You are on page 1of 14

ТРАНСПОРТ НА МАТЕРИИ ВО

КЛЕТКИТЕ
ПАСИВЕН ТРАНСПОРТ
1. Улога на клеточната мембрана во
транспортот на материите
• Клеточната мембрана е главен фактор за транспорт на
материите во и од клетката
• Таа е селективна (полупропустлива)
• Тоа значи дека за некои материи таа е пропустлива (вода и
мали липидни молекули), додека за некои е непропустлива
• Во тој случај, поминувањето на материите се врши преку
посебни транспортни протеини и со посебен начин на
транспорт
2. Типови на транспорт низ мембраната

• Постојат три типа на транспорт низ клеточната


мембрана:
А. Пасивен транспорт: движење на мали молекули и јони
кои влегуваат или излегуваат од клетката од средина
со ПОГОЛЕМА кон средина со ПОМАЛА концентрација
Б. Активен транспорт: движење на материи од средина
со ПОМАЛА кон средина со ПОГОЛЕМА концентрација
В. Цитоза: движење на материи со многу големи
молекули при што клеточната мембрана се
деформира
3. Пасивен транспорт
• Деф: тоа е движење на молекули и јони во или
надвор од клетката од средина со ПОГОЛЕМА
кон средина со ПОМАЛА концентрација
• Може да се врши со:
А. Дифузија
Б. Олеснета дифузија
В. Осмоза
3.1 Дифузија
• Деф. Дифузија претставува
пасивно движење на молекулите
на течностите и гасовите од
средина со нивна ПОГОЛЕМА кон
средина со нивна ПОМАЛА
концентрација
• При тоа не се троши енергија
• Вака се движат O2 и CO2 низ
мембраните на клетките (O2
влегува во клетката, CO2 излегува
од клетката)
• Дифузија има и при мешање на
шеќер со вода, мастило со вода...
3.2 Олеснета дифузија
• Тоа е дифузија на поголеми молекули и
јони кои со обична дифузија не можат да се
пренесат
• Во овој случај се вклучуваат протеини од
клеточната мембрана кои се нарекуваат
“НОСАЧИ “
• На пример: вака се пренесува глукозата во
мускулните клетки при интезнивни
мускулни контракции
3.3. Осмоза
• Деф. Осмозата претставува движење на молекулите на
вода од хипотоничен раствор кон хипертоничен раствор
со цел да се изедначи концентрацијата на растворите
• Хипотоничен раствор е раствор кој содржи поголема
концентрација на вода, а помала концентрација на
растворена супстанца
• (Пр. 700 ml H20 и 300 gr шеќер)
• Хипертоничен раствор е раствор кој содржи помала
концентрација на вода, а поголема концентрација на
растворена супстанца
• (Пр. 300 ml H20 и 700 gr шеќер)
4. Состојби на клетките предизвикани од
осмозата
• Кога една клетка ќе се • Кога една клетка ќе се
стави во ХИПОТОНИЧЕН стави во ХИПЕРТОНИЧЕН
РАСТВОР (или во вода), РАСТВОР, водата
водата започнува да ИЗЛЕГУВА од клетката,
НАВЛЕГУВА во клетката, клетката се собира и се
клетката набубрува и суши.
може да се распрсне. • Ова е особено
• Ова е карактеристично карактеристично за
за животинските клетки, животинските клетки,
наспроти растителните додека кај растителните
кои се заштитени со клетки настанува
клеточниот ѕид. плазмолиза.
Состојба на еритроцитите во зависност
од растворот околу нив
Состојби на растителна клетка во зависност
од растворот околу неа

You might also like