You are on page 1of 14

СОУУД ,,Димитар Влахов” – Струмица

Проектен план

Тема: Природен пилинг за тело за здрава и


сјајна кожа

Сектор/Струка:
Хемија и технологија/Хемиско – технолошка

Образовен профил:

Техничарза хемиски и козметички производи

Област: Фармација

Ментори: Изработил

Ленче Серафимова Илинка Пандева

Тања Делевска
Содржина

1.Резиме..................................................................................................................3

2.Вовед....................................................................................................................4

3.Пилинг за тело.....................................................................................................5

4.Состав на пилинг за тело....................................................................................6

5.Начин на подготовка на пилингот за кожа.........................................................10

6.Заклучок...............................................................................................................13

7.Користена литература.........................................................................................14

2
Резиме

Сите ние сакаме да имаме нежна, чиста и хидрирана кожа. Пилингот за


тело помага во подмладување на кожата. Со помош на пилингот го
отстрануваме мртвиот слој на кожата.

Комплиментите за убавата и негувана кожа може да ти го развеселат и


разубават денот. На кожата ѝ се потребни нега и внимание за да изгледа и да
се чувствува добро. Најдоброто нешто за враќање на сјајот на кожата и на
твојата самодоверба е пилингот. Ако досега не си користела пилинг, време е
да ја усовршиш твојата рутина и да додадеш производ за пилинг за кожа.
Посебно ако тој пилинг од природни состојки и нема да те чини многу пари,
тогас е полн погодок.

3
Вовед
Сите сакаме чиста, свежа и убава кожа, како на лицето, така и на
телото. На кожата ѝ се потребни комплименти за да изгледа и да се чувствува
добро. Најдоброто нешто за враќање на сјајот на кожата и на твојата
самодоверба е пилингот. Ако досега не си користела пилинг, време е да ја
усовршиш твојата рутина и да додадеш производ за пилинг за тело. Твојата
кожа создава милион стари клетки секој ден. Старите клетки излегуваат на
површината, правејќи ја кожата сува и уморна пред природно да исчезнат. Во
случај да не се отстранат може да ги запушат порите. Поради тоа, пилингот
може многу да ти помогне, така што ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе ја
освежи кожата. Пилингот, исто така, ѝ помага на кожата да ги впие другите
производи од твојата дневна рутина за нега.

4
Пилинг за тело
 Што е тоа пилинг за тело?
 Зошто треба да користиме пилинг за тело и како делува на нашата кожа?

Освен што ја чисти кожата длабински и ги ослободува порите од


нечистотии, пилингот стимулира и природно создавање на колаген и може да
има и антицелулитно дејство. Со отворањето на порите, создава идеални
услови средствата за нега да навлезат подлабоко во кожата, а со тоа и
длабински да делуваат.

Ако имате сува кожа, применувајте пилинг еднаш неделно, додека кај
нормална и масна кожа можете и по двапати. Секогаш избирајте го соодветен
на вашиот тип на кожа.

Твојата кожа создава милион стари клетки секој ден. Старите клетки
излегуваат на површината, правејќи ја кожата сува и уморна пред природно да
исчезнат. Во случај да не се отстранат може да ги запушат порите. Поради тоа,
пилингот може многу да ти помогне, така што ќе ги отстрани мртвите клетки и
ќе ја освежи кожата. Пилингот, исто така, ѝ помага на кожата да ги впие другите
производи од твојата рутина.

5
Може да наидеш на повеќе погрешни информации, како на пример, дека
не треба да ја отстрануваш мртвата кожа со пилинг, но спротивното е вистина.
Недостигот на хидратација на кожата создава пукнатини во нејзиниот заштитен
слој и со отстранување на мртвите клетки, хидратантните креми можат
полесно и подлабоко да навлезат во кожата. Пилингот, исто така, им помага на
новите клетки полесно да излезат на површината на кожата со што кожата
останува хидрирана. Од друга страна, масната кожа произведува повеќе мртви
клетки од нормалната или комбинираната кожа, што значи дека пилингот е од
суштинско значење ако имаш масна кожа. Единствено треба да внимаваш при
бирањето пилинг, да не избереш производ со прегруби честички, кои можат да
ја иритираат кожата.

Состав на пилинг за тело

Кафе
Кафето е пијалок, кој се подготвува од печени зрна (семки)
од растението кафе.Тоа е еден од главните извори на човековиот
психостимуланс - кофеинот, и според многубројни медицински експерти,
создава вистинска зависност (кoфеинизам). Кафето после нафтата е производ
со кој најмногу се тргува во светот.

Кафето е род на цветни растенија чиишто семки, наречени „кафени зрна“,


се употребуваат за приготвување на кафе. Растението ѝ припаѓа
на семејството Бросови и има облик на грмушка или мало дрво, а води потекло
од тропските и појужните делови на Африка и Азија. Зрната на кафените
растенија се меѓу највредните и најтргуваните стоки во светот и се од големо
значење за стопанствата на неколку земји како извозна стока. Листовите и
надворешноста на плодовите во некои места служат и како храна.

 Дали некогаш сте помислиле како кафето делува на нашата кожа?


 И дали воопшто кафето е добро за нашата кожа?

6
Препознаено по својата содржина на антиоксиданти и кофеин, кафето има
неколку прекрасни придобивки за вашата кожа и начин на живот.

Кафето на ефикасен начин ке ги отстрани мртвите клетки од кожата и


нечистотиите, оставајќи ја кожата помазна и рафинирана.

Пилингот од меленото кафе многу брзо ќе ја освежат зрелата, уморна


кожа и ќе ја стимулираат нејзината циркулација, а лесно и брзо се подготвува.
Кафето е богато со антиоксиданси, а кофеинот го стимулира побрзото
излачување на токсините и течностите од телото, поради што препаратите
базирани на кофеин често се користат во антицелулитни препарати.

7
Ореово масло

Маслото од орев можете да го користите за секојдневна нега. Кожата


брзо и лесно го впива, а на површината остава заштитен слој. Одличен е и за
суви и испукани делови од кожата, па можете да го користите за нега на усните,
како и за нега на лактите и петите. Маслото од орев создава заштита од
штетни надворешни влијанија и зголемено сушење на кожата, како за време на
студените зимски месеци, така и за време на изложеноста на сончевите зраци
во текот на летните месеци. Еве кои се главните својства на маслото од орев
кои го прават толку посебно за кожата: Антиоксидативно - Антиоксидансите ја
намалуваат појавата на брчки и го забавуваат стареењето на кожата.
Антибактериско - Антибактериската компонента ја штити кожата од патогените
бактерии. Антиинфламаторно - Антиинфламаторната природа на маслото од
орев има смирувачки ефект врз кожата, без разлика дали се работи за
вообичаени воспалителни процеси во форма на мозолчиња или хронични
проблеми како егзема и псоријаза. Витамините Б1, Б2 и Б3 во маслото од орев
ја штитат кожата од предвремено стареење. Богат е и со витамин Е, кој е
високо ефикасен антиоксиданс. Оревот е богат со селен, фосфор, магнезиум,
цинк, железо и калциум.

8
Кокосово масло
Со векови, кокосовото масло се користи многу поради неговите многу
придобивки и негување својства, за подготовка на одредени јадења, како
состојка во козметичката индустрија, за нега и хидратација на кожата и
косата.Во козметиката, Кокосово масло се користи во препарати за чистење на
кожата и забите, поради белење и спречување на формирање на забни плаки.
Тоа е добар хидратантен крем за изгореници од сонце, за лекување на стрии
по бременоста, како регенератор и навлажнувачки крем за коса и усни. Во
споредба со традиционалните креми и лосиони, тој има многу поздраво
антицелулитно дејство. Има силно навлажнувачки ефект, затоа се препорачува
да изберете крем што содржи кокосово масло, да имате мазна и кадифена
кожа. Препорачувам да користите мултифункционално масло со органско
кокосово масло, лесно и негување, кое не содржи парфем.

Неговите активни состојки обезбедуваат длабока хидратација и богата


нега на кожата. Помага да се задржи водата на површината на кожата и ги
зајакнува одбранбените функции на кожната бариера. Маслото има и
антиоксидантни и антиинфламаторни својства, кои ги намалуваат иритацијата,
црвенилото и лупењето.

9
Шеќер
Шеќерот ― општото име за сладок вкус, но во нашиот случај шекерот
односно неговите кристали ке го искористиме да направат нежен пилинг на
нашата кожа.

Начин на подготовка на пилинг за тело

 кафе -20г
 шеќер -20г
 ореово масло -10ml
 кокосово масло -10ml

1.Во сад ставаме ореово масло.

10
2.Го ставаме кокосовото масло.

3.Потоа го ставаме кафето.

11
4.На крај го ставаме шеќерот и го мешаме се додека не се соедини.

5.Го ставаме со соодветниот сад

12
Заклучок

Изработен од природни состојки, брз за изработка и многу евтин .Таков е


мојот пилинг за кожа.Суровини кои што сите ги имаме дома. Кокосово масло,
кафе, шекер, ореово масло. Мислам дека е сон за секоја млада девојка која
сака да се грижи за своето тело на природен начин. Пилингот што го направив
е погоден за секаков вид на кожа .Најдобро е да де користи барем два пати
неделно. Со нанесување на кожата и кружно движење и размачкување. Тој е
направен од природни состојки кои што не можат да имаат негативно дејство.
Помага за одстранување на целулитот,хидрирање, помазна и сјајна кожа.

13
Користена литература

 https://mk.wikipedia.org
https://sezahrana.mk/%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BE%D0%B2%D0%BE-
%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BB%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-
%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-
%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE-
%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%BE/
 https://aptekibruno.mk/proizvodi/lea-walnut-oil-50ml-
%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BE%D0%B2%D0%BE-
%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BB%D0%BE/
 https://www.vitalia.com.mk/product/kokosovo-organsko-maslo/
 https://www.bellina.mk/p/543/brazilian-coffee-piling-za-telo-od-kafe-i-sheer-250-ml

14

You might also like