You are on page 1of 47

Маски наменети за секој тип коса...

Маска од банана. Истолчете една банана, додадете едно јајце, 3 супени


лажици мед, 3 супени лажици млеко и 5 супени лажици маслиново масло.
Внимавајте смесата убаво да се соедини и нанесете ја на косата. Оставете
да дејствува 10 до 15 минути и измијте ја со лесен шампон.
Маска од јогурт. Со миксер, изматете една белка од јајце. Во текот на
матењето додајте 6 лажици јогурт. Смесата нанесете ја од коренот до
врвовите. Убаво масирајте и оставете да дејствува 30-ина минути. Измијте
ја косата со благ шампон.

Маски за коса
1.Маска за сјај.

Сјај во косата можете да постигнете и со домашно приготвување на маска


за коса.
2 мали лажички мед, се меша со сок од еден лимон до степен на хомогена
смеса, се нанесува на сува коса со помош на чешел.
По околу 10 мин косата се исплакнува добро и се мие како и обично.

2.Компири и мед против опаѓање на косата.


Ако ви се капе косата, треба да направите маска со свежиот сок од
компир.
Излупете 1 голем компир, изрендајте го и изстискајте го сокот. Измешајте
2 лажици од овој сок со 2 лажици сок од Алое и 20 г мед. Втријте ја
добиената смеса во коренот на косата со лесно масирање со прстите. Потоа
си внесете полиетиленска шапка за бања, или се завива главата со
фротирна крпа крпа.
По 2 часа измијте ја косата со топла вода и соодветен шампон.
Правете ја маската 2 пати неделно, додека дојде подобрување во
состојбата на косата и таа ќе престане да паѓа.

3.Лимонски спреј за сјај

2 парчиња лимон
2 чаши вода

Ставете вода и лимон во суд на ринглата да зоври. Намалете ја


температурата и оставете да врие, додека изври половина вода (околу 30
минути). Извадете го од ринглата и оставете да се излади.

Прецедете од парчињата лимон и истурете во шишенце со распрскувач.


Чувајте ја смесата во фрижидер.

4.Маска со Коприва
Исечете на ситно 50г. листа од Коприва и ги залејте со 400мл. зовриена
вода. варете ја смесата 20 мин, извадете ја од огнот, откако ќе се излади
се прецедува и се додава во водата за миење на косата.
Маската од Коприва е исклучително корисна за коските, освен дека
заздравува косата, таа зголемува густината на косата и ја храни.
Секој ден може да се втрива тоа средство во коренот на косата.

5.Маска против опаѓање на косата со пиво

При опаѓање помага и жешкото пиво. Со него се премачкува косата и се


завива со затоплена крпа. Оваа процедура, сепак, се прави најмалку 5 дена
секој ден.

6.И последното нешто против опаѓање на косата е лута пиперка која


што се втрива во главата..

Засега немав време да ги пробам некои од маските но ако некој проба нека
пише дали имаат ефект ..следниот пат ќе напишам уште многу маски ...

Маски за лице и коса

Maska za lice od morkov:

Izmiksiraj eden pogolem morkov vo blender so 1 lazica maslinovo maslo i nanesi


ja maskata na liceto.Ostavi ja da deluva 20 minuti potoa izmij go liceto so
mlaka voda.

Losion za cistenje lice


edna casa sok od krastavici pomesan so edna casa mineralna negazirana voda i
nekolku kapki sok od limon pomesaj gi da dobies izednacena masa.Cisti go
liceto sekoe utro i navecer so natopeno pamukce od ovoj losion,porite ke se
iscistat, a kozata ke ti sveti.

Domati
Piling maska
kasa od domati e odlicen piling za kozata na liceto i teloto pred da se izlozis na
intenzivno soncanje.Izmiksiraj so blender sreli domati i vednas nanesi gi na
celata koza.Ostavi da deluva 15 minuti, a potoa istusiraj se so mlaka voda.

Maska za lice
naredi krugovi od domati na liceto, legni i opusti se 20 minuti.Potoa izmij go
liceto i nanesi hidratanten krem.
Losion za kosa

vo 2 litra mlaka voda dodaj 100 ml jabolkov ocet- isplakni ja kosata so ovoj
losion i taa ke dobie fantasticen sjaj.

Tonik za lice

Izmiksiraj so blender penesto edna pogoelma zelena salata i edna casa slatko
mleko.Soberi gi potoa tonikot vo sisence i cuvi go vo friziderot.Mozes da go
koristis za sekojdenvno cistenje na liceto ili ako ti se pojavat akni.

Маска за сува и оштетена коса: лажичка рицинусово/бадемово масло, 1


жолчка и 1 лажичка мед, се нанесува, масира, се остава 15-20 минути, и
потоа убаво се мие со шампон.

За сува и оштетена коса


Божествена маска со мед и млеко

o 1 презреана банана
o 5-6 капки бадемово масло
o ½ чаша млеко
o 1 лажица мед

Испасирајте ја бананата и кон неа додајте го бадемовото масло. Затоплете


го малку млекото, колку за да можете да го растопите медот во него.
Млекото со мед додајте го во смесата со бананата и добро промешајте.

Ставете ја приготвената маска на скалпот. Прво масирајте го скалпот, а


потоа разнесете ја смесата надолу по прамените. Оставете ја да делува 20-
30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон.

Ревитализирачка маска со авокадо и мајонез

o 1 авокадо
o ½ чаша мајонез
o 2 лажици маслиново масло
o 2 лажици мед

Испасирајте го авокадото. Додајте ги мајонезот, маслото и медот и мешајте


додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја маската на косата и
масирајте 2 минути. Потоа, ставете најлонска капа и оставете ја смесата да
делува 20 минути. Измијте со млака вода и шампон.
За мрсна коса
Кисела маска за здрав блесок

o 1/3 чаша јаболков оцет


o 1 лажица мед
o 10 капки масло од лаванда
o сок од еден лимон

Измешајте ги дадените состојки и мешајте додека не се растопи медот.


Навлажнете ја косата (со помош на крпа отстранете ја преголемата
влажност) и потоа ставете ја маската на скалпот, па разнесете ја надолу.
Оставете ја да делува 20-25 минути и измијте ја косата со шампон.

Јаболкова маска за неверојатно мека и нежна коса

o 1 ситно рендано јаболко


o 2 лажици јаболков оцет
o 2 лажици сок од лимон

Во изренданото јаболко додајте ги оцетот и сокот од лимон и промешајте.


Ставете ја смесата на скалпот и нежно масирајте. Разнесете ја маската и
надолу кон врвовите, но сепак внимавајте најголем дел да остане на
скалпот. Ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 30 минути,
а потоа исплакнете со вода и измијте ја косата со шампон.

За нормална коса
Природна маска за сјај и мекост

o 2 лажици масло од рузмарин


o 1 лажица мед
o 1 јајце

Изматете го јајцето и во него додајте ги маслото и медот. Мешајте додека


не се соединат. Ставете ја маската на главата и со врвовите на прстите
лесно масирајте и разнесете ја смесата по целата коса. Ставете најлонска
капа и оставете ја маската да делува 30 минути. Измијте со млака вода и
шампон.

Заштитна маска за цврстина и хидратација

o 4 лажици маслиново масло


o 4 лажици мед
o 2 белки од јајце
o ½ краставица

Изматете ги двете белки од јајце и во нив изрендајте ја краставицата.


Додајте ги маслиновото масло и медот и убаво промешајте. Нанесете ја
смесата на главата и полека со прстите разнесете ја низ косата. Ставете
најлонска капа и оставете ја маската да стои 30 минути. На крајот, измијте
ја косата со шампон.

Маска за лице

Чувствителната кожа може многу да пати во текот на зимата. Затоа


потребно е постојано да се грижите за неа.

Сите оние скапи препарати не можат да ви гарантираат дека ќе имате


прекрасна кожа полна со сјај.
Затоа еве еден рецепт кој може да ви помогне во борбата против
црвенилото на носот што се појавува од безмилосната зима.
Како да го приготвите?
За овој рецепт ви е потребни околу 100 гр кисели јаболка, 150 гр млеко
и 2 жолчки од јајце.
Како се нанесува овој рецепт?
Изрендајте ја јаболката и ставете ја во млекото и оставете ја смесата се
додека не почне да врие и додека не добиете млечна каша. Кога смесата ќе
се олади, додадете ги жолчките и добро изматете ја смесата.
Како да ја употребите смесата?
Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15-17 минути. За
многу брзо време, црвенилото од кожата ќе се изгуби и по употреба на оваа
маска, кожата ќе ви стане мека и сјајна.
Корисно е маската да ја нанесете и на очните капаци и на вратот, па затоа
оставете ја маската да делува околу 20-тина минути.
Јаболката се употребува и за масажа
Јаболката исто така може да се употреби и за време на масажа. За време
на ваквата масажа, за многу брзо време се постигнува неверојатна свежина
на кожата. Јаболката треба да се исече на 4 делчиња и со тие делчиња
полека да се трие кожата.
Оваа масажа може да се користи неограничено, особено на онаа кожа која
е сува и се првута.
Бадемово масло

Пакување: 50ml

Тајната на убавата коса и кожа


Првите сознанија за употребата на бадемовото масло датираат уште од
библиско време. Во минатото, маслото се користело или посебно или во
комбинација со некои парфимирани билки, за изработка на традиционални
креми и масти за разубавување, бидејќи уште од тогаш се знаело за
неговата благотворна моќ на косата и кожата.
Богат хемиски состав
Бадемовото Гала масло се добива со постапка на ладно цедење на семето
од бадем (Amygdalis communis). Вака добиеното масло е со сладок вкус,
благо парфимирано, без страни агенси и има богат хемиски состав.
Бадемовото масло содржи: палмитинска киселина, стеаринска киселина,
глукозиди, минерали, витамини ( A, B1, B2, B6, и E) и висок процент на
протеини.
За секојдневно одржување на природната убавина

* Бадемовото Гала масло делува на кожата нутритивно, емолиентно и


хидратантно. Најчесто се препорачува за нега и заштита на сува и
чувствителна кожа, иако во суштина е погодно за сите типови на кожа.

-Маслото може да се користи за ублажување на симптомите на разни кожни


промени и воспаленија проследени со чешање, како и за нега и заштита на
сувата, испукана и груба кожа на дланките, лицето и вратот.
-Маслото, исто така ја подобрува еластичноста на кожата и ја спречува
појавата на брчки и во комбинација со разни природни средства може да се
користи за изработка на домашни маски за лице.
-Поради природниот афинитет кон кожата и неговото лесно апсорбирање и
пенетрирање, маслото може да се користи и за масажа на телото, со што
кожата станува затегната, освежена и нежна.
* Бадемовото Гала масло го храни, омекнува и штити влакното на сувата и
оштетена коса. Со редовна употреба на маслото или со употреба на
домашно изработени маски за коса со бадемово масло, косата го враќа
изгубениот сјај, омекнува, станува поцврста и поотпорна на кршење.

Како се употребува?

* За нега на кожата, навечер пред спиење се мачка и масира кожата на


лицето и вратот.
* За нега на косата, маслото се нанесува на косата и кожата на главата, со
благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон.

Корисни совети

Во домашни услови може да се подготват најразлични маски за нега на


лице и коса со додавање на Бадемово Гала масло. Најдобри маски, со кои
ќе се потенцира дејството на бадемовото масло, се оние подготвени од
природни состојки богати со протеини, витамини и минерали, кои можете
да ги најдете секојдневно во вашиот кујнски орман или фрижидер. Маските
оставете ги 10-15 минути на вашата кожа или коса- време доволно за
добра, потполна апсорбција и пенетрација на маслото низ сите слоеви на
кожата и косата.

Еве една таква домашно приготвена маска за лице :

Потребни се :
-1 јајце,
-1 лажичка Бадемово Гала масло и
-неколку капки свежо исцеден лимонов сок.

Сите состојки добро се мешаат неколку минути, додека не се добие


еднолична маса. Вака приготвената маска се нанесува на лицето и вратот и
се остава да стои 15 минути. На крајот маската се отстранува со плакнење
со ладна вода.
Истата маска може да се користи и за нега на косата. Приготвената маска
се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да
стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.

извор:Галафарм
Маска за коса од мајонез

Да го пренсам искуството со мајонезот. Го правиш сам од јајце, маслинов


зејтин ,лимон. се мати и се нанесува како фарба. Фино завиткана косата ,а
ти се депилираш, чупкаш и тепаш едно 2 часа.Миењето е малку тешко но
резултатите се добри.Заборавив да кажам ова е за оштетена и дива коса.
Инаку ако имате проблем со опаѓање на коса помага малку од малку миење
со глина место шампон.

Совети за коса

Немојте да ја миете косата со агресивни шампони: Не велиме дека секое


дволитарско пакување на некој шампон од коприва автоматски е лош за
нега на косата, ама немојте да употребувате каков било шампон. Обрнете
внимание на тоа каква ви е косата по миењето. Дали е наелектризирана,
сува, разлетана на сите страни? Во тој случај пробајте некои од шампоните
за сува коса или некои со хидратантни состојки. Магичен збор - балсам.
Можеби веќе имате искуство со балсамите, а можеби сте на тоа поле
апсолутен почетник. Ако припаѓате на ова категорија, имајте на ум дека се
работи за многу корисно средство кое нема само долгорочно да ја чува
косата и да го спречува пукањето на влакната, туку ќе даде сјај, мекост и
ќе овозможи едноставно чешлање. Регенераторите и балсамите денес
можете да ги купите буквално секаде, односно не треба само да ги
нафрлите во кошницата кога пазарете во супермаркетот. Употребувајте ги
според зададеното упаство и не откажуватејте се брзо. Понекогаш не е
лесно веднаш да пронајдете регенератор кој ги содржи баш оние хранливи
супстанци кои недостигаат на вашиот тип коса. Разговарајте со другарките:
На тој начин ќе го скратите лутањето и потрагата за совршен препарат за
коса. Тие се веројатно многу поискусни од вас и можат да ви дадат
драгоцени совети благодарение на кои ќе заштедите време и пари.
Испробајте ја пеглата за коса! Кога ќе ја измиете косата и убаво ќе ја
нахраните со балсам, можете да пробате да ја испеглате. Многу девојки
денес имаат пегла за коса, па можете едноставно да ја позајмите и да
експериментирате едно попладне. Купете си себе маска за коса. Маската за
коса содржи поголема концентрација на корисни супстанци отколку
регенераторите, па самите тие даваат подобри резултати. Ако имате сува и
оштетена коса, откривањето на добрите маски би била вистинска мала
револуција за вас. Покрај маските можете да купите и ампули за коса, како
и регенератори кои се нанесуваат на влажна коса. Ја сакате својата коса:
Немојте немилосрдно да ја кинете во текот на чешлање. Редовно мијте ја и
хранете ја со соодветен препарат. Потстрижувајте ја редовно по неколку
сантиметри. Третирајте ја со внимание и љубов и таа ќе возврати така што
ќе биде здрава, силна и убава.
Маски за коса

Даровите на природата се идеални за маски за коса, за лосиони и шампони!

* Маска од лимон

По миењето исплакнете ја косата со еден литар вода во која ќе додадете


сок од еден лимон - косата ќе ви стане поубава и посјајна.

Совет: секоја вечер пред спиење исчеткајте ја косата сто пати - така
влакната ќе се одлепат, а косата ќе ви стане свилеста и ќе добие сјај.

* Потхранувачка маска

Измешајте 2 жолчки, 1 белка, 1 мала лажичка мед, сок од 1 лимон и 5мл


растително масло ( маслиново ). Втријте ја смесата во коренот на главата
раздвојувајќи ја косата со чешелот на текни слоеви. Оставете ја да стои 10
минути, а потоа добро исплакнете ја.

Совет: За да расте косата побрзо втријте во коренот смеса од сок од


морков и лимон во еднакви делови.

* Прекрасен сјај

5 гранчиња розмарин ги варите 20 минути во 1 литар минерална вода.


Изладете го чајот, продецете го и исплакнете ја косата со него. Помага при
многу мрсна кожа на главата.

Совет: сливова ракија за слаба и тенка коса: промешајте 2 - 3 лажички


сливова ракија со неколку капки сончогледово масло и 1 лажичка сок од
лимон. Втријте ја во косата и оставете да делува растворот 15 минути, а
потоа измијте ја косата со вода.

* Пиво и шампањ за волумен

Помешајте по 250мл пиво и шампањско. Протресете ја смесата за да не


направи пена, а потоа полијте ја косата. Не ја плакнете косата, исчешлајте
ја убаво и оставете ја да се исуши. Косата ќе ви остане поцврста и со
поголем волумен.

Совет: за поголем волумен, поделете ја косата во цик - цак патец, а потоа


со потсушетеја со фенот.
* Лосион од вишни

10 зрели вишни - извадете им ги семките и направете сок. Втријте го во


кожата на главата. Нека стои еден час, а потоа измијте ја косата.

Совет: сок од портокал ќе и даде посебен златест сјај на светлата коса.

Совети за коса

НЕГА НА КОСА

Неколку факти за чешлањето...

Едноставниот "алат" за чешлање може да ви изгледа невин во споредба со


фенирањето, пресите за коса и сличните направи. Но ако се чешлате со
погрешниот "алат"' во погрешно време, косата може да ја оштетите и без
употреба на електричните уреди

Цврста и кадрава коса

Користете чешел со ретки запци и густа четка која ќе досегне до


проблематичните точки.

Нежна рамна коса

Го бара токму спротивното. Чешел со густи запци и ретка четка.

Четките за виткање од влакна од вепар по правило се наменети за фината и


нормална коса.

Четки од најлон се добри за многу густата коса.

Четки од мешан материјал за нормална и густа кратка коса.

Сепак, најважно е како косата ќе реагира на чешлањето. Ако по чешлањето


почувствувате статички електрицитет или било каква непријатност,
задолжително сменете ја четката.

Избегнувајте метални и дрвени чешли - без оглед на типот на косата.

Мекиот, речиси гумен чешел, ќе нанесе најмалку штета на тенката коса.

Времето на чешлање е исто така важно:

Никако не чешлајте ја косата додека е мокра. Освен ако немате коса како
Африканците - е тогаш чешлајте ја само кога е мокра.
ЗА ПОДОБАР ЕФЕКТ

Дијамантски сјај за коса

Ако е точно дека ништо не може да го растрепери женското срце како што
можат дијамантите, и ако е точна девизата на Мерилин Монро дека
"дијамантите се најдобар пријател на девојките",не е чудо што овој толку
чист и блескав скапоцен камен е симболот на новата колекција за нега на
коса на "класикотт НИВЕА, насловена "Диамонд глосс" или "Дијамантски
сјај". Во оваа колекција има шампон, регенератор, спреј ја потхранување на
косата што не треба да се измива, лак за коса, восок и пена за коса, кои ќе
направат секоја жена да блесне. И оваа колекција содржи полимери и
пантенол што даваат посебна влажност на косата, како и специјални
микродијамантски честички што го дополнуваат сјајот на здравата и
негувана коса. Новата технологија, која применува силикони и пигменти од
бисер и овозможува на косата заслепувачки дијамантски блесок,
еластичност и волумен кои траат во текот на целиот ден.

Маски за тело

Овој пилинг нанесете го на мокро тело со мека четка за тело. Нежно масирајте ја кожата, а потоа исплакнете.

Многупати се прашувате зошто новите препарати кои штотуку ги купивте


немаат видливи резултати ниту по неколку недели? Кожата по телото ви е
се уште сува и изгледа како на стара баба?
Зошто да не заштедите пари и да не добиете прекрасна кожа полна со сјај
во исто време?
Затоа, ние ви нудиме неколку совети за домашни маски за нега на вашето
тело?
Парчиња од лимон
Што ви е потребно?
База сапун од глицерин, 5-10 капки етерични масла од портокал,
лимон, зелен лимон или грејпфрут, 1 пакување боја за сапун (жолта,
портокалова или зелена), кружен калап за сапуни, желе од петролеј,
восочна хартија.
Како да го приготвите овој рецепт?
Во сад загрејте ја база за сапун. Додадете етерични масла и боја за сапун.
Кружните калапи премачкајте ги со желе од петролеј. Внимателно прелијте
ја смесата во калапот. Откако ќе се стврдне сапунот, но, да биде се уште
топол на допир извадете го од калапот и исечете го на парчиња. Потоа со
чепкалка направете црти за да добие изглед на лимон. Ставете ги
на хартија и оставете да се изладат комплетно. Чувајте ги сапуните на
ладно и суво место.
Ванилин пилинг за тело
Што ви е потребно?
¼ чаша морска сол, ¼ чаша бебешко масло, ½ лажичка ванилин екстракт
(или неколку капки од вашиот омилен парфем).
Како да го приготвите овој рецепт?
Измешајте ги состојките додека солта целосно не се покрие со маслото.
Овој пилинг нанесете го на мокро тело со мека четка за тело.
Нежно масирајте ја кожата, а потоа исплакнете.
Пилинг на стапалата од јагоди
Што ви е потребно?
2 лажици масло (по можност маслиново), 2 лажички крупна сол, 8 двежи
јагоди, четка за стапала, лосион за раце и тело.
Како да го приготвите овој рецепт?
Промешајте го масло и солта во сад. Додајте ги јагодите и заедно гмечете
ги со виљушка додека не добиете рамномерна смеса. Потоа со
четка нанесете ја смесата или на нозете или на рацете. Со кружни движења
масирајте околу петата и потоа измијте ја смесата. Нанесете го лосионот и
облечете ги чорапите.
Маска и исхрана за вашето лице

Наведнете се над садот и главата покријте ја со крпа. Останете над пареата онолку колку што можете да
останете. Потоа лицето измијте го со ладна вода.

Се вративте од работа! Конечно заврши напорниот работен ден и се што


сакате е да ја извадите шминката, да се истуширате и да се релаксирате со
добар филм или музика?
Но, што ако при тој напорен ден заборавите дека тоникот за вадење
шминка е сосема испразнето?
Што ќе правите тогаш?
Ние ви нудиме неколку предлози за домашен тоник и за секојдневната
исхрана на вашето лице.
Јаболков тоник
Што ви е потребно?
2/3 чаша јаболков оцет, 2/3 чаша вода, мало шише.
Во мал сад, измешајте оцет и вода и ставете ја смесата во шишето. Добро
протресете го шишето пред употреба штотуку измиено лице. Смесата
нанесете ја со памук и не ја мијте. Дозволете да се исуши.
Маска од мед и млеко
Што ви е потребно?
1 белка од јајце, 1 лажица мед, 3 лажици млеко во прав,
1 лажичка течен глицерин (кој може да се најде во аптеките).
Во мал сад помешајте ги сите состојки. Нанесете ја смесата на лицето, но
избегнувајте ги очите. Опуштете се и оставете ја смесата да делува 15
минути. Исплакнете го лицето со топла вода.
Оброци за уморното лице
Појадок
2 супени лажици од овесот, 2 лажици јогурт, 2 лажички мед помешајте во
мал сад. Нанесете ја смесата на лицето избегнувајќи ги очите. Потоа убаво
измијте го лицето.
Ручек
Исчистете една половина авокадо и изгмечете го убаво. Нанесете го на
целото лице освен на очите. Затворете ги очите и покријте ги со
2 парчиња краставица. Оставете да делува 15 минути. Потоа убаво измијте
го лицето.
Вечера
2 чаши вода, 1 кесички чај и крпа ви е потребно за вечерата за вашето
лице. Во тенџере оставете водата да зоврие и ставете ги кесичките со чај.
Намалете ја топлината и оставете уште 5 минути. Наведнете се над садот и
главата покријте ја со крпа. Останете над пареата онолку колку што можете
да останете. Потоа лицето измијте го со ладна вода.

Домашни маски за секоја кожа

Мала банана, лажица пречистено маслиново масло, лажица цветен мед и капка етерично масло измешајте ги се
додека не добиете кремаста смеса и нанесете ги на лицето.

Постојат различни типови на кожа и доколку сами не водите грижа за неа,


може само да се уништи.
Потоа ќе биде предоцна за посети на дерматолог, па дури и за сите оние
скапи препарати кои се продаваат по продавниците и козметичките салони.
Зошто да не се грижите навреме за својата кожа и тоа со домашни
препарати?
Нели сте знаеле дека сите оние скапи препарати може да го немаат
посакуваниот ефект? Зошто да не подготвите домашни маски кои со
сигурност ќе имаат ефект и ќе ја подобрат состојбата на вашата кожа?
Ние ви нудиме неколку рецепти за сите типови кожа.
Чувствителна кожа
Измешајте две лажици свежо сирење со една лажица мед се
додека смесата не стане крем. Обилно нанесете ја на кожата,
особено околу очите и усните и држете ја 20 минути. Потоа отстранете ја
смесата со памук натопен во топло млеко.
Зрела кожа
Мала банана, лажица пречистено маслиново масло, лажица цветен мед и
капка етерично масло измешајте ги се додека не добиете кремаста смеса и
нанесете ги на лицето. По 20 минути избришете го со памук и измијте го
лицето. По нанесување на маската, поминете ја кожата со неколку капки
маслиново масло.
Масна кожа
Измешајте цврст јогурт и ладно цедено масло од јојоба и додадете капка
етерично масло од лаванда. Смесата нежно тријте ја во кожата и по 15
минути измијте ја маската со млака вода. Оваа маска е многу деликатна, па
можете да го користите секој втор ден. Таа е добра и за кожата со акни.
За нормална и сува кожа
Измешајте лажица јогурт со лажица мед. Додадете една капка етерично
масло од ружи. Промешајте ги состојките додека не добиете смеса во вид
на крем. Нанесете ја со масажа на чиста кожа и по 15 минути измијте ја со
млака вода. Оваа маска на кожата и ја враќа влажноста и може да се
применува двапати неделно.
Сите типови кожа
Изгмечете една банана и нанесете ја на лицето. Држете ја 20-30 минути и
исплакнете ја со чај од камилица. Користете ја маската 1-2 пати неделно.
Зимата ви ја уништува кожата?

Корисно е маската да ја нанесете и на очните капаци и на вратот, па затоа оставете ја маската да делува околу
20-тина минути.

Чувствителната кожа може многу да пати во текот на зимата. Затоа


потребно е постојано да се грижите за неа.
Сите оние скапи препарати не можат да ви гарантираат дека ќе имате
прекрасна кожа полна со сјај.
Затоа ние ви нудиме еден рецепт кој може да ви помогне во борбата против
црвенилото на носот што се појавува од безмилосната зима.
Како да го приготвите?
За овој рецепт ви е потребни околу 100 гр кисели јаболка, 150 гр млеко и 2
жолчки од јајце.
Како се нанесува овој рецепт?
Изрендајте ја јаболката и ставете ја во млекото и оставете ја смесата се
додека не почне да врие и додека не добиете млечна каша. Кога смесата ќе
се олади, додадете ги жолчките и добро изматете ја смесата.
Како да ја употребите смесата?
Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15-17 минути. За
многу брзо време, црвенилото од кожата ќе се изгуби и по употреба на оваа
маска, кожата ќе ви стане мека и сјајна.
Корисно е маската да ја нанесете и на очните капаци и на вратот, па затоа
оставете ја маската да делува околу 20-тина минути.
Јаболката се употребува и за масажа
Јаболката исто така може да се употреби и за време на масажа. За време
на ваквата масажа, за многу брзо време се постигнува неверојатна свежина
на кожата. Јаболката треба да се исече на 4 делчиња и со тие делчиња
полека да се трие кожата.
Оваа масажа може да се користи неограничено, особено на онаа кожа која
е сува и се првута.

Домашна борба против целулитот

Глината служи за детоксикација на телото на тој начин што за неа се врзуваат сите отпадни материи.

Целулитот е проблем кој не може за еден ден да се реши. Се уште не е


време за кратките здолништа и бикини, но доколку сакате беспрекорно да
изгледате на плажа, треба да се позанимавате со овој проблем доколку го
имате.
Како да го сторите тоа? Како да го отстраните во домашни услови?
Цимет
Циметот го стимулира лачењето на заостанатите и отпадните материи со
што ја намалува телесната тежина. Како да го користите?
Користете го со млеко за тело кое е исто така антицелулитно, намачкајте ги
бедрата со кремата, а потоа врз неа нанесете цимет. Потоа завиткајте ги
бедрата со алуминиумска фолија и оставете да делува половина час. По тоа
отстранете ја фолијата и исплакнете ги бедрата наизменично со млаз ладна
и жешка вода.
Глина
Глината служи за детоксикација на телото на тој начин што за неа се
врзуваат сите отпадни материи. Како да го направите рецептот со глина?
На глината додавајте и вода се додека не добиете густа смеса. Не ги
мешајте туку оставете ја глината сама да поприми вода.
Потоа смесата нанесете ја на местата каде имате целулит и местата
замотајте ги со алуминиумска фолија за да се загрее местото убаво. По 15
минути, извадете ја фолијата, глината измијте ја со топла вода, а потоа
местото каде стоела мијте го наизменично со топол и ладен туш.
Потоа местата намачкајте ги со крема против целулит.
Кафе
Кофеинот кој се наоѓа во кафето ја поттикнува циркулацијата, а воедно тој
е главна состојка на сите антицелулитни креми.
Кафето може да се користи против целулитот, доколку го употребувате во
исто време со пилинг гел против целулит. Но, како? Во гелот за туширање
додадете доволно количина мелено кафе и измешајте ги.
Потоа, нанесете на местата каде имате целулит и со кружни движења,
масирајте ги неколку минути.
По масажата мијте се наизменично со топол и ладен туш.

Природни маски за нега на кожата

2 лажици мед и белки од јајце матете ги додека не добиете кашеста смеса. Нанесете ја смесата на лицето и
држете ја 20-30 минути. Прво измијте го лицето со топла, а потоа со ладна вода.

Природните маски на нега на лицето се многу поевтини од готовите


продукти кои ве чекаат во поскапите продавници за козметика, но во исто
време и дупло поздрави. Природните маски можат да се користат на
секаков тип на кожа и најчесто се препорачуваат да се користат со чај од
камилица.
Кога треба да се нанесе камилицата?
Пред да се стави маската, лицето убаво треба да се испари со чај од
камилица, а откако ќе се нанесе маската, очите да се покријат со газа
натопена во ваков чај. Сите оние кои имаат проблематична кожа, пред да
употребат било каков продукт мора да се консултираат со својот
дерматолог.
Ние ви нудиме неколку рецепти за нега на вашето лице, а вие одлучете
дали ќе ви одговара или не.
Наместо пилинг користете домашно направен рецепт.
Како се приготвува рецептот?
2 белки од јајца изматете ги со 2 лажици пченкарно брашно и таа смеса
оставете ја на лицето 15-тина минути, а потоа измијте го лицето со млака
вода. Додека ја отстранувате смесата, правете кружни движења.
Потоа измешајте една лажица мед со ситно мелени бадеми и една лажица
сок од свежо исцеден лимон. Нежно тријте ја смесата на кожата и потоа
измијте се со топла вода.
Рецепт против брчки
2 лажици мед и белки од јајце матете ги додека не добиете кашеста смеса.
Нанесете ја смесата на лицето и држете ја 20-30 минути. Прво измијте го
лицето со топла, а потоа со ладна вода.
Овој рецепт не треба да се користи премногу често за да не ја исушите
кожата.
Рецепт за свеж изглед
Изгмечете свеж компир, додајте свежо млеко и една жолчка. Направете
густа смеса и нанесете ја на лицето. Откако ќе постои извесно време,
измијте го лицето прво со топла, а потоа со ладна вода.
Рецепт за чистење на лицето
Доколку кожата на вашето лице не изгледа чисто обидете се да ја
поправите состојбата со следниов рецепт:
Измешајте квасец и млако млеко. Нанесете ја смесата на лицето и оставете
да се исуши. Потоа измијте ја смесата од лицето со топла, а потоа со ладна
вода. овој рецепт препорачуваме да се користи редовно.
Како до чисто лице?

Лицето треба да го чистите 2 пати дневно за да се отстранат нечистотиите од околината.

Чистото лице е првиот чекор за нега на кожата. Тоа ја заштитува кожата од


секојдневното негативно влијание на околината. Негата треба да ви биде на
прво место затоа што на тој начин ги отстранувате сите работи кои ви се
лепат на лицето во текот на денот.
За жал, многумина не знаат како правилно да го чистат лицето. Затоа ние
ви нудиме неколку лесни чекори за беспрекорно чисто лице.
Одберете продукт
Најпрво треба да одберете продукт кој ќе одговара со типот на вашата
кожа. Некои сапуни или продукти кои не одговараат со вашата кожа можат
да предизвикаат сушење на кожата со што таа постојано ќе се лупи и ќе
биде затегната.
Чистете го лицето 2 пати дневно
Лицето треба да го чистите 2 пати дневно за да се отстранат нечистотиите
од околината. Кожата не смее да се третира повеќе од 2 пати дневно за да
не се отстрани природната масленост на кожата.
Недоволното чистење може да предизвика затворање на порите и секако до
некое воспаление.
Мијте го лицето со млака вода
Премногу врелата вода со текот на времето ја оштетува кожата, додека пак
ладната не ги отстранува нечистотиите од површината на лицето.
Миењето секогаш треба да го започнете со миење на лицето и вратот.
Мијте ги рацете
Пред да започнете со миење на лицето, најпрво измијте ги рацете за да
бидете сигурни дека бактериите од рацете нема да ги пренесете на
чувствителната кожа на лицето.
Средството за чистење нанесете го со кружни движења
Средството на чистење на лицето нанесете го на врвовите на прстите и со
кружни движења нанесете го низ целата површина на лицето. Немојте
премногу силно да триете за да не ја оштетите и иритирате кожата.
Со нежното масирање ќе ја подобрите циркулацијата, а во исто време ќе ги
отстраните мртвите клетки од кожата.
Темелно измијте го лицето
Погрижете се да не оставите траги од средството за чистење затоа што тие
подоцна можат да ги затворат порите и да предизвикаат појава на
воспаление.
Бришете го лицето со мек пешкир
Тврдиот и крут пешкир може да ја оштети штотуку измиената кожа па затоа
пронајдете доволно мек пешкир што ќе и одговара на вашата нежна кожа.

Со витамини до убава кожа

Витаминот Б3 ја штити кожата од надворешните влијанија. Така, таа може да биде хидратирана.

Витамините се од особена важност за кожата затоа што тие можат да го


ублажат или до некаде да го спречат стареењето. Добрата исхрана исто
така и помага на кожата да стане сјајна и мека.
Кои витамини како делуваат на кожата?
ВИТАМИН А
Овој витамин ги намалува брчките, ги отстранува тврдите делови од кожата
и ги избелува темните дамки.
Во кремите е познат како ретинол. Тие најчесто треба да се нанесуваат
ноќно време затоа што сончевата светлива има негативно дејство врз овој
витамин и го намалува неговото дејство. Доколку се појават некакви
иритации од овој витамин, не го нанесувајте секој ден, туку преку неколку
дена.
ВИТАМИН Б
Витаминот Б3 ја штити кожата од надворешните влијанија. Така, таа може
да биде хидратирана.
Во кремите се препознава по името ниацинамид. Се нанесува навечер, а
нема да погрешите доколку го нанесувате заедно со витаминот А.
ВИТАМИН Е
Ја ублажува сувата кожа и на кожата и дозволува да ја зачува природната
хидратантност. Исто така го намалува и дејството на сончевите зраци.
Најчесто витамин Е се наоѓа во препаратите за пред и по сончање и
всушност тогаш и се нанесува.
ВИТАМИН К
Ги намалува подочниците. Доколку некоја крема содржи и витамин А
(ретинол), не значи дека ќе помогне за целосно отстранување на овој
проблем, но нема да загубите ништо дури и да пробате.
Сепак, и двата витамина се корисни за кожата.
ВИТАМИН Ц
Не сакате да стареете толку брзо? Овој витамин ги намалува факторите што
влијаат на стареењето, ја затегнуваат кожата и ги избледуваат темните
дамки.
Во комбинација со витамин А ќе забележите невидени резултати за многу
кратко време.
Реакции на кожата

Доколку имате препишана терапија од лекарот за било што, консултирајте се со него дали тоа ќе има последици
за ваква појава.

Фотосензитивност е реакција на кожата која се појавува во вид на осип или


црвенило по изложување на сончеви зраци или пак вештачка УВ светлина.
Таа може да биде предизвикана од многу лекови, козметички средства или
пак парфеми.
Тоа најчесто се случува на тој начин што откако ќе се нанесе лек, парфем
или средство, истите под дејство на УВ зраци претрпуваат хемиски промени
и реагираат на кожата. Можат да се појават изгореници со постојано
црвенило, оток, алергија или болка. Ваквите симптоми можат да се изгубат
по една недела откако сте го прекинале третманот со лековите.
Кај некои луѓе, користењето на лекови, парфеми или пак козметички
средства може да реагира на друг начин, а тоа е со предизвикување на
алергија која може да се изгуби дури 10-тина дена по прекинот на
користење на средствата. Оваа алергија може да остане засекогаш во
телото и постојано да предизвикува ваква реакција дури и при најмала
изложеност на УВ зраци.
Затоа секогаш пред употреба на козметичките средства, лековите или
парфемите, внимателно читајте ги упатствата бидејќи токму таму е
нагласено дали тие предизвикуваат фотосензитивност.
Доколку имате препишана терапија од лекарот за било што, консултирајте
се со него дали тоа ќе има последици за ваква појава. Доколку има
влијание, најдобро решение е да не се изложувате на сончева светлина и
да преземете дополнителни мерки за заштита.
Внесувате средства кои содржат цинк оксид или титаниум оксид бидејќи
тие формираат заштитен слој на површината на кожата и не се впиваат во
неа. Тие ги рефлектираат зраците од кожата и спречуваат нивно
навлегување во кожата.
Кои лекови можат да предизвикаат фотосензитивност?

• Антибиотици
• Лекови за смирување
• Лекови за покачен крвен притисок
• Креми и производи за кожа што содржат алфа хидрокси киселини
• Лекови против акни
• Контрацепции...

Природен лек за кожата

Сокот од портокал го намалува црвенилото на кожата, помага при акни и мозолчиња, а може да се користи и за
лечење на лузни.

Познато ни е дека веднаш кога ќе забележиме некои неправилности на


лицето како акни или црвенило, веднаш бараме препарат кој ќе ни помогне
со тој проблем и засекогаш ќе го искорени.
Но, не сме свесни дека треба само да ја промените исхраната и кожата ќе
се подобри.
Банана
Бананата се користи ако имате проблем со мозолчиња. Една банана на ден
го спречува производството на токсични киселини што предизвикуваат
акни.
Ананас
Ананасот ја омекнува кожата, и ја подмладува сувата, безживотна кожа. Се
користи за деловите од телото каде имате груба кожа, како колената,
лактите и петите.
Краставица
Краставицата е спас за масна кожа, брчки и мозолчиња.
Сок од праска
Свеж сок од праска треба да го имате до себе за време на летниот одмор.
Помага при изгореници, егзема и чешање. Лушпата од праска го подобрува
и тенот на лицето, добра е против брчки и го контролира појавувањето на
акни.
Лимон
Лимонот ја освежува косата и лицето и го отстранува првутот. Ја омекнува
сувата и крута кожа и овозможува свежина преку целиот ден.
Јагода
Јагодата се користи како лосион и тонер на кожата.
Сок од јаболка
Јаболката се одличен лек за мали брчки, испукана кожа, воспаленија и
чешање. Сокот може да се користи како лосион.
Портокал
Сокот од портокал го намалува црвенилото на кожата, помага при акни и
мозолчиња, а може да се користи и за лечење на лузни.
Калинка
Измелена лушпа од калинка е одлична за чирови, мозолчиња и акни.
Малини, капини, рибизли
Содржат колаген кој е неопходен за младешки и свеж изглед на кожата,
односно лицето.
Домашни маски за нега на кожа

Користете ја маската според нејзината примена и сигурно ќе добиете успешни резултати.

Кога барате совршена домашно направена маска за кожа ќе најдете


премногу рецепти кои ги содржат сите состојки на планетата земја. Скоро
сите од нив се здрави за кожата, но не сите маски се за секаква употреба.
Сите имаат своја посебна намена. Користете ги правилно според нивната
намена и сигурно ќе добиете успешни резултати. Внимавајте секогаш и на
времето кое е потребно за маската да делува. Ние ви нудиме неколку
рецепти кои ќе направат вашата кожа да изгледа многу поздрава и
поблескава.
МАСКА ЗА МАЗНА КОЖА
Состојки:
1/2 банана
1/2 авокадо
1/2 краставица
1 лажица јогурт
1 лажица маслиново масло
Како се подготвува: Измешајте ги сите состојки во блендер. Нанесете
тенок слој и оставете да дејствува 30 минути. Измијте со млака вода и на
крај завршете со ладна.
МАСКА ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ НА КОЖАТА
Состојки:
1/4 јаболко
1/2 праска
1/2 домат
1/4 шолја млеко
1 лажица бадемово масло
Како се подготвува: Излупете го овошјето и зеленчукот. Ставете го во
блендар и додајте го млекото и бадемовото масло. Нанесете тенок слој и
оставете да делува 30 минути.
МАСКА ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Состојки:
2 лажици масло од сусам
2 лажици алое вера гел
12 капки масло од цимет
12 капки масло од лаванда
Како се подготвува: Измешајте ги сите намирници во блендер. Нанесете ја
маската и оставете ја да делува колку што можете повеќе. Запомнете дека
ова не е заштитна крема за сончање, обезбедува само делумна заштита од
сончевите зраци
МАСКА ЗА ПОДОЧНИЦИ
Состојки:
1 лажица бадемово масло
1 лажица маслиново масло
30 капки масло од кумин
2 лажици масло од костен
Како се подготвува: Мешајте ги маслата во блендер се додека не
направите паста. Нанесете под очите и оставете да дејствува 30 минути.
Препорачливо е ова да се прави секој ден.
Овошјата ја штитат кожата

Маските од праски и домати се исто така одлични за мрсната кожа затоа


што ги отстрануваат мастите и ги собираат порите.
Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се многу корисни за здравјето на
целиот организам. Покрај тоа, имаат огромно влијание врз свежината и
убавината на тенот. За да направиме соодветна козметика од нив, мора да
знаеме кои се својствата на секое од нив.
Пред да ставиме маска на лицето, кожата мора убаво да биде исчистена.
Нечистотијата, како и остатоците од шминка може да имаат иритирачко
дејство, а производите кои ги користиме нема да имаат ефект.
Еве неколку совети како може да ја употребите свежината на овошјето за
да ја освежите кожата.
Краставицата, употребувана во било каква состојба, одговара на секој тип
на кожа. Таа и дава мекост на кожата, ја хидратира, ги собира порите и го
намалува црвенилото. Нејзиниот сок е одличен за мрсна кожа.
Маските од праски и домати се исто така одлични за мрсната кожа затоа
што ги отстрануваат мастите и ги собираат порите.
Чајот од камилица е одличен за иритираната кожа, а магдоносот е добар за
смирување на црвенилото на кожата, како и за побелување на тенот.
Сокот од грозје одличен за да се спречување на појава на пеги.
За нега на сувата кожа со изразени пори се употребува сок од грејпфрут,
портокал или лимон. Во тој се додава лажица разблажен алкохол и една
лажица слатко млеко.
За нега и освежување на нормалната кожа одлични се сирење, мед,
банана, жолчка од јајце и овес.
Маската од свеж компир е од одлична за мрсна и сува кожа. Ставете еден
изрендан компир на лицето, прекријте го со газа, а на очите ставете памук
натопен во чај од камилица. Сето тоа оставете го на лицето да дејствува
околу 15-20 минути. потоа измијте го лицето со млака вода во која
претходно сте ставиле неколку капки лимон.
За кожа наклонета кон акните, користете бостан. Правете нежни движења
за да го истриете лицето. По триењето, кожата ќе остане мазна.

Домашна маска од мед и банана

Бананите се користат за навлажнување на сувата кожа, но исто така можат да се користат и за сува коса.

Домашната маска за лице од банана и мед служи за нахранување на


уморната и сува кожа. Медот е одлична состојка за природна убавина.
Добро средство за навлажнување и омекнување на кожата. Одличен е за
мозолчиња затоа што е природен антисептик. Освен за кожата, може да се
користи и како регенератор на слабата коса.
Бананите се користат за навлажнување на сувата кожа, но исто така можат
да се користат и за сува коса.
Упатство за домашна маска:
1. Издробете половина банана (а другата половина можете слободно да ја
изедете) и направете пире.
2. Во пирето додадете 2 супени лажици мед и мешајте ги додека пирето не
се згусне.
3. Нанесете го пирето на чисто лице. За поголеми резултати, пред да ја
ставите маската, лицето треба да биде малку влажно и топло.
4. Исечете две тенки парчиња банана и ставете ги под очите. Витамин К
што се наоѓа во бананата помага за отстранување на подочниците.
5. Со масажа нанесете ја маската и оставете ја 20 минути да делува. Кога
ќе се исуши, измијте го лицето со млака вода.
6. За подобри резултати, нанесувајте ја маската 2-3 пати неделно.
Мирисот од бананата е благ и сладок. Кожата ќе се чувствува мека и нежна
и ќе има нежен мирис. Нема повеќе да го имате чудното чувство дека
кожата ви е цела затегната. Маската е добра и за мозолчиња затоа што
медот ја прочистува кожата.

Стискање на акни во 5 чекори

Маската од чај или глина е добра за затворање на порите после стискањето.

Корнењето на акните, стискање на се што ќе се најде на патот е можеби


најголемиот грев што и го приредувате на кожата. Но, со оглед на тоа што
85% од жените го практикуваат тоа, очигледно дека нема спас...
Да легнете со шминка, да ги депилирате влакненцата по телото што може
да се забележат само под микроскоп, да ги грицкате кутикулите...тоа се
гревови што телото ќе успее да ги заборави. Во стискањето, проблемот е
тоа што кожата ја памети траумата и на крај лицето завршува со дамки и
флеки за кои речиси и да нема спас.
Ваквата навика тешко дека ќе можете да ја уништите, не очекуваме да се
обидете, но очекуваме дека следниот пат кога ќе се најдете пред огледало,
стискањето на акните ќе го направите на професионален начин.

ПРАВИЛО!!!
Не практикувајте често да ги стискате акните, правете го тоа во крајна
нужда...на пример, треба да излегувате, а на челото ви никнала огромна
акна или штом забележите дека на лицето се намножиле митесерите.
ПРВ ЧЕКОР - темелно исчистете го местото на кое се наоѓа акната со
млеко, гел или пена за чистење лице. Маснотиите и шминката во целост
мора да бидат отстранети од таа зона.
ВТОР ЧЕКОР - инфицираното подрачје ослободете го од слојот мртви
клетки преку благ пилинг. На тој начин гнојот од акната полесно ќе излезе
на површина.
85%
ТРЕТ ЧЕКОР - или облечете гумени ракавици или од жените не
оптегнете ја гумата со прстите со кои ќе ја стискате можат да
акната. Вака ќе спречите ноктите да се заријат во одолеат на
кожата, а сетете се дека под нив живеат илјадници стискање на
бактерии. Освен со гумени, медицински ракавици, акните по
стискањето можете да го направите и со хартиени лицето
шамичиња.
ЧЕТВРТ ЧЕКОР - доколку можете да га парите лицето пред стискањето,
тогаш гнојот ќе излезе без проблем. Парењето можете да го правите со
помош на чај од камилица. Но, ако немате услови за парење, тогаш пред
стискањето оптегнете го лицето со двете раце за да се подготви за
траумата.
ПЕТТИ ЧЕКОР - после постапката, лицето поминете го со антисептичен
лосион и нанесете маска од глина или чај што делуваат антибактериско и
ги затвораат порите.

Хидратацијата клуч за блескава кожа

Кремата што ќе дојде до аквапорините е правилен начин за постигнување хидратација во вистински размери.

Се што дише на земјата не може да опстане без вода, хидратацијата е


основниот градбен елемент на постоењето. Овој пат ќе зборуваме за
влијанието на хидратацијата врз кожата. Речиси сите проблеми со кожата
на лицето се резултат на дехидратацијата, проблемот е во тоа што до
исцрпување на водата од лицето многу лесно се доаѓа.
ФАКТОРИ ШТО ПРЕДИЗВИКУВААТ ДЕХИДРАТАЦИЈА НА КОЖАТА: сонце,
ветер, стареење, наследен ген, стрес, лоша исхрана.
Од ваквите надворешни и внатрешни влијанија, колку и да сакаме не
можеме да избегаме. Исхраната можеме да ја подобриме, но не можеме
секој пат да му се скриеме на сонцето или да го спречиме природното
стареење на кожата. Но, тоа не значи дека не можеме да го ублажиме
негативното влијание на ваквите фактори. Обезбедувајќи константна
хидратација на кожата, последиците од предизвикувачите ќе бидат
незабележителни.
ЕПИДЕРМОТ СЕКОГАШ НА УДАР!
Епидермот е првиот слој на кожата, бариера што не штити од надворешните
влијанија. Логично на тоа, тој трпи најмногу и често почнува да пука
(првите знаци на дехидратација). Со текот на времето, кожата може да
добие хронична сувост, да делува старо и да се перути.
КАКО СЕ ПОСТИГНУВА ОПТИМАЛНА ХИДРАТАЦИЈА!
Хидратантни креми има колку сакате, но колку тие вистински ја
задоволуваат потребата од вода? Ништо не сте постигнале ако кремата не
навлегла длабоко во клетките. Кремата што ќе дојде до аквапорините е
правилен начин за постигнување хидратација во вистински размери.

Аквапорини се: микроскопски водени канали кои се наоѓаат во


мембраните на клетките и кои го контролираат протокот на вода надвор
и во клетките. Милијарди од аквапорини кои се наоѓаат во кожата ја
формираат природната мрежа која го потикнува природното
распределување на водата. Токму во подобрувањето на распределбата
на водата во кожата, лежи тајната за оптимална хидратација на водата.

СО КОИ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОСТИГНУВА ОПТИМАЛНА ХИДРАТАЦИЈА?


Потребна е состојка која ќе биде во состојба да ја активира аквапоринската
мрежа. Идеални за тоа се покажале сино-зелените алги т.е. глуко-
глицеролот присутен во нив.

Глуко-глицеролот е особено значаен затоа што го стимулира


создавањето на нови аквапорини, со што се подобрува протокот на
водата од клетка до клетка и резултира со оптимална дистрибуција на
водата, дури и во подлабоките епидермални слоеви.
Новите Aquaporin Active производи за оптимална хидратација на Eucerin.
Оваа состојка можете да ја најдете во новата линија, AQUAporin ACTIVE.
Станува збор за иновативен производ на кој повеќе години работеа
експертите од истражувачкиот центар на Eucerin. Високо ефикасен
медицински производ, што се потврдува и од клиничкото истражување во
кое биле вклучени повеќе од 750 испитаници. Само по 24 часа од
употребата биле забележани подобрувања во нивото на хидратација на
кожата. По една или две недели на употреба, нивото на хидратација е
оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.
За долготрајна хидратација дури и во подлабоките епидермални
слоеви, линијата нуди 4 видови креми:

• Лесна варијанта за нормална кон комбинирана кожа.

• Богата варијанта за сува и чувствителна кожа.

• Варијанта со УВ заштита (SPF 15 + УВА) наменета за нормален тип на


кожа.

• Крем за деликатната област околу очите.


Во борба против кожните проблеми

Темните кругови под пазувите се јавуваат поради честото бричење на


влакната, чиј корен се гледа под кожата.
Летото е годишно време, кое не тера да ги извадиме слоевите облека под
која ни се крие кожата. Сега таа конечно може да ужива на сонцето, на
топлиот воздух и да ни создава добро расположение. Се облекуваме во
лесна и комотна облека со што и овозможуваме на кожата полесно да
дише. Но, високите температури како и третманите за убавина можат да
предизвикаат создавање на неправилности на кожата, па дури и појава на
поткожни влакна, проширени пори, вени...
Летото секако може да предизвика проблеми со кожата, кои лесно можат
да се излечат. Еве неколку предлози како да ги третирате овие мали
проблеми.
МАСНА И СЈАЈНА КОЖА НА ЛИЦЕТО
Поради влажноста на воздухот и високите температури, кожата лачи повеќе
маснотии. Честото миење на кожата, како и пилингот може да имаат само
спротивно дејство, па затоа добро решение за ваков проблем може да биде
маската на база на глина која го впива вишокот на маснотии од кожата. Но,
не треба ни со оваа маска да претерувате. Еднаш неделно би била доволна.
ИСПУКАНИ РАЦЕ И НОЗЕ
За третирање на ваквиот проблем, пробајте со лосиони со гликозна или
салицилна киселина. Првата го зголемува произведувањето на колаген, а
другата помага при отстранување на грубата и непотребна кожа од рацете и
нозете. Избегнувајте користење на остри четки и агресивни методи кои
можат само да го зголемат проблемот.
ПОТКОЖНИ ВЛАКНА
Овој проблем не се појавува само додека трае летото, но тогаш најмногу се
забележува. Најчесто се јавува како резултат на депилација со брич или
пак со некој друг вид на депилација. Никако немојте да ги вадите
поткожните влакна со пинцета или пак со игла. Така може само да си
направите белег и уште повеќе да го комплицирате проблемот. За лечење
на ваквиот проблем ви препорачуваме на местата каде што имате поткожни
влакна, 10-тина минути да држите топол облог со чај од камилица, 3 пати
дневно за да ја омекнете кожата и полесно да го извадите влакното.
ПОТЕМНЕТА КОЖА ПОД ПАЗУВИТЕ
Темните кругови под пазувите се јавуваат поради честото бричење на
влакната, чиј корен се гледа под кожата, а на сето тоа дополнително
влијаат и потењето, дезодорансите... иако е болно, депилацијата со восок
би помогнала многу за намалување на овој проблем. Секако, не го правете
тоа на своја рака, пред да почнете со било каков третман, консултирајте се
со дерматолог.

Домашни рецепти за нежна кожа

Парчињата лимон се користат како природни дезодоранси.

Овошните плодови не само што се здрави за внатрешниот организам, тие се


исто така многу хранливи за кожата. Од нив, за домашна употреба, можат
да се направат производи кои ќе ја одржуваат и негуваат вашата кожа.
ЈАБОЛКА
Јаболката е голем навлажнувач и тонер за вашата кожа. Исцедете една
чаша јаболка и искористете ја како купка. Сокот ја чисти и омекнува
кожата. Може исто така да се користи како освежувач за здивот. Ако го
нанесете на скалпот на косата, ќе ви помогне при исчезнувањето на
првутот. Исплакнете ја косата од шампонот и нанесете го сокот од јаболка.
Исто така јаболката е полна со пектин - материја која има суштинско
значење за борбата против акните.
ЛИМОН
Класична состојка за домашна нега на кожата. Лимоните се користат за
чистење и освежување на кожата и косата. Исечете го лимонот на парчиња
и потоа со нив нежно тријте ги тврдите делови од кожата како лактите и
потпетиците. Помага и за избледување на темните дамки и дамките од
акни. Парчињата лимон се користат како природни дезодоранси. Наполнете
ја кадата и ставете неколку лажички сок од лимон. Ќе се чувствувате свежо
во текот на целиот ден. Сок од лимон може да се додаде во омилениот
тоник или шампон за да се освежува скалпот на кожата. Ја спречува и
појавата на првут.
БАНАНА
Бананата е смирувач на кожата. Таа е богата со белковини и природни
масти и може да се користи на сите видови кожа. Лесна маска за еластична
кожа: направете пире од банана и нанесете ја насекаде. Оставете го да
постои 20 минути па исплакнете го со млака вода. Пирето од банана е исто
така добар навлажнувач за косата. Измешајте го со една лажица мед и со
редовно користење ќе имате прекрасна коса дури и да ја фарбате често.
АНАНАС
Ананасот ја омекнува, чисти и подмладува мртвата и сува кожа. Користете
парчиња ананас на грубата кожа како колената, лактите и потпетиците.
Парчињата ананас можат да се користат и како сунѓер додека се бањате.
ПАПАЈА
Папајата е богата со ензимот папаин и витамин А. Ова овошје е најдобар
лек за лупење на кожата. За да имате свежа и блескава кожа употребете го
следниот рецепт: направете пире од папаја и додадете 3 лажички гел од
алое вера. Еднаш месечно масирајте го целото тело. Оставете го пирето не
подолго од 5 минути и убаво исплакнете го.
ПРАСКИ
Праските, како и бананата, ја смируваат кожата. Совршени се за сувата
кожа. Пасирајте свежа праска и измешајте го со обичен јогурт се додека
смесата не се направи во мазна паста. Нанесете ја смесата на кожата и
оставете ја делува 20 минути и потоа исплакнете ја со млака вода. Кожата
ќе ви биде навлажнета и нежна на допир.
Не чекајте летото да помине. Направете ги рецептите и веднаш
почувствувајте ја разликата.
Домашна нега против целулит

Кофеинот е еден од најдобрите разбивачи на целулитот.


Пред вас се одморите и моментите кога треба да го покажете телото.
Најголемо внимание жените мупосветуваат на целулитот - проблем што
никако да исчезне. Затоа прочитајте ги следните совети што може многу да
ви помогнат во борбата против целулитот, а и самите може да ги направите
во својот дом. Само запомнете најважно е овие совети да се применуваат
секој ден!
Што би требало да содржи антицелулитната крема?
Природни концентрати: кофеин, цимет, морски алги, екстракти од билка,
бршлен...
Етерични масла: најдобри резултати даваат кремите што содржат масло од
боровинка, еукалиптус, грејпфрут, лаванда, коприва, рузмарин...
Колагенски и еластични влакна: потребни се за зајакнување на
структурата на кожата
Како делуваат состојките?
Бршлен: квалитетен е за отстранување на вишокот вода и маснотии. Ја
стимулира микроциркулацијата, ги разбива маснотиите и спречува
таложење на нови.
Цимет: ги растопува маснотиите под кожата. Брзо и ефикасно го разбива
целулитот.
Кофеин: ја подобрува циркулацијата и со тоа овозможува разбивање на
целулитот.
Започнете со пилинг....
Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата. Целулитот нема да
придонесе лоши резултати на кожа која е негувана и цврста. За да има
резултати пилингот треба да се прави 2-3 пати неделно.
Смеса:
1/4 чаша свежо мелено кафе
3/4 чаша кафеав шеќер
1 чаша бадемово масло
2 капки екстракт од ванила
Во сад измешајте ги кафето, кафеавиот шеќер и бадемовото масло. Кога
смесата убаво ќе се соедини додајте го екстрактот од ванила и убаво
промешајте. Смесата нанесете ја на местата што се зафатени со целулит и
убаво истријте се. За побрзи ефекти можете да се намачкате со смесата, да
се истриете и потоа да се завиткате во стреч фолија. Останете вака околу
30 минути.
Создадете навика секој ден пред туширање да се масирате. Доволно е ова
да го правите само 10 минути за да добиете добри резултати. Секогаш
масирајте се со кружни движења и во правец накај срцето за да ја забрзате
циркулацијата.
Употребувајте ракавица што е од природни влакна. Масирањето на
критичните делови треба да се прави нежно зошто целулитот се наоѓа на 3-
5 мм под кожата. Затоа не се масирајте грубо!
...а потоа дозволете си топла купка
-солена купка: наполнете ја кадата и додајте 2 чаши морска сол. Солта ја
извлекува водата од ткивото, ја затегнува кожата и го разградува масното
поткожно ткиво. Внимавајте водата да не биде многу жешка - тоа само ќе
ви ги прошири вените и ќе ја намали циркулацијата.
- купка со етерични масла: можете да купите купка која е на база на
рузмарин, цимет, лимон....Кога правите купка со етерични масла
внимавајте да не претерате со маслото зошто во спротивно можете да
добиете црвенило и неподносливо чешање.
...и наизменично туширање, па потоа масажа
Наизменично туширајте се со ладна и топла вода. Така ќе ви се зајакне
кожата. Погодно е да направите и масажа со антицелулитна крема, масло
или серум откако ќе се истуширате. Тогаш порите се отворени и
препаратите ќе можат да навлезат длабоко во кожата и да имаат поголем
ефект .
Смеса од кафе.
Третираните подрачја можете да ги замотате во проѕирна фолија за да го
зголемите делувањето на препаратот со топлина. Кофеинот е еден од
најдобрите разбивачи на целулитот, па затоа еве еден пример како да
направите смеса од кафе:
Згмечете зрна од кафе или употребете го талогот, помешајте го со
маслиново масло и убаво намачкајте ги зафатените делови. Завиткајте се
со фолија. По 30 минути отстранете ја фолијата и измијте се. Оваа постапка
повторувајте ја неколку пати дневно.

Секојдневно консумирајте чај од билки плус додајте лажичка сомелен


корен од ѓумбир (ги отстранува токсините од телото - многу е агресивен
за целулитот).

Како стресот и штети на кожата?

Спортувањето ги задоволува потребите на кожата од ендорфин.

Стресот не носи ништо добро, а жените најмногу го мразат поради фактот


што предвреме ги остарува. Но, од причина што е неизбежен дел од
животот, ви преостанува да изнајдете начин со кој ќе го ублажите неговото
негативно влијание.
Ако зборуваме за сјајна и млада кожа, тогаш удрете на него со спортување.
Зошто? Кожата има потреба од ендорфин, 3-4 вежби се доволни за да ја
задоволите дневната потреба. Ваквиот спортски режим за кожа во
комбинација со здрава исхрана и квалитетен сон, несомнено ќе резултира
со блескаво лице. Во случај штетата да е сторена, тогаш ви остануваат
следните алтернативи.
ШТЕТА: сува кожа како резултат на хроничен стрес. Секојдневните дози на
стрес го покачуваат нивото на хормонот кортизол. Кортизолот ја намалува
способноста на кожата да ја задржува водата. Без влага нема сјај и
еластичност.
АЛТЕРНАТИВА: избегнувајте парфимирана козметика за лице. Ниската pH
вредност е доволна за да се спречи сушењето на кожата. Мијте го лицето
со млака вода, премногу топлата ја отстранува сета мрснотија.
ШТЕТА: појава на брчки. Кортизолот влијае на зголемување на шеќерот во
крвта, а со тоа се оштетуваат колагенот и еластинот на кожата. Вашето
намуртено и незадоволно лице, ги напнува фацијалните мускули, а тоа
води кон создавање брчки.
АЛТЕРНАТИВА: кремата што изобилува со антиоксиданси и ретинол го
поттикнува создавањето на колагенот. Обидете се да се насмеете, ако
ништо друго држете го лицето безизразно.
ШТЕТА: црвенило. Стресот го качува крвниот притисок, протокот на крв се
зголемува, а тоа води кон ширење на капиларите. Нервозата носи
моментално црвенило, но ако имунолошкиот систем е слаб, таквиот
проблем може и да потрае.
АЛТЕРНАТИВА: консултирајте се со дерматолог, тој ќе ви препорача
одлична крема за смирување на црвенилото што истовремено ќе одговара
на вашиот тип на кожа.
ШТЕТА: акни. Повеќе од јасно е дека стресот ги поттикнува
воспалителните процеси, а резултатот се одвратните акни, најчесто на Т-
зоната.
АЛТЕРНАТИВА: користете лосион што содржи хлорамфеникол, салицилна
киселина или бензиол пероксид. Ако производот нема ефект, обратете се
кај вашиот кожен лекар.
Зајакнете го влакното на косата

Зошто да очајувате гледајќи ги рекламите кога сега можете и вие да имате


таква коса, без да плаќате многу пари за сите оние скапи препарати?
Имате ретка коса и често ви паѓа? Љубоморна сте на сите оние девојки од
рекламите кои имаат прекрасна бујна и сјајна коса?
Зошто да очајувате гледајќи ги рекламите кога сега можете и вие да имате
таква коса, без да плаќате многу пари за сите оние скапи препарати?
Како може да направите препарати за коса во домашни услови?
Шампон за зајакнување на косата
Што ви е потребно?

• Шише со шампон,
• 2 лажички сода,
• ½ чаша сок од лимон.

Како да го приготвите?
Додадете ја содата во шампон и измешајте. Нанесете го шампонот на коса и
масирајте го скалпот се додека не се направи сапуница. Добро измијте ја
косата. За повеќе сјај, косата измијте ја со лимонов сок. Потоа повторно
исплакнете ја косата.
Регенератор за коса
Што ви е потребно?

• 1 лажица масло,
• 1 жолчка од јајце,
• капа за туширање.
Како да го приготвите?
Загрејте го маслото, но да не биде премногу врело. Додадете ја жолчката
од јајцето и измешајте ја смесата. Потоа нанесете ја на косата. Ставете ја
капата за туширање и оставете го регенераторот да делува 20-тина минути,
потоа нанесете го шампонот.
Косата на крај секако темелно треба да ја измиете.

Кога косата изгледа мртво...


Сигурно кога го прочитавте самиот наслов изгубивте надеж дека вашата коса ќе може некогаш да
изгледа здраво и витално.

Не грижете се! Не е толку безнадежно. Можете да и ја вратите силата на косата доколку ја негувате
од внатре кон надвор.

Што треба да направите?

Масло Заситете ја косата со масло, а потоа


сушете ја со фен за да може влагата да навлезе во коренот. Ова го храни секое влакно со природни
липиди враќајќи му ја еластичноста и сјајот.
Шампон Штом маслото ќе навлезе, измијте ја
косата со шампон за да ги отстраните непотребните материјали од косата и скалпот. Користете
шампон што ќе ја збогати косата со аминокиселини и ќе ја направи косата цврста.

Маска Маската за исушени врвови одлично ќе


делуваат на изумрената коса. Ќе ја вратат нејзината еластичност и ќе ја зацврстат уште повеќе.
Спреј Со помош на домашно направен спреј ќе
го вратите сјајот на косата. Во обична вода, додадете половина чаша оцет, смесата ставете ја во
шише со прскалка и испрскајте ја косата. Тоа ќе ја врати pH вредноста на косата.
коренот. Ова го храни секое влакно со природни липиди враќајќи му ја еластичноста и сјајот.

Вистинити факти за првутот

Честото капење во море и интензивните УВ зраци ги отстрануваат масниот слој и габите од скалпот.

Постојано читате за факти и митови на првутот, но кој од нив се точни? Кои


факти се вистинити? Дали сте живееле во заблуда мислејќи дека доколку
често ја миете косата, првутот само ќе се зголемува?
Конечно откријте кои факти за првутот се вистинити.
Секојдневното миење на коса го спречува првутот
Габата која го предизвикува создавањето на првутот се храни со липиди и
редовното миење на косата го отстранува вишокот масен слој.
Миењето исто така ја отстранува габата, а и самиот првут. Секако нема да
го реши проблемот така лесно, ама ќе постигне мали видливи резултати.
Девојките со мрсна коса можат да го ублажат проблемот се секојдневното
миење на косата со благ шампон.
Секојдневното миење на косата до негде е добро затоа што така се
отстранува вишокот масен слој, нечистотиите и мртвите клетки, кои му
спречуваат на коренот да расте.
Меѓутоа, обичните шампони не можат да ви помогнат при отстранување на
габата, но затоа специјалните шампони против првут содржат состојки кои
долгорочно ќе го контролираат овој проблем.
Морската вода го отстранува првутот
Летувањето може да биде корисно и привремено да го намали првутот.
Честото капење во море и интензивните УВ зраци ги отстрануваат масниот
слој и габите од скалпот.
Покрај тоа, солената вода е добра за сувата кожа и ја поттикнува
природната заштита на кожата.
Миењето коса во растворен аспирин го намалува првутот
Активните состојки од аспиринот се користат во некои медицински
шампони кои се наменети за лечење на сериозните кожни проблеми.
Тие исто така се користат за пилинг на сува кожа.
Но, овие состојки нема да го решат проблемот долготрајно. За тоа ви се
потребни и останатите состојки содржани во специјалните шампони.
Митови за првутот

Првутот се појавува и на сув и на масен скалп, но најмногу е застапен на масниот скалп.


Белите точки на црната облека се непријатни за сечие око. Тие се речиси
премногу мали и скоро невидливи за човековото око. Првутот настанува со
обновување на старите клетки.
Од кога ќе се обноват тие клетки, се создаваат мали лушпи кои не се
видливи за човековото око.
За кои работи за првутот сте мислеле дека се точни? Дали сте 100% сигурни
дека се точни?
Кои се честите митови за првутот?
Стресот е причина за првутот
Погрешно, но не постои теорија која го докажува спротивното. Првутот се
појавува како последица од иритациите на габите кои се појавуваат на
скалпот на главата. Имунолошкиот систем ослабува, а стресот може да
допринесе за зголемување на проблемот.
Сувата кожа предизвикува првут
Ова мислење е сосема погрешно. Првутот се појавува и на сув и на масен
скалп, но најмногу е застапен на масниот скалп. Делот каде се појавил
првутот има оштетена кожа и поради тоа е подложна на иритации.
Скалпот од иритацијата, ги тера луѓето да се чешаат без да се забележат
луѓето дека го прават тоа. Чешањето уште повеќе го влошува првутот и го
оштетува коренот на косата.
Првутот се пренесува преку туѓи чешели
Првутот не е заразна болест која се пренесува преку чешели или перници.
Габата се појавува само кај оние кои имаат предиспозиции. Во тие случаи,
габата напаѓа и предизвикува појава на првут.
Првут се добива од користење погрешни производи
Неточно. Производите за нега на косата и третманите не можат да
предизвикаат појава на првут. Тие можат да ја влошат состојбата, но во
никој случај не можат да бидат главната причина за неговата појава.
Агресивните шампони кои содржат алкохол, избелувањето на косата,
боењето, производите за трајно обликување, го тргаат природниот сјај и
масленост од скалпот па затоа не можат да ја заштитат кожата и така
помагаат при зголемена појава на првутот.
Првутот се лечи само со лекови на рецепт
Ова во никој случај не е вистинито. Сите симптоми кои се поврзани со
првутот, како што се грубата кожа, скалпот, црвенилото, чешањето и
непријатните чувства можат успешно да се негуваат со посебни производи
кои можат да се набават во било која продавница.

You might also like