You are on page 1of 3

Тропкање

Тропкање е вид на масажа која се изведува со низа отсечни удари што следуваат
еден по друг и се изведуваат наизменчно. Тие можат да бидат изведени со:
- Улнарната страна на малиот прст
- Улнарната страна на шаката
- Шака свиткана во тупаница
- Дланка на испружена рака
а) Сецкање е тропакање кое се изведува со улнарната страна на шаката и на
прстите ( со составени прсти – тврдо сецкање, со раширени прсти – меко
сецкање).
б) Плескање е тропкање со воларна или дорзална страна на шака, при што
прстите може да се испружени или благо флектирани во вид на конус.
в) Потчукнуање се изведувасо јагодиците на прстите со лесно свиткан прст, а
движењето е од рачниот зглоб и прстот.

Рацете треба да се опуштени, лактите доближени до телото, а мускулот врз кој се


врши тропкање треба да биде максимално релаксиран, инаку може да предизивка
болка.
Вибрации

Вибрации се масажна техника која се состои од брзи, ситни, рамномерни,


високоосцилирачки потреси кои се изведуваат со еден или со неколку прсти.
При вибрации може да се користат едната или двете раце, тоа се движења на
треперење на прстите или дланките, при што не се користи силата на мускулите
туку силата на масерот.
При вибрација се изведуваат од 8 до 11 движења во секунда.
Се разликува:
- Стабилна вибрација – која се применува на болни точки
- Лабилна вибрација – која најчесто се применува долж нервни стебла, од
нивниот корен кон периферијата
Вибрациите се заморен фат за терапевтот, па затоа во денешно време се прават
со помош на електричен масажер.

Вибрации
Масажни меѓуфатови

Покрај основните масажни фатови, постојат и помошни. Тоа се:


- Чешлање се изведува преку метакарпофалангеалните зглобови на
дорзумот на шаката. Движењето се изведува во рачниот зглоб од полна
флексија кон екстензија. Се применува кај дебели лица или таму каде има
дебела фасција.
- Пеглање се изведува со дорзалната страна на испружени прсти кои се
свиткани така што рамнината на прстите со дорачјето склопува прав агол.
Овој фат се применува на грбот или на предната страна на натколеницата.
- Валање се изведува така што со дланките и полусвитканите прсти се
опфаќаат мускулите од вете страни, а потоа рацете се движат во спротивна
насока при што мускулите се ,, валаат “.
- Тресење се изведува така што со дланката се опфаќа група од мускули,
потоа се прават брзи движења така што мускулите се тресат.
- Штипкање со кое ткивото се одвојува од подлогата. Може да се изведе со
палец и показалец или со врвовите на двата показалци.
- Истегање на ткиво, прстите и дланките се поставуваат на рабовите на
ткивото кое се третира, цврсто се фиксираат, а потоа се оддалечуваат
растегнувајќи ја кожата.
- Растресување е слично на вибрации со ритмични и брзи движења и
широки потези. Обично се применувана екстримитетите а може и на трупот.

You might also like