You are on page 1of 8

Проектна задача по практична настава

Основи на нега

Крварење

Изработила:
Јована Стојанова
II-5
Што е крварење?
• Под крварење се подразбира секое излегување на крвта надвор од
крвните садови.
Какво може да биде крварењето?
• Со оглед на местото од каде се крвари, крварењето
може да биде :
• Надворешно крварење – видливо крварење од раната.
• Внатрешно крварење – последица на повреди на
внатрешните органи, кога крвта се насобира во телесните
шупплини како кај граден кош, абдоминална шуплина,
черепна празнина. Внатрешните крварења не се видливи,
па на нив треба да се посомневаме секогаш кога се
воочливи општите симптоми на искрвавување.
Според видот на оштетениот крвен сад
Крварењата се делат на :
• Артериско крварење – крвта од раната излегува во млаз и е со светлоцрвена боја. Често се
јавува како пулсирачко крварење. Најопасно е затоа што наеднаш излегува голема количина
на крв.
• Венско крварење – крвта е темноцрвена, нема пулсации, се излева рамномерно преку
рабовите на раната.
• Капиларно крварење – станува збор за ситни крварења кои се прекинуваат спонтанo.
Според времето на настанување

• Крварењата се делат на:


• Примарно крварење - кое настанува за време на повреда или при оперативен зафат.
• Реактивно крварење - кое може да се јави во првите 24 часа , а главна причина е падот на
лигатурата на крвниот сад или поместување на коагулумот кој претходно го затворил
повреденето место на крвниот сад
• Секундарно крварење - настанува по 7-14 дена , предизвикано од инфекција, некроза на
ѕидот на крвниот сад и од распаѓањето на тромб.
• Крварење во две времиња - се јавува во случај кога при повреда на црн дроб или на
слезенка , капсулата може да остане интактна , а под неа да се насобере хематом. Хематомот
постепено расте и кога поради притисок капсулата ќе прсне , настанува крвавење во
слободната стомачна шуплина.
Постапки за прва помош во запирањето на надворешното
крварење

Силното крварење бара моментална реакција, што значи примена на постапки за негово сопирање на самото место на настанот. При
сопирање на крварењето на екстремитетите,треба да се држат во елевирана односно подигната положба.
1.Притисок на артерија
Крварењето на главата и екстремитетите може да се сопре со притисок врз артеријата која крвта ја доведува на повреденото место. За
таа постапка се потребни вештина и точно познавање на местото кое треба да се притисне. Местото на притисокот секогаш се наоѓа
помеѓу срцето и повреденото подрачје односно раната. Во постапката на сопирање на крварењето артеријата треба со прсти да се
притисне силно врз коскена подлога. Никогаш не смее истовремено да се притиснат двете вратни артерии.
2. Компресивен завој
Раната може да се притисне со компресивен завој, и така што :
На раната најпрвин да се постави стерилна газа;
•Над газата да се стават неколку гази, точно над местото на крварење;
•Со помош на кружен завој цврсто да се стегне ја раната и јазолот се постави точно над местото на крварењето.Компресивниот завој
на смее да биде премногу стегнат односно не смее да го спречи протокот на крвта во подрачјето пониско од завојот.Поради тоа,
после поставување на компресивен завој да се провери пулсот го пулсот и бојата на рацете дистално од компресивниот завој.
Компресивниот завој не треба да се поставува во подрачјето на вратот.
3. Притисок на раната
Со помош на парчиња од стерилна газа цврсто да се притисне местото на крварење. Ако раната е на раката или ногата, да се подигне
повредениот екстремитет и да се задржи во таква положба.Ако во раната е забодено страно тело како на пример нож, дрво, стрела,
не смее да се извади. Крварењето ќе го прекинете со притисок на рабовите на раната околу туѓото тело.


Подврзување на екстремитетите

• Подврзувањето на екстремитетот предизвикува прекин на циркулацијата под местото на


подврзување што може да доведе до изумирање на ткивото и губиток на екстремитетот. Затоа
подврзувањето смее да се примени само во следниве неколку случаи:
• Ампутациски повреди (прекинување или отсекување на дел од раката или ногата) ако не
очекуваме повторно спојување на одвоениот екстремитет.
• Силно нагмечување и дробење на екстремитетот кога неговиот губиток е неизбежен.
• Силно крварење кое не може да се сопре со ниту една друга постапка.
• За подврзување се користат наменски произведени широки гумени врвки или платнени врвки со
копче (Езмархова повеска), но може да послужи и триаглеста марама положена на ширина од 5
цм, кравата или пак дебело јаже. Не треба да се користат тенки матријали, бидејќи може да го
засечат ткивото.
• Преврската се поставува на надлактицата или натколеницата. Се затегнува се додека крварењето
не престане. Треба да се забележи датата и часот на поставување на повеската.
Што претставува мозочното крварење?
• Интракранијално крварење претставува патолошка акумулација на крв внатре во черепот.
Крварењето може да настане во мозочниот паренхим или во обвивките на мозокот.
Застапеноста на мозочните крварења на годишно ниво изнесува 12-15 пациенти на 100 000
луѓе. Во зависност од локализацијата на крварењето стапката на морталитет е драстично
различна. На пример, кај крварењата во мозочното стебло и понс се јавува морталитет кај 75
% од пациентите , во првите 24 часа од појавата на краврењето.
• Мозочните крварења опфаќаат 8 -13% од сите мозочни удари, но затоа пак имаат највисок
морталитет односно смртен исход околу 62%. Карактеристично за ваквиот тип крварење е
фактот дека кај 50% од преживеаните се јавува траен инвалидитет. Токму поради тој факт,
од големо значење за исходот на пациентот е навремено поставената дијагноза и итен
третман.

You might also like