You are on page 1of 9

ФЛОРА И ФАУНА

ВО СТРУМИЦА

ИЗРАБОТИЛ: КИРЕ ГЕОРГИЕВ VIII 5 ОДД


ПЛАНИНИ
Струмичкиот Регион е опкружен со
планините Беласица, Огражден и Еленица.
Конфигурацијата на овие планински венци
е таква што на котлината и даваат форма на
голем неправилен триаголник.
Беласица се наоѓа југоисточно од Струмица
со највисок врв Радомир 2029 m. Се протега
во правец исток-запад со должина од над
70 км. Таа е една од најстарите планини не
само во Македонија, туку и на Балканскиот
Полуостров. На Беласица се наоѓа
тромеѓето меѓу државните граници на
Република Македонија, Бугарија и Грција.
Огражден се наоѓа североисточно од
Струмица со највисок врв 1744 m.
Еленица се наоѓа западно од Струмица со
највисок врв 970 m.
КЛИМА
Во Струмичката Котлина се мешаат видоизменета
медитеранска клима чиј целосен продор од Егејското Море го
стопира венецот на планината Беласица, и континентална
клима чие влијание значително го намалуваат планините
Огражден и Плачковица. Климата во Струмица и Струмичко се
одликува со релативно благи зими, со долги суви лета и со
високи средни дневни температури.
Меѓутоа, во зима топломерот може да се спушти и до -20
степени, а во лето топломерот знае да покаже и до 40 степени.
Пролетта и есента се пријатни во Струмица, но мошне кратки.
Просечните врнежи од околу 600 литри на м2 годишно се со
медитерански режим, со максимум во месеците ноември и
декември и минимум во август и септември.
ПОЧВА И РЕЛЈЕФ
Според составот и
карактеристиките на почвата, во
овој регион се среќаваат повеќе
почвени типови. Скалетните почви
се најраспространети во
планинскиот дел (во периферните
делови на котлината), по нив
доаѓаат делувијалните наноси,
солените почви и врбеницата, а во
низинскиот и централниот дел на
котлинатасе наоѓаат алувијалните
почви. Тие зафаќаат околу 11.520
хектари и како најплодни
претставуваат еден од основните
фактори за развиеното
земјоделство во подрачјето.
Целокупниот Струмички регион е поделен на ридско
планински во кој се застапени скалестите и рамничарски
почви, како и алувијалните, смолниците, гајњачите и
карбонатните видови почви. Поголем дел односно 46% од
обработливите површини припаѓаат на рамничарскиот
релјефен дел кои се наоѓаат на надморска височина од 250 –
300 м и се од првостепено значење за земјоделството во
регионот. Тоа се површините покрај речното корито на реките
Струмица, Тркања и Крива Река. Останатите 52% од
површините припаѓаат на падинскиот дел, а 2% на ридскиот
релјефен дел. Ваквата бонитетна и почвена карактеристика на
Струмичкиот регион го определува и начинот на користење на
земјиштето од страна на земјоделските субјекти, така што од
вкупната земјоделска површина од 32.319 ха, 87% припаѓаат
на оброботливите површини каде доминираат ораниците и
бавчите.
ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Пресудно значење за развојот на интензивното
земјоделство во Струмичката Котлина имаат вештачките
езера и системите за наводнување. Со нивната изградба
регионот стана најголем производител на ран и
индустриски зеленчук во Република Македонија.
Струмица е центарот на пространата богата Струмичка
Котлина. Овде се одгледуваат афион, памук, тутун, сусам,
кикирики и анасон (ретка земјоделска култура која се
употребува за производство на познатиот македонски
пијалак - мастика). Сето ова дава можност за развој на
текстилната и прехранбената индустрија во Струмица.
На овие површини најзастапени се житните (пченица, јачмен,
пченка) како и градинарските и раноградинарските култури
(пипер, домат, бостан, зелка, краставица,компир и др.).
Постојат и 3 поголеми капацитети за преработка на
градинарски производи, 4 преработувачки капацитети за
мелење на житни култури, едно претпријатие за откуп и
ферментација на тутун и околу 40 претпријатија кои се
занимаваат со продажба на репроматеријали за
земјоделието.
МОНОСПИТОВСКО
БЛАТО

ИЗРАБОТИЛ: КИРЕ ГЕОРГИЕВ VIII 5 ОДД


Моноспитовско Блато — големо
мочуриште, кое се наоѓа десетина
километри североисточно од Струмица,
во долината на Стара Река која заедно
со Струма и реката Турија се разлива
низ Струмичката Котлина. Се
претпоставува дека блатото е остаток од
некогашното големо езеро кое настанало
пред дваесет милиони години во време
кога се формирало Егејското копно, а
подоцна истекло кон Егејското Море.
Блатото се наоѓа на надморска височина
од 240 метри, кое со својата богата
флора и фауна е единствената блатна
површина во Македонија. Во минатото,
блатото имало површина од околу 5
илјади хектари, а сега познатиот ѓол
едвај се простира на 400 хектари.

You might also like