You are on page 1of 2

Предмет МАСАЖА

Наставник Тања Тодорова

ТРИЕЊЕ
Триењето е правилно,ритмичко движење со посилен притисок
на кожата каде прстите не се лизгаат по кожата туку ја подигаат
кожата од поткожното ткиво.
Техника
-се применува по мазнење на одредена регија;
- се врши со јагодицата на еден или на неколку прсти или длан-
ка;
- се изведува со побавен ритам од мазнењето и се повторува
помал број пати за да не дојде до оштетување на ткивата;
-масажата може да се одвива: - надолжно и напречно во однос
на сегментот кој се масира, - спирално на поголеми површини и
- кружно во предел на зглобовите;
-насоката на масажата не е од значење, така што таа може да се
изведува во насока, но и во спротивна насока од циркулацијата
на лимфата и венскиот крвоток;
- не се применува на зони без цврста потпора (абдомен);
-триењето е посилен фат од мазнењето и неговото
применување бара поголема подготвеност и кондиција на
масерот, Затоа во текот на работата треба да се употребуваат
двете раце, а кај поголеми мускулни маси рацете се поставуваат
една врз друга, за да се зголеми интензитетот на притисокот.
- не мора да се користи средство за масажа, но по масажата
измасираните делови треба да се премачкаат со крема.
Физиолошко дејство

1
-ги омекнува лузните, атхезиите и фиброзните задебелувања и
помага во ресорпција на различни депозити во поткожното
ткиво, мускулите, тетивите, и лигаментите;
- предизвикува хиперемија на ткивата, се подобрува исхраната
на ткивата и нивната регенерациска способност;
-се зголемува еластичноста и контрактилната способност на
мускулите;
-аналгетско дејство.

You might also like