You are on page 1of 7

НЕГА

Видови принудни положби- Болните во кревет можат да заземаат активна ,


пасивна и принудна положба.

Активна положба при испитувања и болните можат самостојно да ги


извршуваат физиолошките потреби.

Пасивна положба заземаат болните во бесвесна состојба, кома , парализа,


висока темпп и слично.

Принудна положба се зазема со цел да се олесни состојбата за преглед или


самата болест го диктира тоа.

Принудни болести диктирани од болеста се фаулерова, менингеална и


опистотонус.

За олеснување на состојбата- тренделебургова, странична, оберхолтова,


квинкеова- дренажна

За лекарски преглед- гинеколошко акушерска, колено-лакотна, преглед на


грло

1. Фаулерова – е полуседната или седната положба која ја заземаат


болните кои имаат пречки во дишењето, срцеви болни и бремени
жени. Се користат 6 -7 перници, ќебе во вид на ваљак, чаршев и
ќевречиња од вата.
2. Менингеална положба ја заземаат болните при воспаление на
мозочните обвивки. Во страничмна положба, спротивно од светлината
со зафрлена глава наназад и вкочанет врат, а нозете се свиткани во
колената.
3. Опистотонус е положба во вид на лак. Ја заземаат болните од тетанус,
се потпираат на тилот и петиците, а тораксот, абдоменот и
екстремитетите се подигнати.

Тренделбурговата положба е за авторансфузија, страничната положба


е кај болни кои подолго лежат во хоризонтала, оберхолтова се користи
кај болни со изгореници и квинкеовата се користи со цел да се
отстрани насобраниот секрет од дишните патишта.
Декубитис- е локален патолошки процес со некроза на меките делови.
Настанува како резултат на неправилно сабдување на ткивата со хранливи
материи и кислород и поради нарушена циркулација. Нaјчесто се јавува на
места кои поткожното ткиво е слабо развиено и кожата и коските дирекно
налегнуваат на подлогата на окципиталната џумка, рбетниот столб,
лопатката, колена , лакти и петиците.

Причините за декубитис се егзогени ( неудобна положба, чаршави,


хигиена) и ендогени во зависност од видот на болест (срце и крвни
садови, парализи, шекерна болест и сл)
Декубитисот врз организмот делува штетно на неколку начини, влезно
место за патогени микроорганизми, од раната се губи ткивна течност
богата со протеини , продуктите од некротичното ткиво дејствуваат
токсично врз поедини ткива и органи, големите декубитални рани
оставаат белези цикатрикс.
Стадиуми на настанување-
1. Хиперемиа-бледило артериска хиперемија
2. Мацерација –влажна, лигава кожа која се лупи
3. Некроза
4. Раната се проширува до коска и настанува инфекција
Првентивни мерки се хигиена, масажа, соодветно поставување на
постелнината, јакнење на имунитетот, промена на положби,
заштитни средства на предилекциски места (топла воса, сапун,
алкохол, талк, вата и крпа за изолација.
Лекувањето на декубитисот е неопходно и се прави стерилизација и
дезинфекција на местото при што се спречува понатамошно
инфицирање.

Тромбоза е патолошки процес при кој се создава крвен згрушок- тромб од


крвни клетки и фибрин во крвниот сад. Интраваскуларното создавање на
тромби настанува поради изменет состав на крвта, кои можат делумно или
целосно да го затнат крвниот сад, најчесто вои долните екстремитети. Во
процесот се диференцираат две фази: 1. Прва- создавање на бел тромб од
аглутинирани тромбоцити и фибрин

2. Втора фаза е создавање на црвен тромб од фибрин и црвени


крвни клетки.
Појавата на тромбоза ја стимулираат стазата на крвта(забавен крвоток),
промените на зидот на крвните садови и промените о составот на
крвта кај пациенти кои површно дишат, кај пациенти со парализа и
сл. Постои и васкуларен фактор , на пример кај трауми на крвните
садови, посоперативно , воспаленија и сл. Хиперкоагулабитетот исто
така може да доведе до промена на соствот на крвта и појава на
тромбови.
Превентивни мерки се масажата, активни и пасивни движења на
екстремитетите и длабоко дишење за забрзување на циркулацијата.
Асепса- Антисепса
Антисепса е метод на работа со кој се унисштуваат непатогените и
патогените микроорганизми на предметите, инструментите,
преврски, раните. Таа е профилактички и тераписки метод а се
спроведува со антисептички средства.

Асепса е метод на работа кога се работи во отсуство на


микроорганизми и се постигнува со подготовка на здравствените
работници, бодготовки на болниот за операција и стерилизација на
инструментите.
Стерилизација- е процес на уништување на сите спорогени и
вегетативни патогени и непатогени микроорганизми. Може да биде
Сува- со спалување, усвитување, опалување, фламбирање и
стерилизација со сув воздух.
Влажна –со влажна топлинасо температура под 100, на 100 и над 100
степени( пастеризација и фракциска стерилизација, автоклав) ,
Со гасови се врши на инструменти кои се оштетуваат на висока
температура и се врши во посебни вакуум комори,
Со гама зраци- тие делуваат бктерицидно со својата јонизирачка моќ
Хемиска стерилизација- со дезинфекциони средства: формалински
таблети, инструбел од 2%, цидекс 2%автоклав со формалдехид,
Со филтрирање- се филтрира течност која поминува низ порозни
стаклени филтри.
Дезинфекција- е метод на работа при кј делуно се уништуваат
патогени и непатогени микроорганизми и спори. Се спроведува на
механички , физички начин и со хемиски средства. МЕханички со
миење, физички со ултравиолетови зраци или пеглање, и хемиска
со хемиски средства или антисептици.
Дезифициенсите дејствуваат микробицидно(уништување) и
микробиостатски( спречување на раст на микробите).
Особини на добар дезифициенс се да дејствува во мали количини, на
не е токсичен за животните и за луѓето, да не оштетува материјали,
да е растворлив во вода и стабилен, да е ефтин и да нема
непријатна миризба. Најчесто се користат алкохол 96%, хлор, јод,
водородпероксид, киселини, алдехиди, етер и сл.

Витални знаци- или животни функции се знаци кои го карактеризираат


животот а тие се: телесна температура, пулс дишење и крвен притисок.

Телесната температура е степен на загреаност на човечкото тело, а е


резултат на ослободуањето на дел од енергијата при метаболизмот на
хранливите материи. Одржувањето на телесната температура е од
теромрегулацискиот центар во хипоталамусот и нормално е од 36-37.
Телесната тем се мери со живин термометар, електронски термометар и п –
тест. Мерење на телесна т.-

1. Аксиларно- под пазуви


2. Сублингвално- во уста, се дишше на нос
3. Ингвинално- препони( ретко)
4. Ректално – кај мали деца и доенчиња
5. Вагинално- при болести на внатрешните органи кај жените и
контрола на овулација

За бележење се користи температурна листа, составена од


хоризонтални и ветрикални линиии кои сочинуваат колони и
редови. Секоја колона е еден ден, а редовите се степени на
температура. Степенот се бележи со точка, и кога ке се поврзат се
добиваат криви.
Патолошки криви се Фебрис континуа, ремитенс, интермитенс,
хектика,рекуренс и ундуланс.
Според висината температурата се дели на :
- Субнормална35-36, нормална36-37, субфебрилна 37.3-38,
фебрилна38-39, високо фебрилна39-40, пиретична над 40.

Пулс- претставува одраз на срцевата работа на периферните артерии. За


време на систолата , од левата комора преку аортата се истиснува крв во
артериите- палпација(пулсен бран). Во дијастола, артериите во срцето се
олабавуваат и тоа е пауза помеѓу пулсациите.

Кај пулсот се регистрираат неколку квалитети


1. Фреквенција- отчукувања на срцето во минутанормалнен од 60-
80, забрзан тахикардичен и успорен - брадикардичен
2. Полност- е големината на притисок на крвта на зидовите на
артерија за време на систола и дијастола. Нормален е пулсус
магнус, слаб е парвус, кај болни- филиформен и кај
артеросклероза дурус или тврд пулс. и
3. Ритам- нормалниот е ритмичен

Мерењето на пулсот се одвива по мирување на пациентот и се бара пулсот


на артеријата.

Дишење – Преставува размена на гасови помешу организмот и


надворешната средина, се внесува кислород а се издишува воздух со
јаглерод диоксид. Актот на дишење се состои од инспириум, експириум и
пауза. Нормалното дишење е без напор, рамномерно. Фреквенциојата е број
на респирации во минута. Забрзаното дишење се нарекуба тахипное, а
забавеното брадипное. Според учеството на мускулите има градно и
абдоминалнпо дишење.

Видови патолошко дишење:

1. Диспное- отежнато, кај асматичари и срцеви болни


2. Биотово- неправилно дишење без ритам, длабоко, на моменти
површно и со поголеми паузи- кај менингитис
3. Чеинштоксово- површно и одвај чујно па длабоко и чујно и паузи околу
30 секунди- кај уремија.
4. Кусмаилово- е длабоко отежнато дишење. Дишењата се ритмични и со
голем напор- кај дијабетична кома.

Крвен притисок- е притисок што го врши крвта на зидовите на крвните


садови. Има систоличен и дијастоличен крвен притисок- зависи од состојбата
на срцето, еластичноста на крвните садови, количината и густината на крвта.
Нормалниот максимален е од 135 со 90.

Ако крвниот притисок е зголемен тоа е хипертенсија артеријалис, а анмален


хипотенсио артеријалис.

Мерењето е врши на артерија брахијалис со апарат рива рочи,манжетната се


става околу надлактицата, не стегната , вентилот се затвара, стетоскопот се
мести и се пумпа воздух додека се слушаат пулсациите. Се отвара вентилот и
се слуша и се гледа на скалата кога прв пат ке се чујат пулсациите- вредност
на систолниот притисок. Повторно се испушта воздухот и кога пулсациите ке
престанат да се слушаат се означува дијастолниот.

Испитување на урина- Урината е излачување на бубрезите, што се добива со


процесите на глуметуларна филтрација, ѕубуллинска ресорпција и секреција.
Урината се испитува макроскопски, микроскопски, хемиски и
микробиолошки. Макроскопското набљудување е во количината, пх, боја,
густина и мирис. 24 часовно собирање се вика диуреза и изнесува од 1200 до
1500мл.Ако количината на диуреза е зголемена се означува како полиурија,
а ако е намалено анурија. Ретентио е здржување на мочта поради пречка од
тумор, камен и сл. Инконтенција е состојба на неконтролирано мочање. Пх
на мочта е од 6 до 6.5. бојата есветложолта, а доколку има оштетување на
крвните садови во мочните канали станува црвена- хематурија. Доколку има
протеини во урината се нарекува албуминурија. Пирија е присуство на гној во
мочта. Густината зависи од присуство на минерални материи а мирисот
зависи од исхраната.

Хемиското испитување се состои од докажување на крв, гликоза,


минерали , албумини и сл.
Микроскопското испитување се состои од испитување на седиментот
на урина. Се зема дирекно од мочното бабуле со стерилен катетар а
потребно е катетар, тупфери со дезинфекциско средство, ракавици,
шишенца, легенче, спроводен лист и парафин.

Испитување на измет- Фецес е излачување од дигестивниот систем и се


формира од несварените и неискорисстените хранливи материи, преку
ректумот и анусот воо надворешната средина преку дефекација.
Макроскопското испитување го изведува медицинска сестра преку количина,
конзистенција, боја и мирис.

Во текот на денот , во зависност од исхраната, нормално е да има едно


до две празнења и по конзистенција тврд, мек, кашест и редок.
Конзистенцијата зависи од перисталтиката на цревата, доколку е
забрзана се јавува дијареа. Доколку е има неправилна функција на
колонот се јавува опстипација( запек) , со многу тврд измет и
отежната дефекација.
Бојата на изметот најчесто е кафена но исто така зависи од исхраната.
Доколку има крварење во желудникот или дванаесетпалечното
црево изметот е темен до црн- мелена. При опструкција на
жолчните паришта изметот е светол. Мирисот кај болните е особено
непријатен.
Хемиското испитување се изведува во лабораторијаи е потребен
специјален сад. Садот е составен од три делаЧ дрвена кутија со
капак, метална кутија, стерилна стаклена епрувета и по земањето се
испрака во лаб и во рок од два часа треба да се испита.

You might also like