You are on page 1of 16

*Овоштарството, во РМ има добри природни услови за развој на овоштарството.

Во
нашава земја се одгледуваат повеќе видови средноевропско овошје , како и видови
јужно или средоземно овошје . Од средно европското овошје се одгледуваат: јаболко,
круша, слива, цреша, вишна, кајсија, праска, костен, а од јужното или средоземното
овошје успеваат смокви, калинки, бадеми, киви и друго. Во нашава земја има повеќе
фабрики за преработка на овошјето во сокови: во Гевгелија , Царев Двор Скопје.
Според плодовите сите овие видови можат да се групираат во пет групи: јаболчесто
овошје - јаболко , круша , дуња , мушмула и оскоруша ; костенливо овошје -Слива , кајсија
, праска , цреша и вишна ; јаткасто овошје - орев , костен , бадем, јагодесто овошје -
јагода , рибизла , малина , капина , боровинка , црница , карадутка , гло динка и шипинка ;
јужно овошје - смоква , калинка и други .
* Јаболкото е на прво место меѓу сите овошја во РМ. Според бројот на стеблата ( во 2004
година регистрирани се 4 040.000 стебла ), тоа е исто така важно за извоз . Традицијата за
одгледување јаболко во РМ е многу стара и долга , а особено внимание имало во
манастирите. Кај нас главни производствени подрачја на јаболка се Преспа, Полог,
Охридско, Струшко, Пелагонија, Славиште, Пијанец и Малеш. Најзастапени сорти јаболко
се делишесот и јонатанот, но се одгледуваат и други сорти, како ајдарец , мелорозе ,
глостер. Јаболкото примарно се употребува за исхрана на луѓето, потоа преработено во
сокови, цем, слатко, но и за производство на јаболкова киселина и др . Во 2004 година во
РМакедонија се добиени 82 414 тони јаболко, што претставу ва 50 % од севкупното
производство на овошје со што се потврдува и значењето на јаболкото во македонското
овоштарство .
*Лозарството е мн важна стопанска гранка . Климатските и почвените услови во
Македонија се погодни за одгледување винова лоза . Виновата лоза успева на ридестите
терени, на песокливите, чакалните и на каменитите земјишта кои се сиромашни со
хумусни материи. Од лозјата се добива грозје кое се користи како храна за луѓето и е
значајна суровина за производство на алкохолни, безалкохолни пијалаци, сокови,
слатко... За таа цел, во нашава земја работат повеќе винарски визби и фабрики за
преработка на грозје то во сокови ( во Кавадарци , Неготино , Гевгелија , Велес , Битола ,
Валандово , Демир Капија). Лозарството во Македонија е уште од античко време.
Македонското население има богата традиција во одгледувањето винова лоза и за
преработката на грозје. Во Кавадарци и Неготино ( Тиквеш ) секоја година се одржува
традиционалниот фестивал на виното „ Тиквешки гроздобер ", во чест на богот на виното
Дионис. Во РМ во лозарството има домашни и странски сорти грозје. Најзастапени се
кардинал, хамбург, афус - али, жилавка, ризлинг, бургундец, смедеревка, белан,
кратошија, вранец. Во РМ разликуваме три лозарски реон: вардарски , западен и
источен. Во вардарскиот реон има идеални климатски услови за одгледување винова
лоза. Во овој реон се остварува околу половината од производството на грозје. Во ширата
просечната содржина на шеќер се движи од 20 % до 23 %, а киселоста од 4 % до 5 %.
Лозарски подрачја се Тиквешкото , Велешкото и Гевгелиско - Валандовското подрачје.
Во Западниот реон, исто така , има погодни природни услови за одгледување винова
лоза. Сепак, производството на грозје во овој реон , главно , е за локалниот пазар . Во
ширата просечната содржина на шеќер изнесува од 18 % до 20 %, а киселоста е од 5 % до
6 %. Во овој реон познати лозарски подрачја се Пелагонија, Охридско - струшката,
Кичевската Котлина. Источниот лозарски реон е најмал и во него се наоѓаат само околу 20
%. Тука спаѓаат подрачјата на Штип , Кратово и Виница , каде што е концентрирано
лозарството. Во ширата шеќерот е од 28%-20%, а киселоста од 5 % до 6 % .
*Сточарството е доста распространето низ РМ. Сточарските производи се користат во
исхраната на населението, потоа како индустриски суровини ама и како важни извозни
производи. Во државите каде има развиено земјоделство, сточарство придонесува
помеѓу 60- 80%, додека кај нас од 15 до 20%. Во нашата држава сточарството се развило
во природни услови, па поради тоа е и заостанато, со малку добиток. Кај нас сточарствто
се базира врз природните пасишта кои во 2000 год зафаќале 52% од земј површина.
Овчарството е главна сточарска гранка, чиј развој сеуште се потпира на пасење на
пасиштата. Од сите гранки во сточарството, во последниве 10 год, само кај свињите имаме
зголемување, а кај др.видови добиток говеда, овци, коњи и живината бројот е намален.
*ОВЧАРСТВОТО е главна сточарска гранка во РМ. Тоа е највеќе поради големите
површини под пасишта во РМ. Од овците се добиваат важни производи: млеко, месо,
сирење, волна, кожа, лој. Во 2004 год. имало 1432 369 милиони овци. Во М се
одгледуваат нископродуктивна раса праменка со 65% во вк број овци.
Нископродуктивната раса праменка е примитивен тип овца, која обезбедува
комбинирано произодство на месо, млеко и волна. Додека од увозните
високопродуктивни раси е мерино овцата која од вк стадо е со 35%. Од домашнте раси на
праменка најмногу ги имa: овчеполската, шарпланинската и каракачанската овца.
Овчеполската има долга опашка, бела боја. Највеќе ја има во: Овчеполието, источниот
дел на М, Повардарието, Мариово и Пелагонија. Шарпланинската овца има кратка
опашка и е бела боја. Ја има во Шар Планина, во западниот дел на М, во Пелагонија и на
планината Јакупица. Каракачанската овца уште позната и како влашка овца, е најмалку
распространета во М. Таа е цела црна. Поради лошиот квалитет на волната, кај нас не се
одгледува многу. Во овчарството се одржале посебни облици на сточарење: сточарство
од номадски тип и сточарство од бачилски тип. Номадскиот тип највеќе го применувале
Власите. За време на зимата овците биле во Солунската котлина или албанското
приморје, а летно време на пасиштата на високите планини во М. Додека пак мак.сточари
го применуваат бачилскиот тип, од април до есен се наоѓале на бачилата, а во зима се
спуштале околу селата во пониските области во Јужна М. По Првата светска в. номадскиот
тип сосема изчезнал. А денес, овој вид го користат државните стопанста кои за зимување
ги користат потоплите котлини во М. Со преработка на овчото млеко се добиваат сирење
и кашкавал. Најпознати сирења се: мариовско, беровско, крушевско, тетовско, битолско.
Од кашкавалите: галичкиот, шарпланинскиот, битолскиот. Исто така јагнешкото месо од М
е мн познато и барано и се извезува во Европа.
*ГОВЕДАРСТВО е екстензивна сточарска гранка. Поради големите потреби на населението
за млечни производи се одгледуваат високопродуктивни говеда од швајцарска и
фризиска раса. Овие говеда се одгледуваат во фармите и во 2004 нивниот број бил 254
803 грла говеда. Во М најзастапено домашно говедо е бушата. Неговата боја е сива,
црвена, кафеава или црна ие високо 1м а тежината е од 150 до 180 кг. Се карактеризира
со мал раст, мала тежина и слаби призводни способности. Освен говедата во М се
одгледуваат и биволите, но ги има во мал број, неколку илјади.
*КОЊАРСТВО-коњот е важно траспортно и работно животно. Се користи во
земјоделството, шумарството, трговијата, траспортот, за спорт и рекреација-јавање. Во
2004 имало 40 391 грла коњи. Од расите најмногу го има ридскиот коњ. Освен коњите се
чуваат мулиња, маски и магариња, кои за разлика од коњот бараат помалце храна.
Мулето е добиено од кобила и магаре, а маската е добиена од магарица и коњ. Овие два
хибрида се неплодни.
*СВИЊАРСТВОТО е доста распространето низ цела М. Тука исклучок се муслиманите, кои
од верски причини не го конзумираат свинското месо. Во 2004 год имало 158 231 свиња,
но сепак во М свињарството е слабо развиено. Главна причина за ова е тоа што
полјоделството не е во можност да ја обезбеди потребната храна, потоа -топлата клима,
муслимаското население нели како што спомнавме, влијанието на пазарот, цените... Но
сепак, во последниве год, свињарството е во пораст, поради повеќето свиињарски фарми.
Од расите се одгледуваат моравка, мангулица и турополка(масен тип).
*КОЗАРСТВОТО- после 50 години административна забрана за одгледување кози, тие
повторно почнуваат да се одгледуваат. Највеќе во селските средини, од нив се добива:
млеко, месо, кожа , волна...
* ЖИВИНАРСТВО е доста застапена сточасрка гранка во М. Најмн се одгледуваат:
кокошките, патките, гуските, мисирките , кои служат за добивање јајца, месо, пердуви,
маст... Тука најзастапени се кокошките со повеќе од 90% од цела живина. Кокошките се
одгледуваат покрај во домаќинството, и во фармите. Најголеми живинарси фарми има во:
Скопје, Битола, Тетово... Во 2004 имало вк 2 725 милиони парчиња живина. Послабо ги
има гуските и патките , кои главно се одгледуваат во селата покрај реките , езерата и
мочуриштата, а најмалку ги има мисирките.
*БУБАРСТВОТО- претставува одгледување на свилена буба и производство на свилени
кожурци. Порано бубарството било мн застапено во Гевгелиско-валандовската котлина, а
денес е скоро во целосно изумирање.
*ПЧЕЛАРСТВОТО- во Рм има мн поволни усови за развој на пчеларство како климата,
релјефот, шумите, пасиштата, ливадите, овоштарниците, багремите, костените... Но сепак,
и покрак овие поволни услови, пчеларството во М е неразвиено и мн заостанато.
Последниве год, бројот на пчелите се менува од 75000-120000 , а со тоа и производството
од 600 -1100 тони мед. Во 2004 год имало околу 69 000 кошници со пчели, биле добиени
916 тони мед. Ако државата инвестира во пчеларството во М тоа може мн добро да се
развие и да стане голем извозник на квалитетен мед.
ЕНЕРГЕТСКИ Извори во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во секоја земја енергетските извори се основа за развој на стопанството. Денешното производство
и сeвкупниот стопански и културен живот не можат да се замислат без енергија.

Во светот, главни извори за производство на енергија се: водната енергија, јагленот, нафтата,
гасот, сончевата енергија, нуклеарната енергија и дрвото.

Нашата земја располага со јаглен, водна енергија и дрво, а и покрај претпоставките дека има
нафта и гас, се уште не се откриени. Нафтоносни шкрилци и суровини за нуклеарна енергија се
откриени на неколку локации, меѓутоа тие не се користат за производство на енергија, затоа што
нивните резерви не се доволни и нема економска оправданост за експлоатација. За
одбележување се користењата на сончевата енергија и на биомасата во блиска иднина. Р
Македонија има доволно сончеви часови за да може да се користи на енергијата на сонцето. Од
неодамна со пуштањето во употреба на гасоводот од Русија преку Романија и Бугарија до Р
Македонија, се почна со користењето на гасот како енергетски извор.

Во 2000 година, во вкупното производство на електрична енергија јагленот учествувал со 91%,а


хидроенергијата со 9%.

Хидроемергија
Хидроенергијата се добива во хидроцентралите, со искористување на силата на водите од реките.
Хидроенергетскиот потенцијал на македонските реки е мошне скромен. Оваа состојба, пред сè, е
последица на неповолниот плувиометриски режим на нашите реки и на релјефот. Вкупниот
искористлив енергенски потенцијал на сите реки во Републикава изнесува 6 436 милиони kwh. Во
нив, сливот на реката Вардар учествува со 5 193 милиони kwh, на реката Црн Дрим со 1208
милиони kwh и на реката Струмица со 35 милиони kwh.

Најголем дел од хидроенергетскиот потенцијал во Р Македонија е концентриран на реката


Вардар со повеќе од 2 милијарди kwh. Се проценува дека само на реката Вардар можат да се
преградат 13 потези и да се изградат 13 акумулации со хидроцентрали. Меѓутоа, од повеќе
причини до денес ни една од овие акумулации не е изградена, и тоа, затоа што по долината на
реката Вардар минуваат главниот автопат и железничката ли нија, потоа Вардар е меѓународна
река и за да се гради акумулација или хидроцентрала потребна е согласност и од Грција итн.

Во сливот на Вардар има повеќе композитни реки на кои можат да се изградат


акумулации и хидроцентрали. Така, на Црна Река можат да се изградат 25 хидроцентрали, со
можна продукција на енергија од 738 милиони kwh, на Брегалница 12 ХЦ со вкупно годишно
производство од 415 милиони kwh, на Треска 8 ХЦ со производство од 380 милиони kwh, на
Пчиња 12 ХЦ со производство од 260 милиони kwh итн.

Сливното подрачје на Црн Дрим се карактеризира со изградба на 17 хидроцен трали, со


вкупно производство од 1 208 милиони kwh. Денес се изградени четири хидро централи, со
вкупно годишно производство од 506 милиони kwh или има 42% искористе ност од
расположивиот потенцијал.

Другите реки кои течат низ територијата на Р Македонија, како Лепенец, Стру мица имаат мал
хидроенергетски потенцијал.

Јаглен
Нашава земја не располага со висококвалитетен јаглен, како што се антрацит, камен или мрк
јаглен, туку со лигнит кој има помала топлинска енергија и спаѓа во групата на нискокалорични
јаглени. Појавата на лигнитот во нашава земја е сврзано со езерските седименти, односно за
котлините кои во минатото во текот на неогенот биле заезерени.

Откриено присуство на лигнит и утврдени резерви има во 12 басени Пелагониски, Кичевски,


Струмички, Ресенски, Мариовски, Гевгелиски, Тиквешки, Скопски, Охридско-Струшки, Делчевски и
Беровски басен, со вкупни резерви на јаглен со по веќе од 900 милиони тони, и вкупна
експлоатација на јаглен со повеќе од 7 милиони тони (во 2004 година се експлоатирани 7 137 024
тони јаглен).

Најголем и најзначаен е Пелагонискиот басен, во кој е откриен јаглен во јуниот дел од


котлината и тоа во околината на селата: Суводол, Гнеотино и Живојно. Денес негова експлоатација
се врши само во наоѓалиштето,,Суводол", со површински коп и годишна експлоатација од околу 5
до 7 милиони тони лигнит. Пелагонискиот басен располага со резерви од околу 420 милиони тони
од кои досега РЕК,,Битола" во текот на своето повеќе од 20-годишно постоење искористи околу
150 милиони тони), со просечна годишна експлоатација на јаглен со 5 до околу 7 милиони тони.

Во Кичевскиот басен се откриени наоѓалишта на јаглен околу селата: Осломеј, Поповјани,


Страгомиште, Ѓубрино и Аранѓел. Вкупните резерви на сите наоѓалишта се проценети на околу 100
милиони тони, а само на осломејското повеќе од 60 милиони тони, со годишна експлоатација од 1
милион тони.
Во Струшкиот басен е откриен јаглен кај селото Пискупштина, со мали резерви од само
околу 3,5 милиони тони, со просечна експлоатација околу 1 200 000 тони. Во околината на Берово
е откриен јаглен во просторот на ,,Ратески ширини" со мали резерви од само 2,5 милиони тони, со
просечна годишна експлоатација околу 120 000 тони.

Делчевскиот или Пијанечкиот басен има резерви на јаглен од околу 100


милиони тони.

Поголемите наоѓалишта во Тиквешкиот басен се наоѓаат кај Неготино, додека, пак, вкупните
резерви се проценети на околу 140 милиони тони.

Во Скопската Котлина резервите се проценети на околу 20 милиони тони и ги има кај селата
Катланово, Нерези, Свиларе и Булачани.

Во Мариовскиот басен резервите на јаглен се проценети на околу 220 милиони тони, а се наоѓат
кај селата Витолиште, Манастир и други села.

Заедничка карактеристика на сите јагленосни басени е тоа дека секаде има лигнит, а во некои има
и тресет. Лигнитоносниот слој се наоѓа на просечна длабочина помеѓу 10 и 170 метри, а
дебелината на јагленовите слоеви е од 1 до 17 метри, со исклучок на Суводол каде што неговата
дебелина достигнува до 56 метри.

Од другите енергетски извори во Р Македонија уште ги има: парафински,шкрилци, нуклеарни


суровини и геотермална енергија.

Парафински шкрилци се откриени во локалитети: с. Плешенци кај Пробиштип, с. Црцорија


кај Крива Паланка и с. Смојмирово кај Берово. Вкупните резерви се проценети на околу 200
милиони тони, но тие имаат ниска енергетска вредност.

Во нашава земја постојат нуклеарни суровини, особено уранов оксид кој е откриен во неколку
локалитети: Злетовска Река кај Пробиштип, с. Подареш кај Радовиш, с. Бајловце кај Куманово и
Суводол кај Битола. Меѓутоа, тие не се доволно истражени и не се експлоатираат.

На повеќе места во Р Македонија забележано е присуство на геотермална енергија. Дел од оваа


енергија и покрај тоа што се користи во Кочанско, Гевгелиско и Струмичко, сепак, нема
обезбедено позначајно место меѓу енергетските извори.
И дефинитивно, покрај дрвото како енергетски извор, особено како огревен материјал, во Р
Македонија последниве десеттина години, како извор на енергија се користи и сончевата
енергија, и тоа само како извор за добивање топла вода преку сончевите колектори, кои се
поставуваат на индивидуалните згради или на покривите на поголемите хотели.

Како увезена енергија, Р Македонија користи нафта преку нафтоводот Солун Скопје и земен
гас преку гасоводот Русија-Романија-Бугарија-Македонија.

Неметални суровини и нивна разместеност

Во сите делови на Република Македонија има неметални суровини. Повеќето неметали се


користат во градежништвото, хемиската, фармацевтскага, текстилната, индустријата за стакло и
во други индустриски гранки. Од неметалните суровини во Р. Македонија се среќаваат: цементен
лапо рец, глина, дијатомејска земја, фелспати, талк, гипс, кварц, кварцен песок, опалит, доломит,
магнезит, момирок, перлит, лискун, дистен, графит, мермер, варовник, мермерен оникс, базалт,
гранит, габро, андензити, дацити, туфови, бигор, травертин, графитни шкрилци, чакал, песок и
друго.

Цементните лапорци во Р Македонија се појавуваат на неколку локации. Со


држината на СаСО3 се движи од 50% до 80%. Од сите наоѓалишта, најголеми резерви има во
локалитетот с.Усје кај Скопје. Тука резервите се проценети на 50 милиони тони. Од 1957 година
работи и фабриката за цемент Усје" во Скопје, како важен објект на градежната индустрија. Во
2000 година биле произведени 810 000 тони цемент, а максимумот бил остварен во 1974 година
со производство од 1 580 000 тони

Глини се наоѓаат на повеќе места во Р Македонија и ги има речиси во сите котлини. Во


зависност од физичките својства и од нивната индустриска примена се користат во туларската
индустрија, за производство на тули и ќерамиди. Од поголемите капацитети се одделуваат
фабрики за тули и ќерамиди,Киро кучук" од Велес, „КИС" од Скопје итн. Вкупното производство
на тули во Р Македонија е помеѓу 380 и 400 милиони парчиња, а на ќерамиди помеѓу 15 и 30
милиони парчиња.
Од висококвалитетните глини , во Р Македонија ги има каолинските или
илитните глини кои се користат за производство на порцелан, електропорцелан и фина керамика.
Овие глини можат да се најдат во околината на Велес кај с. Теово, во околи ната на Кичево кај с.
Вранештица, во околината на Пехчево, Охридско кај с. Велгошти, Скопско кај с.Говрлево, потоа
Струмичко, Ресенско, Демирхисарско итн. Позната е фабриката за порцелан, керамички
производи и керамички плочки,Порцелан ка" (поранешен,,Борис Кидрич") од Велес.

Втори познати глини се глините со висока огноотпорност, кои се користат за шамот и


за другите огноотпорни материјали. За оваа намена особено се користи халуазитот, а познато е
неговото лежиште кое се наоѓа кај селото Градешница-Битолско, Мариово.

Трета значајна глина е бентонитската или глината ума. Таа се


наоѓа на повеќе места, но најзначајни се лежиштата кај селата Гиновце и Ранковце во Славишко
Поле Кривопаланечко. Оваа глина има широка примена во боењето на ткаенините, се користи за
пречистување на маслото за јадење, нафтата, потоа во индустријата за сапуни, боја и гума, во
фармацевтската и во хемиската индустрија итн. Во с.Гиновце работи рудник за производство на
бентонитски глини,Бентомак".

Дијатомејската земја е составена од микроорганизмите дијатомеи, од сили циумски


лушпи и слично. Најголемите лежишта се наоѓаат помеѓу селата Манастир

Бешиште и Зовиќ во Мариово, и кај селата Дисан-Неготинско. Дијатомејската земја е огноотпорен


материјал, која се користи како термоизолатор за полирање на предмети, како филтерски мате за
пречистување на шеќер, вино овошни соковим сирупи масла и друго. За преработка
дијатомејската земја постои една фабрика ,,Партизан" во Прилеп.

Фелспатите во Р Македонија се појавуваат во вид калиумски и натриумски фелспати.


Калиумските фелспати најмногу ги има во Мариово и на Селечка Планина. Тие се преработуваатти
Фабриката „Партизан" во Прилеп. Натриумски фелспат најмногу има во лежиштето „Амзали” кај
селото Дрвош на планинатак „Огражден”.Фабриката за преработка на натриумскиот фелсат ,,
Огражден се наоѓа во Струмица. Овие фелспати се применуваат во порцеланската и стаклар ската
индустрија.

Талк се наоѓа во Кесендре-Кавадаречко и Извор-Велешко. Фабриката за преработка на талкот


се наоѓа во Велес. Талкот има својство да апсорбира маснотии и широко се применува во
керамичката, текстилната, хемиската, козметичката и во другите индустриски гранки.
Гипс има по долината на реката Радика. Тука има алабастер кристален гипс и анхидрит. Овие
неметали ги преработува фабриката за гипс „КНАУФ"-Дебар. Годишно се преработуваат 80 000 до
100 000 тони гипс. Гипсот има примена во градежништвото, во керамичката и порцеланската
индустрија, во индустријата за цемент, во фармацевтската индустрија, медицината итн.

Кварцот во Р Македонија се појавува како кристален кварц, жичен кварц, кварцен песок и
кварцит. Кристалниот кварц го има кај с. Митрашинци-Беровско, кварцниот песок во околината на
с Долно Соње и кај Маркова Река-Скопско. Тој има голема примена на стакларската индустрија.
За таа цел е изградена фабрика за стакло во Скопје. Кварцитите се јавуваат во форма на леќи или
како плочи. Најголемо наоѓалиште на кварцити има во околината на Гостивар, каде е изградена
фабрика за силико-опеки,Силика"-Гостивар. Во околината на Кратово се јавуваат т.н. силекс-
кварцити Тие се користат за добивање кугли, кој, се неопходни во индустријата за мелење на
тврди мате ријали. Од кварцитите, во чиј состав преовладува силициумдиоксидот, позначајни
суровини се опалитот и опалската бреча, кои се јавуваат кај с. Бељаковце-Кумановско и с.
Спанчево-Кочанско.

Доломит има на планината Сува Гора, во околината на Гостивар, во околината на Прилеп и


на други места.

Мермерите се честа појава во Р Македонија. Од повеќето наоѓалишта се експлоатираат


само оние во Прилепско, Гостиварско и Кичевско. Во Прилепско познати се рудниците: „Сивец",
„Плетвар",,Дебреште" и „Беловодица”, во Кичевско:,,Миокази”, „Пласница” и,Цер", а во
Гостиварско „Бањица” и,Падалиште". Големи резерви на мермер има кај селото Мрзен-
Кавадаречко.

Варовниците се широко распространети во Р Македонија. Познат рудник на варовник е


„Бањани, кај селото Бањани-Скопско, додека фабриката за вар се наоѓа во Велес. На многу места
во Р Македонија, а особено во Горен Демир Хисар, во селата Доленци, зашле, Брезово и др.,
долго време негува традицијата на примитивно правење негасена вар во т.н варници.

Травертинот е многу честа појавите во Македонија. Го има во Кумановско кај Липково, во Скопско
кај селото Кучково (каде што има и рудник) во Охридско кај Велмеј, во Тиквешко кај Бошава, во
Тетовско, Мариовско и на други места.
Има наоѓалишта на мермерен оникс (во околината на Тетово-с.Палчиште и Лешок, потоа кај
с.Богословец-Светиниколско, кај с.Бешиште-Мариовско итн.), на азбест (С.Богословец Свети
николско), дистен (на Селечка Планина), момирок (во околината на Прилеп), графитни шкрилци
(на планината Караџица), магнезит (кај с. Ветерско Велешко), потоа перлит, лискун, дистен,
украсен камен, базалт, гранит, габро, андензити, дацити, туфови, бигор, чакал, песок и друго.

Како резултат на развиената индустрија за градежни материјали во Р Македонија е развиено и


градежништвото. Доказ за развиеното градежништво се големиот број ископини и археолошки
остатоци од најразлични предисториски и историски периоди.

Според тоа, македонското градежништво има богата и долга традиција. Денешново


градежништво, односно градежната индустрија произведува материјали кои ги заменуваат
досегашниве скапи и класични градежни материјали. Во Република Македонија функционираат
многу градежни претпријатија (во 2000 година биле регистрирани 2 240 деловни субјекти во кои
биле вработени 31 975 лица). Наши најистакнати градежни претпријатија се: „Бетон“, „Гранит”,
„Пелагонија”, „Маврово", „Илинден" и други.

РУДНИ БОГАТСТВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во Република Македонија се откриени повеќе рудни богатства на метали и неметали. Со нивна


преработка се добиваат метали и неметали, од кои се изработуваат разни производи

Метални суровини и нивна распространетост (ирна и обоена металургија)

Во нашава земја се застапени следниве метални суровини - руди: железо, облагородувачи на


челикот (хром, манган, волфран, молидбен), олово, цинк, бакар, злато, сребро, платина, антимон,
арсен, кадмиум, титан, талиум, жива и други.

Тешки метали
Железото е основен метал во црната металургија. Р Македонија располага во вкупни резерви од
околу 150 милиони тони, со просечна со држина на железо од околу 36% во рудата. Според тоа,
нашите железни руди спаѓаат во групата сиромашни руди кои содржат многу сулфур и фосфор, и
поради тоа е неопходно нивно претходно облагородување и збогатување. Во Р Македонија се
издвојуваат четири видови железна руда, и тоа: шамозитно-сидеритни, магнетитно-хематитни,
лимонитни и никлоносни железни руди.

Шамозно-сидеритните руди се застапени во западниот дел од Република Македо нија, во


наоѓалиштата Тајмиште и Демир Хисар. Вкупните резерви се проценети на повеќе од 100 милиони
тони, со просечна содржина на железо од околу 37% во рудата. Денес, овие рудници се
затворени. Инаку, во двата рудника експлоатацијата се вршела површин ски, рудата се носела на
топење и обработка во Железарницата во Скопје. Помали рудни резерви има во локалитетите кај
с. Малкоец-Кичевско, Пожаране-Гостиварско, Коџаџик Дебарско, Куратица-Охридско и други.

Магнетитно-хематитни руди на железо има во околината на селото Дамјан кај Радовиш. Денес
рудникот е затворен бидејќи резервите од околу 9 милиони тони се сосема исцрпени.

Лимонитно железо е откриено во Малешевијата, поточно во околината на Пехчево. Резервите се


проценети на околу 10 милиони тони, а содржината на 39%. Досега не е вршена експлоатација на
оваа руда.

Никлоносно-железни руди се откриени во вардарската зона и тоа на просторот од Велес се до


грчката граница. Поголеми резерви има кај с. 'Ржаново-Кавадаречко и месноста Грахот-кај Велес.
Резервите на просторот на 'Ржаново се проценети помеѓу 42 и 58 милиони тони. Минеролошкиот
состав е 31% железо и 1% никел. Врз база на овие резерви во 1982 година била изградена
Топилницата Фени" во Кавадарци, на вториот простор кај месноста Грахот, иако содржината на
рудата железо во рудата просечно е околу 40% железо и 1 % никел, сепак не постои можност за
отворање рудник.

На територијата на Република Македонија од феролегурите ги има: хромот, манганот,


молибденот, волфрамот и други. Овие метални руди се користат за облагородување на челикот,
при што тој добива низа нови својства, како што се: тврдост, жилавост, отпорност и слично.

Хромот е концентриран на три подрачја: Радуша, Лојане и Раброво. Хромна руда има и на други
локалитети, како кај Алшар, Козјачки Камен и други места. Сепак, најголемите лежишта на хромна
руда во Р Македонија се наоѓаат во рудникот Радуша во Дервенската Клисура. Интересно е да се
спомне дека експлоатацијата на хромната руда во овој рудник почнала уште во 1885 година и
речиси нрпрекинато трае до денес.
Манган има на Стогово, потоа во непосредна близина на с. Цер-Кичевско, на планините Клепа и
Скопска Црна Гора и во Кратовско-злетовската област. Оваа руда се експлоатирала во рудникот
Цер и тоа од 1939 до 1964 година, кога е прекината експлоатацијата поради
сиромашнитележишта.

Молибден се среќава во еден појас од Шар Планина сè до Преспанската Котлина, но најмногу е


истражуван во Кичевската Котлина околу селото Стрелци и во Горни Полог околу селото Вруток.
Молибден има и кај бакарните рудишта кај Бучим и Боров Дол во Радовишко. Во ни еден
локалитет молибденот не се експлоатира.

Волфрам се среќава како минеролошка појава во речните наноси во вардарската зона, во


Валандовското Поле, Лојане, во околината на Штип и во Пијанец. Во ни еден локалитет волфрамот
не се експлоатира.

Почетокот на црната металургија, односно добивањето железо, челик и лимови, во Р Македонија


датира од 1967 година кога е изградена и пуштена во погон Железарницата во Скопје.
Железарницата максимално производство постигнала во 1974 година, кога работеле сите 5 печки
и биле произведени 284 000 тони железо, 398 000 тони челик и 436 000 тони разни лимови. Во
1992 година, како резултат на кризата со енергијата во црната металургија и отежнатиот пласман,
со сема престанаа да работат сите рудници за експлоатација на железна руда во Републикава, а со
тоа се прекина и производството на железо и челик, при што продолжи да работи само
Валалницата на лимови. Пред неколку години е активирано производството на челик, при што во
2004 година биле произведени 626 599 тони челик.

Во Р Македонија производството на феролегури се остварува во два комбината и тоа за

ферохром (околу 10 000 тони) во комбинатот „Југохром“ во Јегуновце и во комбинатот „Фени“ во


Кавадарци за фероникел, ферохром, феросилициум (околу 60 до 80 000 тони),Макстил" 1 200 000
тони 100 вработени (2002).
Од црната металургија во Р Македонија се добива уште еден производ - рабни, односно заварени
цевки и профили. За таа цел е изградена фабриката за рабни цевки и профили,11 Октомври" во
Куманово, чие производство се движи од 80 000 до 100 000 тони.

Обоени Метали и лесни Метали

Во оваа група метали спаѓаат оловото, цинкот, бакарот, злато то, среброто, антимонот, кадмиумот
и други. Р Македонија е богата со руди од групата обоени метали. По правило содржината на
обоените метали во нивните руди е мала и се движи од 1% до 8%.

Олово-цинковата руда е широко распространета во Р Македонија. Содржината на олово во рудата


се движи од 1% до 65%, а на цинкот од 2% до 8% метал. Вкупните резерви на олово-цинковите
руди во Р Македонија се проценуваат на околу 45 милиони тони. Оваа руда најмногу ја има на
Осоговските Планини и тоа во три области: Кратовско-злетовската област, на просторот околу
селото Саса и во областа околу локалитетот Тораница.

Денес, во сите три области има рудници и рудата активно се експлоатира. Во помали резерви
олово-цинковата руда ја има и на други места, и тоа во с. Нежилово-Велешко, с. Опеница
Охридско и с. Башибос-Валандовско.
Во Кратовско-злетовската област најпознат е рудникот „Злетово" кај с. Добрево. Рудните резерви
се проценуваат на околу 11 милиони тони, со содржина на рудата од 4,4% олово и 2% цинк.

Втор познат рудник за олово и цинк во Р Македонија е „Саса“, во близина на селото Саса
Македонска Каменица. Рудните резерви се проценуваат на околу 22 милиони тони, со содржина
на руда од 3,8% олово и 3,1% цинк.

Третиот активен рудник на олово и цинк во Р Македонија е Тораница", на 18 km оддале ченост од


Крива Паланка. Вкупните рудни резерви се проценуваат на 10,5 милиони тони, со содржи на на
рудата од околу 3,2% олово и 2,2% цинк.

Годишната експлоатација, односно ископување на олово-цинкова руда се движи од 1 до 1 350 000


тони. Во Топилницата за олово и цинк,Злетово" во Велес, кај нас единствен објект од обоената
металургија, годишно се произвведуваат околу 30 000 тони сурово олово и повеќе од 50 000 тони
суров цинк.

Бакарот е метал кој на територијата на Р Македонија се среќава на околу 40 места, со вкупно


проценети резерви од околу 170 милиони тони. Најзначајни лежишта се Бучим и месноста Боров
Дол Радовишко. Рудните резерви кај Бучим се проценети на околу 120 милиони тони, со просечна
содржи на на бакар од 0,3%, на злато 0,6 g/t и на сребро 1,1 g/t. Рудникот и флотацијата се
пуштени во работа во 1979 година, а сè уште не е изградена топилница. Просечно годишно се
експлоатираат околу 2,5 милиони тони руда. Резервите во Боров Дол се проценуваат на околу 30
милиони тони со 0,3% бакар и 0,2 g/t злато.И на други места има бакарни руди каде резервите се
помали, а некои од нив и не се доволно истражени.

Бакар има и во Кратовско-злетовската област, во локалитетите Плавица, Златица и Црн Врв, потоа
во околината на Гевгелија-Негорци, во околината на Дојран-Мрдаја, во околината на Валандово,
Струмица, Пехчево, Велес, Кичево, Ресен, на Шар Планина, Кожуф и на други места.

Антимон-арсен има на неколку локалитети во Р Македонија. Најзначајни се Алшар-Кавадаречко и


Лојане - Кумановско, а со помала важност е локалитетот Крстов Дол - Кривопаланечко. Во
минатото активни биле рудниците „Алшар“ и „Лојане", а денес тие се затворени.

Од благородните метали во Р Македонија се застапени златото, среброто и платината.

Златото го има како редовна појава заедно со лежиштата на бакар (Бучим, Боров Дол и др), но и
во наносите на реките Пчиња, Маркова Река, Крива Лакавица, Анска Река, Коњска Река и други
реки. Рекордното производство од 894 kg било забележано во 1983 год. Последниве години
годишно се произведуваат од 500 до 600 kg zlato.

Среброто го има како редовна појава во лежиштата на олово цинкови руди и тоа се добива од
нив. Во рудникот "Злетово" се произведува со 48 g/t, во "Саса" со 31 g/t. Максимално
производство било остварено во 1986 г. со 25 000 kg, додека последниве години се произведуваат
од 15 000 до 16 000 kg сребро.

Во Р Македонија има појава на мали количества платина и нејзиното производ ство економски е
неисплатливо. Платина е откриена кај Валандово и во околината на Куманово.

Во нашава земја од ретките метали ги има:

кадмиумот (во „Злетово", „Саса", „Тораница") и тој се експлоатира со годишно производство од


околу 250 000 kg;

титанот кај с. Митрашинци-Беровско,

талиумот во Алшар-Кавадаречко, уран кај селата Дуње и Кокре - Мариовско,

живата кај с. Никуштак на Скопска Црна Гора,

циркониумот во речните наноси на Кадина река и Анска Река итн.

Повеќето од овие руди немаат некоја економска вредност, поради скромните рудни димензии.

You might also like