You are on page 1of 10

Постапка на отсранување на

мртви клетки од кожа на раце


 Пилингот се прави со цел отстранување на мртвите клетки од површинскиот дел на
кожата, а со тоа се зголемува и циркулацијата во делот каде што се врши истата.
Постојат повеќе видови на отстранување на мртвите клетки во однос на
 начинот на отстранување на мртвите клетки
 типот на кожа и
 делот од телото на кој се врши отстранување на мртвите клетки
Според начинот на отстранување на мртвите клетки имаме:
 - Механичкo отстранување на мртвите клетки
 - Хемискo отстранување на мртвите клетки
Механичкo отстранување на мртвите клетки може да се
прави со :

 Четка за отстранување на мртвите клетки или четка за капење, која е најчесто


дрвена со погруби влакна. Некои од овие четки се специјални за лице, некои се
специјални за тело. Овие четки во зависност од упатството и делот од телото на кој
се употребуваат можат да се користат на суво или со вода и соодветен препарат.
Ваква дрвена четка може да се употребува за отстранување на мртвите клетки на
надлактиците и подлактиците.
Сунѓерче за отстранување на мртвите клетки . Oва е понежен начин на
отстранување на мртвите клетки , може да се користи, топла вода, сапун или
гел за туширање.

отстранување на мртвите клетки со ракавица која може да се користи за


тешко достапни делови од телото, но може да се направи ефикаснo
отстранување на мртвите клетки на надлактиците и подлактиците.
• отстранување на мртвите клетки со препарат за
пилинг кој може да се нанесува и на сува кожа со кружни,
нежни движења движења, и се измива со млака вода.
ВАЖНО!!!
- Кога се прави механичкo отстранување на мртвите
клетки важно е да се биде нежен со кожата. Се прават мали
кружни движења, со прст за да се стави препарат за
ексфолијација истото важи и доколку се употребува
ракавица или сунгерче.
- Кога се користи четка за ексфолијација важно е да се
прават кратки лесни движења кои ќе траат максимум 30
секунди. Потоа кожата плакни со млака вода, не со жешка
вода.
- Ексфолијација треба да се избегнува токолку на кожата
има исеченици, дрснатинки, отворени рани или ако има
изгореници од сонце.
- После ексфолијација важно е да се стави заштитен
фактор.
 Oтстранување на мртвите клетки според тип на кожа

Сува кожа
 Oтстранување на мртвите клетки е важен за сувата или ронлива кожа. Треба да се избегнува
механичкo отстранување на мртвите клетки на сува кожа, бидејќи самиот процес поттикнува
сушење и може да доведе до микропукнатини. Киселинските тоници се ефикасни за сува кожа

Чувствителна кожа
 Кога се работи за чуствитекна кожа треба да се избегнува чистење или употреба на механички
методи за пилинг. Овие типови на отстранување на мртвите клетки дополнително ќе ја
иритираат кожата и може да доведат до црвенило.
Мрсна кожа
Мрсна или подебела кожа може да има корист од рачен пилинг со ракавица и сунгерче и четка за
ексфолијација. Мрсната кожа може да има дополнителен слој на таложење на површината што може да се
отстрани со рачниот пилинг. Со нежно користење на препарат или алатка за отстранување на мртвите
клетки во кружни движења можат да се постигнат најдобри резултати.

Нормална кожа
 Доколку кожата нема никакви компликации, можете да се избере било кој метод на отстранување на
мртвите клетки . Рачниот и хемискиот пилинг се безбедни за овој тип на кожа. Можеби ќе треба да се
експериментира за да се открие кој метод најдобро одговара за овој тип на кожа.

Комбинирана кожа
 Комбинираната кожа може да има потреба од мешавина од механичка и хемиска отстранување на
мртвите клетки . Никогаш не треба да се користет и двете во ист ден бидејќи може да доведе до
иритација на кожата. Доколку кожата после пилинг се чувствува сува, веднаш потоа треба да се
нанесе хидратантна крем.
Рацете и нозете
Најлесен начин за пилинг на рацете и нозете е со четка, сунѓер или
ракавица. Ова може да помогне да се ослободите од мртвите клетки
на кожата и да ја стимулира циркулацијата.

You might also like