You are on page 1of 11

Влијание на

човекот врз
животната средина
Содржина
 Популација на човекот
  Земјоделство  
 Еутрофикација
Ефект на стаклена градина  
 Кисели дождови 
 Други загадувачи
 Кога бројот на населението на човекот бил помал, луѓето живееле во
помали заедници, така што влијанието на нивните активности било помало
и имало локален карактер. Брзото зголемување на бројот на населението
како и порастот на животниот стандард придонесе кон зголемување на
штетата во животната средина. Суровините се користат со голема
брзина, како и необновливите енергетски ресурси.
 Се зголеми производството на отпадни материи, што води кон
зголемување на загадувањето.
 Со своите активности како што се градењето, копањето,
земјоделството и слично, луѓето ги уништуваат природните
живеалишта и ги намалуваат површините на земјиште поволно
за живот на другите организми.
 Човековите активности ги загадуваат земјиштето, водата и
воздухот
 Современото земјоделство ја нарушува животната средина на повеќе начини.

 Се огради за да се донесат големите машини, кои што го прават земјоделството


економски исплатливо.

 Со тоа се уништуваат живеалиштата и се пореметуваат сложените синџири на


исхрана и нивната поврзаност.

 Земјоделците користат пестициди за уништување на напасниците. Со тоа се


зголемува производството на храна, но се уништува дивиот жив свет. Освен тоа,
пестицидите ја загадуваат и храната наменета за човекот.

 Пестицидите може да бидат разнесени со водените текови и да ја загадат


водата за пиење.

 Ѓубривата се користат како дополнителни хранливи состојки за забрзување на


растот на растенијата.
 Тие исто така може да бидат измиени од почвата во езерата и реките, и да ги
загадат резервите на вода за пиење.
Загадување на езерата

 Загадувањето на водата со ѓубрива може да доведе до појава


на загадување на басените со вода за пиење, меѓу кои
најважни се езерата.
 Ѓубривото предизвикува зголемен пораст на растенија во водата.
 Оние растенија кои се натпреваруваат за светлина, ќе изумрат.
 Микроорганизмите се хранат со мртвите растенија, со што нивниот
број се зголемува.
 Со зголемениот број, микроорганизмите трошат поголеми количини
кислород од водата.
 Рибите и другите водени животни умираат од недостаток на кислород.
Еутрофикацијата
 Еутрофикацијата (ретко се среќава и под името
еутрофизација или еутрофија; грч. eutrophia - здрава,
адекватна исхрана) е процес кој се одвива во екосистемот
на еден воден басен, при кој се зголемува количеството на
хемиските материи кои се користат во минералната
исхрана на растенијата (азот, фосфор), што доведува до
зголемена биолошка продуктивност.
 При овој т.н. „воден цвет“ обилно се развиваат некои
прилагодени видови на алги и за многупати ја
зголемуваат својата биомаса (над 5000g/m3), како резултат
на што водата се обојува.
Ефект на стаклена градина
 Основните гасови на стаклената градина се јаглерод
диоксидот и метанот. Тие примаат голем дел од енергијата што се
зрачи од Земјата и потоа повторно ја зрачат енергијата назад до Земјата.
 Нивото на овие гасови во атмосферата е во бавен, но постојан пораст.

 Јаглерод диоксидот е добиен во процесот на согорување на фосилните


горива.
 Метанот се ослободува од оризовите полиња и од крупните домашни
животни.
 Зголемување од само неколку степени Целзиусови може да предизвика
големи промени во климата на Земјата, да влијае врз временските услови
и да влијае врз видовите на растенија што се одгледуваат за исхрана во
различните делови на Земјата.
 Може да дојде до топење на поларните ледени капи, со што ќе се подигне
нивото на морето.
Ефект на стаклена градина
Кисели дождови

 Согорувањето на фосилни горива ослободува сулфур диоксид и


азотен оксид.
 Овие гасови се испуштаат во атмосферата од индустриските
објекти, електраните и возилата и се раствараат во водата
создавајќи киселини. Киселините се враќаат на површината на
Земјата во облик на кисели дождови.
 Киселите дождови непосредно ги оштетуваат дрвјата.
 Ако водата во реките и езерата стане премногу кисела, доаѓа до
уништување на живиот свет.
 Киселите дождови ги оштетуваат и зградите.
Отпадните води ја загадуваат морската и слатката вода, освен ако не се
преработат на соодветен начин.
Други загадувачи
Тие претставуваат опасност по здравјето на луѓето и ја нарушуваат
рамнотежата на организмите кои живеат во тие води.

Непреработените отпадни води носат храна за микроорганизмите, што


доведува до појава на загадување на водните басени со вода за пиење.

Отровните хемикалии се ослободуваат од индустриските објекти, како и


од земјоделските активности и објекти. Тие ја загадуваат почвата и водата.

Некои отрови се таложат по тековите на синџирите на исхрана со што


грабливецот на врвот на синџирот прима многу висока, често смртоносна,
концентрација на отрови во телото.

http://www.skoool.mk/node/413
Домашна задача:

 Изготвување презентација на тема: (една од


понудените)
 Ефект на стаклена градина
 Начин на прочистување на водата
 Загадување на вода, воздух, почва (извори на
загадување и последици од загадувањето по
здравјето на човекот)
 Обновливи енергетски ресурси

You might also like