You are on page 1of 13

ОСНОВНИ ПРОМЕНИ НА

КОЖАТА
Основни промени на кожата
 Промените на кожата и на видливите слузници кои настануваат под дејство на
различни фактори се викаат ефлоресценции. Како промени се разликуваат од
околната кожа. Овие промени имаат важна улога за поставување на дијагнозата, па
е потребно да се УТВРДИ
 нивниот изглед,
 распоред,
 локализација и
 распространетост на кожата.
Со набљудување ја утврдуваме
 нивната боја,
 големина,
 облик и
 нивната граница според околната кожа.
 Примарни промени на кожата настануваат како прва директна манифестација на
патолошки процес на кожата.
 Секундарни промени на кожата настануваат како последица на примарните
промени со понатамошен развој на болеста.
 Со допир ја утврдуваме нивната
 конзистенција и
 евентуално нивната осетливост на притисок.
 Според начинот на создавање, промените се делат на:
 примарни и
 секундарни промени.
 Во однос на рамнината на кожата, промените можат да бидат:
 промени во нивото на кожата
 промени над нивото на кожата
 промени под нивото на кожата
ПРОМЕНИ ВО НИВОТО НА КОЖАТА
 Макула или дамка е промена која се наоѓа во нивото на здравата
кожа.
 Од околната кожа се разликува само по бојата. Макулата може да
има различна големина, форма и боја.
 Според начинот како настануваат макулите ги делиме на:

 васкуларни
 пурпурични
 дисхромични
Васкуларните макули
 Васкуларните макули се создаваат поради активна и пасивна хиперемија во
кожата. Кога на одреден дел од кожата се зголеми протокот на крв се вика
хиперемија. Овој зголемен проток на крв е видлив преку синкаста или
црвеникава промена на бојата на кожата. Покрај тоа, погодената површина
на кожата е особено топла. При активна хиперемија тие имаат светлоцрвена,
а при пасивна, сино-црвена боја. Појавата на поголем број светлоцрвени
дамки со големина на зрно леќа коишто се симетрично распрснати по телото
се вика розеола (roseola).
 Еритем (erythema) е васкуларна макула која се карактеризира со црвенило
на поголеми површини од кожата. Еритемот може да биде активен и пасивен.
 Пурпуричните макули настануваат поради крварење во кожата. Во почетокот
имаат светлоцрвена боја која подоцна се менува во сино-црвена, зеленикава
и жолта. Нивната боја се менува поради разградување на крвниот пигмент
хемоглобин кој се ослободува во ткивото од распаднатите еритроцити.
 Дисхромичните макули настануваат поради нарушената пигментација на
кожата. При зголемена количина на кожниот пигмент меланин, тие имаат
кафеава боја. При намалена количина или потполно исчезнување на
пигментот меланин, дамките имаат бела боја – витилиго (vitiligo).
 Во дисхромични макули спаѓаат и тетоважите кои денес стануваат сè
попопуларни кај младите.
 Папула или јазолче се појавува како резултат на воспаление во
епидермот или дермата. Такви се на пример јзолчиња кај младеначка
кожа. Таа е како задебелување на самите епидермални клетки.. Таа е
црвенкаста и црвенкасто-кафеаво обоена и тврда на допир. Во случај
на гребење може да се отвори и да се појави раничка. Може да биде
со големина до 0,5 cm.

ПАПУЛА
 Везикула е меурче исполнето со проѕирна течност. Големината е колку
главата на карфица. Понекогаш можи да биди исполнета и со крв. Вакви
промени настануваат при herpes кога пациентот има температура или
треска.

 ВЕЗИКУЛА
 ПУСТУЛА е јазолче кое започнува како папула. Нејзината содржина е
пурулентна (гнојна) поради натрупување на бели крвни зрнца.
Причинители за нејзино јавување се бактерии. Пустулата по големина и
форма одговара на везикулата.

 ПУСТУЛА
 ПЛИК или БУЛА
 Була е меур, многу поголем од везикулата. Може да биде со големина
на грашок до јаболко, исполнет со проѕирна, крвава или гнојна
содржина.Ваква промена настанува при изгореници.

 ПЛИК или БУЛА


 УРТИКА ИЛИ ПЛИК е промена над нивото на кожата со бела или розова
боја, најчесто ограничена со црвен прстен. На допир е
мека.Исполнета е со течност и придружена со чешање. Оваа
промена е со големина на леќа до дланка и многу брзо се појавува и
брзо исчезнува.

 УРТИКА ИЛИ ПЛИК


 СКВАМА ИЛИ ЛУШПА настанува како последица на патолошки
првутења. Сквамата се состои од наталожени рожести плочки во
форма на наслаги кои постепено се лупат и отпаѓаат. При некои
кожни болести е нарушен процесот на кератинизацијата во
епидермисот и лупењето е зголемено (на пр. првут на влакнестиот дел
од главата). Според големината на лушпите, десквамацијата може да
биде прашинеста или во облик на ливчиња (ламели). Тие се белкасти
наслаги кои слабо налегнуваат на подлогата, одвојувајќи се отпаѓаат
во вид на лушпи (на пр. првут на влакнестиот дел од главата)

Првурање на рака Првутање на коса


 КЕРАТОЗА е задебелување на рожестиот слој на епидермисот. Бојата
на кератозата може да биде помалку или повеќе жолтеникава што
зависи од нејзината дебелина. Може да биде стекната и вродена, а
најчесто е локализирана на дланките и табаните. На допир се цврсти.

КЕРАТОЗА
1. Наброј промени во нивото на кожата!
2. Објасни ги различните видови макули!
3. Кои се промени под нивото на кожата?
4. Опиши некоја промена под нивото на кожата за која мислиш дека е
почесто застапена!
5. Наброј промени над нивото на кожата!
6. Опиши ги разликите помеѓу везикула и пустула!

You might also like