You are on page 1of 16

Медицински факултет- Скопје

Стручни медицински сестри и


техничари

Положба на болниот во
постела
Видови принудни положби
Болните
во кревет може да земаат
Активна
Пасивна
Принудна
 Активнаположба заземаат болните кои се
подвижни,кои дошле за испитување и сл.Овие болни
личната хигиена,исхраната и физиолошките потреби
ги извршуваат сами,т.е. можат да се двишат.

 Пасивна положба заземаат болните во бесвесна


состојба,кома, болни со висока температура,
парализирани пациенти и сл. Овие болни заземаат
положба во која ќе се најдат бидејќи не можат сами
да ја сменат. Најчесто се во хоризонтална положба.

 Принудна положба заземаат болни при разни


болести со цел да им се олесни состојбата за преглед
или се диктирани од самата болест.
 Принудни положби диктирани од болеста:
фаулерова
менингеална
опистотонус
 За олеснување на состојбата:

тренделенбургова
странична
оберхолтова
квинкеова-дренажна
 За преглед на поедини делови:

гинеколошка-акушерска
колено-лакотна
преглед на грло
Фаулерова положба
 Фаулеровата положба е полуседната или седната,
која ја заземаат болните кои имаат пречки во
дишењето,срцеви и белодробни болни и бремени
жени.Во оваа положба болниот има подобра
вентилација на белите дробови.За да се намести
болниот во оваа положба потребни се 6- 7 перници,
ќебе во вид на валјак,чаршаф здиплен во дијагонала
и ѓевречиња од вата.Три перници се во вид на
буквата А,четвртата се става под глава,а две се
ставаат под рацете превртени по должина.Под
колената се става ќебе или мека перница која нема да
притиска на крвните садови и дијагонален чаршаф
под стапалата.Под петиците е ставаат ѓевречиња од
вата.
Менингеалната положба
Оваа положба ја заземаат болните од
Meningitis.Овие болни се завртени во
странична положба,споротивно од
светлината со зафрлена глава наназад и
вкочанет врат,а нозете се свиткани во
колената и колкот.
Опистотонус
Опистотонус положбата е во вид на лак.Ја
заземаат болните од Tetanus.Поради дејството
на токсинот Klostridium tetani болните се
потпираат на тилот и петиците, а
тораксот,абдоменот и екстремитетите се
подигнати.
Тренделенбургова положба
 Тренделенбурговата положба е за автотрансфузија.Во
оваа положба се ставаат болни кои искрвавиле или
болни кои колебирае.Со оваа положба на
автотрансфузија крвта од екстремитетите и кралицата
пасивно се враќаво срцето и мозокот и ги снабдува со
крв.Со тоа состојбата на болниот за кратко време се
подобрува.Ако болниот изгубил поголема количина
крв,таа треба да се надомести со вистинска
трансфузија.За оваа положба се потребни 6 перници,
напречен чаршав и напречна мушама.Болниот се
поставува без перница,а во пределот на карлицата се
става 1 перница,во пределот на натколеницата две
перници и во пределот на потколеницата 3 перници.
Потоа се покрива со напречна мушама и напречен
чаршаф и се поставува болниот.
Странична положба
Во оваа положба се поставуваат болните кои
подолго лежат во хоризонтална положба.
Болните се потпираат со перници свиткани
во должина пред пацинтот и една помека
перница меѓу нозете. Горната нога се
свиткува малку. Ѓевречињата од вата се
ставаат на внатрешната страна на горната
нога и на надворешната страна во пределот
на зглобот.
Оберхолтова положба
Јазаземаат болните кои имаат изгореници на
грбот и глутеусите.Овие болни лежат на
абдоменот со рацете во висина на главата.
Квинкеова или дренажна положба
 Јазаземаат болните со цел да се отстрани насобраниот
секрет од дишните патишта.Тие се болни со Bronchitis,
Bronchiectasiae.Како потежок, секретот се симнува во
долните делови на белите дробови и го оневозможува
дишењето.При оваа состојба устата,
ларингсот,трахеата,и бронхиите треба да бидат
пониско поставени од насобраниот секрет. За оваа
положба сестрата треба да постави една перница,
изолација за перницата,сад за искашлување,чаша со
чиста вода и салфети за бришење.Болниот легнува
напречно на креветот,ја спушта главата надолу,се
потпира со лактовите на преницата која се наоѓа на
подот кој е изолиран и се искашлува во садот. Во оваа
положба болниот се поставува наутро и навечер.
Гиниколошко-акушерска положба
заземаат жените при преглед на
гениталните органи,при породувањето,
катетеризација и сл.

При преглед на ректум,простата,


болните заземаат колено-лакотна
положба.Се поставуваат на маса за
преглед и се потпираат на лактовите и
колената.
Посебна положба заземаат болните,т.е.
децата при преглед на грло,ноц,уво. Сестрата
ги седнува во скут,нозете на детето ги става
меѓу нејзините нозе,со левата рака му ги
држи рацете,а со десната ја фиксира главата
на детето на челото приближна до нејзиното
рамо.
Ви благодарам на
вниманието

You might also like