You are on page 1of 4

КОРЕКЦИЈА НА УСНИ СО ШМИНКА

Усните и очите се најизразениот дел на лицето. Во секојдневната комуникација, соговорникот го


гледаме во очите и во усните. Усните ги гледаме во склоп на целата физиономија на ликот, па затоа имаат
влијание врз целокупниот изглед на лицето. За да изгледаат привлечно, мора да се полни и со свежа
кожа. Но, кожата на усните е тенка, нема лојни жлезди, па усните се склони кон оштетување од
надворешните влијанија. Затоа усните треба редовно да се негуваат. Секоја жена посакува убави усни.
Усните може да се направат убави со помош на шминка. Тие треба да се шминкаат според обликот на
усните и обликот на лицето. Според некои истражувања за идеални усни се сметаат оние кои заземаат
10 % од долната третина на лицето . Мерено по средината на усните, долната усна треба да биде двојно
поголема од горната усна. Освен тоа идеалните усни се меки, нежни, мазни и без брчки на нив и околу
нив

Постојат и усни кои отстапуваат од идеалните, па затоа е потребна корекција со шминка. Усните
можат да бидат тенки, мали, големи, асиметрични, неиспакнати, усни кои паѓаат и набрани усни. Со
успешна шминка лесно се коригира нивниот облик и изглед.

Тенки усни – тие се тенки, неистакнати, обликот не им е доволно цврст, па изгледаат уште помали
. Со помош на шминка треба да се зголемат и да добијат на волумен . Прво се нанесува подлога за усни.
Со молив, чија боја е потемна од природната боја на усните, се исцртува нов, јасен облик на усните.
Новите контури на усните се над природната линија на усните. На просторот помеѓу усните и контурата
се нанесува мрсен кармин. Карминот се впива со мека хартија, па се нанесува пудра на усните. На крајот
се нанесува попосен кармин на целата површина. Се избегнуваат темни бои и нијанси на кармини,
бидејќи ги прават усните потанки. Се
препорачуваат посветли бои и сјај за усни,
со што усните изгледаат поголеми и со
поголем волумен.
Асиметрични усни – горната усна е тесна, а долната е дебела или асиметријата е во нееднаквиот
волумен на десната и левата половина на усните. Корекцијата се прави на следниот начин: ако горната
усна е потенка од долната, на горната се исцртува линија над природната линија, а долната усна се
исцртува по природната линија. Ако едната страна од горната усна е со помал волумен, тогаш таа се
исцртува над природната линија со линија што ја следи линијата на пополната усна. Во двата случаи
треба да се нацрта заоблена средина на горната усна за да се добие во волумен. Потоа се нанесува
подлога и се нанесува кармин со боја како бојата на моливот за усни, со кој сме ја цртале усната.

Усни кои паѓаат – аглите на усните паѓаат надолу, па му даваат на ликот тажен изглед.

При корекција со шминка треба да се издигнат за да се добие поубав и повесел изглед. Со мек молив
долната усна се исцртува полукружно, малку под природната линија на усната. Горната усна во
средината се исцртува по природната линија, при завршетокот оди малку нагоре и се поврзува со
контурата на долната усна. Потоа се нанесува подлога за усни и се исполнуваат со кармин.

Големи усни – на нив се нанесува подлога од течна или камена пудра. Потоа се исцртуваат со
молив за усни за да се истакне контурата која треба да е помала од природната контура. Се нанесува
кармин со посветла боја. Корективна шминка на големи усни.

Поголема горна усна – со шминка треба да се изедначат двете усни. Со молив за усни се исцртува
усната, почнувајќи од центарот кон надворешниот дел, следејќи ја природната линија на усната. При
дното на горната усна (во близина на усниот отвор) се нанесува посветол кармин, а при ивицата на
усната, кармин со малку потемна нијанса. Визуелно горната усна се намалува

Друг начин е да се нанесе кармин со иста боја на двете усни, при што на средината на долната
усна потоа да се нанесе бела сенка, со што визуелно би се постигнал баланс и пополна долна усна. Се
препорачуваат кармини со темна боја

Покрупна долна усна ‒ наједноставен начин да се коригира е да се користи кармин со иста боја
и на долната и на горната усна. Потоа се нанесува бел молив или кремаста сенка, само на средината на
горната усна со што визуелно таа би добила поголем волумен, па се намалува асиметријата.

Рамни неиспакнати усни – немаат


волумен, па задолжително мора да се исцртуваат

Корективна шминка на рамни неиспакнати усни


Усните се исцртуваат над нивните природни
линии, па се препорачуваат кармини во светли
бои кои визуелно ќе ги зголемат. Или може да се
почне со пополнување прво на надворешните
агли на усните со темна боја која оди кон посветли
нијанси како што се приближува кон центарот на
усните.
Мали усни – се зголемуваат ако се исцртаат со молив за усни, од надворешната страна на самиот
раб, па се исполнат со кармин. Се препорачува користење на сјај за усни, кој визуелно ќе го зголеми
волуменот на усните.

Совети за шминкање на усни:

 Корисно е усните да се чистат со средства за чистење на лицето. Средството ќе ги раствори


пигментите на претходно нанесениот кармин, но нема да ја исуши тенката кожа на усните.
 Со четка (може и четка за заби) се тријат навлажнетите усни, со кружни движења околу 30 секунди
за да се направи пилинг на уснитеСо ова се отстрануваат изумрените клетки, се стимулира
циркулацијата, па усните ќе изгледаат пополно.
 На суви усни се нанесува балсам, а потоа вазелин и како маска за усни се оставаат да дејствуваат
на усните околу 10 минути. Тие ја задржуваат влагата во усните и усните изгледаат со поголем
волумен.
 Со мека хартија со тапкање се впива вишокот од балсам и вазелин, па усните остануваат
хидрирани, но не и масни.
 Контурите на усните (по желба) се исцртуваат со молив за усни
 Се нанесува кармин.По нанесувањето на карминот, со коректор се исцртува линија надвор од
линијатана усните. Тоа може да се направи со тенка четка, но најдобро е да се користи течен
коректор со апликатор. Ова додатно ја истакнува шминката на усните и убавата боја на карминот

You might also like