You are on page 1of 2

Омбре техника на шминкање на усни

Омбре е француски збор за боја што е во сенка или постепено се прелива од


една нијанса во друга. Омбре техниката за шминкање на усни вклучува нанесување
кармин во најмалку две нијанси. Нијансите се од иста палета, односно иста основна
боја.
Да речеме црвена, светло црвена и розова. Најтемната боја се нанесува на
рабовите на усните. Постепено стигнуваме до посветла нијанса на средината на
усните.
Омбре усните, освен што изгледаат убаво, имаат и повеќе намени. Визуелно
ќе го зголеми обемот на усните. Ќе го комплетира изгледот на лицето и ќе го сврти
вниманието од брчките околу усните.
По четириесет години, тонот на кожата се намалува и усните се спуштаат кон
брадата. Лицето доби тажен изглед. Умбре усните ќе направат да изгледате
неколку години помладо и ќе ја вратите вашата самодоверба. Нагласените рабови
на усните и центарот за светло визуелно ќе ги подигнат усните и лицето ќе изгледа
поцврсто. Ова е всушност одличен начин за подмладување на усните.
Омбре ефект на усните

Подготовка на усните. За да
постигниме убаво нашминкани усни,
прво треба да се направи пилинг на
усните. Tреба да се отстрани сувата и
испукана кожа од нив, така што тие ќе
бидат меки и мазни. Алтернатива може
да биде со нанесување на балсами за
усни или вазелин, потоа се прминува
преку усните со четка за заби и се
добива истиот ефект.
Потоа се брише преостанатиот
вазелин или мелем за усни пред да
нанесете кој било кармин.

Прв чекор -Избор на бои


Првиот чекор е да се усогласат две бои кои можат да изгледаат добро заедно
за да се создаде посакуваниот ефект.
За да се изберат вистинските бои, најнапред треба да се избере една боја
што е како бојата на усните. Потоа се избера боја што е посветла од основна или
потемна од основната боја. Сепак, мора да се провери дали станува збор за слични
нијанси.
Втор чекор: треба да спремиме се што ни е потребно за шминкање на усните
 Коректор
 Серум за усни
 Шамиче
 Мат кармин или течен кармин
 Четка за коректор
 Хајлајтер
Како се прави техниката омбре?
Пред да се почне со шминкање на усните потребно е да се нанеси серум за усни.
Серумот ќе направи усните да изгледаат поцелосни и поголеми. Најдобро е да се
изберат оние серуми кои содржат хијалуронска киселина.
Потоа се нанесува подлога или коректор преку усните за да се изедначи
пигментација на кармините. Можете да се користи четка.
Со помош на молив за усни во потемна нијанса се исцртуваат контурите на
усните. Клучно е моливот да биде доволно остар за да ги оцртува усните, за да се
добие прецизна линија. Бојата во аглите на долната и горната усна треба да биде
јасна и прецизна. Аглите и рабовите на усните треба да добијат одредена нијанса.
Сега, со кармин или течен сјај во посветла нијанса, се исполнува на
средината на усните и треба убаво да се измеша ја бојата со лизгачко движење на
горната и долната страна на усните, со четка за усни
Ако случајно сте премине преку нацртаната контура на усната, истата лесно
може да се поправи со коректор и четка за корекција на усните.
На крајот треба да се нанесе малку блед коректор, за да сее потенцира јасно
дефинираниот раб. Ова е многу важен овој потег за убавината на техниката омбре.
На крајот од шминкањето може да се користи марамче за да се изедначи и
да се матира карминот, доколку не сме користеле мат кармин. Потоа со хајлајтерот
што вообичаено се користи, или сенка со бела нијанса од палетата се става само
малку на средина на усните, за да ги потенцираат уште повеќе.

You might also like