You are on page 1of 2

ПИГМЕНТНИ ПРОМЕНИ НА КОЖАТА

Болестите кои се манифестаираат со нарушување на пигментацијата на кожата може да


бидат резултата на генетски дефекти или во склоп на некои заболувања на кожата. Пигментот
меланин ја дава бојата на кожета и воедно ја штити од штетното дејство на сончевите зраци. Овај
пигмент се создава во меланоцитите. Меланоцитите во одредени состојби можат да бидат
присутни во поголем број или да синтетизираат поголемо количество на меланин а тоа се
манифестира со хиперпигментација.

Намален број на меланоцити или нарушена синтеза на меланин се манифестира со


депигментација. Депигментациите се последица на делумно или потполно птсуство на меланин.
Пигментните промени на кожата се асимптоматски, пациентите добро се чувствуваат, а причините
поради кои се посетува лекар се заради естетика. Вообичаено овие промени се јавуваат на
видливите делови на телото и затоа за овие болни вакбите состојби претставуваат дополнително
психичко оптеретување.

ДЕПИГМЕНТАЦИИ

Депигментциите на кожата можат да бидат наследни или стекнати. Стекнатите депигментци


може да се јават спонтано после дејство на некој лек или хемикалии, а можат да се појаватаи во
текот на некоја болест. Можат да бидат локални или дифузни.

Албинизам

Албинизам е наследно заболување при што доажа


до дефект во синтезата на меланинот и се манифестира како
хипопигментација на коса, кожа и очи.

Меланоцитите во кожата се присутни во нормален


број и дистрибуција, но не можат да синтетизираат
меланин. Албинизмот може да биде тотален и парцијален.
Кај тоталниот албинизам има отсуство на меланин во
целост, при раѓање кожата е бело розеникава. Косата е бела кај луѓето кои страдаат од ова
пореметување. Кожата е светла и шареницата на очите е мнигу светло сина боја. Имаат намалена
острина на видот. Осетливи се на сончева светлина и кратко изложување на сонце доведува до
појава на еритем, везикули и були. Секогаш мора да се заштитени со крем со висок заштитен фактор

Витилиго

Витилиго е стекнато заболување


коешто се карактеризира со депигментација
која се јавува на одредени делови на телото
и има тенденција да се проширува. Можи да
има и генетска предиспозиција за појава на
ова заболување но, за да се изманифестира
потребно е да се јави некој поттикнувачки
фактор како стрес, хормонска болест, инфекција, маханичка повреда и др. Кај ова заболување има
пореметена функција на меланоцитите. Промените започнуваат обично на видливите делови од
телото како дланките рацете, прстите, лицето, вратот и очните капаци при што има и отпаѓање на
трепките. Во почетокот промените се мали, а потоа се ѓитар и можат да достигнат големина на
дланка. Промените се во ниво на кожата со неправилна форма. Границата помеѓу здравата и
променетата кожа е со поинтензивна обоеност и заради тоа промените уште повеќе доаѓаат до
израз. Зафатената кожа е проширена со бели флеки со најразлични форми. Овие промени се
неповратни и многу ретко се случува повторнода се пигментираат зафатените делови од кожата.

Кај овие луѓе се применуваат козметички производи со висок заштитен фактор.


ХИПЕРПИГМЕНТАЦИИ

Хиперпигментациите се промени на кожата кај кои има нормален број на меланоцити, но


тие синтетизираат поголемо количество на меланин. Можат да бидат генетски или стекнати,
односно да се јават при различни метаболни болести, како последица на примена на одредени
лекови, како резултат на изложеност на некои хемиски агенси или како последица на некоја
инфекција.

Овие промени можат да бидат дифузни по целото нтело или да се јават само на одреден
дел од телото.

ЕФЕЛИДЕС или сончеви пеги

Овие промени се генетски условени. Тоа се мали хиперпигментации кои се локализирани


на оние делови од кожата кои се изложени на сончева светлина. Почесто се застапени кал лица со
светол тен. Промените се локализирани на лицето, вратот, деколтето, подлактиците и горната
страна на шаките. Промените се како жолто-кафеави рамномерно пигментирани макули си
тркалезна или овална
форма. Се јавуваат во
детството и остануваат
целиот живот. Бидејќи
се јавуваат кај лица со
светол тен се
препорачуваат
козметички препарати
со заштитен афкто

ХЛОАЗМА

Оваа хиперпигментација се јавува како резултат на хормонски пореметување. Промените


се макулозни, што значи се во ниво на кожата.
Се јавува за време на бременоста, пти земање
контацептивни таблети, заболувања на матка и
јајници како и за време на климактериум. Овие
промени можат да се јават и кај лица кои се
изнемоштени од долги и тешки болести и лица
со оштетување на црниот дроб. Боласта се
карактеризира со појава на макулозни
ефлоресценции со големина од 2 до 5 цм. Тие се
остро ограничени од околината. Промените се најчесто ликализирани на челото, слепоочната
регија, образите и многу ретко на вратот. Појавата на овие промени е асимптоматска и нема
воспалителна реакција.

Хиперпигментациите можат да се намалат ако се користи хемиски пилинг на база на


киселини или со кремови кои содржат активна супстанција која го намалува синтетизирањето на
меланинот.

You might also like