You are on page 1of 2

Физиологија на растенијата

Физиологијата ги проучува појавите и процесите што се одвиваат во организмот на


растението. Воден режим на растението е примањето на водата од околната
средина, патот низ растението, испуштањето на водата во надворешната средина
и учеството на водата во физиолошките процеси. Односот помеѓу примената и
испуштената вода се вика воден биланс на растението. Влегувањето на водата
во клетките од надворешната средина и излегувањето од клетката настанува
заради пропустливоста на клеточната мембрана.

Во почвата водата се наоѓа во три форми и тоа: гравитациона (ги исполнива


поголемите празнини во почвата), капиларна (ги исполнува капиларите на почвата)
и хигроскопска (ги обвиткува честичките на почвата). На растението му е достапна
само капиларната и гравитационата вода.

Сила на цицање е способноста на клетката да прима вода. Таа е дирекно зависна


од концентрацијата на вакуоларниот сок. При повисока концентрација на
клеточниот сок силата на цицање е поголема, а при пониска концентрација таа е
послаба. Силата на цицање зависи и од напнатоста на цитоплазматичната
мембрана. Кога напнатоста на клетката е мала, силата на цицање не се развива, а
водата не се впива, обратно кога напнатоста е поголема и силата на цицање е
поголема. Кај сувоземните растенија примањето на вода е ограничено и таа се
прима преку одредени ткива. Коренот ја прима водата со кореновите влакненца што
се поврзани со честичките на почвата. Примањето на водата од почвата се
одвива на 2 начини: активно и пасивно.

Активното примање (со енергија) е условено од осмотскиот притисок и


метаболитичките процеси. Пасивното примање се заснова врз принципите на
физиката како резултат на намалувањето на водата при интензивна транспирација.
Во овај случај се намалува содржината на водата во вакуолата, цитоплазмата и
клеточните ѕидови на клетките, посебно во кореновите влакненца, во кои се
создава повисока концентрација на соли, отколку во почвата што е важен услов за
впивање на водата од почвата. Кога клеточниот ѕид на кореновите влакненца е
дехидриран тој развива голема сила на цицање. На тој начин ја впива водата и ја
предава на протоплазмата, а потоа самиот клеточен ѕид одново станува
дехидриран и способен да прими ново количество на вода од почвата. Од
протоплазмата водата се предава на вакуолата, а разликата на содржината на
водата меѓу клеточните структури, клеточниот ѕид, протоплазмата и вакуолата го
овозможува движењето на водата низ клетката. На тој начин првата клетка што е
во непосреден допир со почвените честички, се обезводнуваат и се способни за
примање на ново количество на вода и на ист начин ја предаваат на соседните
клетки со кои се граничат. Разликата на вредностите на силата на цицање меѓу
различни слоеви на клетките го обезбедува протокот на водата од кореновите
влакненца до спроводните елементи трахеите и трахеидите.

Спроводните садови се доста широки, со задебелени клеточни ѕидови и се


издолжени во правец на спроведување на водата. Спроведувањето на водата низ
трахеите е полесно, и при самиот процес се совладува мал отпор. Надвор од
спроводните елементи водата се спроведува во хоризонтална насока во однос на
правецот на органите. Спроведувањето на водата низ спроводните елементи се
врши во присуство на следниве фактори: кореновиот притисок, кохезиони сили и
транспирација. Кореновиот притисок е сила со која водата се движи на мало
растојание од местото на примање. Главна влијателна сила во спроведувањето на
водата претставува транспирацијата (испуштање на водата). Континуираноста на
водниот столб се одржува со кохезионите сили со кои се сврзани молекулите на
водата.

Испуштање вода од растенијата

Испуштањето на водата во вид на водена пареа се вика транспирација. Процесот


на транспирација се одвива на тој начин што молекулите на водата што се присутни
во подуените клеточни ѕидови, од епидермалните клетки, ги напуштаа
меѓуклеточните простори и излегуваат во надворешната средина. Испуштањето на
водата трае дури не се изедначи притисокот на водента пареа во воздухот и во
клеточниот ѕид. Транспитацијата може да биде: стоматална, лентицелна и
кутикуларна. Транспирацијата зависи од следниве фактори: светлина,
температура, влажност на воздухот, ветар, вода и др.

Гутацијата е процес со кој водата се испушта од растението во облик на капки


вода. Гутацијата се одвива само кај растенија кои имаат водени жлезди(хидатоди).
Водата излегува преку отворите на хидатодите кои имаат механизам за активно
отварање и затворање. Водата што доаѓа низ спроводните елементи, се испушта
во епитемското ткиво и преку отворот на водента стома се излачува надвор од
листот во облик на капки.

Солзењето е сличен процесс на гутацијата. Разликата е во тоа што при солзењето


водата не излегува преку хидатодите туку преку пресечените спроводни елементи
од пресечените органи. До солзење доаѓа при режење на лозата и овошните дрвја
на пролет.

You might also like