You are on page 1of 11

Автопурификационата способност на водите од

акумулацијата Стрежево одредена врз основа на


индексот ФО/Х

Белинда Сипкоска-Гаштарова
Автопурификацијата на водите е природна способност со која
тие се ослободуваат од загадувачките материи, особено од
оние од органско потекло.

На тој начин загадената вода постепено си ја враќа почетната


квалитетна состојба.

Интензитетот и степенот на автопурификацијата зависи од


карактерот на загадувањето, од количината на ефлуентот,
содржината на кислородот, крајбрежната вегетација и др.
Квалитетот на водата во голема мера зависи и од степенот на
нејзината автопурификација, па затоа, гледано од поширок
еколошки аспект, индексот ФО/Х како значаен показател за
состојбата во која се наоѓа водениот екосистем беше
одредуван за да се утврди автопурификационата способност
на водите од акумулацијата Стрежево.

Индексот ФО/Х претставува однос помеѓу факултативните


олиготрофни бактерии, кои се воглавно од автохтоно потекло
и хетеротрофните бактерии, кои се воглавно од алохтоно
потекло и како таков тој е вреден показател за оптовареноста
на водата со органски материи.
Иако како параметар се уште не е стандардизиран, сепак
добиените вредности служат како добар показател на
степенот на автопурификација на водените екосистеми и врз
основа на истиот, површинските води се категоризирани на
следниот начин‫׃‬

Индекс ФО/Х Способност на водата


за самопречистување
<1 слаба

≥1 задоволувачка

>10 добра
Примероците на вода беа колекционирани еднаш месечно од
седум мерни места. Факултативните олиготрофни бактерии
беа култивирани 5-7 дена на 10% хранлив агар на 22ºC, а
хетеротрофните бактерии беа култивирани 5 дена на хранлив
агар на 22ºC.
Во истражуваниот период, индексот ФО/Х во водите од
акумулацијата Стрежево се движеше помеѓу 0,08 во месец
јуни, во површинската вода на профилот P3V2, до 22,4 во
месец мај, во површинската вода на профилот P1V2.

Според добиените вредности, слаба способност за


автопурификација покажуваа повеќето испитани примероци
на вода во месец јуни, кога истовремено беше евидентирано
и поголемо присуство на хетеротрофните бактерии, како и
поголемо присуство на планктон.
Исто така, слаба способност за автопурификација покажуваа
површинските води на профилите P1 и P2, во есен, кога
имаше поинтензивен доток, поради што се зголемуваше
алохтониот прилив на органските материи, и се зголемуваше
бројот на хетеротрофните бактерии.

Вдолж водениот столб слаба способност за автопурификација


покажуваа повремено водите на длабочина од 5 м и 15 м,
исто така во есен.

Всушност, според вкупниот број на испитувани примероци на


води, 20,63% покажале слаба способност за
автопурификација.
Задоволителна способност за автопурификација покажале
водите од најголемиот број на испитувања, дури 74,60%.

Во 4,76% водата покажувала добра способност за


автопурификација, со вредност на индексот ФО/Х над 11,3-
22,4.

Овие високи вредности на индексот ФО/Х укажуваат дека во


овие води доминантна микрофлора беа факултативните
олиготрофни бактерии.
Просечни вредности на индексот ФО/Х во водите на
акумулацијата Стрежево

локалитет мин. макс. просечна катег.


вредност вредност вредност според
индексот
ФО/Х

P1-површ. 0,32 22,4 3,7 задовол.

P2-површ. 0,8 15,53 4,66 задовол.

P3-површ. 0,08 8,81 3,83 задовол.

5м 0,67 5,32 2,17 задовол.


10 м 0,98 5,54 1,9 задовол.
15 м 0,64 3,97 2,1 задовол.
20 м 0,69 3,9 2,07 задовол.
Според просечните вредности на индексот ФО/Х во тек на
девет месечниот истражувачки период, водите од
акумулацијата Стрежево покажуваа задоволителна
способност за автопурификација.

Тоа значи дека доминантна микрофлора во водите беа


олиготрофните бактерии, кои се карактеристични за води од
олиготрофен тип.
Ви благодарам за вниманието

You might also like