You are on page 1of 13

ФИЗИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈАТА

ПРОМЕТ НА ВОДА И ХРАНА ВО


РАСТЕНИЕТО
 Растителна физиологија е наука за животните
процеси во растителниот организам.
 Една од задачите на растителната физиологија
е да се утврди врската меѓу структурата на
растенијата и процесите кои се одвиваат во
нив.
ВОДЕН РЕЖИМ НА РАСТЕНИЈАТА
 За нормално одвивање на сите биохемиско-физиолошки
процеси потребно е доволно количество вода.

 Што претставува воден режим на растенијата?


 Процесот на примање на водата од околната
средина, движењето низ растението,
испуштањето на водата во надворешната
средина и учеството на водата во физиолошките
процеси претставува процес наречен воден
режим на растението.
ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ПРИМЕНАТА И
ИСПУШТЕНАТА ВОДА СЕ ВИКА ВОДЕН
БАЛАНС НА РАСТЕНИЕТО
 Водниот баланс подразбира процес во кој растението
прима вода од почвата со помош на кореновиот систем,
испушта вода преку листовите, како и нејзин транспорт
од коренот до листовите.

 Способноста на клетката да впива вода се вика сила на


цицање.

 Силата на цицање е директно зависна од


концентрацијата на вакуоларниот сок.
 При висока концентрација на клеточниот сок таа е
поголема, при помала концентрација таа е послаба.
ДИФУЗИЈА НА ВОДАТА НИЗ КЛЕТОЧНИТЕ
МЕМБРАНИ СЕ НАРЕКУВА ОСМОЗА.

 Настанува поради движење на вода од раствор со


повисок воден потенцијал кон растввор со понизок
воден потенцијал.
 Или, водата се движи од област со ниска концентрација
на растворени супстанции кон област со висока
концентрација на растворени супстанции.
ШТО Е ТУРГОРЕН ПРИТИСОК?
ПОД ТУРГОРЕН ПРИТИСОК СЕ ПОДРАЗБИРА
ПРИТИСОКОТ ШТО ГО ВРШИ ВНАТРЕШНАТА
СОДРЖИНА НА КЛЕТКАТА ВРЗ КЛЕТОЧНАТА
МЕМБРАНА И КЛЕТОЧНИОТ ЅИД.

 Силата на цицање е директно


зависна од осмотскиот притисок
и тургоресцентноста на
клетката.
Состојба: Состојба: Состојба:

При пониска При еднаква При повисока


концентрација на концентрација на концентрација на
растворената растворената растворената
супстанција во супстанција во супстанција во
средината отколку средината со таа средината отколку
во клетката. во клетката. во клетката.
Водата се движи Водата не се Водата се движи
во клетката движи надвор од клетката
ПРИМАЊЕ НА ВОДАТА ПРЕКУ КОРЕНОТ
 Основната улога на коренот е да го прицврстува
растението за подлогата и да ја прима водата и во неа
растворените минерални материи. За да може
растението да ги задоволи потребите од вода, мора да
има добро развиен коренски систем кој зафаќа голема
површина од земјата. Растенијата кои имаат недоволно
развиен коренски систем можат да примаат големо
количество вода само со помош на симбиотските
микроорганизми.
 Примањето на водата од почвата може да биде активно
и пасивно.
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВОДАТА ВО
РАСТЕНИЕТО
 Спроведувањето на водата се врши на два начини-преку
спроводните елементи и надвор од нив.
 Спроведувањето на водата преку ксилемските
елементи(трахеи и трахеиди)се врши брзо и водата од
коренот до листовите.
 Надвор од спроводните елементи водата се спроведува
во напречна насока во однос на правецот на органите.
 Спроведувањето на водата низ спроводните елементи
се врши во присуство на следниве сили:
 Коренов притисок(сила со која водата се движи на мало
растојание од местото на примање)
 Кохезиони сили(ја овозможуваат контининуираноста на
водениот столб)
 Транспирација
ИСПУШТАЊЕ НА ВОДА КАЈ РАСТЕНИЈАТА
 ТРАНСПИРАЦИЈА е испуштањето на водата во облик на
водена пареа.
Транспирацијата може да биде:
-стомателна
- кутикуларна
- лентицелна

 ГУТАЦИЈА е процес со кој водата се испушта од


растението во облик на капки вода. (се одвива само кај
оние растенија кои имаат водни жлезди-хидатоди).

 СОЛЗЕЊЕ е процес при кој водата преку пресепроводни


елементи за вода од пресечените органи.

You might also like