You are on page 1of 2

Основни поими за лична хигиена

Што значи зборот нега? Негување, грижа околу некого или околу нешто.
Негата е секојдневна потреба и навика на современиот човек.
Човекот да изгледа свежо, убаво и задоволно потребно е следново:

 Секојдневната нега
 Правилната исхрана
 Рекреација
 Свеж воздух
 Одмор
Негувањето на убавината е одраз на културата на живеење.
Под поимот нега подразбираме грижа за сопственото здравје и убавина
За да имаме правилна нега на нашето тело треба да се грижиме за повеќе фактори, пред се
за личната хигиена.
Под лична хигиена се подразбира

 начин на исхрана
 телесна чистота
 начин на живеење
Одржувањето на личната хигиена го подобрува личното чувство, се зголемува сигурноста и
самодовербата и ги олеснува социјалните контакти.
Усвојувањето на хигиенските навики започнува уште од најрано детство. Хигиенските навики
и одржувањето на чистотата влијаат врз зачувувањето на здравјето. Не попусто се рекло
дека „Чистотата е половина здравје“.
Што е здравје?
Здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба. Значи здравје
не е само отсутност на болест.
За да се зачува здравјето најважна е превентивата , а тука меѓу другото спаѓа и личната
хигиена
Одржувањето на личната хигиена влијае врз зачувувањето на убавината и здравјето на
човекот. За таа цел освен вода се користат и козметички препарати.
Кожата е најголем орган на човечкото тело и освен секојдневното одржување на хигиената
се користат разни препарати за хигиена, вода, разни масажи, козметички третмани.
На естетскиот изглед влијае и изгледот на забите и затоа треба да се грижиме за нивното
здравје, да се оси на редовни контроли на стоматолог, да се јаде свежа храна, овошје и
зеленчук.
Кожата на лицето и рацете се најизложени на надворешната средина и затоа се посветува
посебно внимание на нејзината нега. Треба да се применува правилно миење на рацете со
топла вода и козметички препарати, правилно чистење на заноктиците и да се користат
четки за чистење на ноктите. Хигиената на нозете секојднево да применува.
Матреијалот од кој е изработена облеката, оносно природните материјали влијаат
благопријатно на кожата, не предизвикуваат алергии. И тоа е еден од начините за нега на
телото.
Чевлите исто треба де удобни, од тоа влијае здравјето на нозете.
Местото на работа и живеење исто треба да се одржува и да се чисти.
Чистотата е половина здравје, затоа е потребна секој човек да ја запази личната хигиена.
Под лична хигиена се подразбира чистотата на телото, облеката и местото на живеење.
Личната хигиена треба да ја одржуваме поради сочувување на личното здравје, а здрав
човек е богат човек.Хигиенските навики се од значење за здравјето, белег се за добро
воспитување и задолжителен елемент од секојдневниот живот на човекот. Затоа е важно да
бидат создадени додека детето е мало.

Здравственото воспитание ја потенцира важноста превентивата.Од мали нозе се учат


децата како да си ко сочуваат своето здравје. a помалку на терапијата, односно со
здравствената едукација ce настојува да му ce помогне на човекот сам да ce грижи за
одржување и подобруеање на сопственото здравје.
Потребните хигиенски навики за децата
Првата и задолжителна лекција што детето треба да научи, е да ги мие рацете пред јадење,
по играње, после допир со милениче и одење во тоалет. Оваа навика е од особено значење,
бидејќи го спречува ширењето на бактерии.
Втората задача е да се научи да си ги мие забите. Кон млечните заби треба да се пристапи
со поголемо внимание, постојаната крижа за забите е за да бидат здрави и без кариес.
Капењето е многу важен чинител во одржувањето на личната хигиена. Детето прво го капат
родителите, а потоа го учат на самостојно, но правилно да се грижат за хигиената.
.Други задолжителни хигиенски навики со кои децата треба да се здобијат е да не ги гризат
ноктите, да не чепкаат постојано во косата и многу други.

Хигиената е многу повеќе од тоа да се биде само чист. Ја дефинираат многу постапки кои им
помагаат на луѓето да бидат и да останат здрави. Примената на добрите хигиенски навики е
корисна од две причини.Прво, им помага во отстранување на можноста да се добие
заболување и истото да се шири, и второ, им помага на луѓето да се чувствуваат добро
самите себе си и сопственото тело.
Добрата хигиена е битна во секоја возраст и за секого.

You might also like