.
Главните елементи кои треба да земат во предвид и кои треба да се анализираат
се:
1. Интензитетот и висината на дождот во текот на вегетациониот период
( i односно h).
2. Траењето на дождот и неговата зачестеност (t односно n)
3. Големината на системот кој се карактеризира со површина F и
должина L и
4. Интензитетот на впивање io, кој го има земјата во тој момент, а во
зависност од нејзиниот педолошки состав и влажност.
Вишок на вода може да се појави на теренот и да го плави, само во случај
кога интензитетот на дождот е поголем од интензитетот на впивањето i > io.
Интензитетите на дождот кои се помали од интензитетот на впивањето на почвата
не треба да се разгледуваат, бидејќи нема појава на вода на површината и модулот
на одводнување е нула.
Општиот израз за модулот за одводнување во вегетациониот период е:

i - io 10000 i -i
q= = 2,778 o (l / sec/ ha)
Tc 3000 Tc
Каде е:
i – интензитет на врнежи во mm/h
io – интензитет на впивање во почвата и испарување во mm/h
Tc – време на одводнување на површината од собирниот канал односно време за кое
може растението да биде под вода без да има штетни последици, во часови.

Ако разгледуваме тип на пороен дожд кој се јавува со интензитет i = 50


mm/h и ако претпоставиме дека впивањето и испарувувањето ќе изнесува 40% од
интензитетот, а времето за одводнување на делницата треба да изнесува најмногу
12 часа, тогаш модулот на одводнувањето ќе изнесува:

io= 40% i = 0,40x50 = 20 mm/h


(50 − 20) ⋅ 10000
qc = = 6,95(l / s / ha)
12 ⋅ 3600

За време од 36 часа, модулот на одводнување ќе изнесува

(50 − 20) ⋅ 10000


q= = 2,47 l/s/ha
36 ⋅ 3600

Овие износи на модулот за одводнување во вегетациониот период


покажуваат дека тој е многу поголем од модулот на одводнување во

122
предвегетациониот период. Вредноста на модулот на одводнување во
вегетациониот период изнесува обично од (2 – 10) l/s/ha.
Модулот за одводнување за одводните канали има помала вредност од
истиот за собирните канали, бидејќи дотокот на вода во одводните канали не е
прост збир на дотокот на вода од собирните канали туку е помал од тој збир,
поради појавата на задоцнување (ретардација). Времетраењето “T” на
отекувањето на падната вода на дадена површина е еднакво на збирот од
времетраењето на дождот (Тg); отцедувањето на водата до собирните канали (Тс)
и времето на одведување низ одводната мрежа.
Количината на вода која отекува од одводнуваното подрачје се движи по
крива која покажува дека во почетокот таа расте до извесен максимум, го
задржува извесно време тој максимум и на крајот постепено се намалува. За
определување на димензиите на одводната мрежа особено е важно да се определи
вредноста на максималното отекување и нејзиното траење. Максимумот никогаш
не може да биде поголем од производот на максималниот модул во вегетациониот
период и големината на сливната површина. Во многу случаи тој е значително
помал од вредноста на производот, бидејќи има закаснување во отекувањето,
односно појава на ретардација на токот. Тоа се јавува заради неможноста на
водата едновремено да падне и отекне во одводната мрежа од целата површина.
Во најлош случај може коефициентот на закаснувањето (ретардација) да биде
единица и тоа кога траењето на дождот е подолго, а одводната мрежа кратка, така
да водата од горната површина сигне до мерниот профил додека трае дождот.
Модулот на одводнување за одводните канали може да се пресмета со
равенката:
q = ϕ ⋅ qc (l / s / ha )
Каде е:
qc – модул на одводнување на собирните канали, т.е модул на одводнување во
вегетационен период
k
φ – коефициент на закаснување, кој според Костјаков изнесува ϕ= x
F
k – коефициент чија седна вредност изнесува 2,0
F – сливна површина во ха
x = показател кој зависи од падот и големината на сливната површина, должината и
времето на одводнување (од 0,4 до 10,0).

Според Bürkli, коефициентот на закаснувањето изнесува:

1 1
φ= n или φ= n
F L
Каде е:
F – сливна површина во хектари
L – должина на собирните и одводни канали
n – показател кој зависи од падот на теренот за првиот случај за површина и се движи од 4
– 8 и од падот на каналите за вториот случај и се движи од 2,5 до 3,0.

SCS (Soil Conservation Service) метода

За земјоделската површина, која е предвидена за одводнување, потребно е да


се направи детална анализа на врнежите и тоа интензитетот, траењето и повратниот

123
период со цел да се определи меродавниот дожд за димензионирање на елементите на
системот за одводнување. Поимот меродавен дожд е доста неопределен кога се
работи за проблем на одводнување на земјоделско земјиште или одводнување на
урбана средина. Често пати може да се прифати едно земјоделско земјиште да биде
определен период под вода без да при тоа се предизвикаат поголеми штети.

Слика 9.20

Мрежата на системот за одводнување треба да биде така проектирана да може


да ја евакуира водата од меродавниот дожд (или најмалку делот кој не ис-парил).
Кај нас вообичаена пракса е системот за одводнување да се проектира за
максимален проток со појава еднаш во 5 или 10 години, односно за обезбеденост од
околу 80 – 90%.
Површинското истекување од земјоделските површини или ефективните
врнежи можат да се определат и со методата SCS (Soil Conservation Service – USA)
која потекнува од 1957 година. Оваа метода првенствено служи за определување на
пресметковната голема вода со различен повратен период.
Со помош на ова метода се определуваат ефективните врнежи Pe во функија
на врнежите P, почетните губитоци (пред да почне површинското истекување) Јо и
потенцијалната (максимална ретензија на земјиштето S.
Методот се засновува на односот (слика 9.20):

F Pe
= (9.5)
s P − Jo

Стварната ретензија е:

F = (P-Jo) – Pe (11.6)

Со решавање на формулите (9.5) и (9.6) се добива:

124
P − Jo − Pe Pe
= (9.7)
S P − Jo

Од формулата (9.7) се добива равенката:

( P − J o )2
Pe = (9.8)
( Pe − J o ) + S

t2

Релацијата (9.8) важи под услов да е P > Јо, каде е P = ∫ i ⋅ d t


0
i – интензитет на дождот
Ако почетниот интензитет на дождот i0 е поголем од интензитетот на
инфилтрацијата, тогаш до површинско истекување доаѓа веднаш по почеток на
дождот.
Ако е во некој временски интервал (0,t1), fo>io, тогаш ќе се јави почетен губиток:

t1

J o = ∫ i ⋅ dt
0
и во интервалот (0,t1) e Pe = 0
Во овие формули е:
Pe површинско истекување, односно ефективни врнежи;
P бруто врнежи;
Jo почетен губиток кој опфаќа: интерцепција, инфилтрација и површинска
акумулација на врнежите пред да почне истекувањето и зависи од
особините на земјиштето и прекривката;
S потенцијална максимална ретензија на земјиштето.
Меѓу S и Jo е воспоставена емпириска зависност, добиена врз основа на
анализа на поголем број експериментални мали сливови во САД:

Jo = 0,2 .S (9.9)

Со замена на формулата (11.9) во (11.8) се добива:

( P − 0,2S ) 2
Pe = (9.10)
P + 0,8S

Вредноста Ѕ зависи од видот на земјиштето и може да се пресмета по формулата:

1000
S = 25,4( − 10) (mm) (9.11)
N

Од равенката (9.11) излегува дека Ѕ = ∞ за N = 0 (нема истекување), додека S


= 0 за N = 100 па Pe = P (слика 9.21).

125
Слика 9.21

Секоја крива, од фамилиите криви обележани со броевите од 20 до 100,


одговара на одреден потенцијал за истекување од разгледуваниот слив (слика 9.22).
Ако вредноста на бројот N е поголема, тогаш и потенцијалот за исте-кување ќе биде
поголем. Максималната вредност на истекувањето е за N = 100 и се однесува на
непропустлива подлога и водена површина. Бројот на кривите N претставува
хидролошко земјишно – растителен комплекс. За определување на вредноста на N за
определена сливна површина треба да се познаваат три фактори од кои зависи
истекувањето: видот на земјиштето, начинот на обработка на земјиштето и
растителната прекривка. Овој параметар претставува комбинација помеѓу
хидролошката група на земјиштето и начинот на неговото користење (прекривката),
поради кое го има добиено горниот наслов.

126
Слика 9.22 – а. Однос меѓу паднатиот и ефективниот дожд за разни коефициенти на истекување према SCS.

Слика 9.22 – б. Однос меѓу паднатиот и ефективниот дожд за разни коефициенти на истекување према SCS
За да се определи големината N покрај познавање на начинот на користење на
земјиштето, треба да се познава и хидролошката група на земјиштето. Према
инфилтрациската способност по престанокот на долготрајните дождови, земјиштата се
поделени во четири групи. Класификација на земјиштата во сливот се прави на
основа на нивните педолошки својства. На основа на потенцијалите способности на
земјиштата да ги задржат врнежите и со тоа да го намалат истекувањето, во САД е
направена анализа на голем број видови и подвидови земјишта (околу 4000). Сите тие
добиле карактеристични означувања од А до D. Врз основа на бројни истражувања за
влијанието на начинот на обработка на земјиштето и растителната прекривка на
истекувањето, од страна на експертите на US Soil Conservation Service е направена
табелата 9.4 за избор на бројот на кривата N.

127
Вегетациска прекривка Површинска обработка на земјиштето Вид земјиште
A B C D
Угар Рамни редови 77 86 91 94
Окоповини Рамни редови 70 80 87 90
(Култури со низок склоп Обработка по изохипси 67 77 83 87
Обработка по изохипси + тераси 64 73 79 82
Рамни редови 64 76 84 88
Житарици Обработка по изохипси 62 74 82 85
(ниски треви) Обработка по изохипси + тераси 60 71 79 82
Легуминози Рамни редови 62 75 83 87
Или ливади во Обработка по изохипси 60 72 81 84
плодоред Обработка по изохипси + тераси 57 70 78 82

Пасишта Слаби 68 79 86 89
Нормални 49 69 79 84
Добри 39 61 74 80
Обработка по изохипси, слаби 47 67 81 88
Обработка по изохипси, нормални 25 59 75 83
Обработка по изохипси, добри 6 35 70 79

Ливади Нормални 30 58 71 78
шуми одгледувани Со ниска транспирациона способност 54 66 77 83
Нормална транспирациона способност 36 60 73 79
Висока транспирација 25 55 70 77
Салаши Нормални 59 74 82 86
Патишта Мека површина - калливи 72 82 87 89
Тврда површина 74 84 90 92
Шуми Многу голема транспирација 56 75 86 91
кои не се одгледувани Ниска транспирација 46 68 78 84
природни Нормална транспирација 36 60 70 76
Висока транспирација 26 52 62 69
Многу висока транспирација 15 44 54 61
Непропусна површина 100 100 100 100

Табела 9.4 Бројки на кривите N за хидролошко земјишно – растителен комплекс

Спомнатата категоризација на земјиштата е направена врз основа на следите


карактеристики:
Група А: Длабоки земјишта составени од песоци со многу малку прашина и
глина; длабок, многу пропуслив лес. Овие земјишта имаат висока инфилтрација, а
мал потенцијал на истекување. Тоа се земјишта со добра хидраулична проводливост.
Група Б: Поплитки песочни земјишта компарирано со групата А; нешто
покомпактен лес. Тоа се земјишта со средна инфилтрација после потполно
заситување со вода и имаат средна хидраулична проводливост.
Група Ц: Плитки земјишта, со доста глина и колоиди, но помалку од тие на
групата Д. По заситувањето со вода, овие земјишта имаат слаба инфилтрација и мала
хидраулична проводливост.
Група Д: Претежно глиновити земјишта со голем потенцијал за бубрење, како
и плитки земјишта со практично непропуслив подхоризонт во близина на површината
и земјишта со константно висока подземна вода. По заситување со вода, овие
земјишта имаат многу слаба инфилтрација и многу мала хидаулична проводливост.
Имаат висок потенцијал за истекување.
Од табелата 9.4 се гледа дека земјиштата од групата А имаат најголем
инфилтрационен капацитет, односно најмал потенцијал за површинско истекување.
Обратен случај е групата Д.
Табелата 9.4 е добиена од експериментални парцели на кои се мерени
врнежите и истекувањето и за кои имало податоци за видовите на земјишта и
растителната прекривка.

128
Во врка со ова, потребно е во наши услови во согласност со видовите
земјишта да се определат хидролошките групи на земјишта. Исто така треба врз
основа на наши експериментални податоци на експериментални парцели да се утврди
истекувањето во функција од воднофизичките и другите својства на
најраспространетите видови земјишта и да се направи за наши услови табели,
дијаграми и функцијата Pe=f(P,Jo,S,N).
Методата SCS е поточна од рационалната метода, бидејќи ги зема во предвид
карактеристиките на земјиштето, начинот на обработка и растителната прекривка.
Меѓутоа, во неа не се земени во предвид процесите на течење.
Рационалната метода не може да се прифати како точна бидејќи таа се
користи на пресметка на истекувањето во урбана средина и второ, бидејќи
определувањето на потребните коефициенти е проблематично.
Користејќи ја методата SCS може да се определи хидромодулот за одведување
на површинското истекување qp со помош на следната формула:

C
qp = 1
(l / sha ) (9.12)
A 6

Каде е:
C – коефициент кој се однесува на карактеристиките на сливот и на голе-
мината на дождот од кој треба да се штити сливното подрачја.
А – одводнувана површина во ха.

Ова равенка се користи за рамничарски терени со падови помали од 1%.


Како резултат на повеќегодишното наблудување постојат доволно податоци
кои овозможуваат равенката (9.12) да се користи за определување на хидромодулот
на површинските води за сите рамничарски сливови во САД и за разни климатски
услови.
Вредностите на коефициентот C за рамничарски терени може да се определи
од равенката:

C = 4,52 + 0,16Pe (9.13)


Каде е:
Pe – вишок на врнежи во mm добиен со равенката (9.10).

За да се пресмета вредноста на С треба прецизно да се определи нивото на


заштита за одбрана на сливното подрачје. Ова ниво на рамничарски терени зависи од
траењето и честота на дождовите со голем интензитет од кои се браниме, потоа, од
површината која се брани како и од губитоците на земјоделските култури.
Хидромодулот се пресметува на следниов начин:
1. Се определува површината на сливот и делови од сливот со разни групи на
земјишен покривач.
2. Се определува времето за одведување на површинското истекување за
насадите кои треба да ги заштитиме од вишокот на вода. Нормално се користи 24
часовно траење на врнежите.
3. Се избира повратниот период на врнежите.
4. Се определува дождот кој треба да се користи за избраниот повратен
период на врнежите.
6. Се пресметува површинското истекување.
7. Се пресметуваат вредностите на C и qp.

129
Како пример за определување на хидромодулот qp се претпоставува заштита
од дводневен интензивен дожд (48 часовен) со петгодишен повратен период.
Вредноста на дождот со траење од 48 часа и петгодишен повратен период изнесува 80
мм. Видот на земјиштето припаѓа во Д – хидролошко – земјишната група. На 80% од
теренот има ораници кои имаат крива на површинско истекување број 82, а 20% од
теренот се ливади кои имаат крива на површинско истекување број 78. Ова дава
пондерисана вредност од 81, што како резултат дава површинско истекување од 36,3
мм за дводневен дожд. По-ловина од ова се користи, т.е. 18,15 мм, во равенката (9.13)
и се добива вредност за С = 7,42. За површина за одводнување А = 10.000 ха, со
помош на равенката (9.12) се добива вредност на хидромодулот qp = 1,60 l/s/ha.

Хидромодул на дренажно истекување

Водата во затворената одводна мрежа доаѓа од дреновите. Волуменот на


водата во дадениот случај зависи од видот на напојувањето со вода и водно –
физичките својства на земјиштето, а исто така и од параметрите на регулацио-ната
мрежа (растојание, длабочина, конструкција и др.).
Хидролошкиот режим на затворената мрежа се карактеризира со хид-
ромодулот на дренажното (внатрешно) истекување, формиран како резултат на
подземната или инфилтрираната површинска вода.
Хидромодулот на дренажното истекување е волуменот на подземната вода
која истекува во единица на време од единица површина. Овој хидромодул зависи од
растојанието меѓу дреновите или собирните канали, земјишно – климатските услови,
видот на снабдувањето со вода и други фактори.

Средни годишни врнежи Тешки и средно тешки земјишта Лесни земјишта


мм q во l/s ha q во l/s ha
до 650 0,40 0,55
650 - 750 0,40 – 0.45 0,55 – 0,70
Преку 750 0.55 – 0.70 0.70 – 0,85
Табела 9.5. Вредности на дренажните хидромодули за Северна Европа
Во хидролошките пресметувања на затворената мрежа влегува (исто како и кај
отворената): избор на повратниот период и определување на хидромодулот на
дренажното истекување. Кога е познат хидромодулот на дренажното истекување, се
определува и меродавниот проток.
Како пресметковен период исто така се зема пролетниот, кога во затворената
мрежа доаѓаат максимални количини на вода. Во времето кога затворената мрежа
работи, модулите на истекување не се константни и се менуваат зависно од
спомнатите фактори. Во пресметките не е потребно да се користи апсолутен
максимум бидејќи тоа ќе доведе до големи дијаметри на затворената мрежа и, према
тоа, до зголемување на трошоците на системот за одводнување. Затоа, може да се
прифати во пролет мрежата да работи пократко време (2 – 7) дена со поголемо
оптоварување, без покасно да има негативно влијание во развојот на земјоделските
култури и нивниот принос.

Вид на земјиште q (l/s ha)


Многу тешки земјишта 0,30 – 0,40
Средни земјишта 0,50 – 0,60
Лесни земјишта 0,60 – 0,70
Табела9.6. Хидромодул на дренажното истекувања за услови во Русија

Хидромодулот на дренажното истекување може да се определи на разни


начини. Најточно тој може да се добие на основа на истражувања на

130
експериментални парцели. Ако нема такви истражувања, вредностите на дренажниот
хидромодул може да се определат со помош на аналитичките зависности, користејќи
ги формулите за пресметување на растојанијата меѓу дреновите.
Ориентационите вредности на дренажниот хидромодул зависно од годиш-ните
врнежи и видот на земјишта во Средна Европа се прикажани на табела 9.5.

Вид на земјишта q (l/s ha)


Обично песокливо – глинесто 0,70
Пропустливи глинесто – песокливи земјишта 1.00
Табела 9.7. Дренажен хидромодул за услови во САД

А.Фридрих ги дава следните вредности за дренажниот хидромодул q во l/s ha:


- за ливади и рамни места 0,65
- за за планински места 0,75
- за за ораници со многу пропуслива земја 1,00
- за потешки глинести земјишта 0,31 – 0,37

Во Германија се усвојуваат во пракса вредностите на дренажниот модул


кои се дадени во следната табела:
Средни годишни врнежи Хидромодул qd
mm qd – l/s ha mm/den
Помалку од 600 0,8 7
600 - 1000 1,0 9
Повеќе од 1000 2,0 17

Средни годишни врнежи Хидромодул qd


mm qd – l/s ha mm/den
2000 2,9 25
1500 2,2 19
1000 1,5 13
875 1,16 10
Помалку од 875 0,87 7,5
Табела 9.8 Хидромодул на дренажното истекување према нормите на Германија (ДИН 1185)

Во Русија најчесто се користат дренажни хидромодули прикажани на табела


9.6.
Во САД се земаат релативно високи хидромодули за дренажно истеку-вање
(табела 9.7).
Во табелите 9.8 – 9.11 прикажани се хидомодулите за дренажно исте-кување
во Германија, Англија, Холандија и Чешка.

Хидромодул qd
КУЛТУРИ qd – l/s ha mm/den
Ратарски, градинарски и 7
пасишта 0,8
Полдери 0,8 - 1,16 7 - 10
Населби 1,16 10
Табела 9.10. Хидромодул на дренажното истекување према холанските норми за врнежи до 600 мм

Средни годишни врнежи Хидромодул qd


mm qd – l/s ha mm/den
Помалку од 600 0,65 6
600 -700 0,8 7
700 - 1000 1,0 8,6
Повеќе од 1000 1,2 10,4
Табела 9.11. Хидромодул на дренажното истекување према чешките норми

131
Кај нас не постојат вакви норми и затоа најчесто се користат искуствата и
нормите од други држави.
На мочварни земјишта со интензивно подземно хранење и кога се одве-дува
површинското истекување, големината на дренажниот хидромодул може да се усвои
од 0,9 – 2,0 l/s/ ha.
Дренажниот модул на одводнување зависи од: врнежите и нивната
распеделба, конфигурацијата на теренот, вегетационата покривка и физичките
особини на земјиштето.
Во литературата се сеќаваат повеќе формули и методи за определување на
дренажниот модул. Според Костјаков, дренажниот модул изнесува:

p ⋅η ⋅ α
Q= ( л / с / ха)
t ⋅ β ⋅ 864

Каде е:
p – врнежи во mm
t – времетраење на врнежите во деноноќието
η – коефициент на впивање, се движи 0,4 – 0,9
β – коефициент кој зависи од водопропусливоста на земјата и интензитетот на
одводнувањето и изнесува од 1 – 1,3.
α – дренажен оточен коефициент кој зависи од земјиштето и месецот во годината за кој
се врши пресметување. Се движи од 8 – 100%.

Во случаи кога протекот на дренажната вода во споредба со протекот на


површинската вода е беззначаен, тој може да се занемари.

Димензионирање на одводната мрежа

По извршеното хидролошко пресметување, т.е. по одредување на меро-


давниот проток за да се димензионира мрежата, треба оваа мрежа и хидрау-лички да
се пресмета. При димензионирање на одводната мрежа, прво што треба да се определи
максималниот проток во каналот. Тој ќе настапи кога во каналот ќе се слие водата од
целата сливна површина. Според тоа, максималната водна количина ќе изнесува:

Qmax = F . qmax (л/сек)


Каде е:
F – површина што ја одведува каналот кој го димензионираме во ха
qmax – максимален модул на одводнување, кој е различен за одделни канали од
одводната мрежа;

За собирни канали се усвојува модулот на одводнување во вегетациониот


период, за одводните канали намалениот модул на одводнување во вегетациониот
период по формулата на Костјаков или Биркли, и за главниот одводен канал модулот
на одводнување во предвегетациониот период.
Од како ќе се определи максималниот проток во каналот, се определуваат
димензиите на каналот со помош на познатите методи од механиката на флуиди.
Количината на вода што каналот може да ја пропушта изнесува:

Q = F ⋅ V (m3/sek)
V = C RJ (m/sek).

132
Каде е:
F – протечен пресек
V- брзина на водата
87
c – коефициент на брзината, по Базен c =
γ
1+
R
γ – коефициент на рапавина
J – пад на дното на каналот
R - хидраулички радиус

Длабочината на водата се усвојува така да не се создаде успор во помалите


канали и да нивото на водата биде секогаш под површината на теренот. Слободното
надвишување на каналите се усвојува во границите: 20 – 30 см кај собирните канали
и 30 – 60 см при одводните канали. Вкупната длабочина на одводните канали се
движи од 0,8 – 1,5 м. Брзината на водата во одводната мрежа треба да изнесува:
- најмалку 0,2 м/сек за да не се таложи муљ;
- најмалку 0,4 м/сек за да не се таложи песок;
- најмалку 0,5 м/сек од услов да не зараснува вегетација;
- најмалку 0,6 – 0,7 м/сек за средна и 0,9 -1,0 м/сек за збиена подлога, за да
не дојде до ерозија (поткопување) на каналот.

Димензиите на каналите за одводнување и нивната пропусна способност се


одредуват за максималниот пресметковен проток на вода (меродавниот проток). Со
хидрауличките пресметки е потребно да се определат димензиите на попречниот
пресек на каналите или цевките во согласност со пресметковните протоци. Втора
задача на хидрауличките пресметки е да се определат подолжните падови така да
брзината на водата не предизвика еродирање и закалување. Брзината на движење на
водата во каналот треба да го задоволи условот:

Vmin < V < V max (9.12)

каде минимално дозволената брзина (диктирано од условите на земјиштето и


зараснатост на коритото) е V min = 0,3 -0,4 м/с ( кога се пропушта средниот проток во
вегетациониот период). Брзината со која се движи водата за време на максималниот
проток (меродавниот) не треба да ја помине максималната вредност при која се јавува
ерозија односно, испирање на материјалот (табела 9.12).

Земјиште Дозволени брзини (м/с)


глина 0,75 – 1,25
тешка иловача 0,70 – 1,20
средна иловача 0,65 – 1,00
лесна иловача 0,60 – 0,90
песоклива иловача 0,40 – 0,60
крупен песок 0,60 -0,75
среден песок 0,40 – 0,60
ситен песок 0,25
малку распаднат тресет 1,20 – 1,50
распаднат тресет 0,50 – 0,80
Табела 9.12 Просечни дозволени максимални брзини, кои не предизвикуваат еродирање на
коритата на каналите (при хидрауличен радиус R = 1 m)

Ако брзината на движење на водата, добиена со пресметка, ја надмине


максимално дозволената, се менуваат параметрите на каналот така да брзи-ната на

133
водата биде во дозволени граници. Ако поради условите на релјефот и други причини
тоа не е можно, се предвидуваат каскади и се обложува коритото на каналот.
Каналите се пресметуваат во пресеците кај устието, на местата на спојување,
кај хидротехничките објекти, при промена на параметрите на водотекот (ширина,
длабочина, пад и др.), на кривини, пред и после влевање на другите канали од
одводната и заштитаната мрежа.

Димензионирање на подземната дренажа

Димензиите на цевките за затворените колектори се одредуваат на основа на


хидрауличка пресметка, која се прави за следните пресеци: на устието, на места каде
има промени на падовите, на места каде се спојуваат колекторите и шахтите. На
горниот дел од колекторот ќе има најмала количина на вода која доаѓа во него. Со
приближување кон устието количината на вода се зголемува и достигнува максимум
на местото на негово спојување со друг елемент од одводната мрежа. За пропуштање
на вода потребно е да се определат димензиите на колекторот, кои треба да растат од
почетокот кон устието на колекторот. Со хидрауличните пресметки на колекторот е
потребно да се определат димензиите на попречниот пресек (дијаметарот), пресеците
каде се менува дијаметарот и должините со подеднаков дијаметар. Исто така треба да
се определи брзината на движење на водата во затворениот колектор за меродавните
протоци и определениот дијаметар.
Дреновите ја примаат водата од земјиштето по целата своја должина. Според тоа,
колку дренот е подолг, толку протокот во него е поголем. Во пракса должината на
сисалите дренови се земаат обично 200 – 250 м. Дренот не работи со полн капацитет
туку обично се зема да е наполнет со вода до половина, а другата половина на дренот
треба да служи за довод на воздух т.е. размена на гасовите меѓу земјиштето и
атмосферскиот воздух. Со текот на времето, дреновите се закалуваат а нивната
пропусна способност се намалува, што треба да се има во предвид при усвојувањето
пречници за дреновите.
Пречникот на сисалните дренови не се пресметува туку се усвојува да
изнесува од 5 – 6 см до 12 см. За да се спречи закалувањето на дреновите, брзината на
водата се усвојува да не е помала од 0,2 – 0,25 м/сек за глини и тресет, 0,4 м/сек за
дренови поставени во слој од ситен песок. Максималната брзина во дреновите не
треба да е поголема од 1,5 м/сек од аспект на еродирање на земјишната подлога на
местата каде спојуваат дреновите.
Колекторот кој ја прима водата од сисалните дренови обично е со должина од
1000 м и се димензионира според протокот што треба да пропушта:

Q = F ⋅ qдр ( л / сек)
Каде е:
F – површина што ја одводнува колекторот во ха
qдр – дренажен модул на одводнување во л/сек/ха

По пресметувањето на проточното количество во колекторот, хидрауличните


пресметувања и определување на неговите димензиите ги вршиме по познати методи
во хидрауликата, како за канализациона мрежа.
Димензиите на затворените колектори треба да бидат такви за да обезбедат
брзини при кои во цевките нема за дојде до закалување или наносот да се однесе.
Честичките од песок почнуваат да се изнесуваат од цевките кога брзината на водата е

134
поголема од 0,3 м/с. Тоа се и минимални брзини во колекторите. Кога во подземните
води има оксиди на железо повеќе од 5 мг/л брзината на водата во цевките треба да
биде најмалку 0,35 м/с. Максимални брзини при меродавните протоци треба да бидат
до 1,5 м/с. Оптимални брзини за движење на водата во цевките на колекторите се 0,6
– 0,8 м/с. Колекторите треба да овозможат пропуштање на нормални и максимални
протоци, затоа хирауличните пресметки се прават за двата случаи. Дијаметарот на
цевките се определува од условот за пропуштање на максимален проток во услови на
максимално искористување на пресекот. За избраниот дијаметар на цевката се прави
повторна хираулична пресметка за нормалниот проток и се определува брзината на
течењето и степенот на полнење на цевката.

135
10. НАСИПИ

Главните технички средства во борбата против поплавувањето на мелио-


ративното подрачје од надворешните речни води се:
1. Зголемување на пропусната способност на коритото на реката преку
регулирање на коритото на одделни делници.
2. Изградба на акумулациони или ретензиони базени по средниот или долниот
ток на реката.
3. Изградба на насипи по должина на коритото на реката.
4. Намалување на површинското истекување преку технички, агромелио-
ративни и шумско мелиоративни мерки во сливното подрачје на реката.

10.1. Општо

Насипите претставуваат едно од најстарите и најпогодни средства во борба


против поплавувањето и заштитата од големи води. Насипите се изведуваат: (1) во
случај кога со регулирање на коритото на реката не може да се снижи нивото на водата
во реката. Тоа значи истовремено изведување на регулација на коритото со изградба на
насипи и (2) изградба само на насипи без регулирање на коритото. Насипите се
поставуваат на едната или двете страни на реката, на определено растојание од брегот
на реката, а во зависност од теренските услови и трасата на речното корито.
Зависно од степените на одбрана од поплавување, разликуваме два вида
насипи: (1) насипи кои не се преливаат, таканаречени зимски насипи и (2) насипи кои
се прелеваат од големи зимски води, наречени летни насипи. Првите го бранат
подрачјето од летните и зимските големи води, а вторите, само од летните големи
води.

0,5 - 1,5m V.V.


:3
-1

1:
5

2
1,

-1
1:

:4

S.V.
Berma

Слика 10.1. Зимски насип

138
1-2m

V.V.
0,3 - 0,5m

:10 1:
-1 2
1:3 -1
:3
S.V.
Berma

1:40-1:200

Слика 10.2. Летен насип

Зимските насипи се градат обично во случаите кога е потребно да се бранат од


поплавување населени места и површина која е плодна и засадена со култури кои
даваат големи приноси, а летните кога е потребно да се бранат од поплавување
површини кои се под ливади, пасишта и сл., т.е. површини кои не се користат и
обработуваат интензивно.
Разликата, меѓу другото, помеѓу зимскиот и летниот насип е и во самото
градење, односно резервата во надвишување на круната на насипот, нејзината ширина
и наклонот на косините.
Трасирањето на насипите во ситуација се врши одкако ќе се определи
растојанието меѓу нив. При трасирањето, треба да се имаат во предвид следните
услови:
1. Насипите да се поставуваат, по можност, со правецот на течењето на
големите води и да бидат паралелни еден на друг.
2. Треба да се избегнуваат острите кривини на насипите и покрај острите
кривини на коритото на реката. Трасата на насипите треба да има благи
кривини со радиус не помал од 500- 1000 м. Со тоа се избегнуваат ударите на
водата кои можат да го разрушат насипот.
3. Растојание меѓу насипите да е по можност еднакво. Да се избегнува
стеснување илл проширување на растојанието. Честото менување на
растојанието меѓу насипите ги зголемува попречните циркулации на течењето,
кои се опасни за стабилноста на насипите.
4. Насипите да се континуални и да завршуваат на падините кои не се
поплавуваат, т.е. да станува збор за затворени насипи.
5. Основата на насипите треба да лежи на почва со добри носиви
карактеристики. Врз тресет не се дозволува изградба на насипи повисоки од 2
м.
6. Круната на насипот треба да е за 0,5 – 1,5 м над највисокото водно ниво во
реката.
7. При проектирањето на насипите да се бара најкратката траса водејќи сметка за
горните услови.

139
0
a =45

Reka
a =450

Слика 10.3. Трасирање на насипи

Попречниот пресек на насипот е обично трапезен. Се димензионира од условот


за филтрацијата на водата низ телото на насипот.
Димензиите на насипот треба да бидат такви, да филтрационата крива не
излегува надвор од косината од надворешната (воздушната) страна на насипот. Ако
оваа линија излегува на надворешната косина, тогаш се прави поблага косина на
насипот или се предвидува берма (банкина).
Наклонот на косините зависи од материјалот од кој е направен насипот и се
движи во следните граници: при песокливи почви од 1:8 до 1:10 при глинесто
песокливи 1:3 до 1,5 и при песокливо глинести од 1:2 до 1:3.
Наклонот на косините при летните и зимските насипи, а исто така и другите
димензии се прикажани во следната табела:

Табела. Наклон на косини на насипите


Ознака летни насипи зимски насипи
Косина на водната страна 1:2 – 1:3 1:2 – 1:4 При подземно
провирање на вода – 1:4 – 1:6
Косина на воздушната страна 1:9 – 1:10 1:1,5 – 1:3
Широчина на круната (м) 1–2 2 -5
Заштитна висина t (m) 0,3 – 0,5 0,5 – 1,5
Берми (банкини) (m) - 1-2 м Ако служи за пат 3,5 – 4 м.

Преливањето на високите зимски води преку летните насипи е поврзано со


опасност од рушење на насипот од воздушната (надворешна) страна. За да се избегне
тоа, круната на насипот се остава пониска на одредени места на кои контролирано ќе
се прелева водата преку насипот, односно се прави преливник, и на тој начин се
заштитува насипот од рушење.
Преливната количина на вода се пресметува по познатите формули од
механиката на флуиди.

10.2. Филтрација низ насипите

Во литературата се познати повеќе методи и начини за пресметување на


филтрацијата низ насип од земја. Пресметувањето се сведува на конструирање на
филтрационата крива и пресметување на филтрациониот проток на вода на 1 м
должина од насипот како и под него.

140
y

mh tm b
t
h

h1
0
x
L2

L1

Слика 10.4. Филтрација низ тело на насип внеси ε

L = ε ⋅ m ⋅ h + t ⋅ m1 + b + H ⋅ m2 (1)
2
L ⎛ L⎞
h1 = − ⎜⎜ ⎟⎟ − h 2 (2)
m1 ⎝ m1 ⎠
L1 = L − m2 ⋅ h1 (3)
L2 = ε ⋅ m1 ⋅ h + m1 ⋅ t (4)
2
h 2 − h1
h2 = h2 − ⋅ L2 (5)
L1
2
h 2 − h1
y = h2 − ⋅x (6)
L1
2
h 2 − h1
q = k1 ⋅ (7)
2 ⋅ L1

Каде е:
h – висина на водата пред насипот во m
h1 – ордината на филтрационата крива на излезот од надворешната косина на насипот во m
L – растојание од ордината оска до крајот на надворешната косина на насипот во m
L1 – растојание на ординатната оска до излезот на филтрационата крива во m
h2 – ордината на филтрационата крива при внатрешниот раб од круната на насипот
во m
L2 – растојание од ординатната оска до внатрешниот раб од круната на насипот
y – ордината на филтрационата крива за било која нејзина точка x во m
q –филтрационо водно количество на 1 м’ од насипот во m 3/ 24 часа
3
k – коефициент на филтрација во m / 24 часа
ε – опитен коефициент кој според Замерин изнесува 0,3 – 0,4. Помалата вредност се
усвојува за постабилни косини.

141
Оската ОХ се поставува по основата на насипот а ОУ на растојание εmh од
пресекот на нивото на водата со внатрешната косина. Од равенките 2 и 5 се
определуваат вредностите за h1 и h2.
Давајќи разни вредности за х во равенката 6 се добиваат ординатите на
филтрационата крива у. Со добиените вредности се црта филтрационата крива во
границите од h2 до h1. Точката со ордината h2 , благо ја соединуваме со пресекот на
водата и косината водејќи сметка да филтрационата крива биде нормална на косината
на насипот. Филтрационото водно количество се определува со равенката 7.
Ако имаме насип на водопропусна подлога, според Н. Н. Павловски,
пресметувањето на филтрационото водно количество се врши на следниот начин: прво
се определува филтрацијата низ телото на насипот (q1) како насипот да лежи на
водонепропусна подлога, а потоа се определува филтрација низ водопропусната
подлога по равенката:

h
q22 = k1 T (m3/24 часа)
n⋅l

Каде е:
k1 – коефициент на филтрација на водопропусната подлога во m/24часа
l – ширина на насипот во основата
T – длабочина на водопропустливиот слој во m
l
n – коефициент кој зависи од односот на
Т

l/Т 20 5 4 3 2 1
n 1,15 1,18 1,23 1,30 1,44 1,87

Вкупното филтрационото водно количество изнесува

Q = q1 + q2 (m3/24 часа)

10.3. Растојание меѓу насипите

Растојанието меѓу насипите зависи од максималната водна количина, од која


треба да биде заштитено мелиоративното подрачје и од начинот на искористување на
мелиоративното подрачје после изведувањето на насипите. При определување на
растојанието меѓу насипите треба да се има во предвид следното:
1. Брзината на водата треба да биде помала од критичната брзина која доведува
до ерозија на коритото.
2. Покачувањето на нивото на водата во реката не треба да влијае штетно на
нивото на подземната вода во мелиоративното подрачје кое го браниме.
3. Минимално растојание меѓу насипите, бидејќи земјата оградена со насипите
до речното корито не може да се користи за земјоделско производство.
4. Насипите да се поставуват на соодветно растијание од речното корито, за да
се обезбеди доволен материјал за изградба на насипите од реката.

142
5. Да не дојде до свлекување на речниот брег под тежина на насипите. При
прелевање на летните насипи да не се префлува нанос во низината која се
брани.
6. Да нема високи насипи кои би го поскапиле самото изведување на работите.
Економски најповолно растојание меѓу насипите е растојанието при кое
сумарните годишни трошоци за амортизација и одржување на насипите и годишните
загубите од земјоделското производство на одземеното земјиште со насипот и речното
корито се минимални.

K (den)

Sumarna kriva

Godi{ni zagubi od zemjodelsko


proizvodstvo

Godi{ni tro{oci za nasipite

L(m)
Слика 10.5. Определување на најекономично растојание помеѓу насипите

Хидрауличното пресметување на растојанието меѓу насипите се сведува во


изедначување на проточното количество пред и после изградба на насипите. Според
проф. Хлавинка, за приближно пресметување растојанието меѓу насипите, за услови кога
поплавуваната површина е многу широка и односот на таа широчина спрема ширината
на речното корито е голема, се постапува на следниот начин:

L
l

h2
h1

Слика 10.6. Определување на растојанието помеѓу насипите според Хлавинка

Пред изградбата на насипите имаме попречен пресек F1 = h1L (m2) и брзина на


водата V1 = C1 R1 J m/sec.

143
F1 h1L
Хидрауличниот радиус R1 = = = h1 во услови кога L>>h1 (L > 30 h1)
01 L
. Количината на вода пред изградба на насипите изнесува:

3
Q1 = F1 ⋅ V1 = h1 ⋅ L ⋅ C1 R1 ⋅ I = h1 ⋅ L ⋅ C1 h1 ⋅ I = L ⋅ C1 h1 ⋅ I

После изградба на насипите попречниот пресек и брзината на водата


изнесуваат:

F2 = h2 ⋅ l (m2)

V2 = C2 ⋅ R2 ⋅ I (m/sec)

Хидрауличниот радиус e:

F2 h2 ⋅ l
R2 = = = h2 при l > 30 h2
O2 l

Проточната количина на вода ќе изнесува:

Q2 = F2 ⋅ V2 = h2 ⋅ l ⋅ C2 R2 ⋅ I = h2 ⋅ l ⋅ C2 h2 ⋅ I = l ⋅ C1 h23 ⋅ I

Од условот за еднаквост на протокот пред и после изградба на насипите


следува:

Q = Q2

3 3
L ⋅ C1 h1 ⋅ I = l ⋅ C2 h2 ⋅ I

Од условот С1 = С2
3 3
L ⋅ h1 = l ⋅ h2

Растојанието меѓу насипите изнесува:

3 3
l = L h1 / h2 (m)

Висина на водата после изградба на насипите изнесува:

h2 = h1 ⋅ 3 (L / l ) (m)
2

144
Растојанието и височината на насипите зависат од водната количина која треба
да ја пропушта тој профил. Изнесената метода претставува упростен начин за
определување на растојанието помеѓу насипите. За поточни пресметувања, потребно е
да се определи големината на меродавната вода по познати методи во хидрологијата, а
пропусната способност на просторот меѓу насипите се определува по познати методи
во хидраулика за усвоени параметри l или h (растојание меѓу насипи или висина на
водата).
При одбрана на населени места, меродавната количина на вода за
димензионирање се усвојува количината на вода со помала веројатност на појава од
еднаш во сто години, а при површини кои се користат за земјоделско производство,
количината на вода со веројатност на појава еднаш во 20 години, 50 години или 100
години.
При пресметување на висината на насипите и економски најповолното
растојание, треба да се земат во предвид и немерливите добивки од изградбата на
насипите како што се: грижа за заштита на животот, живеалиштата и благосостојбата
на луѓето.
Кога насипите се прават за заштита од големи води со мала веројатност на
појава, се добива големо растојание помеѓу нив. Во овој случај се препорачува да се
градат втори насипи за одбрана од средните води. Со тоа заградената земја меѓу
насипите ќе биде искористена подобро. Таков случај се јавува по течението на
големите реки како што се Сава, Дунав и др.

11. КОЛМАЦИЈА

Некои делови од мелиоративното подрачје може да бидат многу пониски од


нивото на водата во реципиентот. Ако сакаме овие делови да ги одводниме треба
водата да ја издигнеме со пумпи и уфрлиме во реципиентот. Овој начин на
одводнување е скап и во вакви случаи се бараат други решенија кои се поевтини. Едно
од тие решенија е постапното издигање на ниските делови од мелиоративното
подрачје, со примена на колмација.
Постепно издигање на земјиштето се врши со впуштање на матни води од
реката (водотекот) од кои се исталожува муљот кои го носат, а избистрената вода
повторно се враќа во реката. Колмацијата може да се примени во случаи кога реката
носи многу наноси.
Колмацијата може да се применува и за подобрување на самото земјиште,
односно таму каде е тоа покриено со песок, чакал и камен и на стерилни земјишта.
Природна колмација се врши во делтите на скоро сите поголеми реки. При
колмацијата на едно подрачје, водата се доведува со помош на канали и се расподелува
во касети или т.н. чекови, каде материјалот се таложи. Овие касети се ограничени со
мали насипи и имаат два отвора: еден за пуштање вода, а друг за испуштање. Отворот
на влезот е поголем од отворот на излезот, за да може водата да се успори и да се
изврши таложење.

145
a a

b b
Слика 11.1. Колмација

Длабочината на водата во чековите (базените) треба да е околу 50 см а некогаш


и поголема. Висината на насипите, според длабочината на водата, изнесува 0,75 – 1,5 м
така да круната на насипот е за 0,3 – 0,6 м над нивото на водата во чековите. Со
зголемување на дебелината на наталожените слоеви се зголемува постепено и круната
на насипите. Колмацијата трае се дури површината на земјиштето се издигне за 1,15 м
над ниското ниво на водата во реката. Колмацијата може да се врши периодично и
непрекинато. При периодичната колмација, водата лежи во базените 1/2 - 2 дена, а
потоа водата се испушта и заменува со нова. При непрекидната колмција, водата полека
непрекинато тече во базените со брзина при која можат одредени фракции да се
исталожат. Со регулирање на брзината на водата, можеме да се создаде најнапред
подлога од груб нанос, а погоре во ораничиот слој, нанос од фин механички состав.
Тоа се постигнува ако во првите години се овозможи да се таложат покрупните наноси,
а потоа со повишување на земјиштето се поситните и на кај фините глинени честички
кои се богати со хранливи материи.
Колмацијата може да трае повеќе години. Времетраењето на колмирањето може
да се пресмета по образецот:

f ⋅h⋅ y
T=
∑Q ⋅ t ⋅ p ⋅α
Каде е:
f – површината која се колмира
h – средната височина на издигање (насипување)
y – запреминска тежина на исталожениот материјал
Q – количина на вода која се доведува во m3//сек
t – времетраење на доведувањето на водна количина Q во текот на годината. Обично t
се зема исто со времетраењето на високите води во реката, бидејќи при ниските
водостои водата не носи нанос

146
p – матност на водата која се доведува, а тоа е содржина на нанос или муљ во m3
α – корекционен коефициент кој го покажува степенот на таложењето α<1 бидејќи сите
наноси во водата не се исталожуваат.

Од формулата се заклучува дека времето за колмирање е толку поголемо колку


е помала матноста на водата, времетраењето t и количината на вода која се доведува за
колмирање. Зависно од матноста на водата земјишниот слој расте за една година
средно 0,5 – 10 см, а при особено поволни услови може и 25 – 30 см на година. За да
дојде до таложење на честичките, треба средната брзина на водата да е помала од
критичната Vo < Vkr. Според формулата на Кенеди, критичната минимална брзина на
таложење изнесува

Vkr = ch0,64 m/sek.

Каде е:
с - коефициент кој варира од 0,45 – 0,60. (за овој случај се усвојува с = 0.545)
h – длабочина на водата во базенот

147
12. ОДВОДНУВАЊЕ НА НИСКИ И ЗАТВОРЕНИ ТЕРЕНИ СО ПОМОШ НА
ПУМПИ

12.1. ОПШТО

Во случаите кога од економски или технички причини е неможно да се


изврши регулирање на рецепиентот и да се снижи нивото на водата во него, се
градат насипи по должина на водотекот за заштита на земјиштето од поплавување.
Ваквите видови на обработливи земјишта се одводнуваат со механичко
издигнување на водата од одводната мрежа во рецепиентот.

Слика 12.1 Одводнување на полдери

Територијата заградена со насипите, ободните канали и дренажите, кој а се


одводнува со помош на подигање на водата со помош на пумпи се нарекува полдер.
Полдерите за прв пат се појавени во Холандија при одводнувањето на големи
земјишни површини поплавени од страна на морето. Првите пумпни станици во
Холандија биле движени со помош на ветерот.
Одводнувањето на земјишето со помош на пумпање се одвива на оние
затворени површини од кои водата не може да истекува по природен пат и од кои
водата не може да се одведе во рецепиентот по гравитационен пат. На ваквите
земјишта нивото на водата е постојано или пак повремено под нивото на водата во
рецепиентот. Овој метод се користи и при одводнување на замочварени земјишта
како и на земјишта со мал пад, кои се граничат со големи реки, езера и мориња.
Одводнувањето на површината која е одделена од водотекот со насипи се
врши на следниов начин: со магистрален канал водата од одводнуваната површина
се доведува до пумпната станица, од која се препумпува преку насипите во
рецепиентот. Во насипите може да се изгради и устава низ која водата од
магистралниот канал по гравитационен пат влегува во рецепиентот при низок
водостој.
Овој метод се користи само во оние случаи кога другите начини на
одводнување не се економски поволни или технички изводливи. Решението за
одводнување на површините по пат на пумпање на водата е скапо решение, тоа
изискува големи инвестициони и експлоатациони трошоци. Зато при
проектирањето на ваков вид на одводнување е потребно да се намалат колку е
можно количините на вода кои се црпат, односно да се намали што повеќе сливната
површина или површината која ја опслужува пумпната станица. Во ваквите случаи
е потребно да се одведе сета вода која е можно по гравитационен пат во
рецепиентот, со што ќе се намали количеството на вода кое треба да се пупма,
снагата на пумпната станица и димензиите на каналите за одводнување.

148
Слика 12.2: Ситуација на пумпна станица на систем за одводнување со капацитет на пумпи од
15,75 m3/s и снага од 1136 kW

Легенда:
1-централен канал
2 -Доводен канал на гравитациониот испуст
3-Доводен канал на пумпната станица
4-Влезна градба
5-Зграда на пумпната станица
6-Трафостаница
7-Осовина на потисниот цевковод
8-Изливен базен
9-Одводен канал
10 и 11 Гравитационен испуст
12 -Одводен канал
13- Септичка јама
14-Воздушен вентил

Со цел намалување на сливната површина која гравитира кон пумпната станица


се превземаат следниве мерки:

149
• Изградба на насипи околу рецепиентот и неговите притоки на
одводнуваното земјиште за да се заштити обработливото земјиште
• Гравитационо одведување на сите водотеци кои поминуваат надвор од
границите на одводнуваната површина во рецепиентот, како и спречување
на нивното излевање на одводнуваната површина по пат на изгрдаба на
насипи,
• Изградба на ободни и растеретни канали со цел зафаќање и гравитационо
одведување во рецепиентот на сите води кои се сливаат од повисоките
терени.
Во колку постои и подземна вода може да се предвиди и ободна дренажа.
Во случаи кога ќе се превземат сите наведени мерки, пумпите ја префрлаат во
рецепиентот само онаа количина на вода која паѓа во вид на врнежи на
обработливата површина, а исто така и инфилтрационите води. Сите претходно
наброени мерки ги зголемувааат инвестиционите трошоци за хидро-
мелиоративниот систем, но намалувањето на количеството на вода кое се пумпа
доведува до намалување на експлоатационите трошоци и цената на пумпната
станица. Изборот на најповолното решение на системот за одводнување може да
биде предмет на некоја од методите за оптимизација.
Дототокот на водата кон пумпната станица е многу неравномерен и осцилира во
зависност од осцилацијата на врнежите. Ова доведува до неарвномерна работа на
пумпната станица. За да се намали оваа неравномерност се предвидува изведба на
регулационен базен со доволен волумен или пак некој друг резервоар во кој се
влива главниот одводен канал. Во колку постои можност најдобро би било за
изградба на ваков базен-резервоар да се искористи некоја природна вдлабнатина. За
време на максималниот доток пумпата не е во можност да ја испумпа сета вода во
рецепиентот. Дел од водата се задржува во регулациониот базен, од кој подоцна,
кога ќе се намали дотокот ќе се испумпа во рецепиентот. Во летниот период обично
дотокот на вода е помал од капацитетот на пумпата. Во овој случај пумпањето на
водата е невозможно без постоење на базен. Во регулациониот базен се собира
водата од одводнуваното подрачје и во зависност од собраното количество на вода
со пумпање се празни.
Корисниот волумен на регулациониот базен може да се определи со помош на
формулата:
Vr = 0.25 ⋅ t c ⋅ Q
каде:
• tc- најкратко траење на циклусот на работа на една пумпа (времето на работа и
наредниот прекин) изразено во секунди. Се определува со експлоатационите барања на
построението.
• Q- капацитет на најголемата пумпа (m3/s)

Мртвиот простор на базенот мора да има најмала длабочина од 1м.


Наместо регулационен базен може да се предвиди и зголемување на волуменот
на каналот за одводнување во кој се акумулира вишокот на вода. Оваа мерка не е
толку ефикасна како изведбата на акумулациониот простор бидејќи е можно е да се
појават мали протоци во летниот период, како и можност за појава на таложење на
суспендирани материи. Примената на мерка за ретензија на определена количина на
вода доведува до намалување на снагата и трошоците за пумпната станица, но и
зголемување на трошоците за изградба на регулациониот базен или пак
проширување на каналот за одводнување. Изборот на најповолното решение може
да се изврши со примен на некоја од методите оптимизација.

150
Слика 12.3 Шема на систем за одводнување

Системот за одводнување на полдерот го сочинуваат:


1-Внатрешни и заштитини насипи кои се градат по обемот на одводнуваната
површина или само на најниските делови од страната на дотекот на надворешните
води, а исто така и по должина на водотеците кои минуваат низ одводнуваното
подрачје.
2-Заштитните канали и растеретните канали го штитат полдерот од
површинските води кои доаѓаат од повисоките терени-ободните канали, од
подземните води-длабоки канали и ободна затворена дренажа, од речните води,
потоци, канали –растеретни канали.
Водата од ободните канали, дренови и растеретни канали треба да се одведе во
рецепиентот надвор од границите на полдерот, ако е можно по гравитационен пат.
3-Одводната и собирно регулационата мрежа за внатрешно одводнување на
теренот е составена од мрежа на канали и дренови. Длабочината и растојанието
помеѓу нив се определувааат во зависност од својствата на земјиштето. Каналите
треба да оимаат по можност минимални падови (0.05%) за да се намали височината
на дигање на водата и чинењето на пумпната станица. Овие мали падови пак
доведуваат до зголемување на трошоците за одводнителната мрежа. Намалувањето
на падот доведува до намалување на брзината на водата во каналот и пропусната
моќ на каналот. Малите брзини се причина за појава на таложење на суспендирани
материи во каналот како и обраснување на каналот со вегетација. Потребната
пропусна моќ на каналот се обезбедува со зголемување на димензиите на
попречниот пресек на каналот.
4-Пумпната станица служи за пумпање на водата собрана со ситемот за
одводнување во рецепиентот
5-Испусти – устави или цевни регулатори се предвидени за гравитационо
одведување на водата во рецепиентот. Пумпната станица и уставите треба да се
лоцирани на најнискиот дел од одводнуваното подрачје и најблиску до
рецепиентот.
6-Собирниот или регулациониот базен се предвидува за регулирање
(изравнување) на режимот на работа на пумпната станица.

151
Слика 12.4. Шема на пумпна станица: 1-регулационен базен, 2-црпен базен, 3 и 3 –подземен и
надземен дел на зградата на пумпната станица, 5-цевковод под притисок, 6-анкерен блок, 7-
рецепиент, 8-воздушен вентил, 9-гасител на воден удар, 10-клапна.

Слика 12.5. Шема на мала автоматска пумпна станица

Освен наброените елементи системот за одводнување на полдерите го


сочинуваат и: уставите, средствата за снабдување со електрична енергија,
средствата за автоматизација, патната мрежа и објектите на неа, хидротехничките
објекти идр.
Понекогаш одводнуваната површина може да се подели на неколку делови и
секој дел да се одводнува со посебна пумпна станица.

152
Слика 12.6 Шема на одводнување на полдери: а) варијанта со една пумпна станица, б) варијанта
со две пумпни станици, в) варијанта со неколку пумпни станици

Пумпањето на водата во рецепиентот со помош на една пумпна станица обично


е поефтино отколку со повеќе помали пумпни станици со иста вкупна снага.
Пумпањето на водата со една пумпна станица во праксата е неповолно од следниве
причини:
• Главниот канал во овој случај е потребно да има голема должина и голем
попречен пресек,
• Заради малите падови на теренот, каналот се изведува со вештачки пад, што
доведува до негово големо вкопување непсредно пред пумпната станица.
Ова од своја страна има влијание на зголемувањето на цената и снагата на
пумпната станица.
• Системот со една пумпна станица ја намалува еластичноста на регулирање
на водниот режим на одводнуваната територија.

Изградбата на неколку пумпни станици ги зголемува инвестиционите


трошоци како и експлоатационите трошоци за пумпните станици. Но затоа пак се
намалува должината и димензиите на каналот за одводнување и се зголемува
равномерноста на одводнувањето. Во секој пооделен случај е потребно да се
изврши анализа на повеќе варијанти (со една или повеќе пумпни станици) и да се
изврши избор на најповолната варијанта.

153
Слика 12.7. Висинска положба на пумпните станици

Поделбата на одводнуваното подрачје на неколку пумпни станици може да се


изврши на следниве начини:
• Подрачјето се дели на пооделни делови од ист тип по висина. Оваа
варијанта се применува при рамен рељеф. Во овој случај се добиваат кратки
магистрални канали, помали губитоци на висината заради подолжниот пад и
помала височина на пумпање. Но во овој случај работата на пумпите е
нерамномерна (поради големите варијации на одводнетото количство на
вода и постоењето само на една пумпа).
• Подрачјето се дел на пооделни зони према висината на подигање на водата.
Во овој случај одводнуваното подрачје се дели на вертикални (висински)
зони. Наоѓа приемна во случаи кога теренот е со поголема должина и кога
постепено се зголемува висината кон реката. Заради намалување на
длабочината на главниот канал (во случај на една пумпна станица) и
намалување на димензиите на попречниот пресек се предвидува поголем
број на пумпни станици. Бројот и положбата на пумпните станици може да
се определи со примена на оптимизационите методи.

12.2 ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПУМПНИТЕ СТАНИЦИ

Пумпните станици на системите за одводнување претставуваат сложен


комплекс на конструкции и уреди со кои се овозможува потребното одводнување
на земјиштето. Конструкцијата на пумпните станици, типот и бројот на основните и
помошните уреди зависи од многубројни фактори. Изборот на пумпната станица се
извршува на основа на детална анализа на севкупниот систем за одводнување, со
цел правилно да се определи местото и положбата на пумпната станица,
капацитетот, димензиите и бројот на пумпите. Потребно е да се разгледаат
различни варијантни решенија на пумпните станици кои ќе опфатат ралични
параметри на пумпните станици во поглед на типот, димензиите и капацитетот на
пумпите, видот на енергијата која ќе се користи, на обликот, димензиите и
длабочината на црпниот базен, итн.
Локацијата на пумпната станица треба да биде определена така да се
обезбеди бараната обезбеденост за евакуација на водата од одводнуваната
површина. Локацијата на пумпната станица се определува во зависност од рељефот
на теренот и обично се усвојува на најниското место на одводнуваната површина,
но сепак во близина на рецепиентот. Освен топографските услови потребно е да се

154
анализираат и следнива фактори: можноста за акумулирање во доводниот канал,
положбата на трасата на одбранбените насипи (сегашна и идна), изворите на
енергија, патната мрежа, нивото на подземната вода и неговата осцилација,
условите за фундирање на објектот итн.
Со зафатот на вода треба да се зафати пресметаното количество на вода од
доводниот канал при најнеповолна комбинација на хидролошки, хидраулички,
климатски и други услови а да притоа се зафати минимална количина на наноси,
пливачки предмети, мраз.

Слика 12.8. Шема на пумпна станица: 1) црпен (долен) базен, 2) усисен цевковод, 3) пумпа, 4)
погонски елецтромотор, 5) потисен цевковод, 6) горен базен, 7) трафостаница, 8) далековод

Црпниот базен треба да обезбеди сигурно и несметано зафаќање на водата


со пумпите во текот на целиот период на експлоатација, со задоволително голема
вредност на техничките показатели на пумпите при осцилација на ниво на водата во
доводниот канал (предизвикани од природни причини, со брза експлоатација или
промена на режимот на работата на станицата поради хаварија). Конструкцијата на
црпниот базен треба исто така да обезбеди, до колку е потребно, таложење на
наносите и периодичен преглед и ремонт на агрегатите.
Зградата на пумпната станица е предвидена за сместување на основните
уреди и опрема: пумпи, погонски мотори, командните табли, автоматиката,
средства за заштита, а исто така и нејзина сигурна работа, управување,
опслужување и ремонт на уредите на системот. Во зградата треба да се предвидат и
помошни простории за извршување на нормалните работни задачи и животните
потреби. Оваа градба треба рационално да се определи, односно треба да има
минимално потребни димензии и минимални трошоци во процесот на
експлоатација. Големиот распон на манометарски височини и протоци, различните
геолошки, хидролошки и климатски услови каде се изведуваат пумпните станици,
различни типови на пумпи, влијаат на примената на различни видови на згради.
Положбата на потисниот цевковод за одведување на водата од пумпата
треба да се одреди да има минимални загуби на притисок, поволни услови за
пуштање на пумпите и нивна работа во стационарен, нестационарен и преоден
режим. Работата на пумпите треба да е сигурна, стабилна и со минимални трошоци.
.

155
Заради спречување недозволени покачувања и смалувања на притисокот во
потисниот цевковод во нормална експлоатација или при хаварија , треба да се
предвидат потребни заштитни уреди.
Од хидромеханичка опрема, освен пумпите и нивната опрема, потребно е да
се предвиди: вакум-метар за мерење на притисокот во усисната цевка, манометер за
мерење на притисокот во потисната цевка, водомер за мерење на количина на вода,
а кој се комбинира со инструментите за покажување на моменталниот проток и за
регистрирање на количината на вода во текот на времето.

Слика 12.9. Пумпна станица со двојно дејство

Во опремата на пумпната станица спаѓаат и усисните и потисните цевки со


повратен вентил и затварачи. Се избегнува поставување на заедничка усисна цевка
за повеќе пумпи (подобро е секоја пумпа да си има своја усисна цевка). Обично
сите пумпи во пумпната станица ја потиснуваат водата во заедничка потисна цевка.
При изборот на конструкцијата и диспозицијата на пумпната станица треба
да се земе во предвид можноста пумпите, цевководот и уредите да се прилагодени
на развојот на пумпната станица во иднина.

12.3. ТИПОВИ НА ПУМПИ

Пумпите се хидраулички машини кај кои енергијата од работниот орган се


пренесува на течноста која се движи. Енергијата на течноста на влезот во оваа

156
машина е помала од енергијата на излезот. Наменети се за подигање и транспорт на
течности на висина. Со помош на пумпите механичката енергија на погонскиот
мотор се претвора во енергија на течноста. На тој начин пумпата ја подигнува
течноста на одредена висина, ја транспортира на определено растојание или
овозможува кружење во некој затворен систем.
Исполнувајќи една или повеќе од споменатите функции, пумпите влегуваат
во составот на пумпната станица чија шема со основните уреди е прикажана на
слика 12.8.
Поделба на пумпите према видот на погонската енергија е на: пумпи со
електромотор или со мотори со внатрешно согорување.

Кај изборот на видот на погонот треба да се внимава на условите во кои ќе


работат пумпите, на расположивата енергија, трошоците за работа и времетраењето
на пумпањето. Денес најмногу се користат електромоторите на наизменична струја
затоа што се едноставни и имаат помали трошоци за одржување.
Во денешно време за одводнување на земјоделските површини обично се
применуваат пумпи кои ефикасно отстрануваат релативно големи количини на вода
со честички од нанос при мали манометарски висини (низок притисок).
За одводнување се користат:
• аксијални (пропелерни)
• аксијално радијални (мешовити или пропелерно центрифугални)
• радијални (центрифугални и тоа вертикални и хоризонтални).
Аксијални (пропелерни): пумпи се со осно течење. Главниот ток е аксијален и
се остварува со вртење на лопатките во вода, слично на бродскиот пропелер. Се
делат на вертикални и хоризонтални, едностепени и повеќе степени. Имаат мал
опсег на висина на пупмање, големи варијации на протокот при константни
височини, не се лесно пристапни за чистење и поправки. Вертикалните едностепени
аксијални пумпи со фиксни лопатки (пропелерни пумпи) се применуваат кај
поголеми дренажни системи. Економични се во просечни услови на работа и во
услови на максимално оптеретување. Заради нивната едноставна конструкција
пропелерните пумпи зафаќаат мал простор во пумпната станица. Заради големиот
број на вртежи се користат ефтини агрегати. Сето ова влијае на ниската цена на
пумпите и пумпните станици.
Недостатокот на овие пумпи се состои во тоа што нивниот капацитет нагло
опаѓа над проектираната манометарска висина и во тој момент нагло расте
потребата за поголема снага. Не се погодни за големи манометарски висини ниту за
негови големи варирања. Не се пристапни за чистење и поправки. За разлика од
малите пумпи кои лесно се монтираат над нивото на вода, големите пумпи бараат
устави или други уреди и помошни пумпи за црпење на вода од црпниот базен.
Аксијално радијални се мешовити пумпи и ја користат силата на подигање и
центрифугалната сила за создавање на течење кое е диајгонално во однос на оската
на пумпата. Наоѓаат примена при средни количини на вода и средни висини,
ефикасно функционираат и при поголеми промени на манометарската височина и
при поголеми височини од 3-25м.
Радијални (центрифугални) пумппи се со радијално течење на водата и ја
подигаат водата на принципот на центрифугална сила. Наменети се за средни и
големи височини на пумпање од 6 до 60 м и можат да транспортираат вода која
содржи големи количини на нанос.

157
Слика 12.10. Пумпна станица со вертикални аксијални пумпи

Слика 12.11.Карактеристика на центрифугалните пумпи

158
На слика 12.11. даден е пример на погонските карактеристики на
центрифугална пумпа. Овие карактеристики ги дава производителот. На оваа слика
е нанесена точката на оптимално функционирање на пумпата. Тоа е точка на
кривата Q-H каде степенот на корисното дејство на пумпата n има најголема
вредност. Во зависност од карактеристиката Q- η степенот на корисното дејство не
се менува многу, па затоа во околината на оваа точка пумпата може да се
употребува економично. Работните карактеристики на поедини типови пумпи
меѓусебно значително се разликуваат.

Слика 12.12. Работни карактеристики а) радијални пумпи, б) аксијално- радијални пумпи, в)


аксијални пумпи

На слика 12.19 споредени се кривите на манометарската височина (H),


снагата (N) и коефициентот на корисното дејство η за три типични пумпи:
аксијална (пропелерна), дијагонална (аксијално-радијална) и радијална
(центрифугална) бидејќи вредностите Q, H, N и η се дадени во проценти.
Одреден тип пумпи (геометриски слични) можат да бидат со различни
големини и да работат во широк дијапазон на вртежи, проток, манометарски
висини и снага. Иста вредност на протокот и манометарската височина можат да се
добијат со пумпи кои имаат различна брзина на вртежи. Манометарската височина
и протокот може да се опфатат со единствен израз кој е специфичен за
определениот тип на пумпа.
Сите претходно наведени типови на пумпи и припаѓаат на една фамилија.
Полето на примена на секоја од овие пумпи се дефинира со специфичниот број на
вртежи ns.
Карактеристика на пумпите е специфичен број на вртежи:
n Q
ns = 3 / 4
H
ns – специфичен број на вртежи во најефикасна точка
n – брзина на ротација изразена со бројот на вртежи во минута
Q – капацитет на пумпата во m3/s
H – манометарска височина на пумпата во m

159
Сите овие големини се усвојуваат за режимот кога степенот на
искористеноста на пумпата е најголем.
Специфичниот број на вртежи ns.е важен показател кој се користи за
опишување на карактеристиките на типот на пумпата. Универзалноста на овој
показател се состои во тоа што тој едновремено ги зема во предвид трите најважни
параметри на секоја пумпа: брзината на ротација, протокот или снагата и
манометарската височина. Затоа специфичниот број на вртежи го карактеризира
типот на пумпата.
Анализата на формулата покажува дека со зголемување на манометарската
височина специфичниот број на вртежи се намалува. Зголемувањето на протокот
при исти останати услови доведува до зголемување на специфичниот број на
вртежи.
Пумпите се класифицираат во видови према специфичниот број на вртежи.
Специфичниот број на вртежи на пумпите кои може да се употребат за
одводнување е следниот:
• од 12-80 за радијални пумпи
• од 80-120 за аксијално-радијални пумпи
• од 120-400 за аксијални пумпи
Обликот на кривата на карактеристиките на пумпите зависи од особините на
работното коло како и од специфичниот број на вртежи ns. На сликата 12.13 даден е
обликот на кривите на карактеристиките H, η, и N во функција од протокот Q. Како
што се гледа од сликите со зголемувањето на специфичниот број на вртежи кривата
Q-H побрзо опаѓа и за големи вредности на ns (кај аксјални пумпи) на неа се
појавува прекршување.

Слика 12.13 Влијание на специфичниот број на вртежин а пумпата на обликот на нејзините


карактеристики

160
12.4. БРОЈ НА ПУМПИ

Големината и бројот на пумпите се определува врз основа на бараниот


капацитет на вода која треба да се испумпа. Бројот и инсталираниот проток на
пумпите во пумпната станица зависи од режимот на нивото на вода во рецепиентот
и на одводнуваната површина, начинот на управување со пумпната станица. За
мали сливни површини обично е потребна само една пумпа. За хидромелиоративни
системи со интензивно земјоделство е потребна поголема сигурност за заштита од
поплавување и во овој случај се предвидува поголем број пумпи. Искуствата во
САД покажале дека кај пумпните станици со две пумпи најефикасното пумпање се
постигнува кога пумпите имаат капацитет Q и 2Q. Кога се користат три или повеќе
пумпи најдобро е сите да имаат ист капацитет.
Бројот на агрегатите и односот на капацитетот на пумпите даден е во
табелата 12.1.

Табела 12.1 Број на агрегати и однос на капацитетите на пумпите.


Капацитет на пумпната станица
Број на агрегати Однос на капацитетите
m3/s
1.5-2.0 2 1:2 ili 1:3
2.0-3.0 3 1:2:2 ili 1:3:3
>3.0 4 1:1:2:2 ili 1:1:3:3

Пожелно е големината на пумпата да се избере така да може да работи


непрекинато во текот на подолг временски период и да во таквите услови постигне
максимална ефикасност. Оптималната ефикасност на пумпите не е важна за
кратките временски периоди на работа кои обично се јавуваат при максималното
оптоварување.

161
12.5. ОСНОВНИ ПАРАМЕТРИ НА ПУМПИТЕ

12.5.1. Општо
Основни параметри на пумпите кои го определуваат дијапазонот на промена
на работа на пумпната станица, составот на нејзините уреди и нејзините
конструктивни особини, се единечната струјна работа на пумпата, протокот,
снагата, коефициентот на корисното дејство и специфичниот број на вртежи.
Единечна струјна работа на пумпите претставува прираст на енергијата по
единица маса на водата при минување низ пумпите. Ова е нова единица која е
воведена во 1980 година во согласност со SI системот на мерки. Во праксата сеуште
е задржан изразот висина на подигање или манометарска височина која е еднаква
на:

Es
H=
g

Параметрите на пумпите се менуваат во зависност од манометарската


височина, протокот и снагата. Меѓусебните односи и влијанието на овие параметри
на пумпата се определуваат на реални примери со помош на тестови. Резултатите
од тестовите се презентираат во облик на криви на карактеристики на пумпите во
зависност од соодветните услови за работа на пумпите и се добиваат од
производителот на опремата.

12.5.2. Манометарска височина

Основаната шема на пумпите е дадена на Слика 12.14. Водата со помош на


пумпата се зема од долниот базен и со помош на потисен цевковод се излива во
горниот базен. Кај пумпите се разликуваат две височини: статичка и манометарска.
Статичката или геодетската височина. Статичката или геодетската
височина на пумпата претставува разлика помеѓу нивото на водата во горниот и
долниот базен, во случаи кога истекувањето од потисниот цевковод е потопено,
односно претставува височина на која пумпата ја подига водата во определени
услови. Кога истекувањето од потисниот цевковод не е потопено, тогаш статичката
височина е еднаква на разликата помеѓу нивото на водата во долниот базен и оската
на потисниот цевковод во највисоката точка.

H sr = Z g − Z d

Статичка или геодетска сисална височина. Сисалната височина


претставува разлика помеѓу нивото на водата во долниот базен и оската на
спиралата на пумпата. Оваа височина е ограничена на височината на атмосферскиот
притисокот. Оваа теоретска височина практично никогаш не може да се искористи.
Сисалната височина може да биде еднаква на нула, негативна или позитивна.
Сисалната височина е негативна во услови кога пумпата се наоѓа под нивото на
водата во долниот базен (потопени пумпи). Најчести се пумпите со позитивна
сисална височина. Во овие случаи притисокот на влезот во пумпата е помал од
атмосферскиот.

162
Слика 12.14 Шема на пумпна станица

Слика 12.15 Статичка височина на пумпата

Нивото на водата во долниот базен зависи од надморската височина на


теренот кој што се одводнува или пак се штити од поплави, работното ниво на
водата во системот од канали кои ја доведуваат водата до пумпната станица и

163
положбата на испустите на дреновите во каналската мрежа. Со помош на овие
податоци се определува минималната, максималната и просечната статичка
височина на пумпите. Овие податоци се потребни за изборот на типот и опремата
кај пумпите. Оптималното ниво на вода во долниот базен го претставува всушност
бараното ниво на вода кое се одржува со пумпите. Кога станува збор за
одводнување на подземните води, оптималното ниво се определува во зависност од
висинската положба на дреновите на најниските делови од одводнуваната
површина. Оптималното ниво е променливо во текот на годината и зависи од
временските услови. Треба да се определи во зависност од нормата на
одводнување. При одводнувањето на површинските води оптималното ниво се
определува со помош на проектираната кота на водата во доводниот канал.
Максимална статичка височина ја претставува разликата помеѓу најниското
ниво на вода во долниот базен и максималното ниво во горниот базен. Минимална
статичка височина се определува како разлика помеѓу минималното ниво на
горниот базен и оптималното ниво на долниот базен.
Бернулиевата равенка за стационарно течење на нестислив флуид гласи:

p1 α v2 p α v2
+ Z 1 + 1 1 = 2 + Z 2 + 2 2 + ∆h1− 2
ρg 2g ρg 2g
каде:
p1, p2, v1, v2 – соодветни притисоци и средна брзина во пресеците 1-1 и 2-2
∆h1-2 – хидраулички губитоци на триење и локални губитоци на делот помеѓу пресеците 1-1 и 2-
2
α1, α2 – Кориолисов коефициент

Слика 12.16 Геометриско претставување на Бернилиевата равенка

За да се определи притисок во влезниот (сисалниот) приклучок поставуваме


Бернулиева равенка за пресек Zd кој се наоѓа на површината на водата во долниот
базен и пресек 1-1 во однос на референтна рамнина 0-0 која се наоѓа на

164
површината на водата (на височина Zd). За дадените услови, земајќи дека на
површината на водата 0-0:

Pd
= 0, Z d = 0, v d = 0
ρg

за α1=α2=1, се добива:

p1 v2
0= + H s + 1 + ∆h s
ρg 2g

од тоа се добива:

p1 v2
= − ( H s + 1 + ∆h s )
ρg 2g

се гледа дека:

p1
<0
ρg

Ова покажува дека во пресекот 1-1 постои подпритисок Hv кај пумпи со


позитивана сисална височина:
v2
H v = H s + 1 + ∆h
2g

Во случај да споевите на цевките не се добро заптиени, воздух би влегувал во


сисалната цевка. Ваквов случај не смее да се дозволи, бидејќи пумпата престанува да ја
влече водата и престанува да работи, таа не е способна сама да го исцрпи воздухот од
сисалната цевка. Тоа значи дека пумпата пред да се пушти во погон треба да се
наполни со вода за би можела да работи.
Минимална длабочина на потпување на сисалната цевка hmin према некои
искуствени податоци изнесува:

v s2
hmin ≥ + 0,1 − m
2g

каде:
Vs –максимална брзина на водата во сисалната цевка.

Знакот на еднаквост се зема само во случаи кога пумпата црпи вода од


мирен базен. Во колку постои опасност од создавање на вртлози околу усисната
цевка, тогаш со конструкцијата на базенот треба да се оневозможи кружното
движење на водата. Према англиските прописи се усвојува да hmin = ( 2,25 − 2,7) D

165
Слика 12.17. Поставување на сисална цевка во црпен базен

За да се определи притисокот во потисниот цевковод поставуваме


Бернулиева равенка за токот помеѓу пресек 2-2 и пресек Zg во однос на референтна
рамнина 0-0 која се наоѓа на површината на водата на долниот базен (на височина
Zd). Земајќи ги во предвид параметрите прикажани на Сликата 12.14,
pd
= 0, v d = 0 се добива:
ρg
p2 v2
+ H S + 2 = H st + ∆h p
ρg 2g

од горе се добива дека бараниот притисок е:


p2 v2
= H st − H s − 2 + ∆h p
ρg 2g

Од претходниот израз се согледува дека H претставува количество на


предадена енергија по единица тежина на течноста. Ова претставува една од
причините поради која е воведена друга единица, единечена струјна работа на
пумпата која е независна од земјиното забрзување.
За да се определи манометарската височина претходно ќе се дефинира
енергијата на токот по единица тежина на течноста. Енергија по единица тежина на
течноста е определена со равенката:
p αv 2
e= +Z+
ρg 2g
Овој израз претставува енергија по единица тежина, во кој секој член се
изразува во J/N.
Енергијата може да се изрази и по единица маса:
p αv 2
E = + gZ +
ρ 2
Од горната равенката се согледува дека вкупната енергија на токот е се
состои од:
p
- притисна енергија
ρg
Z – положбена енергија
p
Збирот + Z ја претставува потенцијалната енергија
ρg

166
αv 2
- кинетичка енергија
2g

Врз основа на изразот за енергија на токот може да се дефинира


манометарската височина на пумпата како разлика на енергијата по единица тежина
на течноста на излезот е2 и влезот во пумпата е1:
H = e2 − e1

Користејќи го изразот за енергијата и земајќи согласно Сликата 12.14


z1=z2=Hs, во однос на референтната рамнина O-O се добива следниов израз за e1 и
e2 при α=1,0.
p v2 p v2
e2 = 2 + H s + 2 ; e1 = 1 + H s + 1 ;
ρg 2g ρg 2g
P P2
Со замена на вредностите за 1
ρg и за ρg се добива:
v2 v2
e1 = −( H s + 1 + ∆hs ) + H s + 1
2g 2g
2
v2 v 22
e2 = ( H st − H s + + ∆h p ) + H s +
2g 2g
Заменувајќи се добива:
H = H st + ∆h *
каде е :
∆h = ∆hs + ∆hp -хидраулички губитоци (линиски и локални) на сисалниот и потисниот
цевковод.

Манометарска височина е сума на геодетската (статичката) височина и сите


хидраулички губитоци во пумпата, мрежта или цевководите.

Определувањето на губитоци се извршува со помош на формулата:


v2
∆hi = ξ i i
2g
каде е:
Q
vi = средна брзина на течење
Ai
Ai – површина на пресекот на цевковод

ξi
∆h = (Σ 2
)Q 2
2 gA i
или
∆h = KQ 2

каде к - коефициент на отпори на цевководите (мрежата) и зависи само од


геометријата на цевководите и обликот на поставените дополнителни отпори
(затворачи, вентили и др.).

167
Слика 12.18 Шематски приказ на полжба на пумпата а) пумпа со негативна сисална височина
(потопена пумпа) б) пумпа со позитивн а сисална височина

168
На овој начин се добива друг израз за манометарската височина:

H m = H st + K m Q 2 **

Изразите * и ** се нарекуваат карактеристики на мрежата или цевководот.

Слика 12.19 Карактеристики на мрежата Слика 12.20 Карактеристики на пумпата


Крива Q-H на пумпата

Карактеристиката на мрежата може да има разни облици. Манометарската


височина значително зависи од протокот. Во врска со ова не може однапред да се знае
кој проток ќе го дава пумпата за определен цевковод иако се познава нејзината
карактеристика. Реалниот проток може да се определи само со взаемно решавање на
двете карактеристики: на пумпата Q-H и на мрежата Q-Hm, при што работниот режим
се определува со точката на нивниот пресек. Во точката А пумпата дава константен
проток Qr и ја издига течноста на височина Hr.

169
Слика 12.21 Шема на определување на реалниот режим на работа на пумпите

12.5.3. СНАГА НА ПУМПИТЕ

Општата корисна снага на пумпата предадена на течноста се определува со


помош на формулата:

N k = ρgQH ***

каде е:
Nk-корисна снага на пумпите
Q – проток на пумпата – m3/s
H – манометарска висина – m
ρ = 1000 kg/m3 – густина на водата
g = 9,81 m/s2 – земјино забрзување

Кога ќе се внесат нумеричките вредности во изразот *** се добива:

N k = 9810QH (W)
t.e. N k = 9,81QH (kW)

Поради неизбежните загуби на енергија во самата пумпа, утотребливата


снага на пумпата е потребно да биде поголема од корисната снага. Овие губитоци
изразуваат со помош на степенот (коефициент) на корисно дејство на пумпите:
N
η= k
N
Nk-корисна снага на пумпите
N- снага на пумпите.
Соодветната снага на пумпата е:
N
N= k
η

170
ρgQH
N=
η
односно:

9.81QH
N= (kW)
η
Снагата на моторот е потребно да биде поголема за 10%-20% поради зголеменото
оптеретување при пуштање во работа.

171

You might also like