You are on page 1of 8

Медицински факултет – Скопје

Универзитет „ Свети Кирил и Методи„

Тригодишни студии- СМС

Семинарска работа по Анатомија

Тема:

PULM
O ET
PLEUR
A
Содржина:

1. Воведен дел..................................................................3
2. Главен дел:Надворешен изглед на pulmo.............................4
3. Состав и градба на pulmo.................................................5
4. Pleura .........................................................................6
5. Заклучок......................................................................7
6. Користена литература.....................................................8

2
Воведен дел
Белите дробови се парни органи и функционален дел на системот за дишење. Тие
се сместени во плеуропулмоналните простови во градната празнина.Белиот дроб
се состои од две белодробни крила: десно и лево (pulmo dexter et sinister). Секој
од нив наликува на пресечен конус со база кон дијафрагмата а врвот насочен
нагоре.На белиот дроб се разликуваат две страни: надворешна или ребрена и
внатрешна. Двете белодробни крила со своите внатрешни страни ограничуваат
еден простор наречен средоградие или mediastinum.

3
Надворешен изглед на pulmo
На секое белодробно крило се опишуваат две страни,база,врв и два јасно
воочливи раба.

Белодробната база (basis pulmonis)


е широка,конкавна и налегнува на
конвексна површина на
дијафрагмата,која ги дели белите
дробови од десниот лобус на
црниот дроб и левото белодробно
крило од левиот лобус на црниот
дроб,желудникот и слезината.

Врвот (apex pulmonis)се протега во


коренот на вратот,достигнувајќи
2,5-4cm над нивото на стерналниот
крај на првото ребро.

Страните се facies costalis


(надоврешна страна) и facies mediastinalis (внатрешна страна). Facies costalis е
испакната и свртена према ребрата.Facies mediastinalis е вдлабната и свртена
спрема mediastinum.На средината од оваа страна се наоѓа влезен отвор или
белодробен хилус (hilus pulmonis). Преку хилусот влегува главниот бронхус,
белодробната и бронхијалната артерија и влакна од вегетативниот нервен систем,
а излегуваат белодробните и бронхијалните вени. Јасно изразени рабови на pulmo
се: margo anterior(преден раб) и margo posterior (долен раб). Со помош на
пукнатини белите дробови се поделени на резени или лобуси.

4
Pulmo dexter има две пукнатини и тоа fissure obliqa(коса пукнатина) и fissure
horizontalis(хоризонтална пукнатина) кои го делат на три резени:lobus superior,
medius et inferior (горен,среден и долен резен).Pulmo sinistra поседува само
fissula obliqa и два резена: lobus superior et inferior (горен и долен резен).
Помалите делови од резените се нарекуваат segmenta bronchopulmonalia.

Состав и градба на pulmo:

Секое белодробно крило е составено од паренхим и строма и е поделено на lobi


pulmonum.Во секој од овие лобуси влегува по еден bronchus lobaris кој е
пропратен со крвни садови и нерви на lobus pulmonalis.Во секој сегмент на белите
дробови продира по една голема дишна гранка која е означена како bronchus
segmentalis.Bronchus segmentalis e пропратен со крвни садови и нерви на
белодробниот сегмент.Секој сегмент е изграден од голем број lobuli pulmonum
(белодробни резенчиња).Дишната гранка која навлегува во овие резенчиња се
нарекува bronchiolus terminalis.Bronchiolus се дели на се помали гранчиња кои се
нарекуваат bronchiole respiratorii,а овие пак на ductuli alveolares по чии што
ѕидови се наоѓаат неправили полумембранозни проширувања наречени alveoli
pulmonis. Алвеолите се исполнети со воздух,додека нивните тенки ѕидови се
богато прокрварени со густа капиларна мрежа на белодробните артерии.Преку
ѕидот на алвеолите се врши размена на гасовите поради разлика во
потенцијалните притисоци на O2 и CO2.Кислородот од воздухот преминува во
капиларите и оди во крвотокот,а CO2 од крвта преоѓа на алвеолите и преку

5
дишните патишта се издишува.Крвните садови на белите дробови се делат на
функционални и нутритивни.

Pleura

Плеврата,која лежи на внатрешната страна на ендоторакалната фасција,е серозна


мембрана на која се разликуваат три анатомски дел во однос на регијата која ја
покрива: костална, медијастинална и дијафрагмална. Сите овие делови ја
сочинуваат париеталната плевра. Серозата мембрана, која ги покрива белите
дробови и која навлегува во хилусот, во непрекината врска со париеталната
плевра,ја претставува висцералната плевра. Помеѓу косталната и
медијастиналната плевра се наоѓа костомедијастиналниот синус, додека пак
помеѓу косталната и дијафрагмалната плевра се наоѓа френикокосталниот синус.

Париеталната плевра е инервирана од сензитивните интеркостални нерви, додека

Висцералната нема сензитивни завршетоци.Медијастиналната плевра е послабо


инервирана, а дијафрагмалната ја инервира френичниот нерв.Стимулација на
медијастиналната плевра дава најасно чувство на болка ретростернално додека
стимулацијата на дијафрагмалната плевра дава болка на рамото.Париеталната и
висцералната плевра се допираат,а помеѓу нив се наоѓа тенок слој на серозна

6
плеврална течност. Куполата на плеврата е во непосреден допир со важни
анатомски структури од горната торакална апертура и базата на вратот:a. et v.
subslavia,plexus brachialis,n.phrenicus,n.vagus и како и ductus thoracicus.

Заклучок

Системот за респирација, особено белите дробови се мошне нежни органи, чија


здрава состојба зависи од повеќе фактори. Затоа просториите во кои се
престојува треба да бидат добро проветрени и обезбедени со постојан прилив на
свеж воздух.Во простории каде се престојува подолг временски период, доаѓа до
натрупување на CO2 кој штетно влијае на органите за дишење како и врз здравјето
на поединецот.

7
Користена литература

1. Анатомија за I година за средно медицинско/ Аница Карговска-Клисарова;


Нада Терзиовска
2. Анатомија на човекот- Скрипта 2010,Скопје/ Респираторен систем
Проф. Д-р. К.Корнети-Пекевска
3. Биологија за IIIгодина на реформираногимназиско образование/ Сузана
Диневска-Ќовкаровска; Софија Ачкоска
4. Интернет
 http://doktori.mk/element/view/4e54024159ba2/plevra-anatomija-fiziologija
 http://www.anatomus.ru/dyhanie/plevra.html
 http://www.webmd.com/lung/picture-of-the-lungs
 http://www.thoracic.org/clinical/copd-guidelines/for-patients/anatomy-and-function-
of-the-normal-lung.php

You might also like