You are on page 1of 3

Значењето на храната во туризмот

Храната во туризмот има посебно и доста значајно место. Имено, кога ќе се спомене
туризам, прво нешто на кое нѐ асоцира овој термин покрај патувањето е откривањето
на нови територии и култури. Секоја култура, секоја земја, па дури и секоја област во
една земја, има по некој вид на карактеристична храна. Затоа, без разлика на колку
места и да сме биле ширум светот, секогаш ќе постои некој вид на храна која не сме ја
пробале, а заслужува да биде вкусена. Да пробаш нешто ново, да вкусиш нов вид храна
е навистина атракција додека патуваш, бидејќи преку храната ја вкусуваш историјата и
традицијата на еден народ. Ваквата карактеристика на храната укажува на тоа колкава
е нејзината улога во туризмот.

Традиционалната кујна и храна се одлична туристичка одлична атракција во руралните


туристички дестинации, а што е уште поважно, јадењето на локална храна може да
биде две во едно-одлично искуство во текот на патувањето како и забавна културна
активност. Храната во суштина прави да се навлезе и да се доживее една култура
потполно. Испробувањето на локалната храна е основен атрибут на местото кое што се
посетува и треба да биде додадена на ,,to do’’ – листата. Така доживувањето кое
туристот ќе го искуси ќе биде целосно.

Некои градови, или дури и цели држави се посетуваат баш заради традиционалната
кујна и специјалитети. Единственото и незааборавно искуство доживеано преку
традиционалната кујна, е неизбежно за секоја туристичка дестинација да биде
успешна. Кога туристите еднаш ќе имаат позитивно искуство и ќе бидат задоволни од
храната, голема е веројатноста дека повторно ќе го посетат истото место и ќе го
препорачаат на други луѓе.

,,Food tourism’’ е единствено и искуство кое се памети. ,,Food tourism’’ во суштина


претставува запознавање на една култура. Храната и виното, пак, во современата кујна
и начин на живот исто така се значајни за туризмот.

Врз основа на Меѓународната кулинарска туристичка асоцијација, кулинарскиот


туризам (food tourism) претставува извор на уникатни и незаборавни јадења и пијалаци.
Ова значи дека постои одередена публика на луге кои се подготвени да патуваат
ширум светот, со цел да земат примерок или рецепт и патем да доживеат автентични
национални кујни. Кулинарскиот туризам се однесува на храната како предмет,
дестинацијата и туристичкото средство. Тој, не е привлечен само за туристите, туку
исто така придонесува за социјалниот, економскиот и еколошкиот развој на
дестинацијата.Терминот кулинарски туризам прв го користел Луси Лонг во 1998
година за да ја изрази идејата за доживување на другите култури преку храната.

Кулинарскиот и гастрономскиот туризам претставуваат патувања со цел да се


пребарува и да се ужива во подготвената храна и пијалоци. Растот на кулинарскиот
туризам е резултат на тренд кај кој луѓето поминуваат малку време за готвење, но го
следат својот интерес за храната преку патувањата, каде гледаат готвење и тн.
Храната и туризмот имаат блиски односи и храната е клучен туристички ресурс.
Скоро сите туристи ручаат или вечераат во ресторани во дестинацијата која ја
посетуваат.

Локалната храна е фундаментална компонента на атрибутите на дестинацијата,


додавајќи го опсегот на атракции и целокупното туристичко искуство.
Ова ја прави храната суштински составен дел од производството во туризмот. Таквите
случувања предизвикаа интерес за доживување на уникатната и домородната храна,
прехрамбените производи и кујните на дестинацијата, така што лугето често патуваат
одредена дестинација посебно за да ги доживеат локалните кујни. Патувањето за храна
презеде сосема ново значење од она што го користело кога биле преземени патувања за
трговија со зачини. Локалната кујна која е уникатна за одредена област или
дестинација, може слободно да се користи како алатка за промоција на истата таа
област, со цел зголемување на бројот на гости.

Храната е препознаена како ефективна промотивна и позиционирачка алачка на


дестинацијата. Важноста на врската межу туризмот и храната не може да се игнорира.
Секоја дестинација има различен степен на привлечност на туристите. Автентичната и
интересна храна може да ги привлече посетителите во некоја дестинација.
Дестинацијата треба да ја користи храната како главна атракција и да развие маркетинг
стратегии кои ќе се фокусираат на храната. Кујните кои се доста специфични, можат да
се развија во туристички производ.
Храната не е само основна потреба на гостите, туку и културен елемент кој позитивно
може да ја претставува дестинацијата. Со оглед на тоа дека храната може да се
искористи за да се проектира идентитетот и културата на дестинацијата,
потрошувачката на храна може да се искористи при развојот на сликата на
дестинацијата.

Покрај тоа, потрошувачката на храна, исто така, придонесува за економијата на


дестинацијата, и им нуди на туристите локално искуство. Кулинарството или
гастрономските активности на дестинацијата исто така се категоризираат како дел од
културниот туризам. Културниот туризам може да вклучува доживување на
културните атракции, како и земање примероци од локалната храна. Храната може да
пренесе уникатно искуство и уживање за патниците. Поточно, храната може целосно
да го подобри искуството на туристите и може да биде најнезаборавниот дел од
патувањето.

Има многу да се пишува на оваа тема, за тоа какво и колкаво е значењето и улогата на
храната во туризмот, како таа влијае во различните видови на туризам во различни
дестинации. Но, сите тие поделби ке се сложат дека храната е од круцијално значење за
постоењето и за развојот на туризмот. Храната се јавува како фактор на надополнување
на туристичките патувања, но и како создавач на нови видови на туризам и
зголемување на бројот на туристи ширум светот.

Изработил: Број на индекс:


Методија Костовски 16450

You might also like