You are on page 1of 7

Водата и климатските промени

Од Марија Грујевска
Водата и климатските промени
• Создавање отпорност кон климатските промени преку управување со водите и
екосистемите

• Климатските промени првенствено се манифестираат преку промени во водниот


циклус. Како што се менува климата, се случуваат поплави, суши, се топат
глечерите, се зголемува нивото на морето и се интензивираат бурите (или се
менуваат), најчесто со тешки последици.
• Климатските примени имаат директни последици врз сигурноста во снабдувањето
со вода и конфликти.
• Во насока на реализација на Одржливите развојни цели, прилагодувањето кон
климатските промени ќе мора да создаде климатска отпорност.
• Климатската отпорност се зајакнува преку постоење на здрави екосистемски
услуги кои се потпираат на функционални речни сливови.
• Ефективното прилагодување кон климатските промени на една држава би требало
да ја одрази важноста која управувањето со водите ја има во намалувањето на
ранливоста и градењето на климатска отпорност.
Справување со климатските промени

• Светот се наоѓа пред огромни климатски промени [1] поради кои се соочува
со бројни предизвици од областа на животната средина, природата и
биодиверзитетот. Последните години беа забележано најтопли, мразот во
Арктичкото море се топи, а нивото на водата во океаните достигнува
рекордно зголемување. Се трошат многу повеќе ресурси од колку што е
реално издржливо. Таквиот начин не е одржлив и бара итно превземање на
акции за справување со новонастанатите состојби, воспоставуање на „зелен“
правец на развој и креирање на одржлив свет.

• Климатските промени имаат една заедничка константа – сиромашните,


маргинализираните и ранливите луѓе се најпогодени групи во општеството.
На краток или долг рок овие последици предизвикуваат: неизвесноста на
изворот на приход / средства за живеење; човечки и материјални загуби;
ограничувања на природните ресурси; недостаток на вода и енергија;
оштетување на инфраструктурата (мали хидроцентрали, домови, патишта);
промена во биолошката разновидност; последици по здравјето на луѓето;
миграција; губење на обработливо земјиште; губење на културно и
природно наследство.
• Нашата земја се карактеризира со променлива клима, со високи температури
и екстремни временски прилики (како долготрајни сушни периоди,
интензивни краткотрајни врнежи и појава на ненадејни поплави, топли
бранови) кои поттикнати од климатските промени, ја прават земјата ранлива,
а со тоа и жителите и целиот жив свет. Република Северна Македонија е земја
со среден приход, чиј економскиот раст зависи од климатски чувствителни
природни ресурси, поради што има потреба да се инвестира во технологии и
активности кои ќе придонесат за ублажување на и прилагодување кон
ефектите од климатските промени.

• Новите климатски технологии играат значајна улога во развојот на зелената


економија. Климатските решенија кои се темелат на иновации, истражувања
и развој, треба да имаат одлучувачка улога во постигнувањето на зелена
транзиција на земјата и нејзино усогласување со остатокот од светот.

• Климатски решенија подразбираат примена на технологии и практики кои


водат кон намалување на емисиите на стакленички гасови, кои се причинител
за климатските промени, или водат кон прилагодување кон ефектите од
климатските промени. Тие водат кон остварување на климатските цели кои се
во согласност со националните климатски политики на РСМ.

You might also like