You are on page 1of 29

ЗАВОИ И ПРЕВРСКИ

Проф. др. Ѓорѓе Џокиќ

ЈЗУ У Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија, Медицински


факултет, УКИМ, Скопје.

Дел од хирургијата што ги изучува завоите и преврските се нарекува


дезмургија(десмос-преврска). Тоа е општо име за сите предмети од различни
ткаенини со различни физички особини, облик и начин на употреба, а ни
служат за покривање на раните и повредените места, за да се заштитат од
секундарна контаминација, потоа за држење на лекарства во контакт со
болното место, за притисок(компресија) врз крварешките места и за
имобилизација, ставање во мир, на повредениот дел од телото.

Процедурата се вика преврзување и спаѓа во најважниот дел како на


првата помош, така и при лекување на ранети и болни. Најважни материјали за
преврзување се: газа,вазелинска газа, хемиски чиста вата(памук),
непрочистена вата(памук), завои, крпи,шамии и мрежи.

Преврските се парчиња од газа, со соодветна големина, со кои се


препокрива раната,травматска или по оперативниот зафат. Преврската е
ограничена на поле кое е малку пошироко од раната, а се фиксира со фластер
или со завој. Според целта која треба да се постигне, преврската може да
биде: привремена како вид на прва помош и дефинитивна од страна на
стручно лице.

Преврзувањето исто така е битно за правилно заздравување на раната.


За да се спречи собирање на течност во раната или пак под трансплантатот,
преврската се прави така да пружи одреден притисок, кој трае релативно
кратко време. Никако на смее преврската да биде замена за хемостаза.
Преврската исто така пружа и одредена помош при имобилизација. Во случај
да се очекува постоперативен серофибринозен излив, се користат и
абсорптивни гази. Преврските треба да се менуваат често со цел да се спречи
бактериска инфекција.

Некои хирурзи на раната ставаат и антибактериски агенси со цел да


спречи инфекција. За да се спречи преврската да се залепи за раната се става
и вазелинска газа како мрсна подлога преку која се пласира газа, влажна и
сува, a najpovr{no se stava zavoj.

Во последно време се форсира т.н. “ влажен “ третман на раните со


примена на алгинати, хидрогел, хидроколоид, хидрофибер препарати во
преврските со цел за побрзо и пофизиолошко заздравување на раната преку
размена на течности и јони меѓу подлогата и преврската, со која просторот меѓу
преврската и подлогата преминува во гелна состојба со апсорбиран секрет и
микроорганизми, а потоа преврската се заменува со нова. Врз овие преврски и
лепенки по потреба се пласира завој за фиксација.

Постоперативниот третман има за цел да го намали воспалителниот


одговор и се состои од често чистење на раната со дезинфициенс, хидроген,
физиолошки раствор и преврзување со антибиотик. Оваа процедура, во
зависност од раната, се повторува се додека не се отстранат конците.

Слики- Чистење на рана(лево), покривање со хидроколоидна лепенка(десно)


Завојот претставува долга лента намотана во вид на валјак, со
должина до 5 м, со која циркуларно се обмотува телото, главата или
екстремитетите. Завоите се изработуваат од памук, и во нив може да се
инкорпорира гипс или еластин(се применуваат во травматологијата и
васкуларната хирургија.

Завоите можат да бидат: типични- се вршат по еден одреден ред,


одделно за секој дел од телото и атипични- се вршат според знаењето и
можностите на лицето што ја врши преврската. Посебни видови завои се :
калико, модар завој, гипсен и прв завој.
Цел и улога на употреба на завоите и преврските е следна:

 Заштитна улога за раната да не се контаминира од околината;


 Компресивна улога со компресија да се превенира поголемо крварење, а
од големите, пенетрантни, рани да не пролабираат органите;
 Лековита улога со цел да го задржи на соодветно место аплицираниот,
топичен медикамент, или самата преврска содржи одредени
медикаменти кои што дејствуваат локално;
 Апсорптивна улога да ги впие секретите од раната;
 Ситуациона улога со цел да се фиксира одреден дел од телото во
сакана положба, за да не се компромитира изведениот хируршки зафат-
хирургија на тетиви, лигаменти и мускули; или за да се добие одреден
терапевтски ефект-кај тортиколис, суспензориум на тестиси;
 Имобилизациона улога за да одреден дел од екстремитетот се постави
во принудна положба, за да се превенира болка и дополнителни
повреди.

Техника на ставање на завој:

 Пациентот по правило стои или лежи;


 Секојпат бидете свртени кон тој што го превивате(лице во лице) за да
можете да ја забележите секоја промена кај него.
 Завојот има крај и глава. Главата се држи во десна рака, а крајот со
левата рака. Главата секогаш треба да гледа нанапред кон видното
поле на хирургот, за да може лесно да се аплицира;
 Правилно да се избере ширината на завојот бидејќи не смее да го
преминува дијаметарот на оној дел на екстремитетот или на телото
којшто треба да биде преврзан; на пр.: за прст 1,5-2цм; за рака 3-7 цм;
за нога 6-10 цм, а за тело 25-40 цм;
 Завојот се става со умерен притисок: да не биде лабав- бидејќи лесно
ќе се лизне; исто така, не треба да биде престегнат- бидејќи ќе
предизвика циркулаторно или невролошко нарушување;
 За да се зацврсти завојот, од првиот круг на завојот се прави
триаголник, којшто се фиксира со следното кружење на завојот;
 Знаци за несоодветно поставен завој се : болка под завојот и
дистално од него; во дисталните делови кожата е бледа и студена;
движењата се отежнати; нарушен е сензибилитетот; пулсациите на
дисталните артерии се ослабени или се непалпабилни;
 Завојот се вади со обратен редослед од начинот на којшто е
пласиран.
Слика- Техника на ставање завој

Основни типови на завои:

 Кружен,циркуларен завој (дуцтус с. фасциа цирцуларис): завојот се


става кружно околу телото или екстремитетот кои ги обвива како
прстен;
 Продолжителен кружен завој (долабра цурренс): низа од кружни
навои, кои непрекинливо се продолжуваат еден врз друг покривајќи
се до поливина и се користи за преврски на долги делови од телото;
 Осмица (спица, дуцтус цруциатус): се вика завој во вид на “8” кога се
минува од еден дел на телото на друг преку еден зглоб;
 Преклопен завој (фасциа реверса): за време на поставување на
завојот неговата глава се ротира за 180 степени. Вообичаено, оваа
постапка се спроведува кога се преминува од поширок кон потенок
дел на екстремитетот и обратно. На овој начин завојот подобро лежи,
не се тутка, а можноста за негово лизгање се намалува;
 Вкрстен завој (дуцтус цруциатус): завојот оди во облик на осумка, од
едниот кон другиот дел на екстремитетот, преку зглобот. Ако се
вкрстува само од една страна тогаш се именува како симплеџ, а
доколку се вкрстува и дорзално и воларно, тогаш се именува како
дуплеџ. Зависно од тоа дали завојот се приближува или се
оддалечува од зглобот, се именува како реверса или инверса;
 Спрема текот на поставување сите завои се делат на:
асцендентни- со тек на поставување кон проксимално и на
десцендентни- со тек на поставување кон дистално.

Завои на рака

 Спица поллицис асценденс с. десценденс (завој на палец)- почнува


како циркуларен завој во рачниот зглоб, а потоа продолжува со
вкрстен завој на палецот;
 Цхироцхеца димидиа с. инцомплете (завој на кој било прст, освен на
палец, каде што дисталната фаланга е слободна; Цхироцхеца
цомплета- преврска на целиот прст, која започнува со фиксирање
над рачниот зглоб и потоа дорзално се спушта на врвот на прстот;
 Инволутион дигиторум манус (завој на прстите на раката)- се
употребува кај многубројни рани, изгореници или гнојни процеси на
шаката и прстите, а секој од прстите одделно се преврзува, за да се
превенира нивно меѓусебно сраснување;
 Спица манус асценденс с. десценденс (преврска на дланката)-
почнува со циркуларен завој на рачниот зглоб, а потоа продолжува со
вкрстен завој, како симплеџ или дуплеџ( за преврска на палмарната,
дорзалната или обете страни на шаката);
 Тестудо цубити реверса с. инверса (завој на лактот)- вкрстен завој
на флектиран, свиен лакт;
 Спица хумери асценденс с. десценденс (завој на надлактица и рамен
појас)- преклопен завој на надлактица, кој се комбинира со вкрстен,
доколку се преврзува и рамото.
Завои на нога

Завоите на ногата се комплементарни со тие на раката и за нивно


поставување важат истите принципи.

o Спица халлуцис асценденс с. десценденс – завој на палец;


o Инволутио дигиторум педис – завој на прстите на ногата;
o Спица педис асценденс с. десценденс – преврска на стапалото;
o Тестудо цалцанеи реверса с. инверса – завој на петицата;
o Тестудо генус реверса с. инверса – завој на коленото;
o Спица цоџае асценденс с. десценденс – завој на надколеница, колк,
ингвинум и долен дел од абдомен.
Завои на тело

Завоите на трункусот на телото скоро секогаш се циркуларни, во вид на “8”


или преклопни.
Сложени завои

Овие завои се изведуваат со една или повеќе глави; тешки се за изведба и


понекогаш бараат тимска работа, а запознавањето со нивна примена е
исклучиво преку практична вежба.

Митра Хиппоцратис и Цапиструм симплеџ ет дуплеџ- се завои


на глава. За изведба на Хипократова капа се користат два завоја,
едниот завој се пласира од челото кон тилот и обратно, почнувајќи од
средината на главата а со другиот завој се фиксира првиот завој.;
Завои во пределот на лице(фунда наси, моноцулус,
биноцулус, фунда мандибулае)
Стелла дорси ет пецторис- се завои за граден кош и рамен појас.
Се започнува со кружен завој околу едната надлактица за фиксација,
а потоа завојот минува под пазувата на предната страна на рамото,
за да се врати кон грбот до спротивната пазува, каде што се
повторува претходниот маневар, а градите се слободни.

Завои по Десаулт и по Велпеау – се завои за фиксација на


надлактица и рамен зглоб. Завој по Десаулт понекогаш се користи за
конзервативно лекување на скршеница на клучната коска. Тоа е
типичен сложен завој и се состои од три слоја кои се изведуваат
самостојно и независно , но со одредена цел и задача. Постојат три
варијанти на овој завој, при што во преврската се опфаќааат здравата
страна, градниот кош и болната страна.
Завој по Велпеау се изведува така што болната рака се става на
здравото рамо, а завојот започнува од болната рака, однапред,
хоризонтално, преку надлактицата и подлактицата. Кога ќе дојде до
грбот, завојот се качува косо до болното рамо, од каде по должината
на надворешната површина на надлактицата, лактот и подлактицата
доаѓа до пазувата на здравата страна, по што се прави кружен завој
околу повредената рака и градниот кош. Постапката се повторува.
Шамии, крпи и мрежи

Шамиите и крпите може да се користат за преврски, но често, заедно со


мрежите се користат за фиксирање на завојниот материјал или пак за
поддршка на позицијата на повредениот дел на екстремитетите и
телото(митела). Главно подрачје на нивната употреба е во функција на прва
помош, бидејќи се ставаат лесно и брзо, што е неопходно при давање прва
помош. Тоа е парче платно или ткаенина во форма на триаголник(триаголна
крпа-мителла триангуларис) или во форма на
четириаголник(четириаголна крпа-мителла љуадриангуларис).
Литература:

1. Atiyeh, B. S., K. A. El-Musa, and R. Dham. "Scar Quality and Physiologic Barrier
Function Restoration after Moist and Moist-exposed Dressings of Partial-thickness
Wounds." Dermatolic Surgery 29 no. 1 (2008): 14–20.
2. Brown, P., D. Oddo, and J. P. Maloy. Quick Reference to Wound Care. Boston: Jones
& Bartlett Publishers, 2009.
3. Collins, Nancy. "Obesity and Wound Healing." Advances in Wound Care 16, no 1.
(January/February 2003): 45.
4. Collins, Nancy. "Vegetarian Diets and Wound Healing." Advances in Wound Care 16,
no. 2 (March/April 2003): 65.
5. Dipietro, Luisa A. and Aime L. Burns, eds. Wound Healing: Methods and Protocols
(Methods in Molecular Medicine Ser). Totowa, NJ: Humana Press, 2008.
6. Herndon, David, ed. Total Burn Care, 2nd ed. London: W. B. Saunders Co., 2001.
7. Hess, Cathy Thomas. Clinical Guide to Wound Care, 5th ed. Philadelphia, PA:
Lippincott Williams & Wilkins, 2012.
8. Hess, Cathy Thomas and Richard Salcido. Wound Care, 3rd ed. Springhouse, PA:
Springhouse Pub Co., 2010.
9. King, B. "Pain at First Dressing Change after Toenail Avulsion: The Experience of
Nurses, Patients and an Observer: 1." Journal of Wound Care 12 no. 1 (2003): 5–10.
10. Mani, Raj. Chronic Wound Management: The Evidence for Change. Boca Raton, FL:
CRC Press, 2012.
11. McGuckin, Maryanne, Robert Goldman, Laura Bolton, and Richard Salcido. "The
Clinical Relevance of Microbiology in Acute and Chronic Wounds." Advances in
Wound Care 16, no 1. (January/February 2003): 12.
12. Milne, C. T., L. Q. Corbett, and D. Duboc. Wound, Ostomy, and Continence Nursing
Secrets. Philadelphia: Hanley & Belfus, 2002.
13. Ovington, Liza G., PhD. "Know Your Options for Secondary Dressings." Wound
Care Newsletter 2, no. 4 July 1997 [cited March 24, 2003].
http://www.woundcare.org/news vol2n4/prpt2.htm .
14. Пановски Ј. Општа хирургија: Завои и преврски, 1980: 653-680.
15. Peitzman, Andrew B. The Trauma Manual, 3th Edition. Philadelphia: Lippincott
Williams & Wilkins, 2012.
16. Skelhorne, G., and H. Munro. "Hydrogel Adhesives for Wound-care Applications."
Medical Device Technology 13 no. 9 (2002): 19–23.
17. St. Clair, K., and J. H. Larrabee. "Clean versus Sterile Gloves: Which to Use for
Postoperative Dressing Changes?" Outcomes Management 6 no. 1 (2002): 17–21.
18. Trent, Jennifer T., and Robert S. Kirsner. "Wounds and Malignancy." Advances in
Wound Care 16, no 1. (January/February 2003): 31.

You might also like