You are on page 1of 13

СЕМИНАРСКА ЗАДАЧА

Тема: Воспалително ревматски заболувања


Предмет: Интерна медицина 1

Ментор: Изработил:
Николина Тренчевска Валентин Камнароски
1 Содржина
2 Специфични воспалително ревматски заболувања: ................................................................. 3
3 Дијагностички процедури за докажување на ревматски заболувања..................................... 4
3.1 Анамнестички податоци ....................................................................................................... 4
3.2 Физикален преглед ............................................................................................................... 4
3.3 Дополнителни испитувања .................................................................................................. 4
4 Воспалителни ревматски болести ............................................................................................... 5
4.1 Идиопатски артритис ............................................................................................................ 5
4.1.1 Ревматоиден артритис .................................................................................................. 5
4.1.2 Анкилозирачки спондилитис (бехтерова болест) ...................................................... 7
4.2 Инфективен артритис ............................................................................................................ 8
4.3 Уричен артритис (ГИХТ) ........................................................................................................ 9
5 Дегенеративни ревматски болести ........................................................................................... 11
5.1 Остеоартрози ....................................................................................................................... 11
5.2 Дегенеративни заболувања на ‘рбетниот столб .............................................................. 11
6 Нега на болен со воспалтелно ревматски заболувања ........................................................... 12
7 Користена литература: ................................................................................................................ 13

2
2 Специфични воспалително ревматски заболувања:

o Остеоартритис (остеоартроза)
o Ревматоиден артритис
o Спондилоартропатии
o Саркоидоза
o Ревматска грозница
o Системски лупус еритематозус
o Гихт
o Пирофосфатна артропатија
o Бактериски артритис
o Гонореја
o Вирусен артритис
o Лајмска болест
o Хипертрофична остеоартропатија
o Ревматична полимијалгија
o Инфекција со ХИВ
o Траума
o Референци

аса

Сл.1: Најчести предиспозициони места

3
3 Дијагностички процедури за докажување на ревматски
заболувања

3.1 Анамнестички податоци

 Старост
 Пол
 Раса
 Општи симптоми (покачена температура, утринска вкочанетост, исип, афекции на
нервен и кардиоваскуларен систем...)

3.2 Физикален преглед

 Инспекција
 Палпација
 Испитување на подвижност
 Остуство или присуство на оток, црвенило, локална болка...

3.3 Дополнителни испитувања


 Лабараториски анализи;
 Аспирација и анализирање на синовијалната течност;
 Серолошки тестови;
 Конвенциона радиографија;
 Ултразвучна дијагностика;
 Компјутерска томографија (КТ);
 Магнетна резонанца (МР);
 РТГ наоди сл.

4
4 Воспалителни ревматски болести

4.1 Идиопатски артритис

4.1.1 Ревматоиден артритис

 Ревматоидниот артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која


предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата
околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата најчесто
на синовијалните зглобови.
 Најчести главни симптоми се болката и вкочанетоста на зафатениот зглоб.
Вкочанетоста кај активниот ревматоиден артритис типично се влошува наутро,
но може да се појави било кога и да трае од еден до два часа, па и цел ден.

Други симптоми кои се појавуваат кај ревматоидниот артритис се:

o губење на енергија;
o малку зголемена температура;
o губење на апетит;
o анемија и замор;
o често потење;
o губење на телесната маса;
o нарушување на сонот;
o ревматоидни јазли (чворчиња) под кожата на места како што се лактот
и шаките.

Сл.2: Дланка со напредна форма на ревматоиден артритис

5
 Типични деформитети во касна фаза на болеста се: улнарна девијација,
лебедов врат, “Z-thumb”- на зглобовите на прстите.
Покрај тоа често се афектирани и рачниот зглоб, лакотниот зглоб, рамениот
зглоб, колковите и зглобовите на коленото. Може да биде зафатен и
темпоромандибуларниот зглоб.

Сл.3: Рентгенска снимка на дланка со ревматоиден артритис

 Дијагноза се поставува врз основа на: РТГ наод, магнетна резонанза, добро
земена анамнеза, физикален преглед...
 Терапијата е симптоматска, за олеснување на општата состојба. Се даваат
антиинфламаторни лекови и аналгетици: гликокортикоиди, НСАИЛ, опијати,
парацетамол...
Значајна е и биолошката терапија со биолошки агенси.

6
4.1.2 Анкилозирачки спондилитис (бехтерова болест)

 Акилозирачки спондилитис е воспалителна болест со непозната етиологија. Примарно


е засегнат аксијалниот скелет, но може да бидат засегнати и периферните и
вонзглобните површини.
 Најчесто е зафатен сакроилијачниот зглоб (сакроилеитис).
 Клиничка слика:
Започнува со утринска вкочанетост и болка во сакроилијачниот зглоб. Почесто се
јавува кај мажи.
Подоцна болката се шири кон рбетот. Болеста има слаба прогресија (5-10 години).
Крајна фаза е деформитет на илијачните зглобови и рбетот со карактеристична
положба на пациентот како скијач.

Сл.4: Илустрација на анкилозен спондилитис

 Дијагноза:
o Анамнеза;
o Клиничка слика;
o Лабараториски наоди;
o Доближување на окципиталната коска до ѕид и сл.
 Терапија:
o Едукација и општи мерки;
o Физикална терапија;
o Антиинфламаторни лекови и аналгетици.

7
4.2 Инфективен артритис

 Инфективниот артритис се однесува на разни тегоби што ги зафаќаат


поголемите зглобови на рацете и нозете,како и прстите на рацете и
нозете.Артритичната инфекција обично е компликација поради повреда или
некоја друга болест и е многу поретка од артритичните заболувања кои се
јавуваат на определена возраст.Заразениот артритис може да помине
незабележано затоа што симптомите може да бидат прикриени со примарна
повреда или болест.Но,ако не се лекува,како последица може да има траен
инвалидитет

.
 Најчесто е предизвикан од грам позитивни коки, особено stafilococus aureus,
бета хемолитички стрепотокок од групата А, пневмококи и вириданс
стрептококи.

 Клиничка слика:
Типична е моноартикуларна локализација со предилекција на големите
зглобови (колено и колк).
Клиничката слика е акутна со тешки општи симптоми на инфекција и локални
симптоми како: оток, топлина, црвенило, ограничена подвижност на
зафатениот зглоб и сл.

 Дијагноза:
o Лабараториски наоди;
o РТГ наод;
o КТ;
o Анализа на синовијалната течност;
o Хемокултура и сл.

 Терапија:
o Парентерално антимикробно лечење;
o Локално дренирање на зглобот;
o Мирување на зглобот.

8
4.3 Уричен артритис (ГИХТ)

 Гихтот, уричниот артритис се јавува како резултат на депонирање на кристали


на мононатриум урат од хиперурикемичните телесни течности во ткивата. За да
се развие оваа состојба, се смета дека е неопходна претходна долгогодишна
хиперурикемија. Кај определени лица, хроничната хиперурикемија доведува до
создавање на депозити од кристали на мононатриум урат (МНУ) во зглобовите
или околу нив. Овие депозити остануваат незабележани и асимптоматски, или
може да се придружени со типични повторувачки атаки на самоограничувачки
артритис.

 Клинички манифестации:
o Акутен артритис;
o Хроничен ерозивен и деформирачки артритис;
o Нефролитијаза и уролитијаза;
o Хронична уратна нефропатија и хипертензија.

 Стадиуми на болеста:
o Асимптоматска хиперурикемија;
o Акутен уричен артритис-Акутен ГИХТ;
o Интеркритична фаза;
o Хроничен ГИХТ.

 Кај акутниот ГИХТ се јавува ненадејна силна болка, хајчесто ноќе, особено
локализирана на еден зглоб. Проследена е со оток, црвена и затегната кожа.
Подоцна се шири на повеќе зглобови и се јавуваат општи воспалителни
симптоми како : треска, леукоцитоза, пораст на мокрачна киселина во крвта и
сл.

 Додека кај хроничниот ГИХТ се јавуваат хронични промени во зглобот, како


деструкција на зглобот, таложење на уратни кристали во зглобовите,
синовијалната течност, рскавицата и периартикуларните структури.

 Дијагноза:
o Лабараториски анализи;
o Кристалографија;
o РТГ наод.

 Терапија:
o Хигиено-диететски режим;
o НСАИЛ;

9
Сл.5: ГИХТ на колено

Сл.6: Гихт на прст од шака

10
5 Дегенеративни ревматски болести
 Разликуваме два вида на дегенеративни ревматски болести и тоа:
o Остеоартрози и
o Дегенеративни заболувања на ‘рбетниот столб.

5.1 Остеоартрози

 Претставуваат болести кои се одликуваат со истенчување на зглобната ‘рскавица, со


улцерации кои достигаат до коска.
Истовремено се јавува и регенерација на фиброзна ‘рскавица и коскена хипертрофија.
Се јавува и задебелување на зглобната капсула, мускулна хипотрофија, што доведува
до намалена подвижност на зглобот.
 Класификација
o Идиопатски (примарни) остеоартрози
Можат да бидат локализирани на: дланките, стапалата, колената, колкот,
карлицата, апофизните зглобови и сл.
o Секундарни остеоартрози
Најчесто се јавуваат поради претрпени повреди или воспалителни болести на
зглобовите.
 Терапија:
o Општи мерки;
o Физикална терапија;
o Медикаментозно лекување;
o Хируршко лекување.

5.2 Дегенеративни заболувања на ‘рбетниот столб

 Се одликуваат со дегенеративна алтерација на дискусите, пршленските тела и


интервертебралните зглобови.
 Клиничка слика
o Цервикален синдром
o Лумбален синдром

 Дијагноза:
o Анамнеза;
o Клинички преглед;
o РТГ наод;
o КТ;
o МР;
o Електромиографија.
 Терапија
o Општи мерки;
o Физикална терапија;
o Медикаментозно лекување;
o Хируршко лекување.

11
6 Нега на болен со воспалтелно ревматски заболувања

 Негата на болните со воспалително ревматски заболувања се состои во:

o Постојано набљудување на пациентите;


o Ставање ладни облоги на зафатените зглобови;
o Мирување на пациентот;
o Навремено и правилно давање на терапијата;
o Едуцирање на пациентот во однос на:
 Неговата општа состојба;
 Начинот на лекување;
 Објаснување секоја постапка која ќе се примени врз него и сл.
o Задоволување на сите потреби кои пациентот не може да ги задоволи
сам;
o Масажа на болните зглобови;
o Спроведување правилен хигиено-диететски режим...

Сл.7 и 8: Третман на ревматолошки


заболувања

12
7 Користена литература:
 Одбрани подглавја од интерна медицина
o Автори:
 Доцент Д-р Марија Ваввлукис
 Асистент Д-р Гордана Камчева
 Асистент Д-р Валентина Велковска Накова
 Асистент Д-р Анѓела Дебрешлиоска
 https://neuromedica.com.mk/revmatologija/
 https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Revmatologija.pdf

13

You might also like