You are on page 1of 4

д) Што се патерици , видови и кај кои лица се применуваат?

- тие се ортопедски помагала кои овозможуваат стабилност при одење и стоење.


- се применуваат кај лица со одземеност на долни екстремитети
Може да бидат :
* потпазувни
* подлактни
дрвени и метални.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
---------------

3. Која е целта на кинезитерапија?


- ресторација на функција
- корекција на функцијата
- компензација на функцијата
- супституција на функцијата
- подготовка за нова професија

а) Што се активни вежби?


- Активните вежби се изведуваат самостојно од страна на здраво лице претходно создавајќи си
претстава за тоа движење и целта која треба да се постигне.
- активните движења се извведуваат до граница на појава на болка.
- болката е сигнал дека движењето е доволно и врз основа на тоа се врши дозирањето во
кинезитерапијата.

Во однос на видот на мускулната контракција – активните вежби може да бидат


статички и динамички !

б) Што се статички вежби , кога и на кои мускули се применуваат?


- Тоа се вежби каде должината на мускулот, односно – оддалеченоста на припоите на мускулот
останува постојана.
- поради тоа кај овие контракции на мускули не доаѓа до придвижување на сегментот на
екстремитетот.
Се применуваат кај :
* имобилизирани екстремитети
* ектремитети во гипс, завој
* за превенција на тромбофлебит
- се изведуваат кај долгите мускули ( m.quadriceps femoris )

б) Што се динамички вежби ?


Вежби кои се изведуваат со придвижување на сегментите на кои се припоени активните мускули.
- Тие се изведуваат кога мускулите се во состојба да ги придвижуваат сегментите со или без отпор,
- кога е барем делумно сочувана подвижноста и кога нема локална болност.

- Тонусот кај овие вежби расте до извесен степен на почетокот,а потоа е изотонус.

в) Што се потпомогнати вежби ?


- преоден тип помеѓу активните и пасивните вежби
- во случај кога мускулната снага не е толку голема за да се изведе активна вежба.
- изведувањето го помага друго лице или технички уред со помало или поголемо учество на
болниот.
Активно потпомогнати – најголемо учество има пациентот сам, пасивно го потпомага друго лице
Пасивно потпомогнати – најголемо учество има терапевтот, пациентот надополнува колку може

г) Индикации на кинезитерапија?
- по фрактури, ампутација, термичка повреда, параплегија, квадриплегија
- остеопороза, краниоцеребрални повреди, ревматоиден артрит, парализа на периферен нерв

д)Што претставуваат пасивни вежби и кај се применуваат?


- Пасивни вежби се вежби кои се одвиваат без учество на пациентот.
- тие се функционално помалку ефикасни во однос на активните вежби.
- се применуваат во состојби каде не е можно да се применат активните вежби пр:
* млитава парализа – за да се спречат контрактури во зглобовите.
* кај доенчиња и мали деца
) Третман на Сколиоза?
Кинезитерапија ( за оние со кривина до 20 степени )
- симетрични вежби при сколиоза без фиксирана кривина
- асиметрични вежби за мобилизација на рбет

Кинезитерапијата ги содржи следните вежби :


- вежби за активно и пасивно истегање
- вежби за активно јакнење на екстензорите на грб
- вежби за јакнење на стомачни мускули
- вежби за корекција на сагиталната кривина на рбетот
- вежби за обликување

При сколиози со кривина поголема од 20 степени


се употребуваат – ортози ( торакални корсети ) за деца и адолесценти.

д) Третман за Стекнати рамни табани


- мануелна масажа – за еластичност на стапалото
- кинезитерапија
- вежби во топла вода
- ортопедски влошки – по третата година од животот
- вежби за јакнење на кратки и долги флексори на прстите
- се препорачува детето да оди босо, особено по песок.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
---------------

5. Кои рехабилитациони постапки се применуваат кај пациент со анкилозантен спондилитис ?


- кинезитерапија за :
* спречување на деформација на рбетен столб
* спречува атрофија на мускули
* спречува настанување на контрактури

- физикална терапија
* термотерапија
* сонотерапија
* електротерапија
* мануелна масажа

You might also like