You are on page 1of 6

Значењето на храната за туризмот во Португалија

Кулинарската традиција е неизбежен дел од културното наследство на секоја земја.


Се почесто, традиционалната кујна игра огромна улога во промоција на одреден регион,
благодарение на диверзитетот и специфичноста на автентичните јадења во регионот.
Кулинарскиот туризам станува се повеќе популарен меѓу туристите. Луѓето кои
посетуваат други држави сакаат да искусат нови јадења, што ја карактеризира тамошната
кујна и што ја прави поразлична од останатите и од домашната кујна. Во голем број на
региони каде што владее агрикултурата, забележано е дека потенцијалот за туристички
разввој е основан на локалните продукти. На овој начин, Португалија исто така го
искористи овој потенцијал за да го развие туризмот. Оваа земја ја има можноста да ја
развие и промовира оригиналноста на своите традиционални кулинарски продукти.
Достапноста на овие продукти за туристите, како и агритуризмот имаат голем придонес за
развитокот на туризмот во многу региони во Португалија. Интересот на туристите за овие
места и продукти исто така овозможува зачувување и одржување на традиционалните
рецепти и кулинарската традиција воопшто.

Португалија е најзападната земја во Европа и го опфаќа југозападниот дел на


Пиринејскиот Полуостров. Доколку се спореди со останатите европски држави,
Португалија е релативно мала држава. Плодните почви се лоцирани во речните долини и
типичен пример за тоа е долината Доро. Земјиштето е земјоделско со хармонични пејзажи,
формирани од лозја, маслинови градини и дрва со бадеми. Природната растителна
заедница е воглавно формирана од шуми, од кои шумите со даб, бука и бор се најдобро
зачувани. Јужниот дел на земјата е богат со тревна површина, во која се вклучени и
делови со холм (quercus ilex) и плута (quercus suber). Земјоделската традиција во
Португалија ја одразува структурата во економијата. До 1970тите, Португалија беше
типична земјоделска земја, која се трудеше да има корист од нејзините колонии.
Сегашната економија се смени откако Португалија се приклучи во Европската Унија. Со
тоа, земјоделството, индустријата и транспортната инфраструктура се модернизираа. Во
денешно време најраспространети стопански сектори се услугите (особено туризмот), кои
претставуваат 72% од БДП, додека земјоделството, шумарството и риболовот сочинуваат
само 2.3%. Португалија е една од етнички најхомогените европски земји. Етничките
Португалци сочинуваат неверојатни 98% од целата популација на земјата. Португалците
се сметаат за медитеранска нација, и покрај тоа што се лоцирани поблиску до Атлантскиот
океан. Земјата е богата со автентична култура и разновидност. Откритија во Новиот Свет,
како и блиско-лоцираните нации како што се Маврите и Шпанците, имаа најголемо
влијание врз културната разновидност. Ова се рефлектира во материјалното, како и
нематеријалното наследство. Постојат 15 натписи на Португалија во списокот на
УНЕСКО, од кои два се региони кои се специјализирани за одгледување лозја: Алто Дуро
и Пико. Еден од најпопуларните, кој се поврзува со феноменот на Португалија е Фадо
музиката. Фадо се појавува во почетокот на 19ти век во Лисабон, а се претпоставува дека
има потекло од пристанишните области Алфама, Мурарија и Баиро Алто. Покрај тоа,
Азулејос, украсните, најчесто сини керамички плочки се еден вид на заштитен знак на
Португалија. Најубавиот Азулејос може да се види во цркви, манастири и палати, а освен
тоа тие се украсен дел од куќи или трговски центри. Плочките беа увезени во Португалија
од страна на Маврите на почетокот на 16ти век.
Големината на туристичкиот сообраќај има позитивно влијание од добро
развиената инфраструктура, која се состои од мрежа на удобни патишта, автопати,
пристаништа и 5 аеродроми. Нема сомнение дека природните услови, бројните културни
споменици и нивото на развој на туристичка инфраструктура имаат огромен придонес кон
честата посетеност на оваа држава. Покрај тоа, Португалија може да понуди богата,
автентична кулинарска култура. Бројот на туристи кои се заинтересирани во кулинарската
димензија на нивните патувања постојано расте. Португалската кујна, во однос на климата
и географската локација, може да се спореди со кујната на медитеранските земји, особено
Шпанија. Иако португалската и шпанската кујна ги користат истите основни состојки,
како што се производи од свинско месо, ориз, мешункасти растенија, маслиново масло и
лук, сепак техниките во приготвување на храната се типични само за португалската кујна.
Големите географски откритија имаа голем придонес во автентичноста. Зачините увезени
од Азија, Африка и Јужна Америка ја прават оваа кујна поразлична од другите
национални европски кујни. Почетоците на португалската кујна датираат од античко
време. Римјаните во нивното мени додале користење на лук и кромид, кои сеуште се
главни состојки на скоро секое јадење. Се верува дека Римјаните биле и претходници на
првите лозја во долината Алентехо. Понатаму, Маврите биле заслужни за одгледувањето
на ориз, портокали, лимони, смокви, бадеми и кајсии. Како резултат на поморските,
географски откритија, во државата биле увезени: кафе, бибер, кикирики, егзотично овошје
и зачини (црн пипер, шафран, цимет, коријандер, кари), благодарение на Васко де Гама.
Во 1500 година, португалските морнари го откриле и последователно го колонизирале
Бразил, од каде што почнале да увезуваат шеќерна трска и ананас. Денешна Португалија е
поделена на 10 региони, кои ја делат истата историја, култура и кујна. Тие користат
растенија и зачини во кујната, кои растат во одредени области. Во планинските подрачја,
месо од зајаци, кози, еребици или риба се приготвува на многу различни начини. Во
приморските региони, главно се приготвува риба и различна морска храна. Во
Португалија постои и стара традиција на правење сирење. Во многу региони, сирењата се
направени според стар занаетчиски рецепт. Во списокот на заштитени ознаки врз основа
на нивното потекло (PDO), вклучени се дури дванаесет видови сирење. Мињо е регион во
северниот дел кој граничи со Галиција, каде што карактеристично јадење се речните и
морските риби, ориз со морски плодови и печени ракови. Покрај нив, карактеристични
јадења за овој регион се бакалаху и сарабуло – сад со месо. Најчесто користени зеленчуци
се грав и зелка, кои се користат за супа – калдоверде или супа со месо. Најпопуларен
десерт е печен ориз со овошје и туцино-до-сеи, крем од јајца печен со бадеми. Друг регион
кој граничи со Галиција е Трас-ос-Монтес, што значи “зад планините“. Оваа област е
најизолираната на целиот полуостров, а регионалната кујна ги одразува суровите услови
за живеење. Месото од зајаци и еребици е главна состојка на скоро секое јадење.
Најпопуларни јадења се крвав колбас – алхери од Мирандела и палачинки од месо од
Чавес. Костените се користат за правење супа или за десерти. Квијо де Кабра
Трансмонтано е тврдо, бело сирење направено од козјо млеко, кое зрее околу 60 дена.
Квијо де Сера Естела е исклучително сирење кое е кремасто и месаво и потекнува од
пасишта кои се лоцирани на надморска височина од скоро 2000м. Регионот Беира го
окупира северно-централниот дел од границата и е најсиромашниот дел на Португалија.
Најтипични јадења се: супа од грав, кисела пастрмка и печено козјо месо. Овој регион е
познат по правењето на традиционалното сирење Квијо де Овела, тврдо и пикантно
сирење, направено од козјо млеко. Алентехо е котлина каде што најмногу се одгледува
пченица, а свињите се одгледани на традиционален начин, хранети со костени, поради
што нивното месо има најголем квалитет. Кујната на овој регион е помалку разновидна во
споредба со другите делови на Португалија. Најпопуларни јадења се чинија од свинско
месо и школки и супа со леб, масло и лук. Регионот е исто така познат по производство на
одличен мед, а десертите се направени од бадеми, ореви, мед и јајца. Рибатехо е
најцентрална од традиционалните провинции во Португалија, сместена северо-источно од
Лисабон, на реката Тагус. Целиот регион е исполнет со полиња и ливади со плодни почви
и е познат по сточарството, поради што регионалната кујна дели од другите со превкусни
месни и сувомеснати производи. Највредниот месен производ од регионот е телешкото
месо, кое е главна состојка на скоро сите јадења. Други познати јадења се: козји котлети,
еребица во вино и патка со маслинки. Овој регион е исто така одличен за одгледување
зеленчук, кој се додава во супи, заедно со мешункасти растенија. Алгарве е регион во
јужниот дел на Португалија. Овој регион е исполнет со плажи, а јадењата се главно од
риба и морски плодови. Најпопуларно јадење е катаплана со морски плодови, чие име
потекнува од бакарната тава во која се подготвува. Овој регион е познат по риболовот и
преработката на риби, особено туна и сардини. Други популарни јадења се: мала риба со
маслиново масло, лук и кромид и ориз со мекотели и зеленчук. Топлата клима е предност
во одгледувањето на агруми, банани, бадеми и смокви, кои служат како состојки за бројни
десерти. Дуоро е регион лоциран на северниот дел од Португалија. Овој регион ја опфаќа
долината Доро, која се протега од границата со Шпанија, се до атлантскиот брег. Тој е
најважниот регион на Португалија во однос на лозарството, имајќи бројни лозја кои растат
на падини на долината. Порто е големо пристаниште за риболов, малку поразлично од
остатокот од регионот, преку кое се испорачуваат свежата риба и морската храна.
Традиционалните јадења од овој регион се популарни во целата земја: бакалар риба
приготвена на различни начини, сардини на пареа, печено прасе и супа од зелка.
Естремадура е приморски регион каде се наоѓа главниот град на Португалија.
Космополитскиот град има лесен пристап до јадења од други региони и до јадења кои
потекнуваат од бивши колонии. Сардини на скара се локален специјалитет, а покрај нив
најпознати се бакалар и супа од мелени морски плодови. Естремадура се простира долж
Пиринејскиот полуостров, северно од Лисабон, што е предност за испорака на сите
потребни состојки за готвење до главниот град. Најзначајниот акцент на регионалната
кујна, познат во цела Португалија е пири-пири, зачинет сос направен од малагуета
пиперки, кој порано се увезувал од колониите. Најголемиот португалски остров е
Мадеира, сместен јужно од копното. Ова парче земја содржи суптропска клима и
вулканска почва, со што е совршено место за одгледување цвеќиња, по што островот е
познат, како и зеленчук, шеќерна трска и тропско овошје. Островот претходно не бил
населен, така што влијанието врз кулинарската култура е целосно од Португалија. Од
друга страна, Новиот Свет имаше поголемо влијание врз Мадеирската кујна, отколку во
другите португалски региони. Слаткиот компир, кој беше увезен тука, стана една од
главните состојки во голем број јадења. Едно од најпознатите јадења е бел леб направен
од сладок компир, лук и коријандер. Покрај него, познати јадења се говедско месо со лук,
чили пиперка и чипс и супа од зрна од пченица, бел грав, тиква, сладок компир и солено
свинско месо. Згора на тоа, риба од длабочините на морето, наречена еспада, со своето
деликатно месо, е популарна само во Мадеира. Азорските острови се група на девет
острови, кои исто така биле ненаселени се до колонизацијата. Секој остров има своја
автентична кујна. Климата овозможува одгледување на ананас, по што островите се
познати, а широките, природни пасишта овозможуваат одгледување на животни.
Специфична раса е азуровската крава, која произведува вкусно млеко, а нејзиното месо се
смета за едно од најквалитетните. Типични јадења од овие острови се: чорба од говедско
месо, зачинето со нане и чили и говедски гулаш со зелка. Карактеристично за Азорската
кујна е тоа што тие ги користат зачините многу пообилно отколку во другите делови на
Португалија, на пример додаваат цимет и каранфилче во јадења со месо, супа и десерти.

Португалија е земја која припаѓа на Медитеранската култура, односно


нејзини суштински карактеристики се медитеранската кујна и виното, кое е на списокот
на нематеријално културно наследство на човештвото. Културата на одлгедување лозје и
правење вино секогаш играло голема улога. Во 19тиот век, виното претставувало една од
оските на португалската економија. Во 1758 година, благодарение на Маркиз Помбал, се
создава еден од првите региони за производство на вино во светот. Лозарството и
производството на вино заслужува доминантно место во португалскиот економски и
социјален пејзаж, со тоа што оваа земја е една од врвните извозници на вино во целиот
свет. Порастот на продажбата се забележува на почетокот на овој век, а во 2015 година таа
го зазема седмото место во извозници на вино. Најпознати португалски вина се:
Алварињо, Аринто, Лоуреиро, Москател, Енкрузадо и Фернао Пирес, од белата сорта и
Алфрокеиро Прето, Тоурига, Бага, Кастелао, Тинта Амарела и Тинта Рориз од црвената
сорта на вина. Според истражувања спроведени од Португалскиот Туристички Институт
(IPDT), се повеќе меѓународни туристи ја посетуваат оваа земја со цел да го искусат
локалното вино. Околу 37% од посетителите укажуваат на виното како главна туристичка
атракција во Португалија. Од неодамна, има значително зголемување на интересот за
енотуризам и кулинарски тури. Туристите се се повеќе заинтересирани за понуди
насочени кон посета на вински региони со атракции како што се: дегустација на вино,
учење за историјата на лозјето и презентирање на производството на вино, отколку Sun,
Sand, Sea туризам.

Кулинарскиот туризам се однесува на еден од најважните елементи на


човечкиот живот, кој содржи уживање во храна и пијалоци. Кујната е елемент на
потенцирање на националниот идентитет, како и регионалната разновидност на една
држава. Португалија може да се опише како рај за љубителите на сите форми на
културниот туризам, вклучувајќи го и кулинарскиот. Оваа држава претставува асоцијација
со неколку предводни кулинарски производи, како што се вино, рибата бакалар и
маслиновото масло. Сепак, секој регион им нуди на посетителите свои традиционални
јадења, десерти, сирење и вино. Португалија е земја на лозови насади, каде што се уште се
јавуваат бројни домородни сорти. Вековната традиција на правење вино е одлична за
креирање на туристички производ. Енотуризмот станува се попопуларен, а голема
предност е фактот што се уште не е искомерцијализиран како во Соединетите
Американски Држави и Западна Европа. Кулинарскиот туризам се манифестира се повеќе
преку бројни популарни фестивали за храна, кои се организираат скоро во секој регион од
државата. Несомнено, тие претставуваат голема вредност која привлекува голем број на
туристи, иако не сите беа создадени како туристички атракции. Португалската страст за
славење е поврзана со Медитеранската култура, што може да се потврди со секојдневните
навики во кулинарството, како што се прослави со вечера и чести посети во слаткарници.
Туристите се свесни дека оваа земја е препознатлива по своето вино и локалната храна,
што ги инспирира да патуваат километри, со цел да ги искусат овие деликатеси.

You might also like