You are on page 1of 9

Лимфен систем

Изработиле:
Магдалена Велевска
Линет Рифатовска
Јована Деспотоска
Јована Героска
III-8
Лимфниот систем — вториот циркулаторен
систем на ‘рбетниците, покрај крвоносниот. За
разлика од него, лимфниот систем е од отворен
тип. Овој органски систем има дренажна улога,
односно тој ја враќа крвната плазма која не се
вратила во крвните садови при процесот на
размена на материите во клетките. Освен тоа,
лимфниот систем е главен транспортер на
поголемиот дел од масните материи кои
се ресорбираат во тенкото црево. Тој е најдобро
развиен кај цицачите.
Лимфниот систем се состои од лимфни садови кои се
формираат по принцип на собирање, лимфни
јазли и лимфоидни органи низ кои постојано
циркулира лимфата. Лимфата е друго име за крвната
плазма кога таа ќе навлезе во лимфните садови.
Лимфните капилари и вени (лимфни садови) ги има
скоро во сите ткива и органи во кои има и крвни
садови. Лимфниот систем започнува со лимфни
капилари, слични на крвните капилари, кои се
разликуваат само по тоа што започнуваат слепо во
ткивата и што имаат поголем пречник. На лимфните
капилари се надоврзуваат лимфни вени, за да на крај
најголемите садови се сведат на два до четири, кои се
влеваат во крвоносните вени, на тој начин враќајќи ја
лимфата во крвта и срцето.
Движење на лимфата во лимфниот систем

Лимфата се движи низ лимфниот систем


благодарејќи на пасивните контракции на лимфните
садови, како и под дејство на контракциите
на мускулатурата и притисокот на соседните органи.
Освен кај цицачите, кај сите останати ‘рбетници во
лимфните садови постојат пулсативни мускуловидни
проширувања кои исто така предизвикуваат
циркулација на лимфата. Поради ова, тие се наречени
лимфни срца, а се сместени во различни места на
организмот, но најчесто на местата каде лимфните
садови се влеваат во вените
Лимфни капилари

Лимфните капилари имаат еден слој од


плочести епителни клетки, наречен ендотел. Овој слој
овозможува лесно поминување на растворливите
материи и водата. Отворите меѓу овие клетки
овозможуваат влегување и на протеини и други
релативно големи суспендирани честички. Спротивно
од крвните капилари, лимфните капилари почнуваат
слепо, односно кај нив нема потреба од мостови за
свезување на големите садови. Наместо тоа, со едниот
нивен крај, тие едноставно лежат во телесната течност,
а со другиот се поврзуваат со големите лимфни садови.
Лимфни садови

Лимфните садови имаат тенки ѕидови, а на одредени места


имаат проширувања како меурчиња каде се сместени
залистоците. Овие залистоци спречуваат течење на лимфата во
обратна насока, исто како во некои вени.
Лимфните садови можат да се наоѓаат до површината и да се
наречени површински, или длабоко во организмот и се
наречени длабински лимфни садови.
Лимфните садови се нарекуваат според местото каде што се
наоѓаат. На пример: лимфните садови во дојката се
наречени млечни лимфни садови, во натколеницата бутни
лимфни садови, а во ногата ножни лимфни садови.
Сите лимфни садови создаваат сплетови. Постојаните места во
кои лимфата се носи се регионални лимфни јазли.
Лимфни јазли

Во лимфниот систем, наместа се наоѓаат и жлездовидни сферични


или овални проширувања наречени лимфни јазли. Тоа се групи од
лимфни фоликули (меурчиња), опкружени со мрежа од сврзно ткиво.
Во нив се образуваат леукоцити и лимфоцити. Тие се и своевидни
механички и биолошки филтри во кои се
врши филтрација и фагоцитоза на микроорганизмите и туѓите
честички што продреле во лимфните садови. Кај човекот, јазлите
најмногу се наоѓаат на вратот, под пазувите, во градниот кош,
во мезентерата на тенкото црево, како и на други места.
Речиси целата лимфа од горните екстремитети и од градите
поминува низ пазувните лимфни јазли, а од
долните екстремитети низ препонските лимфни јазли. Лимфните
садови од регионалните јазли ја носат лимфата во еден од двата
крајни лимфни садови, десниот лимфен канал или градниот канал.
Поделба на лимфни јазли

Лимфните јазли, по правило се сместени во групи, а бројот во секоја


група е различен од 2,3 до 100. Некои од овие групи се сместени
длабоко во организмот, други се наоѓаат на површината на телото.
Најважни лимфи јазли се:
Вратни лимфни јазли кои се сместени во пределот на вратот, а
добиваат лимфа од различните делови на главата и вратот. Тие често
почнуваат да отекуваат при инфекции на дишните патишта.
Потпазувни лимфни јазли се сместени во пазувите, а отекуваат при
инфекции на горните екстремитети и градите.
Црвени лимфни јазли се наоѓаат меѓу обвивките на цревата, а нивниот
број е од 100 до 150.
Препонски лимфни јазли се сместени во препоните и
собираат лимфа од долните екстремитети и од надворешните полови
органи.
Лимфно ткиво

Лимфното ткиво, исто така е составен дел на


лимфниот систем. Тоа е распространето низ
целиот организам и е сместено во посебни органи
на лимфниот систем.
Функции на лимфно ткиво
Отрстранување на јагленови честички, канцерозни
клетки, патогени организми, изумрени крвни
клетки и сл. Овие функции се завршуваат во текот
на процесите на филтрирање и фагоцитоза.

You might also like