You are on page 1of 5

Облици на лице

Цел на секое шминкање е да се прикријат недостатоците, а да се истакнат добрите


карактеристики на лицето. Со тоа се подобрува надворешниот изглед, што ги прави луѓето задоволни и
со поголема самодоверба. За да биде шминката успешна, треба реално да се одреди обликот на лицето,
да се одреди кои делови ќе се истакнуваат со шминка, а кои ќе се прикриваат. За да се постигне
посакуваниот ефект се користат различни козметички средства за шминкање, а нивното комбинирање
зависи од личниот вкус на клиентот и специфичноста на лицето кое се шминка. Сепак постојат одредени
правила во однос на боите, кон кои секој козметичар треба да се придржува. Светлите бои зголемуваат,
па светли и сјајни бои се користат кога сакаме да истакнеме некои детали или црти на лицето. Темните
бои и мат тоновите смалуваат и истанчуваат поединечни делови на лицето, па така се користат кога
сакаме да намалиме или прикриеме некои делови на лицето. За шминкањето да изгледа што
поприродно, потребно е светлите и темните бои складно да се поврзуваат, без видливи премини или
граници. Сепак, целата способност и умешност за шминкање се прилагодува според статусот на кожата и
обликот на лицето.

Лицето може да се гледа во анфас, профил и полупрофил

Анфас е кога лицето го гледаме однапред и ги гледаме двете очи и двете уши

Анфас на лице

Профил е кога се гледа едното


око и едното уво
Полупрофил е кога ги гледаме двете очи и
едното уво

Кога го гледаме лицето во анфас гледаме различни облици на лице. Луѓето најпрепознатливо се
разликуваат по лицето. Секој човек си има свој карактеристичен облик на лицето. Јасно е дека некои лица
изгледаат поубаво, посимпатично, попривлечно од другите. Причина за тоа се различните црти, како
обликот на очите, усните, носот, веѓите, нивната големина, но пред сѐ обликот на лицето. Според обликот
на лице разликуваме:

Идеално лице ‒ идеалниот лик има елипсовидна форма. Овој вид лице се смета за најубав.
Хармоничниот однос на ликот се гледа во пропорционалноста на неговите делови.

Идеален лик

Ликот може да се подели хоризонтално и вертикално.

Поделба на лицето Хоризонтално, лицето може да се


подели на три еднакви дела.

 Првиот дел е од коренот на косата до коренот на носот.


 Вториот дел е од коренот на носот до врвот на носот.
 Третиот дел е од врвот на носот до врвот на брадата.

Овие три дела се еднакви по големина кај идеален лик


Хоризонтална и вертикална поделба на лице

Вертикално, лицето може да се подели на два еднакви дела. Кај идеалниот


лик растојанието меѓу двете очи е колку едно око . Ушите се во висина на
веѓите и врвот на носот. Ако ова лице правилно се нашминка ликот станува
уште поубав. Овој облик е совршен за шминка.

Тркалезно лице – има карактеристична тркалезна форма, со кусо лице во должина, а прешироко во
ширина. Челото е ниско, брадата кратка, а јаболчниците се изразени и го прават ликот помасивен и
погруб.

Четириаголно лице– овој лик има правоаголна форма. Слепоочниците со образите се под една
права линија. Има изразена вилична коска која му дава груб, остар и построг изглед на ликот.

Триаголно лице– има два вида и тоа лик со широко чело и тесна брада и лик со тесно чело и
широка брада. Триаголното лице кое има широко чело и тесна брада е нежно со крупни очи и веѓи.
Триаголното лице со тесно чело и широка брада изгледа погрубо, доминира виличната коска, а веѓите
и очите се мали.

Облици на лице
Срцевидно лице– овој лик има широко и големо чело и шпицеста брада. Горниот дел на лицето
е поголем и доминираат изразито големите очи.

Ромбоидно лице– тоа има стеснување во пределот на челото и брадата, а проширување во


средината на ликот со нагласени јаболчни коски.

Ромбоидно и срцевидно лице

Долгнавесто лице – ликот е издолжен во пределот на образите, има нежна брада, а изразени
јаболчници. И ликот гледан од профил има карактеристични облици. Идеалниот профил е редок. Најчест
проблем се: големо чело, мала брада, истакнат нос, мал нос, мало чело, голема брада. Со помош на
фризура и шминка, ликот треба да се приближи до идеалниот лик. Кога како недостаток се јавува големо
чело, а мала брада постои несразмерност помеѓу горниот и долниот дел на лицето. Доминира горниот
дел со што се нарушува естетскиот изглед и пропорционалноста на лицето. Со корективно шминкање
горните делови од
челото ќе се исенчат со
потемна шминка, а
брадата ќе се нашминка
со посветла шминка. Со
тоа се постигнува
визуелен ефект на
намалување на челото, а
зголемување на
брадата.
Лица со мало чело, а голема брада имаат нехармоничен однос при што доминира долниот дел
од лицето. Лицата делуваат машки со силно изразени вилични коски. Малото чело се шминка со светла
шминка со што визуелно се зголемува, а големата брада странично се шминка со потемна шминка, па
визуелно се намалува.

Доколку гледано од профил челото е спуштено наназад, а брадата е повлечена наназад, и челото
и брадата се шминкаат со светла шминка со што визуелно ќе изгледаат понапред.

Корекција со шминка на високо и

Запомни!

Постојат различни облици на лице. Лицето може да се гледа во анфас, профил и полупрофил.
Кога го гледаме лицето во анфас разликуваме: идеално лице, тркалесто лице, четириаголно лице,
триаголно лице, срцевидно лице, долгнавесто и ромбоидно лице

Тркалестото лице има изразена карактеристична форма, во должина е кусо и прешироко.

Четвртесто лице ‒ овој лик има правоаголна форма.

Долгнавесто лице ‒ овој лик има форма на издолжена елипса.

Кај триаголното лице постои несразмерност меѓу горниот и долниот дел од лицето.

Срцевидно лице ‒ овој лик има широко и големо чело со залист.

Ромбоидното лице има стеснување на ликот во пределот на челото и брадата, а проширување


во пределот на очите, јаболчниците и слепоочниците.

И ликот гледан од профил има карактеристични облици. Идеалниот профил е редок. Најчест

проблем се: големо чело, мала брада, истакнат нос, мал нос, мало чело, голема брада. Со
помош на фризура и шминка, ликот треба да се приближи до идеалниот лик. мало чело

You might also like