You are on page 1of 11

Спортски повреди и

нивна рехабилитација
Што претставуваат
спортските повреди?
Спортски повреди се повреди кои се случуваат во спортски активности.
Во многу случаи, овие повреди се должи на прекумерна употреба или
акутна траума на дел од телото кога учествуваат во одредена активност.
На пример, коленото тркачот е болна состојба генерално поврзан со
трчање, додека тениски лакт е форма на повторувачки стрес повреда на
лактот.
Други видови на повреди можат да бидат предизвикани при контакт со
некој предмет со противнички играч од самата опрема или од самата
околина. Ова често може да предизвика повреди од најразлична природа
и тежина. Најтешките повреди и сите жртви се познати како
катастрофални повреди, обично резултат на повреда на главата, 'рбетот,
или' рбетниот мозок.
Повредите се честа појава на професионални спортисти, но и на аматери
но затоа пак за сите постојат спортски установи како што се заводите за
спортска медицина како и за спортска рехабилитација кои се должни да
се грижат за превентива односно рехабилитација на спортистите за
нивно оспособување за повторно бавење со спорт.
Што е повреда ?
Повреда е промена на интензитетот на некои ткива кои
доаѓаат во судир со вулнерабилен атенс на било кој начин
и тоа само ако силата на вулнерабилниот атенс е поголем
од резистенција на ткивото. Ако најгорниот покривач на
телото остани неповреден зборуваме за контузија или
удар додека ако попушти се работи за рана.
Програма за рехабилитација се состои од неколку фази:
рана рехабилитација, фаза на умерена заштита и лесна
активност, фаза на функционална активност.
Повреди и оштетувања на
мускулите
Причини за повреди:
а) Од самиот спортист
б) Од самата опрема
в) Причини за повреди од околината
г) Причина од страна на наставникот (тренерот)

Фактори кои го пореметуваат здравјето:


- Надворешни: ( удари од предмет, од противник, силен
удар од подлога и друго).
- Внатрешни: повредата настанува како резултат на силна
контракција на сопствената мускулатура, при што таа се
кине или откинува дел од неа и коската.
Поделба на повредите
1. Најтешка повреда во спорт
2. Тешки, траен инвалидитет
3. Средно тешки, подолго време го онеспособуваат
спортистот
4. Лесни повреди, кратко време го онеспособуваат
спортистот
5. Сосема лесни и не предизвикуваат неспособности
Механички повреди
- Гребнатини: при паѓање на подлога, земја, асфалт
- Набиеници и меури: при планинарски тури,тесни
чевли за скијање
- Рана: може да биде внатрешна и надворешна. Најважно
за раната е да се знае (ако е отворена) таа треба да се
обработи во тек на неколку часа додека не се развиле
бактерии.
Повреди на зглобовите
1. Контурија ( удар во зглобот, тој затекува, болка
промена на боја на кожа )
2. Дисторзија (исчашување)
3. Луксација (исчашување со невраќање на коските на
место)
4. Фрактура на коските
Медицинска рехабилитација
Медицинската рехабилитација на болните и
повредените ги опфаќа постапките на физикалната
медицина (масажа, кинези терапија, електротерапија,
хидротерапија, термотерапија, фототерапија, примена на
ултразвук, магнето терапија, ласеро терапија),
оспособување со стручна работа и со примена на
ортотски средства, со цел за спречување на настанување
или отстранување на намалена работна или
функционална способност на осигуреното лице.
Медицинската рехабилитација се спроведува во
амбулантно поликлинички услови, во рамките на
болничко лекување и во специјализирани здравствени
установи.
Рана рехабилитација
 Рана рехабилитација е воглавно фаза на:
 - мирување
 - примена на криотерапија
 - примена на индицирани електро процедури
 - бандажирање на повредениот сегмент
 - медикаментозна терапија
 Фаза на умерена заштита и лесна активност опфаќа:
 - примена на електро процедури
 - изометрички контакции на околните мускули
 - мобилизација на повредените сегменти
Физијатрија
Физијатрија — дел од медицината поврзана со физикалната медицина и
медицинската рехабилитација. Физијатријата претставува посебна
медицинска специјалност која е одговорна за превенција, медицинска
дијагноза, третман и рехабилитација на лицата со медицински состојби
поврзани со онеспособеност и со ограничувања во активностите во
секојдневниот живот. Физијатријата помага во подобрувањето на физичкото и
когнитивното функционирање, во намалувањето на болките, во
подобрувањето на активностите што може да ги изведуваат пациентите, како
и со подобрување на квалитетот на животот.[1]
Физијатријата може да влијае врз модификацијата на персоналните фактори и
на факторите на опкружувањето. Оваа медицинска дејност се состои од два
дела:
Физикална медицина, која го проучува биолошкото дејство на различни
видови физичка енергија врз човечкиот организам, како и примената на
физикални агенси во профилаксата, дијагностиката и физикалната терапија
Медицинска рехабилитација, во која се користат различни средства и
постапки кои овозможуваат лицата со попреченост и онеспособеност да
постигнат оптимална физичка, психолошка и социјална функција.
Ви благодарам на вниманието!

Изработил:Андроник Алитовски
Клас: II-1 MC

You might also like