You are on page 1of 17

ТЕМА:

Поставување, следење и одржување на И.В катетар


Скопје,2019 година
Интравенозна канила (IVK)

Интравенска терапија подразбира континуирана, интермитентна


или болус примена на медикаменти и раствори по интравенски
пат. Обезбедување на интравенска линија е една од основните
вештини во доменот на медицинската сестра - техничар. ИВ
пристап е од пресудно значење во процесот на згрижување на
витално загрозените.
Венски пристап представува еден од основните
компоненти во згрижувањето на пациентите, како
во болнички така и во амбулантски услови. Каков
ќе биде венскиот пристап, зависи од типот на
инфузиите и долготрајноста на терапијата
(еднократна / подолг период). Интравенската
канила се воведува во вена на периферијата или
пак во централна вена поради:

Тераписки цели (Надохнада на течности и


електролити, крв и крвни деривати,
антибиотици, и други лекови)
Дијагностички цели (KT и MRI со помош на
контраст кој се пласира по венски пат)
Интравенска канила представува флексибилно цевче кое содржи игла
(како водич), која се внесува во крвниот систем на периферијата.
Пластичното цевче е направено од неиритирачки матријал како би се
одбегнале компликации. На надворешната страна на канилата од страните
има пластични додатоци во облик на крла со чија помош се фиксира за
кожата. Исто така на крајот на самата канила има главен отвор преку кој се
весува системот за инфизија или пак шприц во зависност од
администрацијата на лекот. На канилата има уште еден помошен отвор
доколку е потребно да се додаде лек без да се прекине инфузијата. Двата
отвора на канилата имаат капачиња чија функција е спречување да се
излее крв, или пак да се внесат непожелни микроорганизми и воздух.
Канилите имаат различни величини кои се колор координирани. Со
нив оди стандардизирани мерки, па што е помала величината на
калибарот, промерот е поголем. Калибарот се ознчува со буквата Г
(геиџ). Истите според големината наоѓаат различни примени во
терапија:
14 Г ( портокалова ) – Брза трансфузија на крв

16Г ( сива )- Трансфузија на полна крв и крвни деривати.


18Г ( зелена )- Пацијенти во тек на хируршки интервенции кога примаат голема
количина на крв
20Г ( розева ) -Пацијенти кои примаат поголема количина на течности, при
дијагностика со внес на контраст преку вена

22 Г ( плава) –Пациенти кои подолго примаат инфузии, кај пациенти со потенки


вени.
24 Г ( беби систем)- Новороденчиња, педијатриски пациенти, евентуално
онколошки пациенти.
Контраиндикации за поставување на ИВК

Кај пациенти со целулитис на екстремитетите (се избегнува


контаминација на крвотокот со бактерии со нивна транслокација од
самата кожа)
Кај пациенти со мастектомија
Кај пациенти кои одат на дијализа и имаат фистула на едната рака
Кај изгореници кои зафаќаат поголема површина на кожата
Вени за избор се:

Vena cephalica
Vena basilica
Rete venosum dorsale manus
Vena mediana
Vena dorsalis pedis
Воведување ИВК се одвива во четири последователни постапки:

1. Дезинфекција на кожа
2. Стабилизација на вена
3. Пункција на вена
4.Воведување на канила во лумен на вена
Материјал потребен за воведување на ИВЦ

Повеска
Антисептик (провидон – јодид)
Стерилна вата/газа со помали димензии
ИВК - различни големини
Хипоалерген фластер
Физиолошки раствор
Шпрц од 10 мл
Компреса
Кантичка за оштар и контаминиран медицински отпад
Бубрежно легенче
Ракавици
Тацна или количка (работна површина)
Извор на светлост (ако просторијата не е доволно осветлена)
Постапка за воведување ИВК
 Објаснување за пациентот, неопходност од постапка, се бара согласност
 Се подготвува на количка целиот потребен материјал
 Контрола на се што е запакувано пред употреба
 Пациентот се мести во удобна положба
 Се обезбедува доволно светлост
 Се става компреса под раката(одкако е избрано местото за инсерција)
 Се навлекуваат ракавици
 Се замолува пациентот да ја спушти раката надолу за вената да се наполни, потоа се става повеската 10 -20
цм над местото за убод, затегање на повеската пред пунктирање на вената
 Дезинфекција на кожата, 30 секунди се остава да се исуши местото што се дезинфицирало, не се палпира
повторно
 Се трга заштитниот поклопец и визуелно се утврдува
исправноста на канилата
 Се фиксира вената мануелно неколку сантиметри под
избраното место за инсерција
 Се поставува канилата над вената под агол 15-30
степени. Се причекува прв повраток на крвта во
коморите за враќање на иглата водилка. (Враќањето на
крвта е доказ дека канилата е во вената)
 Се смалува аголот помеѓу канилата и кожата, се
внесува канилата во волуменот на вената, се
внимавава да не се оштети вената
 Се извлекува иглата водилка до второто враќање на
крвта во пластичното цевче од канилата. Се проверува
дали канилата е сеуште во вена
 Пластичното цевче се вовлекува бавно во луменот на
вената, истовремено се извлекува иглата водилка
према надвор
 Се применува дигито пресија на вената над врвот на
пластичното цевче и се вади иглата водилка целосно
 Иглата водилка се отстранува во кантичка за остар
медицински отпад со што се спречува можност за
несакан убод
 Се приклучува шприц и се испира вената со
физиолошки раствор. Се проверува проодност на
вената
 Надгледување на вената дали отекува, пациентот се
прашува дали чувствува болка или непријатност
 Ако одговорот е поволен се фиксира канилата.
Канилата е стабилна и осигурана
 Отпадот се отстранува во соодветни вреќи за
медицински отпад и за комунален отпад
 Канилата се менува по правило на 48 - 72 часа, ако е
потребно, времето може да биде варијабилно
Компликации од интравенска канла
• Циркуларно оптеретување
• Воздушна емболија
• Фебрилна реакција
• Инфекција (локална и системска).
• Руптура на вена и крварење
(хематом)
• Флебитис
• Тромбофлебитис
• Паравенски излив на течност
• Сепса
Одржување на ИВК

 Хепаринизација на канилата
 Раствор за хепаринизација на ИВК се прави така што во 500ml NaCl 0,9 % се става две ампули хепарин
од 1ml (5000 IU). На растворот се запишува датумот и времето на припремање
 По секое давање на лекот или инфузиониот раствор ИВK се прошприцува со 5ml раствор со хепарин.
 Пред секое наредно вклучување на терпија потрбно е прво со шприц да се активира содржината
потоа да се приклучи инфузијата
 Ваквата припрема на растворот може да се користи 24 часа
 Кај пациенти кои имаат снижен протромбински комплекс постои опасност од појава на крварење
 Затоа кај нас најчесто се користи 10ml NaCl 0,9 % раствор за редовно прошприцување
Сериозни грешки се избегнуваат со внимателна и честа контрола на канилата
Знаењето ја зголемува довербата кај пациентот
Правилата за асепса
Внимателно одбирање на местото за поставување на ИВК
Добро поставена ИВК овозможува конфор за пациентот

Кога венската линија веќе не е потребна или при промена на местото на инсерција, канилата се вади и се
фрла во вреќа за медицински отпад
Местото на инсерција се заштитува со сув стерилен тупфер, се применува компресија на местото 30 сек.
Пациентот може да ја држи раката подигната и сам да направи компресија ако е во можност
Тупферот може да се прицврсти со фластер или завој.
Заклучок
Успешно совладано знаење и вештина, добри комуникациски
вештини, способност на снаоѓање во дадени ситуации, важен
фактор се не само за воспоставување венска линија, туку и за
комплетна слика за способна, квалитетна и успешна медицинска
сестра.
БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО!

You might also like