You are on page 1of 4

КОРЕКЦИЈА НА НОС СО ШМИНКА

Носот е најистакнатиот дел на лицето. Тој е сетилен орган за мирис и орган преку кој
вдишуваме воздух за кој носот се погрижува топол и влажен да стаса до белите дробови.

Носната шуплина помага во спречување на инфекции (со влакненцата ги задржува


поголемите честички, а секретот ги задржува микроорганизмите). Обликот на носот е наследен.
Секој човек посакува идеален нос, бидејќи носот е поставен на средина на лицето и е битен дел за
убавиот изглед. Во профил носот влијае врз профилната линија.

Особини на идеален нос

Кај ликот гледан во профил, од коренот на носот (делот на носот под челото) се мери
најниската точка на коренот на носот. Оваа точка треба да биде во нивото на клепките на горниот
капак, а растојанието помеѓу окото и средината на коренот на носот да биде 11 mm.

Точката на челото, таканаречената глабела,


треба да е оддалечена 5 mm од коренот на носот. После
ова се мери косината на носот. Косината кај машките и
кај женските е различна. Мажите имаат поголем агол на
носот и идеален агол на носот кај нив е 36 степени, а кај
жените 33 – 34 степени. Доколку се повлече замислена
линија од веѓите до горната усна, носот треба да е долг
2/3 од оваа линија., односно 65 % од должината.
Висината на носот треба да биде 2/3 од неговата
должина

Должина на нос

Уште еден параметар треба да се


земе предвид за да се одреди што
е складно, а што не кај носот. Тоа се
линиите кои одат од секоја веѓа кон
врвот на носот. Овие линии од
двете страни на носот треба да
бидат симетрични. Доколку постои
некоја неправилна косина или
издигнатост, тоа е знак дека истата
треба да се коригира.

Се зема предвид и обликот на врвот на носот меѓу линиите и симетричноста на ширината на носот.
Кога се мерат овие контури на носот, се мери и ширината.

За да биде во склад со другите пропорции на лицето, таа не треба да е е поголема од растојанието


помеѓу внатрешните агли на очите.
Симетричност на нос

Последно на што се обрнува внимание е врвот на носот, односно ротацијата на врвот на носот.
Ротацијата претставува физичка положба на врвот на носот во однос на другите контури на носот.
Доколку ротацијата е навалена надолу носот виси, доколку е навалена кон назад и благо го
подигнува врвот на носот, велиме дека носот е прчест. Покрај идеалниот облик на нос, постојат и
други видови: долг, орлов, широк, мал и тесен нос. Сите овие видови може да се коригираат со
шминка (со осветлување и затемнување)

Обликот, приближеноста или оддалеченоста на веѓите влијае врз формата на носот.

Премногу долгиот нос се коригира со сива


шминка. Таа се нанесува на делот кој сакаме да
го смалиме.

Премногу краткиот нос се коригира со многу бела и


светла шминка, која се нанесува на горниот дел на носот
Премногу широкиот нос може да стане потенок, ако
страничните делови на носот се шминкаат со темна шминка.
Шминката започнува од внатрешните агли на очите, од
корените на веѓите и продолжува до ноздрите. По вертикала
средината на носот се прекрива со светла пудра. Рабовите на
нанесените корекции се ублажуваат, да нема јасни граници . На
крајот на носот и целото лице се нанесува пудра во прав

Кривиот и орловиот нос се коригираат по вертикала, така што на средината на носот

се става тенка, бела линија која не треба да ја следи девијацијата на носот

Крив нос – коригиран со шминка

Премногу тесниот нос ќе се прошири ако страничните делови на носот се осветлат со

бела шминка.

Малиот нос ќе изгледа поширок, ако со крејон ги приближиме почетоците на веѓите.

Носот може да се коригира и со помош на усните.

Дебелиот нос ќе изгледа потенок ако долната усна биде тенка и права.

Тенкиот нос ќе изгледа поширок ако долната усна е пополна.

Грбав нос се коригира со нанесување на темна пудра на грбата на носот, во облик на мал
триаголник, чиј врв гледа накај коренот на носот. Рабовите на корекција се тапкаат да не се
забележува нивната граница и на крај се нанесува пудра во прав.

Врвот на носот може визуелно да се намали со нанесување на темни нијанси на врвот на носот и
странично
Понекогаш врз правилното коригирање на носот влијаат и начинот на шминкање на очите,
веѓите и усните. На пример, доколку со шминка визуелно ги зголемиме очите, а веѓите ги
нашминкаме поизразито (пошироки, подебели), широкиот и голем нос ќе изгледа визуелно помал.

You might also like