You are on page 1of 5

Чиста вода-здрав живот

Изработил:Христијан Тодороски VII-2


Целиот живот на земјата се состои од
вода,со тоа и телата на сите живи
организми растенија,животни и луѓе,се
состојат од 70-90% од вода.Сите хемиски
реакции кои се случуваат во нас,се случуваат
во водена средина.Водата не е само медиум
кои сите овие животни реакции ги
овозможува, туку водата е многу важен
продукт на сите овие реакции. Важноста на
водата за одржување на животот, неговиот
развој и исполнување е исклучително
голема,ниедна телесна функција не е можна
без вода.
 Денес се повеќе се чувствува недостаток на квалитетна вода за пиење.
Причината треба да се бара во фактот дека само 1% од водената маса
која изнесува 71% од површината на нашата планета, е прикладен за
пиење; и во постојаното загадување на тие води од страна на човекот.

 Најчестите загадувања во водата се хемиски загадувања, пестициди,


јаглеродни и нафтени феноли, тешки метали, олово, бакар, хром, кадмиум,
жива и цинк. Од термичките загадувања присутни се киселите дождови,
издувните гасови од автомобилите, радиоактивни загадувања каде што
наоѓаме присуство на стронциум и радиум. Од каде доаѓаат загадувањата од
тој вид? Површинските води ( реки, езера ) примаат голема количина на
отпадни води кои содржат биолошки, хемиски, органски и неоргански
загадувања.
ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ МОРА ДА ЗАДОВОЛИ ОДРЕДЕНИ ХИГИЕНСКО – ЗДРАВСТВЕНИ
КРИТЕРИУМИ. Тоа подразбира микробиолошка, физичко-хемиска и
органилептичка исправност на водата. Науката допушта 5% од
водоводната вода годишно (17 дена годишно) да бидат микробиолошки
неисправни, и хемиски неисправна вода до 20%, практично 72 дена во текот
на годината, бидејќи тоа не остава последици по здравјето.
БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО

You might also like