You are on page 1of 21

СКЕЛЕТЕН СИСТЕМ

 На една долга коска разликуваме два проширени краеви кои се нарекуваат епифизи и
еден издолжен дел наречен дијафиза.

 На проширените краеви од коската има 'рскавица која го намалува триењето во


зглобот.
 Коската однадвор е препокриена со тенка и мазна oбвивка наречена покосница.
Покосницата е изградена од клетки кои имаат спосoбност интензивно да се делат, со
што овозможуваат растење на коските во детството, но и заздравување на коските при
скршеници. Во покосницата има крвни садови кои носат кислород и хранливи
материи до секоја клетка, како и нервни влакна кои ја прават коската осетлива.
 На краевите коските се изградени од сунѓересто коскено ткиво, во кое помеѓу
клетките има празни простори.
 Помеѓу клетките од сунѓерестата коска се наоѓа црвена коскена срцевина која создава
еритроцити.
 Издолжениот дел од коската, пак е изграден од компактна или вистинска коска, која е
составена од цврсто збиени клетки.
 Во средината на коската се наоѓа коскен канал кој е исполнето со жолта коскена
срцевина составена од масти.

Коскеното ткиво е изградено од ѕвездовидни клетки кои создаваат меѓуклеточна органска


материја (осеин) и неоргански материи (соли на калциум, магнезиум и фосфор).
Осеинот ја дава еластичноста на коските, а неорганските материи ја даваат цврстината. Кај
децата многу повеќе застапен е осеинот, поради што нивните коски се повеќе еластични,
додека кај возрасните 1/3 од составот на коските отпаѓа на осеин, а 2/3 се неоргански
материи поради што нивните коски се покрути и полесно кршливи. 
ОСКОВ СКЕЛЕТ

Череп

Градна коска
Ребра

‘Рбет
Череп
Поделен е на два дела:

a) Черепна кутија

b) Коски на лицето
a) Череп

Темена коска
Челна коска

Тилна коска

Слепоочна коска
b) Коски на лицето

Солзна коска
Носна коска
Јаболчна коска

Горновилична коска

Долновичична коска
‘Рбетен столб
7 Вратни пршлени Слабински пршлен,
странично

12 Грбни пршлени

Слабински пршлен

5 Слабински пршлени

Крсни пршлени (5 споени кај возрасните)

Опашни (4 или 5 споени кај возрасните)


‘Рбетен столб
Пршлените се подредени во цилиндрична
колона, зацврстени со дискови од ‘рскавица
кои му даваат еластичност на ‘рбетот.
Функција:
◦ Осигурува цврта и флексибилна потпора на телото
◦ Точка за поврзување на мускулите на грбот.
◦ Го заштитува ‘рбетниот мозок
Ребра

12парови
Изградени од:
◦ коска
◦ ‘рскавица која овозможува проширување на
градниот кош.
 Заоблени и малку извртени, што
овозможува идеална заштита
Ребра
 Сите 12 парови ребра се поврзуваат за 12-те грбни пршлени
 Групирани во 3 групи според поврзувањето напред:

- Вистински ребра
 1-7
 Поврзани за пршлените и за градната коска
◦ Лажни ребра
 8-10
 Поврзани за градната коска лажно, преку 7-то ребро
◦ Пливачки ребра
 11 и 12
 Поврзани само за пршлените
Ребра

Горен дел на градната коска


(манубриум)

Градна коска
Вистински ребра
(1-7)

Мечовиден израсток

Лажни ребра
(8-10)
Ребрен ‘рскавец
Пливачки ребра
(11-12)
Градна коска
Средна линија на градите
Клучните коски и ребрата се поврзани за
градната коска

Градна коска
Скелет на екстремитетите

Содржи:

 1. Раменски појас
 2. Карличен појас
 3. Коските на раката
 4. Коските на нозете
1.Раменски појас Клучна
коска

Содржи: Лопатка

◦ Клучна коска
◦ Лопатка

 Овозможува движење на горните


екстремитети
 Поврзувањето помеѓу клучната коска и
градната коска е единствената точка на
поврзување помеѓу осковиот скелет и
раменскиот појас
2. Карличен појас
 Формиран од карлични коски и
една крсна коска.
 Карлични коски се:
 Слабинска коска
 Седечка коска
 Срамна коска
(преку крсната коска карличните
коски се поврзани со ‘рбетот)
 Поткрепа на трупот и на органите
во долниот дел на стомачната
празнина
3. Коски на раката

Раменска
коска

 Раменска коска
◦ Надлактица
Лакотна
◦ Од рамото до лактот коска
 Лакотна коска и палечна коска
Палечна
◦ Подлактица коска

◦ Од лактот до дланката
◦ Лакотната се наоѓа на средината или од страната на
малиот прст
◦ Палечната коска се наоѓа од страната на палецот
◦ Кога ја вртиме подлактицата, лакотната коска ја
препокрива палечната коска (доаѓа над неа)
Коски на рацете

Корен на раката(китка)
(4 коски)

Проксимални
фаланги Докитка

Фаланги
Средни фаланги
Крајни фаланги
4. Коски на нозете
Бутна коска
(надколеница)
Бутна коска
◦ надколеница
◦ Од бедрото до коленото
Патела Коленова капсула

◦ Коленова капсула
◦ Сезамовидна коска коска во тетивите на
предните големи бутни мускули
Коски под коленото

 Голема писка и мала писка


◦ потколеница
Мала писка
◦ Од коленото до глуждот
◦ Големата писка се наоѓа
внатрешно, а малата писка се
наоѓа странично

Голема писка
Стапало
Глужд

 Задодилни коски
◦ Петична коска
◦ Глужд
 Одилни коски Петична коска

◦ 5 коски на стапалото
◦ Се поврзуваат со прстите
 Фаланги Задодилни коски

◦ Прсти на стапалото
◦ Три коски на секој прст
освен на големиот (палецот)
Одилни коски

Фаланги

You might also like