You are on page 1of 8

ПРОЦЕДУРА ЗА

Аплицирање на субкутана, интрамускулна и


интравенска инјекција

Датум на израбока на Датум на промена на


Број на процедурата
процедурата процедурата

15.04.2015 год.

Изработил: Контролирано од:


Др Мире Петковски Д-р Гоце Бузалков
Специјалист по интерни тука треба да стои име , презиме и потпис од
претседателот на Комисија за заверка на
заболувања процедури или доколку тој е отсутен на некој
Шеф на отсек од членовите од Комисијата за заверка на
процедурив.д.директорот на болницата

Ј.З.У. Специјална болница за белодробни


заболувања и туберкулоза,,Јасеново,,

1
Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза,,Јасеново,,

1. ЦЕЛ НА ПРОЦЕДУРАТА
Со оваа процедура се утврдува начинот на изведување, постапката и
редоследот на активностите при апликацијата на субкутана, интрамускулна и
интравенска инјекција на различни медикаменти.

2. ОБЛАСТ НА ПРИМЕНА
Процедурата е наменета за квалитет во работењето на собната и
одделенската медицинска сестра.

3.0. ДЕФИНИЦИЈA
3.1. Дефиниција на процедурата:

Субкутаната, интрамускулната и интравенска инјекција представува постапка со


која во телото на пациентот се внесуваат различни медикаменти во вид на
раствори, кои се обично припремени во воден раствор со стерилна процедура, и
кои како такви пристигаат во установата како готови фармацевтски облици било во
вид на готови раствори, или пак во вид на хидросолубилни прашоци, (кои на лице
место се раствараат со стерилна редестилирана вода) и кои со помош на погодни
направи за вбризгување кои се состојат од шприц и игла, се вбризгуваат во телото
на пациентот.
Дефиницијата Ве молиме преработете ја .Истата треба да биде кратка јасна и
концизна и да содржи со која цел(зошто )се спроведува оваа постапка.
Во зависност од местото на апликација разликуваме:
Субкутана инјекција- кога медикаментот се вбризгува во поткожното ткиво на
определени места на телото на пациентот,
Интрамускулнна инјекција, кога медикаментот се вбризгува длабоко во мускулната
маса обично на глутеалната регија,
Интравенска инјекција кога медикаментот се вбризгува директно во површните
вени некој од екстремитетите каде се вените најлесно достапни за апликација.
Покрај овие видови, постојат и други специфични видови на инјекции кога
медикаментот се вбризгува во поедини шуплини или ткива на организмот како што
се интраартикуларни инјекции, интраперитонеални, интраторакални, интратекални
интраартериски, интракардијални локални и други поретко проименувани облици на
инјекции.
За овие облици на апликација во наредниот текст се употребува синонимот –
парентерална апликација на лекови.

3.2.Дефиниција на извршителот:
Оваа процедура ќе ја спроведува собната и одделенската медицинска сестра.

4.0. ОДГОВОРНОСТ

4.1 Одговорни за контрола на процедурата се:


Собната медицинската сестра, одделенската медицинска сестра на болницата,
ординирачкиот доктор, шефот на отсек, и директорот на Болницата .

4.2 Одговорни за спроведување на процедурата се :


2
Собната и одделенската медицинска сестра.

5.0 ОПИС

Процедурата започнува со добивање на писмен налог за апликација на субкутана,


интрамускулна или интравенска ( во наредниот текст парентерална апликација) од
страна на ординирачкиот доктор.
Доколку се работи за хоспитален пациент на Болницата, докторот својот налог за
парантерална апликација го назначува во писмена форма на температурната листа
на пациентот, а сестрата го запишува во дневникот од визита во хартиена или
електронска форма.
Доколку пак налогот на докторот се однесува на парентерална апликација на лек на
амбулантен пациент, тој својот налог го запишува на извештајот од направениот
преглед на пациентот или на друг хартиен формулар на кој го назначува,
фармацевтскиот облик, името на лекот, ординираната поединечна доза на лекот,
со назнака за начинот на апликација (субкутано, интрамускулно или интравенски)
користејќи ги вообичаените кратенки согласно правилата за рецептна прескрипција
од фармакологијата.
Покрај овие стандардни упатства, во случај на потреба докторот назначува и начин
на апликацијата на лекот на пр. „Споро интравенски во тек на 5 минути“ или друго
упатство кое на разбирлив начин го опишува посебното барање на докторот до
медицинската сестра за начинот на апликацијата на лекот.
Во посебно итни случаи и по исклучок, кога загубата на време во изработка на
писменото упатство значи губиток на драгоцени минути кои можат да бидат
пресудни за судбината на пациентот, налогот за апликација на парентерална
терапија и упатството за начинот на примена, докторот го дава усно директно на
медицинската сестра која ќе го изврши налогот, а по спроведената процедура
докторот ќе го направи писмениот налог како е погоре изнесено.
По примениот писмен или устен налог за парентерална терапија, собната
медицинска сестра најпрво ќе го прочита налогот, и откако ќе ја разбере неговата
содржина во сите негови детали, ќе започне со изведување на процедурата на
давање на инјекција. Доколку кај неа постојат било какви нејаснотии околу налогот
за апликација, таа нема да го спроведе налогот туку е должна пред да го спроведе
налогот да се обрати веднаш до лекарот кој го издал налогот и да побара
објаснување на нејасните елементи на налогот. Откако ова ќе биде направено,
Медицинската сестра ќе го запраша пациентот за досегашни евентуални лоши
искуства при поранешни парантерални апликации на било какви лекови кај него.
Доколку добие сознание за поранешни реакции на преосетливост, алергии,
анафилактички, колапсни или други реакции кои тој пациент ги имал искусено при
примање на парентерална терапија, должна е за тоа свое сознание да го
информира лекарот кој дал налог за парентерална терапија пред да го спроведе
налогот за парентерална терапија.
Потоа преминува на изведување на процедурата. Медицинската сестра ќе го
прифати пациентот и ќе му објасни дека докторот што го прегледал му ординирал
парентерална терапија - инјекција која треба веднаш да се спроведе. Таа ќе го
запраша дали досега има искуство со ваков облик на трепија и дали има искусено
негативни последици и какви. Доколку дојде до значајни информации во врска со
ова прашање, ќе постапи како е погоре пропишано и ќе се консултира со лекарот.
Потоа, ќе побара од пациентот да седне или да легне во зависнот од типот на
инјекцијата. Препорачана позиција за апликација на субкутана инјекција е
седечката, за интрамускулната полуседечка во десен или лев декубитус а за
интравенската инјекција – лежечка позиција на грб. Доколку има сознание дека кај

3
пациентот при поранешни парентерални апликации на инјекции настапил колапс,
или пак примети дека пациентот е премногу нервозен, исплашен или на друг начин
смета дека кај него може да се очекува негативна реакција од применетата
процедура, задолжително ќе побара од пациентот за се намести во лежечка
позиција – на грб или на страна во зависност од типот на инјекцијата. Од пациентот
ќе побара да соблече дел од облеката со цел да се ослободи местото за
апликација на лекот. Притоа за субкутана инјекција како место на апликација
преферираме лева или десна надлактица ( но може и било кој друг дел на кожата
на пациентот, како кожата на абдоменот, лева или десна натколеница и сл), за
интрамускулна инјекција како место за апликација го преферираме надворешниот
горен квадрант од глутеалната регија, а поретко предната феморална регија и
четириглавиот феморален мускул, а за интравенска инјекција ја преферираме
левата или десна кубитална површинска вена на горниот екстремитет.Во поретки
случаеви, ги корстиме површната вена сафена на левата или десна потколеница,
површните вени на дорзумот на шаката, југуларната вена или други поретки
локации.
Потоа, медицинската сестра од шкафчето на лекови ќе го припреми потребниот
материјал и тоа ампуларните облици на лековите кои ќе бидат инјектирани, малку
санитетска вата, медицински 70% алкохол за пребришување на местото на
апликацијата, пластичен шприц со соодветен волумен доволен да ги собере
количините на препишаните ампуларни лекови, соодветна игла за субкутана или
интрамускулна и интравенска инјекција. Доколку аплицира интравенска инјекција,
ќе припреми и еластична подврска ( Есмархова поврска) заради предизвикување на
венска стаза на екстремитетот каде ќе се аплицира интравенски. Најпрво ќе ги
провери името на лекот, дозата која е напишана на етикетата на лекот, како и рокот
на употреба. Евентуални дополнителни предупредувања или препораки за начинот
на употреба на лекот. Таа ќе провери и дали лекот органолептички одговара на
пропишаните својства на етикетата, дали е растворот бистар, или заматен, или ја
порменил бојата. Доколку со овие активности настапат било какви дополнителни
нејаснотии или сомнежи околу планираната апликација или квалитетот на лекот,
медицинската сестра ќе го информира лекарот за овие околности и ќе побара
консултација и мислење од него, а процедурата ќе ја прекине и одложи до
разјаснување на новооткриените околности. Медицинската сестра, како непосреден
извршител пред апликацијата на инјекцијата мора да биде стопостотно сигурна
дека лекот кој го аплицира е оној што е препишан од лекарот, дека лекот е со
правилен изглед, дека е во рок за употреба, дека е правилно чуван и складиштен, а
се врз основа на нејзиното познавање и знаење за лековите, како и работното
искуство. Било каков сомнеж што ќе се појави кај неа во врска со претстојната
апликација на инјекцијата на пациентот и која се однесува на било кој аспект на
предвидената процедура таа мора да го соопшти на лекарот кој ја препишал
терапијата и да ги разјасни тие околности во договор со него пред да ја спроведе
процедурата. Медицинската сестра ќе одбие да даде инјекција на пациентот
доколку смета дека со таа процедура може да предизвика последици по здравјето
на пациентот, а заради констатирани недостатоци на лекот кои се од битно и
суштествено значење за неговото делување на пациентот како што се поминат рок,
промена на физичките и органолептички својства на лекот, неправилното чување и
складиштење на истиот, појава на талог при негово мешање и комбинирање со друг
лек во шприцот.За ваквиот настан е должна веднаш писмено да го извести шефот
на отсек и директорот на Болницата, и да ги сочува и приложи предметните докази
кои се поврзани со таквиот настан.
Потоа, доколку е лекот готов раствор, директно ќе го вшмука во шприцот. Доколку
пак лекот е во прашкаста форма, најнапред со погоден раствор кој обично е
редестилирана вода и според фармацевтското упатство за разредување на

4
соодветниот лек, со шприц ќе уфрли во флаконот соодветна количина на
растворувачот, и после неопходното протресување откако се добие соодветна
суспензија, емулзија или раствор на лекот ќе премине кон апликацијата на лекот.
Заради подобра подносливост на лекот, кај некои лекови е дозволено претходно
мало разблажување со физиолошки стерилен раствор до вкупниот капацитет на
шприцот ( најчесто кај шприцевите со запремина од 20млл). Во фазата на припрема
на лекот важат следните правила.
Матни раствори, суспензии и емулзии согласно препораките на произведувачот на
лекот се аплицираат само интрамускулно или субкутано.
Интравенски се аплицираат само бистри раствори. Никако и под никои околности
не смее да се вбризгаат во вената матни раствори, емулзии, масни лекови,
суспензии, ниту комбинација на лекови кои во процесот на комбинирање во еден
шприц покажале дека помешани помеѓу себе даваат матен талог кој ни после
протресувањето не се избистурува. Интравенски се аплицираат само бистри
раствори. Времетраењето на интравенската апликација за повеќето лекови не
треба да биде пократко од 5 минути освен ако не е изричито наложено од страна на
лекарот кој во тој случај мора да е присатен на лице место во текот на
изведувањето на процедурата. За некои медикаменти е предвидено и подолго
време на аплицирање во вената и тогаш треба да се почитува тоа упатство на
произведувачот на лекот. За некои лекови при интравенската апликација се
предвидени значително поголеми количини на разредувач ( редестилирана вода)
отколку количините кои вообичаено се користат и за неразредените лекови во
облик на прав за припрема на раствор изнесуваат 2-5 млл.редестилирана вода.
При интравенска инјекција ултимативно е забрането присуство и на најмала
количина на воздух во шприцот и иглата за инјектирање заради спречување на
опасноста од гасна емболија кај пациентот.
Откако ќе го припреми потребниот материјал за изведување на инјекцијата, ,
медицинската сестра ќе го отвори на стерилен начин пластичниот шприц, водејќи
сметка да не го допира со раката предниот дел на шприцот заради запазување на
стерилноста на процедурата. Ќе ја скрши главата на ампулата во која е сместен
готовиот лек, и со предниот цевчест дел на шприцот ќе го вшмука лекот или повеќе
лекови како е назначено во налогот за инјекција, и со благо протресување на
шприцот ќе ги помеша лековите. Потоа на стерилен начин ќе отвори соодветна
игла за парентерална апликација и стерилно ќе ја навлечле на шприцот држејќи ја
за капачето на иглата. Откако со благ притисок ќе ја наглави иглата, ќе го отстрани
капачето на иглата и ќе го истисне преостанатиот воздух кој се наоѓа во шприцот
држејќи го со иглата кон горе и во спротивен правец до пациентот внимавајќи да не
испрска по пациентот или некој од присутните во амбулантата. Доколку постои
соодветно место за таа операција ќе го искористи тоа место во амбулантата.
Откако ќе го истисне воздухот од шприцот, се до истекување на мала количина на
лековитата течност, со другата рака ќе земе мала количина на медицинска вата
натопена со 70% медицински етил алкохол и со движења од горе кон долу и од
центар на предвидената локација за инјекција, па кон периферијата ќе го пребрише
местото за апликација на инјекцијата.
Потоа се постапува во зависност од типот на инјекцијата.
1. Ако се дава субкутана инјекција, со палецот и показалецот на левата рака се
заштипнува со благ притисок кожата на надлактицата на надворешната
страна кај мускулус трицепс брахи се додека се добие кожен набор, а потоа
се прободува кожата на најиспакнатиот дел на кожниот набор така што врвот
на иглата да дојде во поткожната фасција но не да продре во мускулот, што
значи да продре отприлика 1 цм во наборот. Потоа прво аспирира
( вшмукува) со шприцот за да се увери дека врвот на иглата по случајност не
се наоѓа во луменот на некој поткожен крвен сад, и потоа со благ притисок во

5
тек на неколку секунди ја истиснува целата количина на лекот во шприцот.
Доколку при вшмукувањето во шприцот се појави крв, целата процедура се
запира, иглата се извлекува без да се вшприца лекот, местото се
пребришува со алкохол а процедурата се повторува на друга локација на
истата или другата надлактица. Лекот кој е загаден со аспирирана крв се
фрла и не се аплицира при повторната апликација.
2. Ако се дава интрамускулна инјекција, пациентот е завртен на страна или на
стомах во лежечка позиција, со одголен соодветен дел на глутеалната регија.
Медицинската сестра глутеалната регија провизорно ја поделува на четири
квадранти со една замислена линија која е вертикална и мине низ средината
на левата или десната глутеална регија, и една замислена хоризонтална
линија која мине низ средината на глутеалната регија. Овие две линии го
делат глутеалниот предел на четири квадранти. Се бира надворешниот
горен квадрант и во неговиот централен дел се изведува убод под прав агол
длабоко во глутеалниот мускул. Ориентациски тоа е длабина од 3-5 цм во
зависност од дебелината на пациентот и на глутеланиот предел. Кај
поголеми масни наслаги се оди подлабоко а кај послаби пациенти политко.
После тоа се аспирира за да се увери дека врвот на иглата не е случајно во
луменот на длабок мускулен крвен сад, во кој случај се појавува крв во
шприцот а процедурата се прекинува а иглата извлекува. Лековите
помешани со крв се фрлаат и не се користат во повторената процедура ами
се земаат нови. Откако се направи аспирацијата и се уверивме дека не сме
погодиле крвен сад полека и во тек на половина до една минута се вбризгува
лекот длабоко во мускулот на глутеалната регија. За тоа време се прати
состојбата на пациентот и неговата реакција. Доколку при вбризгувањето
сестрата примети вознемируваќка реакција кај пациентот, јака болка, или тој
соопшти некаков вознемирувачки осет, жештина, вртоглавица, несвестица,
силна болка, гушење, срцебиење чешање или било каков друг
вознемирувачки симптом, сестрата веднаш ќе ја прекине процедурата, брзо
ќе ја извлече иглата од телото на пациентот и ќе се обиде да ја процени
ситуацијата. Веднаш ќе го информира лекарот на најбрз начин дека се
случила реакција и ќе побара консултација со него. Понатамошната
процедура ќе зависи од одлуката на лекарот кој е повикан да интервенира во
ваквиот случај.
3. Ако се дава интравенска инјекција, пациентот лежи на грб со одголен ракав
на соодветната страна на горниот екстремитет. Медицинската сестра
поставува еластична подврска на горната надлактица над кубиталната јама ,
благо ја затегнува така што да направи стаза на венската но не и на
артериската циркулација. Ова е потребно за да дојде до набрекнување на
површните вени на лактната јама, со цел нивна пункција и апликација на
интравенската инјекција. Затоа поврската се стега умерено, така што на
радијалната артерија на рачниот зглоб да се пипа артерискиот пулс. По
кратко време, и со неколку пати последователно стегање на шаката на
пациентот, ќе се забележи набрекнатост на површната кубитална вена на
лактната јама. Се избира прав и јасно назначен дел на вената, со левата
рака се затега кожата на лактот од задната страна а со десната рака се
пребришува местото на убод со медицинска вата натопена во 70%
медицински алкохол. Откако се увери за позицијата на вената, сестрата
изведува убод под агол до 45 степени во однос на површината на кожата кој
е плиток, односно толку длабок да ја пробие кожата над вената и
надворешниот зид на набрекнатата вена, така што врвот на иглата да се
најде во средината на нејзиниот лумен. Откако е веројатна оваа позиција на
врвот на иглата медицинската сестра внимателно, без да ја поместува

6
позицијата на иглата аспирира со шприцот прави мала аспирација. Појавата
на крв во лументо на шприцот е потврда дека се наоѓа во луменот на крвниот
сад. После тоа, со левата рака ја отпушта еластичната поврска над местото
на убодот, со цел да се воспостави венската циркулација со остатокот на
екстремитетот, и продор на лекот во целокупната циркулација и започнува со
внимателно истиснување на мала количина на лекот во пунктитраната вена.
После почетното мало истиснување, внимателно следи дали има рекација кај
пациентот. Ќе го запраша како се чувствува и дали има било какви
невообичаени симптоми. Доколку се увери дека нема никаква реакција и
тешкотии, продолжува со апликацијата на лекот во тек на најмалку 5 минути.
Доколку состојбата не е јасна, времено го запира аплицирањето на лекот и
со иглата во вена чека да види како ќе се развијат симптомите на кои
пациентот се пожалил. Доколку нема натамошен негативен развој,
продолжува внимателно со процедурата истиснувајќи уште малку од лекот и
повторно ја следи ситуацијата. Доколку дојде до појачување на симптомите
или појава на нови и загрижувачки опишани во делот за интрамускулна
инјекција, сестрата ќе ја прекине процедурата, и веднаш ќе го повика лекарот
за консултација. Понатаму ќе постапи според налогот на ординирачкиот
лекар. Доколку процедурата се заврши без никакви предупредувачки
симптоми, по завршувањето на интравенската инјекција, сестрата со
притисок на мала количина на медицинска вата врз местото на убодот, ќе ја
извлече иглата и со непрестан притисок на ватата ќе направи локална
хемостаза со притисок. Потоа, на местото на убод на вената ќе постави
тупферче од памук или тупфер од медицинска газа кој ќе го фиуксира со
медицински фластер за да обезбеди добра хемостаза. Ќе му препорача на
пациентот да го држи лактот во флектирана положба 2-3 минути за да не
дојде до крварење од местото на убод, и притоа местото на убодот да го
притиска со палецот од другата рака.

Кај сите три вида на инјекции, на пациентот му се соопштува да седне во


чекалната на амбуланата и се набљудува во тек на 30 минути во потрага по
евентуални несакани реакции од давањето на парентералната терапија
( инјекции). Медицинската сестра ќе го информира пациентот дека во случај на
појава на било каква реакција, симптом, или невообичаен осет, кој ќе се појави
кај него треба веднаш да ја извести за тоа. Доколку се случи било каква реакција
од лекот, медицинската сестра ќе го легне пациентот на медицинското креветче,
ќе го постави во позиција која е најбезбедна за него. Таа непосредно ќе ја следи
состојбата на болниот, така што веднаш ќе измери крвен притисок, пулс, и ќе се
увери дека има респирација на пациентот. За цело време на следењето ќе го
смирува пациентот и ќе води грижа за неговата здравствена состојба. Доколу
оцени дека се случува некоја посериозна реакција како резултат на
аплицираната инјекција, веднаш ќе го повика лекарот за натамошно следење и
лекување на новонастанатата ситуација.
Доколку пак кај пациентот настапи несвесна состојба, ќе го постави во лев или
десен страничен декубитус, и ќе обезбеди проодност на дишните патишта.
Доколку настапи прекин на дишењето и срцевата работа, веднаш и без
одлагање ќе започне со примена на процедурите за кардиопулмонална
ресусцитација ( обезбедување на проодност на дишните патишта, вештачко
дишење и масажа на срцето) а после тоа веднаш и на најбрз можен начин ќе
повика за помош до лекар кој е најблизу до местото на настанот и натаму ќе
продолжи според упатствата и инструкциите на лекарот кој е на местото на
настанот.

7

6.0. Докази:
Наведете пишани документи кои ги користите при изведување на оваа процедура.
Пр.-Писмен налог
-температурна листа
7.0. Референци :
-Закон за здравствена заштита
- Закон за заштита на правата на пациентите

You might also like