You are on page 1of 11

Проектна задача по практична настава

Основи на нега

Положби и пренос на болен

Изработила:
Јована Стојанова
II-5
Положби на болен во постела
• Болниот може да зазема:
-Активна положба тој е активен
-Пасивна положба зазема положба во која ќе се најди
-Принудни положби:
*Принудни положби диктирани од болеста
*Придудни положби за олеснување на состојбата
*Принудни положби за преглед на поединечни делови од телото
Придудни положби диктирани од болеста
• Фаулерова се нарекува и седната,полуседната е за болни со пречки во
дишењето,срцеви,белодробни заболувања.За оваа положба се потребни 6-7
перници, ќебе во вид на вањак ,чаршаф здиплен во дијагонала и ѓевречиња
од вата.3 перници во вид на буквата А, 4тата под главата, 2 под рацете
превртени во должина.Под колената се става ќебе и мека
перница,дијагонален чаршаф под стапалата.
• Менингеална кај менингитис воспаление на мозочните обвивки.Овие болни
се свртени во странична положба спротивно од светлината со зафрлена глава
наназад и вкочанет врат нозете се свиткани во колената и колковите.
• Опистотонус кај болни со тетанус е во вид на лак.Болните се потпираат на
тилот и петиците а тораксот абдоменот и екстремитетите се подигнати.
Менингеална положба Опистотонус
Принудни положби за олеснување на
состојбата
• Тренделенбургова се нарекува и автотрансфузија за болни кои искрвариле и
колабитрале.Потребни се 6 перници , напречен чаршаф,напречна мушама,под глава без перница ,
во предел на карлица 1 перница,во пределот на надколеници 2 перници ,потколеници 3
перници,перниците се покриваат болниот се поставува.
• Странична кај болни кои се долго време во кревет се менува страната на секои 2h. Болните се
потпираат со перници свиткани во должина.Пред пациентот 1 помека перница, меѓу нозе
ѓевречињата се ставаат на внатрешната страна на горна нога и надворешната страна на долна
нога.
• Оберхолтова кога болните се со изгореници на грб и глутеусите,лежат на абдомен со рацете во
висина на главата.
• Квинкеова или дренажна со цел насобраниот секрет да се отстрани ,како потежок секретот се
симнува во долните делови од дишните патишта го оневозможува дишењето,устата,ларинксот и
трахејата треба да бидат поставени пониско од насобраниот секрет.Потребно е перница,изолација
за перницата,сад за искашлување,чаша со вода,салфети за бришење .Болниот легнува напречно на
креветот ја спушта главата надолу се потпира со лаките на перницата и искашлува.
Принудни положби за преглед на
поединечни делови од телото
• Гинеколошко акушерска ја заземаат жаните при преглед на
гениталните органи ,при породување и при катетеризација.
• Колетно лакотна при преглед на ректум и простата.
• Посебна положба за децата при преглед на уво нос и грло,
сестрата ги седнува во скутот нозете на детето ги става меѓу
незините нозе со лавата рака ,му ги држи рацете ,а со десната ја
фиксира главата на детето на челото приближена до нејзиното
рамо.
Подготовка на болен
• Болниот се подготвува во боничката соба ако
со количка или носилка се носи на операцџија
на ренгенско или друго испитување да се
пренесе во друго одделение
• Количката или носилката треба да се чисти со
ќебе и мека перница.
Пренос на болен
• Пренесувањето можат да го извршат 2 или 3 лица зависи од здравствената
положба ,подвижноста,тежината на болниот.
• Пренос со 3 лица:
1 лице кое е поблиску до главата со едната рака под главаѕа на типлот а со другата
во пределот на тораксот надлактицата и аксилата
2 лице рацете ги става под сакралниот дел до спротивниот колк
3 лице ги потфаќа нозете со едната рака надколениците со другата потколениците
• Пренос со 2 лица:
1 лице со едната рака во пределот под вратот до аксилата а со другата под под
лумбалниот дел
2 под сакралниот дел и нозете во еден знак го подигаат болниот
Пренос на болен
• Пренесувањето со носилка го вршат најмалку 2 лица.
• Пренесувањето со количка најчесто го врши 1 лице.
• Болниот најчесто се пренесува во хоризонтална положба со
рацете покрај грбот,
• Кога се тргнува се оди во рацчекор, при спуштање на носилката
тежината се пренесува на десното колено, а при подигање на
левото колено.
• Кога се качува по скали главата оди наспред,
• Кога се симнува по скали гавата е на горната страна.
Поместување на тежок болен
• Кај неподвижни пациенти помесувањето се врши за да се намести креветот,да
се промени постелнината.
• Нaјчесто го изведува една мед.сестра во 3 потега:
1 потег со едната рака под вратот и аксилата др.во висина на
надлактицата,тораксот болниот се помесува до раб на кревет
2 потег едната рака под сакралниот дел другватс под глутеусот односно во
горниот дел на надлактицата
3 потек едната рака во предел на натколеница другата во предел на потколеница
• Пренос со 2 лица во 1 потег:
1 лице со едната рака под вратот и аксилата а со другата под лумбалниот дел
2 лице едната рака под сакралниот дел а другата под колената
Подигање од хоризонтална во седната
положба и завртување на тежок болен
• Сестрата се врти со лицето кон пациентот го фаќа под аксилата од
задната страна до рамото, болниот се придржува за надлактицата
на сестрата, а со другата рака се потпира на душекот во вид на
тупаница.
• Пасивен болен се заврува во 1 потег, сестрата застанува од
спротивната страна на болниот ,му ги прекрстува рацете преку
градите и нозете ги витка во колената го фаќа под тораксот во
висина на надлактицата,лопатката со аксилата, а со другата рака
под сакралниот дел од колкот ,малку го повлекува кон себе го врти
на спротивната страна сестрата се потпира со едната нога на
креветот.

You might also like