You are on page 1of 5

МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’


Скопје

Предмет: Медицинска диететика


Тема: Конзумација на алкохол кај доилки
Вовед

Многу доилки добиваат погрешни совети кога се работи за ефектот кој


конзумирањето на алкохолот го има врз бебето кое се дои. Притоа, многу жени се
советуваат да не конзумираат алкохол додека трае бременоста поради фактот што
алкохолот можно е да влијае негативно на бебето додека жената е бремена. Но,
ризиците кои се поврзани со конзумацијата на алкохолот после бременоста, додека
новороденчето се дои, сеуште не се добро дефинирани.

Ефектите кои алкохолот ги постига врз доенчето, се во директна зависност од


количината на алкохол која се конзумира од страна на жената. Ако жената
конзумира алкохол во ретки прилики, и во ограничени количини, не е докажано дека
е штетно врз бебето. Меѓутоа многу мајки се наоѓаат во ситуации каде имаат желба
да конзумираат алкохол но имаат одредени грижи за можните негативни ефекти на
нивното бебе.
Работи кои треба да се запазат

Возраста на бебето:
 Новороденчињата имаат недоволно развиен црн дроб, и алкохолот има
поголемо влијание врз нив
 Се до 3 месечна возраст, новороденчињата го метаболизираат алкохолот
околу половина од стапката на возрасните
 Повозрасно новороденче може побрзо да го метаболизира алкохолот од
помладо новороденче

Тежината на мајката:
 Тежината на човекот диктира колку брзо се метаболизира алкохолот
 Особа со поголема тежина го метаболизира алкохолот побрзо од полесна
особа

Количината на алкохолот:
 Ефектот на алкохолот врз бебето е во директна релација со количината на
алкохолот кој се конзумира
 Колку повеќе алкохол се конзумира, подолго време е потребно за да излезе
од телото на мајката

Колку алкохол поминува во мајчиното млеко?


Алкохолот е присутен во мајчиното млеко во ист однос како во нејзината крв,
нивото се крева и спушта во согласност со нивото во крвта. Алкохолот слободно
преминува во мајчиното млеко, и количината на алкохол го достигнува врвот 30 до
60 минути после конзумација, 60 до 90 минути кога се конзумира во комбинација со
храна. Кога алкохолот се филтрира од крвта, истовремено се филтира и од
мајчиното млеко. Жена која тежи околу 58 килограми, и се потребни приближно два
до три часа за да се елиминира алкохолот од нејзиното тело, од една порција на
пиво или вино, се до 13 часа за да се елиминира алкохолот од една порција на
високо-алкохолен пијалок.
Дали алкохолот може да влијае врз мајчиното млеко?
Бројни студии покажале дека бебињата се дојат почесто ако мајката
конзумирала алкохол. Затоа што бебињата не го метаболизираат алкохолот толку
добро како возрасните, веројатно конзумираат помалку млеко отколку што би
конзумирале 3-4 часа после конзумирањето на алкохолниот пијалок. Кога ова ќе се
искомбинира со спорото испуштање на млеко кое резултира од конзумацијата на
алкохол, растот на бебето може да биде компромитиран ако мајката конзумира
значителни количини редовно. Едно пиво или чаша вино неделно веројатно нема
да влијае, и ефектите се намалуваат како што бебето расте. Количините на алкохол
во крвта на мајката мора да постигнат 300mg/100ml за значителни нуспојави да се
појават кај новороденчето.

Злоупотребата на алкохол влијае врз бебето


Ако мајката редовно конзумира големи количини на алкохол, тоа
дефинитивно влијае врз бебето. Мајки кои се под дејство на алкохол не треба да
дојат се додека не се комплетно трезни, додека алкохолот не излезе од крвта на
мајката.

Ако алкохолот се конзумира во големи количини може да предизвика


слабост, и абнормално зголемување на тежината на бебето и други нуспојави.

Во некои култури се верува дека конзумацијата на алкохол го релаксира


доенчето и го потпомага неговиот сон. Но пронајдено е дека алкохолот води до
промена на навиките на спиење на доенчето. Доенчињата кои внеле алкохол низ
мајчиното млеко спиеле значително помалку од претходно.

Од друг аспект, мајката која злоупотребува алкохол може да има негативни


влијанија од алкохолот: да не го дои доволно бебето и сл. Бебето може да
промашува доења, и неефективно да го конзумира млекото, што води до помала
конзумација на млеко.
Користена литература

1. http://pubs.niaaa.nih.gov/publications/arh25-3/230-234.htm
2. http://www.babycenter.com/0_alcohol-and-breastfeeding_3547.bc
3. https://www.laleche.org.uk/alcohol-and-breastfeeding/#things

You might also like