You are on page 1of 15

Ургентни состојби

ДЕФИНИЦИЈА
Итна состојба преставува живoтозагрозувачка клиничка
состојба на пациентот која може да настане заради
различни причини и под различни околности кои се
карактеризираат со периферна циркулаторна
инсуфициенција, која предизвикува недоволна ткивна
перфузија, инсуфициeнтна нутриција на клетките и
неможност за ефективна елиминација на крајните
продукти на клеточниот метаболизам. Перфузијата
во микроциркулацијата е успорена , се јавува клеточна
хипоксија што резултира со фукционални и
морфолошки промени на клетките.
КАРАКТЕРИСТИКИ
• Итните состојби отсекогаш предизвикувале голем
интерес кај лекарите практичари заради нивната итност
и специфики. Нивниот третман побарува високи
здравствени можности, континуирана медицинска
едукација ,скапи и софистицирани методи на лекување ,
современа и софистицирана медицинска опрема. Покрај
тоа текот на болеста и третманот може да бидат долги,
поврзани со долготрајна рехабилитација и
ресоцијализација.
• Итните состојби се поврзани со сложени реанимациони
постапки кои се потребни заради итноста и
ненајавеноста, паниката што го следи третманот,
хаотично однесување, дезориентираноста и
катастрофални грешки и пропусти во дијагностиката и
терапијата.
КАРАКТЕРИСТИКИ

 Кај итните состојби од есенцијално значење е добрата


организација при прифаќањето на пациентите која ќе
овозможи максимална координираност при
спроведување на некои активности важни за краен
успех при третманот а тоа се:
 Брза дијагноза
 Брз мониторинг
 Брза одлука
 Брзо делување
Овие принципи во голема мерка ќе помогнат во ефективно
и дефинитивно стабилизирање на пациентот .
ПРИНЦИПИ НА ПОСТАПУВАЊЕ КАЈ ИТНИ СОСТОЈБИ

• Постапувањето кај итните состојби се изведува во две


фази и тоа фаза пред хоспитализацијата или
прехоспитална фаза и фаза на постапување после
приемот во единица за интензивна нега и лекување.
(ICU).
 ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА
 Во прехоспиталната фаза на згрижување главната улога ја игра
Итната медицинска помош (ИМП), од чија спремност и ниво на
обученост, ефикасност и брзина на делување зависи дали пациентот
кој е во животозагрозувачка состојба ќе ја добие потребната нега и
лекување , дали ќе претрпи допoлнителни компликации, дали ќе
преживее.
 За таа цел во системот на принципи на постапување со итни
состојби постојат низа на стандардни постапки кои секогаш треба
да се изведуваат по строго одреден ред и динамика бидејќи се од
круцијално значење во спасување и преживување на пациентот.
ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА

 ИНФОРМАЦИИ
 Овој дел предвидува телефонска поврзаност на ИМП со
Ургентниот центар. Се внимава да се избегне елементот на
паника и дезориентираност ако пациентот е ненајавен. Се
пренесуваат информации од типот : прооденост на дишни
патишта , квалитет на пулс, број на респирации, ниво на
свест, имобилизација
 ПРОЦЕНКА ЗА КЛИНИЧКАТА СОСТОЈБА И
ТЕЖИНАТА НА СОСТОЈБАТА, МЕХАНИЗМОТ НА
ПОВРЕДАТА, ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЈТЕШКИТЕ
ПОВРЕДИ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ИТНАТА СОСТОЈБА.
 Сето ова ќе овозможи побрзо составување на евентуален
мултидисциплинарен тим за интервенција и примена на
соодветна и ефикасна терапија и спроведување на
евентуални клинички и параклинички инвестигации.
ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА

 КРИТЕРИУМИ ЗА ТЕЖИНАТА НА ИТНАТА СОСТОЈБА,


ГОЛЕМИНАТА НА ПОВРЕДАТА
 Зависат од физиолошката состојба на пациентот, анатомската
локализација на повредата или дисфункцијата на орган или органски
систем. При тоа од голема важност е на се направи приоритет на
згрижување и постапување.
 ОДРЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ТИМОТ ПО
ДОАЃАЊЕТО НА МЕСТОТО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА
ПАЦИЕНТОТ.
 При тоа се спрема и проверува функционалноста на приборот за
третман и реанимација, се прават консултации со членовите на тимот
и специјалистите од надлежниот Ургентен центар, се вклучуват и
проверуваат респираторот, мониторите, инфузиомати, системи,
уринарни катетери итн.
 ПРИОРИТЕТ ЗА СЛУЖБИТЕ НА ИМП Е ДА СЕ СПАСИ
ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ, ДА СЕ СОЧУВААТ ЕКТРЕМИТЕТИТЕ
И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА.
ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА

 СЛУЖБАТА ЗА ИМП УШТЕ ОД МЕСТОТО НА


УКАЖУВАЊЕ НА ПРВИЧНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ
ДА БАРА КОНСУЛТАЦИЈА СО СООДВЕТНИ
СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД РАЗНИ ОБЛАСТИ (хирурзи,
анестезиолози, интензивисти, радиолози, ехосонографисти).
 ДА НАПРАВАТ ЛИСТА НА РЕАНИМАЦИСКИ ПОМАГАЛА
( монитор, , пулс оксиметар, автоматски тензиометар, гасен
анализатор, капниометрија итн)
 НАЧИН НА ПРИСТАП (секогаш единствен)
A-airway ( провери ја проодноста на дишните патишта и делувај)
B-breathing ( провери го дишењето- воспостави го)
C- circulation ( проверија и третирај ја циркулацијата)
D-disability ( провери го невролошкиот статус на пациентот)
E-exposure ( прегледај го целосно пациентот)
ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА

 ПРИМАРНА ЕВАЛУАЦИЈА ИЛИ ПРВ ПРЕГЛЕД НА ПАЦИЕНТОТ


Се извдува веднаш по пристигнувањето на местото на несреќата или местото
каде се наоѓа во моментот пациентот . Прегледот се изведува по редоследот
А- проодност на дишните патишта (ослободување на дишните патишта,
ендотрахеална интубација)
Б- одржување на дишењето ( сите кои имаат спонтано дишење и немаат знаци
за хипоксија и цијаноза, не се интубираат , вентилацијата се изведува со
100 % кислород)
Ц- одржување на циркулацијата ( се следи артерискиот крвен притисок, пулс,
капиларен пулс, полнење на југуларните вени и квалитетот на срцевите
тонови , се со цел да се осуети и превенира настанувањето на циркулаторен
дистрес.)
 Знаци за циркулаторен дистрес ( бледило, агитираност или прострација,
испотеност, капиларно полнење подолго од 2 секунди,филиформен пулс на
сите крвни садови,брадикардија и многу низок или немерлив артериски
крвен пртисок. Терапијата е соодветна за циркулаторен шок односно
хиповолемија.
ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА

 БАРАЊЕ НА НЕВРОЛОШКА ПОВРЕДА


 При првиот преглед исклучително внимание треба да се
посвети на невролошка повреда
• Евалуација на реактивноста на зениците
• Присуство на хипертонија или хипотонија
• Латерализација
• Рефлекси: кутан и плантарен
• При присуство на кома се евалуира степенот на комата:
 Glasgow coma score:
 отворање на очите ( 4) ;
 Зборување ( 5)
 Движење (6)
ПРЕХОСПИТАЛНА ФАЗА

 СЕКУНДАРНА ЕВЛУАЦИЈА
 Предвидува преглед на пациентот од глава до
петици, со максимално искористување на
искуството, систематско прегледување
доколку во транспортот има можност, треба
да се повторат РТГ прегледите на градниот
кош, карлицата, ехо на бели дробови.
 Без исклучок да се нотираат промените кои
настанале во интервалот од првиот до
вториот преглед
ХОСПИТАЛНА ФАЗА
 ПРИМАРНА ЕВАЛУАЦИЈА (ПРВ ПРЕГЛЕД)
 ПРВИОТ ПРЕГЛЕД ПО ПРИЕМОТ НА ИТНИОТ
ПАЦИЕНТ ВО ЕДИНИЦАТА ЗА ИНТЕНЗИВНО
ЛЕКУВАЊЕ Е ИСТ СО ПРОТОКОЛОТ ЗА
ЗГРИЖУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО
ПРЕХОСПИТАЛНАТА ФАЗА ОДНОСНО СЕ
ПОСТАПУВА ПО СТАНДАРДНИОТ ПРИНЦИП А, Б, Ц.

 СЕ ПОТЕНЦИРА ПОТРЕБАТА ОД ИНТЕНЗИВНА


ОКСИГЕНАЦИЈА , КОЈА ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ПО
ПОТРЕБА И СО АРТИФИЦИЕЛНА ВЕНТИЛАЦИЈА.
ХОСПИТАЛНА ФАЗА
СЕКУНДАРНА ЕВАЛУАЦИЈА ( ВТОР ПРЕГЛЕД)
 Глава
 Проверка на повреди на скалпот
 Вдлабнувања на коските на краниумот
 Подвижност на фацијалните коски
 Крвавење од ушите
 Фрактури на забите или горна вилица
 Крварење од носот-потреба од тампонада
 Тело
 Повторен преглед на граден кош
 Повторен преглед на срцето
 Абдомен
 Инспекција: рани, убоди, дистензија, ecchymoses
 Абдоменот треба да се палпира: дефанс,рибаунд , хематоми,пасажа
 Екстремитети
 Инспекција: деформитети, хематоми
 Палпација: подвижност на ригидни делови, болка, пулс, чувство на рефлекси
 Имобилизацијата е задолжителна при постоење на деформитети кои РТГ
мора да се документираат
ХОСПИТАЛНА ФАЗА
 СЕКУНДАРНА ЕВАЛУАЦИЈА ( ВТОР ПРЕГЛЕД)
 Испитување на градниот кош, грбот,глутеалната регија,
болка,перинеум со комплетен мониторинг.
 Поставете централен венски катетер (ЦВК), следете го
централниот венски притисок, крвно мерење на
артериски крвен притисок, уринарен катетер
 Компјутеризирана томографија (КТ)
 РТГ : абдомен, граден кош, УГТ
 Гасен статус, ЕКГ
 Назогастрична сонда
 Ензимски статус, ехосонографија
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
 ФРАКТУРИ НА СТЕРНУМ
• Во 70 % од случаите одат со контузија на миокардот ( никогаш да не
се запоставуваат)

 ОБОСТРАНИ ФРАКТУРИ НА РЕБРА


• Интраторакални лезии
• Лезии на плексус брахиалис

 СРЦЕВ ЗАСТОЈ И ИНТУБАЦИЈА


• Заради неадекватна оксигенација
• Интубација на десен бронх
• Ексцесивно притискање при вентилација
• Гасна амболија
• Вагална реакција
• Респираторна алкалоза ( аритмии)
ЗАКЛУЧОК
• Третманот кај итните пациенти треба да биде
мултидисциплинарен и да се одвива во неколку етапи.
• Практикувај постојана будност , следење и евалуација на
пациентите.
• При евентуална одлука за оперативен зафат обезбеди доволна
количина на крв и крвни деривати, плазмаекспандери,
кристалоиди, вазопресори.
• Погрижи се да не дојде до пореметување на примарната хемостаза
(ДИК)
• Превенирај го развојот на системска инфламаторна реакција, ,
транслокација на бактерии
• Превенирај појава на сите типови на шокови состојби.

СЛЕДЕЊЕТО НА ОСНОВНИТЕ ПРАВИЛА НА ШОКОТ,


ЗАПАЗУВАЊЕ НА ЗЛАТНИОТ СТАНДАРД, РАН ТРЕТМАН
ВО ПРВИОТ ЧАС МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ МОРТАЛИТЕТОТ,
МОРБИДИТЕТОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ИТНА СОСТОЈБА

You might also like