You are on page 1of 2

Предмет Масажа

Наставник Тања Тодорова

Втора лекција:

ЗНAЧЕЊЕ НA МAСAЖAТA

-Таа е природен начин на подобрување и одржување на


доброто здравје.

-Допирот е значаен за развојот и доброто чувство на секое


лице. Првиот контакт на децата со светот е допирот кој го
чувствуваат и го гледаат. Допирот и масажата се еден вид
инстинктивна терапија која се применува во секојдневниот
живот. Доколку постои главоболка, инстинктивно се тријат
вратот и слепоочниците за да се намали болката и напнатоста.
Доколку се повреди колено или лакот, првата реакција на
човекот е да се измасира повредената регија или да се положат
рацете на повредената регија за да се намали болката.

-Масажата претставува метода на примена и дејствување на


механичката енергија создадена со активноста на терапевтот
или на масерот.

Таа во вид на триење, притисок или низа на удари се пренесува


на ткивата и на одделни органи преку кожата и нејзините
структури. Примената на механичката енергија е
систематизирана преку специјални методски зафати или фатови.
1
Основни елементи на фатот се допир и движење. Мануелната
масажа се изведува со сите делови од шаката и подлактницата,
во зависност од делот од телото кој се третира, интензитетот на
притисокот и движењата кои се применуваат.

-Мануелната масажа претставува третман на кожата и на


поткожното ткиво, мускули.,крвни садови,нерви.Се одржува
еластицитетот на кожата,општата сила,тонусот на мускулите и се
спречува нивна атрофија. Се подобрува и функцијата на
внатрешните органи.

- Исцелителната моќ на тераписката масажа се користи и во


случаи на емоционални проблеми, постојан замор, психички
проблеми, напнатост и стрес. Масажата е добар начин да се
изврши општа релаксација.

-Улогата на масажата во текот на рехабилитацијата е многу


значајна. Таа се применува заедно со физикални агенси, вежби,
работна терапија, ортопедски помагала и други видови на
третмани за подобрување на состојбата на пациентите.

Денеска, покрај пристапноста на различни помагала за масажа и


електрични масажери, рачната масажа сè уште се смета за
најефикасна метода.

You might also like