You are on page 1of 27

Набљудување/Посматрање на болен

ОБЈЕКТИВНИ ЗНАЦИ тоа се знаци кои што може да ги забележиме по изразот на лицето
на корисникот, пример кај болен со висока температура ќе се забележат вжештени образи
и влажен сјај во очите, кај болни кои што тешко дишат или се задишуваат мускулите на
вратот се оптегнати, устата отворена а при секое вдишување ноздрите се шират итн.
Освен на лицето објективните знаци се забележуваат и на другите делови од телото,
инспекција односно набљудување се прави од глава до пети, почнувајки од главата прво
може да забележиме дали има симетрија или асиметрија, дали има анатомски аномалии,
каква е бојата на кожата итн. (се набљудува секој дел од телото посебно, глава, врат,
граден кош, абдомен, горни екстремитети, долни екстремитети, грб).... Една од
најважните работи е и набљудувањето на виталните знаци:

 ТТ- степен на загреаност на човековото тело, таа варира од 36 до 37 степени Ц,


исто така варира и во текот на денот, најниска е наутро (базална) а највисока во
попладневните часови. (начини на мерење на температура, аксиларно,
субгвинално, ректално...)
 Пулс, нормално 80 удраи во минута, под 60-брадикардија, над 100-тахикардија.
 Крвен притисок е притисокот што го врши крвта врз крвните садови.
 Дишење е размена на гасови помеѓу организмот и надворешната средина,
дишењето се состои од активен процес – инспириум и пасивен процес –
експириум, инсипириумот, експириумот и паузата сочинуваат една респирација. Кај
возрасен човек брпојот на респирации е 16-20 во минута
СУБЈЕКТИВНИ ЗНАЦИ се знаци кои што ги чувствува болниот, тие се изразуваат во вид
на тиштења, вртоглавици, несвестици, болки, гадење, премореност итн.

Одржување на личната хигиена


ПОДВИЖНИ И НЕПОДВИЖНИ
*Во секојдневната лична хигиена спаѓаат прибор за миење заби, прибор за бричење,
прибор за сечење нокти, прибор за чешлање, прибор за миење и крпа. Ако лицето смее и
може самостално да го направи тоа, му се овозможува само да се измие и исчешла со
помош од асистентот.
Кај лицата кои не можат сами да ја изведуваат секојдневната лична хигиена се
препорачува прво да се исечат ноктите или да се избричи по потреба, потоа се мијат
рацете до рамената со посебно внимание околу ноктите и меѓу прстите. По рацете се
мијат забите и устата, понатаму лицето, ушите и вратот. На крај лицето се брише со сува
крпа, се става крем за лице и раце. Чешлањето се изведува на крај. Потоа корисникот се
мести во удобна положба, на наместен кревет, а употребените предмети се чистат.
Пасивните и неподвижни лежечки болни се мијат во хоризонтална положба од страна на
асистентот. Миењето се изведува по следниот редослед: миење на рацете, нега на
устата, носот и ушите, потоа се мие лицето и вратот и на крај се чешла.
*Капење кај подвижни болни кои што се делумно способни сами да го изведуваат
капењето се прави со помош од асистентот, а кај неподвижни болни се изведува во
сегменти, миење на градите (кружни движења во правец на бројот осум), миење на
абдоменот (движења во правец на дебелото црево или десно-лево), миење на рацете (се
започнува од прстите се завршува до аксилата и рамото), миење на грбот (движења во
вид на лепеза), миење на интимните делови, миење на нозете (од прстите па нагоре),
миење на половите органи.
КАЈ НЕПОДВИЖНИ посебно треба да се внимава на
1.Излачевини од телото (пот, гној, моч, измет, повратени маси, секрети од рана и сл.) кај
корисниците често се во зголемена количина и изменет состав и претставуваат извор на
инфекција поради присуството на патогени микроорганизми во нив.
2. Телото на корисникот се загадува и од контактот со нечисти предмети и од контактот со
постелнината и храната.
3. Редовното одржување на личната хигиена, особено честото миење на рацете,
корисникот го заштитува од несакани инфекции, кои би ја влошиле неговата здравствена
состојба. Ова особено е важно за неподвижните болни. Од тие причини личната хигиена
на неподвижните болни треба совесно и редовно да се одржува.
ХИГИЕНСКИ ПРИНЦИПИ ВО ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЛЕКАТА И ПОСТЕЛНИНА
Постелнината треба редовно да се чисти од прав и да се дезинфицира;
Душеците редовно да се проветруваат;
Постелнината и облеката треба секогаш да се чисти и суви;
Постелнината на креветот треба секогаш да е симетрично поставена и затегната без
набори.
МЕНУВАЊЕ НА ОБЛЕКА
Облеката се менува ако е извалкана од излачевини, крв и слично, ако лицето е испотено,
по бањање и заради други потреби. Доколку лицето има повреда на екстремитет, при
соблекување, прв е здравиот екстремитет, а при облекување се започнува со болниот
екстремитет. При пресоблекувањето треба да се внимава на достоинството на лицето.
Правилните и внимателни маневри на пресоблекување заштедуваат време и се намалува
ризикот на настанување дополнителни потешкотии на лицето.
https://www.youtube.com/watch?v=0tDopYtRkyw.
МЕНУВАЊЕ ПОСТЕЛНИНА (долен чаршав)
https://www.youtube.com/watch?v=UY8CCr_Ec6w

Спроведување на исхраната
Хранење е процес на внесување на материи во организмот кои имаат за цел да
обозбедат хранлива поддршка на телото, најчесто се од растително и животинско
потекло,   содржат есенцијални хранливи материи, како што
се јаглехидрати, масти, протеини, витамини или минерали. Супстанцата се внесува во
организмот, а се искористува од страна на клетките на организмот за да произведе
енергија, која одржува во живот. За време на болест настанува нарушување на односот
меѓу одделни хранливи состојки, затоа некои состојки треба да се даваат во поголеми
количини, а други во помали или целосно да се исфрлат. Со ова се занимава науката за
исхрана -диететика.
ПРИРОДНО ХРАНЕЊЕ Природно активно хранење е ако болниот е способен сам да се
храни, а природно пасивно е кога го храни асистентот. Асистентот е задолжен секој ден
да требува доволен број на храна, но и да води грижа за видот на храната според
диетата на болните. Храната се готви и се дава по одредени прописи, со цел да биде
сигурна и безбедна за здравјето на лицето на кое се дава.
ВЕШТАЧКО ХРАНЕЊЕ Вештачка исхрана се спроведува кога болниот не е способен да
се исхранува по природен пат т.е. секое внесување на храна по друг пат освен устата. Се
применува кај бессвесни болни, при интензивни повраќања, повреди и хирушки
интервенции на органите за варење. Овие болни се хранат вештачки преку желудочна
сонда, гастрострома, хранителна клизма, хранење со интравенска инфузија.
НЕГА ПРИ ПОВРАЌАЊЕ Повраќањето може да се случи само еднаш, но кај извесни
болни состојби повраќањето може да биде зачестено. Повраќањето може да биде во
стоечка, седечка или лежечка положба. Во стоечка положба болниот полесно повраќа,
затоа е доволно само да му се наведне главата према напред придржувајќи се со едната
рака, а со другата да се држи преку стомакот. Наједноставна положба за повраќање е
седечка, со главата наведната напред и надолу, притоа негователот/-ката му ја
придржува главата и рамениците. Ако болниот има гадење, однапред му се подготвува
кофата. Ако болниот е многу слаб, повраќа во лежечка положба. Тогаш главата треба да
се сврти настрана и да се свитка надолу, за да се превенира повратените маси да паднат
во душникот и болниот да се задуши. На крај негователот/-ката го брише болниот и му
дава голтка вода. Негователот/-ката е должен макроскопски да ги прегледа повратените
маси и по потреба да извести медицинско лице. Обично повратените маси имаат кисел
непријатен мирис, а бојата е во зависност од земаната храна. Понекогаш кога има
примеси од жолчка имаат жолто-зелена боја, или од крв свежа или темна крв. Може
повратените маси да наликуваат на измет што се среќава на пример кај преплет црева.
Кај болни кои имаат силна мака, а не можат да повратат, треба да се советуваат
вештачки сами или со помош на негователот/-ката да го предизвикаат повраќањето.

Положба на болниот во постела


АКТИВНА ПОЛОЖБА завземаат лица кои што се подвижни, овие лица се способни сами
да се движат, сами да ја одржуваат личната хигиена, да се хранат и да ги извршуваат
физиолошките потреби сами.
ПАСИВНА ПОЛОЖБА завземаат болни во безсознание, кома или неподвижни болни,
овие болни не можат да ја менуваат положбата и најчесто се во хоризонтална положба
ПРИНУДНА ПОЛОЖБА завземаат болни при разни заболувања со цел да им се олесни
состојбата или се диктирани од болеста.
* Положби диктирани од болеста:
фаулерова е полуседната или седната положба, која ја заземаат болните кои имаат
пречки во дишењето, срцеви и белодробни болни и бремени жени. Во оваа положба
болниот има подобра вентилација на белите дробови. За да се намести билниот во оваа
положба потребни се неколку перници, ѓевречиња од вата и ќебе во вид на ваљак. Три
перници се ставаат во вид на буквата А за да се подигне болниот, четвртата се става под
главата, се става по една перница (по должина) под рацете, под колената се става ќебе
завиткано како ваљак или перница, а под петиците се ставаат ѓевречиња од вата.
менингеална, опистотонус
* Положби за олеснување на состојбата:
Тренделенбургова е положба за автотрансфузија, во оваа положба се ставаат болни кои
искрвариле или болни кои колабирале. За да се намести пациентот во обаа положба
потребни се 6 перници, една се става под карлицата, две под надколеницата и 3 под
подколеницата (под главата на болниот не треба да има перница)
Странична, во странична положба се ставаат болни кои подолго лежат во хоризнонтална
положба. Болниот се врти настрана, пред него се става една перница свртена по
должина, и уште една перница меѓу нозете, која исто така треба да е свртена по должина,
ѓевречињата од вата се поставуваат на внатрешната страна на горната нога и на
надворешната страна на долната нога во пределот на зглобот.
оберхолтова, квинкеова-дренежна.

Декубитус
Тоа е локален патолошки процес со некроза на меките делови ( кожа, поткожно масно
ткиво, мускули). Настанува како резултат на нарушена микро-циркулација и непотполно
снабдување на местото со кислород и хранливи материи, како и поради непотполно
отстранување на крајните продукти од метаболизмот. Декубитусот може да настане на
места каде поткожното ткиво е послабо развиено и кожата и коската директно
налегнуваат на подлогата. Тие места се нарекуваат пределекциски места, а тоа се:
-окципитална џумка
-рабовите на ушната школка
-рбетните продолжетоци на рбетниот столб
-рабовите на лопатката
-лумбалниот дел кај карличната коска
-колената, лактите и петиците
Декубитус може да се јави и на меките делови ако постојат услови, итирација, влажност,
притисок итн. Причините за декубитус се егзогени, т.е надворешни. На пример,
неодржување на личната хигиена, неудобна положба која трае подолго, набори на
облеката и постелата, иритација на кожата со предмети, трошки итн. Овие причини со
совесна нега може да се отстранат. Ендогените т.е внатрешните причини зависат од
видот на болеста, возраста, кондицијата на болниот како и нарушената циркулација која
што се јавува при болести на срцето и крвните садови, парализи, обезитас, анемии итн.
Декубитусот врз организмот делува на неколку начини:
1. Декубиралната рана претставува влезно место на патогени миктоорганизми што
може да се манифестира со воспалителна рекација и покачена телесна
температура, да се појави сепса и да дојде до смртен исход.
2. Преку декубиралната рана се губи ткивна течност богата со протеини, а со тоа се
намалува и отпорноста на ослабениот организам.
3. Продуктите од некротичното ткиво дејствуваат токсично врз поедини органи и
системи
4. Обично декубиталните рани се големи, со дегекти на кожата и мускулите. По
оздравувањето се создаваат големи неестетски белези (цикатрикс) кои може да ја
намалт подвижноста на околниот дел.
Декубитусот настанува во 4 стадиуми
1. Стадиум на хиперемија – поради ослабената циркулација и долгиот притисок
најпрво настанува бледило, а потоа артериска хиперемија. Црвенилото е првиот
алармантен знак за да се превземат превентивни мерки против декубитус.
2. Мацерација – кожата во вториот стадиум станува влажна, лигава и се лупи. Вака
променетата кожа е добра подлога за размножување на микроорганизми и
инфекција.
3. Некроза – ако не се превземале мерки за да се спречи декубитусот се јавува
третиот стадиум – некроза. Раната се шири во длабочина и ширина, со некротични
црни елементи и воспалена околина. Од раната се цеди гноен ексудат.
4. Во четвртиот стадиум раната се проширува до коска. Болните субјективно
чувствуваат јаки болки, немаат апетит, имаат несоница, нерасположени се и имаат
висока температура поради инфекцијата.
Превентивни мерки против декубитус

- Одржување на лична хигиена. На здрава и сува кожа не се јавува декубитус


- Масирање на пределекциските места за подобрување на исхраната на ткивото
- Постелата и облеката треба да се чисти, суви и без набори
- Јакнење на отпорноста на организмот
- Промена на положбата на телото
- Употреба на заштитни средства на пределекциските места

Лекување на декубирус
1. Раната треба околу да се дезинфицира. Прво со јод-бензин, па со spirit vini и
tinktura jodi.
2. Раната директно се потура со 3% хидроген пероксид, физиолошки раствор 0.9%, а
потоа со антибиотски раствор или прашок.
3. Така обработената рана се преврзува со стерилна газа и се фиксира со фластер
4. Местот се заштитува со гумен круг или ѓеврече за раната да не допира директно
на постелнината

ТРОМБОЗА
Способност на крвта да создаде тромб со цел да го заштити организмот од
искрварување. Но понекогаш тромб се создава во крвниот сад како патолошка појава и
тоа претставува опасност за организмот.
Појавата на тромбоза ја стимулираат неколку фактори:
- Стаза на крвта е забавен крвоток во вените кој што се јавува во неколку случаи,
најчесто кај имобилизирани пациенти поради долго лежење во кревет, кај
пациенти после операција и слично. Стаза настанува и кај болни кои дишат
површно и кај парализирани болни со мускулна неактивност.
- Промени во ѕидот на крвниот сад, траума, воспаление, артериосклеротилни
промени итн.
- Промени во составот на крвта, тука спаѓа хиперкоагулабилност.
Превенција и мерки против тромбоза
- масажа на долните екстремитети
- активни и пасибни движења на екстремитетите
-на пациентите им се препорачува длабоко дишење за забрзување на коагулацијата
-облоги со acidi borici и компресивен завој

Контрактури
Настануваат пореди долго лежење во принудна положба, т.е ако екстремитетите
и зглобовите се поставени во не-физиолошка положба. При тоа доаѓа до
истегнување на поединечни мускули и неможности за нормална функција на
екстремитетите.
Мерки за спречување
- почесто менување на положбата на болниот и ставање на екстремитетите во
физиолошка полошба
- масажа на телото
Несвестица
Несвестица се јавува кај пациенти кои подолго лежеле во кревет и станале оддеднаш,
нагло. При нагло станување (промена на положбата на телото од хоризонтална во
вертикална), крвта, според законот на земјината сила, се слева во долните делови на
телото и настанува паѓање на крвниот притисок. Мозокот за момент останува без исхрана
и пациентот колабира. Притоа може да се повреди. При нагло станување, механизмите за
адаптирање на притисокот од хоризонтална во вертикална положба за момент
откажуваат.
Спречување да не дојде до несвестица
За да не дојде до несвестица потребо е постепено менување на положбата на телото и
станување од кревет. Најпрво пациентот седнува на креветот, две до пет минути, а потоа
ги спушта нозетеч. Потоа станува и седнува на стол. Ако се чувствува добро, може да
направи неколку чекори околу креветот, низ собата и ходникот. Во текот на станувањето
пациентот треба да биде под надзор.

Реанимација (РЕ-повторно, АНИМЕ-оживува)


Престанок на дишењето и престанок на работата на срцето не мора да значи
дефинитивна смрт.
Таквите личности во одредени случаеви можеме да ги вратиме во живот со помош на
реанимацијата.
При престанок на дишењето и престанок на работата на срцето доаѓа до умирање на
клетките. Мозочните клетки се оние кои што умираат први, за неколку минути. Само во
периодот на тоа кратко време има смисла да се проба со реаницмација.
Клиничка смрт Состојба која што настанува непосредно по престанок на дишењето и
престанок на работата на срцето, а пред умирањето на клетките, кога сеуште е возможно
повторното оживување.
Како да се препознае и да се третира престанок на дишење и срцева работа?
Прво треба да се провери дали личноста е свесна. Благо се протресува за рамениците и
и се упатуваат неколку прашања, (ме слушаш ли? Добро ли си? И сл), ако нема одговор
заклучуваме дека личноста е без свест. Следно што треба да направиме е да повикаме
брза помош и да пристапиме со реанимација додека не дојде брзата помош.

Реанимацијата ја изведуваме по АВС редослед.

 A – AIRWAY – Онесвестениот го вртиме на грб и му ја зафрламе главата на назад


со подигање на брадата со едната рака, а со другата рака притискаме на челото.
Устата треба да биде отворена. Со оваа постапка коренот на јазикот се
оддалечува од грлото со што се оезбедува проодност на дишните патишта.
Понекогаш од устата ќе треба да отсраните протеза, мастика или повратена
содржина, а тоа се прави со прст замотан во марамче или газа.
 B – BREATHING – За да провериме дали има нормално дишење, својот образ го
приближуваме до устата и носот на пациентот, притоа главата на пациентот ја
држиме зафрлена на назад како што претходно беше опишано. Додека сме
доближени со образот до носот и устата на пациентот треба да осетиме дали
пациентот дише или не, истовремено погледот го насочуваме кон градниот кош за
да видиме дали тој се движи, а во меѓувреме слушаме. Проверката на дишењето
најмногу смее да трае до 10секунди. Повремени кратки вдишувања не се сметаат
за дишење, и тогаш треба да се пристапи како да нема дишење. Ако
онесвестениот дише нормално, треба да се заврти настрана и да се повика ИМП.
Повремено се проверува дишењето. Ако онесвестениот не дише се повикува ИМП
и се почнува со реанимација или се почнува со реанимација па по една минута се
повикува брза помош.
Вештачко дишење се дава со зафрлање на главата на онесвестениот на назад, се
затнува носот и се дава дишење уста на уста, кај бебиња дишење се дава уста на
уста и нос.
 C – CIRCULATION - Реанимацијата ја започнуваме со масажа на срцето.
Онесвестениот треба да лежи на тврда подлога, ако лежи на кревет, спуштете го
на под. Коренот на шаката се става на средина на градниот кош, другата шака се
става врз онаа која што веќе е на градниот кош, прстите може да бидат
испреплетени или исправени. Лактите на спасувачот мора да бидат исправени, а
рамениците над местото на притисок. Притисокот треба да биде брз и краткотраен,
со јачина прилагодена на возраста и конструкцијата на онесвестениот. Брзината на
срцевата масажа треба да биде 5 притисоци во 3 секунди. После 30 притисоци се
преминува на вештачко дишење 2 пати.

РАНА – Прекин на континуитетот на кожата или ткивото. Опсегот на повредата може да


се разликува и да се движи од наједноставна огреботина па се до длабока рана со
оштетување на внатрешните органи или потполен раздор на дел од телото. Некои рани
колку и да ни изгледаат безопасно тие бараат обработка со цел да не дојде до развој на
инфекција и да дојде до брзо заздравување.
Рани кои најчесто се инфицираат се убодните рани, раздеротините, рани на нозете,
угризни рани а посебно рани кои не се обработени соодветно. Знаци по кои ќе
препознаеме инфиницрана рана се: топлина, црвенило, оток, болка и нарушена функција.
Пред да почнеме да даваме прва помош кај раните потребно е да се ослободиме од
облеката, тоа може да биде со соблекување, кинење или сечење на облеката, притоа да
се внимава.
Најважна мерка во пружањето на прва помош е да се запре крварењето во случај ако
раната крвари многу, и да се спречи искрварување и настанување на циркулаторен
колапс (шок). Наједноставен начин е со притисок на местото на крварење (компресија)
или со промена на положбата на делот од телото кој што крвари. Делот од телото кој што
крвати се подига над срцето со што накратко се запира мало крварење, но тоа не може да
помогне ако се работи за обилно крварење. При обилни крварења се прави притисок со
стерилна газа или чиста испрана и испеглана крпа, ако крвта ја пробие газата/крпата, таа
не се трга туку преку неа се става уште една. Освен со крпа и со раце, компресија на рана
која што крвари може да се направи со завој и/или завој и цврст предмет.
https://www.youtube.com/watch?v=bL_9VAIs5eU – преврска на лакт
https://www.youtube.com/watch?v=XYdU79llYrQ – преврска на подлактица
https://www.youtube.com/watch?v=JtYZHx97N6g – преврска на шака
https://www.youtube.com/watch?v=NhIDq_lZRxw – преврска на прсти
https://www.youtube.com/watch?v=HkGCYPIktCI – преврска на колено
https://www.youtube.com/watch?v=wunHAL-DtNE - преврска на скочен зглоб
Никогаш немојте

 Да претпоставувате дека раната е мала и безопасна


 Да и дувате на раната
 Да чистите рани ако претходно не сте успеале да го запрете крварењето
(повикајте ИМП)
 Сами да ги отстранувате страните тела кои што се во раната
Повикајте ИМП во случај:

 Кога не можете да го запрете крварењето


 На длабока убодна рана
 На угриз од животно
 Кога раната покажува знаци на јака локална инфекција
Третман на рани

 ОГРЕБОТИНА
- Пред пружање на прва помош да се измијат рацете со сапун (исто и после
пружање помош)
- Ако раната е контаминирана да се измие под млаз ладна вода
- Да се нанесе антисептик и да се остави да се суши една минута (најдобро е да се
користи антисептик кој што се прска)
- Преврска со чист завој
 УБОДНА РАНА – настанува со убод со шилест предмет
- Да се измијат рацете со сапун, пред и потоа
- Ако раната е контаминирана да се измие под млаз вода
- Ако раната крвари да се направи компресија
- Да се стави поголема количина антисептик
- Да се покрие со стерилен завој
- Да се повика ИМП
 РАЗДЕРОТИНА - настанува со делување на некоја тапа сила
- Миење на рацете со сапун, пред и потоа
- Плакнење со млаз вода
- Компресија на раната доколку крвари
- Поголема количина антисептик
- Затварање на раната со завој
- ИМП
 РАНИ СО СТРАНИ ТЕЛА
- Миење на рацете со сапун, пред и потоа
- Ако смета облеката на повредениот таа треба правилно да се одстрани
- Да не се отстрануваат страните тела од раната, со цел да се избегне пообилно
крварење
- Ако раната крвари се прави притисок околу раната (НИКАКО врз раната)
- Обилно се става антисептик
- ИМП
- Изгореници – Combustii
- Изгорениците претставуваат оштетување на кожата, поткожното и
подлабоките ткива,
- под дејство на висока температура кое дава реперкусија на општата
состојба на
- организмот. Може да настанат на два начина: - со директен допир на
загреаното
- тврдо, течно или гасовито тело (загреан метал,пегла,цигла, врело млеко,
врела вода,
- зејтин, прегреана водена пареа, врели гасови итн.) или индиректно со
топлотни зраци
- – сончеви зраци, ултравиолетови, инфрацрвени, зрачење со кварц лампа
итн. Во
- зависност од тоа колку длабоко се оштетени ткивата, и дали спонтано може
да дојде
- до епителизација, изгорениците ги делиме на површни и длабоки. Класична
поделба
- на изгорениците е на 4 степена:
-  I степен – Combus+o erithematosa
-  II степен – Combus+o bullosa
-  III степен – Combus+o escharo+ca
-  IV степен – Carboni@ca+o
- Длабочината на изгорениците, односно нивниот степен зависи од висината
на
- температурата на телото што ја нанесува и време на траење на дејствието.
Колку
- повисока е температурата на предметот и колку е подолго времето на
дејствување –
- толку изгореницата е подлабока односно толку е повисок степенот. Ако
помалку
- загреан предмет подолго време делува на телото, може да даде изгореница
од
- повисок степен, отколку предмет со повисока температура ако дејствува
краткотрајно.
- Степените на изгорениците имаат своја карактеристика и клиничка слика.
- I степен – Combustio erithematosa
- Изгорениците од прв степен претставуваат најлесно оштетување, при што
зафатен е
- само површниот слој на кожата. Местото каде што настанала изгореницата
е црвено,
- болно и отечено, отеченото место станува бело при допир. Овој степен на
изгореници
- не бара некое посебно лекување и често завршува со санација без никакви
последици.
- Понекогаш поради чувството на болка и печење може да се даде
симптоматска
- терапија и како помош, да се излади изгорената површина (ладна вода) и
ова ладење
- треба да се изведува најмалку 30 минути.
- Изгореници – Combustii
- Изгорениците претставуваат оштетување на кожата, поткожното и
подлабоките ткива,
- под дејство на висока температура кое дава реперкусија на општата
состојба на
- организмот. Може да настанат на два начина: - со директен допир на
загреаното
- тврдо, течно или гасовито тело (загреан метал,пегла,цигла, врело млеко,
врела вода,
- зејтин, прегреана водена пареа, врели гасови итн.) или индиректно со
топлотни зраци
- – сончеви зраци, ултравиолетови, инфрацрвени, зрачење со кварц лампа
итн. Во
- зависност од тоа колку длабоко се оштетени ткивата, и дали спонтано може
да дојде
- до епителизација, изгорениците ги делиме на површни и длабоки. Класична
поделба
- на изгорениците е на 4 степена:
-  I степен – Combus+o erithematosa
-  II степен – Combus+o bullosa
-  III степен – Combus+o escharo+ca
-  IV степен – Carboni@ca+o
- Длабочината на изгорениците, односно нивниот степен зависи од висината
на
- температурата на телото што ја нанесува и време на траење на дејствието.
Колку
- повисока е температурата на предметот и колку е подолго времето на
дејствување –
- толку изгореницата е подлабока односно толку е повисок степенот. Ако
помалку
- загреан предмет подолго време делува на телото, може да даде изгореница
од
- повисок степен, отколку предмет со повисока температура ако дејствува
краткотрајно.
- Степените на изгорениците имаат своја карактеристика и клиничка слика.
- I степен – Combustio erithematosa
- Изгорениците од прв степен претставуваат најлесно оштетување, при што
зафатен е
- само површниот слој на кожата. Местото каде што настанала изгореницата
е црвено,
- болно и отечено, отеченото место станува бело при допир. Овој степен на
изгореници
- не бара некое посебно лекување и често завршува со санација без никакви
последици.
- Понекогаш поради чувството на болка и печење може да се даде
симптоматска
- терапија и како помош, да се излади изгорената површина (ладна вода) и
ова ладење
- треба да се изведува најмалку 30 минути.
- Изгореници – Combustii
- Изгорениците претставуваат оштетување на кожата, поткожното и
подлабоките ткива,
- под дејство на висока температура кое дава реперкусија на општата
состојба на
- организмот. Може да настанат на два начина: - со директен допир на
загреаното
- тврдо, течно или гасовито тело (загреан метал,пегла,цигла, врело млеко,
врела вода,
- зејтин, прегреана водена пареа, врели гасови итн.) или индиректно со
топлотни зраци
- – сончеви зраци, ултравиолетови, инфрацрвени, зрачење со кварц лампа
итн. Во
- зависност од тоа колку длабоко се оштетени ткивата, и дали спонтано може
да дојде
- до епителизација, изгорениците ги делиме на површни и длабоки. Класична
поделба
- на изгорениците е на 4 степена:
-  I степен – Combus+o erithematosa
-  II степен – Combus+o bullosa
-  III степен – Combus+o escharo+ca
-  IV степен – Carboni@ca+o
- Длабочината на изгорениците, односно нивниот степен зависи од висината
на
- температурата на телото што ја нанесува и време на траење на дејствието.
Колку
- повисока е температурата на предметот и колку е подолго времето на
дејствување –
- толку изгореницата е подлабока односно толку е повисок степенот. Ако
помалку
- загреан предмет подолго време делува на телото, може да даде изгореница
од
- повисок степен, отколку предмет со повисока температура ако дејствува
краткотрајно.
- Степените на изгорениците имаат своја карактеристика и клиничка слика.
- I степен – Combustio erithematosa
- Изгорениците од прв степен претставуваат најлесно оштетување, при што
зафатен е
- само површниот слој на кожата. Местото каде што настанала изгореницата
е црвено,
- болно и отечено, отеченото место станува бело при допир. Овој степен на
изгореници
- не бара некое посебно лекување и често завршува со санација без никакви
последици.
- Понекогаш поради чувството на болка и печење може да се даде
симптоматска
- терапија и како помош, да се излади изгорената површина (ладна вода) и
ова ладење
- треба да се изведува најмалку 30 минути.

Изгореници – Combustii
Изгорениците претставуваат оштетување на кожата, поткожното и подлабоките ткива, под
дејство на висока температура кое дава реперкусија на општата состојба на организмот.
Може да настанат на два начина: - со директен допир на загреаното тврдо, течно или
гасовито тело (загреан метал,пегла,цигла, врело млеко, врела вода, зејтин, прегреана
водена пареа, врели гасови итн.) или индиректно со топлотни зраци – сончеви зраци,
ултравиолетови, инфрацрвени, зрачење со кварц лампа итн. Во зависност од тоа колку
длабоко се оштетени ткивата, и дали спонтано може да дојде до епителизација,
изгорениците ги делиме на површни и длабоки. Класична поделба на изгорениците е на 4
степена:

 I степен – Combustio erithematosa


 II степен – Combustio bullosa
 III степен – Combustio escharotica
 IV степен – Carbonificatio

Длабочината на изгорениците, односно нивниот степен зависи од висината на


температурата на телото што ја нанесува и време на траење на дејствието. Колку
повисока е температурата на предметот и колку е подолго времето на дејствување –
толку изгореницата е подлабока односно толку е повисок степенот. Ако помалку загреан
предмет подолго време делува на телото, може да даде изгореница од повисок степен,
отколку предмет со повисока температура ако дејствува краткотрајно.
Степените на изгорениците имаат своја карактеристика и клиничка слика.

I степен – Combustio erithematosa


Изгорениците од прв степен претставуваат најлесно оштетување, при што зафатен е
само површниот слој на кожата. Местото каде што настанала изгореницата е црвено,
болно и отечено, отеченото место станува бело при допир. Овој степен на изгореници не
бара некое посебно лекување и често завршува со санација без никакви последици.
Понекогаш поради чувството на болка и печење може да се даде симптоматска терапија
и како помош, да се излади изгорената површина (ладна вода) и ова ладење треба да се
изведува најмалку 30 минути.

II степен – Combustio bullosa


Зафатени се подлабоките слоеви на кожата до терминативниот слој, притоа корените на
влакната, потните и лојните жлезди и нервните завршетоци не се уништени.
Карактеристично за овој степен на изгореници е појавата на меури – були, кои што се
исполнети со бистра течност – плазма. “Кожата” што ја покрива булата е уништена
(изгорена) кожа која е подигната од подлогата. Понекогаш меурите прснуваат и дното на
булите е црвено и покриено со плазма (често згрушена). Целата површина што е
изгорена е болна, натечена, со делови на изгореници од прв степен. Овој степен на
изгореници бара хируршки третман, отворен или затворен метод на третирање,
антибиотици, средства против болки. Доколку не се инфицира, наполно заздравува со
спонтана епителизација без да остави лузна. Епителизацијата започнува од
периферијата (работ) на изгореницата, додека не се покрие целата оштетена површина.

III степен – Combustio escharotica


Тука е уништена кожата по целата своја длабина заедно со сите лојни и потни шлезди,
матриксот навлакната, завршетоците на осетните нерви и дел од поткожното ткиво.
Изгорената површна е сивкасто-бела и неосетлива поради уништените нервни
завршетоци. Лекувањето се состои од хируршка обработка соотстранување на
уништеното ткиво и примарна трансплантација на кожа или конзервативно по отворена
или затворена метода кога има делови од II степен на изгореници, а меѓу себе не се јасно
ограничени и се чека да настане демаркација на изгореници од III степен, со ексцизија и
секундарна трансплантација на кожа врз свежо гранулационо ткиво. Овие изгореници
зараснуваат со лузна, и доколку се инфицираат лузните се многу груби, лекувањето трае
долго и најчесто бараат секундарни пластични корекции. Овде исто така се даваат
антибиотици.
IV степен – Carbonificatio
Уништивањето на ткивото при овој степен на изгореници е многу длабоко и многу тешко,
до јагленисување. Зафатени се кожата, поткожното ткиво, мускулните фации,
мускулатурата, а понекогаш е јагленисана и коската. Лекувањето е хируршко со ексцизија
и примарна или секундарна трансплантација. Секогаш остануваат лузни, а понекогаш и
инвалидитет.

ФРАКТУРА-СКРШЕНИЦА
ЗНАЦИ НА ФРАКТУРА НА раце или нозе:

 Болка,
 Неможност за движење на повредениот екстремитет,
 Оток на местото на фрактура. Не е секогаш присутна.
 Деформација на екстремитетите. Не е секогаш присутна. Ако има сигурен знак на
фрактура.
 Самото сомневање за можност за фрактура бара постапка како да постои
фрактура.
ПОСТАПКА:
Ако скршениот екстремитет е деформиран, обидете се да го исправите со надолжно
истегнување. Нежно повлечете два соседни зглоба во спротивни насоки. Оваа постапка
не треба да биде насилна и треба да се прекине ако наидете на отпор или силна болка.
Неправилното ракување со скршен екстремитет може да доведе до оштетување на
крвните садови, нервите и другите ткива или да ја претвори затворената фрактура во
отворена.

Скршената коска мора да биде имобилизирана пред да се пренесат повредените.


Доколку е достапна итна медицинска помош, најдобро е да се остави имобилизација и
транспорт на професионалци. Повреденото лице мора да се одмори додека не пристигне
помошта.

За отворени фрактури, покријте ја раната со стерилна газа и прицврстете го сето тоа


заедно со завој. Ако скршената коска излегува од раната, таа не смее да се врати во
својата природна положба со истегнување на екстремитетот, туку имобилизирана во
пронајдената позиција откако раната е преврзана.
ИСТЕГНУВАЊЕ
Пред транспортот во болница, имобилизирајте го зглобот во положбата во која сте го
нашле.

Не обидувајте се сами да го прилагодите истегнатиот зглоб.

ПРЕВИТКУВАЊЕ НА ЗГЛОБ
Често се случува при одење и трчање по нерамен терен. Постои остра болка, а потоа и
оток на зглобот. Непријатноста може да се олесни со ладна облога или мраз. Ногата
треба да се потпира во покачена положба. Во тешки случаи, потребен е лекарски
преглед.

ЕПИЛЕПЦИЈА И ЕПИЛЕПТИЧНИ НАПАДИ


Епилепсија е состојба на мозокот (невролошка состојба) што се манифестира со
епилептични напади. Епилептичен напад е нарушување на електричната комуникација
меѓу невроните. Епилепсија се дијагностицира откако лицето имало најмалку два
епилептични напада во рок од 24 часа, кои не биле предизвикани од некоја позната
здравствена состојба.
ЕПИЛЕПТИЧНИ НАПАДИ
Постојат различни видови напади, но сите тие започнуваат во мозокот. Нападите се
манифестираат со губење на свеста, грчење и неартикулирани движења на телото и
екстремитетите, а се предизвикани од нарушувања во електричната активност на
мозокот.
ВИДОВИ ЕПИЛЕПТИЧНИ НАПАДИ
Постојат три главни вида епилептични напади, понатаму поделени во групи, според
местото во мозокот каде што започнуваат, и тоа:

 ГЕНЕРАЛИЗИРАНИ НАПАДИ Овие напади започнуваат и се случуваат во двете


хемисфери на мозокот во исто време. Генерализирани напади се манифестираат
со конвулзија, грчеви, отсуство на свест или губење на мускулниот тонус.
 ФОКАЛНИ НАПАДИ Терминот се користи за прецизирање на местото во мозокот
каде што започнуваат нападите. Фокалните напади можат да започнат во еден дел
на мозокот или во едната хемисфера од мозокот. Две третини од нападите
започнуваат како фокални напади и стануваат генерализирани, додека една
третина започнуваат како генерализирани напади.
 НЕПОЗНАТИ НАПАДИ Кога почетокот на нападот во мозокот не е познат, се
нарекува напад со непознат почеток.
Знаците и симптомите на нападите варираат во зависност од видот на нападот.
Најчестиот тип напади (60 %) се КОНВУЛЗИВНИ НАПАДИ, односно овие напади се
проследени со грчење и неконтролирани движења на телото и екстремитетите. Се
случуваат ненадејно и без предупредување, а за време на нападот лицето комплетно ја
губи свеста. Нападот може да трае од 10 до 30 секунди, или 2-3 минути. Другите 40 % од
нападите се НЕКОНВУЛЗИВНИ НАПАДИ, односно се проследени само со делумно или
комплетно губење на свеста.
Некои напади се предизвикани од здравствени причини, како што е нискиот крвен шеќер
(хипогликемија) или промената на начинот на кој работи срцето. Овие напади не се исти
со епилептичните напади. Постојат и други видови напади што изгледаат како
епилептични напади, но тие не започнуваат во мозокот пред и за време на нападот. Траат
околу 10 секунди. Лицето може да доживува различни сензации пред нападот, а
препознавањето на симптомите е знак дека лицето треба да се смести во удобна
положба.
УПАТСТВА ЗА АСИСТЕНЦИЈА И ПОМОШ ПРИ НАПАД
Постои едноставен процес од неколку чекори за справување со напади, главната цел е
безбедноста на лицето со епилептичен напад.
ОБЕЗБЕДЕТЕ ГИ УСЛОВИТЕ ВО СРЕДИНАТА! Доколку нападот е проследен со грчење и
неартикулирани движења на телото, обезбедете мека подлога и перница и поставете ги
до лицето што доживува напад. Поместете ги потенцијалните опасни предмети.
ОСТАНЕТЕ БЛИСКУ! Никогаш не оставајте го само лицето за време на нападот.
ЧУВАЈТЕ ГИ ПРСТИТЕ И ДРУГИТЕ ПРЕДМЕТИ ПОДАЛЕКУ ОД УСТАТА НА ЛИЦЕТО СО
НАПАД Честа заблуда е дека лицето што има напад ќе го проголта својот јазик и ќе
престане да дише. Ова едноставно не се случува. Никогаш не ставајте ништо во устата
на лицето што доживува напад. Посебно не сопствените прсти!
КОРИСТЕТЕ ЈА ПОЗИЦИЈАТА ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ! Наместете го лицето во положба за
закрепнување и заштитете ја главата со нешто меко.
ПРОВЕРЕТЕ ГИ ДИШЕЊЕТО И РАБОТАТА НА СРЦЕТО Начинот на кој лицето дише за
време и по нападот, како и условите во кои се случил нападот, ќе бидат корисни
информации за медицинскиот тим повикан за интервенција.
ДАЈТЕ ГИ ПОТРЕБНИТЕ ЛЕКОВИ По нападот, во зависност од видот и времетраењето
на нападот, лицето може да биде збунето или во безсознание извесен период.
ПОВИКАЈТЕ ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Постојат околности кога ќе треба да се јавите
во брза помош за интервенција, и тоа:

 Првиот пат кога лицето има напад


 Ако нападот трае подолго од пет минути
 Ако нападот е предизвикан од повреда на главата или се случува во вода
 Ако дишењето на лицето не е нормално по нападот, или ако има синило околу
усните
Кога ќе пристигне медицинската помош, објаснете ја со свои зборови природата на
нападот и пробајте да ја идентификувате причината.
ЧУВАЈТЕ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ВРЕМЕТО И ОКОЛНОСТИТЕ НА НАПАДОТ Опишете ги со
свои зборови знаците и симптомите пред нападот (однесувањето и реакциите на лицето
пред нападот). Опишете ги со свои зборови симптомите за време на нападот (грчење,
губење на мускулниот тон, губење на свеста, некоординирано и неартикулирано тресење,
положба на телото за време на нападот и слично). Опишете ги со свои зборови знаците и
симптомите по нападот (однесувањето и реакциите на лицето по нападот) Овие
информации, ќе бидат корисни за медицинскиот тим доколку е повикан за интервенција.

Дехидрирање и дијареа кај деца, превенција и третман


Што е дијареа?

Дијареата е многу чест проблем кај бебиња и деца. Обично има блага форма и кратка.
„Акутна“ дијареа трае помалку од 1 недела и не подолгo од 14 дена.

Детето има дијареја ако има позабрзана перисталтика на дебелото црево од вообичаено
и ако столиците се помалку формирани и повеќе водени. Понекогаш, децата со дијареа
имаат други симптоми, како што се треска, губење на апетит, гадење, повраќање, болки
во стомакот, грчеви и крв и / или слуз во столицата.

Дијареата може да биде опасна ако не се води правилно затоа што дава губиток на вода
и соли од телото на детето. Ако овие течности не се надокнадат брзо, детето може да
стане дехидрирано и можеби ќе треба да биде хоспитализирано.

Како се шири дијареата?

Бактериите/вирусите, кои предизвикуваат дијареа, се шират лесно од личност до личност,


а особено од дете до дете. Обично се шират брзо кај мали деца, кои не научиле да го
користат тоалетот.

Што предизвикува дијареа?

Постојат многу различни причини за дијареа. Најчести се вирусни инфекции.

Како може да се спречи дијареа?

Правилното миење на рацете и безбедно ракување со храна се најдобри начини за да се


спречи ширењето на бактериите кои предизвикуваат дијареја.

Што да се прави ако детето има дијареја?


Децата со дијареа треба да продолжат да пијат одредена количина на течности за да
избегнат дехидрираност.
• Ако детето е на исхрана со млечна формула, не се разредуваат оброците со
формулата. Се продолжува со исхрана со формула и му се нуди на  детето храна што тој
или таа ја јаде нормално.
• На која било возраст, ако детето не зема друг вид на  течности, треба да се понуди со
раствор за орална хидратација (ORS), покрај препораките за хранење.

Што е дехидрација?

Дехидрирањето е предизвикано од губење на течности во телото, кои се состојат од вода


и соли. Кога децата имаат дијареа, тие можат да изгубат голема количина на соли и вода
од нивните тела и многу брзо може да дехидрираат.  Децата можат да  дехидрираат уште
побрзо ако повраќаат.Дехидрирањето може да биде многу опасно, особено за бебиња и
мали деца.

Кои се знаците на дехидрација?

Во колку кај дететео се забележат знаци за дехидрирање, треба да се однесе на лекарски


преглед. Знаци на дехидрираност вклучуваат:

• намалено мокрење (помалку од 3 влажни пелени за 24 часа кај постари деца)


• зголемена жед
• отсуство на солзи
• сува кожа, уста и јазик
• побрзо чукање на срцето
• потонати очи
• сивкаста кожа
• вовлечена голема фонтанела на главата на доенчето.

Здравите деца можат да плукаат, повраќаат или да имаат потечна столица еднаш во
денот, без да бидат во опасност да бидат дехидрирани.

Што е раствор за орална рехидратација?

Орален раствор за рехидратација (ОРС) е мешавина од вода, соли и шеќер во одредени


количини. Овие раствори може да се ресорбираат дури и кога детето има повеќе столици
или повраќање.

Растворите за орална рехидратација може да се користат за:

• одржување на децата добро хидрирани, дури и кога имаат бројни столици.


• надополнување на  изгубените течности кога децата покажуваат знаци на блага
дехидрација.

Препарати за орална рехидратација се достапни во аптеките во готови форми за


употреба. Најдобро е да купи ОРС што веќе е растворен.
За првите 4 часа орална рехидратација (за блага дехидрација)
-Над 2-годишна возраст најмалку 125 до 250 мл секој час. Ако детето одбива да го земе
ОРС-от преку чаша или шише, растворот се дава со помош на капалка, шприц, мала
лажичка.

Ако детето повраќа, треба да се престане со храна и други течности, но се продолжува да


се дава ОРС со лажица.
• Се дава 15 ml (1 лажица ) на секои 10 -15 минути додека не престане повраќањето.
• Постепено се зголемува количината на ОРС додека се задоволат дневните потреби од
течности
• Ако детето продолжува со повраќање подолго од 4 до 6 часа, неопходно е да се однесе
во болница.

Од 4 часа до 24 часа: Фаза на обновување

• Се продолжува со давање на  орален раствор за рехидратација сè додека дијареата не


стане поретка.
• Редовната исхрана на детето продолжува, доколку нема повраќање.
• Кога повраќањето се намалува, важно е детето да се дои како што е вообичаено, да пие
формула или полно млеко или да јаде редовна храна во мали, чести оброци.

Што треба да се избегнува да му се дава?

• Не се даваат шеќерни пијалоци како овошен сок или засладени овошни пијалоци,
газирани пијалоци , засладен чај, супа или оризова вода. Тие немаат соодветни количини
на вода, соли и шеќер и можат да ја влошат дијарејата кај детето.
• Ако детето има честа дијареа, треба да се провери дали пие раствор за орална
рехидратација (не само обична вода) и каква храна јаде. Се препорачува храна со
сложени јаглени хидрати, посно месо и овошје и зеленчук. Пиењето само вода може да
доведе до ниско ниво на шеќер во крвта или ниско ниво на натриум во крвта на детето.
Родителот треба да се консултира со матичниот лекар, пред да се дадат какви било
лекови без рецепта за  третман на  дијареата.

Кога треба родителот да се јави на лекар?

• има болки во стомакот кои се влошуваат.


• има крвави или црни столици.
• повраќа крв или жолчка.• одбива да пие.
• сè уште повраќа и не може да пие по 4 до 6 часа.
• има дијареја и треска.• има знаци на дехидрираност.
• Ако детето повраќа зелена жолчка, треба веднаш да се однесе во болница.

Дијарејата што трае повеќе од 1 до 2 недели не се смета за акутна дијареа. Тогаш треба
да се разговара со матичниот лекар, за натамошни иследувања.

ТРУЕЊЕ СО ХРАНА
Труењето со храна или вода е често заболување кое се јавува како резултат на
внесување на храна или вода која содржи бактерии, паразити, вируси или токсини
создадени од овие микроорганизми. Симптомите најчесто се манифестираат во тек на 24
часа, неочекувано, набргу по консумирање на загадената храна. Ова заболување може
да се јави кај еден човек или кај група луѓе кои јаделе од истата контаминирана храна.

Труењето со храна може да се јави во кој било период од годината, но несомнено пикот го
достигнува во топлите месеци. Една од причините е состојбата на временските услови.
Високите температури и влажноста во летниот период им овозможуваат на бактериите да
се размножат многу брзо и во голем број. Штом ова ќе се случи, оној што ќе ја проба
контаминираната храна многу веројатно е дека ќе се разболи. Друга причина е
зголемената активност на луѓето. Во лето се зголемува бројот на луѓе кои готват надвор,
одат на пикник или кампуваат. Со тоа кујнската комфорност (фрижидерот, термостатот за
контролирање на готвењето, машината за миење садови) најчесто не е достапна

Труењето со храна најчесто се јавува при јадење и пиење на:

 Храна приготвена од готвач кој не одржува постојана и соодветна хигиена на рацете;


 Храна приготвена со помош на контаминиран кујнски прибор;
 Млечни производи или храна која содржи мајонез, а кои се чуваат надвор од фрижидер
подолго време;
 Замрзната храна која не е чувана на соодветна температура;
 Сирова риба и остриги;
 Свеж зеленчук и овошје кои не се соодветно измиени;
 Недоволно термички обработени јајца и месо;
 Вода од бунар или поток која не е претходно прочистена;
 Месни производи контаминирани со бактерии преку ингестирање на микроорганизмот од
страна на животното чие месо се употребува;
 Вода која содржи фекалии, а се користи за наводнување на растенијата.

Постојат голем број микроорганизми кои предизвикуваат труење со храна, но најчести се


Симптомите зависат од изворот и причинителот на контаминација. Повеќето типови на
труење предизвикуваат еден или повеќе од следните симптоми:

 Гадење;
 Повраќање;
 Дијареја;
 Грчеви и болки во стомакот;
 Висока температура;
 Треска;
 Слабост.

Симптомите може да се јават неколку часа до неколку дена по консумацијата на


контаминираната храна, а да перзистираат од 1 до 10 дена.

Најчеста компликација е дехидратацијата. Помалку застапени, но посериозни


компликации се артритис, крварење, оштетување на нервниот систем, проблеми со
бубрезите, оток или иритација на ткивото околу срцето

Веднаш треба да се обратите во најблискиот здравствен центар доколку имате:

 Крв или гној во столицата;


 Дијареја, а притоа не можете да пиете течности поради гадење и повраќање;
 Температура над 38 степени пропратена со дијареја;
 Знаци за дехидратација (жед, вртоглавица, главоболки);
 Дијареја која не се подобрува по 5 дена;
 Дете кое повраќа повеќе од 12 часа (кога станува збор за бебе до 3 месеци, треба да
одите на лекар веднаш штом ќе започне дијарејата или повраќањето);
 Труење од риба или печурки, ботулизам.

ПРЕПОРАЧЛИВО

1. Одморете го желудникот. Да не се јаде неколку часа.


2. Внес на многу вода. Возрасните треба да пијат од 8 до 16 чаши вода дневно, но во
помали количини повеќе пати за да се спречи дехидратација. Ќе знаете дека
внесувате доволно вода кога ќе почнете да уринирате нормално, а бојата на урината
од темна ќе премине во нормална.
3. Јадење лесна храна. По неколку часа одмор на желудникот, треба да се внесува
храна која лесно се вари, како бисквити, тост, желатин, банани, ориз. Но, треба да
прекинете со јадење доколку ви се врати нагонот за повраќање.
4. Избегнување одредена храна и супстанции додека не се чувствува подобро.
Станува збор за млечни производи, кофеин, алкохол, никотин, како и тешка мрсна
храна.
5. Одмор. Самата болест и дехидратацијата може да ве направи истоштени и
малаксани.
6. Не користете лекови против дијареја. Таквите лекови наместо да ви
помогнат да ја излечите дијарејата, може да ја спречат елиминацијата на
бактеријата или токсинот од вашиот систем и да ви ја влошат состојбата.

You might also like