You are on page 1of 17

Тема: Постапка при

трансфузија на крв и крвни


деривати
Вовед
Трансферот на крв или крвни компоненти од едно
лице (донаторот) во крвотокот на друго лице
(примачот) се нарекува трансфузија. Трансфузија на
крв е генерално процес на примање на крвни
продукти по интравенски пат. Трансфузија се кориси
за различни медицински состојби за да се заменат
изгубените компоненти на крвта.
Крвните компоненти за трансфузија може да се
поделат на:

1.Клеточни крвни компоненти


• Еритроцитни концентрати (ЕК)
• Тромбоцитни концентрати (ТК)
2.Плазматски крвни компоненти
• Свежо смрзната плазма (ССП)
• Криопреципитат (CRYO)
Доколку на пациентот не му се знае крвната група и Рх факторот,
медицинската сестра зема крв од пациентот и ја праќа истата на
анализа за нејзино откривање.
Општо познат е АВО системот кој е откриен во 1900 година од страна
на Карл Лендстеинер. Тој систем го сочинуваат 4 крвни групи и тоа:

Додека пак Rh факторот е откриен во 1939 година од Левин и Стетсон


во серумот на жена. Rh факторот е поделен на два и тоа:
Подготовка пред трансфузија
1.Пополнување на барање – требување
•Формуларот за требување на крв и крвни продукти е
стандардизиран од страна на Интитутот за трансфузиона
медицина и внесен во електронскиот систем за работа
на Клиниката
•Во системот за евиденција на пациентите се пополнети
основните податоци уште при првиот преглед на
пациентот при што ако е познато и со документ
потврдено се внесува и крвна крупа и Рх фактор
•При отварање на електронската форма на требувањето
сите основни податоци се автоматски внесени
•Во електронската верзија на требувањето се внесува
видот на крвниот продукт и потребната количина од
истиот
•За точноста на крвниот продукт и потребната доза
потврдува лекар со потпис и факсимил
•На листатата се потпишува и сестрата која го зела
примерокот на крв за претрансфузиски тестови.
•Требувањето се вади во 4 копии.
•Од пациентот се бара да потпише согласност дека
прифаќа да се направи трансузија (доколку не е свесен
се бара дозвола од родители или член на фамилија).
2. Земање на примерок на крв од пациентот
за интерреакција

• Се следи стандардизираната постапка за


венепункција
• Се зема 3мл.крв во вакуум епрувета со ЕДТА реагенс
(лила капаче).
• На епруветата се пишува име и презиме на
пациентот, името на клиниката, датумот на
венепункција и иницијали на медицинската
сестра/лаборант кој ја извршила венепункцијата.
• Уште еднаш се споредуваат податоците од
епруветата со податоците на требувањето за крвни
компоненти.
• Се вади сервисен упат за самата трансфузија на
потребните елементи и на неа се допишува во самиот
опис дека е потребно да се направи и интерреакција.
• Потребата од интерреакцијата е многу важна бидејќи
крвната група и Рх факторот може да се исти од
донорот и од примателот, но сепак да не се
компатибилни една со друга.
• Транспортот на земениот примерок до ИТМ со упатот
се носи веднаш од страна на болничар/транспортер.
3. Превземање на крвните компоненти
• Изработените анализи и припремената крв и крвните компоненти од ИТМ ги
подига болничар/транспортер
• За точноста на податоците и требуваните продукти потврдуваат со потпис
лицето кое врши издавање и лицето кое ги примило резултатите и крвните
компоненти.
• Транспортот се врши во наменски фрижидер кој служи само за транспорт на
крвни компоненти и во која се одржува адекватна температура со помош на
смрзнат течен амонијак.
• При превземање на крвните компоненти од страна на мед.сестра се врши
проверка на сите податоци на документацијата и споредување на испорачаните
продукти.
Доколку не се употребуваат веднаш, требуваните компоненти треба соодветно да се
чуваат. Еритроцитите и трмобоцитите се чуваат на ниски температури од 4 – 6
степени, додека пак плазмата се чува замрзната на -25 степени.
Потребна опрема
• Сет за анти-шок терапија
• Тераписка листа
• Крв или крвни компоненти кои
треба да се администрираат
• Сет за трансфузија со филтер
• Ракавици за еднократна
употреба (нестерилни)
• Бубрежно легенче
• Сталак за инфузија или
инфузомат
4. Проверка на идентитетот на пациентот
• пациентот се прашува за името, името на едниот
родител, презимето и датумот на раѓање.
• податоците за идентитетот добиени од пациентот се
споредуваат со податоците на тераписката листа,
историја на болест и податоците на транфузиската
документација, наод на крвна група, Рх фактор и
резултати од интерреакција.
• доколку не е можен контакт со пациентот
идентификација подразбира проверка на податоците од
историја на болест и споредување со оние на
температурната листа и наод на крвна група и Рх фактор.
5. Проверка на единицата на крвна компонента

• се прави визуелна инспекција на крвната компонента за да се утврди:


- постоење на евентуално оштетување на ќесата
- постоење на промена на бојата
- присуство на видливи коагулуми на крв
- присуство на воздушни меурчиња
- рокот за примена на крвната компонента
Доколку се примети нешто сомнително ќесата се враќа на Институтот за трансфузиона
медицина
• се споредуваат податоците од налепницата на ќесата со податоците во медицинската
документација и тоа:
- се споредуваат податоците за ABO/Rh крвната група на компонентата со ABO/Rh крвната
група на: резултатот на крвната група, резултатот на интереакција,
- се споредува видот и количината на добиената крвна компонента со требуваната
- се споредува идентификациониот број на етикетата од ќесата со идентификациониот број
впишан на испратницата
Доколку постои некомпатибилност на податоците во тек на проверката се откажува
трансфузијата.
6. Постапка на примена
• рацете се мијат/дезинфицираат и сушат
• стават нестерилни ракавици.
• на пациентот му се објаснува процедурата и
можните компликации му се дозволува да
постави прашања
• пациентот потпишува писмена согласност
• продуктот кој ќе се администрира е припремен
за употреба (плазмата растопена во вода со
температура 37˚Ц, крвта стоплена)
• се мерат и бележат виталните знаци
(температура, КП, пулс, респирации)
• пациентот се сместува во удобна положба
• се поставува систем за трансфузија на кесата
запазувајќи ја стерилноста
• се истиснува воздухот од системот при што се
внимава да нема меурчиња со воздух во
системот
• системот се прикачува на предходно поставена нова периферна
венска линија
• се започнува со трансфузија со подесување на регулаторот и со
подесување на пропишаната брзина на проток, зависно од
состојбата на кардиоваскуларниот систем на пациентот и степенот
на итност на примена на крвта.
• се пуштаат неколку капки од крвта и се стопира, се чека за
евентуални знаци за инкомпатибилност (се замолува пациентот да
ги пријави сите нови симптоми), доколку нема се продолжува со
трансфузијата на крв
• се запишува датумот и почетното време на трансфузија
• се следи трансфузијата, се мерат виталните знаци по 15мин. од
почетокот и по потреба во текот на трансфузијата и сите промени
се бележат на листа
• по завршување со постапката се распрема материјалот и се
отстранува во кесата за медицински отпад
• се отстрануваат ракавиците , се мијат рацете
• пациентот се опсервира во тек на 2-4 часа по завршување на
трансфузијата
• се документира примената на трансфузија, резултатите се
приложуваат во историјата на болеста
Компликации т.е. Трансфузиски реакции

Компликациите при трансфузија на крвни деривати не е честа, но


доколку се јави медицинската сестра треба да знае истите да ги
препознае и да брзо да делува. Најчести компликации кој може да
се јават се:
•Алергиска и анафилактична реакција
•Акутна хемолитичка трансфузиска реакција
•Септикемија и септичен шок
•Фебрилна нехемолитичка трансфузиона реакција
•Доцни или одложени трансфузиски реакции
•Трансмисија на инфективни агенси
Анафилактичка
реакција
Симптоми:
•Страв
•Генерлизирана уртикарија или
ангиоедем
•Гушење, глад за воздух,
до Status asthmaticus
Во тешки случаи:
•Нагол пад на крвниот притисок
•Губиток на свест
•Ширење на зеници
•Инконтиненција
•Конвулзии
Терапија:
Мора да биде ургентна и логична штом се појави дури и еден симптом или сомнение за
анафилакса.
•Ставање во хоризонтална положба или во блага Тренделенбургова положба
•Ослободување на дишните патишта
•Оксигенотерапија 5-10 L/min.
•Вештачко дишење (контрола на ТА на 5 мин.)
•Кај пациенти во бесознание потребна е аспирација на секрет од горните дишни патишта
и поставување на орофарингеален ервеј
•Есенцијална е брза надокнада на волумен (плазма заместителна терапија во вид на гел)
(GELASPAN 4% кај нас) – да се пласираат најмалку 2 и.в. канили со поголем промер
•Adrenalin во дози од 1:1000, 0,5 - 1 ml i.m., кај деца 0,01 ml/kg TT, повтори по 5 – 10 –
15 минути ако нема подобрување
•Антихистаминици i.v. (Sandosten Ca, Synopen, Phenergan)
•Кортикостероиди i.v. (Urbason, Nyripan 40-80 mg, Ultracorten H)
•Amynophillinum i.v. во доза 6 mg/kg при изразен бронхоспазам
Дополнително треба да се знае дека:

•во ќесата со крвни продукти НЕ СМЕЕ да се додаваат


лекови.
•трансфузија на крв преку интравенска линија која содржи
раствор на гликоза не се дава
•крвните компоненти НИКОГАШ не се загреваат со
импровизирани методи- ставање на радијатор и сл.
•симптоми и знаци кои треба да се следат: главоболка,
палпитации, недостаток на воздух, вртоглавица, пруритус,
гадење и повраќање, болка, хипотензија, осип, олигурија.
•после завршување на трансфузија ќесата се чува 24 часа
(заради можност од касни реакции).
Заклучок
Трансфузијата на крв е од голема вредност за
болните на кои им е потребна. Од сите
хоспитализирани болни, 10-15% имаат потреба од
трансфузија на некој од дериватите. Самата
процедура спасува живот на многумина, па затоа
медицинската сестра мора да знае како да пристапи
кон сите етапи при трансфузијата. Правилно,
проверено и асептично работење како и внимателно
набљудување на пациентите за време на
трансфузијата, како и по неа, доведува до
подобрување на нивната здравствената состојба.

You might also like