You are on page 1of 8

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Загадувањето на организмот може да е:


1. Физичко, предизвикано од загадениот воздух, вода, храна, средства за лична
хигиена и козметика, лекарства, амалгамски пломби, облека,
2. Енергетско, предизвикано од подземни води, космички зрачења, електрични
апарати.
3. Психичко, предизвикано од негативни емоции и мисли.
Кога загадувачите ќе влезат во нашето тело, се таложат во внатрешните органи, во
клетките, во коските и нашето тело не може да ги елиминира без наша помош.

СПОРТ

САУНА
Сауната ја подига телесната температура за неколку степени, со што се создаваат
услови за убивање на бактерии, вируси и паразити во организмот и го потикнува
процесот на потење на организмот кое предизвикува топење на масните наслаги во
кои најчесто се заробени токсините и на тој начин се стимулира чистење на телото од
токсини преку кожата со пот.
Исто така делува на подобрување на циркулацијата, ги ослободува телесните тензии,
ја чисти и подобрува кожата и на намалување на телесната тежина.
Најдобро е да се користи редовно, или барем 2 до 3 пати неделно од 15 до 30 минути.
Пред и после употреба на сауна, треба да се консумираат што повеќе течности богати
со минерални соли (електролити).
Не се препорачува за бремени жени, луѓе со висок притисок и со срцеви заболувања...

ДИЕТА
Исхрана богата со овошје и/или зеленчук, намален внос на храна и потполно
исфрлање на масна храна, зачинета, слатка и пржена храна, јајца, млечни и месни
производи

ТЕЧНОСТИ
Зголемена консумација на течност во форма на незасладени чаеви и природни сокови
од овошје и зеленчук

ПОСТ
Еден ден во неделата не консумирате храна, туку само вода.
Се консумира најмалку 6 до 7 литри претходно сварена вода или незасладени чаеви.
Се прави еден ден во неделата. Следниот ден постот го прекинувате со свежо цедени
сокови од овошје или зеленчук, потоа можете да испиете супа, а понатаму и варен
зеленчук.
Постот со вода може да трае и повеќе дена, до 7 или 14, но ќе треба да бидете мошне
внимателни во отстранување на отпадот од телото, кое ќе биде спречено за време на
повеќедневниот пост.

ПРИРОДНИ КЕЛАТИ
Келатите се агенси кои на себе ги врзуваат токсините и тешките метали и ги исфрлаат
од организмот.
КОРИЈАНДЕР е еден од најсилните келати во природата. Употребете го во супи, салати,
смелен можете да го употребувате со секое јадење.

ХЛОРОФИЛ е зелен пигмент кој е содржан во сите зелени билки и со негова помош
ефикасно можете да го исчистите телото од токсини и тешки метали.

ГЛИНА е едно од најмоќните и најстари средства за физичка регенерација.


Навечер изматете една кафена лажичка (дрвена или пластична) во 2 дл вода. Можете
така подготвена да ја консумирате навечер пред спиење или наутро, после спиење,
или еден час пред јадење на следниот начин:
Првата недела, без мешање ја консумирате само водата, талогот го фрлате.
Втората недела, 5 минути пред употреба глината ја мешате во чашата со вода, ја пиете
само течноста, талогот го фрлате.
Третата недела, пред употреба глината ја мешате во чашата со вода и ја пиете заедно
со течноста.
Потоа правите пауза. Оваа техника ја правите 2 до 4 пати годишно.

КУРКУМА

ЧИСТЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Вежба на дишење 1
Неколку пати длабоко вдишете и издишете на нос.
Вдишете длабоко на нос и полека издишете го воздухот низ уста се додека не го
издишете сиот воздух и на крај, остатокот на воздух од градите издишете го со извикот
“ХУ....ХУ....ХУ”.
Вежбата ја повторувате повеќе пати.

Вежба на дишење 2
Неколку пати длабоко вдишете и издишете на нос.
Вдишете длабоко на нос и задржете го вдишаниот воздух неколку секунди. Потоа,
полека издишете го воздухот низ уста се додека не го издишете сиот воздух и на крај,
остатокот на воздух од градите издишете го со извикот “ХУ....ХУ....ХУ”.
Вежбата ја повторувате повеќе пати.

Чај за чистење на белите дробови


10 гр рендан рен се попарува со 2 дл зовриена вода, после 10 минути се процедува и
се пие повеќе пати во текот на денот пред јадење на празен желудник.

Продукти полезни за вашите бели дробови


Лути пиперки – го разградуваат вишокот на слуз во белите дробови и во целото тело.
Лук – ја разградува слузта и помага за детоксификација на белите дробови и целото
тело.
Вода.

Продукти посебно штетни за белите дробови кои што креираат слуз:


Производи од бело брашно
Производи со шеќер
Млечни производи

ЧИШТЕЊЕ НА НОСНАТА ШУПЛИНА


500 мл млака вода на околу 37 C, ја ставате во претходно добро исчистен сад во кој
растварате една равна лажичка морска (крупна) сол. Отворот на садот го ставате во
едната ноздрва и пуштате растворот од солена вода природно да тече низ неа. Главата
ја поставувате така, да солената вода која ја влегува од едната ноздрва почне да
истекува од втората ноздрва. Престанувате кога ќе потрошите половина од растворот.
Процедурата ја повторувате со втората ноздрва на истиот начин.
Потоа ја сушите носната шуплина со дување низ едната ноздрва, додека втората ја
затнувате со прст, истата постапка на сушење ја применувате и со втората ноздрва.

ЧИСТЕЊЕ НА СИНУСИТЕ
Се прави инхалација со изрендан рен и малку вода, кои заедно се зовриваат и се прави
инхалација.

ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ


Крвните садови се затнуваат кога се формира плак (наслаги) на нивните внатрешни
зидови. Плакот е сочинет од калциум не соодветен за нашето тело, заситени масти,
холестерол, котинин (од никотинот) и клеточен отпад. Ако имате затнати артерии
заради лоша исхрана и животен стил, вие имате повишен ризик од срцев удар, шлог
или срцева инсуфициенција.

5 главици лук
5 лимони
1 литар вода

Лимоните се ставаат во солена вода да преноќат, потоа лимоните се сечат на парчиња


и се прелеваат со 1 литар зовриена вода. Кога водата ќе се излади, лимоните се ситнат
на парчиња, заедно со исчистените 5 главици лук се блендираат и се додава остатокот
од водата до 1 литар и смесата се чува во фрижидер.
Се консумира 3 пати дневно по 50 мл пред јадење во текот на три недели.
Потоа се прави пауза од една недела и постапката се повторува.
Но овој начин постепено ќе се ослободите од талогот во крвните садови

Храна која го стимулира чистењето на крвните садови


Природни извори на моно-незаситени масти и омега 3 масни киселини како што се
јаткасти плодови, семки и маслиново масло, Витамин Ц, аргуми, морков и вода и
спортски активности.

Храна која го помага креирањето на плак во крвните садови


Храна богата со заситени масти, билно масло, пржена храна, брза храна, крекери,
колачи, масно месо, производи со хидрогенизирано масло (маргарин), никотин.

ЧИСТЕЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ
Околу 200 литри крв секојдневно поминуваат низ нашите бубрези, со цел да се
прочистат од токсини. Бубрезите природно се чистат со консумација на доволна
количина течности.

Џумбир
Глуварче
Корен од бел слез
Коприва
Магдонос
Каранфилче
Лубеница
Семки од тиква
Витамин Б2
Витамин Б6
Магнезиум

100 мл сок од лимон


100 мл ладно цедено природно маслиново масло
100 мл пиво
смесата се меша во едно шише и се пие по 50мл еден пат на ден наутро 6 дена.

200 гр просо се прелева со 2 литри зовриена вода, се прекрива садот со ќебе преку ноќ
и другиот ден се цеди и се пие без ограничување.

Во сок од една црна репка се додава 1 лажичка мед и се пие секоја вечер пред спиење
на празен стомак.

Чај од магдонос за чистење на бубрезите


1/2 до 1 китка магдонос се ситни и се става во 1 литар вода. Се вари 10 минути, кога ќе
се олади, се процедува и се става во шише и се чува во фрижидер. Се пие по една чаша
на ден, на празен стомак.

Чај од семки од лубеница ги чисти бубрежните камчиња.


Супена лажица претходно иситнети (смелени) семки од лубеница ја преливате со ½
литар зовриена вода. Оладената течност ја пиете 3 пати на ден, 30 минути пред
јадење.
Другиот ден, варите нов чај од семки од лубеница и оладената течност ја пиете 30
минути пред јадење.

ЧИСТЕЊЕ НА ЛИМФНИОТ СИСТЕМ

Растопете 30 грама (2 супени лажици) Глауберова (Енглеска) Сол или Декахидрат на


Натриум Сулфат (Na2SO4.10H2O) во 100 мл вода и испијте го растворот наутро, после
спиење.
Подгответе смеса од 2 литар сок од грејпфрут, 2 литар сок од портокал, 400 мл сок од
лимон и два литар претходно сварена или смрзната вода. На секој 30 минути пијте по
една чаша (200 мл) од оваа смеса.
Чистењето на лимфата се прави три дена по ред, а во меѓувреме не јадете ниту пиете
ништо друго освен 30 гр Натриум Сулфат наутро и по една чаша (200 мл) на секој 30
минути од смесата од грејпфрут, портокал, лимон и вода преку целиот ден.

ЧИСТЕЊЕ НА ЗГЛОБОВИТЕ

5 гр ловоров лист се вари 6 минути во 300 мл вода, потоа чајот се остава да отстои на
топло 3-4 часа (во термос). Чајот се пие во мали голтки во текот на целиот ден. Не смее
да се испие одеднаш. Чајот од ловоров лист се пие 3 дена по ред, се прави пауза од 7
дена и процедурата се повторува уште 3 дена. За време на чистењето на зглобовите,
немојте да консумирате масна храна, зачинета, слатка и пржена храна, јајца, млечни и
месни производи. Се повторува на секој 3 месеци.

ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ


Храна која ја загадува жолчката се заситените масти или сета храна од животинско
потекло.

СО ГОРКА СОЛ – Магнезиум Сулфат Хептахидрат MgSO4+7H2O


4 х 15 гр горка сол или 4 супени лажици
4 х 1,5 дл вода или 600 мл
1,5 дл природно ладно цедено маслиново масло (екстра вирџин)
1 до 2 грејпфрута или портокали или ½ лимун за вкус, може и комбуха

Цел ден пиете само сок од јаболка до 14 часот. Уште подобар ефект ќе имате ако еден
ден однапред не јадете ништо или јадете само овошје и зеленчук и испиете најмалку 1
литар природен сок од јаболка и многу течности. Избегнувајте масна храна и храна од
животинско потекло.

Во 18 часот се пие 1-та претходно подготвена чаша вода со растопена горка сол.
Во 20 часот се пие 2-та чаша вода во која претходно сте ја растопиле горката сол.
Во 22 часот го пиете маслиновиот зејтин, претходно измешан со грејпфрут, портокал
или лимон.
Веднаш потоа легнувате во кревет, на грб во полуисправена положба со подигната
перница, или бочно на десната страна и немојте да се поместувате 30 минути.
Пробајте да заспиете бочно на десната страна. Станувате само ако ви се оди по нужда.
Наутро, после 6 часот (или кога ќе се разбудите, но не пред 6 часот) ја пиете 3-та чаша
вода со претходно растопена горка сол.
Продолжувате да мирувате лежејќи на грб или на десниот бок.
После 8 часот (или 2 часа откако сте ја испиле 3-та чаша) ја пиете 4-та чаша горка сол и
се враќате во кревет.
После 2 часа можете физички да се активирате.
Процедурата се повторува после 14 дена и се прави најмалку 2 пати годишно или на
секој 3 месеци, во зависност од храната што ја консумирате.
Најдобро е да продолжите со сокови за детоксикација и регенерација на црниот дроб:
МАГАРЕШКИ ТРН
За детоксикација и регенерација на црниот дроб.
1-2 лажички сув иситнет цвет од магарешки трн се прелива со 2 дл зовриена вода,
се пие една чаша чај од цвет од магарешки трн 3 пати на ден, 30 минути пред јадење.
После 2 недели се прави пауза.
Магарешкиот трн делува естрогено.

ЧАЈ ОД ПЕЛИН и други горки производи го чистат црниот дроб.


Една лажичка листови од пелин се попарува со 2 дл вода и се остава да кисне 10-15
минути во зависност од чистотата на пелинот (дали е со гранчиња или само листови).
Се пие 30 минути пред јадење на празен стомак 3 пати на ден. Се пие редовно
најмалку 21 ден, а потоа се прави пауза од најмалку 7 дена.

СОК ОД ГРЕЈПФРУТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ


Состојки:
500 мл вода,
6 свежи лимони,
корен од џумбир до 10 цм големина,
3 грејпфрути,
4 чешниња лук,
3-4 прстофати мелен ким,
3-4 листа свежо нане
3 лажици масло од лен

Подготовка:
Во блендер ставете малку чиста вода, издрендан корен од џумбир и лук, добро ги
блендирате и во блендерот го додавате сокот од лимонот и грејпфрутот кој претходно
сте ги процедиле, лененото масло, ким и иситнетото нане. Сето тоа добро измешајте
го и консумирајте го веднаш.

ЧИСТЕЊЕ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО


Варењето на храната и процесот на елиминација на отпадот од организмот се важни
чинители кои влијаат на нашето здравје.
Неправилната исхрана со претходно преработена храна, без или со малку природни
продукти богати со диетални влакна (целулоза), кои што одлично го регулираат
варењето и процесот на елиминација на отпадот од организмот, и лошото варење се
причина за речиси секоја болест. Лошата исхрана го успорува варењето на храната, кое
што предизвикува пореметувње на работа на цревата. Неправилното исфрлање на
отпад од телото, предизвикува складирање на отпадот и токсините во цревата, што
предизвикува загадување и токсикација на целиот организам.
Исто така, претежно седечкиот начин на живеење, паразитите во цревата, одредени
лекарства како што се седативите, исто така го пореметуваат варењето и
елиминацијата на отпадот од телото.

МЕТОДИ НА ЧИСТЕЊЕ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО


1. ИСПИРАЊЕ или КЛИСТИРАЊЕ
Ефикасно се чисти претежно долниот дел од дебелото црево.
За едно испирање се употребуваат 6 до 12 литри вода додека за едно клистирање ви е
потребна клизма и 2 литри топла вода.
Потребни се 6 циклуси на испирање на дебелото црево или 36 циклуси на клистирање,
за потполно чистење на дебелото црево.
Честа или невнимателна употреба на клистирање може да предизвика нарушување на
цревната флора, инфекции и оштетување на дебелото црево.
2. Хидроколон терапија е модерна верзија на клистирање.
За време од 45-60 минути, 60 до 120 литри вода длабински поминува низ дебелото
црево. Доволна е само една терапија за потполно чистење на дебелото црево. И оваа
терапија, сто така може да предизвика нарушување на цревната флора.

3. Солена вода (најмалку 2 до 3 ½ литри)


15 гр (супена лажица) се раствара во 1 литар топла вода.
Се почнува со пиење на една чаша (2,5 дл) топла солена вода.
Потоа, се изведуваат следните вежби повторувајќи секоја вежба поединечно по 5-6
пати:

Вежба 1 Вежба 2

Вежба 3 Вежба 4
Потоа продолжувате со следната чаша топла солена вода и ги повторувате вежбите.
Ако после 6-та чаша немате дефекализација, продолжувате да ги изведувате вежбите
без да се напиете солена вода се додека немате дефекализација. Потоа продолжувате
со следната чаша вода проследена со серијата вежби се додека не почнете да
исфрлате чиста вода.
Од 30 до 60 минути после завршување на вежбите неопходно е да јадете, по можност
добро сварен бел ориз (на пр. со морков), но не интегрален, зошто ќе ја иритира
мембраната на цревата.
Во наредните 24 часа не смеете да консумирате млеко, јогурт, сирење и други
животински производи, т.е. кисела храна и кисели пијалоци, ниту свеж зеленчук и
овошје. Лебот е дозволен само како второ јадење после вежбањето.
После 24 часа, можете да преминете на храната која сте ја консумирале пред
вежбањето избегнувајќи да јадете месо.
После вежбањето, не смеете да пиете никакви течност, бидејќи ќе предизвикаат
понатамошна дефекализација. Течност можете да пиете умерено, само неколку часа
после првото јадење. Во наредните 24 до 36 часа се возможни понатамошни празнења
на цревата.
Ова чистење го повторувате после еден месец или најмалку после 14 дена. Се прави
најмалку 2 пати годишно.

Тие кои што страдаат од констипација, можат оваа техника да ја практикуваат еден пат
неделно, но само со 6 чаши вода, кои треба да се консумираат со пауза од 30 минути.
Ова чистење не ги ослабува ѕидовите на дебелото црево.

Ленено семе 2-3 лажички, тазе смелено и измешано во 2 дл пробиотик како комбуха
или кефир се пие на празен желудник, пропратено со многу течности.

You might also like