You are on page 1of 8

НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

1. Примена на здравствена нега на нехоспитализрани болни.


*На ниво на амбулантно поликлиничка здравствена заштита

*на ниво на домашна нега


*на ниво на дневна болница
*поливалентна патронажна дејност
2. Каде се одвива здравствената нега на невролошки пациент во
хоспитализирани услови?
*единици за интензивна нега
*единици за полуинтензивна нега
*единици за самонега
3. Клиничкиот преглед е еден од основните и најстарите начини на
дијагностицирање на невролошките заболувања исто така претставува и
вовед во поставувањето на дијагнозата.
4. Во дијагностицирањето на невролошките заболувања се започнува co
земање на анамнеза, се продолжува co клинички преглед и се завршува
co спроведување на најразлични дијагностички испитувања.
5. Анамнезата е начин на собирање на податоци за болниот.
Се започнува co:
5.1 Anamnesis morbi се состои во собирање на:
*идентификациони податоци за болниот.
*општи податоци (здравствената состојба, информираноста за своето
заболување, степенот на здравствената култура, фамилјарната подршка и
друго).
*специфични податоци (за моменталната и поранешната здравствена
состојба на болниот, за главните тегоби)
5.2 Anamnesis vitae опфаќа податоци кои го опишуваат животниот пат на
болниот co сите заболувања прележани
5.3 Фамилјарна анамнеза има големо значење за откривање на
хередитарните заболувања.
6. Сите анамнестички податоци сестрата ги собира co водење на интервју и
посматрање на болниот.
7. Посматрањето ни овозможува регистрирање на промени кај болниот кои
отстапуваат од нормалното физилошко функционирање co помош на
нашите сетива.
8. Посматрањето се спроведува од страна на медицинската сестра
ненаметливо, дискретно, ненападно и неприметно.

1
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

9. Во посматрањето сестрата се служи co:


*инспекција
*палпација
*аускултација
*перкусија
10.Сестрата го посматра:
*надворешниот изглед на болниот од главата до екстремитетите,
*посматрање на големите телесни системи
*посматрање на психофизичкото функционирање.
11.Собраните податоци сестрата ги анализира, ги дефинира проблемите и
потребите на болниот, го прави планот за здравствена нега, поставува
сестринска дијагноза, ги одредува целите кои сака да ги постигни, ги
планира интервенциите, ги спроведува планираните интервенции и ја
евалуира својата работа.
12.После собраните податоци анамнестички, лекарот пристапува кон преглед
на болниот а сестрата учествува co асистенција на лекарот во
изведувањето на прегледот.
13.Невролошкиот преглед се спроведува по следниов редослед:
*општ изглед
*соматски преглед
*преглед на главата
*вратот
*кранијални нерви
*торакс и абдомен
*екстремитети
*рефлекси
14.Рефлексите се делат на:
*мускулни или длабоки рефлекси
*површни
*постурни
*патолошки
*вегетативни
*условни
15.Мускулните (тетивни ) рефлекси се добиваат co удар co чеканче за
испитување на рефлекси по тетивата на мускулот, по самиот мускул или на
коската на која е припоен мускулот.

16.Кај мускулните (тетивните) рефлекси се евидентира брз трзај како


резултат на рефлексна контракција на мускулот на истегнување.

2
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

17.Познати мускулни (тетивни) рефлекси се:


17.1Мандибуларниот рефлекс-од болниот бараме лесно да ја подотвори
устата, го ставаме палецот на брадата на болниот и co чеканчето
удираме на палецот.
17.2Рефлекс на м. biceps brachii-се зема подлактицата на болниот и се
поставува на левата подлактица на испитувачот чии палец од истата
рака се поставува во кубиталната јама. Co десната рака испитувачот
удира co чеканчето по палецот и ќе предизвика рефлексна
контракција на biceps brahii кој ќе предизвика флексија на
подлактицата.
17.3Брахиорадијален рефлекс-раката се држи во лесна супинација под
агол од 45° a co чеканчето се удира no долниот дел на подлактицата и
при тоа се добива флексија на подлактицата co супинација на шаките.
17.4Рефлексот на m. triceps brachii-се удира по тетивата веднаш над
олекранонот, се предизвикува рефлексна контракција на мускулот и
екстензија на подлактицата.
17.5Рефлекс на m. quadriceps (patelaren) се осеќа трзај под раката која
испитувачот ја става над мускулот на надколеницата односно лесна
екстензија на подколеницата ако не е фиксирана после удар co
чеканчето измеѓу tuberositas tibiae и patelata.
17.6Рефлекс на м. triceps surae (Ahilov refleks) ce изведува во лежечка
положба co лесно дорзално флектирано стапало и нешто свиткана
нога во коленото како и лесно абдукована. Се удира на ахиловата
тетива па се добива плантарна флексија на стапалото.
18.Мускулните рефлекси по својот интензитет можат да бидат:
*намалени или угасени
*појачани
19.Намалени или угасени рефлекси се јавуваат поради оштетување на
рефлексниот лак или еферентниот неурон.

3
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

19.1Намалени или угасени рефлекси има кај: tabes dorzalis, poliomyelitis,


мускулна дистрофија, миозити, кома, наркоза, тумори во задната
черепна јама и други.
20.Појачани рефлекси имаме кога рефлексниот праг на дразба е намален и е
зголемена брзината на рефлексниот одговор.
20.1Појачани рефлекси се јавуваат при тетанус, труење co стрихнин,
повреди на пирамидалниот пат, во раниот стадиум на полиомиелитис
и други.
21.Површни рефлекси претставуваат контракција на соодветните мускули
при дразба на кожата или слузокожата.
22.Површните рефлекси можат да бидат:
*Абдоминални кожни рефлекси- настануваат поради контракција на
абдоминалната мускулатура при дразба на кожата на абдоменот, кои се
угасени при лезија на пирамидните патишта и тоа при еднострана
повреда.
*Плантарен кожен рефлекс се состои во плантарна флексија на стапалото,
поради дразба предизвикана co тап предмет co кој се повлекува по
стапалото, почнувајќи од петата по работ до прстите па кон внатрешната
ивица на стапалото.
23.Патолошките рефлекси ги нема во физиолошки нормални услови. Се
јавуваат само при патолошки промени во централниот нервен систем.
Таков е рефлексот на Бабински.
23.1Рефлексот на бабински се изведува исто како плантарниот кожен
рефлекс, co тап предмет повлекуваме по надворешната ивица на
стапалото, почнувајќи од петата спрема прстите и потоа спрема
внатрешната страна при кое се добива спора тоничка дорзална флексија
на палецот и лесно ширење на останатите прсти.
23.1.1 Рефлексот на бабински е сигурен знак за оштетување на
пирамидниот пат и Бродмановата зона.

4
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

24.Постуларни (рефлекси на положбата) рефлекси учествуваат во


регулацијата на положбата, ставот и ориентацијата на телото како и на
делови од телото во просторот. Немаат посебно клиничко значење.
25.Вегетативните рефлекси се резултат на реакција на глатката мускулатура
и жлездите кои се нивни ефектори. Рефлексниот лак се состои комплетно
или делумно од влакната на вегетативниот нервен систем. Тоа се
рефлексот на зеницата, вазомоторните реакции, и други.
26.Условните рефлекси се стекнуваат во текот на животот благодарение на
привремените нервни врски, за разлика од безусловните рефлекси кои ги
носиме co себе од нашето раѓање.
27.Сензибилитет се дефинира како способност на поединецот да ги
препознава надворешните дразби, преку дразнење на рецепторите и
пренесување на импулсите по сензитивните влакна на периферните нерви
до medulla spinalis, и од таму по сензитивните патишта до центрите во
големиот мозок, каде што настанува препознавање на типот на дразбата.
28.Сензибилитетот се јавува како болка, чувство на топло и ладно, додир и
длабок сензибилитет односно чувство за положбата на телото и
покретите.
29.Има три вида на сензибилитет:
*површен-ги прима дразбите од површината на телото, од кожата и
слузокожите за болка, топло, ладно и за допир.
*длабок-ги прима дразбите од длабоките ткива и учествува во регулација
на положбата на телото во просторот, болка од длабоките ткива, и друго.
*висцерален-ги пренесува дразбите од висцералните (внатрешните)
органи
30.Болката се испитува така што го допираме лесно болниот co остар или тап
предмет, а тој треба да го опиши интензитетот и видот на
додирот.Промени се од типот на analgesia, hypalgesia i hyperalgesia.

5
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

31.Топло ладно се испитува co ставање на метален предмет на делот од


телото кој го испитуваме, или допир co рака за испитување на топло.
Промените се од типот на thermanesthesia, thermhypesthesia i
thermhyperesthesia.
32.Испитувањето на осетот за додир се прави co прамен на вата или co врвот
на прстот но многу лесно. Болниот треба да го дефинира допирот, видот
на допирот и по можност местото на допирот.
Промените се од типот на: anesthesia, hypesthesia i hyperesthesia.
33.Длабокиот сензибилитет се испитува co поставување на дел од телото во
определена положба а болиот co затворени очи треба да ја погоди и
опише положбата.
34.Пробата прст-нос се користи за испитување на длабокиот сензибилитет
Испитаникот ги затвора очите, рацете ги пружи напред и со показалецот
пробува да го допри врвот од носот.
35.Пробата пета-колено се изведува на начин што co петата од едната нога
да се доближи коленото на другата нога.
36.Пореметувањето на сензибилитетот настанува поради оштетување на
периферните нерви при кое се губи сензибилитетот во зоната на неговата
инервација.
37.При оштетување на едната половина на medulla spinalis имаме на
страната на лезијата оштетен пирамиден пат, а поради оштетување на
спиноталамусниот пат ќе биде оштетен сензибилитетот за болка и
температура на спротивната страна.
38.Оштетувањето на задните снопови на медулла спиналис ќе дадат
оштетување на длабокиот сензибилитет и сензибилитетот за допир на
страната на лезијата. Тоа е т.н. Brown Sequardov- sindrom.
39.На мускулите испитуваме:
*тонус
*мускулната снага

6
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

40.Мускулен тонус е отпорот кој мускулите го даваат при пасивно


истегнување. Тој учествува во одржувањето на положбата на мускулите
како и спремноста за брза контракција и деконтракција.
41.Промените во тонусот се манифестираат како atonia, hypotonia i
hypertonia.
42.Хипертонијата ce јавува како спастична хипертонија која се
карактеризира co еластичен отпор при пасивно истегнување на мускулите
кое во почетокот е поинтензивно и веднаш го намалува интензитетот.
43.Екстрапирамидната хипертонија (ригор) е истовремена контракција на
истегнатиот мускул и на антагонистите. Овај тип на хипертонија не е
снажна, но е co ист интензитет за цело време на пасивните покрети и не
зависи од нивната брзина, и е глобална. Се јавува кај паркинсоновата
болест.
44.Мускулната снага се испитува посебно на секој мускул или во групи на
мускули. Пр: Ако го тестираме m. biceps brachii тогаш на болнуот му се
објаснува да ја флектира подлактицата a испитувачот врши екстензија.
45.По пат на инспекција се евидентира волуменот на мускулите. Промените
се во правец на atrophia или hypertrophia на мускулите.Исто така co
инспекција можат да се видат фасцикулации и контрактури на мускулите.
46.Коегзистенцијата на мускулите може да се евидентира на палпација и
притисок дирекно на испитуваниот мускул при кое може да се провоцира
болка.

47.
'V^(Nervus olfactorius]
Nervus opticus ејвизуелен нерв кој започнува од папилата нбокето, и ја пренооува-Дразбата до
видното поле.во окципиталниот дел на мозокот. Оштетувањата на nervus optikus даваат промени во
јачината на видот, во ширината на видното поле и промени во очното дно.
Промени кои настануваат во јачината на видот ce: amblyopia- оштетување на острината на видот
која неможе да се корегира co корекциони стакла, amaurosis- тотално слепило, hemeralopia- дневно
слепило, nectalopia- ноќно слепило, deltonizam- слепило за бои и skotomi- слепи точки во видното поле.
Губиток на видот во едната половина на видното поле, се нарекува hemianopsija. Доколку
губитокот на видот е на двете видни полиња, обострано во двете леви или во двете десни половини на
видното поле зборуваме за лева или за десна homonimna hemianopsia.
Прегледот на фундусот е многу важен во откривањето на стазата на папилата које е знак на
многу промени во Централниот нервен систем. Најчесто се јавува при зголемен интракранијален
притисок, apcesi, тумори на мозок, тумори на medula spinalis, subduralni hematomi, intracerebralna
hemoragija, encefalitisi, meningoencefalitisi, и други заболувања.

7
НЕВРОЛОГИЈА 1 КОЛОКВИУМ

48.При преглед на зеницата ја посматраме реакцијата на светло и при тоа бараме


од болниот да гледа во далечина а испитувачот ги покрива двете очи, после
кое нагло го открива едното око а другото останува покриено, и ја посматра
реакцијата на светло на зеницата. Нормално заниците реагираат брзо на
светло co собирање (стеснување - miosis ), додека на темно реагираат co
проширување ( mydriasis ). Акомодацијата ја испитуваме барајќим од бонито да
гледа на далеку, а потоа да го фиксира показалецот на раката на испитувачот
кој се приближува на неколку сантиметри од од ожите на болниот и се
посматраат зениците дали г пратат прстот.
49.

50.Ггг
51.гг

You might also like