You are on page 1of 47

1.

Институции за заштита, нега и лекување


на деца

Педијатрија представува посебна гранка на медицината која има


стара традиција, а се занимава со здравствена заштита на детето од
првиот ден на животот, па се до возраста кога се постигнува потполна
психичка и физичка зрелост.
Развојот на детето поминува низ следниве периоди:
a) неонатален период – првите 30 дена од животот
б) инфатилен период – од првиот месец до втората година
в) детството – од втората до дванаесеттата година
г) адолесценција – од дванаесеттата до осумнаесеттата година.
Инфатилниот период и детството представуваат периоди на
рапиден раст и развој кај децата.

Здравствена заштита се дели на:


а) примарна – примена на одредени методи за превенција на
болестите
б) секундарна – дијагностика и лечење на заболувањата
в) терцијална – рехабилитација на болните деца
Ваква здравствена заштита се спроведува во одредени институции
кои се специјално орјентирани за примена на одреден вид здавствена
заштита. Врз основа на оваа поделба на здравствената заштита во
нашата земја постојат одредени институции од здравствен карактер во
кои се спроведува заштита на детето. Тоа се :

1. Детски диспанзер
2. Школски диспанзер
3. Болнички институции

1. Детскиот диспанзер со својата дејност ги опфаќа доенчињата,


малите деца и деца од претшколската возраст. Во детскиот диспанзер
се спроведуваат два вида на здравствена заштита :
- примарна
- секундарна
Примарната здравствена заштита се спроведува преку советувалишта
за здрави деца и патронажната служба. За спроведување на примарната

1
здравствена заштита потребен е стручен кадар кој ке врши редовно
прегледи на децата, ке дава совети за правилна исхрана, хигијена на
детето и мајката и сл., со што ке помогне во правилен психички и
физички развој на децата (педијатар, мидицински сестри, патронажни
сестри). Децата треба редовно да се донесуваат на прегледи и да имаат
редовна посета од страна на патронажната служба.
Секундарната здравствена заштита се спроведува во амбуланта за
болни деца каде се вршат прегледи и лекување. Амбулантата треба да
биде организирана на високо стручно ниво, што значи да располага со
доволен број стручен кадар (педијатри, мадицински сестри,
негувателки).
Вака организиран детски диспанзер помага во спречување на појава
на голем број болести и ја намалува потребата за болничко лекување.

2. Школски диспанзер претставува здравствена институција која


спроведува здравствена заштита на школското деца. Организацијата е
слична како и во детскиот диспанзер што значи дека се спроведува
примарна и секундарна здравствена заштита. Во состав на школскиот
диспанзер постои оделение за систематски прегледи на децата и
амбуланта, а покрај тоа и забна амбуланта за прегледи и лекување на
детските заби.
Оделение за систематски прегледи спроведува примарна
здравствена заштита, односно со помош на редовни прегледи се прати
психичкиот и физичкиот развој на децата и доколку се откријат
одредени недостатоци кај децата (аномалии, кратквидност, наглувост и
др.) може навремено да се започне со лечењето со што се спречуваат
последиците.
Амбулантниот дел служи за секундарна заштита односно за
преглед и лекување на децата, тука се поставуваат индикации за
болничко лекување, како и упатување деца на закрепнување во
специјални институции (центри).

3. Болнички институции се институции во кои се спроведува


секундарна и терцијална здравствена заштита. Врз основа на тоа
постојат неколку вида и тоа :
- детски клиники - кај што се лечат одбрани случаи на болни деца
односно случаи за кои е потребна поголема стручност. Тие се наоѓаат
во склоп на клинички центри.
- детски болници - можат да бидат општи или специјализирани.
Општи болници ги згрижуваат болните деца без оглед на природата на

2
болеста. Специјализираните детски болници служат за лекување на
одредени групи болести (инфективни, респираторни и др.).
- детски оддели – се наоѓаат во состав на општите болници за сите
возрасти.
- детски лечилишта – се спацијализирани центри за лекување на
одредени детски болести од хроничен карактер. Меѓутоа постојат и
специјализирани центри за рехабилитација кај одредени болести,
хируршки интервенции, инвалидитети и сл. Овие институции можат да
бидат од затворен тип (стационарно лечење) или полуотворен тип кај
што децата еден дел од денот го поминуваат во институцијата а
другиот дел во својот дом.
Во работа на овие институции медицинска сестра зазема многу
важно место, учествувајки активно во работата. Таа е составен дел од
тимот за здравствена заштита и активно учествува во спроведување на
сите интервенции било самостално или како асистент на лекарот.

2.КАРАКТЕРИСТИКИ НА НОВОРОДЕНО И НЕДОНОСЕНО


ДЕТЕ

Период на новороденче е најкраток период во животот на детето


но истовремено и најважен и трае од моментот на раѓање па до крајот
на првиот месец (првите 30 дена од животот), односно со персечување
на папочната врвка започнува период на новороденчето и од тој
момент тоа почнува "самостоен" живот. Новороденчето мора што
побргу да се адаптира на новонастанатите услови па заради тоа
настануваат низа функционални промени во неговиот организам
односно нови животни функции : белодробно дишење, варење
(digestia), екскреција и др.
Новороденчето по своите анатомофизиолошки карактеристики се
разликува од организмот на возрасните.

2.1.Анатомофизиолошки карактеристики на новороденчето

Во спорадба со возрасниот организам можат да се забележат


разлики во односот на телесните делови :
- Главата е сразмерно поголема отколку кај возрасниот и
изнесува ¼ од телесната должина (кај возрасниот е 1/8).

3
- Черепот е поразвиен од лицето, коските на черепот се
меѓусобно сврзани со лабави рабови и тоа овозможува
породилниот акт да е полесен бидејки обемот на главата се
намалува и обликува према породилниот пат. На места каде се
составуваат неколку рабови, се наоѓаат меки делови – фонтанели.
Нормално ги има 6 : две горни (голема и мала) и по две
странични. Големата фонтанела се наоѓа помеѓу две темени и
челната коска и има изглед на ромб. Малата се наоѓа меѓу
тилната и темените коски и има триаголена форма. Големата
фонтанела скоро секогаш е отворена, додека малата
поретко.Големата фонтанела нормално се затвара помеѓу 16 и 18
месеци.
- Обемот на главата изнесува 32 – 34 см и е обично за 1 – 2 см
поголем од обемот на градите.
- Вратот кај новороденчето е изразито краток.
- Градниот кош е со бочвест облик и обимот му е за 1 – 2 см
помал од оној на главата.
- Ребрата се положени хоризонтално
- Абдоменот е подигнат а неговиот обем е поголем од обемот
на градниот кош.
- Средната линија на телото се наоѓа во висина на папочето
додека кај возрасните е во висина на симфизата.
- Екстремитетите се релативно куси и изнесуваат 1/3 од
должина на телото. Нозете се свиткани спрема стомакот, рацете
се свиткани кај лактовите, додека прстите се собрани.
- Телесната тежина и висина иако покажуваат варијации,
представуваат најважни показатели за проценка на раст и
развојот на детето. Тежината изнесува обично од 2.500 до 5000 г.
Висината (должина) на телото изнесува обично од 48 до 52 см.
Просечна тежина на машко новороденче е 3.500 г, а на женско
3.300 г. Тежината и висината на новороденчето зависат од повеке
фактори а најважни се : конституција, раса, пол, исхрана на
мајката за време на бременоста и траењето на бременоста.
- Веднаш по раѓањето кожата е покриена со сиреста материја
(vernix caseosa) која се создава уште од петиот месец на
интраутериниот живот и служи да ја штити кожата од
оштетувања. Кога ке се отстрани верниксот се појавува кожата
која е црвеникава (румена), нежна, мазна, еластична, богата со
вода и лесно едематозана. После две до три недели кожата
почнува да се лупи (desquamatia neonatorum), постапно

4
руменилото на кожата се намалува и новороденчето добива боја
како кај возрасните.
- Поткожно масно ткиво се наталожува во последните месеци
од бременоста и е добро развиено кај новороденчето.
- Лигавиците се нежни, но суви, заради недоволен број на
жлезди во нив, имаат розово-црвена боја.
- Респираторниот систем почнува со самостојна функција
веднаш по раѓањето со првиот плач на детето, бидејки тогаш
настанува првата респирација на детето и доаѓа до раширување
на алвеолите во белите дробови. Првите респираторни движења
се длабоки и нерамномерни а потоа се смируваат и остануваат
површни и почести. Бројот на респирациите е околу 40 – 50 во
минута.
- Веднаш по раѓањето со прекинување на папочната врвка и
почетокот на респирациите се менува текот на циркулацијата на
крвта кај новороденчето, односно феталната циркулација
преминува во неонатална. Фреквенцијата на срцевата работа
(пулсот) изнесува 130 – 140 во минута
- Дигестивниот систем по раѓањето бргу се преформира од
релативно неактивен во функционално активен систем. Во него
се наоѓа 60 – 100 г темно-зелена, или црна материја, вискозна, без
мирис – меконијум. Тоа е првата столица кај новороденчето која
ги напушта цревата во првите денови по раѓањето. Потоа
столицата постепено станува кафеава, зелено-жолта и конечно
преминува во нормална со златно-жолта боја.
- Првата урина новороденчето ја измокрува веднаш по
раѓањето во млаз. Таа е бистра и безбојна. После 24 часа таа
станува матна а заматувањето исчезнува после 4-5 дена. Во
првата недела новороденчето мокри 4 – 5 пати дневно а после
првата недела по 15 – 20 пати дневно.
- Централен нервен систем кај новороденчето е функционално
незрел па затоа постојат таканаречени примитивни рефлекси
(рефлекс на опфаќање, рефлекс на фаќање, рефлекс на цицање и
рефлекс на барање со усните). Со дозревање на мозокот овие
рефлекси се губат.
- Сетивни органи кај новороденчето се различно развиени.
Вкусот е добро развиен, осетот за мирис е присутен и осетот за
допир е добро развиен. Слухот – веднаш по раѓањето
новороденчето е глуво, се додека не се отстрани течноста од

5
средното уво и во него не влезе воздух (од 3 до 7 ден). Видот не е
целосно развијен туку се развива постапно.

2.2Анатомофизиолошки карактеристики на недоносено дете

Поимот недоносено опфаќа секое живородено дете кое е родено


пред време. Но секогаш не е можно да се одреди колку траела
бременоста па заради тоа Светската здравствена организација донесе
следна дефиниција : - недоносено се смета секое живородено дете со
родилна тежина под 2.500 г и должина на телото под 47 см, без
обзир на траењето на бременоста.
Етиологија не е наполно разјаснета. Најчести причини за
недоносеност можат да бидат :
1. Социјално - економски услови (сиромаштија, не
спроведување на антенатална заштита...)
2. Повеќеструка бременост
3. Заболувања и аномалии на родилните патишта
(тумори, тесна карлица и др.)
4. Болести на мајката (еклампсија, разни инфективни
заболувања и др.)
5. Несреќни случаи (пад, удар во мевот, стрес и сл.)
6. Наследна склоност кон предвремено раѓање
7. Биолошки фактори (млада мајка, прво раѓање...)

Анатомофизиолошките карактеристики на недоносено дете се


разликуваат од анатомофизиолошки карактеристики на доносеното
новороденче. Настануваат како последица на предвремениот прекин на
бременоста поради што неможе да се доврши развојот на поедини
органи и телото како целина. Тоа се следниве разлики :
- разлика во телесната градба – главата на недоносеното е
помала од главата на доносеното новороденче и изнесува 1/3 од
телесната должина. Градниот кош е ситен, ребрата јако
испакнати, меѓуребарните простори вовлечени поради слабо
развиено масно ткиво. Абдоменот е голем со тенки зидови,
нозете се кратки и слаби, тестисите главно не се спуштени во
скротумот, а кај женските големите усни се слабо развиени и не
ги покриваат малите усни, кожата е набрана заради недостаток на
поткожно масно ткиво.

6
- Разлика во физиолошките особености – дишењето е слабо и
површно, заради незрелост на центарот за дишење, често се
јавуваат прекинувања на дишењето (апнои) со цијаноза. Срцевата
акција е слаба, тоновите се слаби, одвај чујни. Пулсот тешко се
пипа. Регулација на телесна температура е исто слаба, постои
склоност кон термолабилност заради незрелоста на центарот за
терморегулација и сиромашно поткожно масно ткиво. Кожата е
напната, сјајна, тврда и ладна.
- Намалена подносливост спрема храната – недоносеното
тешко цица и голта бидејќи центарот за цицање и голтање е слабо
развиен, капацитетот на стомакот е мал па често повраќаат.
- Слаба отпорност према инфекциите – заради скратено траење
на бременоста немало време да преминат доволни количества на
антитела, витамини, железо и други материи од мајчинскиот
крвоток во детскиот организам затоа се склони кон инфекциите, а
може да се развие рахитис и анемија.

ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ КАЈ НОВОРОДЕНО ДЕТЕ

Психичкиот и физичкиот развој кај здраво новородено дете е


тесно поврзан и тешко можат одделно да се набљудуваат. Тие се
развиваат паралелно и меѓусобно се дополнуваат. Овој процес е сложен
и динамичени за него се употребува уште и терминот "психо –
моторен развој". Зависи од два вида на фактори :
1. ендогени (наследни)
2. егзогени (надворешни) – фактори од средината во која детето
живее.
Познавање на психофизичкиот развој на детето е од големо
значење, а тој претставува низа промени кај детето :
- во структурата и функцијата на ткивата
- во пропорцијата на телото
- се појавуваат одредени емоционални реакции
- се формира говорот и сл.
Во периодот на развој кај детето секоја промена и појава си има
свој редослед, доколку дојде до поголеми отстапувања во редоследот

7
на психомоторниот развој се јавува сомневање за постоење на некоја
болна состојба.

1.1 Развиток на моторните функции

- Во првиот месец од животот телото на детето е без


цврстина а движењата се случајни и несвесни, детето неможе да
си ја држи главата (кога ке се стави да седне та му паѓа назад, а
кога ке се крене во воздух виси млитава). Своите неудобности
детето ги искажува само преку плач.
- Во вториот месец движењата стануваат нешто послободни
но и понатаму се инстиктивни и рефлексни.
- Во третиот месец се воспоставува координација во
движењата на очите, ги држи рацете пред очите и гледа во нив,
може да ги стави прстите во уста, главата лесно ја подигнува ако
лежи на мев а и рамењата и успева да остане во таква положба
одредено време.
- Во четвртиот месец ги испружува рацете кон подадениот
предмет кого може да го држи цврсто, при фаќање го користи
активно и палецот, рацете ги движи активно.
- Во петиот месец детето станува поактивно и поумешно,
седи со лесна помош, главата и плеќите ги држи посигурно.
- Во шестиот месец почнува да седи ако е потпрено на
нешто, се обидува да фаќа предмети, може да држи истовремено
два предмета, по еден во секоја рака.
- Во седмиот месец седи без потпирање, се обидува да стане,
стои ако се придржува, движењата му се покоординирани.
- Во осмиот месец седи сигурно, почнува да лази, активно се
наведнува напред и назад, ги бара играчките со поглед и ги зема
само.
- Во деветиот месец стои само ако се држи за некој предмет.
- Во единаесеттиот и дванаесеттиот месец почнува да оди со
помош или држејки се за предмет со едната рака, може да седна
од стоечка положба без помош, знае да пие од шоља и да јаде од
лажиче, соработува при облекувањето.
- Во период на втората година детето почнува да оди
самостојно, на почетокот е нестабилно а потоа се ослободува и
почнува да трча, може да оди назад и настрана, седнува и станува
лесно, се качува по скали. Кон крајот на втората година заради

8
брзо расење во должина детето физички се изменува, повешто
трча, помалку паѓа, повешто се качува по скали.
- Во треттата година моторниот развој се состои претежно во
зголемување на силата и умешноста.
- Во четвртата година се подобрува координацијата на
движењата, детето оди стабилно, се качува по скали лесно, добро
скока.
- Во петата и шестата годива детето станува вешто во
скокањето, трчањето, играњето, може да се измие и облече без
помош.
- Во периодот на школско дете и адолесценција се
усовршуваат моторните функции и детето станува се повека
способно за напорите во играта, спортот и работата.

1.2. Развиток на психичките функции

- кај новороденчето се разликуваат две состојби : состојба на


мир (спие) и состојба на вознемиреност, изразена со плачење.
Единствен говорен израз е плачот. Во почетокот тоа спие 20
саати во текот на 24 саати, се буди обично на секои 2 – 3 саати
заради глад и жед.
- Во вториот месец се менува изразот на детето, тоа
покажува знаци на добро расположение, се јавува првиот насмев
а прво гукање кон крајот на месецот и представува почеток на
социјализација на детето.
- Во третиот и четвртиот месец детето почнува да
препознава лица и предмети кои често ги гледа и изразува радост
кога ке ги види што претставува почеток на сеќавање.
- Во петтиот и шестиот месец детето повеке ги развива
своите односи со околината, ги познава домашните лица. Во овој
период се рaзвива способноста на внимание.
- Во второто полугодие од првата година способноста на
изразување кај детето станува побогата, изразот на лицето се
менува спрема расположението, памтењето станува подобро,
почнува да ги произведува првите слогови (ма – ма, ба – ба). Во
последните месеци од годината почнува да го сваќа значењето на
некои зборови и изрази.
- Во текот на втората година се развива говорот.Учењето на
говорот е најзначаен чекор за психичкиот развиток на детето.

9
Брзина на развојот на говорот е индивидуална, нормално детето
треба да прозбори до крајот на втората година а исклучително
може да се случи и до крајот на третата година иако детето
разбира се што ке му се каже.
- Во третата година се развива свеста за себе, детето го сваќа
поимот "јас" а тоа доведува до развојот на вољата. Ова е прв
период на пркос кај детето кога тоа покажува инает, разликува
машко од женско, знае дали е машко или женско, ја контролира
столицата и мокрењето и ноќе. Има потреба од галење и нежност
и игра со родителите.
- Во четвртата година се развива фантазијата кај детето,
много зборува и лаже (измислува), почнува орјентација во време
(вчера, денес, утре).
- Во петтата година детето почнува да распознава бои, ја
изразува својата љубов на физички начин и бара милување, го
интересира своето тело и често се наблјудува.
- Во шестата година детето почнува да чита, брои, да
разликува утро од вечер, силно е емотивно, се лути за ситници,
има јака желба за незанисност, ја губи послушноста и станува
бунтовник.
- Во седмата година почнува да се орјентира во време и
простор, се снаоѓа со часовникот, многу е посмирено, се
развиваат работните навики и чувство за одговорност и
достоинство.
- Во осмата и деветата година детето се орјентира во време и
поростор. Тоа е најактивен период, детето постојано зборува, се
интересизра за се и спремно е да се обиде да направи се, има
голем апетит, лесно воспоставува пријателства, се јавува желба
за независност, го интересира околината, самостално е во
спроведување хигијена на своето тело.
- Период на десет години е еден од најубавите периоди на
детскиот живот. Детето престанува да е бунтовно, станува
послушно и задоволно со својата околина. Се воспоставува
смирена психичка рамнотежа.
- Период на пубертет претстсвува вистинска револуција во
психофизичкиот развој на детето.Т огаш настнуваат многу
поромени а децата различно ги доживуваат и прeживуваат, затоа
им е потебно многу љубов и разбирање. Во овој период доаѓа до
полово созревање, емотивно созревање, се формира личноста,
карактерот, се развиваат моралните норми.

10
1.3. Дентиција

Под дентиција подразбираме никнување на заби кај детето.


Кеј детето односно кај човекот постојат два вида на забало:
млечни и постојани. Први никнуваат млечните, па потоа
млечните ги заменува со постојани. Развојот на забите започнува
веќе кон крајот на вториот месец на интраутериниот живот. Во
вилиците на плодот постојат забни зачетоци како на млечните
така и на постојаните заби. Бројот на млечните заби изнесува 20,
од кои 8 се секачи, 4 кучешки и 8 катници. Кај нормално
развиено дете првите заби никнуваат после 6 месец и тоа по
одреден редослед: прво избиваат долните средни секачи, па
горните средни секачи, па горните странични секачи и понатаму
останатите заби. Со навршени 2-2.5 години кај детето се обично
никнати сите 20 заби. Во времето на никнување на млечните заби
настанува значително лачење на плунка, се јавува лесен немир,
плач и несоница, непцата се зацвренети и децата ги чешаат
непцата.
Втората дентиција (постојани заби) започнува во 6-7
година, млечните заби испаѓаат по истиот редослед како што
никнуваат а на нивното место се појавуваат постојани заби.
Постојани заби се вкупно 32, од кои 8 секачи, 4 кучешки, 8
предкатници и 12 катници. Последниот постојан заб (умник)
никнува помеѓу 20 и 30 години, апонекогаш дури и воопшто не
се јавува.

НЕГА НА ЗДРАВО ДЕТЕ

Правилна нега на детето претставува важен фактор во неговиот


живот. Преку неа се обезбедува добро здравје и се создаваат услови за
правилен раст и развиток на детето. Колку детето е помладо толку и
негата треба да биде поинтензивна и поригорозна.
Здраво новородено дете поради функционална незрелост на
органите е особено осетливо на неповолните недворешни услови, во
кои се наоѓа по раѓањето, односно после безбедниот паразитарен живот

11
во утробата на мајката. Затоа е потребно да му се посвети посебно
внимание, како успешно би го пребродило овој неонатален период.
Со нега на новороденчето се започнува веднаш при раѓањето и тоа
со првата нега (помош), а при понатамошна нега се поветува поеднакво
внимание на :
- профилакса кон инфекции
- одржување на телесната температура
- нега на папочето
- нега на кожата
- нега на очите, носот и ушите
- нега на половите органии аналната област

1.1 Прва нега на новороденче веднаш по раѓање

Првата нега ја пружа акушерката, во родилна сала. Откога детето ке


се породи треба да се предизвика што побргу првиот плач односно
првото дишење, затоа детето се подига во воздух со главата надолу да
излезе течноста од дишните патишта која детето ја аспирира за време
на породилниот акт. Се чека и со пресечување на папочната врвца се
додека не престанат пулсациите на папочната врвца, за тоа време
детето добива уште 100 мл крв од мајката а со тоа се зголемуваат
резервите на железо кај детето. Потоа се истиснува преостаната крв од
папочната врвца кон детето и се подврзува папочето. Подврзување на
папочето се врши со стерилен памучен или свилен конец, околу 2 см од
кожата на абдоменот на детето. Со друг конец или пеан се подврзува
папната врвка од страна на мајката. Меѓу овие две места папната врвца
се сеце со ножици. После тоа се чисти носната и усната шуплина од
слузта и течностите со помош на аспиратор. Следното е кредеизација
на очите со пеницилински капки (се капнува по една капка во очите
заради профилакса од евентуални инфекции). Понатаму новороденчето
се капе во превриена вода, со температура од 36° до 37°С. На тој начин
се чисти кожата од крв и слуз. По капењето се брише и суши и се
пристапува кон тоалета на папочето : - папочето се мачка со 5% јодна
тинктура, се замотува во стерилна газа, се префрла на левата страна на
мевот и према горе (за да не се мокри од урината), над него се става
усте еден слој стерилна газа и се прицврстува за мевот со кружен завој.
Следно е одбележување на детето со лента на која се пишува името
и други податоци на мајката и се прицврстува околу рачниот зглоб,
иста лента се прицврстива и на мајката околу рачниот зглоб. После тоа

12
му се мери тежина (на вага) и должина (во посебно корито), се повива
во предходно затоплени пелени и се става во затоплено креветче.
Детето треба да биде свртено настрана како би се спречила евентуална
аспирација на повратени маси. Кога ке се заврши со првата нега детето
се префрла во оделот за новородени деца каде секојдневно се врши
преглед, тоалета на телото, следење на општата состојба, откривање на
некои аномалии, корегирање на некои физиолошки состојби кои имаат
тенденција да станат патолошки. Доколку е потребно веднаш се
преземаат одредени мерки за корекција и лечење на патолошките
состојби.

1.2. Нега на новороденче

После раѓањето новороденчето почнува да се привикнува на


новите услови на живот. Дали новороденчето ке излезе од овој период
неоштетено и способно за понатамошен живот, зависи од правилна
исхрана и нега.
После извршување на првата нега се врши општ преглед на
новороденчето : боја на кожата, виталноста на детето, дишење,
повраќање и аспирација, евентуално крварење од папочето. При тој
преглед мора да се регистрира секоја нефизиолошка појава, како што е
: цијаноза, жолтица, грчеви, стенкање, млитавост, неправилно дишење
и секој друг знак кој претставува аларм. Доколку е се добро и на детето
не му е потребно лекување, се применува адекватна нега која ке му
помогне во адаптација на новата средина, а тоа се следниве мерки и
интервенции :
а) Профилакса кон инфекции се постигнува со примена на
одредени мерки : примена на сите правила на асепса и антисепса при
нега на новороденчето, здравствена контрола на персоналот, носење на
маски, миење на раце пред и после работа, стерилизирање на
просториите со гермицидни ламби, строг режим на забранет пристап на
други лица, одвоеност на одделот за новородени од други одели и
други мерки за борба против инфекции.
б) Одржување на телесна температура – на почетокот од животот
телесната температура е многу променлива благодарејки на
функционалната незрелост на центарот за терморегулација и зависи од

13
околната температура. Затоа на новороденчето му е потребно
затоплување но не и претоплување, собната температура треба да се
движи помеѓу 22°- 28°C.
в) Нега на папочето – папочето представува отворена рана преку
која во организмот може да навлезе секаква инфекциа. При нормални
услови папочниот остаток засушува брзо, кон 3 – 4 ден наполно
мумифицира, кон 7 - 8 ден паѓа и остава мала раничка, таа заздравува
конечно кон крајот на втората недела. За одржување на овој
физиолошки процес потребно е папочето да се одржува суво и да се
пази од инфекции. Затоа првите 3 – 5 дена папочето не се открива, само
завојот се менува, папочето секој ден се чисти со алкохол и се посипува
со антисептичен прашок кој го забрзува сушењето на папочето. Откога
ке падне папочето целото внимание се посветува на раничката, која
може лесно да се инфицира. Раничката секој ден се посипува со
антисептичен прашок и се покрива со сува стрилна газа над која се
става завој. Тоа се прави се додека раната потполно не засуши и со тоа
негата на папочето завршува. За тоа време детето не се капе цело туку
само се подмива и пребришува.
г) Нега на кожата – кожата на новороденчето е многу нежна,
лесно ранлива и биолошки слабо заштитена, затоа се смета како
отворена врата за инфекциа. Поради тоа потребна е секојдневна
хигиена на кожата (капење), односно таа треба да се одржува чиста и
сува.
д) Нега на очите, носот и ушите – после секое капење, очите на
детето треба да се чистат со памуче натопено во 3% acidi borici или во
домашни услови со камилица. Чистењето на очите станува од
надворешниот кон внатрешниот агол на окото. Чистењето на носот се
врши со памучно фитилче. Чистењето на ушите се врши веднаш по
капењето, исто со суво фитилче од вата.
ѓ) Нега на половите органи и аналната област – нега на половите
органи е посебно значајна кај женските деца. Таа се врши редовно и тоа
со пребришување, прво се отворат големите усни и се врши
набљудување а потоа со намокрено памуче во превриена вода се врши
чистење од напред спрема назад, памучето се менува после секое
пребришување и на тој начин се избегнува загадување на влезот на
вагината и уретрата од анална област. Аналната област доколку е
извалкана со столица и моч, се измива, добро исуши а потоа кожата се
мачка со пудра или некоја посебна маст. Многу е важно оваа област да
е секогаш чиста и заштитена од инфекции и оштетувања на кожата.

14
1.3. Нега на доенчето

Доенчето во поглед на нега е многу зависно од туѓа помош, многу е


неотпорно спрема разни инфекции и затоа од многу големо значење за
мајката е познавање на правилната нега. Од големо значење е правилна
хигиена кај доенчето.
а) Секојдневна тоалета и капење – се задолжителни за правилен
развој на детето. Нечистотијата го оневозможува правилното
функционирање на кожата, а секретите (столица, моч и пот) ја
изложуваат кожата на опасност од инфекциа.
Капењето е основна постапка за одржување на хигиената на кожата,
ја подобрува циркулацијата, дишењето, го зголемува апетитот.
Доенчето се капе секој ден во одредено време (најчесто наутро) пред да
се даде оброкот. За време на капењето температура на собата треба да
се движи од 22°- 25°C. Собата треба да е добро затворена. Се додека не
отпадне папочето и зарасне раничката детето не смее да се капе во
кадичка, туку само се подмива и пребришува. За таа намена се
подготвува следен материал :
- легенче со топла вода
- голем пешкир
- детски сапун
- мека ткаенина (газа)
- вата (тупфери)
- чисти пелени и облека
Детето се положува на масата која е покриена со непропустливо
платно и широк пешкир. Првин се соблекува и се отстрануваат
пелените, внимателно се чисти аногениталната региа. Најпрвин се мие
лицето со мека ткаенина(газа) натопена во чиста топла вода. Очите,
ушите и носните отвори се чистат со вата натопена во превриена вода
или камилица. За секое уво, око и носен отвор се употребува ново
парченце вата. Главата се мие со газа натопена во вода и пена од сапун,
се вршат кружни движења, а детето се држи така да водата и пената не
му течат по лицето. Пената ја исплакнуваме со чиста газа натопена во
топла вода. Откога главата се измие, се пребришува целото тело со
чиста газа натопена во топла вода и се внимава да не се натопи
папочето.
Кога папочната раничка заздрави доенчето може да се капе во
кадичка. Температурата на водата треба да изнесува 35°- 37°C.
Кадичката се полни со топла вода а на дното се става пелена за да се
спречи лизгањето на детето. Со едната рака на детето му го опфаќаме

15
грбот и главата се до пазувата, а со другата рака се држат ножињата и
глуждовите и полека го ставаме во водата, детето се насапуна и полека
се трие, притоа треба да се внимава пената да не дојде до лицето.
Лицето се чисти со чиста газа натопена со вода, ушите, очите и носните
канали исто како и во претходниот случај. Откако ке се измие
сапуницата од телото детето се става на масата, се завиткува во голем
пешкир и се суши со лесно притиснување, а во наборите со лесно
триење. Осушената кожа се напудерисува, а ако на некои места е
зацрвенета, се става специјална маст за таа намена. После капењето се
сечат ноктите на рацете и нозете и тоа 1 – 2 пати неделно. Сите
предмети што се користат мора добро да се измијат и исушат.
б) Детска соба и креветче – собата на детето треба да е сончева
и светла со чист и свеж воздух. Собата трема да е опремена со мебел
кој се лесно чисти. Температурата во собата треба да е до 18 - 22° C.
Креветчето треба да е направено од материјал кој се лесно чисти, треба
лесно да се движи бидејки преку ноќта се приближува до креветот на
мајката, треба да има висока ограда, со тоа што едната страна на
креветчето се спушта. Душекот треба да е тврд и покриен со гумирано
платно и чаршав. Кај мало дете не се употребува перниче, а во
понатамошен период се користи плитко перниче. Детето се покрива со
лесно кебенце кое е пресвлечено во бела мека навлака.
в) Сон и дневен режим – за време на сонот сите витални
функции се успоруваат и тоа овозможува да закрепне и да се освежи
функционалниот потенцијал на ткивата и органите. Најголема потреба
од тој одмор има нервниот систем, бидејки нервните клетики најбргу се
трошат. Новороденчето заради функционална незрелост на нервниот
систем спие околу 20 часа дневно. По три месеци спиењето се
намалува и изнесува 16 – 18 часа дневно, од 1 – 3 год. спие 14 часа
дневно, во претшколскиот период 12 часа, во малата школска возраст
10 часа дневно, а во големата школска возраст 8 часа дневно. Дневниот
режим на детето треба да биде така распореден да не го нарушува
времето одредено за сон, за хранење и игра.

1.4. Зајакнување на детето

Средства кои се користат за зајакнување на детето се сонцето, воздух


и водата. Преку нивната дозирана употреба детскиот организам се
вежба да ги поднесува метеролошките колебања и му се обезбедува
правилен развиток.

16
- воздухот делува на кожата со својата температура, влажност и
циркулацијата. Чистиот воздух обезбедува правилен метаболизам
на материите и е неопходен за нормална функција на дишењето.
- Сончеви зраци го зајакнуваат детскиот организам преку своето
топлотно дејство и дејство на ултравиолетовите зраци. Го
освежува организмот, го подобрува расположението,сонот и
составот на крвта, го забрзува метаболизмот и растот на детето,
помагаат да се образува витамин D во кожата кој е важен за
профилакса на рахитисот.
- Водата – ја подобрува циркулацијатаи овозможува правилно
функционирање на кожата и го подобрува метаболизмот.
Основи начина за зајакнување на децата се :
1. создавање на потребна температура околу детето
2. обезбедување на чист воздух и сонце
3. обезбедување на потребна облека

1.Нега на болно дете

Заболувања кај децата се јавуваат како последица на делување на разни


неповолни фактори на организмот. Тие фактори можат да бидат :
ендогени (внатрешни) фактори кои влијаат на настанување на наследни
болести, и егзогени (надворешни) фактори кои дејствуаат од
надворешна средина и предизвикуваат заболувања. Егзогени фактори
се почести. Често егзогените и ендогените фактори дејствуваат
заеднички и истовремено.
При нега на болно дете медицинска сестра има најважна задача,
мора доследно да ги спроведува упатствата на лекарот што значи дека е
активен и рамноправен соработник на лекарот. Таа мора добро да ги
познава најчестите и најкарактеристичните заболувања во детскиот
период за да може навреме да ги забележи сите промени кај детето и да
ги соопшти на лекарот. Се разбира дека медицинска сестра не треба да

17
поставува дијагноза, нити пак на свoја рака да превзема некои нови
мерки.
При нега и лекување на болното дете се применуваат следниве
задачи :
1. секоја болест од самиот почеток да се сваќа најсериозно и се
вложува максимално знаење и совест
2. спроведување на профилакса на интрахоспитални инфекции а
тоа значи примена на мерки за спречување на појава на
одредени заболувања за време на престојот во болница (асепса
и антисепса, здравствена контрола на персоналот, носење на
маски, ракавици при манипулации со детето, редовно миење на
рацете пред и после секоја работа околу детето итн.).
3. да се води сметка за ментална хигијена на болното дете.
Искуството покажува дека душевната нега е од големо значење
и битно придонесува во телесното оздравување и зајакнување.
Медицинска сестра детето треба да го прифати со љубов, да му
обезбеди пријатна атмосфера во болница за да не ја осети
целата тежина на разделба од својот дом.
4. да се обезбедат адекватни хоспитални услови што значи : -
болничка соба треба да е светла и сончева, секогаш со доста
свеж и чист воздух. Прозорците трба да се големи, собната
температура да е 18 – 20 - 22°С, воздухот треба да е доволно
влажен. Ѕидовите треба да се до одредена висина обложени со
материал кој може да се мие, исто тоа важи и за подовите.
Чистењето се врши секое утро, подот се брише со влажна крпа,
забрането е метење со метла да не се дига прашина. Мебелот е
сведен на минимум. Секое оделение треба да има соба за
изолација. Корисно е ѕидовите помеѓу собите да бидат од
провидно стакло кое овозможува на персоналот да ги посматра
децата, контрола на работа на персоналот, поволен ефект на
душевната состојба на болното дете бидејки тоа се чувствува
како да е во друштво гледајки ги другите деца преку стаклото.
Креветот треба да биде од материал кој лесно се мие и
дезинфицира. Најпогодни се метални креветчиња со метална
ограда, оградата е задолжителна за мали деца додека за
поголеми деца не е потребна. Детското креветче се прави
неколку пати дневно (наутро по капење, по ручекот и навечер).
Промена на постелина се врши на одредено време а
задолжително штом се извалка. Кога детето ке се испише за
дома креветот се мие со топла вода и сапун, дезинфицира со

18
дезинфекционо средство, душекот и перницата се изложуваат
на сонце и на крајот се постела чиста и испеглана постела. Кога
ке се исчисти детално болничка соба се стерилизира со
гермицидна ламба.
5. одржување на телесна хигијена – новороденче и доенче
секојдневно се капат додека малите и претшколските деца
секојдневно наутро се мијат, ги мијат рацете пред и после
јадењето, се капат 2-3 пати неделно. Се спроведува секојдневно
тоалета на усната шуплина (децата ги мијат забите после секој
оброк, наслагите на јазикот се чистат со тупфер и некое благо
асептично средство...). На детето му се обезбедува чиста и
испеглана болничка облека.
6. да се спроведува правилна исхрана која ја одредува лекарот.

1.1. Нега на недоносено дете

Нега на недоносена дете се заснова на оние исти принципи како и


нега на здраво доносено дете. Разлика е во тоа што незрелите функции
кај недоносено треба да се компензираат со специјални мерки на нега, а
тоа се :
- одржување на дишењето
- одржување на телесна температура
- заштита од инфекции
- правилна исхрана
Успехот зависи од прва помош при раѓањето и од правилна нега во
првиот месец од животот.
1. прва помош при раѓањето – првин се припрема родилната сала
и потребен материал (салата треба да е стерилна со температура
од 22 - 25°С, се подготвува кислород, аспиратор, стерилни и
топли пелени, затоплен инкубатор). Веднаш после раѓањето
недоносено се прифаќа во стерини и затоплени пелени и се
држи во коса положба поради дренажа на дишните патишта,
ако дишењто е загрозено се врши аспирација на течноста и
слузта во дишните патишта. Доколку состојбата не е
алармантна се чека да престанат пулсациите во папочната врвца
и потоа се пресекува (за тоа врема недоносено прима 40 – 50 мл
повека крв од мајката). Потоа детето се повива во стерилни и
топли пелени и се става во затоплено креветче, не се капе по
раѓањето за да се избегне разладување, само лицето се брише

19
со вата натопена во превриена вода. Првиот преглед е краток за
да се избегне разладувањето.
2. одржување на дишењето – имајки во вид дека центарот за
дишење е незрел секогаш кога е потребно се дава кислород, а
понекогаш и лекарства за стимулирање на центарот за дишење.
Сето тоа се врши по налог на лекарот.
3. одржување на телесна температура – центарот за
терморегулација е недоволно развиен па овие деца не се
способни да ја задржат својата телесна температура на
нормална висина. Овој недостаток се надоместува со вештачки
мерки, кои помагаат во регулирање на околната температура.
Денес постојат современи апарати кои покрај за загревање
служат и за друга нега на недоносено и се викаат инкубатори.
Можат да бидат отворени, полуотворени и затворени. Покрај
собната температурата на воздухот која треба да е помеѓу 22 -
24°С, важна е и влажноста на воздухот која треба да се одржува
на висина од 50%. Инкубаторите сето тоа го обезбедуваат
автоматски во зависност од видот кој се користи.
Температурата во инкубаторот се двиши помеѓу 30 – 35°С, во
зависност од зрелоста на детето, а влажноста на воздухот трева
да изнесува од 50 – 70%, концентрација на кислород треба да е
меѓу 30 – 40%. Недоносено веднаш по раѓањето голо се става
во затоплен инкубатор, кој вид на инкубатор ке се користи
зависи од зрелоста на детето и неговите потреби. Кај детето
постојано се контроплира дишењето, изгледот на лицето и
бојата на кожата и општата состојба. Преминување од нега во
инкубатор на нега во обична надворешна средина е постепено,
во тек на неколку дена загревањето во инкубаторот постепено
се намалува а детето се затоплува со постепено облекување.
Преку специјалните отвори со стерилни чисти раце секојдневно
се врши тоалета и исхрана додека детето е во инкубаторот.
4. заштита од инфекции – со примена на строга асепса и
антисепса, редовна здравствена контрола на персоналот,
забрана на пристап на други лица, секојдневно чистење на
просториите и дезинфекција, носење на капи, маски, миење на
рацете итн. При негување во инкубаторот се применуваат сите
мерки а инкубаторот се менува на 8 дена, се отвара проветрува,
чисти и дезивфицира.
5. правилна исхрана – заради недоволна зрелост на центарот за
цицање и голтање и слабиот капацитет на дигестивниот тракт

20
се применуваат помали и почести оброци. Најчесто се хранат
преку назогастрична сонда која се вовлекува преку устата,
езофагусот во желудникот, а може и преку устата. Измолзеното
мајчино млеко со шприц полека се вбризгува преку сондата. Се
започнува со интервал од 2 часа помеѓу оброците и постепено
се поминува на 3 часа. Бројот на оброците се движи помеѓу 8-
12 во текот на 24 часа.

Исхрана на доенче и мало дете

Растот на детскиот организам зависи од многу фактори, меѓу


који најважна е исхраната. Под исхрана подразбираме
внесување на разновидни материи во организмот, за изградба на
ткивата и создавање на енергија, а тоа се : вода, белковини,
јагленохидрати, масти, витамини и минерални соли. Целта на
исхрана кај детето е двојна :
1. треба да обезбеди создавање на нови клетки и со тоа се
овозможува раст на организмот. Овој вид храна се вика
пластична или градивна.
2. да се обезбеди внесување на такви материи, со чие
согорување се создава енергија потребна за живот. Овој
вид храна се вика енергетска или горивна.
Исхрана кај доенчето може да бидне природна, вештачка и
двовидна. Поделба на природна и вештачка исхрана се однесува
само на првите 6 месеци од животот на детето. Во тој период
мајчиното млеко идеално одговара на потребите на детето.
После 6-от месец квалитативните и квантитативните потреби
кај детето се менуваат па покрај мајчино млеко се воведуваат и
други хранителни материи.
Под природна исхрана се подразбира исхрана на мајчина
града т.е. доење. Природната исхрама има многу предимства
над вештачката и тоа :
1. представува продолжение на биолошкото единство кое
постоеше меѓу мајката и детето до моментот на раѓањето. И
понатаму ја одржува физичката а се створа и психичка врска

21
меѓу мајката и детето. Општо е познато дека млекото и
срцето на мајката неможат да се заменат.
2. претставува најпрост и наједноставен начин на исхрана, кој
секоја мајка може да го научи.
3. со природна исхрана се намалува опасност од инфекција.
Млекото од дојката влегува директно во устата на доенчето,
без опасност да се инфицира.
4. мајчино млеко за новороденчето и доенчето е скоро
потполна храна, најсовршена, прилагодена на неговите
квалитативни и квантитативни потреби. Тоа е сиромашно
единствено со витамин D и железо, а делумно и со
витаминот C.
5. поекономична е.
6. мајчино млеко полесно и побргу се вари од кравјо млеко и
помалку ги оптоварува органите за варење.
7. доенче на природна исхрана е заштитено од тешки проливи.
Дистрофии и разни други инфекции.
Заради овие причина на мајките на мајките треба да им се
објаснат предимства на природната исхрана, особено во првите
месеци од раѓањето.
ДОЕЊЕ : представува најважен момент во животот на
доенчето затоа сто се задоволуваат потребите на доенчето за
храна. Непосредно по раѓањето, новороденчето треба да се даде
на мајката и да се стави на градата за да се оствари првиот
подој. На почетокот мајката го дои детето кога тоа ке посака. Во
текот на првите 4 – 6 недели детето само си воспоставува
ритамот на доењето, кое се движи од 6 - 8 оброци на ден. За
доење мајката треба да завземе удобна положба и мирно место
во станот. Предходно детето е преслечено а мајката треба да ги
измие рацете и дојките, положбата на мајката треба да е
полулегната или седечка, главата на детето потпрена е на
подлактицата на раката од истата страна на дојката од која
цица(ако мајката е во полулегната положба), а пак подлактицата
потпрена на истостраната нога која е префрлена преку
другата(ако е во седечка положба), дојката се фаќа со
спротивната рака, брадавката се фаќа меѓу показалецот и
средниот прст со цел носето на детето да не бидне притиснато
од градата. Детето се дои најповеке 20 мин. Доење подолго од
20 мин. ја мацерира дојката и може да доведе до создавање на
рагади, а веке и детето е изморено. Во почеток на детето се дава

22
да цица од двете дојки, а потоа по една на секој оброк, секогаш
од следната дојка. Мајката треба во првите две недели да биде
стрплива при доењето бидејки во тој период сеуште не е
воспоставена полна секреција, детето во тој период треба
поцесто да сестава на градите заради стимулација на лачењето
на млекото и празнење на градите. Количество на исцицано
млеко во текот на еден подој и во 24 часа не е исто, тоа зависи
од млечноста на дојката, од траење на подојот и од виталноста
на детето. Утрнски подои се најбогати бидејки за време на
ноќта дојката добро се наполнува а детето е одморено и гладно.
Попладне количество на млеко се смалува, а навечер е најмало.
Успешно доење и лактација многу зависат од правилна нега на
дојките. Тие треба секојдневно да се мијат со топла вода и
сапун односно да се држат чисти, посебно внимание треба да се
обрне на негата на брадавките, особено во првите денови на
доењето. Се препорачува внимателно миење на брадавките со
превриена млака вода пред и по подојот. По секој подој
брадавките се сушат со парче вата или чиста крпа.во интервалот
меѓу подоите градите се држат со чист градник, како
циркулацијата би се одвивала нормално. Исхрана на мајката –
доилка треба да бидне разнообразна, богата со месо, јајца,
млеко, овошје и зеленчук.
Вештачка исхрана на детето е исхрана со млеко од други
цицачи или замена за млеко (соја) наместо мајчино млеко. Таа
са применува во случај да постојат контраиндикации за доење
или кога количината на мајцино млеко е многу мала. Денеска во
светот а и кај нас вештачка исхрана се спроведува со кравјо
млеко кое е индустриски модифицирано за да може со своите
особини да се приближи кон мајчино млеко.
Двовидна (мешовита) исхрана се спроведува кога мајката
нема доволно млеко, и неможе на своето доенче да му обезбеди
мајчино млеко. Двовидната исхрана може да доведе до
дигестивни расртојувања и проливи, а исто така и до побрзо
одбивање на доенчето од градата и конечно преминување на
вештачка исхрана. Таа претставува комбинација на природна и
вештачка исхрана, а тоа значи доенчето цица од мајката и се
дохранува со адаптирано кравјо млеко. Ако се спроведува
правилно, оваа исхрана е по својата вредност исто така добра
како и природната.

23
Немлечна исхрана – според научните истражувања
најдобар период за воведување на немлечна исхрана кај
доенчињата е помеѓу 4 – 6-от месец. По 6-от потребите на
доенчето неможат да се задоволат само со млечна храна, а
организмот физиолошки созрева за да прими таков вид на
храна. Воведување на новите намирници во исхраната на
доенчето треба да биде постепено т.е. 1 до 2 намирници
неделно. Секоја нова храна од почетокот се дава во мали
количини, а потоа постепено се зголемува до полн оброк.
Поради функционалната незрелост не е пожелно да се мешаат
две намирници оденаш. Наљјпрвин се почнува со овошје и тоа
првин овошен сок разреден со малку превриена вода. Се дава
една до две лажички два пати на денот, додека доенчето се
навикне на вкусот. Потоа се воведуваат овошните кашички и
качички од зеленчук. Веке од седмиот месец се воведува месото
во исхраната (пилешко, јагнешко,телешко, риба), млечни
производи од осмиот месец, житарици од шестиот месец,
тестенини од деветиот месец, жолчката од јајцето во деветиот
месеца белката во дванаесетиот месец. Млечните оброци
постепено се заменуваат во текот на првата година, за тоа време
млекото останува главен извор на хранливи материи. Првин се
укинува ноќниот подој, а потоа постепено немлечните оброци
ги заменуваат подоите. Оброците сто ги заменуваат млечните
треба да имаат иста хранлива вредност како и млечните. Во
храната на доенчето не се ставаат зачини и сол, овошјето и
зеленчукот треба секогаш да биде зрело, свежо и чисто. AD
капки се даваат секојдневно и тоа во доза која ја одредува
педијатрот бидејки со исхраната недоволно се внесуваат.

Прибор за хранење : за исхрана на доенчето потребно е да се


обезбеди неопходен прибор и тоа :
- прибор за подготвување на храната и за хигиена на тој прибор
(лажичка, нож, тенџере, цедилка, чашка, чинивчиња, лонче за
подгревање, чајникч соковник, четка за миење на шишињата,
стерилизатор).
- прибор за хранење (шишенца со цуцли), потребно е да има 4 –
6 такви шишенца (за вода, сок млеко).
Сиот прибор треба да се одржува чист и стерилен. После
секое користење се мие детално со топла вода и детергент,

24
потоа се плакни и суши. На крај се стерилизира така што се
врие во вода или со помош на стерилизатор.
Подготовка на кравјо млеко во домашни услови : кравјото
млеко се вари во чисти садови и на температура од 101°С за да
се уништат бактерии, потребно е да врие 5 минути, за тоа време
млекото се постојано се меша, а по варењето треба нагло да се
разлади, тоа се врши на температура од 5 - 10°С, потоа се
покрие и се чува на ладно. Така сварено млеко се чува најмногу
24 часа, ако се чува подолго може додатно да се инфицира. Ако
не се искористи се фрла. Без разлика дали е пастеризирано или
не млекото треба секогаш да се вари.
Подготовка на адаптирано млеко во домашни услови :
адаптирано млеко е во прав пакувано во кутии, на секоја кутија
има упатство за употреба. Многу е важно да се придржуваме
кон упатствата. Потојат 2 методи за приготвувње на адаптирано
млеко : може директно да се меша во шишенцето или во сад за
мерење.
1.Првин се припрема прибор кој треба да е секогаш чист и
стерилизиран, потоа се проврива потребна количина на вода и се
става во шишенцето на неа и се додава потребна количина од
адапираното млеко и тоа со посебно лажиче кое служи како
дозер. Сето тоа добро се промешува за да се раствори млекото во
водата и се затвара шишенцето со цуцлата од внатрешната
страна, но треба да внимаваме цуцлата да не дојде во допир со
млекото. Вака подготвено адаптирано млеко се чува во фрижидер
но не подолго од 24 часа.
2. (втор начин) – садот за мерење треба да биде чист и
стерилен во него седодава провриена вода и потребна количина
на адаптирано млеко со дозери потоа се меша со стерилно
лажиче, кога млекото е потготвено се става во шишенце и се
затвара со цуцла како и во претходниот случај , се чува во
фрижидер не повеке од 24 часа.
Пред секое користење млекото во шишенцето се загрева во
топла вода а потоа температурата на млекото се проверува со
капнување на внатрешната страна од рачниот зглоб. Млекото
треба да е млако.

25
Вакцинации

Една од најзначајните мерки за спречување и сузбивање на


инфективните заболувања представуваат вакцинациите.
Благодарејки на нив спречена е појава на многу инфективни
заболувања како што се : вариола вера, дифтерија,
полиомиелитис, пертуси итн. Вакцинациите претставуваат
најсигурни и најефикасни заштитни мерки против инфективните
заболувања.
Вакцинации представуваат медицинска постапка на
активна заштита (имунизација) со кои во организмот се внесуваат
живи, атенуирани или мртви антигени, на кои човечкиот
одбрамбен систем создава соодветни антитела.
Од моментот на апликација, до појава на имунолошкиот
одговор, поминува известан временски период кој изнесува околу
3 недели. Времетраењето на имунитетот после вакцинацијата
може да биде различно и е во зависност од способноста на
антигенот кој што се наоѓа во вакцината, да предизвика
сензибилизација и имунолошки одговор на организмот, и од
врстата на создадените антитела. После вакцинациите
имунитетот може да трае долготрајно (тетанус, дифтериа) или
краткотрајно (тифус ...), затоа треба да се продолжува после
извесен временски период, со ревакцинација.

Поделба на вакцините

Вакцините се делат на бактериски, вирусни и


антитоксични. Според видот на антигените од кои сто се
произведуваат, вакцините можат да бидат живи (атенуирани) и
мртви (инактивни).
Во зависност од тоа дали при вакцинацијата се ординираат
една или повеке врсти, вакцините се делат на : моновакцини, кои
содржат еден антиген и комбинирани, кои содржат два или
повеке антигени (Di – Te – per). Вакцините можат да се
аплицираат одвоено (засебно) или симултано. При симултано
аплицирање истовремено се ординираат две или повеке вакцини
(дифтериа, тетанус и пертусис).

26
Организација на вакцинациите

Вакцинациите се изведуваат во три фази :


I фаза (припрема за изведување на вакцинациите)
II фаза (изведување на вакцинациите)
III фаза (согледување на резултатите од вакцинациите)

Припрема за изведување на вакцинациите

Изведувањето на вакцинациите се врши со низа припремни


постапки од кои зависи крајниот резултат а тоа се :
- составување програма или план за вакцинирање, на државно
ниво
- обезбедување финански средства за нивно изведување
- обезбедување на документација (покана и картон)
- припрема на пропагантен материјал
- набавка на вакцини и друг медицински материал
Составување програма за вакцинација : глобална
програма за вакцинации се донесува со посебен правилник кој
сто произлегува од Законот за заштита на населението од
инфективни заболувања и опфаќа видови на вакцина и возраст
која ке биде вакцинирана. Постојат Републички и Општински
планови. Општинскиот произлегува од Републичкиот и со него
конкретно се спроведува вакцинацијата на одредено подрачје.
Планот содржи : - врста на вакцина, број на лица кои ке бидат
вакцинирани, датум и час на изведување, место, населба, реон и
улици.
Обезбедување финансиски сретства за изведување на
вакцинациите :
- се обезбедуваат од буџетот на Републиката.
Обезбедување на документен материал - картон и покана за
вакцинација.
а) карон за вакцинација е составен од повеке рубрики кои
треба целосно и читливо де се пополнат, од посебно значење се
рубриките : врста на вакцина, датум на вакцинација, редослед на
вакцинирање (примовакцина, ревакцинација и др). Кај секое
вакцинирано лице во задравствената книшка се внесуваат
датумот и врстата на примените вакцини.
б) покана за вакцинација треба да содржи место датум и
час на вакцинација. Составена е од два дела, во едниот се

27
внесуваат податоци за лицето што треба да се вакцинира (име,
презиме, возраст, улица и број на картонот за вакцинација), а
другиот дел е доказ дека поканата е примена. На поканата треба
да стои и упатство со кое родителите се известуваат за значење
на примената вакицина.
Припрема на пропаганден материал – за таа цел се
користат брошури, плакати, филмови, предавања и друго.
Најдобри резултати се посигнуваат ако пропагандата се
спроведува континуирано во склоп на задравствено
просветување на становништвото.
Набавка на вакцини – треба да се набават навремено, во
доволни количини, де се чуваат во соодветни услови и да се
искористат според временскиот рок на употреба. Исто важи и за
набавка на останатиот медицински материјал (алохол, вата,
шприцеви, игли и др.) кои што се користат за изведба на
вакцинациите.

Изведување на вакцинациите

Можат да се изведуваат кампањски и континуирано.


a) кампањско изведување на вакцинациите – се изведуваат во
одредени временски периоди, во места во кои една здравствена
организација опслужува повеке региони на една територија.
Има повеке недостатоци како што се : лоша евиденција на
лицата кои треба да се вакцинираат, неповолни услови за
стерилизација, неможност во ист момент да се соберат на едно
место сите предвидени лица за вакцинација (отсутност,
патување, болест и др.), заради што еден дел од предвидените
лица можат да останат невакцинирани.
б) континуирано изведување на вакцинациите – се изведува
во текот на целата година, се спроведува во места во кои што
постои развиена здравствена дејност (детски и школски
диспанзери), има предност над кампањскиот начин на
вакцинација и најчесто со овој вид се опфаќаат на 90 % од
предвидените лица за вакцинација.

Контраиндикации за вакцинациите можат да бидат


општи и посебни. Секое лице кое треба да биде вакцинирано,
потребно е да биде детално прегледано од лекар за да се
постават евентуални контраиндикации.

28
А) општи контраиндикации – фебрилни состојби,
инфективни заболувања во акутна фаза и реконвалесценција,
тешки облици на рахитис, дијабетес малитус, пиелонефритис,
срцеви заболувања и др.
Б) посебни контраиндикации – секоја вакцина има
свои специфичности од кои произлегуваат соодветни
контраиндикации на кои треба да се обрне внимание при
нивната примена.

Евалуација на вакцинациите (согледување на резултатите)

Успехот во извршувањето на вакцинациите може да се


согледа од следните параметри :
- од процентот на комплетно вакцинирани лица, во однос на
вкупниот број предвидени за вакцинација
- со споредување на процентот на комплетно вакцинирани
лица, од одредена болест, со морбидитетот за таа болест на
истата возраст
- микробиолошки и серолошки тестови
- одредување на квантитетот и врстата на поствакцинални
компликации

Прием на болно дете и карактеристики на


детските оддели

Лекување на болните деца може да се изведува во домашни услови,


понекогаш амбулантски (давање инекции, инхалација и др), а ако
здравствената состојба е влошена потребно е болничко лекување во
здравствена институција (болница). Болничко лекување трае од 10 – 15
дена а ако е потребно или се јават компликации може и подолго.
Приемот на болните се состои од медицинско-административен и
санитарен аспект. Хоспитализирањето на болните деца зависи од итно-
ста на давање на медицинска помош. Нега и лекување во хоспитални
услови има големо значење бидејки овие институции се опремени со
современи технички сретства за дијагностика и лечење на болните

29
деца, за исхрана е задолжен стручен кадар, успешно се спроведува
изолација на деца кога е потребна итн.
Приемно оделение има посебен влез, има своја чекална која е
опремена со мебел за деца, 2 – 3 бокса за изолација на децата по
потреба, амбуланта каде се вршат : - антропометиски мерења на децата
(висина, тежина), запишување на болното дете, мерење на телесна
температура и на крајот специјалистички преглед. После прегледот се
врши тријажа (распоредување на болните деца во зависност од
здравствената состојба на детето), се извршуваат административните
задачи и на крајот детето се хоспитализира. Првин се врши санитарна
обработка на детето, а потоа детето се сместува во креветче кое е веке
подготвено.
Медицинско-административен прием се спроведува уште од општата
амбуланта каде од матичниот лекар детето добива упат за болничко
лекување, потоа во приемно-тријажно одделение и во само болничко
одделение. Тоа е всушност заведување на болните деца во болничките
книги, протоколи заради евиденција на здравствените установи.
Документација која е потребна при прием на детето е следна : -
заверена зравствена книшка, болнички упат и документ за
идентификација на родителот или старател (лична карта, пасош).
Здравствена книшка претставува индивидуален документ и во неа сe
гледа осигурувањето на детето односно кој ке ги сноси трошоците за
преглед и лекувањето на детето. Кога лекарот ке заврши со прегледот а
детето треба да се хоспитализира му препишува запис за прием на
болен каде освен генералиите на болното дете, се пишува и дијагноза,
терапија, потребни иследувања и времето кога детето е примено на
болничко лекување. На записот за прием на болниот треба да има
потпис на лекарот, за да се знае кој лекар е одговорен при приемот на
пациентот. Медицинска сестра истовремено ги заведува во
амбулантната книга по одреден редослед сите поребни податоци
(генералии, податоци од здравствената книшка, дијагноза, терапија ...).
Подоцна болното дете оди на оделение каде се заведува во матична
книга и добива матичен број и историа на болеста. Историа на болеста
е медицински правен документ. Се состои од два листа, на првата
страница се пишуваат основни генералии, упатна дијагноза, дата на
прием, матичен број итн., на втората страница се забележува анамнеза
и статус, а на третата и четвртата страница се бележи за секој ден
поединечно текот на болеста и терапија (Decursus Morbi). Овој
документ може да служи и како судски документ.

30
Другиот дел од медицинско-административниот прием се изведува
во самото болничко одделение. Медицинска сестра која е одговорна за
прием на болното дете го заведува во одделенска книга и отвара
температурна листа.
Санитарна обработка претставува хигиенска подготовка за
престојот на болното дете во болничко одделение. То заначи бањање на
детето и облекување во чиста болничка облека која треба да одговара
на возраста, големината и полот на детето. Личната облека се остава во
гардеробата и за неа се добива реверс кој се пишува во два примерка,
еден за родителите а еден останува во гардеробата. Санитарната
обработка се врши во приемно – тријажно одделение или во болничко
одделение, а задолжително ја изведува медицинска сестра.
Прием на итни случаи : - медицинско-административна и
санитарна постапка кај итните случаи е скратена. Болничкиот упат и
здравствената книшка не мора да се носат, бидејки треба што е можно
побрзо да им се укаже здравствената помош. Сестра ги запишува само
основните генералии кои ги добива од родителите или некој од
придружниците. Останатиот дел од административниот прием се врши
подоцна односно кога ке се подобри состојбата на пациентот.
Санитарната обработка се врши кога здравствената состојбата на
детето ке се подобри.
Болничко одделение има 30 – 40 постели за сместување, нега и
лекување на децата. Секоја болничка соба има од 1 – 6 постели. Како и
секоја друга болница и детската треба да има и простории за
дијагностика, за санитарна обработка, за изолациа, трпезариа,
простории за чисти и валкани алишта и др. Поктрај тоа секое
одделение треба да има и млечна кујна за подготовка на млечната
храна и други помошни простории који се потребни за правилна нега и
лечење на болните деца.
За прием на болно дете во детското одделение одлучува лекарот по
прегледот. Тој е должен да ја извести сестрата за состојбата на детето и
да ги каже мерките и испитувањата кои треба да се направат при
приемот. Медицинска сестра по налог на лекарот ги спроведува сите
медицинско – технички интервенции кои се потребни и помага при
адаптација на детето во новата средина. Се запознава со некои навики
на детето : апетитот, сонот, кои му се сакани игри, дали кжува за мала
нужда, голема нужда и др. Денеска доколку детето е многу мало, се
хоспитализира заедно со еден од родителите (најчесто мајката) или
старател, со што се намалува психичката траума која децата ја
доживуваат и која неможе да се избегне но може да се намали со

31
преземање на соодветни мерки. Доколку детето е поголемо, сестрата
при приемот треба да е многу внимателна и со детето и со родителите.
Таа треба отворено, пријателски да му пијде на детето, да го придобие
за себе. Од сестрата се тражи да биде и психолог и воспитувач што ке и
помогне да ги тргне бариерите помеѓу неа и детето. Исто така сестрата
мора да има и доволно време за родителите на болното дете, кои се
насекирани, уплашени, збунети. Со нив треба да е љубезна,
внимателна, стрплива, да ги слуша родителите бидејки од нив може да
добие мнигу важни информации за болеста на детето и неговите
навики. Родителите треба да бидат сигурни дека во сигурни раце го
оставаат детето, а детето да почувствува љубов и вниманиие за полесно
да помине период на хоспитализација, а лекувањето да биде брзо и со
добри резултати.

Набљудување на болно дете и контрола на


излачевини
Медицинска сестра мора доследно да ги спроведува лекарските
упатства кои се однесуваат на негата, лекувањето и исхрана на болното
дете. Таа мора да биде активен и рамноправен соработник на лекарот, а
не само пасивен извршител на неговите упатства. Таа го поминува
целото работно време со болните па е во состојба пред лекарот да
забележи многу промени што се случуваат во текот на болеста, заради
ова една од најважните должности на медицинска сестра е навремено
да ги забележи сите промени кај болното дете : промени во
однесувањето, во расположението, во апетитот, знаци за подобрување
или влошување на состојбата. При набљудувањето на болното дете таа
може да ги забележи објективните и субјективните знаци, како при
приемот така и во текот на болеста.
Објективни знаци – се забележуваат по изразот на лицето, по
изгледот на другите делови на телото, по движењето на болното дете,
по положба на одредени делови на телото, положба што ја завзема во
креветот и сл. Тоа се знаци видливи со голо око (ако детето има висока
температура се забележуваат вжештени образи и влажен сјај во очите
итн.).

32
Субјективни знаци – се оние знаци што ги чувствува болното дете.
Тие се изразуваат во вид на болки, јадеж, гаденје, вртоглавици и
слично. Многу субјективни тегоби со себе повлекуваат објективни
знаци, на пример, кај несвестица е присутен и нагон за повраќање... па
лесно се препознаваат.Субјективните знаци детето неможе да ги
искаже, па сестра треба да знае да ги препознае самостално или со
помош на родителите, односно врз основа на одговорите кои ке ги
добие од родителите во разговор со нив. Еден од најважните
субјективни знаци е болката, на која детето реагира со плач, и која во
повекето случаи ке ги натера родителите детето да го однесат на лекар.
Таа може да се препознае и со остро набљудување на детето.
Уште при доаѓањето сестрата треба да го оцени надворежниот општ
изглед на болното дете, потоа да води сметка за неговото душевно
расположение, да воспостави близок контакт со него и родителите за да
може поволно да влијае. Таа не треба да поставува дијагноза, нити пак
на своја рака да презема нови мерки. Таа своите забелешки само ке ги
соопшти на лекарот и од него ке добие упатства за мерките кои треба
да ги превземе.
Една од најважните задачи на медицинска сестра е набљудување на
виталните знаци. Виталните знаци се температура, дишењето и пулсот.
Овие знаци можат први да предупредат на влошување или
подобрување на состојбата, затоа сестра мора постојано да ки
контролира и да ги забележува, а секоја промена да му ја соопштува на
лекарот.
Мерење на телесна температура – температура на болните деца
се мери секојдневно и тоа рано наутро пред појадок и попладне пред
јадење. Се мери со помош на живин топломер (термометар). Пред
мерењето живата во топломерот мора да се истресе за да слезе под
36°С. Дури тогаш топломерот е спремен за употреба. Температурата
може да се мери во разни делови на телото : под пазувата (аксиларно),
во чмарот (ректално), ингвинално, под јазикот. Во пракса најповеке се
применува ректално и аксиларно мерење на температурата.
1. ректално мерење – се врши кај доенчињата и малото дете.
Кога се мери температурата ректално тогаш секое дете треба да
има свој топломер, а се чуваат во засебни епрувети со некој
антисептичен раствор. Детето се става да лежи на грб, со левата
рака се фаќаат двете стапала, а со десната се става претходно
измиениот и навлажен топломер во чмарот. Во чмарот се
вовлекува целиот резервоар со жива. Мерењето трае 5 минути.
Откога ке се прочита температурата, топломерот се брише со

33
влажна вата, се измива под воден млаз и се става вертикално во
епрувета со дезинфекционен раствор, во чије дно има малку
бата.
2. аксиларно мерење – се врши кај претшколско и школско дете.
Топломерот се става така да резервоарот со жива доаѓа во
директен контакт со кожа на пазувата. Мерење трае 10 минути.
Аксиларната температура е нормално за 0,5°С пониска од
ректалната. По измерувањето на температурата топломерот се
истресува и исчистува со парче вата навлажнета со алкохол.
Нормална аксиларна температура изнесува 36,5 - 37°С.
Температурата помеѓу 37 – 38°С се означува како субфебрилна,
од 38 - 39°С како фебрилна, а нар 39°С како висока.
Температура под 36°С е субнормална (хипотермја).
Контрола на пулсот – пулсoт исто така се контролира
секојдневно, особено во случаји на заболување на срцето и крвните
садови. Пулсот треба да се мери и кога детето спие. Треба да се следи :
број на пулсации, ритмичност и квалитет на пулсот (тврд, мек, слаб и
снажен). Најчесто пулсот се контролира на артерија радиалис (над
шепата) а може и на артерија каротис, феморалис или темпоралис.
Пулсот кај малите деца се движи помеѓу 120 – 140 отчукувања во
минута, со возраста овој број опаѓа.
Контрола на дишење – најдобро се следи кога детето е мирно и
спие. Кога детето е вознемирено се менува изгледот на дишните
движења. Дишните движења се ценат врз движењето на градниот кош,
односно мевот. При тоа се внимава на фрекфенцијата (чистота),
квалитетот (површно, отежнато, продлабочено и сл) и на бројот на
респирациите ( нормален број е околу 55 движења во минута кај
новороденчињата, кај доенчињата 40 – 45, кај деца во петтата год 25, а
во десеттата година околу 20).
Вредности на виталните знаци се бележат во температурна листа.
Медицинска сестра мора многу да води сметка за редовност на
столицата кај детето и дали редовно уринира, исто така и да ги
набљудува излачевините, а забележаните промени да ги запише и
веднаш да го информира лекарот. По налог на лекарот медицинска
сестра зема материјал за иследување а еден дел од тој материјал го зема
лекарот, како би се утврдила дијагнозата и се следел текот на болеста.
Сестрата ги врши сите подготовки за изведување на зафатот. Целиот
материјал кој се зема од болното дете сестрата го испраќа во разни
лаборатории со пропратна документација.
Земање на материјал за иследување :

34
1. крв – честопати земањето крв кај доенчињата е отежнато поради
тоа сто вените се мали, нежни и тешко видливи. Кај нив иако се
мали најлесно се зема од вените на главата, бидејки се на тврда
подлога и при плач набрекнуваат. Кај поголемо дете крв се зема
од рацете.
2. моч – земање на мочта за преглед е сосема просто ако е во
прашање поголемо дете. Меѓутоа, доста е комплицирано кај
доенчето и малото дете. Денес постојат специјални најлонски
вреќички за фаќање на моч. Тие се прилепуваат околу излезот на
уретрата. Кога ке се земе мочта се сипува во стерилни чаши и со
пропратна документација се испраќа во лабораторија на преглед.
3. столица – изгледот и особините на столицата се важни, особено
кај доенчето и малото дете. За бактериолошки преглед
(копрокултура) се зема со специјално стерилно лажиче и се става
во специјална стерилна епрувета. Потоа со потребна
документација се испраќа во лабораторија на преглед.
4. стомачен и дуоденален сок – детето воопшто не соработува при
вадење на желудачен и дуоденален сок. Со помош на спатула
сондата се вовлекува во езофагусот. Детето се поставува да лежи
косо во кревет, потоа сондата се вовлекува во желудникот.
Влечејки со шприц добиваме безбоен желудачен сок, ако сондата
го помине пилорусот добиваме жолтеникав сок односно
дуоденален.
5. земање и испраќање на материјал за бактериолошки преглед
– треба да се почитуваат два основни принципи :
- материјалот треба да се зема строго стерилно и да се испраќа
во стерилна епрувета
- материјалот треба да стигне сто побргу во лабораторија,
поточно не смеат да поминат повеке од 3 – 4 часа од земањето
до насадувањето. За бактериолошко испитување се испраќа
крв, ликвор, брис од грло, нос и ректум, моч, столица и др.
Медицинска сестра мора да ги контролира и телесните мерки на
детето а то се телесна тежина и должина, обем на главата, градниот
кош и абдоменот.
Мерење на телесна тежина – е главна проценка за текот на
болеста. Особено се однесува на доенчето. Заради тоа кај доенчињата
тежината се мери секојдневно и тоа по утринско капење, но пред
хранењето. Малото доенче се мери двапати неделно или по потреба
секој ден , наутро кога е гладно. Претшколско и школско дете се мери

35
еднаш неделно, исто наутро кога е гладно. Ако се мери во друго време,
треба од земање на оброкот да поминат 4 часа.
Мерење на телесна должина – мерење на должина на доенче се
врши во посебно корито, го вршат две сестри. Едната ја држи главата
на доенчето, а другата со една рака ги притиснува колената кон
подлогата (за да се исправат нозете), а со другата рака го приближува
до стапалото подвижниот дел од коритито и се очитува должина. Кај
постари деца се користи скала со ознацени сантиметри. Детето се мери
босо со припиени петици, телото и главата до скалата. Висината се
одреува на скалата со помош на летвата која го допира темето.
Обемот на главата се мери со метро, ставено преку окципиталните
коски и челото. Обемот на градниот кош се мери во висина на
мамилите. Обемот на абдоменот во висина на папокот.
И најпосле медицинска сестра мора да го контролира апетитот на
болниот, сонот и неговата душевна состојба.

Нега на дете со покачена температура и при


фебрилни конвулзии

Покачена температура се вика фебрилна состојба, треска или


Febris. Причини за појавување на фебрилна состојба можат да бидат :
1. инфективни
2. хемиски
3. нервни
При фебрилна состојба во организмот се зголемува топлотна
продукција како резултат на дејството на пирогените супстанци врз
терморегулациониот центар, од една страна, и намалена елиминација
на енергија, од друга страна (кога причината е од инфективна
природа). Покачување на температурата во почетокот е придружено со
треска и треперење, потоа се јавува студ заради стеснувањето на
крвните садови на кожата, а можат и екстремитетите да помодрат. Ако
температурата е многу висока кај детето можеме да воочиме топла

36
кожа, забрзано чукање на срцето, тешко и забрзано дишење, понекогаш
повраќање и заматена свест.
Кај треската се разликуваат три фази или стадиуми. Во првиот
стадиум температурата нагло или постепено се качува до извесна
висина, придружена е со треперење заради рефлексните мускулни
грчеви и со морници заради стеснување на кожните капилари. Потоа
настанува втората фаза, кога температурата се качува до извесна
висина и останува, со мали колебања, различно долго време. Во оваа
фаза нема морници, ни треперење, кожните капилари се прошируваат и
кожата станува влажна. Третата фаза се карактеризира со опаѓање на
температурата, које може да биде нагло или постепено. При нагло
опаѓање на температурата доаѓа до обемно потење, срцева слабост
(колапс), болниот станува блед, рацете и нозете му се оладуваат, пулсот
е одвај опиплив, општата состојба е лоша, а болното дете може да умре.
При постепено опаѓање на температурата општата состојба на болното
дете се подобрува и детето паѓа во мирен сон.
Според висината на температурата, фебрилната состојба се дели на :
- субфебрилна – помеѓу 37 и 38°С
- фебрилна – помеѓу 38 и 39°С
- високо фебрилна – помеѓу 39 и 40°С
- пиретична – над 40°С
За сето време на треска медицинската сестра треба да го набљудува
пациентот особено при симнување на температурата, води сметка да не
дехидрира пациентот и затоа му се даваат течности (млеко, сокови,
компоти) во зависност од возраст на детето, редовно го пресоблекува,
се аплицираат ладни облози и по налог на лекарот се даваат
антипиретици. Доколку дојде до компликации при нагло опаѓање на
температурата го информира лекарот кој ја одредува понатамошна
терапија.
Фебрилни конвулзии – се јавуваат по 6 – месечната возраст и
најчесто се во доенечки период. Причината е брзата појава на висока
температура. Основата за појава на овие грчеви изгледа дека е вродена
склоност, но се уште точно не е позната суштината. Со растење на
детето оваа склоност се губи, а со тоа и грчевите кај постарите деца се
поретки. Конвулзиите представуваат најдраматичен и најалармантен
настан во детската возраст. Обично се јавуваат ненадејно. Детето ја
губи свеста, мускулите на телото во почетокот кратко време се
укочуваат (тонична фаза), а потоа почнуваат наизменично брзи
мускулни контрекции (клоночна фаза). Очните булбуси се обично
свртени спрема горе, со широко отворени зеници и покажуваат кратки

37
и брзи треперења (нистагмус). Заради стегањето на вилицата (грч),
може да дојде и до повреда на јазикот (да го касне). Нападот обично
трае неколку минути, потоа детето се смирува и конечно така исцрпено
заспива. Прогностички, ако постои само еден напад на фебрилни
конвулзии прогнозата е добра. При повеке конвулзивни напади во
фебрилна состојба можноста за постојење на епилепсија е поголема,
особено кај оние деца што имале повеке од 5 напади во текот на една
година или пак нападот траел повеке од 1 час.
Прва помош при напад на грчеви – се состои во спречување на
повреди, кои можат лесно да настанат од паѓањето или удирањето во
тврд предмет во околината. Детето треба да се смести во кревет, да се
раскопча, главата да се окрене на страна, а меѓу вилиците се става
шамивче, како не би го каснало јазикот. Треба да се отвори прозорецот,
да се обезбеди доволно свеж возух. Конвулзивниот напад треба да се
прекине што побргу, најмалку за 20 минути, како би се избегнало
оштетување на мозокот. Нападот се спрчува со давање на 10%
хлоралхидрат ректално или инекција луминал. Понатамошно лекување
се насочува спрема причината. Терапијата и одлуката за спречување на
нападот ја одредува и донесува лекарот.
По минување на епизодата на фебрилниот напад најголем број на
деца со фебрилни конвулзии имаат нормален педијатријски и
невролошки статус. Меѓутоа кај нив постојат извесни ризици :
- појава на рецидиви кај 30 – 50% деца со прв напад
- развој на афебрилни конвулзии (епилепсија) кај 2 – 3% деца
посебно ако постои фамилијарна анамнеза
Профилакса порано била спроведувана со фенобарбитон, денес се
даваат супозитории диазепам кој се дава кај деца со покачена
температура кои претходно имале напад. Деца со фебрилни конвулзии
треба да водат нормален живот.

Инхалација

Терапијска метода со која лековите се воведуваат во телото по


пат на вдишување. Во дишниот прибор лекови се внесуваат во вид на
гас, капкички, прав. Дејствуваат непосредно или по ресорпцијата. Од
големината на вдишените честички зависи до која длабочина на

38
дишниот прибор ке допре вдишената супстанција. Гасовите допираат
до алвеолите, исто така и течностите што се разбиваат на ситни
капкички (пара или магла). Покрупните капкички, како честички на
прав, се запираат во горните дишни патишта. Внесувањето на лекови
сo инхалација моше да се врши едноставно со вдишување на испарливи
материи во облик на пари или со помош на специјални инхалациони
апарати. Тоа значи дека инхалација може да се применува во домашни,
амбулантни и болнички услови. Овој вид терапија има голем успех при
респираторните заболувања поради големата ресорпциона површина на
слузокожата на дишните органи. Со инхалација се избегнуваат
гастричните тегоби што можат да настанат доколку лекот се аплицира
per os. На овој начин можат да се аплицираат :
- бронходилататори ( Ventolin, Aminophilin, во комбинација со
0,9% - от NaCl)
- секретолитици
- антимикотици во комбинација со 0,9% - от NaCl
- кортикостероиди во комбинација со 0,9% - от NaCl
- антибиотици
Во домашни услови инхалација се изведува со импровизација, а
тоа значи дека се користат чаеви (камилица,нане...), кои се прават во
поголема чинија (лонец), над садот се импровизира шатор, а очите се
штитат со вата или газа.
Во амбуланти и болници се користат специјални инхалациони
апарати. Овие апарати имаат болус во кој се става лекот, кој е
растворен во физиолошки раствор или дестилирана вода, болусот е
повржан преку црево со маска која се става преку уста и носот, преку
неа излегува лекот во вид на пара или гас, а пациентот го вдишува. За
дозирање на терапијата е одговорен лекарот, а кога се применуваат
антибиотици тој е задолжен и за контрола на инхалацијата, бидејки
може да настане анафилатички шок. Затоа сестра мора секогаш да има
спремна антишок терапија. Кога се применуваат бронходилататори
исто така можат да се јават несакани симптоми (тремор, тахикардија,
аритмија), затоа е потребна строга лекарска контрола на пациентот,
како и контрола на дозата на лекот. Антимикотици де применуваат кај
габични заболувања на респираторниот тракт, растворени во
физиолошки раствор.
Медицинска сестра е таа која ја изведува инхалацијата, па затоа, за
сите промени што ке ги забележи кај пациентот, доколку се јават, треба
да го информира лекарот.

39
Оксигенотерапија (терапија со кислород)

Тераписка метода со која се применува кислород (најчесто со


инхалација). Тоа е интервенција со која се дава потребна количина на
кислород, кога во организмот поради одредени состојби е намалена
концентрацијата на кислород (хипоксија). Кислородот е потребен за
многу метаболички процеси во организмот, доколку го нема смртта
настанува брзо (за 4 мин.). Мозок е најчувствителен на недостаток на
кислород, и во тие состојби најбргу се оштетува.
Кислород е безбоен гас, кој не гори али го помага горењето. Во
атмосферскиот воздух има 21% кислород, 79% азот и 0,03%
јаглендиоксид. Тоа е гас кој е неопходен за живот.
Индикации за примена на кислород можат да бидат :
- вдишување на атмосферски воздух во кој нема доволно
кислород
- недоволно развиен центар за дишење кај недоносено дете
- заболувања на дишните органи
- заболувања на срцето
- разни повреди на глава, градниот кош, абдоменот
- акутни заболувања на мозокот
- оштетување на центарот за дишење во мозокот
- состојба на шок
- анемија и сл
Кислород за медицинска упутреба мора да е чист, во чиста состојба
се чува во боци под притисок. Доводот на кислород може да биде
централен или локален, има регуларор за притисок, и за проток.
Кислород треба секогаш да е влажен за да се избегне сушење на
лигавицата на дишните органи. Затоа постојат апарати за давање на
кислород со водена пареа и со водени капки.
Кислород може да се дава преку маски, назални катетери, со помош
на амбу – балон, со помош на кислородни шатори, во инкубатори,
преку тубуси кај интубирани пациенти.
Потребен материал за примена на кислород :
- апарат за кислород со мерач на протокот и со овлажнувач на
кислород
- централен довод на кислород или мобилна боца со кислород
- црева за кислород
- конектори
- опрема за саканиот начин на примена

40
- стерилни ракавици

1. маски за кислород – се пластични и проѕирни, истовремено се


ставаат на уста и нос, обезбедуваат концентрација на кислород од
око 40%. Имаат два странични отвори преку кои се елиминира
издишаниот јаглендиоксид.
2. назални катетери – се пластични, можат да бидат за една
носница или за две. Лесно се поставуваат кроз нос така што се
измери растојанието од врвот на нос до увото, пласира се кроз
нослица, врвот на катетерот доаѓа до фарингсот. Добро се
поднесуваат и обезбедуваат концентрација на кислород до 40%.
Катетери за двете носници се добро поднесуваат, а недостаток им
е што нивните врвови навлегуваат плитко во носниците.
3. амбу – балон - со помош на него се дава атмосферски воздух, во
кој има 21% кислород. Се користи на терен и во хоспитални
услови.
4. кислородни шатори – ретко се користат, само во ситуации кога
не е можно да се користи друга метода. Шаторите имаат
специјални апарати за воведување на кислород, влажење,
одржување температура на воздухот, за мерење на концентрација
на јаглендиоксид кој се издишува и апарати за контрола на овие
параметри.
5. давање на кислород во инкубатор – инкубаторот се повржува
со централниот довод на кислород или со боца со кислород. Се
користи најчесто за недоносени деца или новородени деца со
загрозено дишење. Концентрација на кислород во инкубаторот не
смее да биде поголема од 40%.
За примена на ова терапија потребна е постојана контрола од страна
на сестрата. Нејзините задачи се следни :
- да го контролира сталниот доток на кислород
- да го контролира влажењето на кислород
- да ја прати состојбата на пациентот, виталните функции, да
води документација
- да ги одржува проодни дишните патишта (со аспирација)
- да врши промена на катетери, маски, црева а кислород,
конектори, системи за влажење во стого асептични услови
- да ги спроведува сите потребни интервенции во зависност од
потребите на пациентот (нега на кожата на лицето,
носниците, усната шуплина и др).

41
Потребната доза за оваа терапија ја одредува лекарот, тој заедно со
сестрата врши контрола. Доколку се даде поголема доза можат да се
јават компликации :
- оштетувања на слузокошата на дишните патишта
- слепило кај децата во инкубаторот
- акутно труење на организмот со кислород
- едем на белите дробови
- срцева слабост и др.
Можат да се јават и друки компликации независно од дозата на
кислородот :
- респираторни инфекции
- присуство на некој друг гас во боца за кислород
- оштетен материјал за употреба и сл.
Затоа е потребна строга контрола на работа и работа во строго
асептични услови.
Цел на оваа терапија е да се поправи состојбата на организмот и да
му се помогне да преживи додека не се открие и реши причината на
оваа состојба.

Аспирација

Аспирација предтавува техника со која се чистат дишните


патишта. Се изведува во строго асептични услови и тоа по одреден ред
: прво се аспирира секретот од трахејата, а потоа од горните дишни
патишта.
Потребен материјал за аспирација :
- апарат за аспирација
- стерилни катетери
- стерилни ракавици
- стерилни тупфери, гази, компреси
- стерилна аква, физиолоски раствор
- стерилни брисеви
- стерилни шприцеви
- апарат за кислород
- амбу - балон
Начин на кој се изведува оваа интервенција :
Најпрвин сестра прави план за работа во зависност од тоа дали ке
работи сама или ке има асистенција од друга сестра. Најдобро е кога

42
аспирацијата ја изведуваат две сестри. Една сестра ја спроведува
аспирацијата, а друга и додава потребен материјал, спроведува
оксигенација доколку е потребно (со амбу - балон, чист кислород...),
зема брис од катетерот после аспирација (за бактериолошка контрола)
итн.
Ако сестра сама ја изведува аспирацијата задачите и се следни :
- првин проверува дали е исправен апаратот за аспирација и
апаратот за кислород, го подготвуба амбу балонот и
потребниот материјал за аспирација.
- Го подготвува пациентот доколку е свесен и го поставува во
положба која најповеке му одговара
- Ја поставува стерилната компреса на гради на пациентот
- Потоа го отвара стерилниот катетер и боца со аква или
физиолошки паствор
- Става стерилни ракавици на рацете и одредува која рака ке и
остане стерилна за пласирање на катетерот и со таа рака го
вади катетерот од фолијата, а со другата рака го уклучува
аспираторот и го повржува со катетерот од другата рака.
- Доколку е потребно со шприц капнува неколку капки
физиолошки раствор во горните дишни патишта за да го
омекне секретот
- Ја проверува проодноста на катетерот така што ке го вклучи
аспираторот и катетерот ке го стави во боца со аква, доколну
аквата проваѓа низ катетерот значи дека е прооден
- Нежно го пласира катетерот во дишните патишта и почнува
со аспирација
- Со катетерот прави кружни движења или го повлекува горе –
доле
- Прво се аспирираат долните дишни патишта (трахеа) а потоа
горните.
- Времето на аспирација е ограничено на 3 – 5 секунди, после
тоа треба да се направи пауза и аспирацијата се пак повторува
се додека секретот не се изаспирира од дишните патишта.
- Континуирана аспирација не смее да трае повеке од 15
секунди (кај возрасни, кај децата пократко) за да не се јават
компликации (респираторен арест, кардиа арест и др).
- Проценка за потребно време на постапката се прави така што
сестрата ке го задржи воздухот и кога пак ке вдише
постапката се прекинува (кај децата постапката е пократка) и
се прави пауза.

43
- Аспирацијата треба да се изведува во три положби : - кога се
главата и лицето окренати према горе, на десната или левата
страна. Овие три положби овозможуваат адекватно чистење
на трахеата, ливиот и десниот бронх од секретот.
- После аспирација на долните дишни патишта се изведува
аспирација на горните дишни патишта и тоа првин устата па
носот.
- Кога ке заврши со интервенцијата пациентот го става во
релаксирачка положба
- Го собира искористениот материјал и го подготвува за следна
аспирација
- Ги контролира виталните функции кај пациентот
- Доколку се јави хипоксија се дава оксигенотерапија (амбу -
балон или чист кислород).
Асприрација се користи и за земање на секрет за бактериолошка
контрола. Се изведува во строго асептични услови, трае пократко, а
добиениот секрет се испраќа во лабораторија на преглед со потребна
документација. После аспирација може да се зема брис од катетерот кој
исто така се испраќа во лабораторија на анализа со потребна
документација.

ВАКЦИНАЦИИ

Вакцинација претставува многу значаен момент во детската


превентива. Целта на вацинирањето е кај децата вештачки да се
предизвика имунитет против одредени заразни заболувања.
Благодарејки на задолжително вакцинирање на децата многи заразни
болести се наполно отстранети или сведени на минимум. Во нашата
земја секоја година се донесува програма за имунизација на
населението. Спрема тоа кои епидемиолошки состојби му се закануваат
на населението. Пред се, задолжителна вакцинација се спроведува
против следните заразни болести : дифтерија, тетанус, детска парализа,
морбили, паротитис, пертусис, заболуванја предизвикани од
Хемофилус инфлуенце тип Б, хепатитис Б, туберкулоза и рубеола.
Вакцинацијата се спроведува непрекинато (континуирано), во текот на
целата година. Во одредени случаи, по потреба, задолжителни
вакцинации стануваат и против други заразни болести како што е :

44
беснило, колера, тифус, грип итн. Вакцинацијата може да се врши
против една заразна болест, со давање на една вакцина (моновакцина)
или против повеке заразни заболувања со давање на повеке вакцини
(комбинирани). Детето кое се вакцинира треба да е здраво и со
задоволителен физички развиток. Тоа го оценува лекарот и одредува
кое дете може или неможе да се вакцинира. Вакцинирањето во нашата
земја е задолжително. Вакцинирањето и ревакцинирањето се врши
согласно со календарот за вакцинација. Секое дете има право да биде
вакцинирано, а должноста на секој родител е редовно да го носи своето
дете на вакцинација.

КАЛЕНДАР ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

Во текот на првата година детето треба да ги прими следниве


вакцинации :
- БСЖ вакцината против туберкулоза. Се дава веднаш после
раѓање на детето, со инекција (интрамускулно) во надлактица.
- ХЕПАТИТ Б вакцината (жолтица тип Б) исто така се дава
веднаш по раѓање и се повторува во вториот и шестиот месец.
Се дава со инекција во колк.
- Вакцина против заболувања предизвикани од ХЕМОФИЛУС
ИНФЛУЕНЦЕ тип Б (ХИБ) се дава со полни два месеци до
навршени шес месеци (со инекција во надлактица), во три
дози на растојание од 1 – 3 месеци.
- ПОЛИО вакцина против детска парализа. Се даваат две
капки со лажиче орално. За да се заштити детето потребно е
три пати да се вакцинира на растојание од 42 дена. Се
почнува од 4 –от месец.
- ДТП (di – te – per) е комбинирана вакцина која го штити
детето од дифтерија, голема кашлица и тетанус. Се дава со
инекција во колк, во три дози на растојание од 30 дена. Се
почнува од 4-от месец.
- МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница, заушки
и рубеола. Се дава со инекција во надлактица веднаш после
првиот роденден (на 13 –ет месеци).
Ако детето ги примило сите вакцини во првата година, потребно е
по одреден период да прими допилнителни дози на вакцина а тоа е
ревакцинирање. Со ревакцинирање се освежуваат и зголeмуваат
одбрамбените сили на детето.

45
Очекувано е по вакцинацијата кај некои деца да се јават реакции
кои брзо поминуваат : болка, црвенило, оток, покачена температура,
намален апетит, плачљивост. Овие реакции се незначителни во
споредба со последиците од болеста која се јавува кај деца кои не се
вакцинирани.

КАЛЕНДАР ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕВАКЦИНАЦИЈА

- од 16 – 18 месеци се врши прва ревакцинација со вакцина


против заболувања предизвикани од Хемофилус инфлуенце
тип Б
- во 18 месеци се врши прва ревакцинација со di- te per, една
доза.
- Во 20 месеци, ревакцинација со полио вакцина (против детска
парализа).
- 4 години,втора ревакцинација со di – te –per (една доза)
- 7 години, ревакцинација со МРП (една доза), ревакцинација
против туберкулоза со тестирање, детска парализа (една доза)
втора ревакцинација, дифтерија и тетанус (една доза) трета
ревакцинација.
- 14 години, втора ревакцинација против туберкулоза со
тестирање, втора ревакцинација против рубеола (една доза,
само женски деца), полио (една доза) трета ревакцинација,
дифтерија и тетанус (една доза) четврта ревакцинација.
- 18 години, тетанус (една доза) пета ревакцинација (во
завршната година во средно образование).

ЗДРАВСТВЕНО ПРОСВЕТУВАЊЕ НА МАЈКАТА ВО ДОНОС


НА НЕГА НА ДЕТЕТО ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Здравствено воспитување претставува интердисциплинарна наука


која не запознава со здравствената култура, здравственото однесување
и здравствено воспитните процеси кои делуваат на развојот и
унапредувањето на културата и однесувањето на народот.
Како таква наука здравственото воспитување се користи во сите
медицински гранки па и во педијатрија. Со здравственото
просветување се занимаваат сите медицински кадри а најповеке

46
медицинските сестри. Медицинските сестри бидејки се најдолго во
контакт со пациентите спроведуваат и едукација со нив.
За нас во педијатријата е значајна едукација на мајките, односну
учење на мајките како да го негуваат своето дете во домашни услови,
посебно во првата година од животот но и понатаму. Оваа едукација
најчесто ја спроведува одговорната сестра која организира предавања
на одделение заедно со лекарите и детските сестри, или презентација на
одредени едукативни филмови во комбинација со предавања. Со
здравственото просветување на мајките се занимаваат и патронажните
сестри за време на домашна посета на детето и мајката.
Тоа што мајките треба да го научат а е во врска со правилна нега на
детето во домашни услови е следното :
- значај и предностите на природната исхрана
- правилно доење
- нега на папочето во првите денови од животот
- хигијена на мајката
- што е вештачка исхрана и кога се применува
- начин на подготвување на вештачката исхрана
- кога се воведува двовидна исхрана
- кога се воведува немлечна исхрана и како
- правилна хигиена на детето (капење, пребришување, нега на
очите, ушите, носот, аногениталната регија...)
- хигијена на просториите каде е сместено детето
- хигиена на материјалот кој се користи во исхраната на детето
- како се подготвува немлечната исхрана
- правилно повивање и облекување на детето
- зошто е важно гардеробата на детето да е секогаш чиста и
стерилна и слично.
Со здравствено просветување на мајките се започнува веднаш по
породувањето, од страна на акушерките, а потоа продолжува на
одделението. Кога мајката и детето ке ги пуштат дома, тогаш
здравственото воспитување го спроведува патронажната служба.
Медицинската сестра како носител на процесот на здравственото
воспитување треба добро да ја знае својата работа и да го користи секој
момент кога е во контакт со мајката за едукација. Треба да е доволно
стрплива, љубезна и да знае да ја процени природата на мајката,
нејзиното образование, социјалниот статус, средината од каде доаѓа за
да знае како да се постави спрема неа, за да ги постигне најдобрите
резултати во едукацијата.

47

You might also like