You are on page 1of 1

ЛЕКЦИЈА бр.

Транспорт на материи-Пасивен транспорт


Една од основните функции на клеточната мембрана е транспортот на материи во двата
правца-во клетката и надвор од неа.Мембраната е семипермеабилна-полупропустлива.Тоа
значи некои материи без проблем минуват низ неа,некои со помош на носачи а некои
воопшто не можат да поминат.Транспортот на материи може да биде пасивен и активен.
Пасивен се означува затоа што за него не се троши енергија.Тој се одвива за мали молекули
или јони кои влегуват/излегуват од клетката во зависност од нивната концентрација во
клетката и надвор од неа.Пасивниот транспорт се одвива од места со поголема концентрација
кон места со помала концентрација.Пример за пасивен транспорт е дифузија каде гасовите
одат од место со поголема кон место со помала концентрација. Пример е транспортот на
гасови-СО2 и О2 при размената на гасови при дишењето.(СО2 од клетките оди во крвта а од
таму во бели дробови и се исфрла надвор а О2 обратно).Ако има движење на поголеми
молекули кои не можат да поминат со обична дифузија тогаш се вклучува посебен носач и ова
се вика олеснета дифузија. Дифузијата на водата преку мембрана се означува со терминот
осмоза.Тоа претставува движење на молекулите на вода од места со помала концентрација на
растворливи материи(а повеќе вода)кон места со поголема концентрација на растворливи
материи(а помалку вода) се до изедначување на концентрациите од двете страни на
мембраната.Оној раствор кој има повисока концентрација се вика хипертоничен раствор а
оној со помала-хипотоничен.Ако двата раствора имат иста концентрација тие се
изотонични.Притисокот што се создава со преминување на материите преку полупропустливи
мембрани до изедначување на концентрациите се вика осмотски притисок.Пример 1.:Ако
клетка се стави во вода или хипотоничен раствор,водата ќе навлегува во клетката.Ако
еритроцити се стават во вода тие ќе набабрат и ќе се распаднат но ако е во прашање
растителна клетка, кај неа тоа нема да се случи бидејќи таа има клеточен ѕид.Во тој случај
навлезената вода ќе врши притисок врз мембраната а таа ќе „притиска“ на клеточниот
ѕид.Притисокот што го врши живата содржина на клетката врз мембраната и клеточниот ѕид се
вика тургорен притисок.Кога тургорниот притисок е највисок осмотскиот е најнизок и обратно.
Пример кога листовите се исправени-клетките се тургоресцентни(имат доволно вода) а кога се
овенати немат доволно вода.Пример 2.Ако животинска клетка се стави во хипертоничен
раствор вода ќе излегува од клетката и таа ќе се збрчка(пр.еритроцити) а ако се стави
растителна клетка во ист таков раствор тогаш цитоплазмата се одлепува од мембраната и се
собира на средината на клетката во облик на топче.Ова се вика плазмолиза.Ако потоа клетката
се стави во хипотоничен раствор цитоплазмата се враќа во првобитната состојба.Тоа се вика
деплазмолиза.

Еритроцити во различни раствори Хипотоничен хипертоничен

(плазмолиза)

You might also like