You are on page 1of 2

СТАРЕЧКА АТРОФИЈА НА КОЖА ( СТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА)

Атрофија претставува смалување, слабеење, на некој орган или ткиво поради негова
недоисхранетост или долга неактивност.
Атрофија на кожа e состојба која се јавува како резултат на намалување на одделни или пак на сите
слоеви од кожата. Атрофичната кожа е истенчена, со намалена еластичност, намалената продукција на
лој и пот. Таа е набрана и сува.
Во зависност од распространетоста на површината на кожата, атрофијата може да биде:
 дифузна (општа) ‒ промените се застапени на целиот организам, таа е физиолошка и се
јавува како резултат на стареењето;
 локална ‒ промените се застапени на одредена регија, се јавува под дејство наразни
етиолошки агенси или е последица на бројни дерматози кои заздравуваат со атрофиј а.
Атрофијата може да биде:
 ФИЗИОЛОШКА ИЛИ СТАРЕЧКА АТРОФИЈА ‒ значи процесот настанува со стареењето на
организмот. Оваа атрофија се нарекува старост на кожата. Кожата е сува, со намалена
пигментација, со поголем број бразди, нема сјај, тенка е и со видливи крвни садови, има
намален тонус, Овој процес започнува после 40-тата година од животот кај сите луѓе, без
разлика на полот. Се нарекува уште општа атрофија, бидејќи ја зафаќа целата кожа. Една од
причините за стареење на кожата кај жените е намалениот број на естрогените хормони кои се
важни за убавиот изглед на кожата.

Стареењето на кожата зависи од


 Индивидуалните карактеристики
 Изложеност на надворешни факрори
 Правилната нега на кожата
Секоја кожа во текот на животот се суши бидејќи губи вода. Кај сувата и чувствителна кожа стареењето
и појавата на бразди се случува порано. Браздите можат да се јават и поради нагло слабеење, употреба
на алкохол, никотин, неправилна нега на кожата.Стареењето на кожата се случуваи поради намалена
синтеза на колаген, еластин и намалено количество на масно ткиво во хиподермисот.
 Патолошка ‒ настанува како резултат на некои заболувања на организмот или на кожата.
Патолошка атрофија претставува секое предвремено стареење на кожата. Причините кои
доведуваат до патолошка атрофија најчесто се заболувања кои ја намалуваат циркулацијата на
крвта.
Физиолошката и патолошката атрофија имаат исти карактеристики. При допир, кожата е мека и може
да се собере поголемо парче во раката. Кожата е без нормална архитектура, а брчките ги има најмногу
околу очите, устата и вратот. Има бледожолтеникава боја со восочен сјај и има изглед на безживотна
кожа.

Тенка атрофирана кожа со видливи крвни садови

ДЕГЕНЕРАТИВНА КЛИМАТСКА АТРОФИЈА


Обично се јавува кај луѓе од одредена професија како што се морнари, работници кои работат
на отворено, кои подолго време се изложени на дејството на сончевите зраци. Може да се јави и пред
50 година од животот.
Кај дегенеративната атрофија на кожата настануваат дегенеративни промени на колагенот и
еластинот. Се јавува на непокриените делови на главата и рацете, а поретко на нозете.
На кожата на образите и челото се забележуваат дифузни, линеарни или ситни жолтеникави
дамки. Дегенеративни промени често се јавуваат и на вратот, а се карактеризираат со плитки ил и
подлабоки бразди. Состојбата на ваквата кожа не може да се поправи, па затоа лекувањето се сведува
на локална терапија со употреба на масти, кои и ја враќаат маснотијата на кожата. Се препорачува
кожата да се заштитува од сончевите зраци со соодветна облека и користење на препарати за заштита
од сонце на непокриените делови од кожата.

https://www.youtube.com/watch?v=2L1x--6cjcE
ЛИНЕАРНАТА АТРОФИЈА на кожа е со линеарно-тракеста форма, со различна должина и. Се јавува за
време на пубертетот во втората и третата декада од животот, почесто кај женскиот пол. За појавата на
овој вид атрофии на кожата, примарна улога има хормоналниот дисбаланс кој ја нарушува синтезата
на сврзното ткиво во кожата.
Стриите се јавуваат за време на пубертет, при нагло растење и при нагло дебелеење и слабеење, за
време на гравидитет, долготрајна употреба на кортикостероиди и при некои инфективни и малигни
заболувања.
Стриите најчесто се симетрично распоредени на места каде што кожата е подложна на растегање. Такви
места се: стомакот, натколениците, надлактиците, горниот дел од трупот и дојките, во глутеалната
(седалната регија)и лумбосакралната (слабински и крстен дел од грбот) регија.
Видливо се манифестира со многубројни линеарни промени, долги (1 ‒ 15 cm) и широки (1 ‒ 10 mm) во
кои кожата е атрофична и попречно набрана. Колагените влакна хомогенизираат и се поставуваат
хоризонтално, додека еластичните влакна се проретчени или отсутни. Во почетокот промените се
црвени или црвено-синкави по боја, подоцна бело-жолтеникави, а поретко или повеќе пигментирани.
ФОТОИНДУЦИРАНО СТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА
УВ (ултравиолетови зраци)- се постојани во текот на целата година, независно од годишните времиња.
Тие поминуваат низ облаци и стаклени површини. Значи, во текот на еден животен век организмот е
изложен на многу високи дози УВ зраци и тоа доведува до оштетување на кожата. УВ зраци продираат
во подлабоките слоеви на кожата и имаат главна улога во биолошкото и предвремено стареење на
кожата. Но, поновите научни студии јасно ја сугерираат и нивната улога во појавата на кожните
карциноми
Не постои безбедна УВ-радијација. Штетните УВ-зраци се поинтензивни во текот на летните месеци, на
повисоки надморски висини и околу екваторот. Тие се зголемуваат со ветер и се рефлектираат од вода,
песок и снег. Дури и во облачни и студени денови УВ-зраците ја допираат површината на Земјата.
Прозорските стакла не ги блокираат УВ зраците.
Сериозноста на кожните оштетувања зависат од:
Должината и интензитетот на изложеност на УВ зраци може да биде
• долготрајна континуирана кај професионална изложеност (работници на отворено, земјоделци,
конструктори, морнари, спортисти, итн.)
• краткотрајна интензивна во текот на летните и зимските рекреативни одмори (сончање )
• честа посета на солариуми поради желба за исончан изглед.

You might also like